Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
2-14

Заев и министерот Бектеши од Охрид: Економските политики се за раст на потрошувачката моќ на граѓаните и развој на туризмот и на градот Охрид

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министерот за економија, Крешник Бектеши придружувани од директорот на Царинска управа на РСМ, Ѓоко Танасоски денеска беа во прошетка по охридската чаршија. Премиерот Заев и министерот Бектеши посетија неколку дуќани и занаетчиски работилници и поразговараа со сопствениците за условите за работа и за нивните очекувања, и за значењето на мерките за поддршка од Владата за мали, микро и средни претпријатија.Во рамки на посетата на охридската чаршија премиерот Заев и министерот Бектеши дадоа кратки изјави за медиумите.„Со министерот Бектеши прошетавме по познатата охридска чаршија, посетивме неколку дуќани и занаетчиски работилници каде што поразговаравме со сопствениците и еснафите за условите за работа и за значењето на мерките за поддршка од Владата на Република Северна Македонија. Сите сме согласни дека поддршката за мали и средни претпријатија што ја обезбедува Владата е значајна и ќе продолжи, а заеднички се очекувањата економските политики да резултираат со зголемување на личната потрошувачка што за овие семејни бизниси и занаетчиски работилници ќе значи и зголемување на профитот“, рече премиерот Заев и соопшти дека оваа година се менува казнената политика која во минатото беше репресивна и служеше за притисоци и закани и политички влијанија кон приватниот сектор.Премиерот Заев рече дека казните ќе бидат правични и сразмерни согласно големината на фирмите и нема да го загрозуваат работењето и опстанокот на фирмите и нема да го отежнуваат животот на граѓаните. За фирмите, при одмерување на глобата ќе се води сметка за приходот остварен во претходната година, бројот на вработени и претходно санкционирање за исти или слични прекршоци.„За малите фирми според новиот закон минималната глоба ќе биде 50 евра, а максималната глоба ќе изнесува 2000 евра. За споредба, во стариот закон максималната глоба изнесуваше 5000 евра – што значи глобите за малите фирми се намалуваат за 60%. Пред глоба, може да се изрече опомена. Или, во случаи кога прекршокот е сторен за прв пат и не предизвикал штетни последици, ниту го загрозил јавниот интерес. Законот ќе важи еднакво за сите“, истакна премиерот Заев и најави дека следува средба со сопственици на хотели со кои ќе поразговараат за перспективите за развој на туризмот.„Од овде се упатуваме и на средба со сопственици на хотели од овој крај да ги слушнеме нивните размислувања и предлози за развој на туризмот. Со оглед на тоа што изминатата 2018 година имавме рекордно висок износ на туристи кој изнесуваше над 1 милион што придонесе и раст не девизниот прилив од 16.7% споредено со 2017, очекувам дека оваа година можеме уште подобри резултати да постигнеме доколку заеднички се вложиме во реализација на зацртаните цели и политики за развој на туризмот“, нагласи премиерот Заев.Министерот Бектеши ги сподели информациите и бројките коишто се однесуваат на бројот на странски и домашни туристи коишто ја посетиле нашата земја и нагласи дека минатата година се надминати очекувањата, земјата ја посетиле над 1 милион туристи.„Сакам да ве информирам дека од претходната година во Република Северна Македонија имаме регистрирано 1.1 милиони туристи, а очекувањата се дека во 2019 година ќе достигнеме над 1.3 милион туристи и истовремено над 4 милиони ноќевања во нашите угостителски и сместувачки објекти. Добра вест е што имаме пораст на домашните туристи“, истакна министерот Бектеши.Министерот Бектеши посочи дека Владата на Република Северна Македонија спроведува политики за развој на туризмот, а една од мерките е субвенционираниот годишен одмор која значително придонесува за развој на домашниот туризам.„Продолжуваме и оваа година да субвенционираме годишен одмор за работниците со ниски примања. Сакам да ве известам дека од 26 пријавени хотели, 14 хотели се од Охрид, што значи дека над 50% од сите добитници на средствата од оваа мерка што ја спроведува Владата преку Министерството за економија, ќе престојуваат во Охрид“, рече министерот Бектеши.  

Македонија | пред 6 години

6 год.
naum-stoilkovski

Стоилковски: Власта е таа којашто е единствен заштитник, промотор и спроведувач на криминалот во оваа држава

Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговори на новинарското пршање: Во врска со Законот за јавно обвинителство власта ве обвинува дека со амандманите практично барате амнестија за сто функционери. Кој е вашиот став?Стоилковски : Тоа е апсолутна невистина ВМРО-ДПМНЕ дека се бори за било каква амнестија додека траат овие преговори за Законот за јавно обвинителство. Единствено што се залагаме тоа е заложба за воспоставување на механизми со коишто ќе се добие и спроведе правда во системот во Република Македонија. Јасни ми се овие дезинформации од кај што се поттикнати, тоа ги поттикнува токму власта предводена од Зоран Заев којшто знаете е единствениот аболициран премиер во светот за случај тежок околу 8.5 милиони евра. Понатаму човекот е тој што креираше и спроведе токму една таква селективна амнестија за да му мине капитулацијата којашто нели ја спроведе со промена на името и идентитетот, а зашто не доби поддршка од мнозинството граѓани во Република Македонија, и оттука токму власта е таа којашто е единствен заштитник, промотор и спроведувач на криминалот во оваа држава и селективна правда и амнестија и како и да е понатаму сака да претстави дека се работи за време на овие преговори коишто течат за Законот за јавно обвинителство.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Стоилковски: Зоран Заев и неговиот криминоген клан се во паника

Зоран Заев и неговиот криминоген клан се во паника. Заев знае дека антидржавните, расипничките и криминогени политики се прочитани од граѓаните и дека ги губи изборите. Во таа паника сега ставаат се на една карта. И повторно Заев игра „ОлИн“. Предизборно се расфрлаат со буџетските средства, со парите на граѓаните, со цел да го намалат неизбежниот изборен пораз, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Денеска започнуваме серија прес конференции во која ќе објавиме повеќе сомнителни набавки и вработувања во предизборен период, кои што фрлаат сомнеж за незаконско работење.Па да почнеме.Управата за јавни приходи е една институција од оние кои што во низа се злоупотребувани од власта за свои цели. Тука е огласот за доделување на договор за јавна набавка, оглас со број 04/2019, каде што договорен орган е Министерство за финансии - Управа за јавни приходи, а предмет на договор за јавна набавка се услуги за привремени вработувања со проценета вредност без ДДВ: 17 милиони денари.Овој оглас е со времетраење на договорот од 12 месеци, а е за услуги - Категорија на услуга број: 22 Услуги за привремено вработување (освен услугите кои се однесуваат на договорите за вработување).Понудите требало да се достават до 30.04.2019 во 11:00 часот, а период на важност на понудата стои 120 денови датум на објава: 13.03.2019 година.Ова е постапка која што по ништо не се разликува од ангажирањето, односно обидот за ангажирање на привремени работници во предизборни цели кои што се обидоа да ги спроведат пред референдумот.Тоа не е ништо друго туку поткуп во изборни цели. И тоа поткуп со игра на најсуштествената потреба на граѓаните - со потребата од работа. Ова е класичен обид за злоупотреба на чувствата на 22 лица, на кои им сега им се нуди надеж за работа во следните четири месеци, дека понатаму ќе добијат постојано вработување во УЈП. Во замена, секако, доколку го исполнат посакувано однесување на изборите.Ова не е ништо поразлично од нудењето поткуп од Зоран Заев, од поттикнувањето на поткуп во изборни цели, кога повикуваше среде кампањата за референдумот „Одврзете го кесето“ порака за бизнисмените да дадат плата или бонус за работниците да излезат на референдумот.Почитувани, за дел од овие примери веќе се поднесени кривични пријави кои ЈО не ги процесуира. Но ваквите постапки се од исклучителна важност за државата, за демократијата, и затоа мора да бидат испитани. Токму затоа, сите овие постапки ќе бидат ревидирани и за нив ќе бидат покренати истраги против одговорните.Нема трговија со правото и правдата. Нема трговија со принципот за еднаквост пред законот. На Македонија насушно и е потребна правда и таа е на дофат. Заевиот клан знае дека му се одброени деновите, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Capture-6

Арсовски: Заев се крие по скандалот со трите фирми отворени во еден стан во Петрич во соседна Република Бугарија

 Зоран Заев се крие по скандалот со трите фирми кои што кланот Заеви ги отворил во еден стан во Петрич во соседна Република Бугарија. Заев бега од проста причина што претходно ја лажеше јавноста дека такви фирми во странство нема, но и од прашањата кои следат зошто и за каква цел овие фирми се отворени токму во соседна Бугарија, истакна Димче Арсовски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Постои основан сомнеж дека овие фирми, или барем две од нив, се отворени со намена да учествуваат во работењето на рудникот Иловица во Струмичко. Рудник кој што претходно беше против да се гради, Зоран Заев, но сега полека ја менува реториката. Прашуваме, дали Заеви ги отворија овие фирми, чија дејност е транспорт и логистика на две од три фирми, за да добијат бизнис кој се проценува дека е вреден најмалку 10 милиони евра годишно за транспорт на целата руда од Иловица до Република Бугарија каде што таа руда ќе се топи? Одговорот треба да го даде Зоран Заев.Знаејќи дека Зоран Заев е главниот на кланот Заеви кој уште од периодот кога беше градоначалник овозможуваше тендери за семејните и пајташките фирми, ваквиот сомнеж со право се поставува како прашање.Дополнително јавноста се сеќава дека една од семејните фирми на Заеви откако тој стана премиер на Република Македонија доби концесија од Владата на Заев, односно од него самиот, за ископување на минерални суровини.Исто така веќе граѓаните слушнаа и за скандалот кога камиони со струмички таблици во сопственост на фирма на Заеви транспортирала јаглен во РЕК Битола.Тоа значи дека постојат сериозни индиции дека и досега семејните фирми на Заев со негова помош и знаење добивале бизниси за ископ на суровини и за транспорт на руда. Затоа со право се поставува прашањето дали фирмите на Заеви во Бугарија треба да добијат бизнис во рудникот Иловица, притоа да се преставуваат како странски фирми и на тој начин да го зголемат своето богатство за стотици милиони евра наредните години?Одговори за ова мора да има. Секој молк од страна на Заев се толкува како потврда дека ова што го говориме е точно. Тој молчи со денови и со денови се крие. Очекуваме дека кога ќе заврши фазата криење ќе почне да се заканува до медиумите, до партијата, но она кое што вистински треба да го направи е да одговори за која цел отворените фирмите на Заеви во Петрич и зошто безобразно ја лажеше јавноста дека нема фирми во странство.Да одговори на прашањата бидејќи јавноста очекува одговори, истакна истакна Димче Арсовски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
crkva

Кривична пријава за Скопјанец кој одзел 150.000 денари од црква

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.(37) од село Јурумлери, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.Во периодот од 19.00 часот на 22.03.2019 до 06.30 на 23.03.2019, во црквата „Св Петар и Павле“ на улица „Шидска“ во Скопје, пријавениот со употреба на физичка сила и алат влегол внатре и одзел 150.000 денари.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pozar

Пожар во хотел во Кочани, вработен се здобил со изгореници

На 28.03.2019 во 18.45 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на улица „Браќа Ставреви“ во Кочани, во објект во сопственост на хотел, настанал пожар во кој со изгореници се здобил вработениот А.Т.(59) од Кочани.Тој, по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа-Кочани, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица-Кочани.

Македонија | пред 6 години

6 год.
6a96bcf4-resize-820x0x100

Работник паднал од кров и се здобил со тешки телесни повреди

На 28.03.2019 околу 11.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека во приватна фирма во село Умин Дол, кумановско, при изведување работни задачи на кровна конструкција, И.Ѓ.(44) од Куманово паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телсни повреди.Тој бил пренесен во Медицински центар Куманово каде му била укажана лекарска помош. Увид извршиле екипа од СВР Куманово и инспектор за tруд и заштита при работа и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
njemac-traktor1

Движејки се со трактор се превртил и починал на лице место

На 29.03.2019 околу 07 часот било пријавено дека К.Ј.(50) од село Сирково, општина  Росоман, движејки се со трактор на стариот пат од село Сирково кон Росоман, се превртел и од здобиените повреди починал на местото на настанот.Извршен бил увид на местото настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Уапсен тетовец кој објавил видео со заканувачка содржина

На 28.03.2019 околу 19.50 часот полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово на улица „Тодор Циповски- Мерџан“ во Тетово го лишиле од слобода Ж.Г.(46) од село Брвеница, тетовско, кој истиот ден околу 15.00 часот на социјална мрежа објавил видео клип со заканувачка содржина. Ж.Г. бил задржан во Полициската станица Тетово, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija

Вчера контролирани 293 возила во Битола

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 28 март извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас.Притоа, контролирани се вкупно 293 возила и возачи и било констатирано дека 14 возачи ја пречекориле дозволената брзина, шест возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирано било едно возило и еден возач зборувал на мобилен телефон.

Македонија | пред 6 години

6 год.
govor-na-omraz

ЦИВИЛ ги осудува говорот на омразата и заканите по животот на премиерот и другите лидери

ЦИВИЛ - Центар за слобода остро ги осудува говорот на омразата од сите политички субјекти и поединци, организирани или неорганизирани групи, како и заканите по животот на премиерот Зоран Заев и другите политички лидери што во своја видео порака ги објави лице што се претставува како лидер на организацијата Христијанско братство, Жарко Гроздановски.Христијанското братство е една од организациите, блиска до радикалните групации што протестираа против Преспанскиот договор и Законот за јазици, а дел од нив се и членови на партиите од десниот политички блок што ги водеа протестите кои кулминираа со нападот врз Собранието на 27 април 2017 година. Нивни „почесни гости“ на протестите беа Јанко Бачев, Стевче Јакимовски и повеќето други познати и помалку познати радикали. По неколку месечен молк, Христијанско братство се појави преку својот гласноговорник Гроздановски. Наводно, нивното „повлекување“ од јавноста било поради анализирање на „глупостите на политичарите“.Повод за видеото е притворот на еден од нивните членови, Тони Митрески - Северот, поради напад на службено лице на службена должност. Тоа лице, според Фејсбук обраќањето на Гроздановски, само го бранело Уставот, додека останатите се криеле.Во ова видео, ЦИВИЛ констатира говор на омраза и отворени закани по животот на Премиерот Зоран Заев, но и кон други, неименувани претставници на власта и „сите политички лидери“.„Немојте во ниеден случај да си играте со Христијанското братство. Ви велам и стојам на нештото што го зборам. Заев, два пати те имав во рака, двапати намерно те пуштив. Немој да ми чепкаш ни еден од моите браќа по вера... Двапати те пуштив, ако не ми веруваш, прашај ги твоите луѓе во УБК. Првпат во Македонски Брод, вториот пат во Јасен и Козјак... Два пати имав прилика да ја запалам Македонија, но се повлеков затоа што дадов збор: На Македонец пушка не дигам... Немој на ниеден мој човек, брат по вера, заколнат на свето место, да си му пуштил пријава и да му се силиш дека ќе го казниш или, не дај боже, да го затвориш... Жими еден крст и вера ќе ве снема и тебе и СДСМ и ДПМНЕ и сите лидери во Македонија... Јас сум Жарко Гроздановски. Момче, ти си предавник!“, е дел од говорот што е објавен на Фејсбук страницата на Христијанското братство.Останува отворено прашањето, дали на УБК навистина им биле познати плановите за ликвидација на премиерот Зоран Заев и други политички лидери. Освен тоа што треба да се очекува полициско-правна разврска на овој случај, институциите треба да одговорат и на прашањето колку овие закани се сериозни и зошто до сега не се преземени соодветни безбедносни мерки - стои во реакцијата на ЦИВИЛ. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_0022

Градоначалникот Темелковски го означи почетокот на „Шаховски турнир - Кисела Вода 2019“

Денеска во просториите на урбаната заедница 11 Октомври – згради во Кисела Вода, градоначалникот Филип Темелковски го означи почетокот на „Шаховски турнир - Кисела Вода 2019“.Градоначалникот Темелковски во своето обраќање пред натпреварувачите нагласи дека развојот на шахот во Кисела Вода ќе ја има неговата поддршка.На турнирот се натпреваруваат 8 екипи со по 4 натпреварувачи од урбаните и месните заедници во општината. Екипите составени од по 4 натпреварувачи ќе играат 14 кола по двокружен Бергеров систем. Првопласираните три екипи ќе добијат награди од Општината. По завршувањето на екипниот турнир кој ќе се игра до 17 мај, во текот на истиот месец ќе започне и поединечен турнир.Шаховскиот турнир се одржува на иницијатива на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
DSC_8272

Конференцијата: „Лажни вести за Договорот од Преспа“- Најголемото оружје против лажните вести е вистината!

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, денеска се обратија на конференцијата на тема: „Лажни вести за Договорот од Преспа“, што се одржува во Атина, Р. Грција.Како што потенцираа во своите воведни обраќања министерот Манчевски и министерот за дигитални политики, телекомуникации и медиуми на Р. ГрцијаНикос Папас, заедничката конференција е потврда за пријателството помеѓу Северна Македонија и Грција, како резултат на Договорот од Преспа.Како што истакна министерот Манчевски, патот до надминување на деценискиот проблем меѓу двете држави не беше лесен, а лажните вести беа моќна алатка на непријателите на Договорот од Преспа.“Лажните вести и дигиталната пропаганда, секогаш имаат за цел да манипулираат со скриените стравови и основните инстинкти на граѓаните. Секогаш пренесуваат порака на национализам, поделба, борба, конфликт, силни емоции, омраза, етнички прашања... Таков беше случајот и со лажните вести кои се однесуваа на Договорот од Преспа. Основна форма на медиумска манипулација беше „нецелосното известување“, односно намерно неинформирање за клучниот факт дека на веб-сајтот на Владата кратко време по потпишувањето е објавен оригиналниот текст на договорот. Лажните вести, најчесто се базираа на селективно избрани сегменти од членови на договорот на кои им беа додавани нови значења преку шпекулации кои беа претставувани како факти“, истакна министерот Манчевски.Министерот Роберт Поповски се осврна на заложбите на Владата за борба против лажните вести.„Како Влада повикавме на конструктивна атмосфера и отворена дебата со граѓаните, без страв, заплашување и притисоци да градат сопствени ставови за секое отворено прашање. Од почетокот на процесот, ден денеска и понатаму, остануваме на ставот дека гласност и транспарентност на процесот треба да има, и ние сме горди што учествувавме во создавањето на тој амбиент. Гласноста им овозможува на професионалните и независни медиуми да го изразат ставот на граѓаните и интересот на јавноста во една демократска држава. Овозможивме дебата. Актуелната Влада на Република Северна Македонија и нејзините политики, демонстрираа дека постои силна политичка волја и стручна подготвеност да ги спроведеме медиумските реформи и да подобриме условите за работење на медиумите, во соработка со медиумските професионалци. Како централна извршна институција се заложивме дека во својата работа, а особено во сферата на комуникациите, ќе бидеме отворена влада. Отворена влада, која константно во јавноста пласира точни информации. На лагата да ѝ ја спротивставиме вистината!“, истакна министерот Поповски кој понатаму го изрази своето длабоко уверување дека токму вистината ќе го продлабочи искреното пријателство и ќе ја интензивира соработката и заедмната поддршка на граѓаните на Грција и Северна Македонија.Министерот за дигитални политики, телекомуникации и медиуми Никос Папас зборуваше за досегашната соработка помеѓу владите на Република Грција и Република Северна Македонија.„Промовираме повеќе проекти, не само билатерални туку и регионални. Никој повеќе нема изговор да се спротистави на соработката и партнерството помеѓу овие две држави. Единствени кои се уште се против се оние кои инвестираа премногу во поделба, и сега тие би рекол се неврботени. Но, патот кон соработка и пријателство се отворени. Ова е успех на две влади, Владата предводена од Ципрас, и Владата предводена од Заев, кои несебично својот политичкиот успех го ставија настрана, со цел надминување на проблемите.Можеби треба да размислиме да доделиме Нобелова награда за лажни вести. Има многу кандидати и тешко ќе биде да го избереме победникот. Наша цел е да направиме мост за соработка со неутрални и точни информации. Тоа ќе го постигнеме сите заедно. Мораме да ја вратиме довербата, особено по големиот успех што го постигнавме. Наша заедничка алатка е вистината“, рече министерот Папас.На конференцијата се обратија и новинарките Катерина Синадиновска, Слободанка Јовановска и Сашка Цветковска кои се осврнаа на одговорноста на медиумите и новинарството во важните политички процеси, и алатките кои тие ги имаат на располагање во борбата со лажните вести.Со свои излагања се обратија и Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфозис и Росана Алексоска од МОСТ, кои ги претставија проектите на кои работат, а се однесуваат на справувањето со лажните вести.Конференцијата е во заедничка организација на МИОА и Министерството за дигитални политики, телекомуникации и медиуми на Р. Грција.

Македонија | пред 6 години

6 год.
varda

Почина култната режисерка Ањес Варда

Филмската режисерка Ањес Варда, централна фигура на францускиот Нов бран и добитничка на Златен лав во Венеција, почина на 90 години, потврди нејзината продукциска куќа „Сине тамари“.„Режисерката и уметница Ањес Варда почина во нејзиниот дом, по компликации од рак. Таа беше опкружена од нејзиното семејство и пријателите“, стои во соопштението кое го објави нејзиното семејство.Во нејзината кариера ги сними филмовите како „Клео од 5 до 7“, „Вагабонт“, за кој во 1985 го доби Златниот лав и „Жако од Нант“.Варда со години беше присутна на Канскиот филмски фестивал, каде ги претставуваше нејзините филмови од 1958 до 2018. Два пати беше член на жирито во Кино, а во 2015 фестивалот ѝ додели Златна палма за животно дело. Во 2018 имаше и номинација за Оскар за нејзиниот документарен филм „Лица, места“, а доби и почесен Оскар за животно дело.„Најголема од најголемите“, напиша за Варда британскиот филмски критичар Питер Бредшо. 

Магазин | пред 6 години

6 год.
FullSizeRender-29-03-19-12-35

ВМРО ДПМНЕ Охрид: Бараме Георгиески да ги повлече точките од совет за легализација на дивоградбите

Охрид се гуши од урбанистичкиот хаос што го создаваат СДСМ и в.д. градоначалникот Константин Георгиески. Урбанистичката деградација стана главна одлика на оваа Локална власт. Животот на СДСМ значи незаконски да се заграбат најатрактивните простори на Охридското крајбрежје,истакна на прес-конференци Перчо Божиновски, портпарол на ОК Охрид.Откако претходно не успеаја во Градиште сега повторно се обидуваат да легализираат бесправно изградени објекти на земјиште сопственост на Република Македонија во крајбрежниот појас - во Трпејца, кај автокампот „Андон Дуков“, во Велестово и на други локации без изградени објекти, но на атрактивна местоположба.Зошто не се почитува Законот за постапување со бесправно изградените објекти?Општината и државата со тоа што самите посегнуваат кон нелегално градење свесно ги прекршуваат сопствените закони.Дали Георгиески со дивоградби ќе го заштити Студенчишкото Блато?Веќе јасно како ден е дека со палење на трската се подготвуваат терените за узурпација на крајбрежјето на езерото преку нови градби.ВМРО-ДПМНЕ бара од в.д градоначалникот Константин Георгиески да ги повлече точките од дневен ред за легализација на дивоградбите на 26-тата седница на Советот на општина Охрид.Ги повикуваме сите еколошки друштва и граѓански здруженија да ни се придружат во борбата за зачувување на доброто на Охрид.СДСМ и Георгиески свесно го водат Охрид на листата на загрозени подрачја на УНЕСКО.Охрид ќе се спаси од оваа урбана мафија.Охрид и охриѓани ќе ги казнат СДСМ и Георгиески и ќе го спречат уништувањето на градот, истакна на прес-конференци Перчо Божиновски, портпарол на ОК Охрид. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
mijalkov-2

Врховниот суд му го укина куќниот притвор на Мијалков за „Империја“

Врховниот суд на 27 март 2019 година донел решение по жалбата на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков за предметот „Империја“ и му го укина куќниот притвор.Одлуката за укинување на притворите во „Империја“ следува откако на 30 јануари годинава највисокиот суд донесе начално правно мислење дека Катица Јанева и нејзините обвинители не се овластени тужители за предмети и за истраги отворени по истекот на 18 месеци откако ги презеле „бомбите“, рок кој истече на 30 јуни 2017 година. Во таа група предмети е и „Империја“.„Решението е донесено согласно начелното правно мислење утврдено на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија одржана на 30.01.2019 година, а бидејќи мерката куќен притвор спрема обвинетиот С.М. е определена по барање на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, кое нема својство на овластен тужител во оваа постапка“, соопшти Врховниот суд.Укинувањето на домашниот притвор за Мијалков во овој случај, не значи дека тој сега излегува на слобода бидејќи во исто време за него на сила беше и затворски притвор во предметот „Титаник 2“, за кој тој доби затворска казна од три години. 

пред 6 години

6 год.
dzaferi

Џафери се налути: Собранието работи по Деловник, не по диктат

По изјавата на министерката за правда Рената Дескоска, дека во најскоро време предлозите за СЈО треба да бидат преточени во закон и ставени на седница, како услов за препорака од ЕУ, Претседателот на Собранието Џафери пушти реакција преку Фејсбук и истакна дека Собранието работи според Деловник, а не по диктат.–Собранието на Република Северна Македонија работи согласно Деловникот, а не врз основа на диктат, а уште помалку според одредени индивидуални претензии, па дури тие да се и на еден министер, било кој и да е, напиша Талат Џафери, на социјалната мрежа фејсбук.Инаку претседателот на Собранието, Талат Џафери, вчера имаше средба со новинарите, а на неа истакна дека нема да закаже седница дури и да се договорат власта и опозицијата околу Законот за Јавно обвинителство, зошто не сака да биде искористена за водење предзиборна кампања.

Македонија | пред 6 години

6 год.
andon-dukov-za-skopje-2

Засилени инспекциски контроли поради палењето на стрништа и шумски пожари

Државниот инспекторат за земјоделство заедно со Државниот инспекторат за шумарство и ловство како органи во состав на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, ги интензивираа контролите на терен поради палењето на земјоделско земјиште (стрништа ) и шумските пожари. Во повеќе наврати двата инспектората имаат извршено контроли на теренот при што се откриени сторители кои палат бесправно стрништа и друга сува тревна одпадна вегетација на земјоделски површини. Државниот инспекторат за земјоделство, преку државните инспектори за земјоделство извршија 50 инспекциски надзори за што се составени 50 записници, издадени се 10 платни налози од кои 9 се платени, а за 10 прекршители постапката е во тек .Државниот инспекторат за земјоделство ги задолжи сите инспектори за земјоделство да вршат постојан инспекциски надзор, да се интезивираат инспекциските контроли, во поглед на користењето на земјоделското земјиште, особено онаму каде има засеано житни култури, со цел да се откријат лицата кои палат оган во близината на посевите, ги палат стрништата, или пак ги палат остатоците од разни земјоделски култури, со што потоа се предизвикува и шумски пожар. ДИЗ апелира земјоделците и сите лица да ги почитуваат одредбите од Законот за земјоделско земјиште, дека корисниците на земјоделско земјиште се должни да спроведуваат мерки за заштита од пожари согласно прописите за заштита од пожари, а доколку се констатираат правни или физички лица да постапуваат спротивно на законот веднаш да се превземаат мерки поради сторен прекршок.На последниот состанок на Регионалниот штаб е договорено да се вршат заеднички контроли на терен со преставници на МВР, ТППЕ и ДИЗ каде има земјоделски површини и постои опасност од палење на стрништа.Освен по член 46 од Законот за земјоделското земјиште за кој има надлежност да постапува за пожари предизвикани од палење на стрништа и посеви инспекторатот нема надлежност да постапува по друг закон, а особено при палење на пасишта и друга вегетација.Согласно одредбите на Закон за шумите, Државниот инспекторат за шумарство и ловство е овластен да врши инспекциски надзор за спроведување на одредбите од Закон за шумите. Заштитата на шумите покрај другите елементи на заштита, и заштитата од шумски пожари како елемнт на заштита на шумите ја вршат субјектите кои стопанисуваат со шумите (стопански и шуми со посебни намени). Согласно правилникот за посебни мерки за заштита на шумите од пожари донесен од ДЗС, а во врска со Закон за шумите, при редовните инспекциски надзори од страна на инспекторите е констатирано дека субјектите кои стопанисуваат со шумите сите имаат донесено годишни оперативни планови за заштита на шумите од пожари за 2019 година кои воедно имаат и позитивно мислење од ДЗС. Државниот инспекторат за шумарство и ловство и даде наредби на сите шумарски и ловни инспектори за  вонредни инспекциски надзори на субјектите кои стопанисуваат со шумите во делот на спроведување на годишните оперативни планови, и исто така ги задолжи концесионерите на ловиштата да вршат опсервирање за заштита на ловиштата од пожари и за нивно диретно вклучување за заштита на ловиштата од пожари преку своето членство. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира на крајно внимателно и одговорно однесување на сите лица кои извршуваат активности во земјоделството и шумите.Временските услови кои се значително погодни за појава на пожари на отворен простор, на земјоделски површини и во шумските предели, покрај огромната штетата кај земјоделските култури и добитокот претставуваат и сериозна опасност по човечкиот живот. Единиците на против пожарната бригада во неколку наврати, и пред неколку месеци интервенираа со гаснење на огнени стихии, а интервенции имаше и од Центарот за управување со кризи.Само во тековниов месец ЈП Национални шуми евидентира околу 70 пожари со опожарена површина од околу 1,600 хектари. Ваквата појава пред се, се должи на палење стрништа и земјоделски површини, што поради временски услови кои се погодни за пожари истите брзо ги зафаќаат и шумските површини.Покрај стрништата пожарите гореа и борова шума, овошни насади, багрем, нискостеблеста деградирана шума во приватна и државна сопственост. Со цел намалување и одговорно однесување МЗШВ потсетува дека палењето на пожари е забрането и истото дело е казниво по закон.

Македонија | пред 6 години

6 год.
cad-1

(ВИДЕО) O2 Иницијатива: Возење низ чад од масовни палења, наша реалност

Кочанско, месецов. Гори земјава наша, пари фрлени за гаснење на пожари, наши пари, за да се изгаснат масовниве пожари кои се резултат на човечки фактор, некој некаде запалил и после авиони со денови и тони вода не можат да изгаснат, пишуваа на фејсбук профилот од O2 Иницијатива.Тие во објавата додаваат:Колку е потрошено до сега само на гаснење на пожариве? Колку допрва ќе се потроши? Да не зборуваме за ненадоместливите штети по здравјето и природата. Зошто никој не размислува за последиците од погрешно спроведените политики на неказнивост, неажурност, неодговорност? Од несоодветно спроведените програми за земјоделците и сточарите, шумите, стратегијата за Ромите, инспекцијата...Која е целта од вакви погрешни политики? Да се уништи сè што вирее на овие простори? Да останеме загадена пустелија каде само болни се раѓаат и болни умираат?https://www.facebook.com/o2inicijativa/videos/2197780160535645/?v=2197780160535645

Македонија | пред 6 години

6 год.
sela-2

NON PAPER на Алијансата испратена до претставниците на ЕУ

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, испрати Non Paper до високите функционери на Европската унија и во која најпрво ги информира за конструктивната улога на Алијансата со поддршка на сите процеси поврзани со интеграцијата на Северна Македонија во НАТО и ЕУ со нивното гласање за прифаќање на уставните измени поврзани со Преспанскиот договор, се вели во соопштението од Алијансата за Албанците.Сепак, претседателот на АА изрази загриженост за недостатокот на подготвеност на оваа Влада која не презела доволно мерки за исполнување на барањата на ЕУ за воспоставување на владеењето на правото во сите сегменти на политичкиот живот во северна Македонија.Претседателот Села во документот "Напади на СДСМ - ДУИ врз владеењето на правото, кршење на европските вредности во име на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ", истакнува сериозни забелешки на владата на СДСМ - ДУИ, која покажа неуспех во клучните прашања во врска со демократските и процесите за интегрирање на земјата кои се клучни за препораките на ЕУ за добивање на датум за преговори на Северна Македонија со ЕУ:- одговорноста за нападот на 27 април 2017 во Собранието;- реформите во судството и проактивни истраги, обвиненија и конечни пресуди во случаи на корупција и организиран криминал, вклучително и високото ниво на криминал откриени од незаконското прислушкување;- Реформата на службите за разузнавање и безбедност;- реформа на јавната администрација.Документот е испратен до:1. Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи, г-ѓа Фредерика Могерини2. Високиот претставник на ЕУ за проширување. Г-дин Јоханес Хан3. Министри за надворешни работи за европски прашања на земјите-членки на ЕУ, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања