Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
lagadin-najnovo

в.д Градоначалникот Георгиевски потпишал решение за ништовност на одобрението за градба на хотелот во Лагадин

В.д Градоначалникот Константин Георгиевски на 25.02.2019 потпишал решение за ништовност на одобрението за градба на спорниот хотел во Лагадин.Околку градбата на овој хотел веќе подолг период се крева голема галама. Спствениците упорно си градат, а невлдините и граѓаните се бунат. Последно на 02 февруари на трибина во Охрид Бизнисменот Никола Толески инаку познат во јавноста како инвеститор во објектот во Лагадин, против кој реагираа и се организираа протести , се обрати со прашање до премиерот за неговиот проблем. Премиерот Заев му одговори: Неколку пати Транспорт и врски носи позитивна одлука. Разговарав со покоен Јован, сега со другите. Премиерот интервенира оти правото е на ваша страна, министерот интервенира оти правото е на ваша страна.Но, не е баш се така. Имаено против изградбата на хотелот, која е надвор од сите прописи за заштита на животната средина, се кренаа бројни здруженија во Охрид, а и самите жители на населбата и во повеќе наврати, во знак на револт, го блокираа патот Охрид-Пештани-Свети Наум.На 9 март минатата година, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам побара од Општина Охрид да го поништи издаденото одобрение за градење. Барањето дојде по заеднички инспекциски надзор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, Државниот инспекторат за животна средина и Управата за заштита на културно наследство направен во Секторот за урбанизам во Општина Охрид и на градилиштето за незаконскиот хотел во Лагадин во јануари минатата година.Инвеститорот се жалеше на одлуката, а Второстепената комисија му ја уважи жалбата и го врати предметот на повторно одлучување во Општина Охрид, за во јуни да продолжи изградбата на хотелот и покрај укажувањата од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам дека нема никакво важечко одобрение.Изградбата на хотелот прекршува вкупно 12 закони, 1 подзаконски акт и не е во согласност со Уставот на Република Македонија. Дополнително, Инспекторатот за животна средина потврди дека градбата се наоѓа во заштитените 50 метри од брегот на езерото во кои не се дозволени објекти од цврста градба.И покрај битката против хотелот на охриѓани, инвеститорот изгради четири ката.

Македонија | пред 7 години

7 год.
svr-ohrid

Работник паднал додека работел на хотелот во Лагадин

На 02 март оваа година, околу 16 часот и 50 минути, во полициската станица во Охрид, од болницата „Св.Еразмо“ било пријавено дека кај нив бил донесен П. М. (56) од Охрид.„Тој имал тешки телесни повреди здобиени при пад од висина при градежни активности во хотел во населбата Лагадин-Охрид. Поради сериозноста на повредите, П.М бил пренесен во Клинички центар -Скопје. Полициски службеници излегле на местото на настанот, известен е Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот“, вели портапролот на СВР Охрид Стефан Димовски. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Danilo-Brestovac

Данило Брестовац избран за нов предводник на националниот ракометен тим

На специјална прес конференција која ја свика Ракометната федерација на Македонија за нов предводник на националниот тим беше претставен Данило Брестовац.Ракометната федерација со голема доверба во Данило Брестовац го претстави периодот кој претстои во македонскиот машки ракомет. Тој ќе биде селектор на сениорската репрезентација, но и многу повеќе од тоа. Ова е прво самостојно репрезентативно искуство за перспективниот стратег кој во моментов е на чело на тимот на Металург.Брестовац претходно во кариерата работеше со А селекцијата на Македонија, но како помошник на тогашниот стратег, Ивица Обрван. Како селектор направи големи успеси со младинската селекција на Македонија.

Спорт | пред 7 години

7 год.
uapsen

Во Варна - Бугарија, уапсен е најбараниот шпански наркобос

Шпанската цивилна гарда објави дека најбараниот шпански шверцер на дрога, Ј.С.А., e уапсен во Бугарија. Тој e уапсен во бугарскиот град Варна, со изменет личен опис и додека се подготвувал да замине за Венеција, објави БТА.Како што се наведува, Ј.С.А., имал клучна улога во криминалната организација која Шпанија и остатокот на Европа ја снабдувала со кокаин од Јужна Америка и која била вмешана во перење на пари.За него била распишана потерница уште во 2013 година, а откриен е откако специјалните агенти дознале дека се крие во Варна и оти го сменил личниот опис, здебелувајќи се повеќе од 50 килограми.Во моментот на апсењето кај него биле пронајдени лажни документи.

Свет | пред 7 години

7 год.
izbori

ЦИВИЛ повикува на засилен мониторинг на изборниот процес

Говор на омраза, лажни вести, предвремено започнување на кампања, изборна корупција, злоупотреба на јавните ресурси, злоупотреба на службената положба, притисоци, закани и уцени – се дел од предизборната палета на политичките структури што ЦИВИЛ ги нотира за време на сите изборни процеси досега.Без будното око на набљудувачите, организациите за човекови права и слободи и на сите свесни и совесни граѓанки и граѓани, тие појави би поминале незабележано. Без оглед на тоа дали институциите се зајакнати или не и без оглед на степенот на владеењето на правото, една од најважните компоненти на еден изборен процес е токму мониторингот што го спроведуваат непартиски и невладини структури, групи и поединци.Затоа, ЦИВИЛ повикува на вклучување во долгорочниот мониторинг на изборниот процес. Овој повик се однесува на соработниците и долгорочните набљудувачи, како и на сите членови и поддржувачи, учесници на семинарите за граѓанско новинарство и други заинтересирани граѓанки и граѓани.Не постои непотребна или неважна информација, напротив, сите информации се добредојдени. Сите што сакаат да помогнат во изборниот мониторинг, можат тоа да го направат начин што им е најлесен. Прифатливи се сите можни формати: видео снимки, фотографии, скенови од комуникации или постови на социјални мрежи.Извештаите, односно пријавите може да се испраќаат во порака по електронска пошта (monitoring.civil@gmail.com), Фејсбук, по телефон (02 / 5209 176), на онлајн пријавата за изборни нерегуларности или лично во седиштето на организацијата во Скопје.Воедно, ЦИВИЛ ја информира јавноста дека во тек е конкурсот за долгорочни и краткорочни набљудувачи на изборниот процес. Заинтересираните можат да аплицираат преку онлајн формулар, лично и преку електронска пошта (monitoring.civil@gmail.com).

Македонија | пред 7 години

7 год.
gorgi-

Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ од Вевчани доби закани по живот

Ѓорѓи Влајнкиноски, претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ од Вевчани, утрово добил закани по живот, но и по животите на членовите на неговото потесно семејство.Во статусот кој утрово го објави Влајнкиноски пишува:„Утрово добив телефонски повик од лицето Жарко Лешоски, член на Централниот одбор на СДСМ и директор на ООУ "Страшо Пинџур" Вевчани. Добив сериозни закани по животов мој, по животите на членовите на моето семејство и по животите на членовите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Вевчани. Ми рече дека ќе ме убиел, ќе ми ја запален куќата, и ќе ја запалел зградата на комитетот со сѐ сите ВМРО-вци. Јас оваа закана ја пријавив во полиција. Утре ќе ги известам и просветниот инспекторат и Министерството за образование“, напиша на својот фејсбук профил, претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓи Влајнкиноски.Во телефонски разговор Влајнкиноски ни кажа дека предмалку и синот од Лешоски му се заканувал исто така на телефон. Тој вели дека разговорите се снимени во целост. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
belgrad-heroin

Кај Македонец и Украинка полицијата во Белград пронашла над 4 килограми хероин

Полицијта во Белград запленила над 4 килограми хероин и ги уапсила Н.Ш (33) државјанката од Украина и С.Х (54), државјанин на Македонија, поради постоење на основа за сомнение дека извршиле кривично дело неовластено посизводство и пуштање во промет на опојни дроги.Како што соопштува Белградското МВР , полицијата во автомобил „Ауди А6“ со романски регистарски таблици во кои биле осомничените, пронашла 4,2 килограми хероин.На осомничените веднаш им е одредена мерка притвор од 48 часа, по што со кривичната пријава ќе бидат предадени на Јавното обвинителство во Белград.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Детали за убиството во Тетово

На 2.3.2019 околу 23:50 часот пријавено е дека во угостителски објект на улица „29 Ноември“ во Тетово, Л.Д. (46) од Тетово пукал во А.А. ( 46 ) од Тетово, со кого претходно, заедно со уште неколку лица седеле на една од масите и консумирале алкохол, и му нанел смртоносна повреда. Л.Д. сам се пријавил во Полициската станица Тетово, а во врска со случајот лишени се од слобода уште две лица М.А. (31) од Тетово и Л.Р. (37) од с.Лисец, а едно само се пријавило.По наредба на јавен обвинител, телото на А.А. е дадено на обдукција и се работи на целосно документирање на случајот. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сообраќајка на патот Пробиштип - с.Ратавици, три лица со тешки телесни повреди

На 02.03.2018  во 17.10 часот на патот Пробиштип- с.Ратавици се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ со кратовски регистарски ознаки,  управувано од Г.И. (32) од Кратово,   и патничко моторно возило  „Шевролет спарк“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М. А. (46) од Пробиштип.Со тешки телесни повреди  се здобиле сопатникот во возилото „ Пасат“,  В. Ј., кој бил пренесен во ЈЗУ-Кратово, возачот на возилото „Шевролет спарк“ М.А., која била пренесена во Клиничка болница Штип и сопатникот во возилото “Шевролет спарк“ Б.А. , кој бил пренесен во Клинички центар Скопје.По овластување на Јавен обвинител, увид на лице место извршила екипа од ПС-Пробиштип.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tabanovce

Уапсен Албанец на ГП Табановце

На 03.03.2019 година во 05,40 часот на Граничен премин Табановце, за излез од Република Северна Македонија  се пријавил  С.А. (24) од Албанија  со фалсификувана албанска патна исправа.С.А. бил лишен од слобода и задржан во ПС Куманово.

Македонија | пред 7 години

7 год.
podgorica-protesti-768x511

Антивладини протести во Црна Гора, демонстрантите бараат оставки во рок од 15 дена

Повеќе илјади граѓани синоќа протестираа во Подгорица барајќи оставки од претседателот Мило Ѓукановиќ, премиерот Душко Маровиќ, главниот обвинител и од директорот на Радио Телевизија Црна Гора. Демонстрантите ги обвинуваат властите за корупција и злоупотреба на службената должност.Инаку, демонстрантите се заканија дека повторно ќе се обединат на главниот плоштад во Подгорица на 16-ти март и ќе останат таму додека не бидат исполнети нивните барања.Организаторите на протестот рекоа дека ја туркаат опозицијата да го напуштат националното собрание се додека не се исполнат барањата за оставка.Во текот на протесната прошетка во која беа пред државните институции, граѓаните носеа транспаренти со натписи „Татковината се брани со протест“, „Ние сме здравото ткиво“, „I’m gonna miss you, Milo“ (Ќе ни недостасуваш Мило), „Стани и победи“.

Свет | пред 7 години

7 год.
policija-6

Автомобил удри во 74-годишен пешак, итно пренесен во болница

На 02.03.2019 година во 19.05 часот на магистралниот пат Штип-Кочани, кај с.Облешево, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П. В. (53) од с.Вељуса-Струмица, удрило во пешакот В. П. (74) од с.Облешево.Со тешки телесни повреди се здобил В.П.  кој бил пренесен во Клиничка болница-Штип.По овластување на јавен обвинител, увид на лице место извршила екипа од ПС-Кочани. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
brza-pomos

Американец се здобил со тешки телесни повреди, итно пренесен во Клиниката во Битола

На 02.03.2019 година во 14 часот телефонски во Центарот за известување и команда Битола, од страна на Итна медицинска помош - Битола било пријавено дека од нивна страна во Клиничка болница Битола бил пренесен Д.Ц (37),  државјанин на САД, кој се повредил при пад на скијање.Кај Д.Ц. е констатирана тешка телесна повреда, што ја здобил при  учество на турнир во скијање што се одржувал во скијачкиот центар Копанки-Пелистер. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

20 возила подигнати со „пајак“ ноќеска во Скопје

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведе акциска контрола на 02 / 03. 03. 2019 година во периодот од 23.00 до 05.00 часот за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол . Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 188 возачи, а кај 39 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта.  Откриени се и 53 други видови прекршоци за кои се издадени 20 мандатни  платни налози и  издадени се 33 прекршочни платни налози.На 02/03 .03.2019 година во периодот од 23.00 до 05.00 часот  беа преземени  мерки за непрописно паркирани возила од улиците: „Њуделхиска“, „Орце Николов“, „Јордан Мијалков“, „Герман“, „ Кеј 13-ти Ноември“ и  „Партизански одреди“ и со специјално возило „пајак“ беа подигнати 20 патнички моторни возила.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-u-nju-orleansu-620x350

Автомобил влета во пешаци, две лица починаа

Две лица починаа, а шест се повредени кога автомобил удри во пешаци во Њу Орлеанс.Несреќата се случила околу 20 часот по локално време.Возачот побегнал од местото на настанот, но подоцна бил пронајден од страна на полицијата.Лицата кои починле се на возраст од околу 30 години, а повредените се од 28 до 65 години.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Од утре нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика во текот на утрешниот ден треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе започнат да важат од полноќ.Со последната промена имавме поскапување за 0,5, односно 1 денар на бензините, додека цената на дизелот остана иста.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pistol-vperen

Убиство во Тетово - Жртвата е средовечен маж

Едно лице е убиено синоќа во Тетово. Жртвата е средовечен маж.Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи до раните утрински часови вршеа увид на лице место во објект на ул. 29 Ноември во Тетово, каде синоќа околу 23:50 часот едно лице беше лишено од живот.Обвинителот издаде наредби за прибирање на траги од лице место и нивно вештачење, како и за вештачење на чаурата најдена на местото на настанот. Издадена е и наредба за вршење на обдукција над починатото лице. Извршено е фотографирање и скицирање, како и други дејствија во насока на расчистување на кривично правниот настан.Убиството се случило откако на маса во објектот заедно седеле пет лица, косумирајќи алкохол. Во еден момент, сторителот извадил пиштол, го репетирал и испукал проектил во едно од лицата. При тоа му нанел смртоносни повреди од кои оштетеното лице починало на лице место.По стореното кривично дело групата се дала во бегство, за подоцна двајца да бидат лишени од слобода од страна на полицијата, а другите двајца, меѓу кои и сторителот, сами се пријавиле во полициска станица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nova_vlada_g111

СДСМ денес ќе го одржи 23-от партиски конгрес

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ќе го одржи 23-от партиски конгрес на кој партијата треба да го потврди Стево Пендаровски за кандидат за претседател на државата на претстојните избори.На отворањето на Конгресот е предвидено е обраќање на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, додека работниот дел ќе биде затворен за јавноста. На крајот на конгресот, кој повторно ќе биде отворен, ќе се обрати избраниот кандидат за претседател на државата.Стево Пендаровски доби поддршка да биде заеднички претседателски кандидат на 31-на политичка партија од коалицијата предводена од СДСМ, владината коалиција исите поддржувачи на концептот за заеднички кандидат за претседател на државата.Поддршката беше изразена на средба во петокот вечерта во Скопје по која премиерот Зоран Заев оцени дека ова е историска одлука и дека 31-на политичка партија заедно се обединија и покажаа дека националните се над партиските интереси.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пожар во сервисот на „Тесла“ во Лондон

Во сервисот на произведувачот на автомобили „Тесла“, во близина на аеродромот Гетвик во Лондон изби пожар.Во пожарот нема повредени, а пожарникарите успеале истиот да го стават под контрола. Во гаснењето на пожарот вклучени биле околу 50 пожарникари и 8 противпожарни возила.Од сервисот велат дека најверојатно пожарот избил во складиштето, па потоа се проширил на главната зграда.  

Свет | пред 7 години

7 год.
1780589kospils

Најтешко повреденото девојче се разбуди од кома

Хрватските медиуми објавуваат дека најстарото и најтешко повреденото девојче од четирите деца кои татко им ги фрли од балкон од куќа во Паг, се разбудило и е при свест, рекле лекарите.Девојчето е генерално во подобра состојба, се разбуди, при свест е, самостојно станува. Можно е наскоро да нема потреба за интензивно лекување, туку за лекување во нормално одделенеие – рекол докторот Тони Матиќ од загрепскиот КБЦ Ребро.Медоиумите цитирајќи изјави од докторите пренесуваат дека две од четирите деца добро закрепнуваат и подготвени се за пуштање од болница. Наскоро ќе биде подготвено и третото девојче, а болницата во Задар, во договор со социјалните служби би требало да ги предаде на хранители.Инаку во хрватските медиуми се почести се дабите помеѓу стручните лица, зошто досега центарот за социјани работи не ги одзел децата од родителите, кога таткото што си ги фрли децата од тераса и неговата сопруга веќе биле осудени за негрижа на децата. Според информациите, во 2017 година Општинскиот суд во Задар го осудил Јосип Роџак на една година затвор со рок на условна казна од три години, која во ноември станала конечна. Од истиот суд била осудена и неговата сопруга.вајцата се казнети поради кривични дела против бракот, семејството и децата, поради негрижа и злоупотреба на детските права.За потсетување таткото, кој работел како ноќен чувар, во четвртокот си ги фрли четирите деца од првиот кат на куќата. Двете деца се со полесни повреди, едно девојче има тешки повреди на главата и се наоѓа во критична состојба, а нејзината сестра исто така има сериозни повреди.На монструозниот татко му се заканува казна затвор до 50 години

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања