Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Muhamed-Zekiri

Зеќири: Државата ќе најде начин да биде донесен Законот за јавно обвинителство

обвинителство што е клучен за правната држава и интеграцијата во ЕУ Законот за Јавно обвинителство е клучен за правната држава, но и сериозен чекор кон интеграциите и отворањето на преговорите со ЕУ, потенцираше меѓудругото потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири во синоќешното гостување во емисијата „И што сега?“ на првиот канал на јавниот сервис, се вели во соопштението од СДСМ.Зеќири истакна дека иако опозицијата го блокира процесот за носење на Законот за јавно обвинителство, државата, институциите ќе најдат начин да го продолжат процесот на интеграции бидејќи тоа обезбедува придобивки на сите граѓаните.„Законот за јавно обвинителство и работата на СЈО е клучен чекор кон унапредување на правната држава, клучен чекор кон интеграцијата во ЕУ. Тоа е врвен државен интерес и треба да биде над сите нас. Тука не се работи за иднината на политичките партии, се работи за иднината на државата. Затоа треба да бидеме одговрни и рационални, да гледаме напред, а не да се враќаме назад. Напредокот е очигледен. Членството во НАТО е извесно, а датумот за преговори со ЕУ ќе донесе придобивки за сите граѓани на Република Северна Македонија, порача потпретседател Зеќири.Осврнувајќи се на претстојните претседателски избори, Зеќири истакна дека особено е важно Република Северна Македонија да има кристално чисти избори, на кои граѓаните ќе ја дадат својата поддршка на заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
tatko-deca

Моструозниот татко кој ги фрли преку тераса своите деца, не бил под дејство на алкохол

Немало  алкохол во крвта на монструмот што на хрватскиот остров Паг на 28 февруари си ги фрли четирите деца од балкон висок 8 метри , покажаа наодите од крвта. Токсиколошкото вештачење утврдило дека во телото имал траги од диазепам, состојки на таблети за смирување како што се нормабел и апаурин, пишува Слободна Далмација.Резултатите од токсиколошката анализа која ја доби Жупаниското државно обвинителство во Задар сугерираат дека 54-годишникот во моментот на вршење на незапаметеното злосторство бил пресметлив и прибран, но и малку „искулиран“ под дејство на лековите за смирување.Монструозниот чин (54) годишниот татко го изврши на 28 февруари. Тој рано утрото Додека своите деца, онака облечени во пижами,  едно по друго ги фрлаше од терасата на куќата од висина од 8 метри. 

Свет | пред 6 години

6 год.
IMG_5077

Општина Кисела Вода ги обновува детските и спортски игралишта на својата територија

Општина Кисела Вода изврши целосна реконструкција на повеќе детски и спортски  игралишта на својата територија.Досега реконструирани се игралиштата во: МЗ Подстаница, УЗ Драчево, МЗ Драчево, МЗ Пинтија и УЗ Кисела Вода. Во дел од нив покрај санацијата на постоечките реквизити поставена е нова урбана опрема и нови лулашки за деца.Во моментов во тек се активности за фарбање на реквизитите на детското игралиште и урбаната опрема до Средното економско – правно училиште, „Васил Антевски - Дрен“.Локалната самоуправа во периодот што следува ќе изврши целосна обнова на сите детски и спортски игралишта. Општината апелира до граѓаните за одговорно однесување, за зачувување на урбаната опрема и омилените игралишта на најмладите. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
andon-dukov-za-skopje-4

Во пожарот „Андон Дуков“ изгореа 8000 метри квадратни површина со нискостеблеста вегетација и овошни насади

На 27 март оваа година во 11.45 часот во СВР Охрид пријавен е пожар во месноста „Габавци“, во близина на авто кампот „Андон Дуков“ во Охрид. Пожарот зафатил околу 8000 метри квадратни површина со нискостеблеста вегетација и овошни насади, сопственост на Н.Б.(79), Д.Д.(58) и на други непознати лица. Пожарот бил локализиран и изгаснат од Територијалната противпожарна единица Охрид.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_9205

Исчистен отпад од двор во населба Лисиче

Денеска е спроведена акција за чистење голема количина отпад во приватен двор во населбата Лисиче, по пријава на жителите на улицата „Блажо Орландик“.Акцијата ја изведе Испекторатот за животна средина на Град Скопје со соработка инспекциската служба за животна средина на Општина Аеродром, ЈП „Комунала хигиена“ и ПС „Аеродром“.Станува збор за отпад што го собирал сопственикот подолг временски период, кој во неколку навртаи бил опоменуван од инспекцијата, но без резултат.Наша одговорност да се грижиме за хигиената на сите површини на територијата на Општина Аеродром и да придонесеме за почиста животна средина.

Скопје | пред 6 години

6 год.
jankulovska

Апелација ја намали затворската казна на Јанкулоска

Апелацискиот суд во Скопје делумно ја потврди затворската казна на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за случајот „Тенк“ и ѝ ја намали од шест на четири години затвор, објави plusinfo.mk.– Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет во јавноста познат како „Тенк“ , по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбите на обвинетата Г. Ј. од С., делумно ги уважи на начин што ја преиначи првостепената пресуда во делот на одлуката за казната и обвинетата ја  осуди на казна затвор во траење од четири години. Апелациониот суд Скопје во останатиот дел првостепената пресуда во целост ја потврди – велат од Апелација.Текстот во целост на: plusinfo.mk

пред 6 години

6 год.
aerodrom-skopje

Вежба на меѓународниот аеродром Скопје, се деактивираa експлозивни направи на аеродромот

ТАВ   Македонија   ги информира   патниците  и јавноста   дека  денеска  (28   март 2019 година)  на Меѓународниот Аеродром Скопје, со почеток од 9 часот и 25 минути,   беше   извeдена   вежба   раководена   од   Одделот   за   обезбедување   на аеродромот и од Министерството за внатрешни работи.Во моментот на случување на вежбата, која беше симулација за деактивирање на експлозивни направи на аеродромот, патниците беа известени дека станува збор за вежбовна активност и дека притоа нивните патувања ќе се одвиваат непречено.Ваквите вежби се дел од редовните активности на Одделот за обезбедување на аеродромот во соработка со Министерството за внатрешни работи. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
IMG_1524-28-03-19-11-35

ВМРО ДПМНЕ Охрид: Што кријат и зошто не го пријавуваат имотот функционерите во Охрид ?

Епидемија на недоставени Анкетни листови за имотна состојба до Државната комисија за спречување на корупцијата. Со СДСМ на власт нема почитување на законите, нема владеење на правото. Каков градоначалник такви функционери, истакна на прес-конференција на Сашо Донев, претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.Што кријат и зошто не го пријавуваат имотот?Ако за в.д. градоначалникот Константин Георгиески законите не важат и не доставил Анкетен лист за имотната состојба истото како лош пример е и за голем дел од функционерите на СДСМ и коалиционите партнери на локално и централно ниво.Функционерите и по една година и пол немаат поднесено Анкетен лист за својата имотна состојба.Законската обврска за доставување на потребната документација не ја исполниле Љупчо Грданоски, Гордана Јованоска и Ванчо Костоски како директори на Јавни претпријатија.Скоро сите директори во образованието: Оливија Пирузева-Јанева, Офелија Петреска, Мирјана Крлеска, Елена Ел Нади, Марија Мариноска, Весна Цветкоска, Сашо Недески, Марјан Радески и Мери Рилкова.Васко Паскали како директор на ЈУ Национален парк „Галичица“, Елизабета Новакоска од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј.Анкетни листови не доставиле и директорите Сашо Точко од Центар за јавно здравје и Ацо Велески од JЗУ „Св. Еразмо“.Ова е доказ дека со СДСМ и Георгиески нема вистинска, неселективна и бескомпромисна борба против корупцијата. СДСМ е синоним за криминал, непотизам и неефикасна борба против корупцијата.ВМРО-ДПМНЕ ја повикува Антикорупциската комисија да ги испита овие наоди и да поведе соодветни постапки според законите.Охрид заслужува да го водат чесни луѓе, а тоа охриѓани ќе го направат за многу кратко време, истакна на прес-конференција на Сашо Донев, претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Македонија | пред 6 години

6 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да глуми загриженост откако го уништи земјоделството

ВМРО-ДПМНЕ да престане да глуми загриженост откако го уништи земјоделството, проблемите на земјоделците се решаваат партнерски ВМРО-ДПМНЕ да престане да глуми загриженост и лицемерие кон земјоделците, се вели во соопштението од СДСМ.Поради погубните и криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ, земјоделците беа понижени, а земјоделството тонеше и имаше негативен тренд во учество во БДП во последните квартали од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.За разлика од таквиот однос, Министертвото за земјоделство, стопанство и шумарство гради партнерски однос и е во постојана комуникација со земјоделците, каков што е случајот и со вчерашната средба на МЗШВ со здруженијата на одгледувачи на овци.Во следниот период, Министерството ќе излезе со конкретно предлог решение за да им помогне на одгледувачите на овци и нема да дозволи сточарите да трпат загуби од сопственото производство.Во меѓувреме, зголемена е сумата за набавка на добиток од 14 на 91 милиони денари, вклучително и за овчарство.И претставниците на здруженијата на одгледувачи на овци позитивно ја оценуваат транспарентоста и соработката со МЗШВ бидејќи тоа е вистински начин да се добие точна бројка на овци за да се направи правилна распределба на субвенциите.Времето кога земјоделците осиромашуваа поради погубните политики на Власта беше одлика на ВМРО-ДПННЕ и заврши со нивното заминување во опозиција.Владата предводена од СДСМ продолжува со активности кои значат вистинска грижа за земјоделците и подобрување на условите за развој на земјоделството како една од клучните стопански гранки, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
siljanovska-pendarovski

Според новите анкети Пендаровски води со 8 до 10 отсто пред Силјановска

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во првиот круг ќе води со предност од 8 до 10 % пред противкандидатката Гордана Силјановска Давкова и во вториот круг ќе влезе со предност од околу 90.000 гласови. Ова го покажуваат теренските анкети спороведени по барање на СДСМ, велат за ДВ партиски извори, објави Дојче Веле.Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не биле достапни за DW на македонски да одговорат какви се резултатите од анкетите спроведени по нивно барање.Извори од СДСМ велат дека не коментираат други анкети. По нивно барање досега се спровеле повеќе истражувања на јавното мислење преку различни агенции, а добиените споредбени резултати целосно се совпаѓале. Сите тие истражувања на јавното мислење биле спреведени теренски, според методот „лице в лице“ на примероци од најмалку 1.200 испитаници. Резултатите покажале дека Пендаровски во првиот круг ќе води со предност од 8 до 10% пред Силјановска и дека во вториот круг ќе влезе со предност од околу 90.000 гласови. Според тие истражувања, гласовите на Албанците во првиот круг ќе се поделат помеѓу Пендаровски и Река, во вториот круг гласачите на Река во најголем број би гласале за Пендаровски, а дел би апстинирале. Околу 80% од гласачите на ДУИ се изјасниле со сигурност ќе гласаат за Пендаровски уште во првиот круг, јави Дојче Веле.

Македонија | пред 6 години

6 год.
siljanovska-davkova

Силјановска: Дали е власта тотално неспособна, па нејзиниот кандидат за претседател е загрозен?

„Демокрација“ од Словенија објави интервју со кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова во кое таа истакна дека ЕУ е далечна цел за Македонија и дека препораки за почеток на преговори Македонија нема да добие ни на следниот самит.„Во НАТО ќе влеземе, но тоа е полесниот дел од задачата, бидејќи зависи од геополитички околности. ЕУ е далечна цел со оглед на кршењето на сите Копенхашки критериуми во текот на изминатите две години. Затоа, препорака за почеток на преговори, Македонија нема да добие ни на следниот самит. Со поразот на оваа власт, ќе се фокусираме на реформите потребни за членство во ЕУ со поддршка на нашите партнери од регионот како Словенија“, вели Силјановска.„Во времето кога Македонија поднесе тужба пред Меѓународниот суд на правдата во врска со ветото на Грција на самитот на НАТО во 2008, имаше силни притисоци и критики, но ние го добивме спорот. Штета е што владата на Заев не знаеше да ги искористи тие аргументи“, вели Силјановска.Исто така таа запраша дали власта е тотално неспособна, па нејзиниот кандидат за претседател, Стево Пендаровски е загрозен.Пендаровски е човек кој израснал во безбедносните структури, од портпарол до национален координатор за НАТО, советник за национална безбедност, итн., и релативно доцна стана дел на академската фела. Интересен беше стартот на неговата (пред)кампања кога изјави дека е следен од некакви тајни служби, што мене лично ме наведе да прашам: дали има пилот во авионот? Дали е власта тотално неспособна, па нејзиниот кандидат за претседател е загрозен? Или станува збор за политичка пресметка? Јас само потсетувам дека за амбиентот за фер и демократски избори е одговорна актуелната влада“, вели Силјановска

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Две лица во Скопје каснати од куче

На 27.03.2019 во 14.30 часот во Полициската станица Центар, С.Ц.(69) од Република Србија пријавил дека истиот ден околу 11.10 часот на ул.„Кеј 13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.На 27.03.2019 во 14.15 часот во Полициската станица Центар, Д.Б.(55) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11.45 часот на ул.„Кеј 13-ти Ноември“ била касната од куче скитник за левата нога.

Скопје | пред 6 години

6 год.
pozar-1

Пожари во Скопје, Струга и Македонски Брод

На 27.03.2019 во Полициската станица Струга било пријавено дека во шума на место викано „Глобочица“ настанал пожар во кој била зафатена површина од околу два километри. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга и мештаните пожарот бил изгаснат.На 27.03.2019 во 18.24 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Кадино, на место викано „Стари лозја“ настанал пожар на стрниште, при што биле  опожарени околу три хектари лозови насади и родни дрвца. Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна единица.На 27.03.2019 во 18.00 часот во Полициската станица Македонски Брод било пријавено дека во село Крапа, на место викано „Орев“, во близина на манастир „Св.Илија“ настанал пожар, при што била опожарена сува трева и високостеблеста дабова шума. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Македонски Брод пожарот бил локализиран.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Во Битола полицијата казни 23 возачи поради возење со поголема брзина

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 27 март  извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас...Притоа,  контролирани се вкупно 385 возила и возачи и било констатирано  дека 23 возачи ја надминале дозволената брзина, седум возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле седум возила.Тројца возачи управувале возило без да користат сигурносен појас и двајца возачи зборувале на мобилен телефон.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

При преглед на патничко возило пронајден кокаин

СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 03.02.2019 година во Охрид полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од првопријавениот, во кое бил и второпријавениот како сопатник, пронашле и одзеле кокаин.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Megunaroden-Aerodrom-Skopje-01

Уапсено едно лице за кое има распишано меѓународна потерница

На 27.03.2019 во 09.10 часот на Граничен премин „Аеродром Скопје“, при пасошка контрола  било констатирано дека С.П.(42) од Русија, со место на живеење во Северен Кипар, се наоѓа на листата со мерка  „А“(апси) и за него има распишано меѓународна потерница од Интерпол Русија.Тој е лишен од слобода и предаден на инспектор од СМПС за понатамошна постапка.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Пет сообраќајки во Скопје во изминатите 24 часа

Во текот на изминатиот ден (27.03.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 51 возач управувал возило со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 13 возачи од кои 12 управувале возило без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден бил возач почетник.Исто така, исклучени од сообраќај се и 11 возила бидејќи девет возила биле нерегистрирани и две возила биле технички неисправни.Санкционирани се двајца возачи поради неправилно престројување, четворица поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци на пешачки премин, еден возач поради неносење заштитен шлем при управување на мотоцикл, 13 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 14 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во текот на изминатиот ден издадени се 114 мандатни платни налози и 76 возила се подигнати со специјално возило "пајак".Изминатиот ден се случиле пет сообраќајни незгоди во кои четири лица се здобиле со телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

6 год.
krsto-mukoski2-696x367-1200x545_c

Мукоски: Не сум размислувал за враќање во ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Крсто Мукоски во изјава за „Независен“, соопшти дека не размислувал за враќање во ВМРО-ДПМНЕ.„На средбата воопшто не стана збор за наше враќање во партијата, ниту пак, претходно сме разговарале за тоа“, истакна Мукоски.Мукоски е дел од групата на осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои беа беа исклучени бидејќи гласаа за уставните измени.

Македонија | пред 6 години

6 год.
trska-3

Охрид СОС: Дали има сове(с)т општината?

По палењата на трските на брегот на Охридското Езеро, за нарадната седница на Советот на општина Охрид се планира земјишта во сопственост на Република Македонија, земјиште каде нема изградени објекти да се стави во категорија „вклопување на бесправно изградени објекти". Некои од катастарските парцели се наоѓаат на самиот брег на Охридското Езеро, на атрактивна местоположба, предупредуваат активистите на граѓанската иницијатива Охрид СОС.Во денешното соопштение Охрид СОС вели дека општината не е транспарентна, дека Советот не работи во име на жителите на општината и дека ниту еден документ, за ниту една седница не е јавно достапен на увид, барем седум дена пред седницата на интернет страницата на општината. Активистите на оваа иницијатива со пребарување преку АКН ГИС системот на Агенцијата за катастар пронајдоа кои парцели се предложени за легализација на следната 26 седница на Советот.„Во продолжение, ставаме на увид за што ќе гласаат меѓу другото (односно што треба да легализираат) советниците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ. Во описот на секоја слика е наведено под која точка е на дневен ред и за која локација, односно катастарска парцела се работи. Зачудува како земјиште во сопственост на Република Македонија, во Трпејца, кај авто-кампот „Андон Дуков“ (вчера гореше трската кај кампот), во Велестово и на други локации каде нема изградени објекти се става во ваква категорија „вклопување на бесправно изградени објекти“. Некои од катастарските парцели се наоѓаат на самиот брег на Охридското Езеро, на атрактивна местоположба. Се сеќаваме на повлечената точка од дневен ред за месноста Градиште, каде се подготвуваше слична операција, а тука сè уште не е завршен процесот на денационализација.Се ближат локални избори. Со кој образ ќе излезат кандидатите, особено оние на двете најголеми партии, пред сограѓаните, кога нивните сопартијци зад очите на јавноста, без консензус овозможуваат вакви работи? Дали можеби палењето трска после специјалната болница „Свети Еразмо“ беше на некоја од овие парцели кои се на дневен ред? Се сомневаме во сè. Ниту еден советник, службено лице, носител на јавна функција не нè убедил во спротивното. Со ниту едно дело, постапка. Сите овие материјали ќе се достават како анекс на деталниот извештај испратен неодамна до неколку меѓународни институции, меѓу кои и УНЕСКО. Никому не му е гајле за природното наследство, за ова непроценливо богатство. Сите се лицемери, чекаат прилика да материјализираат одреден простор, да остварат профит.Бараме отфрлање на точките и запирање на легализацијата. До септември минатата година требаше да се направи инвентар на сите нелегални градби и да се поднесе до УНЕСКО, да се изработи СОЖС за кумулативните влијанија. Ништо да не се чепка (освен уривање) додека не се изработи Планот за управување со охридскиот регион. Наместо тоа, приоритетите на локалната самоуправа (како да) се поинакви“, се вели во апелот на Охрид СОС.КП 1499, КО Трпејца - точка 43. Предлог- одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко - планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.1482 и 1499 КО Трпејца.Ледина на запад од централното јадро на селото, неизградена, во сопственост на Република Македонија. Огромна површина, веднаш над езеро. Што треба тука да се легализира и зошто толкава површина? За чиј интерес?КП 869/1, КО Охрид 4 - точка 55. Предлог- одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко - планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на кп.бр. 869/1 и 869/2 КО Охрид 4.Прва во табелата за сопственост е Република Македонија. Парцелата не е сегментирана, туку е претставена како една целина. Тоа е авто-кампот „Андон Дуков“. Парцелата е на самиот брег, нема 50 метри од највисокиот водостој, иако брегот треба да е јавен простор.КП 869/2, КО Охрид 4 - точка 55Изграден објект, во сопственост на Република Македонија. Не е кажано за каков објект се работи, зошто досега бил дивоградба и токму сега се створила потреба да се легализира. Во рамките е на (обиколен од) КП 869/1 и веројатно би влегол во планот за таа парцела.КП 866/1, КО Охрид 4 - точка 58. Предлог- одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко - планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 860/1, 860/2, 865/1 и Кп.бр.866/1 КО Охрид 4.Огромна парцела, многу блиску до брегот. Се забележува напред, на плажата дека е исчистена трската, прекинат е појасот, веројатно некој од локалните сопственици правел отворен простор за чамци, пристап од вода. Дали е и тука брегот приватизиран?КП 5863/2, КО Охрид 4 (Горица Север) - точка 56. Предлог- одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко -планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Kп.бр5863/2 KO Oхрид 4.Горица Север треба да е заштитна зона за блатото. Дали сега се легализира за да се отежне или оневозможи заштитата?КП 645/2, КО Велестово - точка 17. Предлог- одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко - планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 645/1 и Кп.бр. 645/2 КО Велестово.Парцелата 645/2 е во сопственост на Република Македонија, нема изграден објект, се води како нива. Кој и зошто ја легализира / приватизира?“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Зекири: Побарав да се влезе во ИВЗ затоа што имаме дoкaзи за злоyпотреба од поглаварот

Пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири во дебата со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на МРТ повторно го критикyваше поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи. Тој истакна дека поседуваат дoкaзи за злoупотреба на ИВЗ од актуелниот поглавар.„Антонио Милошоски и македонската јавност знаат многу добро, кога јас лично како пратеник на пратенички прашања го поставив прашањето дека државата мора да влезе и да проверува во верските заедници. Почнувајќи јас како припадник на исламската верска заедница побарав да се влезе во ИВЗ, затоа што верниците муслимани имаат и имаме дoкaзи за злоyпотреба на таа институција од сегашниот поглавар“, изјави Зекири.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања