Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
tepacka1

Две лица обвинети за насилство во угостителски објект во Драчево

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и со став 1 од Кривичниот законик.Лицата се обвинети дека на 07.10.2018 година, во угостителски објект во населбата Драчево, во група и со умисла извршиле грубо насилство, при што тешко телесно повредиле две лица и со тоа во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.Откако критичната вечер обвинетите дошле како гости во локалот, најпрвин започнале вербална расправија со оштетените, која потоа прераснала во тепачка. Еден од обвинетите со употреба на нож им нанел тешки телесни повреди во вид на убодни рани на двајцата оштетени. Настанот се одвивал пред повеќе гости во локалот, кај кои обвинетите предизвикале чувство на несигурност, згрозување и страв.За двете обвинети лица на сила се мерки на претпазливост определени со Решение на Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје. 

пред 7 години

7 год.
ojo-1

ОЈО започна истрага за неовластено производство и пуштање во промет на марихуана во Визбегово

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица поради постоење основано сомнение дека во соизвршителство сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничените, во куќа во која привремено престојувале во скопско Визбегово, неовластено заради продажба држеле наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 5.890,21 грам. Имено, при претрес на домот, осомничената била затекната како во дворот на куќата фрла од прозорецот црна полиетиленска ќеса во која била спакувана марихуана со нето маса од 1.860,8 грама. Останатата дрога била пронајдена во неколку различни пакувања при преглед на блиската околина на домот во кој престојувале заедно со осомничениот.Надлежниот јавен обвинител процени дека се исполнети законските услови, односно дека постојат околности кои што укажуваат на опасност од бегство на осомничените, па до судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување мерка притвор.

пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Реакција ВМРО ДПМНЕ: Пендаровски е доказ дека се што каже - лаже, исто како и неговиот шеф

Граѓаните знаат дека Стево Пендаровски е копија на Зоран Заев. Затоа што и двајцата лажат, забораваат, негираат, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.Македонските граѓани не забораваат дека Пендаровски пред пет години тврдеше дека не може да се менува името на државата без државен консензус, за сега да е дел од опција која го смени името без да обезбеди поддршка на референдум.Стево Пендаровски е доказ дека се што каже лаже, исто како и неговиот шеф Зоран Заев.На Република Македонија не и е потребен нов Зоран Заев. На оваа држава и е потребен претседател кој ќе работи согласно Уставот и ќе го промовира владеењето на правото.Заев и Стево Пендаровски мора да изгубат за Македонија да тргне напред, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Победата на Пендаровски ќе биде победа на концептот едно општество

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски е потврда на концептот промовиран од СДСМ за изградба на едно општество за сите во напредна, евро-атлантска Република Северна Македонија, држава рамноправен партнер на демократскиот свет, се вели во соопштението од СДСМ.Тие додаваат:За првпат во историјата 30 партии од различни етнички заедници, од различни политички определби се обединија и застанаа зад еден кандидат кој обединува, кој е подготвен да ја води државата напред кон полноправно членство во НАТО и интеграција во ЕУ.На претстојните избори, граѓаните ќе изберат вистински претседател на сите граѓани, претседател кој е противник на поделби и изолации, претседател кој ќе застане заедно со демократските и прогресивни сили и кој ќе ја промовира Северна Македонија како глобална и праведна земја.Претседател кој ќе биде конструктивен и принципиелен партнер во започнатите реформски, интеграциски и економски процеси што се во интерес на граѓаните.Затоа граѓаните масовно ќе излезат на претседателските избори и ќе изберат заедништво, иднина, ќе изберат да продолжиме да одиме напред.Победата на Стево Пендаровски на претстојните избори ќе биде уште една победа на концептот едно општество, победа на нашиот заеднички пат кон напредок, развој и интеграција, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
prognoza-04.02

Времето денеска сончево, температурата во постепен пораст

Стабилно и суво време со мала до умерена локална облачнист и со слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Температурата на воздухот ќе биде во постепен пораст.Во наредните денови следува период на стабилно и суво време со мала до умерена локална облачнист и со слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Температурата на воздухот ќе биде во постепен пораст.

Македонија | пред 7 години

7 год.
patarina1

Сообраќајот се одвива одвива непречено, по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.ИЗВЕСТУВАЊЕ: Г.П. Илинден – Струга известува дека од 02.03.2019 ќе започне со изведување на градежни работи на пат. На регионалниот патен правец Охрид - Свети Наум, во делот булевар Туристичка во должина од 3,5км. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.На ден 04.03.2019 од 08:00 до 17:00 часот ќе се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопат А1, делница Неготино-Демир Капија за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.ЗИМСКА ОПРЕМА: Потсетување за возачите, дека законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15 март. На овој линк ќе најдете повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 7 години

7 год.
divna11_620x0

Почина мајката на Јелена Крлеуша

Познатата новинарка и мајка на Јелена Крлеуша, Дивна, починала денеска во својот стан околу 12:30, после долга и тешка борба со тешката болест.Мајката на Јелена беше бивша радио водителка. Таа почина во 61 година.Дивна во 2016 год била примена во болница поради проблеми со дишењето. Во болница се обртила дури кога почнала да искашлува крв. Нејзината борба со болеста почнала од тогаш се до денеска.

Магазин | пред 7 години

7 год.
DSC_1011

Поддршка за Силјановска Давкова од Централниот комитет на УМС на ВМРО- ДПМНЕ

На денешната редовна седница на Централниот комитет на УМС на ВМРО- ДПМНЕ, се обрати кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, која имаше прилика да се претстави пред ЦК, кој изрази недвосмислена поддршка за истата.ЦК на УМС на ВМРОП-ДПМНЕ констатираше дека власта ја води државата во погрешна насока, политиките се катастрофални и дополнително ја влошуваат состојбата на младите. Иселувањето ветуваа дека не само што ќе го запрат, туку и ќе почнат да ги враќаат младите во државата, сега не само што не е запрено, туку дополнително младите се повеќе се иселуваат.Додека младите забрзано се иселуваат, власта ги полни институциите со децата на функционерите, кои од парите на граѓаните земаат високи плати. ЦК на УМС на ВМРО ДПМНЕ го осудува прогонот врз младите и сите неистомисленици. Пред ЦК беше презентирано дека на меѓународен план, собранието на младината на ЕПП изгласа резолуција во која се осудува политичкиот прогон во државата.Младите јасно стојат зад политиките на ВМРО-ДПМНЕ и во неа гледаат единствен спас од оваа бесперспективност. ЦК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите млади во државата кои знаат во кој правец треба да се движи државата, кои сакаат просперитет и иднина тука, да ни се приклучат и заедно да го поразиме СДСМ прво на претседателски избори, а потоа и на предвремени парламентарни избори.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ojo-1

Отворена истрага против едно лице за убиството во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторени кривични дела – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот синоќа во објект на ул. 29 Ноември во Тетово лишил од живот едно лице. Убиството се случило откако на маса во објектот заедно седеле пет лица, консумирајќи алкохол. Во еден момент, сторителот извадил пиштол, го репетирал и испукал проектил во едно од лицата. При тоа му нанел смртоносни повреди од кои оштетеното лице починало на лице место. Останатите три лица кои беа задржани во полициска станица непосредно по инцидентот, се сведоци на настанот.Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово до судијата на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор на осомниченото лице. Судијата од Основниот суд во Тетово го прифати ваквиот предлог и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ реакција: На една страна се граѓаните и демократскиот свет, на спротивната Мицкоски, Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ, нека се подготват за пораз

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Силјановска останува посветена на груевизмот и влегува во нови контрадикторни изјави, се вели во реакцијата од СДСМ.Тврдењето дека Договорот од Преспа е штетен е директна порака на Силјановска дека членството во НАТО и ЕУ не е добро за земјава, не е добро за граѓаните. Тоа е истата матрица на груевизмост и остатокот на тој груевизам, Христијан Мицкоски.Целиот демократски свет го поздрави Договорот од Преспа како многу значаен за иднината на земјата, ја препозна храброста, визионерството на владата предводена од СДСМ да ја поведе државата напред кон интеграција во ЕУ и НАТО.Од една страна се ЕУ, НАТО, демократски и прогресивни сили во државата кои работат на напредок, развој и интеграција, од друга страна се Мицкоски, Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ кои се против Договорот од Преспа, против иднина во ЕУ и НАТО.Граѓаните нема да дозволат нов Ѓорге Иванов кој ќе работи против нивните интереси. На Република Северна Македонија и е потребен вистински претседател кој ќе работи на остварување на децениски те заложби за напредок и интеграција.Затоа на претседателските избори граѓаните ќе го поразат груевизмот и неговите остатоци како Мицкоски. Граѓаните ќе изберат иднина, ќе го поддржат Стево Пендаровски, претседател на сите граѓани, стои во реакцијата од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
dui

ДУИ одлучи да учествува на локалните избори во Дебар и Охрид, но и да го подржи Пендаровски

Централниот совет на Демократската унија за интеграција на денешната седница во Тетово едногласно донесе одлука за учество на локалните избори во Дебар и Охрид, а исто така, едногласно го поддржа аконцептот на заедничкиот консензуален кандидат и кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата.Денеска во партиското седиште во мала Речица беше едногласно одлучено, изборниот штаб на ДУИ за претседателските избори да го предводи потпретсесателот на партијата Изет Меџити.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Мицкоски: Заевизмот мора да биде поразен, а изборите што доаѓаат ќе бидат референдум на народот

Ние знаеме дека сме на вистинската страна, на страната на народот, правдата, и  на страната на Македонија. И таа наша определба бара и одредена пожртвуваност која знам дека секој еден вас ја носи на своите плеќи, особено во ова време кога правдата е нападната од неправда, кога вистината се обидуваат да ја заменат со лагата и кога сакаат да ни ја украдат иднината.  Кога традициите сакаат да ги одвојат од семејството.  Кога вредностите се игнорираат, а авангардата се потиснува, истакна Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски,од 18-тата Годишна конференција на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение претседателот на ВМРО ДПМНЕ додаде: Но има и светло на крајот од  хоризонтот. 18 години по ред Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ останува јадрото кое ја симболизира таа македонска пркост, топлина, мајчинство кое обврзува, но и бунтовност пред која заеднички се поклонуваме. Македонската жена е неминовен учесник во сите големи настани во нашата историја, таа е големата мајка и хероина која се бори за правдините.Положбата на жената не е еднаш засекогаш дадено право, туку константа за која мора да се борите, унапредувате, освојувате. Во оваа наша заедничка борба Вие почитувани членки на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ сте рамноправниот партнер и ја имате сета  моја почит. Вашата борба е и моја борба, вашата победа ќе биде заедничка победа. Сите за еден еден за сите, рече Мицкоски.Тој додаде:Во земјата не владеат законите, во Македонија нема повеќе владеење на правото, а судството и обвинителството одамна не се механизмите кои што  ќе ја заштитат правдата. Случаите со тепањето на Миле и Спиро во затворот не е само податок кој докажува дека се прекршени процедурите и правилата во затворот, туку пред се тоа е последица на урнисаниот систем, неморал и доказ за невиден организиран прогон кој продолжува и во пресрет на претседателските избори.Дури и во еден ваков толку јасен случај на неправда оставката на оној затворски управник која треба да послужи за алиби ќе почека. Доставил господинот список  на потписи во знак на  негова поддршка до деспотот .  Се кршат процедури во Собранието, се носат закони кои може да донесат само бизнис интерес за поединци, а ненадлежното СЈО ќе отвори онолку нови случаи колку ќе сметаат дека се доволни за да може да се пазари со цел да си го продолжи мандатот, зошто за нив привилегиите се далеку поважни од правото и правдината  која треба да се постигне. За пусти пари се работело и за ништо друго.Таквиот процес во чија суштина се критериумите кажувам – негирам - заборавам практично говори за сите ветувања кои ги кажа, а не ги исполни.Далеку сме од плата од 500 евра, нема ниту живот, ниту чист воздух,нема реформи во образованието, нема реформи во здравството, го нема клиничкиот центар, се шета низ Европа ги гази дебелите килими и  ги нуди те на овој те на оној  а економијата колабира. Граѓаните се чувствуваат несигурно. Се изгуби редот на нештата. Македонија не е нормално место за живеење.Мицкоски се обрати и до како што кажа оние кои се мислат дали да излезат да гласат:Значи не до оние уценетите слуги на Заев кои работат на копче, тие знам дека имаат задача и таму бизнис и притисоци се во прашање, тие се заробениците на Заев и такви има се помалку, туку на оние чесни родољубиви луѓе, интелектуалци и искрени патриоти кои се разочарани од секојдневието, а на кои Македонија им е важна. Имаме ист противник, Заевизмот е наш противник исто колку што е и ваш. Но, Македонија ни е заедничка. А бојкотот е слепа еднонасочна улица после која нема втор чекор. Тоа е ѕидот на власта. Нема втора опција и решение. Затоа да си подадеме рака и да ја искористиме неповторливата шанса да го поразиме Заевизмот на избори и само така ќе можеме повторно да ја издигнеме Македонија. Да застанеме заедно под бајракот на заедничката победа, ве поканувам сите.И знам дека има некој кој што ќе рече дека еве од втор пат му успеа на Заев, ете тој стана премиер, иако реалноста е дека не победи на парламентарните избори. Јас би рекол не дај Боже да се дозволи втор Заев овој пат на функцијата претседател на држава, затоа што отиде Македонија. Овие двајца политичари кои се провлекуваат низ сета темнина на транзицијата и сите штетни политики овие дваесетина години, се многу слични навистина. Едниот еве гледаме  се занимава со фалсикување избори, а вториот како претседател на ДИК аминуваше фалсификат на изборите 2004-та година. Значи едниот актуелен, а другиот со искуство. Нивното напред кое гледам како мото го применуваат всушност значи многу назад.Македонија е исправена пред голема крстосница и цврсто верувам дека ќе се избере вистинскиот пат. На Македонија и треба претседателка. Дојде тоа време кога ваква цврста жена како професорката Силјаноска ќе ја штити правдата и интересите на државата. Претседателка која ќе се стави на страната правото и правдата, која ќе се бори за законите во рамки на Уставот, која ќе гради дипломатија базирана на компетенции.Претседателка која ќе биде баланс на властите, ќе се бори за еколошките прашања, за подобро здравство, за светско образование. Ќе работи на укинување на привилегиите на власта. Без разлика што ние многу скоро ќе бидеме на власт, привилегиите мора да се намалат. Претседателка која ќе биде вашиот глас во политиката, рече во дел од својот говор Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_5428

Пендаровски: Посебно ми е е драго што зад мене застануваат и три политички партии на етничките Албанците кои се дел од владата

Сакам најискрено, да ви се заблагодарам на изборот кој го направивте денеска. За мене претставува огромна чест што сум поддржан од 31 политичка партија, од претставници на сите етнички заедници, но и претставници на многу наши граѓани кои воопшто не се членови на политички партии, а на кои, нашата Македонија им лежи на срцето, истакна Стево Пендаровски, кандидат за претседател на Република Северна Македонија.Пандарвски додаде: Посебна благодарност сакам да изразам до политичката структура, до СДСМ и лично до премиерот Заев, кои направија политички потег без преседан, по пет години да ми дадат шанса повторно да влезам во трката за претседател, откако во 2014-та, сите ние, бевме предмет на брутален изборен инжинеринг.Чувствувам во оваа ситуација, во овој момент, посебна одговорност, јавно, да им се заблагодарам на останатите кандидати за начинот на кој се презентираа себе си во изминатиот период, максимално достоинствено, без потценувањена останатите и без да го разнишаат,ниту за милиметар, политичкиот проект со историски пропорции, за кој се бориме заедно, со години.И Радмила, и Оливер, и Никола, се прво мои пријатели со години, а дури потоа соборци за истата кауза. Апсолутно сум убеден дека тоа така и ќе остане и кога никој од нас повеќе нема да биде во политиката.Посебно ми е е драго што за прв пат во независна Македонија, пред избори, зад мојата кандидатура застануваат и три политички партии на етничките Албанците кои се дел од владата, а и оние во опозиција, иако ќе одат со свој кандидат, немаат приговор за моите ставови за меѓуетничката толеранција и улогата и местото кое Албанците мораат да го имаат во заедничката држава.Денес, мене, вие ми дадовте голема политичка одговорност, која во месеците и годините што се пред нас имам намера да ја оправдам во целост, во интерес на подобриот и посреќен живот на сите наши граѓани. Денес сме 5 години постари, (особено некои од нас), но, ве уверувам дека ја имаме истата страст и енергија како и во 2014-та, да покажеме дека во овие турбулентни времиња, на овој дел од Балканот, токму оваа политичка опција и токму овие луѓе најдобро го разбираат историскиот контекст и сакаат, конечно, да го заокружат проектот на интегрирана, демократска и мултиетничка Република Северна Македонија.На 21 април и на 5 мај нема да се решава за нечија политичка кариера, тоа ќе биде најмалку битно. Далеку поважно е да покажеме дека во една мултиетничка држава на Балканот е возможно, луѓе од различни етникуми да се обединат зад исти цели – членство во евроатлантските интеграции, закони кои ги унапредуваат правата на граѓаните, и политички претставници кои ги надминуваат и поминуваат вековните етнички линии на поделба, истакна Стево Пендаровски, кандидат за претседател на Република Северна Македонија .

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Реакција на ВМРО ДПМНЕ: Стево Пендаровски е докажан губитник кој повторно ќе биде поразен

Стево Пендаровски е докажан губитник кој повторно ќе биде поразен. Пендаровски знае дека не поминува кај граѓаните и дека е само жртвено јагне на Зоран Заев и СДСМ.Денес не бираа делегатите на СДСМ, денес само кренаа рака по нарачка на Заев и Али Ахмети. Зоран Заев денес на деспотски начин со претходно наметнат кандидат за претседател од меѓупартиски договор фингираше изборна конвенција, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение додаваат: СДСМ невешто одглуми демократија, а всушност на најдеспотски начин им беше ставен на тацна Стево Пендаровски. Кандидатот за претседател на државата од СДСМ е само бледа копија на Заев - слеп послушник кој работи на штета на Република Македонија.Глас за Пендаровски е глас за Заев, глас за нови кршења на Уставот и девалвирање на државноста.Граѓаните видоа што направи со Република Македонија еден Заев, дополнително полошо ќе биде со двајца политичари од ист калибар. Зоран Заев две години ја држи Република Македонија под длабок мраз, со заробено судство, економија која тоне, загадена животна средина, девалвиран образовен и здравствен систем, нарушена безбедност и најлошо од се, безперспективност.Власта две години нанесе само порази. Државата не смее да тоне, државата мора да оди напред. СДСМ, Зоран Заев и Стево Пендаровски мора да изгубат за Македонија да тргне напред, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Силјановска Давкова: Не смее политиката да биде во рацете на неколкумина

Кандидатот за претседател на Република Македонија, г-ѓа. Гордана Силјановска Давкова денеска присуствуваше на Конференција на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, каде што се обрати до сите и им се заблагодари на поканата велејќи дека никогаш не присуствувала на толку голем собир, не е навикната да говори на толку многу граѓани но ќе се обиде.Македонија е во женски род, не случајно. Сите ние сме растеле, сме се радувале и сме тажеле со песни, со ора, со фолклор. Во нив умирале, се мажеле за Македонија, се женеле за Македонија. Мечтаеле за Македонија. Сонувале за Македонија. И политиката е именка од женски род. Понекогаш да ги заведам студентите се обидувам драмски да настапувам велејќи им дека политиката некогаш била уметност на можното, а за бракот пак викам, да бидам искрена бидејќи тоа е заедница за што вреди да се живее, дека е уметност на неможното, нагласи г-ѓа Силјановска Давкова.Посочувајќи дека и обично на свадбите кога им подарува нешто, тоа е најчесто книги, го пишува ова и вели дека вреди да се проба и во првата уметност и втората уметност. Особено во вторава.Јас бев во политиката едно кусо време и мислев дека тоа не е мојот свет. Меѓутоа политиката почна да го креира нашиот живот и кога зборуваме за добри политики тогаш и имаме добар живот. Но се случија нешта кои наместо уметност на можното покажаа дека политиката може да биде на некаков начин земена, украдена, окупирана од многу мал број на луѓе кои мислат дека знаат се, дека политиката е нивна. Дека политичкото е нивно обележје.А, кога нема критика, не може да има добра политика. Значи не смее политиката да биде во рацете на неколкумина, не смее политиката да биде само една страна, а да нема критичка димензија, појасни г-ѓа. Силјановска Давкова.Цитирајќи еден британски лорд – „Политиката може да расипе, политиката може да корумпира, апсолутната политика апсолутно расипува и корумпира“.При што се осврна дека Преспанскиот договор е штетен за Македонија, македонскиот идентитет не треба да се загрозува, бидејќи ние сме македонски народ и тоа е факт, кој не може никој да го спори.Во своето обраќање г-ѓа. Силјановска Давкова запраша во салата колкумина познаваме кои го смениле името, односно под притисок. А, тоа се нашите прадедовци, прабаби морале во своите презимиња да интервенираат ама тоа не успеало, не може да се оди против природата. Бидејќи името мора и е вкоренето во нас и во историјата, во иднината. Во поновата историја успеа еден да направи нешто што никогаш досега не направил, да го редизајнира идентитетот на сите идни генерации, но и на минатите, историскиот и политичкиот и културниот наратив.На самиот крај од својот говор г-ѓа. Гордана Силјановска Давкова посочи дека е време Република Македонија да ја добие својата прва жена претседателка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ласовска ги повика жените во Република Македонија на масовно женско обединување

На 18-тата годишна Конференцијата на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ што се одржа денеска во Македонската опера и балет се обрати претседателката г-ѓа Благица Ласовска. Таа ги поздрави присутните на конференцијата, а упати посебен поздрав до како што рече „моите лавици, членките на Унијата на жени на ВМРО- ДПМНЕ, горди и храбри жени“.Ласовска посочи дека со над 50.000 членки и со 75 општински комитети на УЖ на ВМРО – ДПМНЕ може да се каже дека сите овие години граделе нови политики и платформи, промовирале нови стратегии за женската политика и за родовата еднаквост.Претседателката на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ рече дека живееме во тотално поделено општество, непомирено општество, едните мислат дека се качиле на врвот на планината и гледаат како да ги уништат другите, притоа заборавајќи дека тој другиот е нечии негов далечен роднина или пријател. Оттука ги повика жените во Република Македонија на едно масовно женско обединување.Ласовска се осврна и прашањето за името укажувајќи дека Македонија денеска е тема на влијателни медиуми кои прашуваат дали името Северна Македонија воопшто има национален идентитет.„За жал или за среќа битката за идентитетот не е завршена, и она малку што остана од него ќе мора да се брани со сите средства. Македонските граѓани етнички Македонци, колку и да звучи ова нелогично во една национална држава ги очекуваат мачни обиди да го зачуваат својот идентитет како Македонци затоа што актуелните власти нема да им помогнат во таа битка“, рече Ласовска.Укажувајќи дека на страна на Македонија е меѓународното право, меѓународните конвенции ги повика жените да тргнат кон едно големо напред, кон победа.„Оти во секоја една од нас лежи една Параскева од драмите на Горан Стефановски, една Велика од безвремениот Пиреј на Петре. М. Андервски една Арбулика од Чинго, Чашулевата Магда. Во секоја од нас таи, Сара, Хасие, Милица, Дона и многу други. Ама секое таење може да прерасне во крик“, рече Ласовска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пожари на автопатот Велес-Скопје и во атарот на с.Царевиќ-Прилеп

На 02.03.2019 околу 17 часот пријавено е дека на автопатот Велес-Скопје, после с. Мралино гори поголема површина со трева. Од страна на екипи на БППЗ во 20 часот пожарот е целосно изгаснат.На 02.03.2019 во 11,35 часот била добиена пријава за настанат пожар во атарот на с.Царевиќ-Прилеп, на место викано Царев даб, а била зафатена шума. Пожарот бил локализиран од екипи на ТППЕ-Прилеп во 17,30 часот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tepacka1

Физички пресметки во Тетово, Струмица, Скопје

На 02.03.2019 во 16.30 ч. во Полициската станица-Тетово Д.А(24) од Тетово пријавил дека истиот ден околу 02.30 часот пред угостителски објект на ул.„Иво Лола Рибар“ бил физички нападнат од страна на едно лице. На Д.А. му била укажана лекарска помош во Клинички центар Тетово. СВР Тетово работи на целосно расчистување на случајот.На 03.03.2019 год. во 02.30 часот И.Ц. (36) од Скопје пријавила дека на ул.Горно Лисиче пред угостителски објект била физички нападната од М.Т. (31) од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.На 03.03.2019 во 01 ч. пријавено е дека на ул.Фрањо Клуз во Скопје Д.Т.(18) од Скопје физички бил нападнат од три лица. Се работи на рачистување на случајот.На 02.03.2019 во 01,45 часот Ѓ. М(41) од Струмица пријавил дека околу 00,30 часот во угостителски објект во трговски центар од страна на Н.Ј. физички бил нападнат неговиот малолетен син. Се работи на целосно расчистување на случајот

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

На Табановце уапсени две лице, по едно трагало СВР Скопје, друго патувал со туѓа патна исправа

На 02.03.2019 во 10 часот на ПС за ГП-Табановце, на влез во Република Северна Македонија, од страна на полициски службеници од слобода е лишен Д. С. (40) од Скопје, бидејќи при извршена пасошка контрола било констатирано дека е предмет на потрага од СВР Скопје. На 02.03.2019 во 16,50 часот на ГП-Табановце, на излез од Р.С. Македонија, од страна на полициски службеници приведен е М.К. (21) од Косово, бидејќи при пасошка контрола приложил туѓа патна исправа на име Ј. Е. (22) .При преглед кај него била пронајдена неговата оригинална косовска лична карта. М.К. е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_5015

(ВИДЕО) Заев: Новиот претседател на нашата земја е Стево Пендаровски

Стево Пендаровски е идниот претседател на Република Северна Македонија, тој е нашиот предлог и уверени сме во победа, рече премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на денешниот 23 конгрес на партијата.Пред присутните се обрати престедтелот на СДСМ Зоран Заев кој меѓу другото истакна:„Земја на еднакви граѓани, едно општество за сите. Овие наши вредности, во заедница со силна демократска матрица и култура, го формираат нашиот морален компас за градење прогресивно општество по мерката на модерните европски демократии. Од тие принципи и мерила изникнува и нашиот заеднички канидадат за претседател – Идниот претседател на Република Северна Македонија – Нашиот другар, пријател, претседател за сите – Стево Пендаровски!Стево е нашиот предлог. Уверени сме дека тој е нашиот избор за победа. Новиот претседател на нашата земја е Стево Пендаровски. Се обединивме околу идејата за заеднички кандидат за поддршка од огромно победничко мнозинство од граѓаните. За прв пат, имаме историски политички пресврт во нашата земја, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и сите други – застануваме ЗАЕДНО за да и обезбедиме на нашата земја претседател за сите наши граѓани. Ќе одиме ЗАЕДНО низ целата наша земја, да го поддржиме Стево - од Струга до Паланка, од Тетово до Гевгелија, вдолж и попреку низ сите градови, села и населби на нашата убава земја. Стево Пендаровски е нашиот иден претседател на Република Северна Македонија. Одиме ЗАЕДНО бидејќи знаеме дека на Македонија и е потребен Претседател кој со високо чувство на одговорност, динамично и посветено ќе нуди решенија и ќе се приклучи во поддршка на нашата брза трака која земјата ја носи напред – кон сигурно иднина во во НАТО и ЕУ.Стево Пендаровски е потврда на концептот едно општество за сите во напредна, евро-атлантска Република Северна Македонија. Знам дека, како Претседател на сите граѓани на нашата земја, својата сила ќе ја влече и од сите наши граѓани, а не само од оние што ќе го дадат својот глас за неговата победа.Победата на Стево Пендаровски на претстојните избори ќе биде уште една победа на нашиот заеднички пат, истакна Заев.Заев покрај за кандидатот за престедател зборуваше и за целите на партијата за следниот период. Тој рече:„Нашата земја е пријател со сите свои соседи, целиот свет, со сите земји и меѓународни организации зборуваат во суперлативи во Северна Македонија. Во нашиот парламент ги разбивме сите дилеми и потврдивме дека заедно ја движиме нашата земја во иднината што сите ја посакуваме: Признаена и ценета држава, земја членка на европското семејство и членка на НАТО. Не прифатија како Mакедонци, со свој идентитет и своја гордост. Како земја во чиј идентитет се вградени и идентитетите и на сите нејзини граѓани, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, и сите други кои што живеат во нашата земја. Заедно со нашиот пријател, прво Република Бугарија, а потоа и со Република Грција, ги отфрливме изолацијата и недоразбирањата. Презедовме одговорност, и покажавме капацитети да решаваме, а не да одлагаме и да профитираме на штета на интересите на граѓаните и на стратешките цели на државата. Граѓаните избраа иднина, просперитет, НАТО и ЕУ. Почитувани сопартијци, почитувани претставници на коалицијата, Нема запирање, нема здивнување, нема веќе пречки. Сега е време за нови потфати. Целото наше внимание сега го насочуваме кон домашните прашања. Сега само од нас дома тоа зависи, се што досега направивме беше да ги тргнеме настрана сите надворешни предуслови за да го донесеме дома во нашата земја животот, достоинствен за живеење тука, во нашата Република Северна Македонија, истакна Заев.Влегуваме во сериозни економски и реформски иницијативи кои се на нашата приоритетна агенда за 2019 година, реча заев и додаде: :Сега, кога ја обезбедивме нашата безбедност и стабилност како земја членка на НАТО, продолжуваме да ги убедуваме сите инвеститори дека имаат земја партнер и пријателска средина за бизнис и за нови работни места за нашите граѓани. Многу инвеститори го чекаа исходот од преговорите со Грција за да донесат одлука.Имаме силни аргументи дека сме на вистинскиот пат, дека нашите економски политики даваат резултати. Историски резултати! Минатата година ја завршивме со рекордна вредност на странските директни инвестиции од 624,5 милиони евра. Тоа е речиси двојно повеќе од вредноста на инвестициите во 2017, или за 82 отсто повеќе од инвестициите на нашите претходници во нивната најдобра година, во 2011, или повеќе од 2012, 2013, 2014 година.Ние за 20 месеци обезбедивме 18 одделни странски инвестиции, за разлика од тоталот од 23 за сите претходни 10 години. Дополнително нови 30-тина инвестиции имаме надвор од тир зоните.Во 2018 година над 250 домашни компании добија финансиска поддршка преку Планот за економски раст, во 2019 очекувам тој број на компании да се зголеми, потенцираше претседателот на СДСМ .Инаку конгресот на СДСМ се одржива во хотелот Александар Палас. Право на глас имаат 783 делегати.

пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања