Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
kokain-romanija

(ВИДЕО) Во Романија запленет повеќе од еден тон кокаин, приведени двајца Срби

Романските власти уапсија повеќе од еден тон кокаин. Пленот е пронајден во брод кој се превртел во делтата на Дунав. Според полицијата, вредноста на задржаниот кокаин изнесува 300 милиони евра.Главниот обвинител во романската Управа за борба против организираниот криминал и тероризмот, Феликс Банила изјави дека полицајците го нашле кокаинот на 22 март крај превртен брод во местото Свети Ѓорѓи, во источна Романија. Тој додаде дека властите во врска со случајот привеле двајца Срби. 

Свет | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Зоран Заев се срами од Република Македонија

Зоран Заев се срами од Република Македонија. Исплашен и во нервоза цело интервју не смееше да го изговори името Македонија, па стотина пати го повтори новото име кое го донесе против волјата на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Стравот на Заев беше очигледен и кога не смееше да зборува за Македонците во Грција, ниту за нивното постоење, ниту за тоа на кој јазик зборуваат.Зоран Заев покажа вчера зошто не смее да биде премиер на Република Македонија, затоа што се срами од сопствената држава и народ.Власта повеќе од две години ја урнисува економијата и ги осиромашува граѓаните. Нема пари за граѓаните, но затоа бизнисите на Заеви цветаат.Над 500.000 граѓани живеат во сиромаштија, а возниот парк на Заеви е исполнет со возила од марките Бентли и Мерцедес Мајбах.Граѓаните едвај врзуваат крај со крај поради неспособноста на власта, а Заев ставил розеви очила и ги лаже граѓаните дека црното е бело.Зоран Заев мора да си замине. Република Македонија не може понатаму со Зоран Заев, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
55529778_10158696172159466_2159142980970086400_o-1

Заев и Мицко се расправаат како две старлети за муштерија, пишуваат на Твитер

Бура од реакции и коментари по вчераното гостување на премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Канал 5 ТВ.https://twitter.com/mynameissteffff/status/1110646164024627208https://twitter.com/bojankuk/status/1110673281726726144https://twitter.com/toreador_34/status/1110594149806456833https://twitter.com/trpetrpeski1/status/1110575261093900289https://twitter.com/BototNaMickoBe/status/1110611985123676162https://twitter.com/vlademih/status/1110612320747749377https://twitter.com/DeStepco/status/1110621008011149312https://twitter.com/cakpaliiski/status/1110617853466759168https://twitter.com/Lady_VBug/status/1110626435885088769https://twitter.com/vlademih/status/1110628981160722432https://twitter.com/Banankata/status/1110639010001620993https://twitter.com/podzemnavoda/status/1110629555268739077https://twitter.com/i999y/status/1110607336173985792?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1110607336173985792&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-polude-za-zaev-i-mickoski-kakva-deceni-a-takov-duel-na-deceni-ata%2Fhttps://twitter.com/neskafeNA/status/1110601864058454017?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1110601864058454017&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-polude-za-zaev-i-mickoski-kakva-deceni-a-takov-duel-na-deceni-ata%2Fhttps://twitter.com/IVelichkovski/status/1110637630155304961?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1110637630155304961&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-polude-za-zaev-i-mickoski-kakva-deceni-a-takov-duel-na-deceni-ata%2Fhttps://twitter.com/jovanatozija/status/1110651671703633920?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1110651671703633920&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-polude-za-zaev-i-mickoski-kakva-deceni-a-takov-duel-na-deceni-ata%2Fhttps://twitter.com/thebankar/status/1110610969175175168 

Македонија | пред 6 години

6 год.
e6d47667d956a12d62fbe9a45b490ab0_w768

СДСМ: Паушалните сметки за исклучените граѓани од парно греење заминуваат во историјата

Со одлуката на Регулатроната комисија за енергетика, веќе од први април граѓаните кои се исклучени од системот за парно греење во Скопје повеќе нема да плаќаат фиксен надоместок за парно како што беше досега, велат од СДСМ.„Паушалните сметки за исклучените граѓани од парно греење заминуваат во историјата.Граѓаните кои не користат топлинска енергија кончено ќе бидат ослободени од плаќањето на паушалот кој им беше наметнат како редовна месечна сметка уште од 2011 година.Со ова се решава долгогодишниот проблем на илјадници граѓани кои со години  беа изложени на трошок за услуга која не ја користеа, се исправа долгогодишна неправда кон илјадници семејства во Скопје.Според проценките 12.000 семејства во Скопје исклучени од централното греење со години плаќаа месечен надоместок без разлика што не ја користеа услугатаСе остварува уште едно ветување од Програмата, се реализизира една заложба на Владата предводена од СДСМ за намалување на трошоците и обезбедување повеќе пари кај граѓаните.СДСМ останува посветена на мерките што обезбедуваат економски раст, намалени трошоци и повеќе пари во секоје семејство, кај секој граѓанин“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Седум сообраќајки во текот на вчерашниот ден, четири лица се повредени

Четири лица се здобиле со лесни телесни повреди во четири од вкупно седум сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во три била причинета материјална штета.Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 40 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, седум возачи поминале на крстосница на црвено светло, четворица возачи за неправилно престројување, двајца возачи за неправилно престигнување,  двајца возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, 11 возачи за не носење заштитен шлем, осум возачи за не  користење сигурносен појас и 44 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.Од сообраќај биле исклучени еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол, 22 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца почетници, како и пет технички неисправни и 18 нерегистрирани возила.Затекнати биле 104 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 88 возила.

Скопје | пред 6 години

6 год.
saso-tasevski

Тасевски за преработката на „Некст тајм“: Да те питам бабо, колку ти платија за да смениш исказ?

И покрај тоа што реакции за преработката на Нешто ќе те питам бабо на браќата Мартин и Стефан од Некст тајм главно се позитивни, барем оние најгласните, актерот Сашо Тасевски на својот Фејсбук профил со малку поинаква реакција:„А бе бабо, нели прво Гоце Делчев рече дека ти дошол на вечера и масажа. Од каде сега Тодор Александров. Кажи мори бабо колку ти платија Некст Тајм да смениш исказ и да кажеш дека со Тодор Александров си била таа ноќ? Немој така бе бабо, не е убаво. Утре некој друг ќе направи песна у која на гости ќе ти дојде Цар Борис лично.Да те питам мори бабо, зошто на млади луѓе, талентирани музичари, толку им е важно да препеат песна за некоја сподоба, која со сила сакаат да ја прикажат како херој на кого му ја должиме државноста. Дечки од Некст Тајм кој ви дава пари да се идеологизирате и да си го валкате музичкиот опус со ликови кои ниту нивното време ги оправдало, ниту историјата, а за нашето пак, се тотално неважни. Нели рокери бевте? Ганс анд роузис, ово оно… Кога отидовте у блгарски врховисти?За кого го направивте препевот? За новите генерации што растат со фортнајт и мајнкрафт и чии процесори работат во тера бајти? Што ќе научат од тој препев? Чуму? За кого бе? Па уште промоцијата на новиот спот за Тодор Александров во Драмски театар. Онака, лабаво, пред избори. Јебо вас Тодор Александров, да вас јебо. Сите до еден“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

6 год.
55529778_10158696172159466_2159142980970086400_o

Мицкоски: На Заев му беше срам да изусти дека Македонците во Егејскиот дел зборуваат македонски јазик

По ТВ дуелот со премиерот Зоран Заев, на Фејсбук се огласи Христијан Мицкоски.- На Заев му беше срам, се плашеше, се препелкаше, не сакаше да изусти дека Македонците во Северна Грција, во Егејскиот дел на Македонија зборуваат македонски јазик, затоа што со договорот ги избриша. А неговиот министер прати дипломатска нота во која што појаснуваше дека не е тој народ македонски, туку дека станува збор за етницитет“, напиша Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Зекири: ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да дојде на власт додека Мицкоски е претседател

За време на вчерашниот ТВ дуел помеѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски, на својот Фејсбук профил се огласи пратеникот Мухамед Зекири кој на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му порача дека оваа партија никогаш нема да дојде на власт додека тој е претседател.„Mицко ќе го поништел договорот со Грција кога ќе дошол на власт...цццКажете му дека нема да дојде никогаш на власт ВМРО додека он е претседател на оваа партија!!!“, напиша Зекири на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска: На ВМРО-ДПМНЕ саатот им доцни најмалку 4 часа

Министерката за правда, Рената Дескоска, вели дека ВМРО-ДПМНЕ живее во паралелна реалност, алудирајќи на тврдењето на лидерот, Христијан Мицкоски, кој во вечерашната дебата на Канал 5 рече дека партијата поднела 65 амандмани за Законот за јавно обвинителство.Министерката на својот фејсбук профил напиша дека на ВМРО-ДПМНЕ им доцни саатот најмалку 4 часа.„На вистинско место – на театар, додека надвор се случувала вистинска драмолетка околу амандманите. Денеска ВМРО-ДПМНЕ два пати покажа дека живеат во паралелна реалност: прво тврдеа дека сме прифатиле нешто што никогаш не сме им прифатиле. Вечерва тврдеа дека доставиле во пишана форма амандмани во Министерството, па потоа рекоа дека пратиле на мејл. Ама дознавме и дека не живеат само во паралелна реалност, туку и саатот им доцни – најмалку 4 часа. Но, според постапките изгледаат изгубени и во времето. Само не ми е јасно зошто им требаше целата оваа драмолетка?!“, пишува Дескоска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
avtopat-tetovo-skopje

Сообраќајот се одвива по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Променливо облачно со силен ветер

Денеска времето ќе биде променливо облачно, попладне со слаб локален дожд, а на планините слаб снег. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер (до 70 км/час) што ќе услови намалување на дневната температура, особено во северните делови. Температурата ќе се движи од 11 до 17 степени.Во Скопје променливо облачно време со температура од 3 до 13 степени.Во четврток ќе се задржи променливо облачно време, со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од петок утринските температури на места ќе се спуштаат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.

Македонија | пред 6 години

6 год.
gjorgji-trendafilov

ГДУ: За трската, гуската и по некое ауди

И Севернава Република за среќа и инает на „неверниот Тома” здраво се држи во своите одамна стекнати библиски рамки. Како поинаку да ја окарактеризираме сагата за Матка и дивоградбите освен како „инспиративна парабола”. Здравата другарска и конструктивна писмена комуникација меѓу разните надлежни и ненадлежни комисии, инспекции,самоуправи и агенции, министерства и министри, се развлекува и извлекува до конечната констатација – Ниеден земски и човечки закон не третира нешто слично,оваа појава е рамна на чудо, дивоградба пред носот на Владата на Северната Република. Алелуја, истакна Ѓорѓи Трендафилов, претседавач со Националниот комитет на ГДУ.Ние обичните смртници заробени во суеверие и незнаење, не сме во состојба да разбереме како еден вицепремиер и еден генсек, јавно воопшто не се разбираат меѓусебе,дури по потреба и само јавно молчат, па сепак одлично соработуваат во духот на меѓусебното разбирање, толеранција и бездруго љубов. Тоа е толку силно,што се чини дека ќе скокнат до Калишта и со голи раце ќе ги изгаснат огновите кои ја горат трската, огнови кои се палат таинствено и мистериозно. И да, само на некои крапови им пречат засега. Алелуја!„Ако продолжиме со овој тренд“, нагласи премиерот Заев, „освен политички пример, Република Северна Македонија ќе биде и економски пример“. Куманово, 25.03.2019. И уште еднаш,Алелуја!Секој суеверен незнајко веднаш помислува на Мира Дизел, сегашен или поранешен Сер(ко) на чие располагање е и веков и светов, причина и цел по себе, распослана низ разни „профитабилни” јавни компании, агенции, дипломатии, регулаторни и нерегулирани тела и органи. И општеството ни било поделено? Младите заминувале? Дајте уште една тура „инклузивност, агрегатори, генератори, вмрежување, или – доаѓа мониторингот на ЕУ, доаѓаат институции кои ќе стават ред.Младите да не бараат работа во јавната администрација, така може да ја загубат креативноста“, изјавува премиерот а суеверните се чудат и прашуваат:– А што со овие, досегашниве институции, можеме ли да му ги вратиме на производителот? Но, изненадувањето не завршува тука, професионалниот и независен, објективен и непристрасен медуимски простор (или дел од него) со евровизиска еуфорија вечерва ни приредува нешто кое е е безмалку чудо – дебата меѓу Синот на Таткото и Таткото на…но,за тоа другпат, да бидеме фокусирани на дебатата, на добрата вест, на прецизната фактографија кој е 83, а кој 84% корумпиран, помилуван, аболиран,амнестиран, привилегиран… се во интерес на нашите граѓани и евроатлантски аспирации, присуството на родител или старател не е одамна задолжително.И додека времето ентузијастички не носи кон сензуалната средба со надпартиските, широко поддржани претседателски кандидати после чиј избор и уште неколку рунди политички пазарења ќе потечат мед и млеко, можеби неслучајно клучевите на Рајот овде,во Севернава Република ги има Крсто. Навистина си чудесна, каква и да си Македонијо, истакна Ѓорѓи Трендафилов, претседавач со Националниот комитет на ГДУ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_0134

Ќе се формира Ресурсен Центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање

На предлог на Министерството за труд и социјална политика, на денешната седница е усвоена Информацијата со Предлог за воспоставување на Ресурсен Центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање (Center of Exellence on Gender Responsive Budgeting).Ресурсниот Центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање ќе обезбедува експертска поддршка, добри практики, истражувања и обуки за градење на капацитетите на државните службеници во областа на родовото одговорно буџетирање за вклучување на родовата компонента во јавните финансии, управувањето и креирањето политики.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_0133

Ќе се формира Ресурсен Центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање

Владата на РСМ на денешната седница даде позитивно мислење на иницијативата на група пратеници за автентично толкување на член 115 од Законот за данок на личен доход.Според предлагачите на барањето за автентично толкување, одредбите од овој член предизвикуваат различни толкувања и примена и ги става во различна положба здруженијата на граѓаните и фондациите како даночни обврзници пред Управата за јавни приходи, а кои произлегуваат од Законот за здруженија на граѓани и фондации и од Законот за персонален закон на доход.Со ова ќе се оневозможи различните толкувања да ги ставаат институциите во функција на политички притисоци врз граѓанскиот сектор, нешто што беше пракса за време на претходната влада.Воедно, ова автентично толкување ќе овозможи непречено практицирање на слободата на здружување и на дејствувањето на граѓанските организации и ќе обезбеди исправање на неправдата нанесена врз граѓанските организации кои беа предмет на интензивни даночни инспекции во периодот на претходната Влада.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_0135

„Младинска картичка“ за повеќе поволности

На оваа своја седница министрите во Владата ја разгледаа и усвоија и Информацијата за реализација на Проектот „Младинска картичка“, кој има за цел да го олесни и подобри секојдневието на младите со поволности кои ќе опфатат повеќе категории како попусти во угостителството, трговијата, пристапот до едукативни центри и културни и спортски настани, како и за патувања во земјата и во странство.Со информацијата Владата на РСМ донесе и заклучок одредени министерства да се вклучат во проектот за поволности за младите од 15 до 29 години, како и препорака за единиците на локалната самоуправа исто така да станат дел од реализацијата на овој проект.Втората фаза од „Младинската картичка“ е вклучување на националната картичка кон системот „Европска младинска картичка“ кога младите од нашата земја ќе можат овие бенефиции да ги уживаат и во земјите членки на ЕУ. На денешната седница Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата во врска со отпочнување активности за спроведување на Стратегија за развој на женското претприемништво во Република Северна Македонија 2019 - 2023, со Акциски план, и ги задолжи сите органи на државната управа, за кои има предвидено активности во Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за развој на женското претприемништво во Република Северна Македонија 2019 - 2023, средствата потребни за реализација на активностите да ги планираат во своите годишни буџети за тековните години согласно временската рамка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_0130

Се подготвува ИКТ стратегија за правосудството

Владата на Република Северна Македонија на денешната 127 седница ја разгледа и усвои Информацијата за подготовка на Стратегијата за информатичко - комуникациска технологија во правосудството 2019 - 2024, со Акциски план.Стратегијата за ИКТ во правосудството е во согласност со европските и меѓународните стандарди, со цел да се зголеми пристапноста, навременоста и лесното користење на правосудните услуги за сите корисници, да се подобри квалитетот на податоците, заштитата и безбедноста, како и соработката со други правосудни системи, институциите на Европската Унија, нејзините земји- членки и меѓународните организации.Стратегијата за информатичко-комуникациска технологија во правосудството на Република Северна Македонија е во функција на модернизирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудството како една од најбитните реформи во РСМ, заклучи владата на денешната седница.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaev-za-kandidat

Заев прифаќа парламентарни избори ако Пендаровски изгуби

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев во емисијата „Само вистина“, изјави дека прифаќа предвремени парламентарни избори доколку Стево Пендаровски изгуби на претседателските избори.„Верувам дека ќе победи Пендаровски. Јасно и гласно нека изјави Мицкоски дали ако изгуби Силјановска дали ќе поднесе отставка. Јас прифакам предвремени парламентарни избори ако ги побара опозицијата, ако изгуби Пендеровски. Еве Мицкоски едноставно прашање, дали ќе понесете одговорност и ќе поднесете оставка?“, изјави Заев.„Мицкоски ќе ве победи на следните предвремени парламентарни“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mkd-414554

Заев до Мицкоски: Мрчите за пресудите од 27 април

Вие до денес јавно не го осудивте насилството, му рече премиерот Зоран Заев на опозицискиот лидер Христијан МИцкоски во вториот дел на ТВ дуелот на Канал 5.До денес јавно не го осудите насилството, лузните мои кои ги гледате, крвта која се пролеа на столбовите на македонската демократија. Дали јавно го осудувате тоа што се случи на 27 април"?, го праша Заев директно Мицкоски.„Насилствотот сум го осудил и пак го правам тоа. Го осудвам и поводот за да се изврши тоа насилство како и висината на казните. Имаме повратници учесници во ИСИС кои имаат помали казни од Ангелов или Чавков. Вие знаете дека има закани кон мене од припадници на групата осудена за Диво Насеље. Дали го осудувате тоа", реплицираше Мицкоски.„Да, ама не како вас. Вие осудувате за насилство, а мрчите за пресудите", одговори Заев.На ова Мицкоски реплицираше дека некако имал чувство како да биле блиски со Заев, оти му се обраќал со зборот „мрчите“.

Македонија | пред 6 години

6 год.
nezavisni

Мицкоски: Би бил незрел политичар ако речам дека не би ги вратил осумтемина пратеници

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека постои можност осумтемина пратеници кои беа исклучени од партијата, да бидат вратени.-Секогаш во животот постојат работи што имаат реверзибилна насока. Би бил незрел политичар ако речам дека не би ги вратил. Апсолутно е можно, секогаш постојат секакви можности – рече Мицкоски.Тој додаде дека на средбата со оваа независна пратеничка група ги презентирал принципите на ВМРО-ДПМНЕ за реформските закони, но и за Законот за јавно обвинителство, кое ќе ја дефинира иднината на СЈО.

Македонија | пред 6 години

6 год.
vojnik-arm

На Лазаровска и се заканува отказ, таа тврди дека Фејсбукот и бил хакиран

Некој ми го хакирал Фејсбук профилот или направил паралелен како да е мој и ја напишал недоличната порака „да му даде Нобелова награда за храброст на напаѓачот во Нов Зеланд“, вели професионалниот војник Татјана Лазаровска од Битола, пишува порталот Сакам да кажам.Лазаревска, како што најави Министерството за одбрана ќе добие отказ поради говорот на омраза на социјаните мрежи.Лазаровска, која десет години работи во АРМ, вели дека таа не е автор на таквата порака и случајот веќе го пријавила во СВР Битола.– Претходно имав ситуација на работа и разговарајќи со старешини им кажав дека ми се бришат и се додаваат личности од фејсбук, но не обрнував внимание зашто јас немам некои информации да пренесувам таму. Не ни помислив дека до вакво нешто може да дојде. Како припадник на АРМ ми е непријатна цела ситуација и срамно е. Како православен христијанин сметам дека не е долично, припадниците на православната вера знаат дека ние верниците не се повикуваме на убиство и насилство врз која било вера и нација – вели Лазаровска.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања