Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Нема фотографија

Жителите на село Саса се евакуирале пред огнената стихија

Страшниот пожар во село Саса не престанува. Според информации од терен се евакуираат луѓето кои живеат во близина на маалата Траканица и Аџиите. Ангажирани се голем број на човечки и технички ресурси како од Македонска Каменица така и соседните градови. Се поизвесно е дека во утринските часови неминовна ќе биде потребна интервенција од авионско гаснење. Фотографиите се од самото место каде се гасне пожарот во Саса. Во локализирањето на пожарот во текот на целиот ден се ангажирани екипи на ТППЕ од Македонска Каменица и регионот, екипи на „Национални шуми“ и Шумска полиција, а според неофицијални информации на терен се наоѓаат и вработени во граничната полиција. Неминовна ќе биде сеопфатна акција, која засега поради мракот не е возможна. Она што со сигурност се знае е дека луѓето се евакуираат и земаат она што може да се земе од своите имоти. Извор: Каменица

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Ноќеска не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот - започнува летното сметање на времето

Со поместување на стрелките на часовникот ноќеска завршува зимското сметање на времето и почнува летното сметање на времето.Одлуката ја донесе Владата на Република Северна Македонија на 124-тата седница според која летното сметање на времето во 2019 година започнува на 31 март во 02h 00min 00s со поместување за еден час нанапред времето во 02h 00 min 00 s се смета како 03h 00min 00s.Летното сметање на времето во 2019 година завршува на 27 октомври во 03h 00min 00s, така што со поместување за еден час наназад времето во 03h 00min 00s се смета како 02h 00 min 00 s.Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот. Европските земји сега се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика од следната година.Со 384 гласа „за“ пратениците во Европскиот парламент изгласаа укинување на летното и зимско сметање на времето, додека против укинување гласаа 154 европски пратеници.Барањето за укинување на поместувањето на стрелките на часовниците го покрена Европската комисија во Унијата поради повеќе докази за негативно влијание од праксата. Освен негативно влијание врз човековиот биоритам, ваквата пракса доведува и до зголемен број сообраќајни несреќи, но и пад на продуктивноста на работното место.Летното и зимското сметање претходно е укинато во Русија, Турција, Белорусија и Исланд.

Македонија | пред 6 години

6 год.
3-8

Почина доајенката на македонскиот театар Мушереф Прекиќ Лозана – Мишка

На ден 29.03.2019 (петок) на 85 години почина актерката Мушереф Прекиќ Лозана – Мишка (18.08.1933-29.03.2019), доајенката на македонскиот театар.Таа во театарот на народностите во Скопје работеше во текот на целиот свој професионален живот, од 1955 до 1991 година, кога замина во пензија.Улогите (над 100 различни улоги) во 40 годишниот работен стаж ги толкувала на сите јазици што се зборувале во државата (македонски, турски, албански, босански, српски и ромски јазик).Во матичната куќа ги играла следните позначајни улоги: Стана, ќерката на Хаџи Тома („Коштана”, 1957); Дока („Зона Замфирова“, 1958); Назли, дадилката на Зејнеп (Алиш, 1958); Ката, жената на Хаџи Тома („Коштана“, 1965); Олси, мајката на Лу Ху („Изгубената принцеза“, 1966); Анѓа, жена му („Сомнително лице“, 1967); Каракуш („Налани“, 1967); Госпоѓа Ротермаер („Хај ди“, 1968); Мајката („Крвави свадби“, 1969); Ајше, вдовица („Цвеќарот Али“, 1970); Фатма, жената на Касим („Али баба и четириесет разбојници“, 1970); Исмет („Омер и Мерима“, 1971); Мајка Храброст („Мајка Храброст“, 1971); Пембе Ханума („Изгасната свеќа“, 1971); Мајката на Пинторовиќ („Хасанагиница“, 1979); Симка, жената на Агатон („Ужалена фамилија“, 1979); Г-ѓа Расколников („Злосторство иказна“, 1980); Зехра, мајката на Асие („Како да се спаси Асие“, 1996); Дока („Зона Замфирова, 1979); Емина („Лудата Емина“, 1984); Долорес („Јерма“, 1986); Леди Магбет („Магбет“, 1988) Капларот („Кавкаски круг со креда“, 1989); Мајка („Јунус Емре“, 1991); Елиф („Мајка Елиф“, 1992); Алтана („Тетовирани души”, 1994); Мајката на Мехмет („Ќелавиот Мехмет“, 1994); Енона (Федра, 1997); Арна, мајка на Максим („Р.Р.Р.“, 1999) и многу други.Добитничка е на многубројни награди и признанија меѓу кои: награда за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан  Чернодрински“ за улогата на Капларот во претставата „Кавкаски круг со креда“ (Прилеп, 1988), награда „Актер на годината“ на ревијата „Екран“ (Скопје, 1989), награда за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“ (Прилеп, 1998), награда за животно дело “Златен дедал” – Европска филмска академија ЕСРА (Скопје, 2012) и награда “13 Ноември” на Град Скопје од областа уметноста – за посебен придонес во популаризацијата на театарската уметност во град Скопје (Скопје, 2016).Погребот ќе се одржи на 30.03.2019 (сабота) во 15:30 часот на градските гробишта Бутел во Скопје, додека комеморацијата во организација на Албанскиот театар и Турскиот театар ќе се одржи на 02.04.2019 (вторник) во 12:00 часот во Театар Комедија во Скопје.

Македонија | пред 6 години

6 год.
avtopat-tetovo-skopje

Важни информации за сите кои тргнуваат на пат

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.РАБОТИ НА ПАТ:Од 21.03.2019 (четврток) на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с. Пепелиште. Сообраќајот се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место e поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.Г.П. Илинден – Струга известува дека од 16.02.2019 (сабота) поради изведување на градежни работи на пат, регионалниот патен правец Р1208 Охрид – Струга, на делот од с. Подмоље до Еврохотел – Струга, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила до завршување на градежните работи. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.Г.П. Илинден – Струга известува дека од 02.03.2019 ќе започне со изведување на градежни работи на пат. На регионалниот патен правец Охрид - Свети Наум, во делот булевар Туристичка во должина од 3,5км. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.Од 08.02.2019 година на патниот правец А4 Скопје - Петровец и обратно, поточно на патниот јазол Петровец, извршена е трајна измена на режимот на сообраќај на тој начин што е затворен исклучокот од автопатот Скопје – Велес, кој води кон с. Петровец, а се наоѓа пред н. с. Петровец и истиот е поместен по н. с. Петровец. Oд патниот правец Велес - Скопје исклучокот за с. Петровец е поместен пред н. с. Петровец, а затворен е исклучокот кој се наоѓа по н. с. Петровец.Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно кон јазолот и да ја почитуваат новопоставената сигнализација.Времен режим на наплатните станици:Друштвото Асфалт Дооел Скопје известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на:-наплатна станица Градско во период од 01.11.2018 до 01.04.2019 год.Ги предупредуваме возaчите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од ново поставената сообраќајна сигнализација.Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница Кичево - Охрид (Мала Река – Славеј Плаина) од 10.08.2018 се воведува времена измена на сообраќајот со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.Од 21.05.2018 година започна изградбата на Експрес пат А4, Штип- Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Викендов сончево, од следната недела пад на температурите

Денес времето ќе биде сончево со мала до Умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисочен правец. Температурата ќе се движи од 10 до 22 степени.Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и температура до 19 степени.Во следните два дена ќе преовладува сончево време со мала облачност. Утринските температури на места ќе се спуштаат под нулата, а дневните ќе бидат во пораст. Зголемување на облачноста со локален дожд и опаѓање на дневната температура се очекува од вторник попладне.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Тони Михајловски повикува со гласање за Сиљаноска да се уништи Заев

Актерот Тони Михајловски , кој е и член на ВМРО ДПМНЕ од Куманово, на Кумановски дијалект лобира за гласање на претседателските избори за Гордана Сиљаноска Давкова во кумановскао Диво Насеље.Михаловски ги убедува бојкотирачите да се здружат против Заев.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Мерко: Една година немам купено облека со пари од општината, а “Шкода” за мене не е возило

Мерко не трошел без мерка - не си купил нови костуми на сметка на општината повеќе од една година !https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/567871887047961/Гостувајќи на телевизија 24 градоначалникот на Струга Рамиз Мерко кажа дека една година немал купено нова облека на сметка на општината и на тоа штедел пари, па затоа купил ново ауди и шкоди.„ Оставете тоа, шкодата не е возило за мене ! Јас во шкода ли да се возам ? Ме личи ли мене во шкода ? Јас немам купено нова облека на сметка на општина Струга иако ми следува еднаш годишно да ја обновам облеката на сметка на општината. Зарем треба да одам како партал ? - рече Мерко во студиото.Тој кажа дека неможел да се вози со такси и затоа општината купила ново Ауди од 70.000 евра.Додека Мерко ги изговараше овие зборови се пуштаа фотографии од новото возило, а Мерко тоа го прокоментира:,,А, го гледате колку е убаво, нели? Многу е убаво Аудито. Да ви кажам право мислевме да земеме Ауди 8, ама рековме ајде да не претеруваме“-изјави Мерко и додаде дека е срамота што го прашуваат вакви прашања, па зарем треба еден градоначалник да се вози во Шкода, праша Мерко и додаде:„Ова е кола за мене ! Да не мислите ќе се возам со фиќо “ - рече Мерко.ПАЛЕЊЕТО НА ТРСКАТА БИЛО НОРМАЛНА РАБОТАМерко смета дека е нормално во овој период што гори трската, бидејќи како што рече, луѓето го чистат земјиштето од дива вегетација за следните сеидби.Тој смета дека е направена медиумска антикампања и дека на овие случаи им се придава преголемо значење.Мерко објаснува дека трската што се пали е во приватни имоти.Тој смета дека со медиумската кампања се прави невиден притисок врз луѓето што живеат таму, а некои поради притисокот можеби и за инает ќе ги палат трските и стрништата.Мерко практично го оправда палењето на трските и не покажа никакво чувство на одговорност.Повтори дека се прави хајка против општина Струга за да нема успешен туризам.Тврди дека нема да им нови шанкови или урбана опрема на местото на запалената трска, а за една недела таа повторно ќе зазелени.

Македонија | пред 6 години

6 год.
carina-droga-1

Албански државјанин фатен во обид да прошверцува голема количина марихуана

Царинските службеници од граничниот премин Табановце, спречија обид за шверц на голема количина опојна дрога марихуана.На 29 март 2019 година, царинските службеници од граничниот премин Табановце при претрес на товарно моторно возило со албански регистарски таблички, управувано од албански државјанин Ф.Б. (62), пронајдоа околу 350 килограми опојна дрога марихуана.Имено, во раните утрински часови, односно 01:30 часот, на граничниот премин на излез од државата се пријавило товарно моторно возило марка VOLVO со албански регистарски таблички управувано од државјанин на Република Албанија, при што возилото од страна на царинските службеници било селектирано за детален преглед. При преглед на истото, во 130 специјално изработени палети за транспорт на цвеќе натоварени во возилото, царинските службеници пронајдоа околу 350 килограми опојна дрога марихуана.По преземање на случајот од страна на инспекторите од Одделението за истраги, Царинската управа против Ф.Б. (62) ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по член 215 став 1 и став 7 од Кривичниот законик“ до Основното јавно обвинителство Куманово.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ivanov-stefan-i-martin

Претседателот Иванов се сретна со членовите на дуото Next Time

,,Огромна чест е што денеска имавме можност да бидеме гости кај претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, и да зборуваме на многу теми. Свесни дека не секој и секогаш има можност да седне на иста маса со него, така што веруваме дека овој момент ќе остане вечно во нашите сеќавања“, истакнаа членови на дуото Next Time, по средбата со претседателот Ѓорге Иванов.Момците од Next Time  деновиве се многу актуелни, по промоцијата на нивниот нов хит, препевот на комитската ,,Нешто ќе те питам бабо“, народна песна посветена на Тодор Александров.https://www.facebook.com/nexttimeband/photos/a.167396188290/10157378103333291/?type=3&theater 

Магазин | пред 6 години

6 год.
galicica

МЗШВ: Поради појавата на шумски пожари од денеска се воведува забрана за движење во шума и шумско земјиште

Поради појавата на шумски пожари а врз основа на член 57 став (3)  од Законот за шумите  („Сл.весник на РМ“ бр.64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147/13, 43/14, 160/14, 33/15 ,44/15, 147/15, 7/16, и 39/16) се воведува забрана за движење во шума и шумско земјиште од 00:00 до 24:00 часот. Забраната започнува да важи од 29.03.2019 година и ќе трае се до нејзино отповикување.Оваа забрана  не важи за вработените во ЈП “Национални шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (Национални паркови, Парк шуми,  шуми со специјална намена споменици на природата и сл).За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 Законот за шумите ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.Исто така, се известуваат сите граѓани на Република Северна Македонија дека се забранува палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата, сочласно член 23 од Законот за ловството („Службен весник на Република Македонија“ бр. 26/09, 82/09, 136/11, 1/12, 69/13, 164/13, 187/13, 33/15, 147/15, 193/15 и 83/18) и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари.За непочитување на одредбите од Законот за ловството  се предвидува глоба во износ од 1500 до 3000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно член 79 од Законот за ловството.Забраната ја спроведуваат вработените од ЈП Национални шуми, субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (Национални паркови, Парк шуми,  шуми со специјална намена споменици на природата и сл) кои вршат дејност заштита, МВР, Шумска Полиција, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Државниот инспекторат за животна средина и други инспекторати до слична надлежност.Забраната не важи за движење во парк шумата Водно, Гази Баба како и за организирани тури на туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена, Националните паркови и заштитените подрачја со посебна намена во Република Северна Македонија кои ќе бидат одобрени со дозволи од соодветните субјекти кои стопанисуваат / управуваат со шумите во придружба на преставник од истите.

Македонија | пред 6 години

6 год.
petrovec-pozar

Голем пожар во Националниот парк Галичица – итен состанок на Кризниот штаб

Голем пожар го зафати Националниот парк Галичица. Дел од пожарот е ставен под контрола, но поради непристапноста на теренот дел од паркот гори. Според првичните проценки изгорени се над 300 хектари шума.Во тек е итен состанок на кризниот штаб на Општина Ресен, а мештаните од околните села велат дека без струја бидејќи запален бил и далеководот.Пожарникарите велат дека не се работи за еден оган, туку дека гори на повеќе места. Се очекува Кризниот штаб да донесе одлука за активирање на канадерите, но и тоа е под знак прашалник бидејќи во ноќни услови тешко кога може да гасат авионите. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
petar-bogojeski

Богојески: Силјановска сее лажна надеж

Петар Богојески од ВМРО-ДПМНЕ вели дека претседателскиот кандидат на оваа партија, Гордана Силјановска, сее лажна надеж во врска со нејзинот однос кон новото име на државата. Според Богојески смешно е тоа што Силјановска ветува дека како претседател ќе формира група од експерти која ќе изврши ревизија на Договорот.-Тоа е смешно тврдење и сеење лажна надеж. Скапо ќе го платиме тоа за врема на следните парламентарни избори бидејќи граѓаните ќе станат свесни дека тоа е невозможно сега во овој историски контекст и ќе си ја побараат сметката за тоа. Мора да најдеме начин професорката Силјановска да ја направиме свесна и за долгорочните интереси на ВМРО-ДПМНЕ. Не знам колку е свесна но со тие изјави кои ги дава ги затвора вратите на ВМРО-ДПМНЕ и тие врати после тешко се отвораат. Откако е Мицкоски лидер свесни сме дека е тешко тие врати што ги затвори Груевски да се отворат. Наместо професорката Силјановска да води модерна кампања и да понуди дополнителна вредност, ние одиме во екстреми кои дополнително ги затвораат портите – рече Богојески во вечерашната дебата на „Само вистина“.Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ започна со користење на терминот „Република Северна Македонија“ во официјалната комуникација со државата, преку поднесување на амандманите за Законот за јавно обвинителство.-Збунувачки делува за нашите членови, од една страна го користиме новото име, од друга страна кандидатот ветува дека нема да го употреби, ниту да го изусти тој термин. Треба да се соочиме со реалната политика и ни требаат храбри чекори – посочува Богојески.

Македонија | пред 6 години

6 год.
uapsen

Уапсен разбојникот кој со закана украде пари од аптека

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.М.(42) од Скопје поради постоење основи  на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.На 05.03.2019 во аптека на ул.„Тоде Мендол“ во Куманово пријавениот со закана одзел пари и побегнал.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaev-ohrid

Запрена изградбата на минарето на Алипашината џамија, решение ќе се бара по изборите

Запрена е изградбата на минарето на Алипашината џамија во Охрид, ќе се вршат само конзерваторско–реставраторски работи и реконструкција. При денешната посета на Охрид, премиерот Зоран Заев рече дека ова прашање ќе се разгледува на заеднички состанок после пети мај.-Охрид е пример на соживотот и меѓурелигиското разбирање да ова прашање заедно, на заеднички состанок после пети мај седнеме во Владата и го најдеме решението. Законите треба да се почитуваат во државава но истовремено да го почитуваме и сите други околности кои што се важни за сите граѓани. Апелирам до сите, пред се до охриѓани со целосна почит меѓусебна да продолжиме во рамките на законот и во рамките на нашата меѓурелигиска разноликост и да изнајдеме начин да го решиме овој проблем, истакна премиерот Зоран Заев при денешната негова посета во Охридско-струшкиот регион.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_0457

ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ со фестивал на таленти го прослави патрониот празник

Денес ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ од Кисела Вода со фестивал на таленти прослави 74 години од постоењето.Градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ и секретарот на Општината, Александар Алексовски во училиштето ја проследија богатата забавна програма која учениците ја подготвија заедно со своите наставници.Присутните имаа можност во живо да слушнат многу популарни македонски и странски хитови, како и да видат прекрасни ритмички изведби.Минатата година Општина Кисела Вода во соработка со Цементарница УСЈЕ АД Скопје на училиштето постави нова термоенергетска фасада, а изработени и монтирани беа нови олуци. Локалната самоуправа целосно ја реновираше и училишната спортска сала.

Скопје | пред 6 години

6 год.
drva-1

Кривична пријава против две лица кои пресекле 400 дабови стебла

Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против А.С.(42) и А.С.(41), двајцата од кичевското село Туин, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење шуми“.Пријавените, во периодот од август до октомври 2018, кај месноста „Башоски ливади“, во туѓа катарстарска парцела, бесправно пресекле 400 дабови стебла со вкупна дрвна маса од 184 метри кубни.

Македонија | пред 6 години

6 год.
napadnata

Кумановец нападнат на кејот на Вардар

На 28.03.2019 во 18.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека истиот ден околу 18.00 часот на кејот на реката Вардар под Железничка станица-Скопје Ч.К.(63) од Куманово бил физички нападнат од едно лице.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
03-2

Заев и Бектеши: Заеднички да ги унапредиме услужните дејности за побрз развој на туризмот 

„Оваа Влада го смета туристичкиот сектор за непроценлив ресурс за развој на економијата. Бројките се добри, минатата година надминавме 1 милион туристи со 3 милиони ноќевања, таргетот за годинава е 1,3 милиони туристи со 4 милиони ноќевања и девизен прилив од овој сектор од 420 милиони американски долари. Светот го движат услугите, а ние треба да се подготвиме да ја зграпчиме можноста, бидејќи капацитет имаме“, истакна Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на средбата со хотелиерите што се одржа денеска во „Инекс Горица“ за време на неговата работна посета на Охрид, во придружба на министерот за економија Крешник Бектеши.Во рамките на средбата министерот Бектеши ги пренесе новитетите кои ќе бидат дел од новиот закон за туристичка дејност, како предлози на туристичкиот сектор.„Покрај програмата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски примања, којa е во насока на зголемување на обемот на работа на туристичките центри надвор од туристичката сезона, во измените на законската регулатива предвидуваме неколку новитети меѓу кои формирање на туристичка инспекција, намалување на бројот на членови на комисијата за категоризација од 13 на 5, лиценцирање на рестораните за свадби, решавање на горливиот проблем со нелојалната конкуренција од страна на физичките лица, како и воведување категоризација на објектите кои ги нудат за сместување“, рече Бектеши, додавајќи дека еден од моделите е доколку едно физичко лице ја надминува бројката од 20 легла или 10 соби што ги нуди како сместувачки капацитети, да мора да отвори фирма.Меѓу предлозите во регулативата е и менување на моделот на субвенционирање на странскиот организиран туристички промет, преку определување на износот во зависност од категоријата на угостителскиот објект за сместување туристи.Премиерот Заев особено стави акцент на отворањето на државата во меѓународни рамки, што иницираше идеи за воведување на нови авионски линии и олеснување на визниот режим, а меѓу таргет земјите се Кина и земјите од Голфскиот залив.Претседателот на ХОТАМ Крсте Блажевски ги посочи главните предизвици на туристичкото стопанство, меѓу кои проблемот со наплатата од страна на ЗАМП, потребата од модернизирање на спортските терени, со оглед на големиот број на спортисти кои доаѓаат на подготовки во Охрид во зимскиот период, потребата од персонал, како и хигиената на туристичките дестинации, преку решавање на проблемот со депониите, колекторот и неопходноста од урбана полиција во летната сезона.„Потребно е отворање на бизниси кои ќе ги задржат младите тука, од типот на молови, водени паркови, тркачки стази, спортски терени и базени, а еден од сегементите на кој треба да му обрнеме посебно внимание е здравствениот туризам, преку отворање на домови за стари лица кои ќе можат да се вратат од странство и да ги поминат мирно и убаво тука пензионерските години“, потенцираше Блажевски.Премиерот Заев истакна дека постои големо расположение заеднички да се подготвиме за новите трендови: „Отвораме сериозни теми и време е да носиме храбри одлуки. Државата има корист само ако бизнис секторот добро работи, ако имате добар обрт од услужните дејности. Тоа е вин-вин ситуација и за нас, и за вас, и за работниците“. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
BUJAR-OSMANI

Османи: На пописот ќе се регистрираат сите независно дали живеат овде или во странство

Вицепремиерот Бујар Османи за за „Клан Македонија“ најави дека ќе се попишуваат како жители на земјава и Албанците кои не живеат и со години не влегле во Македонија.„Во основа ги надминавме дилемите кои политичките партии ги имавме во организирање на пописот. Првично се договоривме пописот да се организира во 2020 година, со комбиниран метод што ќе значи не регистрирање на традиционален начин кога податоците ќе се добијат само од граѓаните во своите домови, туку првично ќе се искористат податоците од сите електронски бази на податоци кои ги имаат институциите, дали Министерство за внатрешни работи, Пензискиот фонд, Здравствениот фонд и други институции“, рече Османи.Тој образложи дека потоа тие информации ќе се проверуваат и дополнуваат на терен, по домовите на граѓаните.„И ова е тој комбиниран модел што е еден стандарден европски модел. Во 2011, јаболко на раздорот беше регистрирањето на оние кои не живеат овде кај нас. Ако ви текнува тоа време, решението беше, да се регистрираат сите кои барем во последните дванаесет месеци влегле во Македонија. Сега ги надминавме сите овие дилеми. Ќе се регистрира секој државјанин на Северна Македонија, независно дали живее овде или живее во странство, со тоа што доволно ќе биде еден од членовите на неговото семејството, на членот на комисијата, ќе му го приложи матичниот број на лицето кое во моментот не е во Северна Македонија, и тој ќе го провери во електронската база на податоци, и на овој начин ќе се регистрира лицето без разлика дали живее овде или не“, истакна вицепремиерот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
rezim-soobrakaj

Привремен сообраќаен режим на четири делници во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во недела (31.03.2019 година) екипите на ЈП „Улици и патишта“ ќе поставуваат сообраќајни знаци со променлива содржина (VMS) на булеварот Борис Трајковски, кај влезот во поранешната фабрика „Стакларница“, на Јадранска магистрала кај натпатникот за Визбегово и на новоизградениот булевар Христијан Тодоровски Карпош во Бутел, а ќе се обележува и хоризонталната сообраќајна сигнализација на крстосницата на улицата Козле со улицата Брадфорска.Поради тоа, на четирите локации ќе се воведе привремен сообраќаен режим со кратки прекини на сообраќајот. Работите ќе се изведуваат во временскиот период од 7:30 до 15 часот.Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација на посочените делници и да ја приспособат брзината на движење со условите на патот.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања