Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
finska

Полицијата спречила обид за напад врз фински министер

Финската полиција соопшти дека нејзини припадници спречиле обид за напад на еден „опасен и агресивен маж” врз министер во Владата на Финска за време на еден предизборен собир.Агенцијата „Ројтерс“ пренесува дека полицијата не објавила за кој министер станува збор, а фотографот на локалната агенција „Лехтикува“ изјавил дека бил нападнат министерот за надворешни работи, Тимо Соини.„На основа на првите информации, агресивен и опасен маж се обиде да му пријде на министерот на изборниот собир на локалниот маркет во Корса во Ванта“ – соопштила полицијата.Мажот, кој бил онеспособен од полицајците, бил облечен во црна кошула со натпис „Војници на Один“, но нема информации дали бил вооружен.„Војници на Один“ е десничарска организација позната по своите антимигрантски ставови.

Свет | пред 6 години

6 год.
DJI_0022

Трибина на ЛК СДММ Битола: Младите се и ќе бидат мост на евроатлантските перспективи

Локалниот клуб на СДММ од Битола, денеска организираше граѓанска трибина насловена ако „Младите – мост на европските перспективи“ на која младите дебатираа на повеќе актуелни теми, младинските политики, евроинтегративниот процес и перспективите што се отвораат за младите со членството во НАТО и интеграцијата во ЕУ, се вели во соопштението од СДСМ.Во своето обраќање, претседателот на СДММ Дарко Каевски истакна дека СДСМ како одговорна партија гради партнерски однос со младите, бидејќи токму младите се тие кои треба да го продолжат патот кон ЕУ и НАТО, трасиран уште од денот на независноста.Во изминатиот период покажавме дека со инкулзивност, посветенот и решителност можеме да градиме квалитетни малдински политики што во фокусот го ставаат токму младиот човек. За само една година, преку проектот Гаранција за млади само во три општини се вработија над 1.800 млади лица. Годинава, овој проект ќе се спроведува низ целата држава и очекуваме бројот на лица кои ќе добијат можност за вработување или практична работа да биде уште поголем.Обезбедени се повеќе средства за поддршка на малите претпријатија и младите претприемачи а преку низа мерки се помагаат и младите земјоделци, посочи претседателот на СДММ Каевски.Каевски ги повика младите да земат поголемо учество во процесот на создавање и спроведување квалитетни младински политики што позитивно ќе влијаат врз стандардот и ќе ги задржат младите во својата татковина.- Ајде заеднички да се бориме за нашата иднина и да влијаеме што помалку млади да ја напуштаат државата, повика Каевски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Мицкоски: Не победува ниту побројниот, ниту помоќниот, туку мотивираниот и храбриот, во вас го гледам тоа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати на ораторска вечер организирана од унијата на млади сили на партијата. Пред партискиот подмладок Мицкоски истакна:Навистина е убав настанот кога гледате млади луѓе со сиот нивен жар, потенцијал и младешка непрекор како имаат волја и желба да зборуваат за работите кои се важни за нашата држава,но и за нашето општество.Во тој контекст еден од најголемите оратори Мартин Лутер Кинг има кажано: Нашите животи го почнуваат својот крај оној ден кога ќе замолчиме за значајните нешта.Денес овде го гледам токму спротивното, желба да се говори и јасна визија за работите како понатаму.Како млади луѓе многу е важно да имате став за работите, да бидете носители на промените кои сакате да ги видите, затоа што ако вие тоа не го направите, нема кој друг да го направи тоа во ваше име.Еден од најдобрите антички римски оратори Цицерон ќе каже - Да се биде задоволен со тоа што се има е најголемото и најсигурното богатство“, вие имате повеќе од тоа, го имате знаењето, целиот свет пред вас и можност да ги менувате работите.Вашата бунтовност треба да ја насочите кон делотворност, вашата енергија да ја насочите кон тоа да ги менувате работите, а вашата љубов кон нашата земја да креирате општество какво што сакате да видите.Често знам да кажам дека неправдата било каде е закана за правдата секаден, и тоа е верувале или не навистина така. Неправдата било каде е закана за правдата секаде. И целосно сум свесен за предизвиците со кој се соочува младиот човек, со неправдите на системот, со неразбирањето кое се покажува од власта, со неправдите кои сите ние ги чувствуваме, а највеќе ги чувствувате токму вие. Свесен сум за ветувањата кои ги даваше оваа власт а не ги исполни, за пропаднатите надежи и измамените чувства. Со неправдата која притиска и силно не влече надоле како општество. Затоа промените треба да почнат токму од вас, а од кој друг ако не од Унијата на млади сили на ВМРО- ДПМНЕ.Нашата држава се наоѓа пред крстосница и изборите кои следат не се само одлука за претседател на Република Македонија, тие се многу повеќе од тоа, тие се одлука за тоа каква Македонија сакаме, понижена, криминална, ограбена, без вредности и принципи, или праведна, горда, со подадена рака кон оние кои што вредат, и со концепт и визија за иднината. Јас се борам за оваа втората, за втората Македонија, онаа вистинската, онаа која што е нашиот завет, онаа која што не инспирираше да сме токму тоа што сме.Мартин Лутер Кинг имаше сон, тој можеби не, но сите идни генерации американци, кои заедно успеваа да го изградат тој сон велеа, и јас имам сон, а не само јас, туку сите заедно можеме да го оствариме тој сон, а тој се вика напредна, честита, принципиелна, искрена Република Македонија, дом за сите, дом за во кои младите треба да ги реализираат своите соништа и замисли.Интелегенција и карактер – тоа е целта на вистинското образование кон кое се стремиме и затоа ќе се бориме се додека дишеме.Првиот чекор кон тоа е јасно да ги кажувате работите, да се борите за своите принципи, но и да се борите за своите ставови. Ниту мене, ниту на било кој во ВМРО-ДПМНЕ не му треба Унија на млади сили која ќе биде апологет на сениорите. Напротив ни треба критичка мисла да ни укаже кога грешиме, затоа што ние сме тие кои што сакаме да се корегираме кога грешиме.А сите добро ме знаете и познавате, дека во мене можете да најдете искрен пријател и поддржувач на се она што сакате да го правите. И ова време што стои пред нас, не е само предизвик ниту мој или само на Извршниот комитет на партијата, ова е предизвик за сите нас, за секој млад човек, впрочем за секој еден човек, за секој еден граѓанин на Република Македонија.Затоа ние ќе се избориме, а вие ќе бидете клучната сила во таа наша борба за подобра Македонија. Се работи за нашата заедничка иднина, за иднината на сите нас.Ќе поминат години од сега, ќе се погледнеме сите едни со други во очи и тогаш ќе си го поставиме прашањето, дали направивме се кога можевме, дали тоа што го направивме беше доволно, дали можеби не требаше да направиме нешто повеќе?Јас го знам мојот одговор, знам што ќе одговорам тогаш на моите внуци. Но, тоа прашање треба секој еден од вас да си го постави. Потполно го разбирам тој младешки жар, тој младешки бунт што секој еден од вас го има, што секој еден од вас го поседува. И денеска е ин секаде во Светот да си ја сакате државата која што ве израснала, државата која што ве образувала, и државата која што треба да ви даде шанса да покажете колку вредите.За жал во ова време во кое што живееме, оваа наша држава не ни дава шанса на сите нас, ниту на сите вас, да покажете колку вредите. Голем дел од вашата генерација денес ги пакува куферите и ги полниме фабриките, ги полниме државите во Западна Европа, а можеше да биде поинаку.Но, имаме ние верба и веруваме во она што е правилно. Можеби сум малку постар од Вас, повозрасен, сум универзитетски професор во меѓувреме, голем дел од вашата генерација ми поминала низ клупите, а јас пред нив на таблата, решавајќи задачи и прашувајќи ги, и знам дека некои работи не се фер.И секој од вас ќе си го постави прашањето зошто токму мене ова ми се случува, не го заслужив ва, можеби требаше да биде поинаку, можеби требаше да биде по различно, но не смееме да се откажуваме и тогаш кога мислиме дека некои работи не се фер, не смееме да се откажуваме туку треба да застанеме цврсто на нозе и да се бориме. Затоа што борбата е она кое што ни останува, сето друго е празна демагогија, сето друго е мангуплук. Само борбата е тоа што на секој еден од нас ни преостанува. Секој ден треба да се бориме. Секој еден ден е приказна за себе.Ајде заедно да го сонуваме сонот за оваа Македонија за која што зборував. Ајде заедно да го сонуваме сонот за честита, искрена, принципиелна и праведна Македонија. Држава која што ќе нуди можност за сите.Нашата мисија драги мои браќа и сестри од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е правила, нашата мисија е за оваа вистинската Македонија и колку е таа мисија поправила да знаете толку нашиот пат ќе биде потежок, но треба да се бориме и никогаш не смееме да се откажеме и тогаш кога сите ни викаат толку е, нема повеќе од оваа точка понатаму.Ние не треба да се откажуваме и треба да се бориме. Затоа што, запаметете го ова, ова ви го кажувам како постар брат, не како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, не победува ниту побројниот, ниту помоќниот, туку обедува мотивираниот и храбриот, а јас овде во оваа просторија денеска гледам храбри и мотивирани млади луѓе да му застанат на патот на оваа зло кое што како дамаглов меч нависнало над нашата татковина и сигурен сум дека на таа битка заедно ќе победиме.Треба да победиме најпрво на 21-април а потоа да победиме и на 5-ти мај, а јас сум убеден дека потоа ќе победиме на следните предвремени парламентарни избори.Ви посакувам успешна работа, да уживате во овие ваши мигови, да го дадете максимумот и не престанувајте да се борите и престанувајте да сонувате.Ајде заедно да го сонуваме сонот за Македонија, а успехот на крај ќе дојде, да немате дилема.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_20190323_220040

(ВИДЕО) На забавата и немаше крај: Лозано “Јако јако” ја здрма публиката, тие сплотени пееја со него и сакаа уште

Немаше човек кој беше во ВИП арената “Борис Трајковски” а бар за момент не стана да запее стих од хитовите на Влатко Лозаноски, кој го одржа неговиот прв солистички концерт. Тој прирдени незаборавно шоу, изнуди насмевки и ја забавуваше публиката. Салата беше преполна со деца, мајки, татковци, парови, луѓе од сите генерации, а заедничко им беше тоа што сите дојдоа да го чујат и видат Влатко.Од “Јако јако” и “Надеж” до хитот кој го лансираше Лозано на сцената, “Сонце не ме грее”. Не изостанаа и песните од неговиот прв албум, но и последната композиција “Мајко” која Лозано ја посвети на својата мајка како негова најголема поддршка.Влатко доби поддршка од неговите колеги како Тамара Тодевска, Јана Бурче, Весна Петрушевска кои во вип делот од арената пееа заедно со него.“Ова лето ќе се памти” беше композицијата која Влатко ја отпеа, а ги натера неговите фанови да кажат “Овој концерт ќе се памти исто”.На сцената заедно со Влатко беа браќата Мартин и Стефан од “Некс тајм”, со кои, ја отпеаа “Ја излези Ѓурѓо”, композицијатс која се пееше во еден глас.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/1075731359300896/Лозано призна дека има трема, но успеа да ја надмине. Насмевката и изразот на лицето говореше повеќе од неговите зборови, па можеше да се заклучи дека тој е задоволен од првиот солистички концерт.На крајот, Лозано сакаше да се повлече, но се врати на сцена оти публиката сакаше уште. По втор пат ја отпеа “Јако јако” и “Надеж”.Атмосферата на концертот остави простор, Лозано да го видиме и по втор пат со солистички концерт. Тој ја заврши неговата работа, а организаторите “Аволон продукција” допринесоа за шоуто да биде комплетно

Магазин | пред 6 години

6 год.
majmun-drogiran-1

(ФОТО) Русин дрогирал орангутан и се обидел да го пренесе во куфер

Рускиот турист Андреј Жестков е приведен на аеродром на индонзискиот остров Бали зошто се обидел да ја напушти земјата со дрогиран орангутан во куферот, соопшти полицијата.Туристот (27) е приведен од страна на аеродромското обезбедување додека се качувал во авион за Русија.Обезбедувањето во неговиот куфер пронајде мажјак орангутан стар околу две години, кој беше во длабок сон поради тоа што бил дрогиран со таблети против алергија, кои исто така беа пронајдени во куферот на Русинот.Освен орангутанот, во куферот на туристот беа пронајдени и два гекони, како и пет живи гуштери.На Андреј Жестков му се заканува затворска казна од пет години и парична казна од 7.000 долари поради обидот да прошверцува животно кое припаѓа на заштитен вид.

Свет | пред 6 години

6 год.
seselj

Шешељ запали знамиња на ЕУ и НАТО во центарот на Белград

На денешниот протестен марш во организација на националистичката Српска радикална партија (СРС), а по повод 20-годишнината од интервенцијата на НАТО врз поранешна СРЈ, осудениот за воени злосторства Воијислав Шешељ ги запалил знамиња на ЕУ и НАТО, објавија српските медиуми и светските новински агенции.Учесниците на маршот ги предводеше лидерот на СРС и осуден воен злосторник од страна на Хашкиот трибунал, Воислав Шешељ.Шешељ за чинот кој го направи изјави дека со палењето на знамињата „сакал да покаже што мисли за ЕУ и НАТО“. 

Свет | пред 6 години

6 год.
Screenshot_7

Костадинов: Законот за Јавно обвинителство е за вистинска правна држава

Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ и коалицијата, денеска одговараше на новинарски прашања.П1: Околу договорот за Законот за ЈО, односно за одредбите за Законот за СЈО со ВМРО ДПМНЕКостадинов: Од она што го слушнавме од работните групи дека нема никакво поместување во ставовите, знаете дека позицијата на СДСМ е јасна, недвосмислена и принципиелна, тоа значи дека нема да биде променлива, затоа што тоа е во согласност со препораките од ЕУ, а тоа е обезбедување на вистинска правна држава. За жал најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ, не го поддржува целиот тој процес водејќи се од нивните основни принципи, а тоа е амнестија за криминалите на претходната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски.П2: Што ќе правите доколку не се постигне договор со ВМРО ДПМНЕ?Костадинов: Си има Собраниска процедура кадешто пратениците одлучуваат согласно нивното сопствено убедување, јас верувам дека сите мои колеги во Собранието како пратеници имаат навистина искрени намери да воспоставувањето на правната држава во Република Северна Македонија стане пракса. Тоа ние треба да го покажеме.П3: Имате ли почнато разговори со пратениците за да го добиете она мнозинство што ви требаше и за Уставните промени?Костадинов: Како одговорна партија СДСМ дава шанса на дијалогот, ред е да разговараме со најголемата опозициска партија, ќе видиме каков ќе биде епилогот од тие средби, да потоа едноставно целиот тој разговор помине во Собранието.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pretepan

Три тепачки во Скопје една во Битола, наместо разговор – тупаници

На 23.03.2019 година во 20,30 часот во СВР-Скопје Г.К.(43) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 19,50 часот на улицата “Иван Хаџиниколов“ две лица на возраст од околу 14 до 15 години физички го нападнале неговиот 15 годишен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 23.03.2019 г. во 20.30 часот во СВР-Битола Б.Д.(51) од Битола пријавил дека истиот ден околу 18,00 часот на улицата “Широк Сокак“ бил физички нападнат од две лица. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.На 22.03.2019 година во 22,45 часот во СВР-Скопје В.Г.(41) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 21,30 часот на улицата “Грамос“ нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 23.03.2019 година во 10,40 часот во СВР-Скопје А.И.(41) од с.Средно Коњари- скопско пријавила дека истиот ден околу 10,30 часот во с.Средно Коњари нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од М.М.(54). Сочинет записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pozar-drvja

Изгоре 25 хектари нискостеблеста шума

На 23.03.2019 година во 13,00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека настанал пожар во атарот на с.Манастирец на место викано Солинари во правец кон место викано Љубаш. Во гаснењето на пожарот биле ангажирани ШС Бор Кавадарци, Територијалната противпожарна единица Кавадарци и три возила од ЈП Комуналец. Со нивна интервенција пожарот бил целосно локализиран во 07,30 часот на 24.03.2019 година. Пожарот опфатил површина од околу 25 хектари и била опфатена сува трева и нискостеблеста шума.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Изготвиле два документи со невистинита содржина се обиделе да стекнат 6.900.000,оо денари

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Ѓ.М.(50), М.К.(33), С.Т.(47) и З.Ј.(57), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле по едно кривично дело „Употреба на исправа со невистинита содржина“, казниво по член 380, а во врска со член 22 од Кривичниот законик.Пријавените, по претходен меѓусебен договор, во текот на декември 2018 направиле два документи со невистинита содржина, како да се изготвени и издадени од Министерството за финансии на РС Македонија, кои претставуваат одговор на барање, насловени до третопријавениот С.Т., со кои се известува дека од страна на Министерството за правда на РС Македонија, до Секторот за трезор при Министерството за финансии е доставена наводно склучена спогодба помеѓу третопријавениот С.Т. и Министерството за правда за исплата на износ од 3.450.000,оо денари. Овие документи пријавените ги искористиле во два наврати како да се вистинити. На 31.12.2018, еден од актите, четвртопријавениот З.Ј., во име на првопријавениот Ѓ.М., го приложил кон барање доставено до Министерството за финансии во кое биле доставени податоци за трансакциска сметка на првопријавениот, како и Договор за отстапување на побарување, склучен на ден 25.12.2018 одина, помеѓу третопријавениот С.Т. и првопријавениот Ѓ.М.. Во договорот било наведено дека третопријавениот С.Т., своето побарување од Министерството за правда, во целост му го пренесува на првопријавениот Ѓ.М. и се согласува целосниот износ да биде префлен на банкарската сметка на примачот. Исто така, на 20.02.2019, вториот акт, второпријавената М.К., го приложила кон барање на свое име, доставено до Министерството за финансии, во кое доставила своја трансакциска сметка, како и Договор за отстапување на побарување, склучен на 05.02.2019, помеѓу третопријавениот С.Т. и второпријавената М.К., во кој било наведено дека третопријавениот своето побарување од Министерството за правда во износ од 3.450.000,оо денари, во целост и го пренесува на второпријавената М.К. и се согласува целосниот износ да биде префлен на банкарската сметка на примачот.Со овие дејствија пријавените се обиделе да се стекнат со противправна имотна корист од 6.900.000,оо денари.

Македонија | пред 6 години

6 год.
granata-1

Неексплодирана артилериска граната пронајдена во нивa

На 23.03.2019 година во 14,30 часот во СВР-Битола, Љ.Б. од с.Крклино-битолско, пријавил дека во нива лоцирана на 300 метри од стара Кукуречанска раскрсница, при изведување земјоделски работи пронашол една неексплодирана артилериска граната калибар 155мм од Првата светска војна.Од страна на пиротехничар од ДЗС, експлозивната направа е подигната за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Во дворот од куќата пронашол стара неексплодирана артилериска граната

На 23.03.2019 година во 08,35 часот во СВР-Битола, Л.А. од с.Лажел, пријавил дека во дворот од неговата куќа пронашол една стара неексплодирана артилериска граната калибар 75мм од Првата светска војна. Од страна на пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, експлозивната направа била подигната за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: МВР под криминогеното раководство на Оливер Спасовски го допре дното

МВР под криминогеното раководство на Оливер Спасовски го допре дното. Изминативе две години гледавме како полициски функционери на СДСМ уценуваа со ПИ мерки и минуваа неказнети, гледавме како полициски службеници убиваа и палеа луѓе, како пукаа во малолетни лица а во Шуто Оризари се пресметуваа и меѓу себе, истакна Орце Ѓорѓиевски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Последниот инцидент покажа до каде забегаа злоупотребувајќи ја власта и моќта.Според информациите кои ги објавија медиумите син на виш полициски советник на Оливер Спасовски во угостителски објект во скопско Марино избоде полициски службеник, кој бил однесен на комплексот клиники како што стои во написите и во моментот кога бил однесен бил во животно загрозувачка состојба.Полицискиот службеник се уште е во животна опасност, а за да го спасат докторите мораа са му извадат еден бубрег и слезина.Луѓе блиски до власт осилени од моменталната моќ која ја имаат дивеат насекаде низ државата.Ова е вистински одраз на хаосот што владее во Македонија. Веќе никој не е безбеден од овие бандити на власт. Убијци и криминалци се шетаат на слобода, додека патриоти и невини граѓани лежат во затвор.Убиецот на младиот Мартин Јанушев не е затворен и две години по бруталната егзекуција. Не се во затвор ниту убијците кои на Рузвелтова, среде Скопје стрелаа со калашникови и одзедоа два човечки живота.Со Заев, Спасовски и Пендаровски загрозени се животите на сите граѓани. Сигурни се единствено криминалците. Со Заев Спасовски и Пендаровски Македонија оди назад, а Скопје наликува на Белград од 90-тите години.Ова безредието мора да запре. Граѓаните заслужуваат и имаат право да бидат безбедни. Власта која е неспособна треба час поскоро да си замине, истакна Орце Ѓорѓиевски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Screenshot_7

Костадинов: Расте економијата, се зголемуваат инвестициите, растат платите, се намалува невработеноста

Потврда за тоа дека се движиме кон силна економија се пет клучни економски параметри, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ и коалицијата.  Костадинов, ги наброја  клучни економски параметри:Под еден е растот на бруто домашниот производ од 3.7 проценти во последниот кварталод 2018 година.Освен растот на еконономијата, во 2018 обезбеден е рекорден износ на странскиинвестиции  од 624,5 милиони евра.Трет важен економски параметар кој оди во добра насока: индустриското производствово 2018 е највисок во последните седум години (5.4%).Најголем раст на просечната плата од 8.1% во декември 2018 година (25.784 денари).Платите растат а невработеноста се намалува, на историски најниски под 20%. За неполни две години бројот на вработените е зголемен, отворени се над 26 илјади работни места.Континуираниот раст на економијата, зголемувањето на инвестициите, индустриското производство, растот на платите и намалувањето на невработеноста покажуваат дека стратешки добро се поставени политиките, се движиме во вистинска насока.Полноправното членство во НАТО дополнително ги поттикнува инвестициите и економскиот раст, а тоа влијае и на намалување на невработеноста во земјава.Накусо, напредокот во евро-атланските интеграции носи повеќе пари кај граѓаните, поголеми инвестиции, нови и добро платени работи места, подобар животен стандард. Растот на економијата носи бројни придобивки за граѓаните, отвора шанса за сите и затоа е важно напредокот да продолжи, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ и коалицијата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pavle-sin-siljanoska

(ВИДЕО) Мир во душата, љубов кон изворното – Павле повторно свири во Градскиот Парк

Синот на Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на ВМРО ДПМН, и денеска го искористи убавото сончево и топло време да свири кавал во Градскиот Парк.Павле пред неколку денови беше „главна тема“ на социјалните мрежи, откако се шеруваше негова фотографија. По објавата тој стана од една страна  мета на критики претежно од членови и симпатизери на власта, а  од друга страна од останатите  доби и подршка поготово по образложението дека после секое неговото свирење, парите кои ги собира како доброволен прилог, отпосле им ги дели на дечиња.И Силјаноска проговори за љубовта на нејзиниот син кон изворната музика. Таа побара нејзиниот син да го остават на мир и да не го злоупотребуваат во политичката кампања.  Во опис на фотографијата која беше објавена на Твитер, од синот на професорката пишува: „Го раѓаш, го растеш, го чуваш за да порасне и свири кавал за парички во парк, додека ти се тркаш за претседателска фотеља. Во одговор Силјановска-Давкова вели:„Зарем некој како мене кој бара укинување на привилегиите на политичарите, расипништвото и корупцијата ќе има семејство кое ужива во скапи коли, мотори, луксуз?! Горда на Павле! Брилијантен правник, умен, скромен, независен, воспитан, човечен“, напиша Силјановска Давкова неодамна на социјалната мрежа фејсбук.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/301864377151802/

Македонија | пред 6 години

6 год.
pretepan

Охриѓани се тепале на сред бел ден, причина - кој има предност да помине

На 23.03.2019 година во 14 часот и 30 минути, на кеј „Македонија“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу С.Т.(40) и Б.Б(47), двајцата од Охрид. Тие, поради недоразбирање за отстапување на првенство на минување со автомобилите, започнале вербална расправија која набрзо прераснала во тепачка.Двајцата се повикани во СВР Охрид по што, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ikona-strumica

Верници се поклонуваат пред чудотворната икона на св. Богородица Брзопослушничка во Струмица

Струмица и струмичани го одбележуваат споменот на доаѓањето на чудотворната икона на Богородица Брзопослушничка, пред две години, дар од братството на манастирот Дохијар на Света Гора, објави strumicanet.com.Порталот пренесува дека иконата е носена од струмичани, кои и ја донесоа од Света Гора, по свечената литургија во 16:00 часот од Црквата „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“, низ улиците на Струмица се упати кон црквата „Свети Григориј Палама и Свети великомаченик Димитриј“, каде беше оставена за поклонение на верниот народ и таму ќе биде до утре до 11:00 часот од каде ќе се упати по булеварот „Маршал Тито“ до плоштадот „Гоце Делчев“. Таму е предвидено молитвословие проследено со кратки поздравни слова, по што ќе продолжи назад во Црквата „Свети Петнаесет“.Голем број верници од Струмица се вклучија во литијата, а се очекува утре на оваа свеченост да присуствуваат и голем број верници од регионот.Пред две години иконата беше донесена како подарок од братството на манастирот Дохијар на Света Гора. Во светот има само пет копии на чудотворната икона на Богородица Брзопослушничка, една од нив е иконата во Струмица.Извор: strumicanet.com

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Тоа што СДММ и СДСМ ги боли вистината, тоа е нивен проблем

Граѓаните гледаат како живеат децата на власта. Јавноста гледа во каков луксуз и привилегии уживаат децата на функционерите на власта, а како едвај крај со крај врзуваат останатите граѓани и млади во Република Македонија, се вели во соопштение на ВМРО ДПМНЕ, реакција на изјавата на Александар Димитриевиќ од СДММ.Додека огромен број граѓани и млади живеат со својот труд тонејќи во бесперспективноста која што ја наметна овој криминален картел на власт, мал дел од децата на функционерите добиваат повластени вработувања под државна капка кај што ќе земаат натпросечни плати. Додека се повеќе млади заминуваат од Македонија заради упропастената иднина во својата татковина, децата на функционерите речиси секој месец одат на луксузни одмори во монденски места во странство и пак се враќаат дома кај своите родители-функционери за да земат џепарлак или плата од некоја државна фирма изразени во баснословни суми.Дури и тие од СДММ кои денес држат прес конференции може да сонуваат за животот, луксузот и привилегиите кои ги добиваат децата на функционерите на партијата.Поделбата на младите ја прават Заев и криминалниот картел на власт. Од една страна се 47.6% од младите кои се невработени, а над 140 илјади живеат во сиромаштија. Од друга страна се децата на Мира Дизел Стојчевска, Милева Ѓорѓиева, Грчев, Бучковски, Локвенец, Мисовски, Шилегов, Лалчевска, Николовска, Фрчовски и десетина други од врхушката од власта кои добиваат вработувања затоа што се или најдобри или единствени кандидати или пак се одмораат на луксузни места, се вели во соопштение на ВМРО ДПМНЕ, реакција на изјавата на Александар Димитриевиќ од СДММ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Screenshot_6

Димитриевиќ- СДММ: Ја осудуваме ниската, валкана и неморална кампања на Јаулески, УМС и Мицкоски

Заглавени во сопствената безидејност Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ преку Унијата на млади сили спроведуваат ниска и неморална кампања. Злоупотребуват приватност, ги вмешуваат децата и семејствата на политичари, истакна Александар Димитриевиќ, СДММ. Тој додаде: Објавеното видео на социјалните мрежи од страна на  Јован Јаулески, претседател на УМС, на кое приватни фотогорафии на деца на политичари се ставени во друг контекст, не е само упад во приватноста туку директно посегнување по семејствата.Таквиот однос и злоупотребата на семејствата, на приватноста, не треба никогаш да биде дел од партиската или политичка дискусија. СДСМ најостро го осудува овој срамен и неморален потег на УМС, на Јаулески и на Христијан Мицкоски.Осудуваме секаков обид децата и членовите од потесното семејство да се злоупотребуваат во дневнополитички цели, во измислени контексти кои немаат врска со реалноста. Семејството има посебна важност и не смее да биде користено во партиската и политичка комуникација.Во оваа насока СДММ го осудува и нападот кон синот на Гордана Силјановска и обидите за негова дискредитација или злоупотреба во други цели. Оваа мизерна кампања на УМС и Мицкоски треба да престане. Тоа што немаат идеја, немаат програма ниту став за важните прашања не е изговор.Ваквата ниска и неморална пракса која многу потсетува на манирите на режимските кампањи на Никола Груевски не носи добро никому, ниту буди поттик или позитивни промени за младите. Напротив, таквото неморално дејствување на УМС е со цел да создава раздор, конфликт, омраза и ја вмешува политиката таму каде што не и е местото.Очигледно ништо не се променило, за Христијан Мицкоски, УМС и ВМРО-ДПМНЕ нема никакви морални бариери ниту вредности. Младите, граѓаните јасно можат да го видат тоа, истакна Александар Димитриевиќ, СДММ. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Emil-Dimitriev

Димитриев: Силјановска е интелектуалец кој ја сака Македонија и се залага за правда

Емил Димитриев, премиерот на техничката влада на Македонија, во контекст на прашањето какви и се шансите на Гордана Силјановска Давкова за победа на претседателските избори рече дека во минатото ВМРО-ДПМНЕ дала одличен шеф на државата во Борис Трајковски и дека Силјановска е интелектуалец кој ја сака Македонија и се залага за правда, а тоа се два критериуми кои се доволни за да добие поддршка.- Во периодов од прогласување на независноста до денес, малку интелектуалци го зачувале својот интегритет независно од тоа кој е на власт. Давкова е една од тие интелектуалци, која ја сака Македонија и се залага за правда, два критериума во ова време сосема доволни да добие поддршка. Интересна е дилемата, како гласачкото тело кое е позиционирано центар-десно од идеолошки аспект и секогаш е побројно од левицата, не испрофилира не едно туку повеќе квалитетни решенија за претседател на државата. Нешто што само ми ја потврдува лошата состојба во опозицијата, која во последните две-три години изобилува со неосновани меѓусебни пресметки и дисквалификации. Да не заборавиме, ВМРО-ДПМНЕ во минатото ѝ даде на Македонија одличен претседател, член на партијата, но со висока државничка свест – зборувам за покојниот Борис Трајковски., рече Димитриев во интервју за „Независен“.Додаде дека во преговорите со Грција во спорот за името грешки правеле и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, наместо да постигнат една широка платформа.- Улогата што ја играше СДСМ, по секоја цена да се постигне договор и по цена на националните интереси, беше јасен сигнал за другата страна во преговорите. Позицијата, пак, на ВМРО-ДПМНЕ на проблемот да гледа како на нешто туѓо, а со тоа го остави СДСМ да прави што сака, доведе до ситуација да добиеме лоша варијанта на договор. За мене особено беше проблематичен принципот „име за севкупна употреба“, нешто што има негативен импакт на нашиот идентитет. Тоа беше причината да не ги поддржам уставните измени, ризикувајќи да бидам разбран погрешно, иако претходно во мојата кариера, како заменик министер за одбрана, како пратеник и претседател на Влада, се имам вложено во напорите за наше НАТО-интегрирање. Ако процесот се менаџираше со домашна заедничка стратегија, убеден сум дека освен што ќе имавме подобар договор, неговото вградување во политичкиот систем ќе беше достоинствено, а ќе имавме и негова полесна имплементација, додаде Димитриев.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања