Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Заевизмот ги зароби институците и донесе 2 века казна за луѓе што се спротиставиле на Заев

Заевизмот на Република Македонија и граѓаните им донесе губење на националното достоинство, сиромаштија и криминал на дневна основа.  Црнилата на  криминалниот картел на СДСМ направија  хаос во државата, создадоа поделби, а животот на граѓаните од ден на ден го направија се потежок, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Власта која ветуваше правда за секого, во реалноста донесе неправда. Недолжни граѓани станаа жртви на политички прогон само затоа што не се согласуваат со политиките на Зоран Заев. Заевизмот ги зароби институците и донесе 2 века казна за луѓе кои не направиле ништо лошо и чиј единствен грев е што се спротиставиле на Заев, додека луѓе кои се бореа за ИСИС и масакрирале стотици  добија само 6 години затвор.Неправдите, лагите и понижувањата на СДСМ и Заев допреа до секој еден граѓанин.Ветуваа подобар стандард и бизнис клима, но ништо од тоа се нема случено. Економијата убедливо ја забетонираа на дното на Европа и ги покачија даноците за да може да си договараат матни тендери во 4 очи на грбот на граѓаните на Република Македонија.Ветувањата за повисоки плати и пензии станаа мртво слово на хартија, земјоделците се понижени, а наместо подобро здравство донесоа здравство во кое ни се случуваат епидемии,  умираат луѓе и се носат црни тендери.Наместо да го остварат ветувањето дека ќе ги вратат младите назад, СДСМ го забрзаа иселувањето и направија егзодус на кадри. Откако е СДСМ на власт забрзано расте сиромаштијата кај младите и единствено што размислуваат е како побрзо да ја напуштат државата.Заевизмот ја влече Македонија на дното, неправдите, криминалот и сиромаштијата станаа секојдневие. На граѓаните на Република Македонија потребни им се промени и сигурна иднина за нив и за нивните деца.Токму затоа неопходно е да излеземе сите заедно и да го поразиме Заевизмот. Победа на претседателските избори ќе значи предвремени парламентарни, а тоа ќе донесе крај на оваа црна власт на Заев и подобро утре за Република Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Сончево со мала облачност, од вторник промена на времето

Времето во нашата држава ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер.Утринската температура ќе се движи од минус два до осум, а дневната од 17 до 23 степени.Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 21 степен.До понеделник времето ќе се задржи стабилно и топло. Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе се намали за 5 до 8 степени.Од вторник до четврток ќе преовладува претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд на пониските места, а на планините од снег.Температурата во овој период ќе биде во постојано опаѓање, а утрински температури од среда кон викендот во повеќето места ќе бидат околу нулата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
izjava-zaev.Still077-1

Продолжува палењето на трската во струшко, никој не смее да му писне на Мерко

Државата спие, трските сѐ уште горат. Со овој коментар на ФБ страницата VOX Struga, е објавено вчера ова најново видео од запалените трски долж крабрежјето на струшката ривиера, поточно крај патот Струга – Охрид.Никој ништо не презема. ,,Шерифот“ на градот од ДУИ, Рамиз Мерко го продолжи овој градоначалнички мандат како и претходниот, со поттикнување на недозволени дејства по струшките плажи. Претходно со узурпација, поставување урбана опрема, градење и слично, сега со палење на трската за чистење на просторот за плажи и угостителски објекти. Министерство за транспорт и врски ја презеде надлежноста над плажите, но засега нема никаква конкретна реакција.извор ако.мк

Македонија | пред 6 години

6 год.
20190323_233642

Медицинска сестра од Струга се зарази од морбили од невакцинирани деца

Елена Главинческа е медицинска сестра во интерното одделение во општата болница во Струга. Таа десет дена се бори со морбилите, откако се заразила на своето работно место.Вели дека е тоа нејзина работа, да му пружи соодветна нега и помош на ској пациент, но воопшто не е среќна што се заразила од деца кои биле невакцинирани.Елена се извинува , ни вели дека на фотографијата воопшто не е за во јавност, но сака да укаже дека родителите прават голема грешка што одбиваат да ги вакцинираат своите деца, а со тоа ги доведуваат во опасност и сите други во нивната околина.,,Не плашете се , ова сум јас со МОРБИЛИ. И не би требало да пишувам јас постови и да објавувам слики, но морам да им се ,,заблагодарам“ на оние родители кои не ги вакцинираат своите деца, поради што јас на мои 47 години во 21 век добив морбили! Да, јас сум здравствен работник и ги заработив извршувајќи ја мојата работа. ДА, ние треба да сме хумани и за тоа сме платени.Ама никако да ми помине лутината што во денешно време сум болна од болест за која учевме дека опстојува во средини со низок социјален развој, благодарение на квази интелектуалци кои по неколку статии прочитани на интернет, се супер стручњаци за вакцините и за области од медицината за кои некои луѓе цел живот го посветиле на учење.Освестете се!Не сакам никого да навредам и однапред се извинувам, но дали некој има доблест мене да ми се извини за мојата десетдневна голгота со болеста? Некој, од оние 25 проценти кои недостигаат во статистиките за вакцинирање , кои се неопходни за постигнување на колективен имунитет.Инаку да. Ве сметам за лично одговорни за мене, за моите колеги, за сите болни кои се заразиле, не поради своја вина.И никако не посакувам ничие дете да помине низ вакво малтретирање“ – ни изјави здравствениот работник, медицинската сестра која негува многу болни и заболени, Елена Главинческа.Извор: ако.мк 

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaev-i-vladika-naum

Владиката Наум од Струмица отворил фирма за марихуана, Заеви му се партнери

Монахињата на МПЦ, Сара, со родено презиме Еленова е еден од основачите на најновата компанија со лиценца за производство на марихуана, нејзин бизнис партнер е адвокатот на премиерот Зоран Заев, Ване Андреев од Струмица, објави порталот „Лидер“.Како што пишува порталот, монахињата Сара важи за личност која е исклучително блиска со владиката од Струмица на МПЦ, господин Наум. Сестра Сара важела и за личен асистент на Наум.Ова значи дека Заев преку својот адвокат и владиката Наум преку својата монахиња влегуваат во заеднички бизнис. Тоа нормално, не е по првпат, вели за „Лидер“ извор од МПЦ.Вчера, Економски Лидер објави дека уште една компанија за производство на марихуана добива семејниот картел на премиерот Зоран Заев. Деновиве, беше формирана нова компанија, со назив „Канабис ОНЕ ДОО Струмица“, во која како еден од сопствениците се јавува лице, тесно поврзано со премиерот Зоран Заев.

Македонија | пред 6 години

6 год.
panki

Панки, уапсен при влез во Грција - се барал и со европска потерница

Македонецот што беше уапсен при влез во Грција, а кој се барал и со европска потерница, распишана од германските власти за учество во мрежа што пред 13 години крадела податоци од картички на банкомати, е Сашо Кимовски-Панки од бендот „Куку Леле“, неофицијално дознава НетПрес.Според потерницата, 52-годишниот осомничен, во 2006 од два банкомати во Минхен, украл податоци и лозинки на кредитни и дебитни картички со поставување на микроскопски чипови што ги снимале податоците и со поставување на дополнителна тастатура.Според АНА-МПА, уапсениот бил изведен пред јавен обвинител во Солун, а во следниот период надлежниот суд ќе одлучи дали 52-годишниот ќе биде екстрадиран во Германија или не, јави претходно дописничката на МИА од Атина. Текстот во целост на НетПрес. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Спасовски и одговори на ИВЗ - не прифаќаме комуникација со уцени

Македонија е секуларна држава, не прифаќаме комуникација со уцени му одговори  Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на реизот на Исламската верска заедница  Реисул Сулејман Реџепи, кој даде ултиматум на владата  – во рок од 10 дена да ги реши постапките за денационализација на нивниот имот, или пред почетокот на кампањата ќе ги информира муслиманските верници во 700тини џамии дека се води бавна, селективна и дискриминирачка денационализација за имотот на ИВЗ.Од владата уште потенцираат дека извршната власт не би се мешала во односите внатре во верските заедници . 

Македонија | пред 6 години

6 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за земјоделците кои 10 години ги потценуваше

Владата покажува континуирана грижа за одгледувачите на овошки, ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за земјоделците кои 10 години ги потценуваше За разлика од ВМРО-ДПМНЕ кога се потценуваа земјоделците и не се ценеше нивниот труд, по промените, Владата на СДСМ покажува што значи вистинска грижа за нив, се вели во реакција од СДСМ на изјавата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.ВРМО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за земјоделците, кои 11 години беа целосно заборавени.Во однос на одгледувачите на овошни насади, факт е дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој минатата недела исплати 5,5 милиони евра субвенции за одржување на овошни насади на 9.146 земјоделци.Во оваа сума спаѓаат субвенции за јаболки, сливи, круши, кајсии, вишни, цреши, јагоди, малини, капини, боровинки, дуњи, мушмули, маслинки, јапонско јаболко, аронија, рибизла, гоџи бери, бадеми и лешници.Со исплата на субвенциите за одржување на насади со јаболка, Министерството за земјоделство ги исполни сите барања на производителите на јаболка, и тоа 14 дена порано рокот кој го бараа овоштарите.Претходно беше реализирано барањето за продолжување на мерката за дополнителнa субвенции од 3 денари до 30 – ти јуни годинава. Со оваа одлука се очекува да се откупат до 30.000 тона јаболка, што се нови 90 милиони денари за производителите на јаболка.Оваа дополнителна мерка е воведена минатата година, а во периодот откако стапи на сила до денес се откупени околу 50 илјади килограми јаболко.Тоа се 2 до 3 пати повеќе од било која година претходно. Тоа се околу 2,5 милиони евра повеќе пари коишто оваа година кај производителите на јаболка во преспанскиот регион.Јасно е, Министерството за земјоделство континурано се грижи за одгледувачите на јаболки и за сите земјоделци, се вели во реакција од СДСМ на изјавата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
katolicka-crkva-ohrod

Пијан охриѓанец, удирал на металната врата од Католичката црква

На 22.03.2019 година во 22,00 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид, бил нарушен јавниот ред и мир од Г.И.(44) од Охрид, кој, во алкохолизирана состојба, удирал на металната врата од Католичката црква.Потоа, ги присилувал неговите малолетни деца да тропаат по куќите на истата улица. Г.И. е приведен и задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Осквернавен гроб во охридското село Вапила

На 22.03.2019 година во 08.00 часот во СВР Охрид добиено е телефонско известување за осквернавен гроб од кругот на црквата „Света Недела“ во охридското село Вапила. Настанот е случен на 21/22.03.2019 година од засега непознато лице. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителот по што, ќе поднесе соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

6 год.
54514872_775153652871906_1032958085867503616_n

Претставници на Граѓанско Демократската Унија- ГДУ, се сретнаа со претседателот на АКРЕ

Во рамките на Самитот на слободата на Алијансата на конзервативците и реформаторите (АКРЕ) што се одржа вчера во Софија, претставници на Граѓанско Демократската Унија- ГДУ, се сретнаа со претседателот на АКРЕ, г. Јан Захрадил.Делегацијата на ГДУ предводена од потпретседателот Александар Попоски со членовите на Управувачкиот комитет, Јована Спасевска, Добре Митрев и Александар Тодоровски, разговараа со г. Захрадил на следните теми:-евроинтеграциите на нашата земја-реформите во економијата и безбедноста-миграцијата, процедурите и правилата кои се однесуваат на азил, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_5549

Министерот Николовски на средба со земјоделците во Делчево

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со директорите на надлежните институции во секторот земјоделство и со градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски , денеска имаа работна средба со земјоделците од делчевскиот регион. Фокусот на средбата беа актуелните состојби во земјоделството со акцент на овоштарството и сточарството , како и новите мерки во Програмите за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој за оваа година за сите земјоделски гранки. На трибината се дискутираше и за сите предлози на земјоделците и идните политики кои МЗШВ ќе ги преземе за развој на секторот.Министерот Николовски на трибината информираше дека мерките што се преземаат во делот на овоштарството се по препорака на Европската унија, а една од измените е трансформирање на мерката за предадено овошје во основната субвенција по површина која во новата Програма за директни плаќања е зголемена, што беше прифатено од земјоделците на трибината. Воедно информираше дека до крајот на април ќе се исплати дополнителната субвенција од 2 денари за килограм, за правни лица откупувачи на сливи регистрирани за преработка на земјоделски производи и правни лица регистрирани за вршење на трговија со земјоделски производи, кои откупуваа сливи во 2018 година.„ Владата и МЗШВ имаа слух кога беше проблемот со откупот на сливи особено во овој регион. После многу одржани средби и консултации со сите засегнати страни, тогаш за прв пат воведовме дополнителна мерка од 2 денари за килограм откупени сливи, која што Платежната агенција ќе ја исплати до крајот на април. Со воведувањето на оваа мерка се стабилизираше откупот на сливи. Се соочуваме со негативни последици од климатските промени со многу штети во земјоделството. По препорака на Европската унија, ја трансформираме финансиската поддршка за дополнителното производство во основната мерка. И кај сливите и кај праските затоа има зголемување на субвенциите. Од 33.000 на 36.000 денари по хектар, и за развојната категорија на овоштари со насади од 1 до 5 хектари субвенцијата е 39.600 на 42.600 денари по хектар“, порача министерот Николовски на трибината.При тоа Николовски посочи дека преку мерките од ИПАРД 2 програмата и Програмата за рурален развој ќе се развива преработувачката индустрија во делот на земјоделството, која е важна за обезбедување на сигурен пласман на земјоделските производи и решавање на вишоците од земјоделски производи.Во делот на сточарството, Николовски посочи дека бројот на добиток изминатите години бележи пад, и затоа сите политики што ги презема МЗШВ во консултација со сточарите се во насока на зголемување на бројот на добиток и развој на целиот сектор. Во врска со актуелната состојба со откупот на јагне, Николовски потенцираше дека МЗШВ ја следи состојбата и нема да се дозволи сточарите одгледувачи на овци да трпат загуби.

Македонија | пред 6 години

6 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Што има конфузното ВМРО-ДПМНЕ против вработување на млади доктори кои решиле да работат во јавното здравство?

Конфузното ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни информации. Процесот за доделување лиценци за кој денес ВМРО-ДПМНЕ лажно обвинува е спроведен транспарентно со почитување на сите законски процедури за доделување на  концесија што лесно може да се провери. Концесиите се доделени со одлука од Управен одбор на Здравствен Дом Скопје и решение од Минитерствот за Здравство, се вели во реакција на СДСМ на изјавата на Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.ВМРО-ДПМНЕ е конфузна. Прво тврдат дека доволно матични лекари а, потоа го напаѓаат Министерството затоа што отвора работни места За нови млади лекари кои решиле да останат во државата.Што има против ВМРО-ДПМНЕ да се вработуваат млади лекари во јавното здравство? За разлика од нив кои го урнисаа здравствениот систем и ги понижуваа здравствените работнции, Владата предводена од СДСМ отвора можности за сите лекари да останат тука да работат. Со измената на Законот за здравствена заштита, од оваа година за првпат во нашата земја, секој млад лекар ќе добие шанса да се ангажира во системот на јавно здравство.Значајно се зголемија платите на сите здравствени работници, докторите, медицинските сестри и останатиот немедицински персонал, а зголемувањата на платите продолжуват и оваа година. Минатата година за првпат се обезбедени средства за вложениот труд на приватните специјализанти.Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство продолжуваат со спроведување мерки кои ја враќаат довербата во јавното здравство со цел младите лекари и медицински сестри да работат во јавното здравство, а не да заминуваат надвор од земјата, се вели во реакција на СДСМ на изјавата на Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
tripunovski-resen

Трипуновски: Земјоделците разочарани, ништо од откупните центри

Денеска сум во посета на Ресен, имав средба со јаболкопроизводителите од овој крај, разговаравме за актуелните ситуации и околу пласманот и откупот на јаболката од реколта 2018.Она што можам да го кажам е едно големо разочарување кое што ми го пренесоа земјоделците, бидејќи она што СДСМ го ветуваше во предизборието од челниците на СДСМ, Радмила Шеќеринска, Зоран Заев и министерот сегашен Николовски, дека ќе се инвестира во откупни центри, дека ќе се инвестира во градобијни системи во Ресенскиот регион, дека откупувачите ќе се тепаат кој да даде поголема цена и да се гарантира еден сигурен пласман на преспанското јаболко. Денес гледаме од земјоделците и лично се уверив од оваа посета, дека најголем дел или преку 50-тина илјади тони јаболко стојат неоткупени во овој крај, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Видовме едни популистички состаноци на владата на СДСМ во овој регион, видовме популистички мерки, меѓутоа реално, проблемот во Ресен не е решен. Преку 50 илјади тони јаболка стојат неоткупени, земјоделците молат за помош, бараат спас во ресорното министерство, во Владата, меѓутоа од Владата нема никаков одговор. Едноставно, луѓето се оставени сами да се снаоѓаат со овој проблем.Јаболкарите од овој регион се соочуваат со егзистенционална криза и не можат да врзат крај со крај бидејќи се оставени сами на себе и јаболката скапуваат и по магацините и по полињата. Ја користам оваа прилика, бидејќи Зоран Заев не успеа да најде пласман на преспанското јаболко, да ресорното министерство заедно со министерството за животна средина, определат депонии, локации каде што јаболкарите ќе можат да го фрлат својот труд, односно преспанското јаболко, бидејќи се наоѓаме во еден прекрасен регион, тука ни е и Преспанското езеро, и во една таква ситуација на неопределување на локација може да се соочиме со еколошка катастрофа којашто ќе значи крај за туризмот во овој регион.Видовме дека СДСМ останаа на едно големо ЌЕ, во предизборието ветуваа сигурен пласман загарантирани откупни цени повисоки субвенции меѓутоа од тоа нема ништо.За жал тоа е реалноста во Република Македонија, не само со јаболкарите и со секој еден земјоделски производ во овој регион. Меѓутоа она што можам да го кажам ние како ВМРО-ДПМНЕ имаме концепт и во иднина ќе покажеме како навистина ќе се грижиме за македонскиот земјоделец. Тоа нема да бидат празни зборови и ветувања тоа ќе бидат дела кои ќе значат живот за секој земјоделец во Република Македонија, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
tepacka1

53 годишен скопјанец нападнат пред обложувалница

На 23.03.2019 година во 00,20 часот во Полициската станица Бит Пазар Ш.А.(53) од Скопје пријавил дека на 22.03.2019 година околу 19,00 часот на улицата “Кемал Сејфула“ во спортска обложувалница бил физички нападнат од две лица. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
policija-4

Полицијата трага по 14 годишна штитеничка од дом

На 22.03.2019 година во 20,15 часот во Полициската станица Карпош воспитувач во ЈУ за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение-Скопје пријавил дека од домот се оддалечила М.С.(14) нивна штитеничка, која претходно повеќе пати се оддалечувала и била враќана од полицијата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 6 години

6 год.
sutka-zatvor

Затвореник прободен со нож

На 22.03.2019 година околу 12,20 часот во СВР-Скопје било пријавено дека во КПУ “Идризово“-Скопје, во затворениот дел од амбулантата, на затвореникот О.А. (34) од Скопје му биле нанесена убодни рани во пределот на стомакот и десната надлактица, од затвореникот Ф.А.(34) инаку негов брат. О.А. со возило од КПУ бил пренесен во Комплексот клинки “Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
skali

Зетот не ја примил бабата дома, ја турнал по скали – завршила со тешки телесни повреди

На 22.03.2019 година околу 18,30 часот било пријавено дека во Прилеп на улицата “Адем Адемоски“ В.П.(77) се обидела да влезе во куќата на нејзината ќерка К.Н. и зет Љ.Н. и по кратка вербална расправија со нејзиниот зет кој не ја пуштал да влезе, во еден момент ја турнал и паднала на скалите пред влезната врата од куќата. Од падот се здобила со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Општата Болница-Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mvr

Разбојничка кражба во колонијална продавница

На 22.03.2019 година во 15,30 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата “Жан Жорес“ во колонијална продавница непознат сторител извршил разбојничка кражба над вработената при што одзел пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
krediti-za-skoluvanje-denari-1

Чудна измама, но скопјенец остана без 10 000 денари

На 22.03.2019 година во 13,00 часот во СВР-Скопје В.М.(78) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 10,00 часот во неговиот дом дошло непознато лице кое се претставило дека бил брат на кумот на неговиот син и му побарал 10.000 денари, бидејќи итно му требале да плател царина за роба. Пријавителот заедно со лицето отишле во банка за да извади пари и откако му ги дал, лицето заминало. Пријавителот подоцна телефонски исконтактирал со неговиот син по што сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања