Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Нема фотографија

Во Лозово ќе се гради кафилерија

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најавува изградба на кафилерија. Фабриката во која ќе се преработуваат нус-производите од животинско потекло ќе биде лоцирана во Општина Лозово и се очекува да профункционира во 2021 година.Како што вели за МИА директорот на АХВ, Зоран Атанасов, средствата, околу 9,5 милиони евра, се веќе обезбедени, а ќе бидат достапни од 2020 година.Фабриката на почеток ќе произведува високоеенергетски масла, но идејата е, по две до три години да почне и со продукција на биопротеини.Освен изградба на фабрика, проектот предвидува и набавка на специјализирани возила и машини.Македонската кафилерија има можност да прерасне во регионална ако се земе предвид дека најблиску ваква фабрика има во источниот дел на Бугарија. Кафилерија нема во северниот дел на Грција, а на Косово постои само акцелератор за спалување. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Исплатени над 40 милиони субвенции за над 80.000 земјоделци

Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжуваат со вистинска грижа за земјоделците. Од почетокот на годинава па до денес, исплатени се вкупно 40.5 милиони евра за субвенции во кои се опфатени над 80 илјади земјоделци, се вели во соопштението од СДСМ.При тоа опфатена е исплатата на субвенции на сите земјоделски култури како овошните, градинарските, житните и лозовите насади.За одржување на овошните насади, на овоштарите исплатени им се околу 5,5 милиони евра. Пред почетокот на новата проиводствена сезона, исплатени се субвенции за лозови насади од околу 9 милиони евра на над 15.000 лозари. Тоа се средства што се враќаат директно кон лозарите за подготвени да ја дочекаат производствената сезона и да вложат во производство на квалитетно грозје.За одгледувачите на градинарски култури исплатени се 4,4 милиони евра, додека пак за житните култури 5,5 милиони евра.Министерстото за земјоделство, шумарство и водостопанство одвои 16 милилиони евра за субвенции во сточарството. А во меѓувреме, зголемена е сумата за набавка на добиток од 14 на 91 милиони денари, вклучително и за овчарство.Исплатата на финансиската поддршка кон земјоделците се одвива непречено, неселективно и навремено, земјоделците ги добиваат субвенциите тогаш кога им се најпотребни.И да завршам како Претседател на Влада да ја споделам важната информација со сите вас, во оваа мала земја во центарот на Балканот се очекува стабилна и перпсективна иднина, сериозна безбедност и сигурност, интеграциски процеси коишто веројатно треба да бидат за сите дополнителна мотивација да вложуваат на берзата, а преку тоа да помогнат и на државата, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
4-1-2

Премиерот Заев на 20- годишната конференција на АД Македонска Берза

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска имаше свое воведно обраќање на јубилејната 20 годишна конференција во организација на АД Македонска берза, на којашто се обратија и извршниот директор на АД Македонска берза, Иван Штериев и директорката на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, Нора Алити.„Македонската берза и пазарот на капитал се важен дел од економското функционирање на нашата земја и улогата и функцијата што ги имаат за раст и развој на економијата и компаниите се исклучително важни. Државата е тука да гарантира и обезбеди пазарни, слободни и транспарентни услови и односи во економијата како и атрактивна бизнис клима со еднакви можности, пазарни услови и правила за компаниите. Во такви услови алокацијата на финансиските и економските ресурси и вишоци ќе се одвива по пазарни основи и по правила на саморегулација на пазарот преку понуда и побарувачка, што ќе резултира со зголемување на конкурентноста на компаниите и нивна поголема успешност во работењето, истакна премиерот Заев.Тој додаде:Транспарентноста на компаниите на берзата ги прави поатрактивни за домашните и странските инвеститори и влијае позитивно на нивното корпоративно управување што воедно има позитивни ефекти во квалитетот на расположливите финансиски инструменти на пазарот на капитал. Идниот развој на Берзата и на пазарот на капитал мора да бидат наша заедничка цел како важен сегмент кој придонесува за развој на економијата во целина, за јакнење на приватниот сектор и отворање на нови работни места. За таа цел дозволете ми да ги споделам со вас информациите дека Министерство за финансии неодамна отпочна со официјална котацијата на континуираните државни обврзници. Тоа е позитивен чекор чии импликации на  среден и долг рок ќе ги почувствуваат сите заинтересирани страни – државата, инвеститорите и пазарот во целина, потенцираше Заев.Премиерот додеде дека е формиран  Совет за развој на пазарот на капитал со кој раководи Министерството за финансии и има за цел да ги согледа и канализира интересите на сите засегнати институции и субјекти поврзани со идниот развој на пазарот на капитал.Последните информации за 2018 година се дека расте прометот на Македонската берза за 120 отсто во однос на 2017 што е уште една потврда дека сме на вистинскиот пат и дека се враќа довербата во македонската економија и расте оптимизмот на инвеститорите.На самиот крај дозволете ми да посакам успешна дебата на денешната конференција којашто се одржува по 20 – ти пат во организација на Македонската берза на која ќе се отворат овие важни теми за дискусија кои од наша страна внимателно ќе бидат разгледани.

Македонија | пред 6 години

6 год.
spomenik-aleksandar

Во Атина ќе се постави споменик на Александар Велики висок 3,5 метри

Во центарот на грчкиот главен град, Атина, се подига споменик на Александар Велики, висок 3,5 метри, според грчкиот весник Катимерини. Споменикот е дело на еден од  најпознатите грчки скулптори, Јанис Папас.Досега, споменик на Александар Велики во Грција има само во Солун, а најголемиот споменик на еден од најголемите војсководци во историјата поставен е во центарот на Скопје.Неодамна по грчките медиуми се објави информацијата дека министерката за култура на Грција побарала замена на споменикот „Тркачот“ во Атина со оној на Александар Велики во Скопје. И во Македонија и во Грција оваа идеја не наиде на позитивен прием.

Македонија | пред 6 години

6 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Мицкоски лаже, во амандманите за СЈО секаде стои Република Северна Македонија

На површина исплива уште еден доказ за лажниот патриотизам на Христијан Мицкоски и ВМРО- ДПМНЕ. Додека Мицкоски ја замајува јавноста со лажен патриотизам тврдејќи дека не го признава уставното име, истовремено, според јавно достапните информации, на сите амандмани на неговата ВМРО-ДПМНЕ поднесени до Собранието за Законот за јавно обвинителство стои новото уставно име Република Северна Македонија, се вели во соопштението од СДСМ.Мицкоски е неискрен и лицемерен и продолжува да ја лаже и манипулира јавноста. Со тоа уште еднаш докажува дека е ист како неговиот ментор и претходник, криминалецот Никола Груевски, велат од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pozar-1

Во Прилепско пожар во плевна и магацински простор

На 28.03.2019 година во 05.55 часот во Полициското одделение Ропотово било пријавено дека во село Житоше, прилепско, во дворот од куќата сопственост на Ј.И.(75), во плевна и магацински простор настанал пожар во кој целосно изгорела дрвената конструкција на двете простории, а опожарени биле и земјоделски машини. Исто така, била опожарена и кровната конструкција на гаражата сопственост на И.М., која се наоѓала до плевната. Повредени лица нема. Во 13.30 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил бил изгаснат и бил извршен увид.

пред 6 години

6 год.
KAEVSKI-696x385

ВИДЕО: Директорот Каевски го спореди Заев со Тито

Директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски, во синоќешното гостување на „Клик Плус“ на ТВ 21, го спореди премиерот Зоран Заев со поранешниот лидер на Југославија, Јосип Броз Тито.[embed]https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/304381013543389/?__xts__%5B0%5D=68.ARBYfh0TEcHYb3vtSGKrZeBPhhUeEVYDvPxHLsS8VGzOufjlN_Q35v2trypRZqcrmXomdgrVJ4K7AmFfS-0xF7y8KVMtOO-pBAc0vHLNlFexYikGrvw1C5RhSzxpDVDXiBXji8A1n_n81jG1utbXJ6GxuntS9OnX-GaJnMvxQKpgObF_g9hsGYnU7ZPEQYZ49SiKru2URYlIsS59ziJ9dH0aNo3qxDsVb-AVg9t3-sZx5amT9MuyGFVRCHhaTkXfsBwArW9ZdlDc1wa-mVomE7NF0OBwHAtaFIDSv45JWf5Ca-ueLn_cNGIuPAg3UyYhxV9VOv4n7rHnqLlM0FkY7Q&__tn__=-R[/embed]„Најмногу за нашите родители направил Јосип Броз Тито. Ќе дојде време, ние на нашите деца и внуци, ќе им раскажуваме, дека во времето на Зоран Заев, со Владата, успеал да го реши деценискиот спор за името со Грција“, истакна Каевски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pozari-1

Шумски пожари во Тетово и Македонска Каменица, зафатени кабли на мобилни оператори

На 28.03.2019 година околу 16.35 часот било пријавено дека во атар на село Пирок, тетовско, на место викано „Нишинца“, настанал пожар во кој била опожарена површина со сува трева и нискостеблести дрва. Исто така, при пожарот била опожарена и цевка во која се наоѓале кабли на мобилни и интернет оператори. Пожарот бил изгаснат, а  увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.На 28.03.2019 година во 14.45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во село Саса, поточно над маалата Портарска и Траканица, на непристапен терен, настанал пожар во која бил опожарен папрат и борова шума. Екипи од Територијалната противпожарна единица и работници од Македонски шуми преземаат мерки за гасење на пожарот. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
pozar

Пожар проголта магацин и плевна во Крушево

На 28.03.2019 година во 05.55 часот во Полициското одделение Ропотово било пријавено дека во село Житоше, прилепско, во дворот од куќата сопственост на Ј.И.(75), во плевна и магацински простор настанал пожар во кој целосно изгорела дрвената конструкција на двете простории, а опожарени биле и земјоделски машини.Исто така, била опожарена и кровната конструкција на гаражата сопственост на И.М., која се наоѓала до плевната.Повредени лица нема. Во 13.30 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил бил изгаснат и бил извршен увид. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
kucinja-skitnici

Кучиња искасале двајца скопјани на кеј

На 28.03.2019 година во 10.15 часот во Полициската станица Центар, К.М.(44) од Скопје пријавил дека на улица „Кеј Димитар Влахов“  бил каснат од куче скитник во пределот на левата надколеница.На 28.03.2019 година во 15.00 часот во Полициската станица Центар, В.И.(59) од Скопје пријавил дека на Кеј „13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Пронајдена марихуана во „мицубиши“ во Тетово

На 28.03.2019 околу 19:20 часот во тетовското село Горно Палчиште, запрено е патничко возило „Мицубиши“ со тетовски регистарски таблици, што го управувал 24-годишниот тетовец А.Р,  а во кое се наоѓале и А.Р.(23 ) и Ф.С.( 22 ), исто така, од Тетово.При преглед на возилото пронајдена е марихуана.Тројцата се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово.

Македонија | пред 6 години

6 год.
micko1

Аплауз и поддршка за осумте независни пратеници од Жбогар, „воспитна“ за Мицкоски?

Евроамбасадорот Самуел Жбогар, заедно со сите претставници на Советот на ЕУ за проширување на Западен Балкан, аплаудираа на осумте независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, по завршувањето на средбата која се одржа во Собранието. Жбогар заедно со претставниците на осумте пратениците им изразја благодарност за нивната пожртвуваност во процесот за уставните измени, иако тие биле потценувани и навредувани од страна на колегите од ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски. Жбогар е дециден дека осумте пратеници минале низ тежок пат, но биле клучот Македонија во јуни да ги почне пристапните преговори со Европската Унија.Наспроти позитивниот исход од средбата на Независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, молк од Белата палата за реакциите на Жбогар по средбата со Мицкоски. Оттаму не кажаа дали Жбогар ги поддржува во нивните чекори да и натаму го бојкотираат уставното име на државата, но и нивната желба СЈО да биде само оддел во Јавното обвинителство, а со тоа да нема независност. Од ВМРО-ДПМНЕ пред два дена испратија само празно соопштение преку кое кажаа за што се разговарало, но не и заклучоци од средбатаОна што е јасно е дека Европската Унија и евроамбасадорот Самуел Жбогар вчера јавно ги повикаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат со кочење на интеграцијата на земјата и да го усвојат нацрт-законот за Јавно обвинителство. Жбогар и натаму се заложува да им се покаже на граѓаните и меѓународната заедница дека има посветеност да се воспостави одговорност за сите видови криминал преку регулирањето на статусот на СЈО, што со амандманите на ВМРО-ДПМНЕ е заглавено во ќор-сокак. Овој закон е еден од повеќето кои Европската Унија бара да бидат усвоени пред да се одреди датумот за пристапните преговори.По остварените средби и низата соопштенија од ЕУ и Жбогар, станува јасно дека тие се лути на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но цврсто стојат зад чекорите на Независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, кои Мицкоски ги избрка од партијата откако тие гласаа за уставните промени во Собранието.Работната група на Советот на ЕУ за Западен Балкан вчера покажа интерес за помирување на осумте независни пратеници со ВМРО-ДПМНЕ. Според извори на „Скопје 1“ целта е да тие влијаат на ВМРО-ДПМНЕ да носи разумни одлуки, да застане зад процесот за интегрирање на државата во Европската Унија и да му укажат на Мицкоски дека патот по кој оди опозицијата е погрешен.Линкови од преземени информации за кратката анализа:Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, г. Самуел ЖбогарСО РЕШАВАЊЕ НА ПОВЕЌЕДЕЦЕНИСКИОТ СПОР, ДРЖАВАТА ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ЕВРОПСКОТО СЕМЕЈСТВОStatement of the Head of Delegation on the amendment of the Law on Public Prosecution

Македонија | пред 6 години

6 год.
robinka-srbija

„Толку ме мачеа, што ги молев и да ме убијат“, раскажува девојка која била робинка во Србија

Случај кој ја згрози Србија и регионот.  Против Милева Мартинов и нејзиниот сопруг Ненад Петровиќ покрената е тужба за трговија со луѓе, откако повеќе од две години ја мачеле болната Јелена В.Обвинителствоото во Белград покрена тужба против Милева и нејзиното момче Ненад  кои во својата куќа ја држеле како затвореничка 28 Јелена В, од Пнчево при што ја злоставувале и ѕверски мачеле.На сопружниците им се заканува и 10 или 15 години затвор.Случајот кој ја згрози Србија, но и целиот регион е откриен минатата година во октомври, откако после анонимна дојава полицијата влегла во домот на Милева и Ненад.-Јелена раскажала дека побарала засолниште кај нив откако побегнала од своето семејство, каде исто така трпела насилство.Првите неколку месеци се сложувале добро, но потоа настанал пекол поради љубомората на Милева. Започнала брутално да ја малтретира Јелена, како физички така и психички, а набрзо на сето тоа се приклучил и Ненад.Покрај тепањето тие и корнеле нокти, ја терале да јаде измет, а Милеваја силувала со метла- раскажал извор за српски „Курир“.После истрагата, утврдено е дека Јелена е тешко болна и има карцином.-Толку ме мачеа, што ги молев и да ме убија, раскажала Јелена на судењето. 

Свет | пред 6 години

6 год.
zaprosuvanje

(ВИДЕО) Член на навивачката група „Рибари“ со факли и песна за запроси девојката

Член на навивачката група „Рибари“ со факли и песна од другарите, ја запроси својата девојка по натпреварот на ракометарите на Охрид против Прилеп.Тој ја изненади својата девојка на враќање од салата „Билјанини Извори“. Одеднаш блеснаа факлите, започна песна „прифати Елена“, а навивачот клекна на колена со прстенот во рака.извор: Спорт 1 фото: Спорт 1 видео: Рибари Охрид 

Магазин | пред 6 години

6 год.
policija

Во Скопје за 24 часа: Полицијата исклучи 19 возачи без положен возачки испит

Седум лица се здобиле со лесни телесни повреди во пет од вкупно 10 сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во пет била причинета материјална штета.Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 35 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престројување, двајца возачи за неправилно престигнување,  еден возач не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден возач за не носење заштитен шлем, шест возачи за не  користење сигурносен појас и 15 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.Од сообраќај биле исклучени 19 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и шест возачи почетници, како и 22 нерегистрирани возила.Санкциониран е и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.Затекнати биле 100 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 66 возила. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

ВМРО-ДПМНЕ: Германските инвеститори потврдија за неспособноста на владата на СДСМ

Криминалот и корупцијата на владата предводена од Зоран Заев ја влечат македонската економија надолу. Потврда за неспособноста на владата на СДСМ дојде и од германските инвеститори кои со нула ја оценија нејзината работа во економијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Германските инвеститори во земјава потврдија дека СДСМ во овие две години ништо не сработи освен што ги распродаде државните интереси.  Тие ги потврдија и криминалните и матни тендери на картелот на власт  како и правната несигурност која создава СДСМ во државата.Дури и семејството на Зоран Заев не верува во неговите политики и затоа почнаа да бараат иднина за сопствените бизниси во соседна Бугарија.Оценката на 200 германски фирми за работата на владата на СДСМ ги потврди сите тврдења на ВМРО-ДПМНЕ од изминативе две години дека додека СДСМ ги продава државните и национални интереси, државата тоне и сите можни полиња бележат неуспех.Откако е СДСМ на власт граѓаните се повеќе осиромашуваат, над  500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, а младите заради бесперспективноста која ја создава власта забрзано се иселуваат.Секојдневно се задолжуваат, а граѓаните не гледаат никаков бенефит. Како резултат на задолжувањата на СДСМ  јавниот долг за прв пат во историјата а државата надмина 5 милијарди евра и ја премина психолошката граница од 50%.Неспособноста на власта ја покажува и нивото на реализација на капиталните инвестиции кое е најниско досега.  За првите  два месеци тие изнесуваат мизерни 3,53% што ни кажува дека и оваа година како и минатата нема да успеат да реализираат ни половина  од капиталните инвестиции кои самите си ги проектираат.Економијата тоне, образованието уништено, земјоделието е на колена, здравство во кое умираат луѓе,  младите се иселуваат, пензионерите се излажани. Буквално цела држава се распаѓа како резултат на криминалот и неспособноста на СДСМ.Со СДСМ Република Македонија само уназадува. Граѓаните не носат розеви очила како Зоран Заев и токму затоа ќе го казнат за сите погубни политики.  СДСМ и Зоран Заев мора да си заминат за Република Македонија и граѓаните да почнат да напредуваат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
20170130132424

СДСМ: Индустриското производство во февруари бележи раст од 7,3 отсто

Економските показатели се јасни и континурано ја потврдуваат успешноста на политиките на Владата предводена од СДСМ. По највисокиот раст на индустријата во последните седум години, индутријата продолжува да расте и во 2019 година, велат од СДСМ.„Според официјалните податоци на Државниот завод за статитика, индустриското производство во февруари 2019 бележи раст од 7,3 отсто споредено со истиот месец од 2018.Истовремено растот на индустријата за периодот јануари-февруари 2019, е за 9.6 отсто повисок во однос на истиот период од минатата година.Годините на уназадување, додека државата се наоѓаше во неизвесност и изолација, се зад нас. Денес, со придвижувањето во процесот на интеграциите, со извесното членство во НАТО, економијата е стабилизирана и се движи во добар правец.Со влезот во НАТО и интеграцијата во ЕУ, дополнително ќе се интензивираат позитивните еконосмки трендови. Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат економски раст, нови работни места, нови инвестиции, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани“, се вели во соопштението. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
brunei

Смртна казна со каменување во Брунеј за хомосексуалност, неверство и силување

Во Брунеј ќе биде воведена смртна казна со каменување. Суровата мерка ќе се применува во случаи на истполов однос, брачно неверство и силување, информира „Саут Чајна Морнинг Пост“.Измените во законот предвидуваат на крадец, фатен во кражба првпат, да му биде отсечена десната рака, а при втор прекршок – левата нога. Казните ќе важат и за деца.Се очекува измените, кои се засновани на шаријатот, да бидат официјално објавени од шефот на државата, султан Хасанал Болкијах на 3 април.„Хјуман рајтс воч“ и „Амнести интернешнал“ го осудија новиот кривичен закон и предупредија дека тоа ќе го намали престижот на земјата и може да доведе до одлив на туристи и инвеститори.Брунеј е апсолутна монархија со население помалку од половина милион луѓе, лоцирано на островот Борнео. Се смета за една од најбогатите земји во светот, а приходите главно доаѓаат од нафта и природен гас.

Свет | пред 6 години

6 год.
zaev-hrvtska-2

Заев и Бектеши ќе прошетаат по охридската чаршија

Денеска со почеток во 9:30 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев ќе има свое воведно обраќање на 20 годишната конференција во организација на АД Македонска берза во хотел Метропол во Охрид.По конференцијата, во 12:15 часот премиерот Заев придружуван од министерот за економија Крешник Бектеши, ќе прошетаат по охридската чаршија.Потоа, во 15:30 часот, премиерот Заев и министерот за економија Бектеши, заедно со директорот на Царинска Управа на РМ Ѓоко Танасовски, ќе направат увид во тековната состојба и подготовките на новиот терминал на граничниот премин Ќафасан.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Пратениците во британскиот парламент денеска по третпат ќе се изјаснат за Договорот за брегзит

Пратениците во Долниот дом на британскиот парламент денеска по третпат ќе се изјаснат за Договорот за брегзит, којшто премиерката Тереза Меј го постигна со ЕУ лани во ноември.До гласањето доаѓа откако претседавачот на Домот, Џон Беркау соопшти дека го прифатил барањето на премиерката Тереза Меј. Тој досега одбиваше да го стави Договорот на ново гласање, со образложение дека парламентот не може постојано да гласа за еден ист документ, но сега изјави дека овој пат станува збор за нов предлог, што значително се разликува од досегашниот.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања