Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
mvr

Изнајмил патничко возило за фирма, но не го вратил

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело затоа што на 06.01.2019 во Скопје, со приватна фирма склучил договор за изнајмување на патничко возило „Опел корса“. До денот на пријавување тој не го вратил наведеното возило. Со ова пријавениот, се стекнал со противправна имотна корист од 660.000 денари.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Кривична пријава за „бесправно градење“ во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.К.(45) од село Корошишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на февруари 2019 во Охрид пријавениот, како инвеститор и градител, изградил деловен објект од метална конструкција, без одобрение за градба.

Македонија | пред 6 години

6 год.
tepacka1

42 годишен Скопјенец нападнат на „Битпазарска“

На 26.03.2019 во 17.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, И.Е.(42) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 11.30 часот на улица „Битпазарска“ бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
metamenfin

Кај Прилепчанец пронајден метамфетамин

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Б.Д.(26) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.07.2018 во Прилеп полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле метамфетамин.

Македонија | пред 6 години

6 год.
stop-policija

Сообраќајна контрола во Битола, сеуште има прекршувачи на правилата

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 26 март извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас... Притоа, контролирани се вкупно 356 возила и возачи и било констатирано дека 18 возачи ја надминале дозволената брзина, шест возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле две возила, на мобилен телефон разговарале тројца возачи. сигурносен појас не користеле дваjца возачи. Исто така издадени се вкупно 11 мандатни платни налози за неправилно паркирање.

Македонија | пред 6 години

6 год.
marihuana2

Кај две лица од Тетово полицијата пронашла марихуна

На 26.03.2019 околу 18.15 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово ги лишиле од слобода Б.Ф.(23) и 17-годишник од скопското село Радуша. При преглед кај нив била пронајдена марихуана. Тие се задржани во Полициската станица Тетово, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_4984

Ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“ имаа едукативна средба со градоначалникот Филип Темелковски

Денес во просториите на Општина Кисела Вода ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“ од село Драчево остварија едукативна средба со градоначалникот Филип Темелковски.Градоначалникот Филип Темелковски заедно со секретарот, Александар Алексовски и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ ги запознаа учениците со функционирањето на локалната самоуправа. Децата имаа можност од градоначалникот да добијат одговори на нивните прашања, како и да ги посочат и недостатоците во нивното училиште. Градоначалникот Темелковски вети изнаоѓање на решенија за посочените проблеми.На крајот Темелковски ги покани учениците на повторна средба во Општината и кажа дека во периодот што следува ќе го посети нивното училиште.

Скопје | пред 6 години

6 год.
crkva

Жител на Јурумлери осомничен за кражба на 150.000 денари од црква

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против едно 36-годишно лице осомничено дека сторило кривично дело – Тешка кражба, предвидено и казниво согласно член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, ноќта меѓу 22 и 23 март годинава, насилно ја отворил влезната врата на црквата „Св. Петар и Павле“ во Ѓорче Петров и влегол внатре. Потоа со погоден предмет делувал на дрвената каса, ја отворил и од неа одзел 120.000 денари. По ова, тој се упатил кон внатрешната продавница во склоп на црквата, исто така насилно ја отворил и од фиоката одзел уште 30.000 денари. Веднаш по кражбата, осомниченото лице го напуштило местото на настанот.Особено имајќи го предвид фактот дека се работи за сторител кој досега е осудуван за истородни и други кривични дела, надлежниот јавен обвинител ценеше дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, па до судот достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Скопје | пред 6 години

6 год.
glavna-slika-za-Igor-Nikolov

Николов: Сведоци сме дека наместо подобрување на начинот на функционирање на здравството се врши распродажба

Премиерот Заев мисли дека здравствениот систем е фирма, па доколку таа не прави профит, ќе ја затвори или ќе ја продаде некому. Деновиве сме сведоци дека наместо подобрување на начинот на функционирање на здравството и подобра грижа за здравјето на граѓаните, тие добиваат распродажба на јавниот здравствен систем, истакна Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Министерот за здравство Филипче, веројатно под притисок на комерцијалистот Заев, наместо да седне и да работи и да спроведе вистинска реорганизација и оптимизирање на јавните здравствените институции и здравствените услуги, се фаќа за најлесниот начин, а тоа е приватизацијата на здравствениот систем. Во здравството изминатиов период единствено се случува дисфункционалност на и онака кревкиот систем и богатењето на поединци.Детската кардиохирургија е приватизирана, префрлена во приватна болница, иако оттогаш никој не даде отчет во јавноста како се спроведува и како тече овој проект.По првиот, неуспешен обид за приватизација на биохемиските лаборатории во целата земја, следи втор обид, но овој пат тој е прекинат поради претстојните претседателски избори.Идејата за приватизирање на службата на Брза помош и службата за Домашна посета, иако никаде не ја среќаваме на друго место во светот, продолжува да се спроведува врз основа на некаква физибилити студија.И на крај деновиве ја гледаме и последната идеја на министерот Филипче да се приватизира по модел јавно приватно партнерство процесот на стерилизацијата којшто всушност е срж на здравството. Приватна компанија ќе треба да се грижи за стерилизацијата на хируршките инструменти во државата, но во документацијата на министерството за здравство не се знае или не сака да прецизира по кои стандарди ќе се изведува валидирањето на овој процесот.Станува збор за област за којашто во иднина приватна фирма би требало да набавува хируршки инструменти, облека за лицата кои влегуваат во операциона сала, дезинфекција на салите, до грижа за медицинскиот отпад.Приватник ќе се грижи за стерилизацијата, се поставува и прашањето дали приватната компанија или некој друг ќе биде одговорен, доколку се појави инфекција?!Министре, граѓаните очекуваат остварување на ветувањата со кои што СДСМ дојде на власт. Очекуваат оптимизација на јавното здравство и навремена, соодветна медицинска услуга за парите коишто ги одвојуваат секој месец за оваа намена.Почитувани, Заев и Филипче покажаа дека освен за богатење на нивни блиски компании на сметка на народот, не знаат ниту пак ги интересира нешто друго.Време е да се стави крај на ваквото однесување и ваквото владеење истакна Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
papa-francisk

(ВИДЕО) Папата Францискo ги налути верниците, не дозволи да го бакнат неговиот прстен

Папата Францискo е снимен како ја трга раката кога верниците се наведнуваа да го бакнат неговиот прстен. Снимката е направена за време на еднодневна посета на базиликата Лорето во близина на Анкона, на источниот брег на централна Италија.По оваа снимка која се шири на социјалните мрежи поглаварот на Римокатоличката црква наиде на критика од конзервативните верници, кои веруваат дека папата сака да ја искорени оваа традиција во иднина.Додека некои медиуми известуваат дека папата тој ден ги одбил сите верници кои се обиделе да го бакнат неговиот прстен, Би-би-си пишува дека сè се одиграло малку поинаку.На снимката се гледа дека откако однесувањето на папата се променува, се променува и движењето на луѓето во редот се забрзува.Ватикан не открива зошто Папата толку не сакаше некој да го бакне прстенот, но негов помошник, под услов за анонимност, рече: ,,Понекогаш му се допаѓа, понекогаш не. Тоа е навистина толку едноставно “.Папскиот прстен, познат и како Рибарски прстен, е вграден во католичката традиција и е предмет на некој необичен протокол.Кога еден папа умира, прстенот веднаш се уништува за да се осигура дека при изборот на новиот Папа никој нема да се обиде да фалсификува официјални документи.

Свет | пред 6 години

6 год.
DSC_002-1

Средба Мицкоски - Жбогар

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски, денеска 27.03.2019 година остварија средба со шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, г. Самуел Жбогар, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Мицкоски со Жбогар говореше за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, реформите кои се поврзани со обвинителството и потребата за фер услови за демократски избори. Беше искажана загриженост за политизираноста на правосудниот систем, кој како што беше нотирано служи за политички прогон на неистомислениците на власта.Мицкоски го запозна г. Жбогар со принципите кои ВМРО-ДПМНЕ ги вклучи во амандманите на Предлог Законот за јавно обвинителство, а кои се базираат на меѓународните стандарди, кои ги гарантираат основните човекови права, кои се морална обврска за државата во патот кон ЕУ.Беше укажано и на крајната политизација на општеството и поделбата која ја прави власта.  Воедно беа нотирани и однесувања на власта со кои се нарушува демократскиот амбиент за фер избори, дека е присутна нервоза во власта и дека тоа нема да ги поколеба граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Јавните претпријатија на Град Скопје со позитивни резултати во работењето во 2018 година

На денешната седница на Советот на Град Скопје ќе се разгледуваат предлог одлуките за давање согласност на годишните сметки на јавните претпријатија во надлежност на Градот. Општиот заклучок е дека јавните претпријатија бележат позитивни резултати во управувањето со финансиските средства.Јавното претпријатие „Градски паркинг Скопје“ бележи позитивни резултати во финансиското работење во 2018 година. Билансот на успех во годишниот извештај на ова претпријатие покажува дека приходите од јавни паркиралишта во 2018 година пораснале за 8,63% во однос на претходната година. Со други зборови ЈП Градски паркинг во 2018 по основ приходи од јавни паркиралишта заработило 147.115.268 денари, што е за 11.686.703 денари повеќе во однос на 2017 година.Најголем пораст во овие приходи претпријатието имало во делот на зонското паркирање, додека приходите од затворени паркиралишта и катни гаражи останале речиси непроменети во споредба со претходната година.ЈП „Градски паркинг“ остварило пораст на приходите и во секторот пајак, односно во 2018 година секторот пајак имал приходи од 25.213.459 денари, што е за 11,61% повеќе во однос на претходната година.Јавното претпријатие „Водовод и Канализација“ со вкупни приходи од 1.161.911.073 денари бележи незначителен пад од 1,04% во однос на минатата 2017 година. Согласно со извештајот на ова претпријатие приходите од продажба на вода и услуги бележат благ пад во однос на минатата година, додека 2,67 пати се зголемени приходите од довод на вода за РЖ Услуги, 3,88 пати се зголемени приходите од услуги во странство и 2,16 пати се зголемени приходите од наемнини.„ЈСП Скопје“ согласно со годишната сметка бележи пораст во вкупните оперативни приходи кои на крајот на 2018 изнесувале 1.858.687.165 денари, што е за 10,42 % повеќе во однос на минатата 2017 година. Постои незначителен пад на приходите од продажба на услуги и од донации и субвенции, но затоа приближно 6 пати се зголемени преостанатите приходи.„ЈСП Скопје“ на крајот на годината остварил добивка од вкупно 109.074.320 денари, што е речиси двојно повеќе во однос на минатата година. ЈП „Паркови и зеленило“ на крајот на 2018 година остварил вкупни приходи во работењето во износ од 455.650.916 денари што е за 9,08% повеќе во однос на минатата 2017 година. Вкупните расходи во 2018 година се незначително зголемени во однос на минатата година и изнесуваат 455.289.348 денари.Остварената добивка пред оданочување изнесува 379.927 денари, додека нето загубата по оданочување изнесува 5.026.716 денари. Согласно со годишната сметка за 2018 година ЈП „Комунална хигиена“ има остварено вкупни приходи во износ од 1.196.348.618 денари што е за 0,85% помалку во однос на минатата година. Вкупните расходи на претпријатието за 2018 година изнесуваат 1.171.153.857 денари, а нето добивката по оданочување изнесува 22.224.537 денари.ЈП „Улици и патишта“ во 2018 година бележи вкупни приходи од 306.228.144 денари што е за 75.226.747 денари помалку во однос на 2017 година, додека за 25.793.720 денари повеќе во однос на 2016 година, додека за 64.602.793 денари повеќе во однос на 2015 година. Вкупните расходи на претпријатието за 2018 година изнесуваат 268.816.728 денари, а нето добивката по оданочување изнесува 33.574.833 денари.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Арсовски: Бизнисите на кланот Заеви не само што цветаат во државава туку цветаат и во странство

Бизнисите на кланот Заеви не само што цветаат во државава откако Зоран Заев е на власт, туку цветаат и во странство. Во случајов во соседна Република Бугарија.На вчерашниот дуел бевме сведоци како Зоран Заев најпрвин јавно кажа дека воопшто не знаел за фирмите во странство нанеговт семејство, во случај за фирми во Бугарија на неговиот братучед Трајче Заев и зет Славиша Бојовиќ, за веднаш потоа да признае дека неговото семејство поседува фирми во странство, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Имено, се работи за 3 фирми, фирмите Гомасидра, Ориент Груп и Радиша Трејд.Фирми кои што се основани од неговите роднини, Трајче Заев и Славиша Бојовиќ Заев.Во фирмата Гомасидра, која инаку е регистрирана во општина Благоевград, град Петрич, како градежна фирма, најпрвин уште во јуни 2017- тата година сопственик бил Сашко Брндевски, истиот оној кој продаде градежно земјиште на Вице Заев за стан од 40 квадрати, за во август 2018-тата година фирмата да ја преземе братучед му на Зоран Заев, Трајче Заев.Втората фирма е Ориент Груп, каде што сопственик е Трајче Заев, фирма регистрирана во јуни 2018 од страна на Вице Заев, браотот на Зоран Заев и Славица Заева, а преземена од братучед му Трајче Заев во декември 2018 година. Фирмата е основана со влог од околу 5000 евра односно 10.000 лева и е на истата адреса како и претходната фирма во градот Петрич. Оваа фирмата е за транспорт и логистика.Третата фирма е фимата Радиша Трејд, фирма на Радиша Бојович Заев, иначе зетот на Зоран Заев. Фирмата е регистрирана на истата адреса во Петрич како претходните две и исто така се бави со транспорт и логистика, а е основана и регистрирана во август 2016 година.А отвори уста Зоран Заев, а излаже. Тоа е Зоран Заев.Зоран Заев безобразно излажа пред 2 милиони граѓани на ТВ дуел. Зоран Заев без срам најпрвин кажа дека нема неговото семејство фирми во Бугарија, за потоа веднаш да потврди дека има фирми во странство.Од што е лоша бизнис климата во Република Македонија, Заеви своите бизниси ги вадат надвор во странство и од таму профитираат.Ни Заев не си верува дека бизнис климата во Република Македонија е добра како што тоа проба да го наметне во јавноста подолг период.Веднаш да се одговори дали овие роднини на Заев имаат фирми во странство и за која цел истите се оформени?За да се стави крај на сите овие лаги на Зоран Заев, сите масовно да излеземе на изборите и да го поразиме СДСМ. Да ставиме крај на непринципиелното владеење за личен интерес на кланот Заев, на картелот на власт и на СДСМ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC_1

ВМРО ДПМНЕ: На Десковска на 26 март во 16 часот 19 минути и 16 секунди и се испратени 65 предлог амандмани

На Рената Треневска Десковска на 26 март во 16 часот 19 минути и 16 секунди и се испратени 65 предлог амандмани на предлогот на Законот за јавно обвинителство. Десковска злоупотребувајќи ги државните институции се става во одбрана на лагите и манипулациите на нејзиниот шеф Зоран Заев, се вели во реакција на ВМРО ДПМНЕ на соопштението на Министерство правда.Дескоска да одговори пред граѓаните и пред јавноста зошто не го отвора сопствениот маил и да каже дали добила или не порака од претседателот на Комисија за правни работи Тони Менкиноски?Заев е во паника и очај, соочен со слабиот рејтинг што го има тој и неговиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, се служи со лажење.ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе предлог амандманите во насока на подобрување на предлог законот кој е клучен за правосудните органи во Република Македонија.ВМРО-ДПМНЕ смета дека на македонското правосудство им се потребни вистински реформи кои ќе бидат во согласност со меѓународното право, праксата на меѓународните судови и конвенциите заштита на човековите права, а не фингирани реформи за кои што се бори криминалниот картел на СДСМ, Заев и Десковска, се вели во реакција на ВМРО ДПМНЕ на соопштението на Министерство правда..

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG-5e52f0059f40afe45e0f30dd1f6d5f50-V

Утре и задутре во Кисела Вода ќе се собира кабаст отпад

Општина Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена“ во четврток и петок кабаст отпад и електронска опрема ќе собираат во УЗ Драчево, МЗ Драчево и МЗ Подстаница.Во истите урбани заедници, Општината ќе спроведе акција за расчистување на сметот на јавните површини кои се во нејзина надлежност. Во исто време ќе се средуваат детските игралишта, а ќе се кастрат и исушените гранки на дрвјата и грмушките.Локалната самоуправа апелира до граѓаните кабастиот отпад да го одложуваат до 11:00 часот пред своите домови, на улиците, но пред се потребно е да се внимава истиот да не го попречува движењето на возилата и пешаците. После опредленото време и датум забрането е одлагање на отпад.Минатата седмица во Црниче и Пржино собрани беа 7 тони кабаст отпад. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Скопје прв град од Македонија кој се приклучува на мрежата на зелени градови

Градоначалникот Петре Шилегов и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, денеска присуствуваа на работилницата за проектот „Акциски план Скопје Зелен Град“, што е поддржан од Европската банка за обнова и развој и има за цел да ги идентификува најважните предизвици за подобрување на животната средина и обезбедување одржлив развој на Скопје.- Градовите се главните двигатели на социјалниот, економскиот и технолошкиот развој на општеството. Според ОН, околу половина од светската популација живее во урбани области, а до 2030 година тој процент ќе се зголеми најверојатно над 60%. Урбаните активности во голема мера влијаат врз животната средина и врз целокупниот квалитет на животот на граѓаните во урбаните области. Токму поради ова, локалните власти имаат обврска да се грижат за животната средина, за квалитетот на воздухот и за сообраќајниот метеж со кој се врши притисок врз ограничените зелени површини, земјиштето и водните ресурси. За одржлив развој на зелени градови од големо значење е да се препознае односот меѓу аспектите на животната средина и економските и општествените прашања. Ваквото размислување е во целосна согласност со Агендата за одржлив развој и Целите на ОН за одржлив развој до 2030 година, а особено Целта 11 со која се повикуваат властите да ги направат градовите и населбите инклузивни, безбедни, цврсти и одржливи – рече денеска градоначалникот Шилегов.„Програмата на зелени градови“ на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) има за цел да изгради подобра и одржлива иднина за градовите и нивните жители. Ова се постигнува преку идентификација, одредување на приоритетите и поврзување на предизвиците за животната средина во градовите со одржливи инфраструктурни инвестиции и јавни политики.- Градот Скопје е прв град од Македонија кој се приклучува на мрежата на зелени градови и ја започнува изработката на Акцискиот план за зелен град, кој е фокусиран на низа предизвици во рамките на урбаниот одржлив развој и животната средина во градот. Иницијална каписла за почнување на овој процес беше реализацијата на проектот на Град Скопје и на ЈСП за набавка на 35 автобуси на природен гас (CNG) во висина од 10 милиони евра, средства обезбедени преку заем од ЕБОР. Акцискиот план треба да му помогне на градот Скопје да ги идентификува најчувствителните предизвици за животната средина, да направи листа на приоритети и да ги адресира. Тоа се однесува на: цврстиот отпад и рециклирањето, централното греење, третманот на отпадните води и урбаниот транспорт; се со цел да се намали локалното загадување, да се подобри енергетската ефикасност и ефикасноста на ресурсите, како и да се промовира адаптација кон климатските промени – додаде Шилегов.Акцискиот план ќе се изработува околу 13 месеци, пред да се разгледува и усвои на седница на Советот на Град Скопје. Клучните сектори кои ќе бидат опфатени со овој акциски план се: сообраќајот, градежните објекти, индустријата, енергијата, водата, цврстиот отпад и употребата на земјиштето. Во изработката на Акцискиот план ќе се применуваат утврдени индикатори за да се прикаже моменталната состојба со животната средина/екологијата во градот и потоа ќе се развие долгорочна визија (10 години), приоритети на среден рок (од 5 до 10 години) и краткорочни акции/мерки (од 1 до 5 години).На работилницата присуствуваа и претставници од ЕБОР и од проектот ATKINS.

Скопје | пред 6 години

6 год.
e6d47667d956a12d62fbe9a45b490ab0_w768

Исклучените од парно повеќе нема да плаќаат надоместок

Крај на агонијата за голем број граѓани: со новите предлог-правила за снабдување со топлинска енергија се брише одредбата со која исклучените од парно греење со години плаќаа фиксен надоместок, објави Дојче веле.Како што дознава Дојче веле ова е предвидено во новите предлог-правила за снабдување со топлинска енергија, за кои денеска треба да се дискутира на подготвителна седница на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со новите Правила за снабдување со топлинска енергија се укинува одредбата во членот 52, став 2, од старите Правила за снабдување со топлинска енергија, според која „исклучените потрошувачи се задолжуваат со плаќање на надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија“.Со новите Правила овој став комплетно се брише, а се воведува постапка на кој начин во иднина би можеле да се исклучуваат потрошувачите од системот за топлинска енергија. Владата уште во декември 2017 година вети дека домаќинствата во Скопје кои се исклучени од централното греење во 2018 година ќе бидат ослободени од плаќање, но тоа не се реализираше. Во меѓувреме се чекаше регулаторите од РКЕ да ја добијат Студијата од МАНУ, која во изминатиот период правеше анализи какво е влијанието на исклучените врз системот за парно греење.Текстот во целост на Дојче веле.

Македонија | пред 6 години

6 год.
FullSizeRender-27-03-19-11-44

ВМРО ДПМНЕ Охрид: СДСМ и Георгиески спијат, а трската сѐ уште гори

СДСМ и в.д градоначалникот Константин Георгиески спијат, а трската сѐ уште гори. Црнила и пепел. Само за СДСМ и за Георгиески нема место за паника, нема место за грижа.Запален појасот трска кај Подмоље, опожарена трската и во населба Воска. Палењето трска на брегот на Охридското Езеро не запира, нема казни, нема крај на ова дивеење, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.Дали за Георгиески тоа не е уништување добро под привремена заштита, односно природна реткост?Институциите и Георгиески молчат. Дали со молчењето практично го одбруваат палењето?Која е задачата на надлежните, ако не јавната бебедност?Палењето трска јасно ја покажува неодговорноста и негрижата на природното богатство и Охридското Езеро.Дали треба охриѓани сами да се организираат за да го спречат ова дивеење?ВМРО-ДПМНЕ бара брзи, ефикасни мерки и казни за уништувањето на трската на езерското крајбрежје. Надлежните веднаш да ги откријат нарачателите и потпалувачите на трската.СДСМ и Георгиески не успеаја да создадат ред со дивоградбите, ниту со палењето трска со цел узурпација на крајбрежјето на езерото преку нови градби. Граѓаните можат да видат со свои очи како функционира државата на терен и дело.СДСМ и Георгиески не се за доброто на Охрид и охриѓани и затоа ќе бидат казнети од народот за многу брзо време, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Македонија | пред 6 години

6 год.
003

СДСМ: Во директен пренос Мицкоски лажеше дека поднеле амандмани во хартиена форма

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се фатени во нова лага. На вчерашниот тв дуел, Мицкоски во директен телевизиски пренос лажеше пред граѓаните дека неговата ВМРО-ДПМНЕ поднела амандмани за Законот за јавно обвинителство, се вели во соопштението од СДСМ.Мицкоски лажеше дека ВМРО-ДПМНЕ до Министерството за правда во хартиена форма поднела амандмани за Законот. Потоа, ВМРО-ДПМНЕ лажеше дека поднеле амандмани преку меил во 16:19.Што се однесува до амандманите поднесени електронски преку меил, истите стигнале во 20:19, откако беше откриено дека Мицкоски лаже за амандманите.ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски многу добро знаат како се одвива процедурата за поднесување амандмани и затоа јасно е дека ова е уште еден нивен јалов обид за манипулирање. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се посветени единствено на лажни вести што станува нивен единствен начин на делување, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
and-dukov-za-skopje-1

(ФОТО) Гори охридскиот брег кај Андон Дуков

Голем пожар кај Андон Дуков. Во моментов со огнената стихија се борат пожарникарите од противпожарната служба од Охрид. На терен се со две возила. Тие се обидуваат да го локализираат пожарот и да го спречат да ги зафати објектите.Гори нискостеблеста вегетација, но и големите дрвја кои ги има многу во овој дел на Охрид.В.д градоначалникот Константин Георгиски во моментов е лице место кај пожарот Андон Дуков.Локалните служби се екипираат за да им се олесни рабоатата на противпожарната служба. Цистерната од ЈП Охридски комуналец врши дотур на вода во против пожарните возила, за да не се губи време во полнење со вода на истата.Со огнената стихија се борат пожарникарите од противпожарната служба од Охрид. Тие се обидуваат да го локализираат пожарот и да го спречат да ги зафати објектите. Но, покрај нискостеблеста вегетација, и големите дрвј изгореа и бараки.Очевидци раскажуваат дека жива изгорела и живина во кокошарници.   

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања