Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Нема фотографија

Двајца скопјани каснати од куче

На 22.03.2019 година во 23,20 часот во Полициската станица Центар З.Г.(30) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 17,20 часот на улицата “Пролет“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.На 22.03.2019 година во 16,00 часот во Полициската станица Центар В.В.(81) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 13,00 часот на Плоштад Македонија, возејќи се на велосипед бил каснат од куче-скитник во пределот на левата нога.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Приведени три лица од Албанија кои немале документи

На 23.03.2019 година во времето од 00,00 до 04,00 часот во угостителски објект во с.Желино–тетовско, при извршена акциска контрола од страна на полициски службеници од СВР-Тетово биле затекнати Б.М.(21), К.О.(20) и Б.Р.(21), сите од Р.Албанија, кои биле без содветни документи.Тие биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Децата од дневниот центар во посета на Зоолошка градина

Градоначалникот Шилегов и директорот на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски вчера им беа домаќини на децата корисници на услугите во Дневниот центар „Деца на улица“, кои ја посетија скопската зоолошка.Град Скопје обезбеди бесплатни билети за Дневниот центар по барање на вработените, децата од Центарот да добијат можност повеќе да научат и да се запознаат со навиките и чувањето на животните што се дел од ЗОО.За дечињата од Дневниот центар вработените во Зоолошката организираа едукативна тура за која беше ангажиран  Војо Иванов, познатиот раскажувач од ЗОО, кој на децата им ги објасни правилата на однесување во ЗОО, тој зборуваше и за видот на животните на еден поинаков и интересен начин за децата, коишто не испуштија своето задоволство да го искажат преку многубројни прашања до раскажувачот Војо.

Скопје | пред 6 години

6 год.
zaev-za-kandidat

ВМР-ДПМНЕ: Недолжни граѓани ги полнат затворите, додека премиерот Заев е ослободен за поткуп

Република Македонија со СДСМ на власт стана земја на сиромаштија, криминал,  политички прогон и неправди.  За да ги покрие своите криминали но и неспособноста да донесе подобар стандард за граѓаните, власта почна да креира црно сценарио на поделби и прогони, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Политичкиот прогон во земјава стана секојдневие. Тие кои први го кренаа гласот против продажбата на државните интереси и погубните политики на Зоран Заев станаа и први жртви на заевизмот.Недолжни граѓани ги полнат затворите, додека премиерот е ослободен за поткуп иако цела јавност виде како бара мито од 200.000 евра. Патриоти кои цел живот го посветиле за безбедноста на државата добиваат максимални казни затвор, а борци на ИСИС кои масакрирале луѓе добиваат три пати пониски казни.Додека власта со политички прогон си ги брани сопствените криминали, државата секојдневно тоне на секое можно поле.Економијата ни е закована на дното, а БДП е со најнизок раст во Европа и регионот.  Наместо да расте економијата, растат сиромаштијата, даноците и корупцијата.Нема 500 евра просечна плата, нема повисоки плати за лекарите и професорите, нема повисоки пензии, нема ни подобар стандард за младите, но затоа има вработувања за блиските и фризерките на функционерите од власта.Власта ветуваше иднина за младите, но во реалноста го забрза иселувањето. Над 140.000 млади живеат под прагот на сиромаштијата и единствено што размислуваат е како побрзо да ја напуштат државата.Ветуваа подобро здравство, а донесоа здравство во кое умираат луѓе и се местат матни тендери. Нема пари, за пензионерите, но има за луксузите на власта.Власта која викаше дека ќе ни го зацврсти идентитетот, всушност го смени името на државата  и ги присили сите институции и столбови на државноста да го променат името и да го изгубат својот институционален идентитет.СДСМ и Заев донесоа само неправди, криминал и нечесност на секој чекор, а тоа не носи иднина за граѓаните и државата. Токму затоа граѓаните ќе се спротивстават  на заевизмот и ќе се изборат за правда, владеење на правото и подобра иднина за себе и идните генерации и за Република Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-ilustracija

Бркотница со ножеви на Рузвелтова, има повредени

Тепачка и бркотница со ножеви се случила вечерва на улицата „Рузвелтова“ во Карпош 1, непознати лица го нарушиле јавниот ред и мир, пренесува НетПресс.Според информацијата лицата се помлади и расправијата ја почнале во познато кафуле во близина на СЈО, неофицијално има и повредени.

Скопје | пред 6 години

6 год.
tramp-ID

Трамп мафтајќи со карата вели: Ја поразивме исламската држава

Американскиoт претседател Доналд Трамп изјави дека сојузниците на чело со САД ги протерале милитантите од ИД и од нивното последно упориште во Сирија. ,,Ова е ИД на денот на изборите . Ова е ИД денеска” , рече Трамп покажувајќи им на новинарите географска карта со бројни црвени точки претходнои со бела површина сега.,,Задржете си ја картата . Честитам. Мислам и дека беше време.” , рече Трамп , кој им ја даде картата на новинарите , а на која се гледа исчезнувањето на Исламската Држава.Портпаролот  пак на Белата куќа  пред новинарите рече дека терористичката група Даеш (” Исламска држава”) веќе не контролира никакви територии во Сирија .  

Свет | пред 6 години

6 год.
meso-mesarnici

САД повлекува 35 тони пилешко месо бидејќи купувачите нашле метал во него

Корпорацијата „Тисон инк“ повлекува речиси 35 тони преработено смрзнато пилешко месо кога купувачи се пожалиле дека содржи метал. Одделението за безбедност на храната при Министерството за земјоделство најави повлекување на месото нагласувајќи дека контаминацијата влијаела на смрзнатите готови производи од пилешко месо, произведени на 30 ноември во фабрика во Арканзас.Проблемот бил откриен кога одделението за безбедност на храната примило две жалби од потрошувачи за надворешни материјали во пилешките производи.Ова е втор инцидент на оваа компанија од почетокот на годината кога „Тисон“ во јануари повлече 18 тони обработено пилешко месо од продавниците за прехранбени производи во САД бидејќи купувачите во нив нашле гума.

Свет | пред 6 години

6 год.
gazibaba-2-

Акција за чистење на Парк-шумата Гази Баба

Акција за чистење на Парк-шумата Гази Баба ќе се реализира денеска во истоимената општина.Акцијата е во организација на градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски заедно со Јавното комунално претпријатие „Гази Баба“ и ЈП Комунална хигиена, како и со студентите од факултетите кои се на територија на општината.

Скопје | пред 6 години

6 год.
31901170_962297913945818_3334168813938671616_n

Едмонд Адеми во посета на Хрватска

Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми денеска и утре ќе престојува во работна посета на Хрватска.Во организација на градот Карловац  тој денеска ќе присуствува на свеченото откривање на биста на Мајка Тереза во Националното светилиште на Свети Јосиф.Според агендата, Адеми утре ќе оствари средба со дијаспората во Хрватска и ќе ги информира за веќе усвоената Национална стратегија за соработка со дијаспората. На средбата се очекува да бидат разгледани можностите за идна заедничка соработка со цел реализацијата на активностите кои произлегуваат од Стратегијата и Акцискиот план.Предвидено е министерот Адеми да го посети местото каде што се гради македонската православна црква во Загреб каде ќе оствари средба со отец Кирко Велински.

Македонија | пред 6 години

6 год.
doga

Во Хрватска аргентинската дога изгриза еденомесечно бебе

Во Репаш кај Копривница во Хрватска куче му ја изгризало главата на едномесечно бебе. Девојчето итно е префрлено во болницата во Загреб и се наоѓа во животна опасност.Детето е старо 35 дена. Неофицијално, аргентинската дога живее во куќата каде било и бебето. 

Свет | пред 6 години

6 год.
Jane-Cento-696x371

Јане Ченто до Пендаровски: Ако ние сме насилници за една “клоца”, што се вашите пријатели кои ги отворија вратите на 27 април

Јане Ченто, осуден за настаните на 27 април преку својот Фејсбук профил му се обрати на актуелниот претседателски кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски.„Господине Пендаровски, во неколку наврати ве слушам на радио вести како не нарекувате насилници. Вие сте професор на универзитетот “Американ Колеџ”, каде што бев на постдипломски студии, каде што и почитуваниот проф. Д-р Шапуриќ, сегашен министер ми беше професор и таму на правните постдипломски студии не учеа за начелото на презумпција на невиноста, но тоа го заборавате сега кога сте претседателски кандидат и кога ви требаат дневно политички поени.И изгледа заборавивте дека некој лично вас ве заштити и ви помогна да излезете од прес-салата на 27 април кога се случија тие немили сцени за жал.Искрен ќе бидам, отсекогаш сум ве почитувал и како професор и како политичар, но одбравте погрешен човек кој ве кандидира и затоа ќе загубите, не вие туку тие што ве предложија. Вие сте чесен, но тие околу вас се со голем криминален багаж.Впрочем, ако ние сме насилници за една “клоца”, што се вашите сегашни пријатели кои ги отворија вратите на 27 април и го пуштија народот да изгори во емоции, што е вашиот аболициран пријател? Тие ли се европските вредности? Што се оние кои 2 година ја шараа Македонија и повредија повеќе од 200 полицајци и ја запалија канцеларијата на претседателот на државата?Што се оние кои насилно се обидоа да влезат во Владата?Кога зборувате, бидете искрен кон вас пред се, не влегувајте во филмот на Заев, вие имате висок интелектуален капацитет и сте европски политичар за разлика на тие околу вас.Ве замолувам задржете го вашиот интегритет и достоинство.Да живее Република Македонија“, стои наФејсбук.

Македонија | пред 6 години

6 год.
struja-1

Делови од „Леринска“ и „Стрезовска“ без струја

Без струја од 9 до 13 часот ќе бидат корисниците од улиците „Леринска“ со броевите од 53 до 70, и од 101 до 107, и „Стрезовска“ со броевите од 20 до 32 и од 53 до 59.Како што соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекин на електрична енергија ќе имаат и дел од улицата „Козле“ во близина на Германска Амбасада и Фирма „Ладење“.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Викендов сончево со температура над 20 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно сончево со умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 14 до 22 Целзиусови степени.Во Скопје слично време, сончево со умерен северен ветер и максимална дневна температура од 21 степен. Во Маврово дневната температура ќе достигне до 19 степени, Охрид 18, Битола 19, Кавадарци 21, Крива Паланка 17, Берово 16, Гевгелија 22.До понеделник ќе се задржи стабилно и топло време, а во вторник ќе настапи промена на времето. Ќе има зголемена облачност со повремен дожд и ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови опаѓање на температурите во наредниот период. На планините се очекуваат повремени врнежи од снег.

Македонија | пред 6 години

6 год.
izjava-zaev.Still077-1

Продолжува повеќемесечното уништување на живиот свет во Охридско Езеро

ЕЗЕРОТО ГОРИ СЕКОЈ ДЕНИ вечерва кај селото Подмоље гори живиот свет во Охридско Езеро.Луѓе тураат бензин и нафта во водата на езерото, во крајбрежниот дел кој е обрастен со трска и потоа подметнуваат пожар.Подметнати пожари изминатите два месеци се секојдневио и езерскиот брег систематски и плански се уништува од Подмоље до Радожда, опфат кој е долг повеќе од 20 километри.Штетите кои се нанесени на живиот свет ( птици, ендемски риби, полжави, ракови и вегетација чие живеалиште е трската или крајезерскиот појас ) се несогледливи и по се изгледа катастрофални, но до овој момент ни еден релевантен научен чинител не излегол во јавноста со прецизна анализа за катастрофата на езерото.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ana-svp

„Златен венец“ за 2019 година на СВП е романската поетеса Ана Бландијана

Добитник на „Златен венец“ за 2019 година, главната награда на „Струшките вечери на поезијата“ (СВП), е романската поетеса Ана Бландијана. Одлуката ја соопштија Управниот одбор и Дирекцијата на фестивалот СВП на денешната Свечена седница, која се одржа во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Одлуката вчера, на Светскиот ден поезијата, ја соопштија дирекцијата и управниот одбор на СВП, чие 58. издание традиционално ќе се одржи на крајот на август. „Златниот венец“ ќе ѝ биде врачен на меѓународниот поетски митинг „Мостови“, на затворањето на „Струшките вечери на поезијата“, кое ќе се одржи од 21 до 28 август.„Една од најценетите современи европски авторки, Ана Бландијана, (псевдоним, зад кој се крие името на Отилија Валерија Коман) е припадничка и претставник на поетската генерација од 60 –тите години, која е заслужна за афирмацијата на модернизмот во романската литература и поезија. Поезијата на Бландијана не флертува со помодното и површно допадливото пишување, таа е критички настроена и суштински загрижена заради губитокот и отсуството на слобода во современо-историската бездна, сред која е стаписано човештвото… Како што сведочат книжевно критичките реакции и одгласи ширум Европа – творештво на Ана Бландијана претставува значен придонес во збогатувањето на изразните потенцијали на современата литература, како и витален поттик за ревитализација на нејзината благородна мисија во едно сурово време, какво што е нашето“, рече Елизабета Шелева, претседател на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“, еден од најреномирани и најстарите поетски фестивали во светот.Според лауреатката Бландијана, „Златен венец“ на СВП е поважен од која било друга награда и веста за признанието кај неа предизвикало горечка возбуда, бидејќи нејзиното креативно созревање е обележено токму од овој фестивал во земјата на која, како што вели, чекорел Орфеј. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
skupi

Градоначалникот Ганиу оствари средба со високиот претставник на УЕФА Тиери Фабере

Градоначалникот на Општина Чаир и Портпаролот на Општината Куштрим Ала остварија средба со високиот претставник на УЕФА, истовремено и раководител на програмата „Хет трик“ г-дин Тиери Фавре, раководството на Фудбалската Федерација на Македонија на чело со нејзиниот претседател г-дин Мухамед Сејдини и Секретарот на Федерацијата г-дин Филип Поповски за да дискутираат околу деталите на заедничкиот проект за изградба на нова трибина на стадионот на ФК Шкупи и за текот на нејзиниот градежен процес. Една средба каде ретко со толку голем ентузијазам, далеку од дневната политика се зборуваше за големата потреба за подобрување на инфраструктурните спортски услови на едно место како Чаир каде се живее и дише за спортот, а тоа најдобро го покажуваат успесите на нашите спортисти.Градоначалникот Ганиу изрази искрена благодарност до г-дин Тиери Фавре за неговата максимална поддршка и за помошта која ја даде за овој проект да стане дел од Буџетот на УЕФА за 2019 година. Истотака Ганиу изрази голема благодарност кон раководството на Федерацијата на домашниот фудбал за нивната коректна соработка во процесот на изработка на проектот и помошта која ќе ја даваат за имплементирање на овој важен проект.Во текот на средбата г-дин Фавре изјави: “Сакам да потенцирам дека прв пат остварувам средба во кабинетот на еден Градоначалник кој со толку голем ентузијазам се бори за подобри инфраструктурни спортски услови на територијата на општината со која раководи. Задоволен сум од тоа што го слушнав. Ние како УЕФА секогаш ќе дадеме поддршка на ваков тип на проекти, а уште по значајно е што овој стадион ќе биде отворен не само за локалните екипи, туку и за националните тимови.Сфативме колку луѓето овде го сакаат фудбалот, колку е значаен за нив ФК Шкупи и затоа одлучивме максимално да помогнеме“.Претседателот на Фудбалската Федерација на Северна Македонија изјави: “Висар е човек од фудбалот и нас ни е исклучително драго што имаме блиска соработка и можност да направиме големи работи за фудбалот. Како федерација секогаш ќе ја поддржуваме намерата и проектите на локалната самоуправа кои имаат цел да ја развиваат и подобруваат фудбалската инфраструктура. Би сакал да изразам голема благодарност до УЕФА, посебно до нашиот голем пријател Тјери Фавре за напорите кои ги вложуваат да ни помогнат во остварувањето на еден од нашите главни приоритети – создавање можности за фудбал за сите.“ 

Спорт | пред 6 години

6 год.
b2Vk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTnprN01EQV8vZTI0N2NkNDc3ZjllYTBjZDA3NTRkM2NhY2VkYWMxYjMuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Во пожар во Мороишта изгореле четири плевни и една куќа

На 20.03.2019 во Полициската станица Струга било пријавено дека настанал пожар на нива лоцирана во близина на струшкото село Мороишта, при што опожарени биле четири плевни и една куќа.Во пожарот целосно изгореле над 10000 квадратни метри нискостеблеста вегетација, кабли од електрични столбови, земјоделски алати, покуќнина и други предмети.Пожарот бил локализиран од Територијалната противпожарна единица од Струга. На 21.03.2019, на местото на пожарот, извршен е увид предводен од надлежен Јавен обвинител. Полициската станица од Струга презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
goca

Автомобилот на Гоца Божиновска излетал од патот, удрил во електричен столб и се запалил

Автомобил од марката „Форд Фиеста“ во сопственост на српската пејачка Гоца Божиновска излетал од патот, удрил во електричен столб и се запалил. Несреќата се случила утрово околу 5 часот, а на лице место веднаш излегле полицијата и пожарникарите.На местото на несреќата денеска во Сурчин има траги од автомобилот кои говорат за случајот. 

Магазин | пред 6 години

6 год.
premierka-nov-zeland

(ВИДЕО) Нов закон за оружје во Нов Зеланд и молитва за загинатите

Премиерката на  Нов Зеланд Џасинда Ардерн изјави дека нејзината влада и пратениците  донеле закон со кој се забранува употребата на полуавтоматско оружје и јуришни пушки , како одговор за страшното злосторство во џамиите во Крајстчерч.Новиот закон ќе стапи на сила на 11 април годинава.Инаку денеска пред џамијата каде беа ѕверски убиени 50 верници молитва. Премиерката Џасинда Ардерн заедно со 20.000 луѓе во тишина им оддаде чест на жртвите во паркот Хегли, пред џамијата Ал нур, каде што беа убиени повеќето жртви за време на молитвата минатиот петок.Ардерн, која брзо го осуди нападот како терористички чин, најави вчера забрана на полуавтоматските и јуришните пушки.Таа дојде во паркот Хегли во придружба на министрите и безбедносните функционери со црна марама на главата. Полицајки во паркот исто така имаа марами и црвена ружа на униформите.

Свет | пред 6 години

6 год.
dete-2

75 годишна баба, до смрт избодила 7 годишно момче

Како што соопшти полицијата од швајцарскиот град Базел, вчера, околу 12:30 часот попладне, 75-годишна жена нападнала и фатално избодела 7-годишно момче додека се враќало дома од училиште во северниот дел на градот. До смрт е избоден седумгодишниот Мергим Л.-Ученикот е нападнат во 12.45 часот додека сам се враќал од училиште, соопшти полицијата. Неговата учителка додека поминувала покрај местото на злочинот го пронашла тешко повреденото момче во локви крв и веднаш повикала брза помош, но момчето му подлегнало на повредите откако беше примено во болница.75-годишната старица се предала на полицијата притоа признавајќи го и делото, но не ја открила причината за злочинот кој што го направила.Бабата е уапсена, а полицијата се обидува да дознае дали осомничената е поврзана на некој начин со детето и со неговото семејство.Како што дознава швајцарскиот весник Блиц, момчето потекнува од поранешна Југославија, наводно од Косово. 

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања