Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Мицкоски како остаток од груевизмот го чека пораз на изборите

Траорна атмосфера владее единствено во ВМРО-ДПМНЕ поради силната поддршка од 30 партии од сите етнички заедници, од граѓаните и прогресивните сили за Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател на сите граѓани, велат од СДСМ.Мачнина се гледа на ликот на Мицкоски кој се уште зборува „за удари“ со истиот боксерски речник како неговиот ментор и шеф, Никола Груевски. По Ѓорге Иванов кој наскоро заминува, Христијан Мицкоски е последниот остаток од груевизмот - криминалната матрица што 11 години ги осиромашуваше граѓаните, ја пустошеше економијата, а државата ја турна во изолација и неизвесност.Затоа, граѓаните на 21 април ќе го поразат Мицкоски и неговиот кандидат за претседател Гордана Силјановска, и ќе стават крај на остатоците од груевизмот, крај на деструктивната матрица што се обидува да ја влече државата назад.Јасна е разликата, за првпат во историјата, 30 партии од сите етнички заедници застанаа зад еден кандидат. Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и сите останати застанаа зад Стево Пендаровски натпартиски кандидат за претседател на сите граѓани. Од друга страна, кандидатот на Мицкоски, Силјановска добива поддршка само од оние политички субјекти кои работат против ЕУ и НАТО.На Северна Македонија и е потребен вистински претседател, кој ќе застане рамо до рамо со прогресивните сили и Владата  и посветено ќе работи на процесите што значат напредок, раст и развој, членство во НАТО и интеграција во ЕУ.Тоа е Стево Пендаровски, велат СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
naum-stoilkovski

Стоилковски: Зоран Заев е очаен, одлучи заедно со неговите партнери да го жртвува докажаниот губитник Стево Пендаровски

Свесен е дека граѓаните му завртеа грб и дека се противат на антидржавните и на криминалните политики, па одлучи заедно со неговите партнери да го жртвува докажаниот губитник Стево Пендаровски, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Стево Пендаровски е тажен избор кој покажува колку ниско е паднат СДСМ и колку ниско е паднат Зоран Заев. После пет години да не се најде нов кадар кој што би бил достоен да се кандидира за претседател на Република Македонија е најдобриот доказ дека квалитетните, чесните и искрените поединци одбиваат да ги бранат политиките на Зоран Заев. После пет години да им се понуди на граѓаните кандидат еднаш веќе отфрлен од нив е целосно потценување на народот во надеж дека гласачите кратко помнат и ги заборавиле навредите на Пендаровски кон нив. Пред пет години кога жестоко беше напаѓан Али Ахмети од страна на Стево Пендаровски, и од тогашната власт, Пендаровски освои 398.000 гласови, 140.000 гласови помалку од Ѓорге Иванов, актуелниот претседател на Република Македонија.Јасно е дека Стево Пендаровски повторно ќе биде поразен. Тоа е неговата улога. Пендаровски е повторно жртвеното јагне на Зоран Заев и на СДСМ. Со одлуката да го кандидира Стево Пендаровски, Зоран Заев ги заштитува своите најблиски соработници Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и Никола Димитров. Некој мора да биде поразен, а Спасовски, Шекеринска и Димитров му се поважни на Заев од Стево Пендаровски. Стево Пендаровски е партиски послушник на Зоран Заев подготвен да клати со главата и да ги аминува сите негови политики. Пендаровски да потсетиме гласаше за двојазичност, легитимираше криминални државни, крвави избори како претседател на ДИК, го советуваше Бранко Црвенковски за аболицијата за Заев, се сложи со трговијата со тиранската платформа, се сложи со бришењето на идентитетот на македонската држава, на македонските граѓани.Почитувани,Власта губи, власта паѓа, власта нема поддршка од народот. Залудни се додворувањето кон ДУИ и барањето прошка и поддршка од Али Ахмети.Јасно е дека победува честита Македонија, победува Гордана Силјановска Давкова, победува ВМРО-ДПМНЕ. Заевизмот е пред колапс, заевизмот е на колена, заедно ќе го турнеме онаму каде што му е место - во мрачните страници на македонската историја!Македонија ќе биде честита, со Гордана Силјановска Давкова како нов претседател, истакна на денешната пресс конференција, Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ!

Македонија | пред 7 години

7 год.
dimce

(ВИДЕО) Арсовски: Епидемијата од непотизам што ја зафати СДСМ потекнува директно од нивниот лидер, Зоран Заев

Епидемијата од непотизам што ја зафати СДСМ потекнува директно од нивниот лидер, Зоран Заев.Истиот тој Зоран Заев кој ветуваше професионална администрација, истиот тој Зоран Заев кој обвинуваше за наводна партизација во времето на ВМРО-ДПМНЕ, сега потврдува дека преку СДСМ откако е дојден на власт се вработени над 28.000 партиски членови, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Замислете, човекот кој обвинуваше за наводна партизација и преобемна админстрација, истата таа државна администрација ја партизирал со над 28.000 партиски членови од редовите на СДСМ. Кои нормално биле избрани од нивните општински организации.Денеска во медиумите можевме да видиме застрашувачка и срамна потврда на Зоран Заев кој преку комуникација со разочаран член од СДСМ потврдува дека партијата вработила 28.000 партиски членови.Воедно како што вели и самиот партиските вработувања оделе преку општинските организации и штабовите на СДСМ, па за да му помогне на овој разочаран член со кој комуницира, и му се жали дека за него нема вработување ќе морал Зоран Заев да разговара со општинските организации, да му најде некое место.Почитувани,Маските на Заев и СДСМ одамна паднаа.Почитувани,Ова е правото лице на Зоарн Заев и на СДСМ. Зоран Заев е човекот кој декларативно се залагаше за се и сешто, ветуваше се и сешто, на крај испадна дека лаже за се и сешто. Сега веќе и институциите имаат потврда и од лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека вработувањата кои што можеа да бидат видени преку оваа епидемија на непотизам оделе директно преку партиските штабови и општински организации. Единствено што треба да направат институциите е да ги погледнат детално списоците кои ги поднесовме со 182 партиски членови кои што се роднини на функционерите на СДСМ до државната комисија за спречување корупција и едноставно да постапат со нив, бидејќи имаат и официјална потврда од Заев.Почитувани,Ниту целата епидемија на непотизам, ниту 28.000 партиски врбаотувања, за кои мораме да истакнеме дека се сериозен сомнеж за изборен поткуп, нема да им помогне на СДСМ да ја дозаробат државата на овие избори.Граѓаните јасно порачуваат дека СДСМ ја нема довербата и ја изгуби веќе, а овие избори се одлична шанса за втор пораз на Стево Пендаровски иу СДСМ. СДСМ мора да изгуби и да биде поразен овие избори за да се спречи целото ова лудило, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
53142860_411043449706690_8987350093447299072_n

Николовски: Исплатени 5,5 милиони евра на над 26.300 земјоделци за субвенции за житни култури

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со државниот секретар на министерството и директорите на надлежните инситуции имаа работна средба со земјоделците од Тетово. На средбата министерот Николовски посочи дека се деновиве се изврши уплата на житните култури.„Ја продолжуваме праксата и нашето клучно ветување дадено пред граѓаните за редовна и навремена исплата на субвенциите. Вчера се исплатени 332 милиони денари или 5,5 милиони евра субвенции на над 26.300 земјоделци за субвенции за житни култури. Тогаш кога им се потребни овие пари ги враќаме назад кон земјоделците за повторно да ги вложат во новото производство оваа година“, изјави Николовски.Со земјоделците во Тетово министерот дискутираше за моменталните состојби во секторот и нивните предлози, и ги презентираше новите мерки од програмите за финансиска поддршка и рурален развој.Оваа година продолжува финансиската поддршка од 20 отсто повисоки субвенции за поледелските култури за земјоделците со развоен капацитет, и 10 отсто повисоки субвенции за грло добиток за истата категорија на земјоделци. Се олеснуваат критериумите за градинарството, односно засадената површина што се пријавува од оваа година ќе биде збирна за сите градинарски култури.На овој начин се намалува бројот на земјоделците кои претходно биле одбивани поради сложените административни процедури. Се воведува и нова мерка е за малите земјоделски стопанства под 1 хектар, која има за цел да направи раздвојување на развојните од социјално ориентираните мерки. Од оваа година 6.000 денари по хектар изнесува субвенцијата за земјоделците кои имаат до 0,5 хектари земја, а 12.000 денари за оние што имаат од 0,5 до 1 хектар земја. Преку оваа мерка се враќаат 130 милиони денари кај земјоделците.Освен националните програми, особено за развојот на сточасртвото/говедарството се и мерките од ИПАРД, кои се важни за модернизирање на земјоделството и за кои веќе се подготвуваат нови огласи.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr

Шест лица од Кина нелегално поминале граница

На  01.03.2019 година во 11,10 часот  во реонот на  с.Лојане мото патрола од ПС за ГН- Сопот при обид за нелегално поминување на државната граница од  Република Србија кон Република Северна Македонија затекнала шест лица  од Кина. Лицата се приведени во СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski-za-pendaroski

Мицкоски за кандидатот на СДСМ:Пендаровски претставува лик кој што е дел од мнозинството на Заевизмот

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  го кажа својот став за кандидатот на СДСМ за претседател Стево Пендаровски. Мицкоски вели:Пендароски претставува лик кој што е дел од мнозинството на Заевизмот. Не очекувавме ништо порзлично да се случи, тоа е онаа традиционална матрица, која што ја пустошеше Македонија 27, 28 години.Нема што да додадеме нити позитивно да коментираме, со кандидатот на Зоран Заев. Тој си го одбра на деспотки начин кандидатот . Правеше една парада, едно реално шоу кандидатот, објавуваа конкурси, па луѓето се пријавуваа. Имше пријавување од општинските организации и други поднесоја кандидатура, но на крај пресече деспотот .Го донесе својот поданик па ќе видиме како ќе завши. Јас сум убеден во честитоста и убедитоста на македонскиот народ да му го дадат својот прв удар на Заевизмот. Јас сум сигурен дека тоа ќе се случи на 21 април, а на 5 ти мај Р Македонија ќе добие претседателка и таа ќе биде претседателка на сите граѓани на Р Макдонија, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr1

По 4 дена потрага пронајден штитеник на ЈУ „Ранка Милановиќ“

На 02.03.2019 година во 02:00 часот е пронајден Ж.Р (19), штитеник на ЈУ „Ранка Милановиќ“, за кој на 26.02.2019 во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека самоволно се оддалечил од домот. Од страна на полициските службеници лицето е спроведено во домот „Ранка Милановиќ“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пронајдена и вратена 17 годишната штитеничка од СОС Детско село

На 02.03.2019 во 00.10 часот е пронајдена и вратена М.С. (17) штитеничка од СОС Детско село, за која на 28.02.2019 во 23.30 часот во Полициската станица Гази Баба беше пријавено дека самоволно се оддалечила.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pistol-vperen

Жители на Шишево се карале, бркале со автомобили, пукале еден почина

На 02.03.2019 година околу 02 часот во СВР Скопје пријавено е дека во Клиничка болница „Систина“ од страна на С.Т. (24) од с .Шишево биле донесени со повреди А. А. (20) и Г. А. (36), сите од с.Шишево. Според пријавеното, тројцата се движеле со возило „БМВ“, а пред нив се движело возило „Мерцедес“, управувано од Е.Ш. од с.Шишево, со кого претходно имале расправии.Според пријавеното, на влезот во с.Шишево возилото „Мерцедес“ застанало до патот,а по него запрел и Г.А., кој го управувал возилото „БМВ“. Е.Ш. и Г.А. излегле од возилото и почнале да се расправаат, по што Е.Ш. со пиштол пукал кон Г.А., а потоа и кон А.А.. С.Т. ги пренел А.А. и Г.А. во болницата „Систина“, каде А.А. починал.Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr

Починато лице најдено во атарот на с.Лабуништа

На 01.03.2019. во 17.40 часот во Полициската станица за граничен надзор Лабуништа од страна на граѓанин од с.Лабуништа пријавено е дека има починато лице во место викано Краста во атарот на с.Лабуништа.По овластување на јавен обвинител, извршен е увид и констатирано е дека се работи за С.Ф(28) од Клење, Република Албанија, кој работел како овчар, а кој, според првичните сознанија, паднал од карпест дел од висина од триесетина метри.Од страна на лекар констатирана е смрт, а јавен обвинител издал наредба за обдукција.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Договор куќа гради - Ахмети во 2014 го бојкотираше, сега го сака Пендаровски

„Пендаровски имаше највисок рејтинг на анкетите меѓу албанските гласачи, затоа се одлучивме за него“ – истакна синоќа на заедничката прес конференција Претседателот на ДУИ, Али Ахмети.Но, на новинарско прашање во што се разликува Пендаровски од 2014 година, кога го бојкотираа, до сегашниот Пендаровски, Ахмети вели дека тогаш пробале, но не постигнале договор, а сега имаат договор.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-za-kandidat

Лидер открива: Заев признал дека партиски вработиле 28.000 луѓе, вработувањата оделе преку општинските!

Економски Лидер објави ексклузивна приватна кореспонденција, помеѓу премиерот Зоран Заев и виден член на СДСМ – стигна. Во автентичноста на разговорот, кој ни беше презентиран лично од разочараниот член на владејачката партија, редакцијата успеа да се увери на лице место, затоа што ни беше покажан лично од него, на телефонот на кој истиот се одвива, објави Lider.com.mk.Потоа, откако се уверивме дека се работи за разговор кој се водел, а од другата страна е телефонскиот број на премиерот Заев, решивме да направиме слики од истиот и да и го презентираме на јавноста.Разговорот е воден во втората половина од минатата година, а се однесува на партиски вработувања. Нашиот свиркач, тогаш од премиерот побарал да биде вработен, на што премиерот му одговорил дека вработувањата во државен сектор одат преку Општинските организации на СДСМ.Во овој наврат, тој му пратил една разголена фотографија од личност за која тврди дека е блиска до генсекот на СДСМ, Александар Кирацовски, а била вработена во одредена државна институција. На ова Заев му вели дека треба да се засрами и дека партијата партиски вработила дури 28.000 луѓе.Текстот во Целост на lider.com.mk

Македонија | пред 7 години

7 год.
biban

Јадранка Бибан до Лекарска Комора: Вие не сте доктори туку најтешката болест на здравството во државата

Доктор Јадранка Бибан преку својот Фејсбук профил ја искритикува Лекарската Комора."Вие копилиња што се криете позади организација Лекарска Комора на Македонија, вие кои и името свое ви е страв да си го напишете, вие ли пробавте ДОКТОР ДА ЗАМОЛЧИТЕ??Од чиј газ ве испостраа и ве ставија да растурате цело здравство, мамичето ваше??Вие ли мене ќе ме замолчувате, да не си ја вршам мојата професионална должност?? Мислев дека сте вистина доктори па ве повикав јавно да се разбереме. Сега сум сосема сигурна дека вие не само што не сте доктори, туку сте најтешката болест на здравството во државава. Кој ви даде вас право цела лекарска фела да заебавате и уште некакви лиценци да делите? Уништивте се што беше хумано во здравството, уништивте цел лекарски еснаф, ја уништивте лекарската заклетва, ВИЕ ГО УНИШТУВАТЕ ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО!! Пробавте и мене да ме уништите? Можда можете да ми го уништите телото, мислејќи дека сте ме уќуткале, но вистината која ја кажувам никогаш нема да ја уништите. И таа ќе ве удира стално по тие тиквите празни што ги носите на рамена, стално ќе ве убива кога ќе ги трошите вашите валкани пари по скапи одмори и луксузни јахти.Со години ве толерираат стотици доктори кои се малтретирани и заплашувани, наместо да ве исекнат и да ве плеснат ко мрсул на тротоар.Овој пат вие не нагазивте на мина, нагазивте на нешто мнооогу појако, нагазивте на Д-Р БИБАН, КОЈА НЕ Е НА ПРОДАЖБА!!Ќе ја тераме до крај!!!", стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
davkova-brvenica-2

Силјаноска Давкова од Брвеница: Овие избори не смеат да се бојкотираат, иако за референдумот обратно велев

Вчера кандидатот за претседател на Република Македонија, г-ѓа. Гордана Силјановска Давкова оствари средба со жители на населеното место Брвеница. Г-ѓа. Силјановска Давкова од жителите од населеното место Брвеница беше дочекана како веќе претседател на Република Македонија. Пред насобраните жители г-ѓа. Силјановска Давкова искажа благодарност за убавата гостопримливост, дека и е мило што е меѓу граѓани кои ја прифаќаат како иден претседател на државата, и што ги подржуваат нејзините идеи како дел од кампањата за подобра и поубава Македонија.Овие избори не смеат да се бојкотираат, иако за референдумот обратно велев. Бидејќи не можете да дадете легиминитет на нешто што не е само нелигитимно туку и нелегално, спротивно на меѓународното право и на националното право, порача г-ѓа. Силјановска Давкова од Брвеница.Г-ѓа. Силјановска Давкова појасни на граѓаните дела очекувала по неуспешниот референдум, премиерот да поднесе оставка бидејќи тоа е европски ред. Така прават сите премиери кога нема да успее референдум, но тоа тој не го стори. Откако беа паднати на земја ден, два потоа си продолжија иако во законот за референдум и други форми на лично изјаснување има јасна одредба дека резултатот од референдумот мора во рок од 60 дена да се одрази на сите постапки и на донесувањето на акти, но тие си продолжија со промена на Уставот заборавајќи дека нивниот легиминитет извира од граѓаните кои рекоа не.На крајот од средбата г-ѓа. Силјановска Давкова порача дека со победа на избори, ќе победи и Македонија, ќе се стави крај на сите нерегуларности кои ги има сторено владата до самото свое стапување на власт.https://www.facebook.com/kandidat.za.pretsedatel/videos/249043362640473/

Македонија | пред 7 години

7 год.
cabader1

Уапсен најбараниот платен српски убиец во Прага

Српско-унгарскиот државјанин, Чаба Дер (39), кој се бараше со меѓународна потерница поради ладнокрвното унбиство на зетот на еден од припадниците на криминалната Пинк Пантер, Небојша Марковиќ, е уапсен во Прага. Тој е еден од најозлогласените платени убијци, и покрај Србија , го бараат и Холандија и Хрватска. Минатата година го уби Хрватот со холандско државјанство, 62 годишниот Иван Сердарушиќ. Дер вегол во ресторанот кадешто седела жртвата и пред останатите гости му пукал во главата, а потоа избега.Убиениот Сердарушиќ бил редовен гостин во овој ресторан, а сопственикот изјавил дека лично не го познава.

Свет | пред 7 години

7 год.
stevo-pendarovski-1

Пендаровски: Благодарност до СДСМ и лично до премиерот Заев

Исклучителна е честа да бидеш поддржан од претставници на сите етнички заедници, од 31 политичка партија, но, и од многу граѓани кои воопшто не се членови на политички партии.Посебна благодарност сакам да изразам до политичката коалиција, предводена од СДСМ и лично до премиерот Заев, кои направија политички потег без преседан, по пет години да ми дадат шанса повторно да влезам во трката за претседател, откако во 2014-та, сите ние, бевме предмет на брутален изборен инжинеринг.Почитувани граѓани, од вчера, ми дадовте голема политичка одговорност, која во месеците и годините што идат, имам намера, заедно со сите вас, да ја оправдам во целост, во интерес на подобриот и посреќен живот за сите во нашата земја.

Македонија | пред 7 години

7 год.
rakija

98- годишна баба казнета затоа што варела ракија

Во Хрватска, 98 годишна баба, која живеела сама казнета затоа што варела ракија. На старицата немало кој да и ја објасни законската процедура за варење на ракија во домашни услови, пишува Ријечки Нови лист.На бабата одземени и се 54 литри ракија, а на лице место и била наплатена казна од 500 куни или 67 евра, како и дополнителна казна за во висина од 1.500 куни или (200 евра).Соседите велат дека не памтат некој да е до олку ригорозно казнет поради ваков прекршок.

Магазин | пред 7 години

7 год.
edi-rama

Еди Рама: Без Албанците немаше да има Северна Македонија ниту Преспански Договор

„Во македонскто собрание се збори албански“. Вака премиерот на Албанија, Еди Рама го започна неговиот говор на централната седница на Вториот самит на дијаспората во Тирана.Во неговиот говор меѓудругото тој ги споредби настаните што се случиле во временски распон помеѓу првиот и сегашниот самит, истакнувајќи дека албанците тука сега живеат подобро и дека тоа што беше невозможно за македонскиот претседател, сега е реалнoст.-Не само што Албанците денес се подобро од вчера, туку и она што до вчера за македонскиот претседател беше невозможно за Албанците, денес е реалност, јазикот на Мајка Тереза стана официјален јазик во Северна Македонија.Без Албанците немаше да има Северна Македонија, без Албанците немаше да има Преспански Договор, без Албанците немаше да има Северна Македонија во НАТО и ЕУ, рече албанскиот премиер на што доби и громогласен аплауз од присутните.

Македонија | пред 7 години

7 год.
51505985_2506183096064236_1721897855490195456_n

(ВИДЕО) Амди Бајрам собра 10.000 лајкови, ама пак се предомисли

Кандидатот за претседател од Сојузот на Ромите, Амди Бајрам  се откажа од претседателската трка, и ја дава својата подршка на заедничкиот кандидат на СДСМ и коалицијата и ДУИ, Стево Пендаровски.Исто така тој изјави дека успеал да собере 10 илјади лајкови на Фејсбук.https://twitter.com/FurkanSaliu/status/1101586195442790400?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1101586195442790400&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fvideo-amdi-ba-ram-sobral-10-il-adi-la-kovi-na-fe-sbuk-ama-se-otkazha-od-pretsedatelskata-trka%2F

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_0054

Силјановска се пофали дека се чувствува како студент додека шета низ Македонија

Кандидатот за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова утринава имаше обраќање во живо на емисијата „Македонски Корени“ од Сиднеј при што говореше за себе и за нејзините активности.Силјановска Давкова појасни дека таа е познат приврзаник на Сократовиот метод значи таа не само што ги прашува студентите туку и одговара на нивните прашања, можеби затоа неколку пати добила 5-ки на еваулација и била избрана за најинспиративен професор.-Значи никако не го подразбирам јас професорско студентскиот дијалог како едностран туку напротив од Аристотел до денеска велам дека тоа е терипатетичка школа од Платоновата Академија, нагласи таа.Силјановска Давкова дури и посочи дека според нејзе дебатата и е нешто природно, а интервјуто исто го сфаќа како природно. Дури деновиве кога оди по општините вели дека се чувствува како студент.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања