Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
pozar-drvja

Изгореа 2.000 метри квадратни нискостеблеста шума во Групчин и 15 хектари во Македонска Каменица

На 25.03.2019 во 10.20 часот во Полициското одделение Групчин, вработен во ЕВН -Тетово пријавил дека на 24.03.2019 во село Копачин Дол настанал пожар во нива, при што горела површина од 2.000 метри квадратни сува трева и нискостеблеста шума. Во пожарот изгореле две дрвени бандери од висина од 12 метри од 10 киловатен извод Стримница- Дервент. Пожарот бил изгаснат, а увид извршила екипа од СВР Тетово.На 25.03.2019 околу 13.00 часот било пријавено дека во атарот на село Дулица, Македонска Каменица, на место викано „Јуковска маала“, настанал пожар во кој биле зафатени околу 15 хектари нискостеблеста дабова шума. Во 17.15 часот пожарот бил изгаснат од екипи од Шумското стопанство и Територијалната противпожарна единица.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pozar

До темел изгоре куќа во Беровско

На 24.03.2019 околу 02.30 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека настанал пожар во куќата сопственост на З.М.(56) во село Русиново, беровско, во моментот кога спиеле членови на неговото семејство. Повредени лица нема, а од пожарот куќата целосно изгорела.Пожарот, со помош на соседите, бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Берово и увид извршиле увидна екипа од Полициската станица Берово и инспектор за пожари од Дирекцијата за заштита и спасување – Берово.

Македонија | пред 6 години

6 год.
aerodrom-skopje

Државјанин на Косово сакал да патува како французин, со фалсификувана лична карта

На 25.03.2019 во 05.30 часот на Граничен премин „Аеродром-Скопје“, при контрола и проверка било констатирано дека француската лична карта на И.П.(25) од Косово била фалсификувана. Тој бил приведен во полициска станица, по што дал други лични податоци за себе, односно дека е И.В.(24) од Косово. Подоцна бил предаден на инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajka

„БМВ“излетало од патот и удрило во дрва, повреден возачот

На 25.03.2019 во 12.20 часот на автопатот „Мајка Тереза“ - Обиколница на Град Скопје, после клучка Стајковци, патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(33) од село Страчинци, скопско, излетало од патот и удрило во дрва. Притоа, со повреди се здобил возачот на кого му била укажана лекарска помош во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

6 год.
soobrakajna-nesreka

Во сообраќајни несреќи во Прилеп и Липково, повредени 44 год пешак и 6 год дете

На 25.03.2019 околу 06.50 часот на улица „Марксова“ во Прилеп, патничко возило „Фолксфаген Венто“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Н.(48) од село Дреновци, прилепско, удрило во пешакот А.С.(44) од Прилеп. Од ударот А.С. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош во болницата во Прилеп бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Изршен бил увид на местото.На 25.03.2019 околу 15.20 часот во село Опае, општина Липково, патничко возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(24) од село Лопате, кумановско, удрило во шестгодишно дете од село Опае. Од ударот момчето се здобило со повреди и по укажаната помош во болницата во Куманово било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 6 години

6 год.
2-2-1

Изгаснат пожарот во Потпелистерието

Пожарот кој вчера во попладневните часови го зафати атарот на потпелистерското село Ротино е целосно изгаснат. До доцна во вечерните часови екипите на терен пожртвувано се справуваа со огнената стихија, која, на моменти, поради силниот ветар, се закануваше да ја зафати и моликовата шума на Националниот парк „Пелистер“.Утринава, во кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска, дел од кризниот штаб информораше за превземените чекори во акцијата за гаснењето на пожарот. Командирот на ТППЕ Битола Костадин Поповски истакна дека во текот на вчерашниот ден, на територијата на Општина Битола биле пријавени осум пожари, случај кој не е евидентиран ниту во најжешките месеци од годината. Според него, само два се евидентирани како пожари предизвикани од запалени стрништа, додека останатите се претпоставува дека се намерно предизвикани. Општина Битола писмено ќе се обрати до СВР Битола, со цел да се превземат соодветни чекори за поголема контрола на терен, согласно законските прописи.Пожари имало во селата Жабени и Св. Тодори, во околината на селата Драгожани, Беранци, Цапари и Ротино, месноста Дебел рид и во градот кај Хотел Битола. На терен, покрај 20-те пожарникари со 5 противпожарни возила, учествуваше и едно противпожарно возило од РЕК Битола, од Општина Ресен, возила на јавните претпријатија со нивни вработени лица, како и вработените во НП „Пелистер“, кои на терен одиграле важна улога во спречувањето пожарот да се прошири кон Националниот парк. Во пожарот нема изгорени индивидуални објекти, а гореше папрат и смрека.

Македонија | пред 6 години

6 год.
krazba

За разбојништва и тешка кражба обвинето едно лице

Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за извршени две кривични дела  – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик, како и за едно дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот првото дело го сторил на  04.12.2018 година, во аптека на „Зегин Фарм“ која се наоѓа на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје. Тој влегол во аптеката со црна маска на лицето и шприц со игла во раката, и се заканил на вработената и одзел 9.790 денари. Второто разбојништво го сторил на 12.12.2018 година во  ПЗУ „Моја Аптека Зегин“. Со качулка и шал преку лицето, држејќи скалпел во рацете, се заканил дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на вработените, по што одзел 1.500 денари.На 28.12.2018 година, пак, во просториите на Центарот за ментално здравје Влае при ЈЗУ Психијатриска болница Скопје – Бардовци со провалување одзел туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвои. Истиот ден тој во просториите на Центарот за ментално здравје влегол два пати. Првиот пат украл четири монитори и еден рутер со вкупна вредност од 21.000 денари. Истиот ден преку прозорецот од една повторно влегол во објектот и одзел други подвижни предмети – средства за хигиена, кафе, сијалици, звучници за компјутер, компјутерски и продолжни кабли за напојување, се во вкупна вредност од 23.864 денари. Кога излегол од просториите преку скршен прозорец бил затекнат и задржан од еден сведок.Надлежниот јавен обвинител на Судот му предложи да ја продолжи претходно определената мерка притвор за обвинетиот со оглед на тоа што тој е повеќепати осудуван за ист вид кривични дела, па постои опасност тој да се даде во бегство и основан страв дека би можел да го повтори кривичното дело.

пред 6 години

6 год.
trska-pozar

ОЈО Струга поведе постапка против две лица за сечење на трската од езерското крајбрежје

На 16.03.2019 година двете лица се забележани како уништуваат добро под привремена заштита, односно природна реткост. Имено, еден од осомничените во близина на плажата „Версус“ со кајче влегол во езерото и со срп ја сечел трската. Вториот осомничен го нарачал сечењето на трската со намера да се сопре природниот раст. Со ваквите дејствија осомничените постапиле спротивно на Законот за заштита на природата, во кој Охридското Езеро е класифицирано како споменик на природата и каде не се дозволени активности со кои се загрозуваат неговите обележја и вредности.Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга против двајцата осомничени започна постапка заради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости по член 264 од Кривичниот законик.Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка и против инспектор по природа од Министерството за животна средина за сторено кривично дело – Попречување на правдата од член 368-а од Кривичниот законик. Предметот е отворен затоа што осомничениот одбил да излезе на лице место во моментот кога се сечела трската и да преземе дејствија по барање на јавниот обвинител.Во изминатиот период Основното јавно обвинителство Струга интензивно ја следи ситуацијата со уништувањето на трската на езерското крајбрежје, за што се издадени наредби за засилен надзор. Истовремено, до полициските службеници се издадени насоки за натамошно постапување во насока на откривање на сторителите и на прибавување докази. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
masakar-nov-zeland

Припадничка на АРМ ја занеме јавноста: Вели „Браво за монструмот од Нов Зеланд

-Нобелова награда за храброст да му се даде на „напаѓачот“, човекот во Нов Зеланд. Браво, бравоо-напишала припадничката на артилериската единица на АРМ Татјана Лазаровска на својот ФБ профил и крена паника во јавноста, со остри критики и осуди и во медиумите но и од Генералштабот на војската во Скопје, објави faktor.mk.Лазаревска, ангажирана како професионален војник, во артилериската единица, поради тој предлог, како што е оценето, на социјалните мрежи шири омраза. Во делот на осуда во медиумите, конкретно се бара нејзина суспензија и „чистење на фашистичкиот шлајм од институциите“.Покрај бранот негативни реакции на социјалните мрежи, осуда за „предлогот“ на Лазаровска стигна и од Генералштабот на АРМ, со најава дека поради таа постапка после истрагата, ќе биде санкционирана.Текстот во целост на: faktor.mk

Македонија | пред 6 години

6 год.
kamion-turcija

Македонец направи сообраќајка во Турција – камионот целосно уништен

Македонскиот возач Глигор Филов е повреден во сообраќајна несреќа во Турција во судир на камион со камион во близина на градот Сандикли во 55 километар на автопатот Афионкахисар – Анталија, објави dnevno.mk.Несреќата се случила во близина на наплатна рампа, а како што информираат турските медиуми, била претрпена голема материјална штета на предниот дел од камионот.Двајцата возачи биле пренесени во државната болница Сандикли.Текстот во целост на:dnevno.mk.

Македонија | пред 6 години

6 год.
next-time

(ВИДЕО) Некст тајм ја промовираа „Нешто ќе те питам бабо“

По успехот на „Ја излези Ѓурѓо“ и „Слушам кај шумат шумите",Некст Тајм повторно направија преработка на стара македонска песна. Браќата Стефан и Мартин ја преработија „Нешто ќе те питам бабо“ и снимија врвен спот.Промоцијата се одржа синоќа во Драмскиот театар во Скопје.И оваа преработка како и „Ја излези Ѓурѓо" и „Слушам кај шумат шумите", според реакциите на присутната публика, но и коментарите по социјалните мрежи ја очекува успехот од претходните две песни.

Магазин | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ ја оттуѓи државата од граѓаните и предизвика големи штети

СДСМ две години ја пустоши државата. Економија која тоне, сиромашни граѓани кои едвај чекаат да се иселат од државата и нефункционална правна држава е сликата за Република Македонија по две години власт на СДСМ, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.Власта на СДСМ ќе биде одбележана по бруталните политички монтирани случаи, спроведени преку Русковска обвинителството и Кацарска судството, кои наместо по правото, гонеа и судеа според наредбите на Заев.Современата инквизиција која ја спроведе Заев е срам за државата. Овој прогон стави во затвор и изложи на шиканирање невини луѓе, кои без никакви докази се оставени да скапуваат по затворите.Република Македонија не смее повеќе да толерира компромиси со правдата, правда мора да има. Законот мора да се почитува. Политиката мора да ги тргне рацете од правосудниот систем.Нефункционалното правосудство предизвикува и негатива врз економијата, која две години тоне 500.000 граѓани живеат на прагот на сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај.Работа се добива само доколку имаш роднинска врска со функционер на власт, а бизнис или тендер земаат само фирмите на Заеви и Анѓушев.СДСМ ја оттуѓи државата од граѓаните и предизвика големи штети, како врз  државата, така и врз граѓаните и нивните животи, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Вратена е довербата во економијата, платите растат а невработеноста опаѓа

Напредокот во евроинтеграциите и успешните економски политики на  Владата предводена од СДСМ ја стабилизираа економијата и ја поставија на вистинска патека.Довербата во економијата е вратена, државата се движи во добар правец. Доказ за тоа е рекордниот износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра во 2018 што е четири пати повеќе споредено со 2017 година, се вели во соопштението на СДСМ.За само една година стапката на невработеност е намалена за 3,6 отсто и е на историски најниско ниво.Континуирано растат платите, се усогласуваат пензиите, се обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, кај домаќинствата. Економијата, државата чекорат напред кон раст и развој и враќање назад нема. Владата предводна од СДСМ останува посветена на економските реформи и напредокот во  евроинтеграциите, процеси што обезбедуваат економски раст, повеќе инвестиции, нови работни места, повисоки плати и повеќе пари за граѓаните, велат од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
nishani_albanija

Синот на поранешниот албански претседател Нишани, се откажа од албанското државјанство

Синот на поранешниот албански претседател Бујар Нишани се откажа од албанското државјанство.– Ерсилио Бујар Нишани од 18 март повеќе не е државјанин на Република Албанија, што е објавено во службен весник. Со уредбата потпишана од страна на претседателот Илир Мета, меѓу лицата кои се откажале од албанскиот пасош е и името на синот на екс претседателот Нишани.Кои се причините за овој чекор на младиот Нишани не се познати, но се знае дека тој е на студии во Австрија.Претседателот Мета, според Уставот и позитивните законски прописи потпишува уредба за одземање или доделување албанско државјанство по предлог на Министерството за внатрешни работи.Бујар Нишани (53) на чело на албанската држава беше во периодот од 2012 до 2017 година. Во бракот со Одета ја имаат и ќерката Фиона.  

Свет | пред 6 години

6 год.
osmani-1

Османи во посета АВМУ, ќе се дискутира за мониторингот на изборното медиумско покривање

Заменик претседателот на Владата за европски прашања д-р.Бујар Османи денеска, ќе биде во работна посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. На средбата ќе се разговара за надлежностите и обврските на Агенцијата, улогата во евроинтеграциските процеси, а посебен акцент ќе биде ставен на мониторингот на изборното медиумско покривање.Средбата ќе се одржи во просториите на Агенцијата, во конференциската сала на 5-ти кат. По нејзиното завршување, директорот на Агенцијата и Заменик претседателот на Владата за европски прашања, ќе дадат изјава за медиумите.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Goran-Rafajlovski

Горан Рафајловски: Оваа влада има лоша економска политика од почетокот до сега

Во вчерашната емисија „Тренд анализа“ на ТВ 24 Вести, гостуваше Горан Рафајловски кој посочи дека оваа влада досега има само лоша економска политика.„Сé што вети оваа влада е многу далеку од остварување, реално е многу далеку“, истакна Рафајловски.Рафајловски појасни дека за да можете да го оптеретите бизнисот и да побарате да се издаде по 500 евра плата, што е изводлива можеше да се направи тоа на поинаков начин.„Првиот начин е ако веќе го притискате да даде поголеми плати тогаш немојте да го притискате на темата на даноци и да ги зголемувате даноците. Значи не може од двете страни да го притискате. И тоа се случи со 18% персонален, се случи со зголемување општо на даноци кои не се така мали.  Економија не познава социјални партии, економија познава добра или лоша економија. И во оваа ситуација имаме лоша економска политика од почетокот до сега“, посочи Рафајловски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajka

Осум сообраќајки во Скопје, шест повредени

Шест лица се здобиле со лесни телесни повреди во пет од вкупно осум сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во три била причинета материјална штета.Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 37 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица возачи поминале на крстосница на црвено светло, шест возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување,  еден возач не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца возачи за не носење заштитен шлем, осум возачи за не  користење сигурносен појас и 18 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.Од сообраќај биле исклучени 18 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и четири технички неисправни и 14 нерегистрирани возила.Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.Затекнати биле 98 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 66 возила.

Скопје | пред 6 години

6 год.
zaev-micko

Денеска ТВ дуел Заев-Мицкоски

Денеска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 најавен е ТВ дуелот на премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев и Христијан Мицкоски.Се очекува најполемизирани теми да бидат судбината на СЈО, Преспанскиот договор, осудените од „27 април“, економските политики, доделувањето на датум за преговори со ЕУ, партиските вработувања, претседателските избори и друго.Ова ќе биде второ соочување на двајцата политички лидери, по ланското на јавниот национален сервис.

Македонија | пред 6 години

6 год.
avtopat-tetovo-skopje

Сообраќајот се одвива по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 6 години

6 год.
prestrelka

Напаѓачите на избоденото момче направиле сообраќајка по крвавиот инцидент

По инцидентот во дискотека во село Марино, каде беше избоден 27-годишниот полициски службеник Фили Филиповски, неговите напаѓачи доживеале сообраќајна несреќа, потврдуваат од МВР за „Фокус“. Од таму додаваат дека сообраќајката поминала без потешки повреди и само е причинета материјална штета.За нападот се осомничени браќања Александар и Јордан Цветковски, синови на поранешниот градоначалник на Петровец, Звонко Цветковски, кој истовремено е и советник во МВР.Браќата Цветковски по инцидентот беа приведени, но притвор не им беше одреден.Таткото на Филип, Гоце Филиповски, тврди дека ножот со кој бил извршен нападот се уште не е пронајден.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања