Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
zemjodelci

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги лаже земјоделците и сточарите, а Министерот се луксузира по хотели со пет звезди

СДСМ континуирано ги лаже земјоделците и сточарите. Зоран Заев се што им вети на земјиделците пред избори ги излажа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Поради неисполнетите ветувања на Заев, земјоделците од Велес излегоа на протест. Погубните политики на оваа влада го уништуваат земјоделието и сточарството во Македонија.Сточарството и земјоделието  се пред колапс . Ниските откупни цени за јагнето се грабеж врз сточарите. Сточарите се уценувани од откупувачите заради негрижата и незаинтересираноста на државата и Министерството за земјоделие.  Откупните цени се катастрофални и погубни за сточарите. Сточарите мака мачат додека Министерот се луксузира по хотели со пет звезди на најефзотичните дестинации.Оваа влада е синоним за неуспех и политики кои што негативно се одразуваат врз земјоделието низ целата држава.Министерот Николовски  на чело со Заев и СДСМ мора да поднесе одговорност за очајната состојба во македонското земјоделие.Со СДСМ Република Македонија само тоне. Нема просперитет со власта на Заев, токму затоа потребно е што побргу да си заминат“, се вели во соопштението. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
56196772_325811938121711_6823305575539933184_n

Продолжува Еко-патролата за едукација на граѓаните со цел правилно постапување со отпадот

Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје продолжува со едукативните активности на терен, со цел информирање на граѓаните како правилно и совесно да постапуваат со својот отпад. Во скопските општини Аеродром и Кисела Вода, граѓаните беа едуцирани дека Законот за јавна чистота забранува градежниот и кабастиот отпад да се одлага на јавните површини или во контејнерите и информирани дека ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје им овозможува  електронската, електричната опрема и застарениот мебел да го депонираат во центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, без плаќање паричен надоместок.Со цел превентивно дејствување на прагот од пролетната сезона, Еко-патролата оствари и низа средби со сопственици и вработени во угостителските објекти на Кејот 13-ти Ноември, со коишто беше разговарано за правилното третирање на отпадот од храна и елиминирањето на исцедоците коишто создаваат непријатна миризба околу садовите и можност од зарази. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
Slika-Pavle-25-02

Богоевски за истрагата на судиите: А, што мислеа дека ќе им останат становите и парите?

Пратеникот Павле Богоевски на Фејсбук ја коменира најновата истрага на антикорупциската комисија за имотот на судии:„Поранешниот Претседател на Кривичниот суд, Панчевски -преку кого (не) поминуваа сите случаи на СЈО и на злоупотреба на претходната власт, се жали дека Антикорупциска го клевети со истрагата на имотот на судиите.Вели дека до сега бил повикан на разговор само за злоупотребите на АКМИС системот, но не и за дело на корупција (па поради тоа не смеело ниту да се збори за негова евентуална корупција).Знаеме дека ги местеа случаите кај нивни судии за да предметите завршат како што тие сакаа, тоа ни Панчевски не го спори.Во истрагата на Антикорупциска треба да се утврди кој колку ќарил за тоа.А, што мислеа, дека ќе им останат становите и парите што ги наплатија за уништувањето на судството???Има уште многу работа на ова поле. Верувам дека ова е само почетокот во истражувањето на богатењето кај минатите (и сегашни) функционери“, пишува Богоевски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaev-za-kandidat

Роберт Милески: Фирмите на Заев годишно прават обрт од најмалку 300 милиони евра

Бизнисменот и активист Роберт Милески на својот Фејсбук профил објави статус каде му честита на Заев по вчерашниот дуел каде тој призна дека неговите фирми плаќаат 10 милиони евра данок годишно.„Инаку една работа морам да му ја честитам на Заев. На синоќешниот дуел изјави дека неговите фирми плаќаат 10 милиони евра данок годишно. Според тоа, само добивката му е 100 милиони евра годишно, а со проста екстраполација тоа значи дека неговите фирми прават обрт од најмалку 300 милиони евра годишно.Јас во Македонија на времето успеав да правам добивка од една солидна плата за мене и уште двајца луѓе. И тоа со тешки маки“, стои во Фејсбук статусот на Милески.

Македонија | пред 6 години

6 год.
struja-4

Без струја дел од Студеничани, Центар, Гази Баба и Ѓорче Петров

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:Во време од 9 до 15 часот дел од с. Батинци (улици 1, 4 и 7) (општина Студеничани);Во време од 9 до 12 часот дел од улиците Вардарска и Охридска (општина Центар);Во време од 9 до 14 часот семафорите кај АД „Пивара“ на улицата Романија (општина Гази Баба) иод 8.30 до 15 часот дел од селата Орман, Никиштани, Волково, како и асфалите бази „Гранит“ и „Дарс“ (општина Ѓорче Петров).

Скопје | пред 6 години

6 год.
vreme

Денес променливо облачно време, утре пораст на температурите

Времето во земјава ќе биде променливо облачно време, повеќе облачност ќе има во јужните делови каде што ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините слаб снег.Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет степени, а дневната температура од седум до 16 Целзиусови степени.Во Скопје ќе биде променливо облачно време со дневна температура до 16 степени. Во Маврово дневната температура ќе биде 7 степени, Охрид 11, Битола 12, Кавадарци 15, Крива Паланка 13, Берово 9, Дојран 15.Од утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Дневните температури ќе бидат во пораст – Скопје 17, Маврово 8, Охрид 12, Битола 15, Кавадарци 17, Берово 10, Крива Паланка 15, Дојран 18.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaev-kasami

Заев денес на средба со Касами и Села

Заев се очекува да се состане со претседателот на движењето Беса, Билал Касами, со почеток во 9 часот, додека со почеток во 10 часот се очекува да се сретне со лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.Toj ќе се сретне со лидерите на албанските опозициски партии со цел обезбедување поддршка за новиот Закон за јавно обвинителство и решавањето на статусот на СЈО преку истиот.Денес во 18 часот работните групи на Владата и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Министерството за правда ќе имаат трета средба за изнаоѓање решение за законот за јавно обвинителство.

Македонија | пред 6 години

6 год.
vmro-dpnacii

ВМРО-ДПМНЕ преку сметки за донации собира пари за кампањата на претседстелските избори, но и за избори на градоначалниците.

Овој повик е јавно објавен на социјалните мрежи, од страна на партијата. Впишани се трансакциските сметки и банката каде може да се уплатат средствата.Под објавата, граѓаните критикуваат.“Не ви е срам бе арамии, деца умираат оти немаат пари за операција, вие пари берите за избори, апаши”, е еден од коментарите.Досега не се памети, опозициската партија јавно да објави сметки за донации.СЈО веќе води постапка за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ, под кодно име “Талир”. За перење пари, првоосомничен е лидерот, Никола Груевски. Според СЈО, тој знаел дека партијата се финансира спротивно на законот, но сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба“ и дозволил ВМРО да се финансира со незаконски капитал. Осомничени се вкупно 14 лица.

Македонија | пред 6 години

6 год.
20190327_210714

Емотивно, ќеркичката на Панки не престанува да плаче по татко и

Каја, помалата ќерка на  Сашо Кимовски-Панки, секој ден чека да се врати татко и, и не престанува да плаче. По апсењето на Панки на грчката граница поради малверзација околу кредитните картички, за неговите малолетни ќерки се грижат нивни блиски роднини.Изворот вели дека девојчињата по смртта на мајка им, ептен се збилижиле со Панки, посебно помалата ќерка Каја, кој секој ден го бара татко и да си дојде дома. Постарата ќерка Јана е средношкола, а помалата Каја оди во основно училиште.Повеќе на http://1tv.mk

Македонија | пред 6 години

6 год.
kucinja-Ohrid

Кучиња нападнаа четиригодишно дете на плоштадот во Охрид

Денес околу 12 часот и 30 минути на централниот плоштад во Охрид глутница кучиња скитници нападнаа дете и мајка.Детето кое е на четири годишна возраст го спасиле таксистите кои ги мавале кучињата со клоци, по што со такси детето е превезено до Брза Помош во Охрид.Извршен е преглед врз детето при што констатирани се повреди на грбот и половината.Информацијата за Скопје1 ја потврдија од Брза Помош во Охрид од каде не информриаа дека детето е редовно вакцинирано и има примено вакцина против тетанус, па од тие причини не е упатено на натамошен третман.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-123

Сведоците на крвавиот инцидент во Марино: Добиваме заканувачки пораки и притисоци од осомничените сторители

Сведоците на крвавиот инцидент во скопско Марино велат по дадените изјави за настанот добивале заканувачки пораки и притисоци од осомничените сторители, браќата Јордан и Александар Цветковски синови на ексградоначалникот на општина Петровец и советник во Единицата за планирање стандарди и контрола на квалитетот при МВР, Звонко Цветковски, но и од нивен близок пријател чие име не сакаа јавно да го соопштат, објави ТВ24 .Семејството на повредениот полициски службеник Филип Филиповски, пак, подготвува тужба за напаѓачите на нивниот син. Денеска во телефонски разговор таткото, Гоце Филиповски за ТВ 24 вели дека тие немаат намера да седат со скрстени раце и дека се уште бара одговори на прашањата: зошто браќата кои се познати насилници, после брутален напад со нож се пуштени на слобода, и дали силните врски на нивниот татко ќе овозможат крвавиот инцидент да помине неказнето.Сепак ТВ24 од извори од истрагата дознава дека ножот со кој бил изврешен нападот врз полицискиот службеник се уште не е пронајден, а токму такво тврдење имаше вчера и таткото на Филип.Текстот во целост на ТВ 24

Скопје | пред 6 години

6 год.
ovci-vo-sneg

МЗШВ: Нема да дозволиме сточарите да трпат загуби

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по претседателски избори ќе излезе со предлог решение за да им помогне на одгледувачите на овци и нема да дозволи сточарите да трпат загуби од сопственото производство. Ова беше договорено на вчерашната средба што се одржа во МЗШВ со здруженијата на одгледувачите на овци.По завршувањето на откупот на јагне ќе се анлизираат податоците од терен. На средбата претставниците од здруженијата и од МЗШВ се договорија секое здружение до МЗШВ да испрати пополнет прашалник за сите трошоци што ја формираат производната цена. Оваа цена ќе се спореди со анализите на МЗШВ, со цел да се дојде до реална производна цена, за да може да се подготви соодветно решение за одгледувачите на овци. Решението ќе биде презентирано, по вториот круг на претседателските избори, кога и престануваат законските ограничувања кои важат за време на предизборниот период.Освен со одгледувачите на овци, деновиве во МЗШВ се одржа и средба со откупувачите, претставниците од кланиците и извозниците на јагниња, на која што од страна на откупувачите беше посочено дека не очекуваат проблеми со пласманот и дека јагнето во целост ќе биде откупено.И претставниците на здруженијата на одгледувачи на овци позитивно ја иницијативата на МЗШВ што во моментов се спроведува преку Агенцијата за храна и ветеринарство за попис на бројот на овци и кози и земањето на крв од овците. Се согласија дека за понатамошното креирање на ефикасни политики за развој на овчарството и за правилна распределба на субвенциите, важно е да се знае точната бројка на овци.Во меѓувреме, МЗШВ постојано ја следи состојбата и откупот на јагнето и апелира до сите одгледувачи на овци да не потпаѓаат под партиски влијанија и манипулации.

Македонија | пред 6 години

6 год.
2-13

Заев по дуелот со Мицкоски - Нормален ми е притисокот

Премиерот Зоран Заев се пофали дека притисокот му е 120 со 80 попладнево на Фејсбук, по вчерашниот ТВ дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Заев денеска во Штип со министерот за здравство Венко Филипче ги посетија штандовите на кои студентите ги презентираа програмите за новата студиска година. На еден таков штанд, на премиерот и му беше измерен притисокот.Инаку Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска присуствуваше и се обрати на свечената академија по повод 12 години од основањето на Универзитетот „Гоце Делчев“, што се одржа во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.Пред свето обраќање кон присутните студенти, академици, ректори, проректори, декани, професори од другите приватни и државни универзитети, претставници на државни институции и граѓанскиот сектор, премиерот Заев ги разгледа штандовите на факултетите на УГД Штип, поставени пред Центарот за култура, заедно со ректорот, проф. Д-р Блажо Боев и градоначалникот на Општина Штип, г. Благој Бочварски.Во своето обраќање, премиерот Заев ги истакна определбата и заложбите на Владата не Република Северна Македонија за јакнење на квалитетот и подобрување на материјалната поддршка на високото образование и науката.

Македонија | пред 6 години

6 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Нервозните реакции на ВМРО-ДПМНЕ по дебаклот на Мицкоски

Се поочигледна е нервозата и паниката во ВМРО-ДПМНЕ од тоа што секојдневно им се разоткриваат измислиците и лажните вести. Денешниот обид, да се попречи прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека кулминира нервозата во белиот дворец, се вели во соопштението од СДСМ.ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не научија дсека ништо не може да ја попречи вистината да излезе на виделина.СДСМ ги разбира нервозните реакции по дебаклот на ТВ дуелот и паниката на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски од извесниот изборен пораз.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, симболите на лажни вести остануваат закотвени во матрицата на Никола Груевски и затоа граѓаните ќе ги казнат за нивното деструктивно и антинародно однесување, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mvr

Кривична пријава против поранешен вработен во Министерство за економија

Надворешната канцеларија за криминалистички Кичево поднесе кривична пријава против И.Т.(50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. На 15.11.2012 пријавениот, како помошник раководител во Биро за метрологија при Министерството за економија-Скопје, на И.С.(59) од Кичево му издал потврда за статус на повратник од странство, со што му овозможил да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила при увоз и регистрација на товарно возило, и покрај тоа што И.С. наведеното возило не го поседувал најмалку шест месеци пред доаѓањето во РС Македонија.

Македонија | пред 6 години

6 год.
memor2q

Нотарската комора потпиша важен Меморандум

Денес - 27 март 2019 година, на иницијатива на Управата за финансиско разунавање во просториите на Нотарската комора на Република Македонија е потпишан Меморандум за соработка помеѓу Управата за финансиско разузнавање и Нотарска комора на Република Северна Македонија, со цел уредување на соработката помеѓу Нотарската Комора и Управата во полето на спречување на перење пари и финансирање на тероризам, врз основа на надлежностите и овластувањата кои што произлегуваат од законската регулатива која што ја регулира материјата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, законската регулатива која што го регулира работењето на нотарите, Националната стратегија за борба против перењето пари и финансирање на тероризмот и меѓународните стандарди.На свеченото потпишување присуствуваше делегација на Управата за финансиско разузнавање предводена од директорот, г. Блажо Трендафилов и делегација на Нотарската комора предводена од претседателот, г. Васил Кузманоски.Со потпишувањето на Меморандумот, не само во пракса туку и на хартија се запишаи потврди досегашната успешна институционална соработка помеѓу Комората и Управата.Овој Меморандум, покрај законските обврски што нотарите како субјекти ги имаат согласно Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам,уредува и доста позитивни аспекти кои одат во прилог на продлабочување на досегашната соработка со цел за доследно почитување и примена на законската регулатива на материјата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.Почнувајќи од 2004 година, кога нотарите ја добија улогата на субјектиактивно вклучени во борбата за спречување на перење пари па се до денес, успешно ја остваруваат својата задача и даваат значаен придонес за унапредување на функционалноста на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам и зголемување на неговата ефикасност. Сето ова е резултат на успешното долгогодишно залагање и соработка меѓу Управата и Комората, кои преку своите надлежни органи заеднички ги решаваат сите спорни прашања кои се појавуваат во нотарското работење.Исто така, улогата на нотарите во борбата за спречување на перење пари, моментално е најактуелна тема и на глобално ниво, па на сите случувања организирани од страна на органите на Меѓународната унија на латинските нотаријати, главниот акцент се дава токму на оваа тематика, поради што нотарите како едни од најзначајнте субјекти мора активно да бидат вклучени и со поддршка на Управата, како деловни партнери да придонесат за делотворно спроведување на политиката, целите, мерките и дејствијата против перењето на пари, се со цел за остварување на залагањата на Република Македонија во борбата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, што ќе ја приближи и изедначи со сите европски земји водечки на овој план.Успешната соработка на Комората со Управата, беше поздравена и од страна на директорот на Управата, г. Блажо Трендафилов со оддавање почит за една од најорганизирана и професионална фелја во системот на спречување перење пари и финансирање на тероризам.По свеченото потпишување на Меморандумот, се разменија пригодни подароци помеѓу Управата и Комората.Денешниот повод беше искористен за разгледување и размена на мислења за одредени актуелни прашања, што непосредно се однесуваат на улогата, овластувањата и обврските на нотарите во борбата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

Македонија | пред 6 години

6 год.
buprenorfin

Кривична пријава за Прилепчанка кај која бил пронајден и одземен бупренорфин

Надворешната канцеларија за криминалистички Прилеп поднесе кривична пријава против А.В.(35) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 30.09.2018 во Прилеп полициски службеници извршиле преглед над А.С. пронашле и одзеле бупренорфин, кој претходно го набавила од пријавениот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
simona

Доживотен затвор за Македонката Симона која ја уби мајка си додека спиела

22 годишната Македонка, Симона Зафировска, е осудена на доживотен затвор за сурово убиство на нејзината мајка Радица Зафировска, која ја уби со повеќе удари во главата ѝ го скршила черепот и предизвикала крварење во мозокот.Убиството се случило во 2016 година. При првото сослушување, Симона успеала да ја залаже полицијата изјвувајќи дека ноќта ги нападнале крадци. Но, полицијата ја открила вистината.Симона е посвоена од страна на Радица пред дваесетина години во Македонија, а потоа ја однела заедно со неа во Австралија, каде живееле заедно сѐ до убиството.

Свет | пред 6 години

6 год.
policija-123

Скопјанец агресивно се однесувал и навредувал полициските службеници

На 26.03.2019 во 11.50 часот на улица „Индира Ганди“ во Скопје, А.М.(26) од Скопје агресивно се однесувал и ги навредувал полициските службеници кои преземале службени дејствија. А.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 6 години

6 год.
tepacka1

Го удриле со комбе, па го нападнале

На 26.03.2019 во 14.15 часот во Полициската станица Чаир, Е.Б.(27) од Скопје пријавил истиот ден околу 11.00 часот, додека се движел по улицата „Гвадалахара“, бил удрен од комбе кое го управувал Е.Г., по што тој и лицата И.Г. К.Г. физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања