Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
soobrakajna-nesreka

Тешка сообраќајка во Битола

На 24.03.2019 на крстосницата од патот село Лисолај-Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Шевролет спарк“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.С(25) од село Белче, демирхисарско и патничко возило „Опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.М(32)од Битола.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот во патничкото возило „Опел  корса“ и бил пренесен во Клиничка болница Битола.Возачот на патничкото возило Шевролет спарк“ и сопатникот од другото возило се здобиле со телесни повреди. Извршен бил увид на местото.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Граѓаните на своја кожа ги чувствуваат катастрофални економски политики

За тоа колку се живее подобро во Република Македонија говори фактот што граѓаните секојдневно живеат се посиромашно.СДСМ и Заев залудно се обидуваат да ја лажат и манипулираат јавноста, граѓаните на своја кожа ги чувствуваат нивните катастрофални економски политики, се вели во соопштение од ВМРО ДПМНЕ кое е реакција на соопштението на СДСМ.Заев ја донесе Македонија до питачки стап, повеќе од 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, 70% од граѓаните земаат помала плата од просечната, а повеќе 140.000 млади живеат во сиромаштија.Македонската економија е на дното во Европа поради катастрофалните економски политики кои ги води владата на СДСМ. Додека економиите во Европа и регионот растат, Македонија има мизерни 2,05 проценти БДП кои се далеку од ветените 5 или 7% кои Заев толку многу ги ветуваше.За расипништвото на СДСМ говорат и секојдневните задолжувања од кои граѓаните не видоа никаков бенефит, ниту донесоа капитални инвестиции, ниту отворија нови работни места, освен оние отворени работни места за децата на функционерите на СДСМ.СДСМ покажаа дека не се способни да раководат со државната економија.СДСМ, Заев, Тевдовски и Анѓушев не се разбираат од економија и затоа треба што побрзо да си заминат, се вели во соопштение од ВМРО ДПМНЕ кое е реакција на соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Автомобил удрил во 11-годишно дете кое е пренесено во болница

На 24.03.2019 околу 12.45 часот на регионалниот пат Ратае-Желино, во с.Шемшово- тетовско, патничко возило „Фиат пунто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.М.(48) од Скопје, удрило во 11-годишно дете од Шемшово, кое управувало велосипед.Повреденото дете било пренесено во тетовската клиничка болница. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajka

Шест лица повредени во страшна сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

На 24.03.2019 околу 13.15 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на околу 500 метри од „Мавровска крстосница“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(41) од Гостивар  и патничко возило „Фолксваген Пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(68) од Тетово.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Ф. -сопатничка од возилото „БМВ“. По укажаната помош во Медицинскиот центар Гостивар таа била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Во незгодата со телесни повреди се здобиле уште шест лица  во двете возила, кои по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Македонија | пред 6 години

6 год.
brza-pomos

Таткото на прободеното дете: Меѓу личните работи на син ми нема нож, за разлика од синовите на високи функционери

Таткото нa момчето кое со нож беше прободено во саботата во дискотека од страна на две лица, синови на висок функционер вработен во МВР, се огласи денеска преку својот Фејсбук профил:„Ги земав личните предмети на син ми од болница, меѓу нив има лични документи и парфем, нема нож како што имале сторителите, така сум го воспитал да ги сака луѓето, да помогне каде што може. Правеше големи сметки на телефон донирајќи за некоја објава за помош на лица за кои се собираа парични средства потребни за лекување. За разлика од него, сторителите синови на висок функционер, излегуваат на забава со ножеви, се прашува ли некој надлежен со каква цел е излегувањето на млад човек во дискотека со нож“, стои во статусот на таткото на прободеното момче.Момчето беше пpoбодено со нoж во саботата во дискотека во Марино.https://www.facebook.com/goce.filipovski.3/posts/3117466544946045

Скопје | пред 6 години

6 год.
54730565_2152890388123300_7901557016416485376_o

ВИДЕО: Чудни дупки во Куманово и Битола, семејствата во паника

Чудна дупка се појави во дворот на семејството Азировиќ од Куманово. По површина изгледа мала, но од внатре се шири од двете страни.Семејството Азировиќ живее во Германија, а сега се дојдени на одмор, исплашени се и не знаат што да прават, јавува Тв21.[embed]Дупката е на само 4 метри од куќата, тој стравува да не пропадне целата куќа, за која вели дека работел 20 години во Германија.Откако чудна дупка се појави во дворот на семејството Азировиќ од Куманово, денеска забележана е отворена дупка и во Битола. По површина изгледа мала, но од внатре се шири од двете страни. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од дупката, но засега нема информации за што точно се работи.Дупката е широка 1,5 метри, а се појави пред станбена зграда. Ставено е и известување „пази дупка“.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_7134

За месец и пол ќе се одржи спортскиот спектакл во Скопје

Низ годините Виз Ер Скопскиот маратон ги урива сите рекорди во поглед на својата организација. Од 1.249 во првата до преку 10.000 тркачи во последната година, од 22 до 58 земји учеснички од цел свет и безброј иновации и идеи сѐ со цел да се подобри искуството на секој кој ќе стапне на или до патеката.За 15-то јубилејно издание тимот на Виз Ер Скопски маратон, Сојуз на спортови на Град Скопје, посочи дека штафетниот маратон ќе биде со име „Штафетен маратон – ЕУ за спорт“ под покровителството на ЕУ. Ќе бидат организирани бесплатни групни тренинзи кои ќе ги водат познати атлетичари Сашо Даневски, Кокан Ајановски и Весна Кираџиева. Повеќе инфо за термините и сите други детали ќе има на официјалната веб страна и социјалните мрежи.Сите заинтересирани што сакаат да добијат маица во стартниот пакет ќе мора да се пријават најдоцна до 31-ви март, после овој датум не следува маица во стартниот пакет. Истиот датум е краен рок и за оние што сакаат нивното име да им биде испишано на стартниот број.Традиционално, како и минатите години, сите учесници ќе добијат 20 ЕУР вредносен ваучер од насловниот спонзор, Виз Ер.Од Сојуз на спортови порачуваат дека изминатиот викенд патеката беше измерена од страна на стручно лице на ИААФ и АИМС со што Виз Ер Скопскиот маратон го обновува постоечкиот сертификат за точноста на патеката и истата ги исполнува сите стандарди за исполнување на норми за учество на Олимписки норми и Светски првенства.Оваа година, Виз Ер Скопски маратон ќе се одржи во сабота, 4-ти мај 2019 година, и заинтересираните може да се пријават на официјалната веб страна на http://skopskimaraton.com.mk/ или кај партнерот за онлајн регистрација https://www.smartrace.club/. Виз Ер Скопски маратон е под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.

Скопје | пред 6 години

6 год.
grobista-610x400

„Книга за гробиштата“ на македонски

Издавачката куќа „Паблишер“ ја објави една од најпопуларните книги за млади од жанрот фантастика – „Книга за гробиштата“ од прочуениот британски автор Нил Гејман, познат во светот по големите бестселери „Коралина“, „Ѕвезден прав“, „Океан на крајот од патот“, „Американски богови“, како и по многуте филмски и телевизиски адаптации на неговите дела.„Книга за гробиштата“ е најуспешното дело на Гејман, кое во иста година му ги донесе најпрестижните награди во САД и Велика Британија – „Хуго“, „Њубери“, „Локус“ и „Карнеги“ – како потврда за големото мајсторство на Гејман и неверојатната умешност како раскажувач со исклучително богата имагинација.Книгата e волшебна приказна за љубовта и пријателството. Ник Овенс е обично момче кое живее на необично место – на старите градски гробишта.Таму е воспитуван и образуван од духови, под старателство на едно суштество кое не е дел ниту  од светот на живите ниту од  светот на мртвите. Истовремено трагична, страшна, но и топла приказна чија тема за заедништвото и семејството ги обединува сите, без разлика на кој свет му припаѓаат. Со моќна порака и незаборавни ликови, ова е книга во која уживаат и помладите и повозрасните читатели кои веруваат во подобар свет и повозвишени идеали.Книгата е дел од едицијата „Калеидоскоп“ поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Магазин | пред 6 години

6 год.
ubistvo-hrvatska

Малолетници убиле брачен пар: Сопругата се бранела, нејзиниот сопруг имал повеќе убоди на телото

Како што објавуваат регионалните медиуми, двајцата малолетници првин ги претепале, а потоа брутално убиле двајцата сопружници. Жената, која била на возраст од 70-години, била убиена со над 20 убоди со шрафцигер во главата и вратот. Тие имале 15 и 16 години и се од Босна и Херцеговина. Убиството се случило во уматац крај Велика Кладуша.Таа имала рани по рацете, што покажува дека се бранела, додека нејзиниот 75-годишен сопруг бил убиен со повеќе убоди по телото. Тој не можел да се брани бидејќи бил инвалид.Според првичните информации од тамошните истражни органи, децата кои живееле во истото село, ги убиле соседите заради материјална корист. Од нив украле 10 евра, лап-топ, телевизор, златен накит, а по убиството неколку часа се возеле и со автомобилот на убиените соседи.

Свет | пред 6 години

6 год.
Kniga-za-grobistata

Култната „Книга за гробиштата“ од Нил Гејман пристигна на македонски

 Издавачката куќа „Паблишер“ ја објави една од најпопуларните книги за млади од жанрот фантастика – „Книга за гробиштата“ од прочуениот британски автор Нил Гејман, познат во светот по големите бестселери „Коралина“, „Ѕвезден прав“, „Океан на крајот од патот“, „Американски богови“, како и по многуте филмски и телевизиски адаптации на неговите дела.„Книга за гробиштата“ е најуспешното дело на Гејман, кое во иста година му ги донесе најпрестижните награди во САД и Велика Британија – „Хуго“, „Њубери“, „Локус“ и „Карнеги“ – како потврда за големото мајсторство на Гејман и неверојатната умешност како раскажувач со исклучително богата имагинација.Книгата e волшебна приказна за љубовта и пријателството. Ник Овенс е обично момче кое живее на необично место – на старите градски гробишта. Таму е воспитуван и образуван од духови, под старателство на едно суштество кое не е дел ниту  од светот на живите ниту од  светот на мртвите. Истовремено трагична, страшна, но и топла приказначија тема за заедништвото и семејството ги обединува сите, без разлика на кој свет му припаѓаат. Со моќна порака и незаборавни ликови, ова е книга во која уживаат и помладитеи повозрасните читатели кои веруваат во подобар свет и повозвишени идеали.Книгата е дел од едицијата „Калеидоскоп“ поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Магазин | пред 6 години

6 год.
mircevski-387kpbgd9oi74u9rsxg5c0

Иселеници први на помош за семејството Мирчовски, чија куќа изгоре вчера

Иселеници од Швајцарија и Германија први се вклучија во акцијата за собирање помош, откако вчера рано утрото им изгоре куќата на 12-членото семејство Мирчовски од село Русиново.Меѓу првите кој се понуди за помош е Ване Воденски, татко на познатиот кик-боксер Кристијан Воденски, кои повеќе од 30 години живеат во Германија.Хуманитарните организации веќе се организираат за помош на малолетните четири дечиња кои синоќа заедно со родителите ноќта ја поминаа кај роднини и соседи.Градежна механизација составена од вработени во јавното претпријатие „Услуга" од Берово активно се вклучија во акцијата за расчистување на остатоците од куќата што целосно изгоре во пожарот, а расчистувањето, како што соопштија, ќе продолжи и денеска.Беровчани од денеска, своите донации можат да ги достават и во донаторски кутии во „Пакет Маркет" во Берово, што вчера донираа прехранбени продукти и алишта за несреќното семејство. Сите останати кои имаат желба да помогнат тоа можат да го сторат на трансакциска сметка на име Александар Мирчовски со број на сметка 200002693474846. Акцијата за помош на дванаесетчленото семејството продолжува и понатаму.

Македонија | пред 6 години

6 год.
wizzair-1-750x400

Визер лета од Скопје до две нови дестинации

Со првиот лет на авиокомпанијата „Виз ер“ од меѓународниот аеродром „Скопје“ до германски Баден-Баден денеска официјално беше одбележано воведувањето на две нови дестинации од скопскиот аеродром.До Баден-Баден се патува два пати неделно, секој вторник и сабота, а покрај оваа дестинација од скопскиот аеродром двапати неделно, во среда и недела, ќе има лет и до Бремен.Со воведувањето на двете нови дестинации, скопскиот аеродром сега е директно поврзан со 39 дестинации на кои оперираат 13 авиокомпании.Двете нови авиолинии од скопскиот аеродром, како и новите авиолинии од охридскиот аеродром се дел од договорот за финансиска поддршка што Владата го потпиша со авиокомпанијата „Виз ер“.Во текот на јануари и февруари вкупно 305.246 патници патувале преку двата аеродроми во државата што претставува пораст од седум проценти. Минатата година на двата аеродроми биле опслужени 2,3 милиони патници што претставува годишен пораст од 16 проценти.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaev-spasovski

Новинарот Димовски: Спасовски има советник чиј син носи нож во дискотека, дно дна!

Со скандалозниот чин што се случи изминатиов викенд кога син на поранешен градоначалник со нож прободе 27 годишник, со свој статус се огласи и новинарот Сашо Димовски.„Свети Оливер Кумановски има советник во МВР, довчерашен градоначалник, чии синови носат нож на излегување во дискотека, прободуваат човек, исто вработен во МВР и овој, ај што ги брани, туку и уште појаснува дека немал намера да влијае на истрагата???!!! Па фалело уште јавно да каже дека ќе влијаеш!!! Која стока од луѓе, дно!!! И со вакви стока функционери, СДС сака да победи Стево? Жал ми е што го горат човекот само!!! Само клоца за Вас, за ваква багра Оливерова нема друг јазик за разбирање!! МВР дно дна по скандали станавме“, стои во статусот на новинарот Сашо Димовски.Инаку МВР во дневниот билтен  во саботата ја имаше основната информација за овој инцидент:„На 23.03.2019 година во 00,30 часот во СВР-Скопје било пријавено на улицата “532“ во угостителски објект во с.Марино–скопско дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу лицата: Ф.Ф. (27) од с. Кадино-скопско од една страна и А.Ц. и Ј.Ц. од друга страна, при што Ф.Ф. бил прободен со нож. Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а А.Ц и Ј.Ц се приведени во полициска станица“ – велат од МВР.

Македонија | пред 6 години

6 год.
trska-3

Рамиз Мерко гори трска за нова плажа, а во турско време палењето трска коштало рака, се вели на Твитер

Трската на Охридското Езеро продолжува да се пали. Пожари има на целото крајрежје каде има појас на трска. Само изминатото деноноќие се случија нови два големи пожари кај Подмолје и Калишта  каде е уништена огромна површина на трска во литоралот на езерото.Штетата е огромна, а последиците катастрофални, дотолку повеќе што постои сомневање дека една од главните причини за палењето на трската е приграбување на атрактивното земјиште за плажи и изградба на сместувачки капацитети, предупредуваат екологистите.На Твитер се коментира за овие „сомнителни“ случаи. Сите кои објавиле статус се противат на она што се случува, а дел од нив тврдат дека ќе се изгради плажа за некое време, откако целата трска ќе биде изгорена. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
pozar-pariz-1

По нападите во Нов Зеланд, пожар во џамија во Калифорнија

Во џамија во јужна Калифорнија изби пожар, што брзо беше локализиран, а на паркингот е пронајдена порака поврзана со неодамнешниот терористички напад на Нов Зеланд, соопшти американската полиција.Во пожарот, за кој постои сомневање дека е подметнат, никој не е повреден, а припадниците на Исламскиот центар Ескондидо успеале да го изгаснат огнот пред да стигнат пожарникарите.Џамијата е лоцирана на 48 километри северно од Сан Диего.Истрагата испитува дали инцидентот извршен од омраза и дали е подметнат.Полицијата не ја откри содржината на пронајдената порака.Во терористичките напади врз две џамии во Крајстчрч на Нов Зеланд загинаа 50 луѓе.

Свет | пред 6 години

6 год.
skopje-12

Нови паркови во Скопје

Во Скопје се обновува и заштитува постојното и се подигнува ново зеленило. За само една година екипите на Град Скопје реконструираа 129.000 квадратни метри, а засадени се над 8.000 висококвалитетни садници на повеќе локации во градот.Градските власти велат дека акцент бил ставен на засадување нови дрвореди и обновување на постојните. Од оваа година Скопје е побогат и за неколку нови паркови.Екипите на Град Скопје работат на хортикултурно уредување на зелен плоштад на булеварот „Гоце Делчев“, на просторот зад Филхармонија. Во овој дел, на површина од 7.300 квадратни метри ќе се постави хидрантска мрежа и ќе се засадат стотина висококвалитетни листопадни садници.Со зеленило ќе се уреди и дворот на Министерството за култура. Зелената површина од 300 квадрати ќе ја разубават 20 висококвалитетни листопадни садници.На просторот кај последната постојка на автобусот со број 41 во Драчево никна нов парк, на местото каде што до неодамна имаше дива депонија. На површина од околу 5.500 квадратни метри се засадени 200 висококвалитетни садници и е поставена нова хидрантска мрежа со прскалки, шахти и хидранти. Во паркот ќе се постават и нови клупи и корпи за отпадоци.Финскиот парк во населбата Ченто е реконструиран и хортикултурно уреден на површина од околу 13.000 квадратни метри. Во паркот е подигнат нов тревник и за првпат е поставена хидрантска мрежа со прскалки, шахти и хидранти.Уреден е и паркот до Градежниот факултет, на булеварот „Партизански одреди“. Реконструирана е јавна зелена површина од 2.149 квадратни метри и е поставена хидрантска мрежа со хидранти, шахти и систем за полевање со прскалки.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Emil-Dimitriev

Емил Димитриев: И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ згрешија за името

Независен весник: Сметате ли дека партијата требаше поинаку да се постави по неколку важни политички прашања, пред сè, околу договорот за името и референдумот?Емил Димитриев: Ако сите бевме свесни дека периодот на решавање на спорот со Грција, кој ни беше оставен како земја, е при крај и дека поради крупни геостратешки политики нема да се толерира ова прашање да биде сè уште отворено, мораше да бидеме помудри, да ги надминеме нашите „детски“ болести на плурализмот и демократијата. Интересот на меѓународната заедница за конечно решавање на овој спор требаше да го свртиме во наша корист, а не на наша штета. Повторно дојдоа до израз нашето неединство и отсуство на државна стратегија за решавање на националните приоритети. Во преговорите се влезе премногу несериозно, да не речам незрело и во една таква ситуација правеа грешки и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Тврдам дека сè ќе беше поинаку ако се креираше широка платформа која ќе ги вклучеше најголемите политички партии во преговорите, со што и изгледите за постигнување на подобра варијанта на договор ќе беа поизвесни. Улогата што ја играше СДСМ, по секоја цена да се постигне договор и по цена на националните интереси, беше јасен сигнал за другата страна во преговорите. Позицијата, пак, на ВМРО-ДПМНЕ на проблемот да гледа како на нешто туѓо, а со тоа го остави СДСМ да прави што сака, доведе до ситуација да добиеме лоша варијанта на договор. За мене особено беше проблематичен принципот „име за севкупна употреба“, нешто што има негативен импакт на нашиот идентитет. Тоа беше причината да не ги поддржам уставните измени, ризикувајќи да бидам разбран погрешно, иако претходно во мојата кариера, како заменик министер за одбрана, како пратеник и претседател на Влада, се имам вложено во напорите за наше НАТО-интегрирање. Ако процесот се менаџираше со домашна заедничка стратегија, убеден сум дека освен што ќе имавме подобар договор, неговото вградување во политичкиот систем ќе беше достоинствено, а ќе имавме и негова полесна имплементација. Тој нов договор ќе помогнеше да ја стекнеме довербата од нашиот јужен сосед и по одреден период да ги повратиме и тие позиции што ќе бидат наш влог во договорот. Овој дел бара многу поширок простор за одговор. За жал, имам чувство дека потфрливме генерално како општество.Целото интервју тука.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zabludi-i-vistini-za-licata-so-daunov-sindrom-212293

ВИДЕО: Што е Даунов синдром?

Даунов синдром е хромозомско нарушување, предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом. Откриен е во 1866 година од лекарот Џон Ленгдон Даун кој работел со луѓе со интелектуални пореметувања. Тој забележал дека дел од неговите пациенти биле толку слични што лесно можело да се претпостави дека се деца од исти родители. Тој забележал дека овие лица поседуваат:– широко, сплеснато лице– дебел јазик,– мал нос– ментално ретардираниПодоцна ова генетско хромозомско пореметување е наречено Даунов синдром, а како негова причина се одредени грешки во клеточната делба пред оплодувањето. Медицински гледано, Дауновиот синдром се нарекува Трисомија 21.Менталната ретардација кај овие луѓе може да се движи од лесна до средна (умерена). Малкумина од нив имаат тешка ментална ретардација. Застапеноста на дауновиот синдром е 1 на 800 или 1.000 раѓања. Оваа ментална ретардација може да се открие за време на бременоста на жената, преку амниоцентеза. Иако некои од физичките недостатоци не можат да[embed]https://www.facebook.com/gizapoznavameretkitebolesti/videos/229634031306082/?v=229634031306082[/embed]Интелектуалниот напредок кај децата со Даунов синдром е многу различен. При раѓањето не можат да се предвидат способностите кои ќе ги носи една индивидуа. Идентификацијата на најдобрата метода на учење започнува многу брзо после раѓањето преку програмите на рана интервенција. Бидејќи децата со овој синдром имаат многу различни таленти и способности, нивниот успех на училиште исто така, може многу да се разликува, со што се истакнува потребата за индивидуална евалуација на децата. Когнитивните проблеми кои ги имаат децата со Даунов синдром, често се сретнуваат и кај сите други деца. Токму заради тоа родителите можат да ги праќаат своите деца во институции каде се употребуваат општите образовни програми. Токму на овој начин децата со Даунов синдром доживуваат напредок. Таквиот напредок е особено забележителен доколку децата со Даунов синдром посетуваат редовни градинки и редовни училишта, бидејќи на тој начин ги восприемаат работните, социјалните, културолошките и други навики од своите соученици. Токму затоа и процесот на инклузија сè повеќе се воведува и применува во повеќето држави во светот. Комуникациските вештини се разликуваат од дете до дете.Децата со Даунов синдром најчесто имаат проблеми со говорот и токму затоа се препорачуваат различни терапии за да си го подобрат изговорот. Моториката кај овие деца е забавена и често пати го попречува интелектуалниот напредок. Повторно и тука, како и кај интелектуалниот напредок, имаме најразлични случаи.Некои деца почнуваат да одат на 2 години, додека пак други тоа го прават во четвртата година од својот живот. Физикална терапија или учество во програма која што е адаптрирана за ваквите деца, може многу да им помогне во развојот на нивната моторика. Покрај овие проблеми овие личности имаат проблеми со средното уво и токму затоа понекогаш имаат ослабен слух.Во образованието се повеќе се вклучуваат деца со Даунов синдром (за полесно надминување на пречките) и тоа во многу држави повеќе не е табу.

Магазин | пред 6 години

6 год.
policiska-lenta-policija-srbija-960x639

Малолетници за 10 евра со лопата убиле старци

Двајца малолетници, 15-годишниот Е.Џ. кој е роднина на убиените и 16-годишниот Т.С. од Шуматац, на ѕверски начин убиле двајца немоќни старци, а дел од украдените работи ги сокриле во една недовршена куќа. Убијците ги убиле старците за  10 евра, малку накит, лаптоп и ТВ и неколку часа се возеле во нивниот автомобил. Таа куќа била во сопственост на полицаец од Велика Кладуша кој ги открил украдените работи и за тоа ги известил колегите. Токму тоа бил одлучувачки детаљ во решавање на овој случај.Најпрво верувале дека Фатима и Салко Џогиќ се убиени во саботата, меѓутоа истрагата утврдила дека тие се убиени ноќта во четвртокот кон петокот. Прво сомнение се појавило откако сестрата на убиената се јавила во полиција и рекла дека нејзината сестра не ѝ се јавила два дена.Мештаните велат дека брачниот пар е убиен со дршка од лопата, а и дека се избодени со шрафцигер. Според информациите мажот е пронајден целосно гол, а телото на жената е пронајдено во ходникот под скалите.Едно одо двете момчињата е уапсено во патики на кои останале траги од крвта на жрвите.

Свет | пред 6 години

6 год.
Fred-Wesley

Концерт и мастер клас со тромбонистот на Џејмс Браун, легендарниот Фред Весли

Славниот музичар, тромбонистот Фред Весли, денеска пристигнува во Скопје и уште вечерва, со почеток во 19 часот, во скопското кафуле Brick Eat, кое е лоцирано покрај реката Вардар, веднаш до Парк Хотел & Спа ќе одржи двочасовен мастер клас за сите оние кои се заинтересирани. Покрај него, присутни ќе бидат и членовите на неговото трио „Fred Wesley Generation Trio“. Организаторите оваа средба повеќе ја најавуваат како „meet and greet“ со легендарниот тромбонист. Ова е единствена и неповторлива можност неговите искрени поклоници да се сретнат со оваа ѕвезда. Бројот на учесници е ограничен, а повеќе информации за овој настан има на фејсбук страницата на 3Гонга.Утревечер на 26 март, со почеток во 20 часот, во ноќниот клуб Станица 26, Весли со неговото трио ќе одржат целовечерен концерт. Настанот е во организација на 3Гонга и Funky Fresh,, локална поддршка Гоце&Чваре.Неговото трио е конекција на неколку генерации. Легендарниот Весли наполни 75 години, италијанскиот продиџи на клавијатури Леонардо Коради има само 25 години, а тапанарот од триото Тони Меч има 45 години. Тројца музичари, кои првично пред повеќе години се собраа да му оддадат почит на легендарниот џез музичар Џими Смит, но нешто „кликна“ меѓу нив и тие продолжија како трио да настапуват понатаму заедно се до денес. Нивната музика е производ на талентот и огромното искуство на Весли, звук обоен со уникатни влијанија, вклучувајќи и африкански ритми и електронски звуци.Фред Весли ја започна својата кариера како тинејџер - тромбонист на Ајк и Тина Тарнер. Подоцна, во 1968 година на легендарниот Џејмс Браун му стана музички аранжер, тромбонист и главен компизитор. Соработката со Браун го направи Весли најпознатниот тромбонист на светот, кој хируршки прецизно го дефинираше јазикот на фанкот. Тој успеа да го издигне фанкот на сосема ново ниво. Нивната соработка траеше се до 1975 година. Во годините потоа тој музицираше со многу познати артисти и бендови меѓу кои и Parliament – Funkadelic и со Bootsy's Rubber Band.Фред има снимено дузина соло албуми, култни песни, кои се дел од многу наградени документарни филмови, тој е дел од многу книги за фанкот и години наназад организира мастер клас насекаде низ светот.

Магазин | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања