Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
pandov

Пандов: Го немам ажурирано членствoто во ВМРО-ДПМНЕ, сакам да бидам независен

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, во вечерашното гостување на „Клик плус“ на ТВ21 откри дека го нема ажурирано членството во партијата.-Не сум нашол за сходно дека треба да го ажурирам. Подобро се чувствувам во оваа позиција, да бидам независен. Членството во партија ве обврзува. Јас секако дека потекнувам изворно и целото мое политичко битисување претходно било во ВМРО-ДПМНЕ, ги делам најголем дел од  ставовите со ВМРО-ДПМНЕ. Не сум во ниту едно тело на партијата и моето настапување е крајно независно. Таа позиција ми прави да се чувствувам послободно – рече Пандов.

Македонија | пред 6 години

6 год.
20190329002717

Љумани си поднесе оставка, Министерство за култура не сака да му го продолжи мандатот

По само една година од формирањето на Албанскиот државен ансамбл во Македонија, неговиот директор Фатос Љумани си поднел оставка откако дознал дека Министерството за култура нема да му го продолжи мандатот, јавува ТВ 21.Државниот секретар Ваљмир Азири изјавил дека за време на мандатот на Љумани тој не успеал да направи ништо особено, додека пак директорот во оставка бил разочаран од комуникацијата со ресорот и дека не можел да ги користи средствата иако буџетот за една година бил околу 1 милион евра. Институцијата се формираше пред една година, а лани го одржа првиот концерт во ноември.„Имајќи предвид дека од назначувањето на директорот, односно екс-директорот, помина една година и имајќи ги предвид реакциите кои пристигнуваат од незадоволните страни поради работата на екс-директорот на Ансамблот, и имајќи предвид дека една тукушто формирана институција со буџет од 1 милион евра, не успеа да реализира ништо, мислевме дека е неопходно ние како Министерство за култура да направиме чекор и да назначиме нов директор“, изјавил Асани.Новиот директор ќе биде назначен по претседателските избори. Од Министерството за култура велат дека конкурсот за вработување на 40 лица во ансамблот ќе биде објавен на 10 мај.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Без струја повеќе делови од Скопје

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат:– во периодот од 8.30 до 9.30 часот корисниците од дел од објектот со бр. 28 на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов (општина Центар);– во периодот од 8.30 до 15.30 часот корисниците од улицата 519 во населбата Ќерамидница (општина Гази Баба);– во периодот од 9 до 14 часот корисниците од дел од с. Кучевиште (општина Чучер-Сандево);– во периодот од 9 до 15 часот корисниците од улиците 1, 4 и 7 во с. Батинци (општина Студеничани);– во периодот од 10 до 14 часот корисниците од дел од с. Горно Лисиче (општина Аеродром);– во периодот од 9 до 11 часот корисниците од дел од с. Бардовци, поточно околу основното училиште и влезот во селото (општина Ѓорче Петров).

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Сончево со температура до 19 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Дневната температура ќе се движи од 8 до 19 степени.Во Скопје ќе биде сончево со температура од 17 степени.Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а до утре ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринските температури на места ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат во пораст. Зголемување на облачноста со локален дожд се очекува од вторник попладне.

Македонија | пред 6 години

6 год.
gdu

ГДУ: Требаше да добијат нула од Германците, за да се свестат

Требаше да добијат нула од Германците, за да се свестат дека нешто мора да се преземе. Големи планови и фалби слушаме од власта за капиталните инвестиции, проекти нема, само „промашени“ стотици милиони евра има. Ете затоа е и таа нула. Оправдана, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.Откако стигна нулата, на Кочо Анѓушев му текна да се позанимава со капиталните инвестиции. Ќе формирал министерски тим, на чие чело ќе бил тој и ќе ги контролирале капиталните инвестиции.Арно што се сетивте дека мора нешто да се направи, но не само да се контролира, туку и да се поработи.„Договорот со Грција е совршен пример и неговата имплементација веќе ги носи првите резултати и сите ја чувствуваме рефлексијата. За помалку од 6 месеци од договорот, 2018-та година ја завршивме со 624, 5 милиони странски инвестиции, што е за 4 пати поголема сума во споредба со 2017-та година“, рече премиерот Заев на 6-тата трибина „Фер општество – шанса за сите“ во Куманово.„Невработеноста во земјата е на историско најниско ниво и изнесува 19,4 отсто, што е намалување за 3,6% за само една година. Отворени се нови 26 600 работни места. Истовремено, исполнети се очекувањата на Владата, за раст на БДП во четвртиот квартал во 2018-та и тој изнесува 3,7%“. Платите и натаму растат. Иако очекувавме до крајот на 2020-та, верувам дека до крајот на оваа година просечната плата ќе достигне до 500-тини евра“, додаде премиерот Заев.„Ако продолжиме со овој тренд“, нагласи премиерот Заев, „освен политички пример, Република Северна Македонија ќе биде и економски пример“.Господа! Вие потфрливте со капиталните инвестиции и тоа лошо се рефлектира врз македонската економија! Ситуацијата е загрижувачка и ова значи дека мора да се направат итни промени во политиките.Од капиталните инвестиции зависи динамиката и движењето на економијата. Господине Анѓушев, најмалку што се очекува од вас и вашиот тим е под итно да излезете со конкретен план, во кој карактерот и квалитетот ќе бидат во преден план.Вие најавувате забрзување на капиталните инвестиции и лани но тоа не се случи. Затоа доста е со најави и фалби, почнете со работа,се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
1-3-4

Заев и министрите на состанок со Работната група на Советот на ЕУ за Западен Балкан

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министри од Владата задолжени за реализација на клучните реформски приоритети денеска се обратија на средбата со Работната група на Советот на Европската унија за Западен Балкан/Проширување (КОВЕБ/КОЕЛА), што се одржа во Собранието на Република Северна Македонија.Премиерот Заев побара да биде вреднуван напредокот на Република  Северна Македонија и нашата држава во јуни да добие датум за почеток на преговорите со Европската унија.„Работиме ангажирано за во јуни пред вас, земјите членки на ЕУ, нашето досие да биде силно поткрепено со резултати коишто ќе ја покажат нашата решителност, како и одржливоста на реформските процеси што ги  спроведуваме. Би сакал да Ве уверам дека кај нас постои целосна свесност за обемот на  бврските и задачите кои ги наметнува процесот на пристапување кон ЕУ и дека Владата го вклучи целиот свој капацитет да го олесни носењето на одлуката во Советот во јуни“, рече премиерот Заев.Во врска со процесот на реформи што тече во државава, премиерот Заев посочи дека законите се носат во инклузивен процес заедно со опозицијата и граѓанското општество, дека се работи сериозно и на имплементацијата на донесените закони за остварување суштински промени и видлива позитивна промена на политичката култура во Република Северна Македонија. При тоа, како што рече премиерот Заев, Владата се води од врвните европски вредности и стандарди како што се владеењето на правото, независно судство, борба против криминалот и корупцијата, демократизирани и ефикасни разузнавачки служби во функција на граѓаните, професионална и стручна јавна администрација.За постигнувањата во областите, на состанокот поконкретно објаснија ресорните министри.Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, соопшти за напредокот во имплементацијата на Планот 18, од аспект на испорачаните закони и имплементираните одлуки, но и на т.н. “трак рекорд“, односно видливите примери што упатуваат на промените од спроведувањето на реформите.„Република Северна Македонија оствари исклучително голем напредок како во отстранувањето на политичките пречки, така и во имплементацијата на реформите, со што покажа подготвеност за почеток на пристапните преговори уште денес. Ги оживеавме клучните европски вредности и културата на компромис. Секако, реформскиот моментум нема да се намали ни во периодот што престои, со што ќе ја убедиме секоја земја - членка на ЕУ, дека има сериозен партнер на Балканот во промоцијата на европската идеја и дека почетокот преговорите оваа година претставува взаемен интерес во остварувањето на европските приоритети за побезбедна, постабилна и просперитетна Европа“, рече вицепремиерот Бујар Османи.Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска посочи на важноста на одлуката што треба да ја донесе Советот на ЕУ, за нашата држава во јуни.Според министерот за надворешни работи, Никола Димитров важно е напорите на Република Северна Македонија да бидат признаени со датум за почеток на преговорите со ЕУ.„Северна Македонија созреа. Сменети сме многу во последните две години. Подготвени сме да го продолжиме трансформацискот процес кон ЕУ. Моментот е сега. Ова ќе биде добра вест за Северна Македонија, но и за регионот и за самата ЕУ“, порача министерот Димитров.Тој посочи на придобивките од постигнатиот Договор од Преспа, отворената билатерална соработка и стабилноста во регионални рамки.На работниот состанок на премиерот Заев и министри од Владата со Работната група на Советот на Европската унија за Западен Балкан / Проширување (КОБЕЛ/КОЕЛА) имаше и дискусија. Упатени се честитки до Република Северна Македонија за постигнатиот Договор во Преспа, испратена е порака нашата земја да ги искористи престојните два месеци и да продолжи со одличната работа, поздравен е дијалогот со опозицијата и со политичките и општествените чинители и изразена е надеж дека ЕУ во јуни ќе ги вреднува достигнувањата на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mijalkov-2

Мијалков оди во куќен притвор

Сашо Мијалков излегува од затворот во Шутка и оди во куќен притвор откако Апелација ја уважи жалбата. Тој е неправосилно осуден на три години затвор за предметот на СЈО „Титани 2“.Апелациониот суд, исто така информира дека, постапувајќи по предметот „Титаник 2“ донел одлука со која жалбите на обвинетите Бедредин Ибраими, Сашо Мијалков и Анета Стефановска се делумно уважени. Повисокиот суд проценил дека за Мијалков и Ибраими треба да биде изречена поблага мерка, односно мерка куќен притвор, а за Стефановска јавување, но во судот во Битола, наместо во скопскиот кривичен суд. Апелација, како неосновани ги отфрли жалбите на Влатко Сајковски и Сашо Срцев и за нив, на сила остануваат веќе изречените мерки.Инаку Мијалков и Ибраими беа спроведени во притвор во затворот во Шутка веднаш по изрекување на пресудата на 8 март.

пред 6 години

6 год.
angjusev_bektesi_2

Германците му удрија шамар на Заев

По лошите оценки од германскиот бизнис сектор, Владата се крена на нозе. Вицепремиерот Анѓушев засилен со министрите Драган Тевдовски и  Крешник  Бектеши и директорот на ТИРЗ, Александар Младеновски, утрово на итен состанок со првиот човек на Германската комора, Патрик  Мартенс, тој да им каже што толку ги налутило германските фирми, што ниту една од 200 во земјава не го оцениле како добро нејзиното работење и посветеност на економијата.Во изјавата по средбата Мартенс се обиде да го ублажи впечатокот од лошите резултати на анкетата со тоа што посочи дека инвеститорите имаат добра соработка со Владата, а податокот  дека 78 отсто од компаниите се изјасниле дека ќе инвестираат годинава говори за нивното мислење за земјата.– Ние ја чувствуваме Владата како партнери заедно треба да работиме да го задржиме нивото што го имаме. Дискутиравме за анализата со вицепремиерот Кочо Анѓушев и се договоривме заедно да работиме на отстранување на негативните работи кои влијаеја бизнисмените да дадат вакви оценки за бизнис климата – рече Патрик Мартенс, од делегација на Германското стопанство во Македонија .Тој повтори дека меѓу германските компании има голем интерес за инвестирање во земјава поради пазарот и добрата работна сила.Дека не е  се толку лошо, Германците го пофалиле законот за финансиска поддршка, дури 78 отсто од компаниите ќе инвестираат и годинава, 41 процент ќе го зголемат извозот, а 39 ќе имаат нови вработувања.Мартенс не посочи која е германската компанија што не не избрала. Сепак, призна дека за да одлучат да дојдат, на германските фирми им треба стручна работна сила, а големите играчи кои бараат од пет до шест илјади работници, таква овде веќе не можеле да најдатЗа вицепремиерот Анѓушев пак негативните бројки од анкетата се патоказ како да работат подобро.-Сакав да разберам кои се главните причини за таквите бројки кои што беа и негативни. Главните причини се однесуваат во делот на тоа дека сакаат малку попредвидлива политика во економијата, со други зборови да на време бидат информирани за промените во даночната политика, во делот на минималната плата, а воедно искажаа одредени потреби во делот на царинските тарифи во нашата држава да бидат прилагодени на европските – изјави Кочо Анѓушев, вицепремиер.Економскиот тим на владата секој квартал има редовна средба со германските инвестироти. Анѓушев најави дека на наредната ќе учествува и премиерот Заев.  

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Општина Охрид реакција: Работиме според словото на законот

Во врска со наводите на граѓанската иницијатива Охрид SOS и коментарите на поединци и здруженија во однос на спроведување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, ја информираме јавноста дека ваквите наводи се необјективни, паушални и во крајна линија невистинити, се вели во реакцијата од општина Охрид.Локалната самоуправа ја спроведува целата постапка во согласност со законот кој ја третира оваа материја. Во врска со наводите дека се легализираат бесправно изградени објекти на земјиште сопственост на Република Македонија во крајбрежниот појас, треба да се знае дека согласно член 12, став 1, алинеја 4 од законот, јасно е дефинирано дека може да се легализираат објекти кои се изградени на земјиште сопственост на Република Македонија. Во однос на бесправно  изградени објекти во заштитениот крајбрежен појас, согласно член 18, став 1, во постапката се прибавува мислење по службена должност од Министерството за животна средина и просторно планирање за сите објекти, освен за објекти со намена домување во станбени куќи. За овие објекти барателите доставуваат изјави заверени на нотар, дека ќе ги сносат сите последици од елементарни непогоди, како и одговорноста и последиците што објектот може да ги нанесе на животната средина. Истовремено, објектот не се вклопува во идните плански документации.Уште еднаш сакаме да потврдиме дека, Законот за постапување со бесправно изградените објекти доследно се спроведува во сите аспекти. Воедно, ги повикуваме сите заинтересирани да се обратат во Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште за сите информации, за да се избегне дезинформирање на јавноста со паушални конструкции и невистини, се вели во реакцијата од општина Охрид. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Klinicki-bolnici-vo-Tetovo

Министерство за здравство: Синдикатот останува наш партнер

Министерството за здравство во континуитет работи за унапредување на условите за третман и лекување на пациентите во јавното здравство и паралелно за унапредување на условите за работа и статусот на сите здравствени работници, се вели во соопштението од Министерство за здравство.Повикувајќи се на денешното соопштение од Синдикатот на Клинички центар, потенцираме дека сите чекори за подобрување на здравствениот систем се преземаат со однапред планирани проценки.Синдикатот како и досега, останува наш партнер кој и понатаму ќе биде вклучен во сите процеси за новините во овој систем. Воедно, за секоја етапа од процесот, се информираат и консултираат здравствените работници и со нив се договара модалитетот на промените.Воопшто, не станува збор за затворање на универзитетските клиники, туку за унапредување на условите за работа, што е во интерес и за лекарскиот кадар и за пациентите. Сѐ што прави Министерството за здравство е во насока на зајакнување на јавното здравство и негово издигнување на повисок степен.Концептот на јавно приватно партнерство сѐ уште е во фаза на разгледување, по што ќе следи изработка на физибилити студија за целиот проект, која или ќе ја оправда или нема да утврди потреба од вакво партнерство. Физибилити студиите ќе бидат изработени веднаш по завршување на изборниот процес, согласно законските процедури. Пациентот треба да има избор каде ќе се лекува и според неговите потреби ќе има можност да избере што е најдобро за него. Нема да правиме отстапки на нашиот пат за да го овозможиме најдоброто за здравствените осигуреници.Потсетуваме дека платите на здравствените работници во континуитет се зголемуваат, почнувајќи од септември, минатата година, за 5 проценти им се  зголеми основната плата на 19.123 вработени во ЈЗУ. Исто така во јануари 2019 година имаше дополнително зголемување на платите за лекарите специјалисти и медицинските сестри. Наша заложба е платите на лекарите- специјалисти да изнесуваат 100 илјади денари до следната година, како што беше најавено.Во однос на барањата за паркинг просторот, во моментов сме во завршна фаза со град Скопје за целосно разрешување на ова прашање.Министерството за здравство изготви анализа, која покажа дека е неопходна изградба на минимум три катни гаражи за што се утврдени предлог- местоположбите, како и финансиски конструкции за изградба. Еден од можните модели за финансирање на изградбата и одржување на паркиралиштата е моделот на јавно приватно партнерство со што би се барал можен инвеститор од приватниот сектор. Студијата е презентирана пред Владата на Република Северна Македонија, меѓутоа поради изборниот процес во нашата држава, донесувањето одлука за прифаќање на физибилити студијата е одложено од административни причини, се до завршувањето на изборниот процес, по којшто постапката ќе продолжи. Министерството за здравство вложува максимални напори за надминување на сообраќајниот метеж во кругот на Клинички центар, се вели во соопштението од Министерство за здравство. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
vesna-vmro

ВМРО ДПМНЕ: Променет статутот на општина Кисела вода, промени во називите каде се спомнува Република Македонија

Градоначалникот на Општина Кисела Вода повикувајќи се на одлуките на Владата на Република Македонија, предложи да се промени статутот на општината така да прво печатот на општината, наместо досегашниот назив Република Македонија да го носи називот Република Северна Македонија, истакна Весна Бошковска, советник во Советот на Општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ.Второ предлага секаде каде што се споменува зборот Република Македонија да се замени со зборот Република Северна Македонија. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија предложи оваа точка да се симне од дневниот ред на денешната седница при што предлогот беше едногласно усвоен од советот на Општина Кисела Вода.Почитувани граѓани, денес победи Република Македонија. Во Општина Кисела Вода и понатаму останува името Република Македонија.Како советничка група, сакам за изразам големо задоволство дека денес извојувавме мала победа, но голем чекор и најава за падот на оваа власт.Да живее Република Македонија, истакна Весна Бошковска, советник во Советот на Општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 6 години

6 год.
polaganje

Со фалсификувана лична карта, сакал да полага возачки испит

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Р.(26) од село Глумово, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ и против М.С.(30) од село Долно Свиларе, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ во врска со „поттикнување“.Првопријавениот со фалсификувана лична карта на која биле впишани личните податоци од второпријавениот на 06.02.2019 година се пријавил како кандидат за полагање на возачки испит, во име на второпријавениот, кој претходно му ветил парична награда.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pozar-drvja

Пожари во Св Николско и Струмичко

На 27.03.2019 година околу 12.30 часот било пријавено дека во атар на с.Амзабегово, светиниколско, настанал пожар на сува трева при што бил опожарен простор од околу два декари. Пожарот е локализиран во 13.30 часот од Територијалната противпожарна единица.На 27.03.2019 година во 12.30 часот во Полициската станица за Граничен премин „Ново Село“ било пријавено дека во близина на напуштената караула „Бојково“ во село Бојково настанал пожар, при што горела површина од околу 30 хектари нискостеблеста дабова шума. Екипи на Територијалната противпожарна единица Струмица и Шумското стопанство „Беласица“ преземаат мерки за гасење на пожарот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
134301833

Го оставил да гледа дрва за огрев, a од неговата сопруга зел 12 000 ден, полицијата го бара измамникот

На 27.03.019 година во 13.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, И.Н.(64) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 12.30 часот на ул.„ Ацо Шопов“ бил измамен од непознато лице. Според пријавеното, непознатото лице дошло во неговото дворно место и му понудило огревни дрва.Откако се договориле за цената и количината тргнале да ги видат и натоварат дрвата. Набргу потоа, според пријавеното, непознатото лице го оставило И.Н., со изговор дека треба да се врати по камионот. Но, наместо по камионот отишол во домот на И.Н. и од неговата сопругазел 12.000 денари и заминал. Подоцна, И.Н. заклучиле дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
kalista-2

Изведувал градежни работи и узурпирал земјиште во заштитен појас на крајбрежјето

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.К.(51) од село Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности” и ,,оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.На 10.08.2018 година во Струга, пријавениот противправно започнал да изведува градежни работи и узурпирал земјиште во заштитен појас на крајбрежјето на Охридското Езеро, при што, спротивно на Законот за заштита на природата, ангажирал лица за чистење и сечење на трска и затрупување на земјиштето.

Македонија | пред 6 години

6 год.
stop-policija

Во Тетово сообраќајната полиција затекна возачи без положен возачки испит

Во вчерашните (27 март) сообраќајно-контролни активности спроведени на тетовското подрачје, откриени се девет лица кои ги управувале возилата без положен возачки испит и важечка возачка дозвола. Седум од нив управувале патнички возила, а двајца мотоцикли и веднаш се исклучени од сообраќај.Покрај тоа, исклучен од сообраќај бил и еден возач-почетник кој не се придржувал на законските ограничувања. Вчера, исто така, откриени и законски санкционирани се и 17 возачи кои непрописно, односно погрешно ги паркирале нивните возила, најмногу во централното тетовско подрачје.Овие и другите прекршоци заокружени се со 13 прекршочни и 21 мандатен платен налог, како и со осум писмени опомени. Во средиштето на контролите во Гостивар, пак, вчера (27 март) била недозволената брзина, при што откриени се 11 возачи кои возеле побрзо од дозволеното.

Македонија | пред 6 години

6 год.
marihuana2

Кај затвореник во Куманово, пронајдена дрога

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Љ.С.(34) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.На 21.01.2019 во објект на КПУ „Затвор“-Куманово во село Кшање, кумановско, при извршена контрола во ходникот била пронајдена марихуана, која му припаѓала на пријавениот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Кривична пријава за тројца кичевчани, краделе од магацин

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против М.Н.(21), С.М.(20) и Д.М.(22), сите од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Во период од јануари до март оваа година, во магацин на улица „Љубица Богеска“ во Кичево пријавените во повеќе наврати, со употреба на сила влегувале и одземале разни предмети, со што се стекнале со противправна имотна корист од 828.580 денари.

Македонија | пред 6 години

6 год.
crkva

ОЈО Скопје поднесе Обвинителен предлог за лицето кое изврши кражба во црква

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело  – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот кражбата на 150.000,00 денари ја извршил ноќта меѓу 22 и 23 март годинава. Како што веќе извести обвинителството, обвинетиот насилно ја отворил влезната врата на црквата „Св. Петар и Павле“ во Ѓорче Петров и влегол внатре. Со намера противправно да присвои финансиски средства, тој со погоден предмет делувал на дрвената каса, ја отворил и од неа одзел 120.000 денари. Потоа се упатил кон внатрешната продавница во склоп на црквата, исто така насилно ја отворил и од фиоката одзел уште 30.000 денари.Основното јавно обвинителство Скопје  имајќи го предвид фактот дека се работи за сторител кој досега е осудуван за истородни и други кривични дела, како и дека постои опасност да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон,  едновремено со обвинението до судот достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице. 

пред 6 години

6 год.
latas

Латас поденесе оставка од функцијата главен и одговорен уредник во ТВ Сител

Драган Павловиќ Латас денеска соопшти дека поднесува оставка на функцијата главен и одговорен уредник во ТВ Сител.Во Оставката се вели:Оставката ја поднесувам со цел – заштита од понатамошни притисоци кон мене како новинар и кон медиумот во кој работам.На оваа функција во ТВ Сител сум од мај 1997 година до денес, период од речиси 22 години во континуитет, што е најдолаг уреднички стаж и мандат во релевантен медиум во Македонија во било која категорија, од основањето на државата до денес.За тој период ТВ Сител израсна во водечки медиум во Македонија, препознатлив по својот стил, со свој карактер и школа од која излегоа најголем дел од денес релевантните новинари во државата, каде е создадена семејна атмосфера на соработка исполнета со меѓусебна доверба, заедничка посветеност на работата и професионалните стандарди.За тоа време ТВ Сител изгради свој идентитет забележан и почитуван не само во Македонија туку и во регионот.Како новинар со најголема продукција меѓу денешните професионални новинари, со пет награди за новинар на годината и внимание добиено од публиката и јавноста благодарен сум на ТВ Сител за укажаната можност како главен и одговорен уредник да предводам медиум и тим со кој се гордеам.ТВ Сител е мое животно дело, трага која е неизбршлива и секојдневно видлива.Продолжувам со својот професионален ангажман во ТВ Сител и понатаму, како новинар и како Извршен продуцент кој има задача да се грижи за создавање и продукција на сопствената програма на ТВ Сител.На своите соработници, а ги имало преку стотина, за изминатите 22 години на функција одговорен уредник на ТВ Сител им благодарам за секој час поминат со нив, за соработка без ниту еден лош збор и ниту една неостварена заедничка идеја и проект. Очекувам дека така ќе соработуваме и на новите работни задачи и проекти, а дека публиката и јавноста ќе ни ја даде својата поддршка како и до сега, се вели во оставката. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања