Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
zooBazar

Хуманитарен базар за бездомните животни денес во ЗОО-Скопје

Во Зоолошката градина во Скопје денес од 12 до 15 часот ќе бидат поставени кутии за донации, а на влезот ќе има Зоо базар, каде што ќе бидат поставени штандови со сувенири, привезоци, маички со животински принт.„Сите собрани средства од штандовите, ќе бидат наменети за спасување на животот на многу крзнени пријателчиња. Во оваа благородна акција учествуваат и голем дел граѓански активисти и здруженија за заштита на животните кои несебично секојдневно помагаат на бездомните животни. Да ги научиме најмалите за љубовта кон животните, емпатијата и помагањето на послабиот, а сепак најискрен човеков пријател“, велат од ЗОО Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Уапсени четири лица поради вчерашното убиство во Тетово

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи до раните утрински часови вршеа увид на лице место во објект на ул. 29 Ноември во Тетово, каде синоќа околу 23.50 часот едно лице беше лишено од живот.Обвинителот издаде наредби за прибирање на траги од лице место и нивно вештачење, како и за вештачење на чаурата најдена на местото на настанот. Издадена е и наредба за вршење на обдукција над починатото лице. Извршено е фотографирање и скицирање, како и други дејствија во насока на расчистување на кривично правниот настан.Убиството се случило откако на маса во објектот заедно седеле пет лица, косумирајќи алкохол. Во еден момент, сторителот извадил пиштол, го репетирал и испукал проектил во едно од лицата. При тоа му нанел смртоносни повреди од кои оштетеното лице починало на лице место. По стореното кривично дело групата се дала во бегство, за подоцна двајца да бидат лишени од слобода од страна на полицијата, а другите двајца, меѓу кои и сторителот, сами се пријавиле во полициска станица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vreme

Променливо облачно со северен ветер, од следната недела над 20 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура од минус четири до четири степени, а дневната од пет до 15 степени.Од понеделник повторно ќе преовладува стабилно и потопло време со претежно југозападен ветер, а од вторник се очекува на југоистокот температурата да надминува 20 степени.

Македонија | пред 7 години

7 год.
avtopat-tetovo-skopje

Сообраќајот се одвива по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.Г.П. Илинден – Струга известува дека од 02.03.2019 (сабота) ќе започне со изведување на градежни работи на пат. На регионалниот патен правец Охрид - Свети Наум, во делот булевар Туристичка во должина од 3,5км. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.На ден 01.03.2019, 02.03.2019 и 04.03.2019 од 08:00 часот до 17:00 часот ќе се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопат А1, делница Неготино-Демир Капија за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 7 години

7 год.
amdi-bajram-12

(ВИДЕО) Амди Бајрам пред 5 години: Стево Пендаровски киселиот купус го лапнавме како сарма во Шутка

Кандидатот за претседател од Сојузот на Ромите, Амди Бајрам се откажа од претседателската трка и ја дава својата подршка на заедничкиот кандидат на СДСМ и коалицијата и ДУИ, Стево Пендаровски.Но, пред 5 години, Бајрам не мислеше така. На претходните претседателски избори тој жестоко го напаѓаше Стево Пендаровски.На митинг Бајрам, за Пендаровски рече:-Стево Пендаровски киселиот купус го лапнавме како сарма во Шутка. Ќе го нема на вториот круг, со 120.000 гласа во Македонија го победивме, тоа со нашиот претседател за Ѓорге Иванов кој гласавме, рече Бајрам на митинг во Гевгелија за време на кампањата за претходните претседателски избори.https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/1982405558523894/

Македонија | пред 7 години

7 год.
vladin-avion

Тунтев: На Владата и треба нов авион - Не може авион со 7 седишта да биде авион на Влада

Искусен политичар, уште поискусен воздухопловец, Томислав Тунтев, по само два месеца на челната позиција на регулаторното тело, вели дека ќе направи пријателска атмосфера на соработка меѓу Агенцијата за цивилно воздухопловство и институциите што ги контролира. И најавува дека е време за купување на нов државен авион затоа што времето на „лирџетот“ што го имаме му е „истечено“ , барем за ВИП-летови, објави независен.мк.Независен: Што се случува со владината авиослужба, немаше доволно екипаж? Кога сте ја контролирале последен пат?Тунтев: Ние ги контролираме и воздухопловот и екипажот. Во овој момент се ангажирани двајца нови пилоти, кои се во фаза на добивање дозвола за конкретниот тип авион, сега се вкупно 6.Наше мислење или препорака е сериозно да се размислува за набавка на нов авион. Актуелниот државен авион е со стара технологија, земен многу одамна, не е земен нов, туку репариран. Технологијата што ја има дозволува слетување само на аеродроми од прва категорија, а денешните аеродроми нудат можност и за слетување во полоши услови. Затоа во случаи на магла или неповолни метеоуслови, авионот оди на околните аеродроми. Од безбедносен аспект ќе биде многу подобро. Не може авион со 7 седишта да биде авион на Влада. Треба да има минимум 15 седишта.Текстот во целост на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
pino

Мајката на Пино: Господине Спасовски, не ни се исчезнати мачињата туку нашите најмили

83 дена нема ни трага ниту глас од 26 годишниот Пино Секондо, а Арбен Асалан исчезна на кон крајот на месец јануари. Родителите на исчезнатите деца на нов протест бараат одговор од полицијата. Тие заедно со роднини и пријатели повторно излегоа на протест пред Собранието и ги повикаа институциите да им помогнат да ги најдат како што велат нивните најмили. До сега од МВР не добиле никакви информации за Пино, вели неговта мајка.-Денес е точно 83 како го нема Пино, на такви технологии нашите институции да не можат или не сакаат или немаат техника, изјави Маја Трпковска, мајка на Пино.Таа се обрати и до министерот Оливер Спасовски:-Господине Спасовски, не ни се исчезнати мачињата туку нашите најмили.Родителите и роднините на исчезнатите најавуваат протести и следната недела доколку МВР не излезе со некоја нова информација.Инаку според официјалната статистика на МВР во моментов во МВР се водат 132 лица за исчезнати.

Македонија | пред 7 години

7 год.
telohraniteli-2

(ВИДЕО) Неуспешен самит, но лавина коментари за трчањето на телохранителите на Ким Џонг ун

Самитот на американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг ун заврши неуспешно. Но, најголемо внимание кај јавноста предизвикаа припадниците на обезбедувањето на севернокорејскиот лидер.Тие облечени во костуми трчаат во автомобил во движење и додека се забрзува, влегуваат со скокање во него.По овие видеа по социјалните мрежи се појавија многу коментари.Инаку телохранителите се регрутираат од корејската народна армија, мораат да бидат иста висина како лидерот, да имаат добар вид, добро да гаѓаат, и да познаваат боречки вештини.https://twitter.com/motokorich/status/1101006090890670080?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1101006090890670080&ref_url=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Farticles%2F368176%2Ftelohranitelite-glavni-dzvezdi-na-samitot-vo-vietnam-video

Свет | пред 7 години

7 год.
vardar-1

Вардар со победа над европскиот првак ја заврши групната фаза

Вардар со триумф од 33-27 (16-13) ја заврши групната фаза од Лигата на шампионите. Во осмина-финалето Вардар ќе игра со шестопласираниот тим од Група Б, екипите на Мотор Запорожје или ППД Загреб.Даинис Кристопанс беше лидер во тимот на Вардар со седум гола, Игор Карачиќ реализира шест, Иван Чупиќ даде пет, по четири пати погодија Тимур Дибиров и Стојанче Стоилов. Листата на стрелци кај Монпелје ја предводеше Валентин Порт со пет погодоци, еден помалку од него постигнаа Фредрик Петерсон, Мелвин Ричардсон и Вид Кавтичник.

Спорт | пред 7 години

7 год.
Zoran-Krstevski

Кога човекот ќе одлучи да ги контролира мислите, тој владее со себе

Колумна на Зоран Крстевски, доктор по филозофски науки, едукатор, мотиватор и тренер за личен развој, за вечер.пресс.Кога човекот ќе одлучи да ги контролира своите мисли, тој е на пат да владее со себе. Нашите мисли обично не контролираат нас и придонесуваат да се чувствуваме убаво, позитивно и исполнето или негативно, напнато и дисхармонично.Негативното размислување е најголемиот непријател на внатрешниот мир. Кога се преокупираме со неубавите нешта и дозволуваме песимизмот, несигурноста и стравот да го зафатат нашето битие, максимално ги намалуваме шансите за среќа и напредок во животот.За да ги оствариме своите цели, неопходно е да бидеме водени и стимулирани од позитивните мисли. Човекот кој мисли негативно, ослободува деструктивна енергија која може да му го уништи поривот за напредување и да го направи ранлив, малодушен и подложен на надворешните влијанија. Како енергетски зрачиме, такви нешта привлекуваме. Кога испраќаме негативни мисли, го активираме негативното во себе и стануваме приемници за неубавите нешта во животот.Постои закон за привлекување, тој овозможува сличностите да се пронаоѓаат и привлекуваат. Луѓето со сличен карактер се држат заедно, посебно доколку се духовно осознаени и ги препознале повисоките основи на своето постоење.Во времето на материјализмот и константните искушенија поврзани со ниските страсти и егото, исклучително е тешко да се пронајде личност која го цени моралот, ги практикува начелата на верноста, посветеноста и искреноста и ги следи духовните вредности на живеењето. Сепак, шансата за градење релација со вредна и позитивна личност, најчесто зависи и од нашето вложување во позитивните вредности, од афирмативното размислување и од доследноста на самите себеси – да го добиеме, тоа што го заслужуваме.Вистинската среќа ретко е чин на изненадување, туку скоро секогаш е процес на вложување. Кога вложуваме во самите себе, веруваме дека ќе биде подобро и не дозволуваме негативните лица и ситуации да не скршнат од вистинскиот пат, тогаш ширум ја отвораме портата за среќните моменти на постоењето.Човекот кој манифестира оптимистички мисли, го активира импулсот на надежта и врз основа на законот за привлечноста се вклучува на фреквенцијата на позитивните вибрации, почнува да ја отвора можноста за афирмативните случувања и за позитивните постигнувања во животот.Нашите мисли се во тесна корелација со духовната состојба на личноста, така што ако мислите се опфатени со страв и песимизам, тогаш и резултатите ќе бидат поразителни, за разлика од мислите исполнети со оптимизам, надеж и визија, кои секогаш носат позитивни резултати. Од друга страна, кога сме во фаза на немир, тага и меланхолија, не произведуваме позитивни мисли, туку сме полни со чемер, јад и несигурност.Позитивната емоција создава виталност, радост, среќа и исполнетост.Емоциите во нашето тело се јавуваат како физички манифестации на нашите мисли. Сомнежот, гневот и стравот се најголемите непријатели на позитивните емоции. Кога долго време живееме со нив, тие стануваат наше секојдневие од кое многу тешко може да се откачиме, бидејќи не оневозможуваат да ја преземеме одговорноста и да отвориме поубава страница во животот.Среќата во нашиот живот зависи од квалитетот на сопствените мисли. Кога го тренираме умот да го гледа и бара позитивното во се, тогаш сфаќаме дека се е за доброто на нашата душа, која понекогаш е принудена да учи од лошите моменти и од негативните влијанија на околината. Силината на карактерот, волјата и духот се зајакнуваат во искушенијата и во борбите со непријателските околности на судбината. Сјајот од светлината не би ја почитувале толку многу, доколку претходно не сме ги вкусиле горчливите ароми на темнината.Меѓусебната поврзаност е многу битна за здравјето на луѓето, но таа не треба да се форсира таму каде што ја нема.Асоцијацијата е дека некои лица зрачат со негативна енергија и треба максимално да бидеме внимателни во контакот со таквите поединци. Одредени личности со своето присуство ни го разубавуваат денот, додека други енергетски не исцрпуваат и ни предизвикуваат немир и нервоза. Негативните емоции што траат долго го менуваат нивото на важни хемиски соединенија во мозокот, со што се буди негативно расположение, а резервите на енергија зголемено се исцрпуваат и ни предизвикуваат константен психофизички замор и омалаксаност. За успешно да одиме напред во животот, неопходно е да ги заздравиме енергетските повреди што ни оставиле стравови од минатото и кои ни предизвикале чувство на несигурност и емоционална ранливост.Амигдалата е мозочен центар на стравот, кој се активира кога сме под емоционален набој и во состојба на гнев и стрес. Таа е спремиште на емоционалното памтење, така што колку повеќе им подлегнуваме на неубавите настани, толку поретко ќе успееме да ги контролираме афектот и негативната енергија. Доколку често сме под стрес и сакаме да се одмориме од стравовите и негативните вибрации, доволно е да се вљубиме, бидејќи љубовта ќе овозможи да го активираме хормонот на среќата – серотонинот.Од негативната енергија акумулирана во нашата личност ќе успееме да се ослободиме доколку станеме свесни за емоционалните реакции: интензивен гнев на ненамерна навреда, жал поради грешки во минатото или длабока тага кога некој не напушта. Излезот од внатрешниот немир и негативните емоции ќе го пронајдеме ако бидеме сталожени и не им подлегнуваме на туѓите провокации; согледаме како се чувствуваме во односите со другите луѓе; станеме свесни за мислите, импулсите и реакциите кои ги манифестираме кон себе и другите лица.Во животот од исклучителна важност е да ги актуализираме сопствените вредности, но и да ги преиспитаме ситуациите во кои се чувствуваме несреќни, нереализирани и несигурни. Ако сликата што ја имаме за себе е слика на инфериорност, неуспех и недораснатост на ситуацијата, тоа не значи дека вечно ќе остане така. Се може да биде променето и подобрено, само треба да веруваме во себеси и да ја пронајдеме вистинската инспирација која ќе не влече напред во животот. За некого тоа е љубовта, друг вредноста ја пронаоѓа во кариерата, знаењето или креативноста, трет се определува да им докаже на блиските дека вреди и оти ништо не може да го спречи да ја оствари целта и да се реализира во животот.За што и да се одлучиме, неопходно е се ослободиме од негативните мисли, да завршиме со неубавите искуства од минатото и да веруваме дека со промената на самите себеси ќе станеме личност на победата, успехот и среќата. Со негување на афирмативниот пристап и самодовербата, концепцијата на песимизмот – не знам како; не можам и нема да успеам, ќе ја замениме со сликата што ја имаме за себе, содржана во зборовите – можам, умеам и ќе постигнам.Абрахам Линколн има кажано: “Оние што чекаат можеби ќе добијат нешто, но тоа ќе бидат само остатоците од оние кои не чекаат”. Суштината е да сфатиме дека времето изминува со брзина на светлината и дека еден ден кога ќе се свестиме што пропуштаме, може да биде доцна за да ги промениме нештата во кои се наоѓаме. Секогаш треба да имаме на ум, дека постојат лица за кои сето богатство на светот е безвредно, бидејќи немаат здравје или време да уживаат во него.За да не станеме како нив, треба да бидеме среќни со самото тоа што постоиме, зашто се додека постоиме имаме шанса да ја промениме состојбата во која се наоѓаме и да ги оствариме нештата кои ги посакуваме.Заклучокот е да бидеме благодарни за сето добро што го добиваме и со позитивната сила на мислата да ги придвижиме нештата кон хармоничната патека на судбината.

Коментари | пред 7 години

7 год.
najnova-vest-skopje-1

Човек падна од градежен објект во Охрид - се транспортира за Скопје

Попладнево човек паднал од градежен објект во Охрид. Дозаваме дека најпрво бил однесен во болницата за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо, но не бил задржан, туку итно се транспортира за Скопје.Наскоро повеќе...

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_2243-1

(ВИДЕО) Интензивирана е изградбата на првиот дел од пругата кон Бугарија, до крај на годината ќе биде завршена

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП МЖ-Инфраструктура, Ирфан Асани, денеска, извршија увид во изградба на првата фаза на пругата кон Република Бугарија, делницата Куманово – Бељаковце.Инвестициите во изградба на железничката мрежа во Република Северна Македонија се од особено значење за регионалното поврзување и економскиот развој на земјата, потенцираше вицепремиерот за економски прашања Анѓушев, кој додаде дека се надминати сите предизвици на оваа делница и интензивирана е изградбата на овој дел од пругата кон Бугарија.„Во моментот кога оваа Влада ја презема должноста изградени беа 23 проценти, тоа е направено во изминатите 15 години колку што оваа траса се спомнува. Сега, за оваа година и половина изградени се околу 42 проценти или со други зборови завршени се околу 70% од градежните активности.Оптимисти сме, мислам дека сериозно ги придвиживме работите за изградба на оваа траса, тоа може да се види и на терен од она што го гледаме. Јас сум лично задоволен од тоа што го гледам, сите подготвителни работи и работи во делот на документацијата се решени и сега не ни преостанува ништо друго освен интензивно да работиме на терен“, нагласи вицепремиерот Анѓушев.Тој дополни дека ова е првата од трите делници кон Бугарија, која што ја гради германската компанија Вибе и чини околу 40 милиони евра, средства од заем од ЕБОР.Во однос на втората делница од Бељаковце до Крива Паланка, вицепремиерот објасни дека тендерската постапка е во фаза на евалуација, и се очекува дека до крајот на годината ќе се заврши процесот. Втората фаза е со проценета вредност од околу 140 милиони евра, од кои 68 милиони евра се грант од ВБИФ, а остатокот е заем од ЕБОР.„Целата делница од Куманово до границата со Р. Бугарија ќе чини околу 580 милиони евра. Најмногу ќе чини последниот дел, бидејќи трасата се наоѓа во планините и тој ќе минува низ тунели, тој е делот од Крива Паланка до бугарска граница и предвиден е да чини 405 милиони евра. Веќе се обезбеди 60,8 милиони евра од ИПА програмата и за оваа делница“, заврши Анѓушев. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески истакна дека градежните работи на оваа делница веќе се интензивираат на терен и се очекува некаде до средината на идната година првата фаза од пругата кон Бугарија да биде завршена. Во однос на делницата од Бељаковце до Крива Паланка, министерот Сугарески потенцираше дека до крај на оваа година ќе се избере фирма - Изведувач.„Ги интензивиравме градежните работи на оваа делница и според нашите очекувања пругата ќе биде завршена до средината на следната година со поставување на сите електрични уреди. Во меѓувреме тече евалуацијата на тендерската постапка за избор на Изведувач за втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка. Документите се предадени до ЕБОР и некаде кон крајот на годината очекувам да имаме избрано фирма – Изведувач. Изградбата на вториот дел ќе започне од средината на 2020 година. Веќе информиравме дека се обезбедени пари за оваа делница и тоа 70 милиони евра неповратни средства од ЕУ и 70 милиони евра заем од ЕБОР. Нашата цел е да создадеме модерна и функционална железничка мрежа и да овозможиме нашата земја да остане клучен транзитен центар на Балканот“ изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.Директорот на ЈП МЖ Инфраструктура, Ирфан Асани истакна дека најпроблематичните делови на пругата се завршени, останатиот дел од работите е процес за кој бара дополнителни технички зафати.„Мислам дека до 31 декември можеме да кажеме дека пругата е завршена. Се наоѓаме на местото Шупли Камен, некаде на средина од тие 30 километри меѓу Куманово и Бељаковце. Веќе 8 километри имаме нова пруга која е поставена и која може да се користи. Дел од нејзе веќе ја користиме за транспорт на репроматеријали до фабриката 11 Октомври, друг дел очекуваме да го решиме со надвозникот. Заедно со Владата планираме да го решиме и овој дел бидејќи тука има населени места, а истовремено поминува и Коридор 8 и Коридор 10, што е многу значајно место. Со Владата разговараме и за пругата Кичево-Лин, да бараме средства, бидејќи Коридор 8 без делот кон Република Албанија не е целосен. Идејата е да имаме алтернатива, согласно студијата тоа би значело 20 пара возови на ден”, изјави директорот на ЈП МЖ Инфраструктура, Ирфан Асани. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
ojo-1

Уште две лица во притвор за убиството во струшкото село Поум

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струга донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за уште две лица поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело Убиство од член 123 став 2 точка 3, а еден од осомничените и за кривично дело Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик.Во текот на истрагата во врска со завчерашното убиство во струшкото село Поум, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга во координација со Министерството за внатрешни работи дојде до нови сознанија што укажуваат дека осомничениот не го сторил делото сам. Имено, во извршувањето на убиството учествувале уште две лица кои се во роднинска врска со веќе осомниченото лице.Осомничените се лишени од слобода и јавниот обвинител ценејќи дека се исполнети законските основи ќе достави предлог за определување на мерката притвор за двете лица.

пред 7 години

7 год.
zaev-za-kandidat

Владата ја демaнтира веста за преписка меѓу премиерот Заев и разочаран член на СДСМ

Лажна информација и конструирана содржина е медиумскиот текст за наводна преписка меѓу премиерот Заев и измислен „разочаран член на владејачката партија“, стои во владиониот демант.Во продолжение од Сектор за односи со јавност од Владата пишуваат:Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија категорично ја отфрла како неточна и конструирана наводната преписка на електронски канал за комуникација која се прикажува како наводно да била водена меѓу премиерот Зоран Заев и измислен „разочаран член на владејачката партија“.Категорично тврдиме дека се работи за лажна вест, конструирана содржина, графичка манипулација која единствено има за цел да шири лаги и со тоа да наштети на угледот на премиерот Заев.Најостро ја осудуваме оваа постапка со која се погазени принципите на професионалното новинарство и медиумот кој ја злоупотреби својата улогата со објавување на оваа невистина.Канцеларијата на Претседателот на Владата на РСМ, во име на премиерот Заев ја повикува редакцијата на порталот „Лидер“ веднаш да ја повлече конструираната и лажна содржина објавена под наслов „ (ЕКСКЛУЗИВНО) Заев признава: Партиски вработивме 28.000 луѓе, вработувањата одат преку општинските!“ (https://lider.com.mk/makedonija/ekskluzivno-zaev-priznava-partiski- vrabotivme-28-000-lugje-vrabotuvanjata-odat-preku-opshtinskite/), како и да биде објавено извинување, согласно Член 13 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.Ја повикуваме редакцијата на порталот да ја објави оваа реакција од Канцеларијата на Претседателот на Владата на РСМ, врз основа на Членот 14 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, во кој во ставот 1 од членот се вели дека „ако навредата или клеветата е сторена по пат на средство за јавно информирање или компјутерски систем, оштетениот има право да поднесе барање за објавување на одговор, демант или исправка во рок од седум дена од денот кога дознал дека е објавена, но не подоцна од еден месец од нејзиното објавување“.Ве информираме дека доколку редакцијата на порталот не постапи согласно законските одредби, и доколку демантот не биде објавен во предвидениот рок, ќе следува Постапка за утврдување на одговорност и надоместување на штетата, согласно Член 19, Став 1 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, пред надлежниот суд утврден со законот.Истовремено ги повикуваме сите медиуми кои ја презедоа лажната медиумска содржина од порталот „Лидер“ веднаш да ја повлечат бидејќи со нејзиното преземање учествуваат во нејзиното ширење по пат на средство за јавно информирање или компјутерски систем.Во оваа прилика сакаме да ја информираме јавноста дека  Владата на Република Северна Македонија интензивно работи на политиките и законски решенија за професионализација на администрацијата ослободена од партиски притисоци, и која своите професионални обврски ќе ги извршува без страв од одмазда и со достоинство на професионални службеници во интерес на граѓаните, стои во дементот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pas

Куче од расата „Стафорд“ до смрт ја изгризал мајката на сопственикот

Куче од расата „Стафорд“ утринава нападнал две жени во Панчево, Србија. Едната била мајка на сопственикот на кучето, 66- годишна жена, која им подлегнала на повредите и починала, а другата жена се наоѓа во болница.Станува збор за Стафордот на сопственикот И. М , 33 годишен жител на Панчево кој утрово до смрт ја изгризал неговата 66 годишна мајка Р.М, а тешко ја повредил роднината В.М, јавуваат белградските медиуми.Сопственикот на кучето не е уапсен. Тој како што пренесуваат српските медиуми само плаче пред семејната куќа.Трагедијата се случила во семејната куќа околу 8 часот утрово.По нападот на стафордот починала 66 годишната жена , а нејзината роднина е пренесена во болница.

Свет | пред 7 години

7 год.
antonia-gigovska

(ВИДЕО) Антониа Гиговска со „Ако згрешам нека изгорам“, воодушеви на „Пинкови ѕвездички“

Антониа Гиговска во новата сезона на музичкото натпреварување „Пинкови ѕвездички, ја изведе композицијата „Ако згрешам нека изгорам“од Каролина Гочева. Таа ги воодушеви присутните, жири комисијата, но и гледачите кои го следат ова шоу.„Мене македонската музика ми е преубава“, Браво.. беа само дел од коментарите на жири коисијата кои со воодушевување ја седеја изведбата на Гиговска.

Магазин | пред 7 години

7 год.
gumi-12

(ФОТО) Спортските риболовци и нуркачи го исчистија дното на каналот Студенчишта

Во организација на Здружението на рекреативни риболовци СК „Св. Апостол Петар“ од Охрид со помош на Клубот за подводни дејности „Охрид“ од Охрид се изврши чистење на делот на каналот Стиденчишта од цврст отпад. Нјаповеќе имаше автомобилски гуми кои пречат при вршењето на спортскиот и рекреативниот риболов.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
dacic-slika-642x336

Дачиќ: Имавте спор со Скопје за името, не за територија што е многу полесно

Имавте спор со Скопје за името, а не за територија, што е многу полесно, изјави српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ на почетокот на својот говор на економскиот форум во Делфи, честитајќи го договорот меѓу Македонија и Грција.– Јас, како премиер и министер за надворешни работи на Република Србија ја предупредив ЕУ дека не е доволно активна во пронаоѓањето на решение за проблемите во овој регион. Значи, проблем кој постоеше многу години, за кој ништо не се случуваше. Можам само да им честитам на оние кои го иницираа решавањето на ова прашање. Како и во други случаи, станува збор само за политичка волја. Ако постои политичка волја за решавање на проблемот, секој проблем може да се реши. Тоа беше главната предност во вашите разговори. Сакам да ви честитам за договорот кој ќе овозможи подобри односи меѓу Атина и Скопје, кажа Дачиќ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
crnogorski-parlament

(ВИДЕО) Избегнат и втор инцидент за присуството на Џафери во Парламентот на Црна Гора

Еден инцидент во текот на заседанието на Парламентот на Црна Гора, додека се расправаше за пристапувањето на Сверна Македонија во НАТО и уште еден на излегувањето од салата.Во продолжение видео прилогот со сите детали:Инаку на вчерашната седница во Собранието на Црна Гора за ратификација на Протоколот за членство во НАТО на Република Северна Македонија, присуствуваше и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери. На опозицијата им сметаше присуството на Џафери,кој од страната на лидерот на опозициската партија, Андреј Мандиќ беше наречен терорист кој пукал во македонската полиција.Но, тука не бил крајот, за малку ќе дошло и до физичка пресметка, откако еден од лидерите на Демократскиот фронт Милан Кнежевиќ од клупата почнал да дофрла навредувачки зборови за Миодраг Вуковиќ од ДПС.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pretepan

МВР билтен: Одземени паричници мобилни телефони, физички напади

На 01.03.2019 во 09,40 часот, Н. Д. (39) од Скопје, пријавил дека на 28.02.2019 година околу 23,30 часот на бул.„Асном“, одстрана на две лица бил нападнат и му било извршено разбојништНа 01.02.2019 околу 21,30 часот полициски службеници кои постапувале по пријава- поплака од К. Ш. од Скопје за нејзиниот сопруг С. Л. (48), биле нападнати од С.Л.. При обид да го лишат од слобода, С.Л. го стартувал возилото и удрил во полициски службеник, кој се здобил со телесни повреди. С.Л. е приведен во ПС-Гази Баба. Против С.Л. ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 02.03.2019 година околу 03,35 часот во Скопје пријавено е дека на ул.Призренска Д.К. со употреба на физичка сила од М. О. (40) одзел паричник, по што избегал.Се преземат мерки за расчисување на случајот.На 02-03-2019 год во 01:15 ч. С.Г (39) од Скопје пријавил дека во нас.Илинден пред угостителски објект била физички нападната неговата сопруга М.Г(40)од Скопје од страна на С.Д(49) од Скопје. Потоа С.Г и М.Г се качиле во своето возило и се упатиле кон автопатот, а по нив тргнале напаѓачот и неколку други лица, при што удриле во задниот дел од возилото на С.Г. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања