Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
srpska-policija

Малолетник нападнал полициски службеник

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Б.Д.(17) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 06.03.2019 во Кичево, пријавениот, при обид за преглед од полициски службеници, физички нападнал полициски службеник.

Македонија | пред 6 години

6 год.
bolnica-ohrid

Поранешниот директор на ЈЗУ „Општа болница“ и неговиот заменик ја оштетиле болницата за над 1,2 милиони денари

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,несовесно работење во службата“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Љ.А.(62), М.К.(60) и Г.С.М.(47), сите од Охрид.Од ноември 2013 до август 2017 година Љ.А. и М.К. во својство на директор и помошник директор за економски работи на ЈЗУ „Општа болница“ Охрид, со пропуштање на должен надзор во вршењето на службените овластувања, на Г.С.М. и овозможиле продолжување на времетраењето на нејзините докторски специјализации од максимум утврдениот рок од 60 месеци и не ја задолжиле да се врати на работното место општ доктор во болницата.Наместо тоа, Љ.А. и М.К. и овозможиле да остане уште 46 месеци на сметка на болницата исплаќајќи и плата и надоместоци без извршени работни задачи. На тој начин, тие и нанеле штета на ЈЗУ „Општа болница “Охрид од вкупно 1.240.727,оо денари.

Македонија | пред 6 години

6 год.
evn-rabotnici

Сопственик на бурекчилница нападнал вработени од ЕВН

На 25.03.2019 во 14.08 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(31) од Скопје, вработен во ЕВН, пријавил дека во бурекчилница на улица „Иван Хаџиниколов“ во Скопје, додека извршувале работни задачи со колегата С.Ц., сопственикот на објектот М.С. им упатувал закани, по што го оштетил службеното возило „Фиат Дабло“. М.С. бил приведен во Полициската станица Драчево, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

6 год.
svr-ohrid

Охриѓанец со лажна изјава сакал да легализира бесправно изграден објект

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Р.(44) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“. На 22.05.2018, пријавениот, во прилог на докуменатацијата за постапка на легализација на бесправно изграден објект, доставена до општина Охрид, приложил лажна изјава дека објектот бил изграден во текот на 2010 година.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pozar-drvja

Пожар на границата со Бугарија, но и во Скопско и Тетовско

На 25.03.2019 во 11.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во атар на село Дивље, скопско, на место викано „Венец“ настанал пожар при што горела нискостеблесна шума. Екипи на Бригадата за противпожарна заштита и месното население преземаат мерки за гасење на пожарот.На 25.03.2019 околу 13.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека во близина на граничната линија со Република Бугарија (граничен камен 23) настанал пожар. Веднаш биле известени Територијалната противпожарна единица и Центарот за управување со кризи. Се преземаат мерки за гасење на пожарот.На 25.03.2019 во 16.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар на место викано „Долна локва“, кон Маздрачка каптажа, при што била зафатена борова шума. Известени се Територијалната противпожарна единица и Центарот за управување со кризи и се преземаат мерки за гасење на пожарот.На 25.03.2019 во 17.40 часот во Полициската станица за граничен надзор „Пехчево“ било пријавено дека во близина на граничната линија со Република Бугарија(кај граничен камен 35) настанал пожар. Известени се Територијалната противпожарна единица и Центарот за управување со кризи и се преземаат мерки за гасење на пожарот.На 25.03.2019 околу 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на село Патишка река, скопско, настанал пожар на нискостебелеста шума, кој се шири кон појас на шума од даб и смрека. Известена е Територијалната противпожарна единица и преземени се мерки за гасење на пожарот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Удрил пешак и избегал, полицијата трага по несовесниот возач

На 25.03.2019 околу 19.30 часот на крстосницата од улиците „Народен Фронт“, „8ми Март“ и „Подлешка“ во Кавадарци, возило, управувано од непознат возач, удрило во пешакот А.Р.(67) од Кавадарци и го напуштило местото на настанот. Со тешки телесни повреди А.Р. бил пренесен во болницата во Кавадарци каде му била укажана помош. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото и за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
motori

МВР ги демне мотоциклистите кои ги прекршуваат сообраќајните правила

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово на 25.03.2019 извршија контроли за прекршоци во сообраќајот во Тетово и утврдија прекршоци кај четири мотоциклисти, од кои двајца ги управувале мотоциклите без положен возачки испит, еден имал истечена регистрација, а еден не бил регистриран.Во Гостивар откриен е еден нерегистриран мотоцикл и пет други прекршоци кои се однесуваат на оваа категорија учесници во сообраќајот. Покрај тоа, во контролите во Гостивар утврдени се и шест други прекршоци.

Македонија | пред 6 години

6 год.
traktor

Управител на фирма измамен при набавка на трактор

На 25.03.2019 во 10.30 часот во СВР Битола, Т.Ж.(43) од Битола, управител во приватна фирма од село Трн, битолско, пријавил дека бил измамен при набавка на трактор. Според пријавеното, тој по претходен договор со германска фирма за набавка на половен трактор, на сметка на фирма од Риека, Република Хрватска уплатил 15.500 евра. Кога испратил камион во Германија за транспорт на тракторот, увидел дека на наведената адреса не постои таква фирма. За настанот бил известен јавен обвнител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
stop-policija

Санкционирани битолчани кои не ги почитуваат сообраќајните правила

На 25.03.2019 полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, сигурносен појас и светло.Притоа, исконтролирани се вкупно 371 возилаи возачи и било констатирано дека 25 возачи ја надминале дозволената брзина, четири возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле две возила, на мобилен телефон разговарале пет возачи, а сигурносен појас не користел еден возач.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-123

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Пехчево

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.П.(45) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување “.Во текот на 2016 пријавениот, како градоначалник на Општина Пехчево, спротивно на Законот за јавни набавки, во 13 наврати донел решенија за исплата на парични средства на здружението за културни дејности „Млади во движење“-Пехчево, со што се стекнало со противправна имотна корист од 1.091.650 денари на штета на Буџетот на општина Пехчево.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Бугарин и македонци извршиле тешка кражба

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.Б.(26) од Пловдив, Република Бугарија, Д.Р.(24) од Скопје, Н.С.(21) од Скопје и К.Е.(34) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.На 02.03.2019 во сервис на ул.„Бутелска“ во Скопје пријавените со употреба на сила и погоден алат влегле внатре и одзеле предмети во вредност од 309.000 денари.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Притвор за прилепчанец кој со закана од вработената одзел пари од дневниот промет

На 25.03.2019 во 07 часот полициски службеници по преземени мерки и извршени претреси на ул. Максим Горки во Прилеп го лишија од слобода С.С.(38) од Прилеп под сомнение за сторено кривично дело по член 237 од Кривичниот законик и на С.С. од страна на надлежниот суд му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена. С.С. е осомничен за разбојништво извршено на 24.3.2019 во продавница на улица „Кеј 1-ви Мај“ во Прилеп каде со закана од вработената одзел пари од дневниот промет.

пред 6 години

6 год.
vojnik-arm

Дискиплинска комисија ќе одлучува дали професионалниот војник ќе добие отказ

Против професионалниот војник Татјана Лазаровска ќе биде поведена дисциплинска постапка и ќе биде предложена најстрога казна, односно најверојатно ќе и се прекине ангажманот во Армијата на Република Македонија, откако таа преку статус на Фејсбук шири говор на омраза со повикот да му се даде Нобелова награда на напаѓачот од Нов Зеланд, каде беа убиени 50 лица.Дисциплинската комисија од Генералштабот ќе одлучува дали на припадничката од минофрлачката единица во Кичево ќе и врачи отказ, а додека се води постапката таа не смее да користи оружје.„Генералштабот на АРМ до Дисциплинската комисија има дадено насоки во рамките на законските регулативи и надлежности да се изрече најригорозна казна бидејќи со непримерното однесување од страна на вработениот припадник е нарушен угледот на Армијата. Дополнително, изречена е забрана до формациско оружје како претпазлива мерка.“ – стои во соопштението на Генералштабот на АРМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
tatko-i-bebe1

И татковците ќе одат на породилно отсуство

Освен деветмесечното породилно отсуство за мајките – и татковците ќе добијат зелено светло да не доаѓаат на работа веднаш штом добијат принова во семејството.Правото на породилно отсуство од девет месеци за жените да остане исто, а мажите да добијат право на еден задолжителен месец породилно кој ќе следува веднаш по раѓањето на детето како и дополнителни три месеци, е предлог модел на „Реактор – Истражување во акција“ за Споделено родителско отсуство.Во Македонија и порано имало обиди да се изменат законите и нормите и да им се дозволи и на татковците да можат да се грижат за децата уште од нивното раѓање. Но, тоа никогаш не се остварило. За да има кој да се грижи за детето, мајката е приморана да не оди на работа.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Министерството за правда призна дека ги прескокнало сите меѓународни документи кои водат до современо Јавно обвинителство

Министерството за правда вчера по неколку денови соопшти дека ги прифаќа трите принципи од ВМРО-ДПМНЕ кои што беа поставени како основа врз која што ќе се разговара во креирањето на текстот на законот за јавно обвинителство, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Добро е што министерството вчера призна дека ги прескокнало сите меѓународни документи кои водат до современо, непартиско, отчетно и храбро Јавно обвинителство кое би работело во заштита на граѓаните врз база на почитување на човековите права, и дека укажувањата од ВМРО-ДПМНЕ е токму во таа насока.Со прифаќањето на трите принципи поставени од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Рената Тренеска Дескоска признаа дека не се работи за злоупотреби од страна на опозицијата, туку напротив, за нивна злоупотреба од позиција на моќ кон носење на закон кој што не доликува на европска држава и закон врз кој што би се градело обвинителство во служба на извршната власт.Овој закон мора да биде донесен со консензус со опозицијата и за него е невозможна трговија ниту пак откажување од било кој од трите наведени принципи.Добро е што Заев и Дескоска повеќе не бегаат од имплементирање на 11 меѓународни акти од ОН, од препораки од Европскиот Совет на министри, од препораки од Венецијанската комисија. Добро е што Заев и Дескоска повеќе не бегаат од одговори за непочитување на обвинителството, ниту од непостапување на обвинителството, ниту од формирање на тело на посебно одделение за следење на европската регулатива и прецедентното право на Европскиот суд за човекови права. Добро е што Заев и Дескоска повеќе не бегаат од барањата за политичка независност на обвинителството, ниту од избор на Јавниот обвинител по предлог на опозицијата, барање да потсетам кое што до вчера и СДСМ го поставуваше како опозиција, како решение кое ќе ја ефектуира независноста и неутралноста на Јавното Обвинителство од извршната власт.Добро е што Заев и Дескоска повеќе не бегаат и игнорираат аргументирани предлози кои ќе овозможат борба со коруптивните и криминогените дејствија на власта, не бегаат од фактот дека треба да има одговорност и почитување на човековите права, а не јавните обвинители да штитат министри и премиери и да спроведуваат чистки со политичка нарачка на власта. Добро е што Заев и Дескоска повеќе не бегаат од Анкетна комисија која што ќе ги испита сите афери во рамките на СЈО и начинот на кој што актуелниот состав истроши десетици милиони евра, ниту пак од формирање на тело- на посебно одделение за следење на европската регулатива и прецедентното право на Европскиот суд за човекови права.И секако, добро е што Заев и Дескоска повеќе не бегаат од истраги со кои ќе се решат прашањата кои што и ден денес ја мачат Република Македонија, безбројните афери за криминалните приватизации, за оставањето на улица на над 300.000 работници, за сите бонбона бизниси и испитување на стекнувањето богатства на низа транзициски политичари денес повторнозбиени во власта.Министерството за правда преку соопштение ја призна грешката, останува во следните денови власта и во разговорите да ја ефектуира декларативната заложба за вистинско долготрајно законско решение за Јавното обвинителство во Република Македонија, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
20190326_112740

Се водат преговори македонско јагнешко месо да се продава на турскиот пазар

Денеска претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, одржаа работен состанок со здруженијата на одгледувачи на овци и Институтот за сточарство. На средбата се разговараше за актуелната состојба со откупот на јагне и просечната откупна цена.Претставниците од здруженијата на одгледувачи на овци ги изнесоа своите барања. Поради ниската откупна цена, побараа државата да интервенира со дополнителна мерка која што ќе ја покрие разликата помеѓу производната и пазарната цена. Второто барање на одгледувачите на овци беше, за оние сточари кои што се влезени во системот на контрола за исплата на субвенции, да се забрза постапката за исплата на субвенциите.Од страна на МЗШВ се посочи дека по завршувањето на откупот на јагне ќе се анализираат податоците од терен и по завршувањето на вториот круг на претстојните претседателски избори МЗШВ ќе излезе со соодветно предлог решение, со цел сточарите да не трпат загуби од сопственото производство. Во однос на исплатата на субвенциите, МЗШВ ги информираше одгледувачите на овци дека ќе ја извести Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој.Во меѓувреме, секое здружение до МЗШВ ќе испрати пополнет прашалник за сите трошоци што ја формираат производната цена, истата ќе се спореди со анализите на МЗШВ со цел да се дојде до реална производна цена, за да може да се подготви соодветно решение за одгледувачите на овци.И претставниците на здруженијата на одгледувачи на овци позитивно ја иницијативата на МЗШВ што во моментов се спроведува преку Агенцијата за храна и ветеринарство за попис на бројот на овци и кози и земањето на крв од овците. Се согласија дека за понатамошното креирање на ефикасни политики за развој на овчарството и за правилна распределба на субвенциите, важно е да се знае точната бројка на овци.Во текот на вчерашниот во МЗШВ се одржа работен состанок со откупувачите, претставниците од кланиците и извозниците на јагниња, на кој што исто така се разговараше за состојба со откупот на јагне и за извозот. Од страна на откупувачите беше посочено дека не очекуваат проблеми со пласманот и дека јагнето во целост ќе биде откупено.МЗШВ и Владата ја следат состојбата со откупот на јагнето и нема да се дозволи сточарите одгледувачи на овци од нивниот производ да не прават загуба. Паралелно, МЗШВ континуирано работи на воспоставување на контакти  со нови пазари за извоз на јагнешкото, а веќе течат преговори за добивање на квота за извоз на јагнешко месо на турскиот пазар.

Македонија | пред 6 години

6 год.
dzamija-najnova

ИВЗ е категорична, компромис нема - градежните работи на џамијата во Охрид нема да престанат

ИВЗ е категорична, градежните работи за реставрацијата на Алипашината џамија во Охрид и изградбата минаре  се во тек и нема да престанат.  Тие додаваат дека по однос на ова прашање нема компромис. Изградбата нема да се стопира.Од Верската заедница велат дека реагирале до Владата со писмо, затоа што според нив чашата се прелеала во моментот кога реставрацијата на Алипашината џамија и изградбата на минарето биле оспорени од здружението „Совест“.На 20 март се оствари средба меѓу претставниците на здружението Совест, в.д градоначалникот Константин Георгиески, помошник раководителот на секторот за урбанизам во општина Охрид Бранко Арнаудов, директорката на завод и музеј, Елеонора Новаковска и претсставниците од здружението „Совест“, Михаил Трендафилов, Михаил Арнаудов и Томе Џамтовски.По средбата беше кажано дека премиерот Заев им ветил дека ќе биде поставена жолта лента за забранет пристап до џамијата во Охрид, но такво нешто и по шест дена сеуште нема.Два дена по ова, од ИВЗ се обратија до Владата со писмо во која ја обвинуваат дека не е добро да поддржува оспорување на чувствата на еден народ.Од ИВЗ во писмото тврдеа дека за реконструкцијата  Али Пашината џамија во Охрид, имаат соодветна важечка градежна документација, со средства обезбедени од странска донација, која отежнато се користи поради како што велат бироктарскиот однос на надлежните државни институции. Наспроти тоа МПЦ , како што велат не дека ги има овие проблеми туку напротив е фаворизирана и привилигерина во секој поглед.Инаку Основото јавно обвинителство отвори предмет за градежните работи на џамијата, а обвинителот констатирал дека правното лице опфатено во истрагата нема правосилно одобрение од Министерството за транспорт и врски. Судот по барање на Обвинителството донел решение за забрана за преземање и изведување градежни работи на објектот. Но, решението не се почитува.Во предметот на Обвинителството опфатени се 8 лица, некои се физички, а други правни субјекти. Меѓу нив се нарачателите и изведувачите на градбата. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
55932391_611884472620399_5243957620179468288_n-1

5 медали за 4 македонски репрезентативци

На турнирот „MASTER BJJ OPEN“ во Белград, Србија 4 македонски репрезентативци, членови на клубот „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ од Кисела Вода предводени од селекторот Ивица Алексовски освоија 5 медали. Во категорија на возрасни со 4 натпреварувачи освоија 4 место.-Во Белград настапивме со 4 репрезентативци, членови на нашиот клуб. Во категорија на возрасни натпреварувачи со 4 наши членови освоивме 4 место. Ева Илиевска со 5 победи успеа да освои 2 златни медали, Ненад Мрчковски кој за првпат се натпреваруваше на меѓународен турнир се закити со златен медал во катергорија на мажи – 70 кг., бел појас, додека во апсолутна категорија  освои 3 место. Михаил Поповиќ освои 3 место во категорија -70 мажи, плав појас, додека во апсолутната категорија загуби во полуфинале и во борбата за 3 место. Вања Милевски не успеа да освои медал, загуби во полуфиналниот натпревар, а потоа не се бореше за 3 место поради здравствени проблеми, изјави тренерот на „Д Стронгест & РУТС БЏЏ”, Ивица Алексовски. 

Спорт | пред 6 години

6 год.
tepacka1

Охриѓанец нападнал жена пред угостителски објект

На 25.03.2019 околу 15.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека пред угостителски објект на улица „Партизанска“ во Охрид Б.Р.(63) од охридското село Мешеишта физички ја нападнал Ф.Ѓ.(58) од Охрид. По целосно документирање на настанот, против Б.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

"Фејсбук" се налути, бриши лажни профили од Македонија, Косово, Иран и Русија

Социјалната мрежа „Фејсбук“ денеска објави дека укинува околу 2.600 кориснички профили и страници од Македонија, Косово, Русија и Иран, заради, како што се наведува, „координирано неавтентично однесување“."Reuters" пренесува дека оваа компанија објавила дека "вкупно 2.632 страни, групи и профили биле отстранети од Фејсбук и Инстаграм поради операции поврзани со споменатите земји".Се наведува дека "513 од тие профили биле поврзани со Иран, додека 1.907 биле поврзани со Русија".Компанијата навела дека страните и профилите се "отстранети поради однесувањето, а не поради содржината".

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања