Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
Нема фотографија

Во една ноќ откриени 177 возачи кои возеле под дејство на алкохол

Во текот на ноќта на 02/03.03.2019 година на подрачјето на сите сектори за внатрешни работи во Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, при што контролирани се над 1,300 возачи. Кај 177 возачи е утврдено присуство на алкохол во крвта и тие се соодветно санкционирани. На територија на СВР Скопје - 39, СВР Тетово - 15, СВР Велес - 18, СВР Битола - 25, СВР Куманово - 27, СВР Струмица - 17, СВР Охрид - 11 и СВР Штип - 25.При контролите, исто така, откриени и соодветно санкционирани се и 154 други прекршоци.Министерството за внатрешни работи и во наредниот период ќе продолжи со ваквите контроли со цел санкционирање на прекршоците и подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
rankovce

(ВИДЕО) ВМРО ДПМНЕ: Демолирани просториите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во општина Ранковце

Зоран Заев и СДСМ се во паника. Демолирањето на просториите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во општина Ранковце е само уште пример за стравот кој владее на Бихаќка, страв од револтот на граѓаните кој е резултат на погубните политики на власта, истакна Даниел Павловски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Ранковце.Тој додаде: Власта стравот од соочување со граѓаните го покажа во моментот кога не ги прифати предвремените парламентарни избори, а со последните постапки, притисоци врз партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ, апсења, приведувања, демолирање само уште еднаш потврди колку многу се плаши од сопствениот народ.МВР може да врти глава и да ги штити криминалците, но наближува денот кога сите ќе бидат откриени и соочени со правдата.Поразот ќе ги стигне. Зоран Заев и СДСМ не можат вечно да бегаат, не можат вечно да бегаат од соочување со волјата на граѓаните, од нивниот револт кој од ден на ден е се поголем. Поразот на претседателските избори ќе ја најави зората, граѓаните со својот глас против Зоран Заев и неговиот пиун Пендаровски ќе го најават крајот на оваа криминална и одродена власт.По поразот на претседателските избори, предвремените парламентарни избори ќе бидат повеќе од извесни, кои ќе значат крај за политичката кариера на Зоран Заев, истакна Павловски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
HDEElogo

Франшизата „Хелен Дорон“ која е застапена и во Македонија прогласена за најдобар светски бренд за едукација на деца

Франшизата Helen Doron Educational Group е прогласена за најдобра франшиза за едукација на деца на глобално ниво од престижниот Global Franchise Magazine, со што се препознава како докажан светски бренд кој што е лидер во детската едукација. Наградата беше доделена во Лас Вегас на Global Franchise Award 2019 година, лично на г-ѓата Хелен Дорон која е основач и креатор на оваа успешна франшиза.Helen Doron English e глобална франшиза и постои веќе 35 години. Застапена е во повеќе од 40 држави, на 4 континенти во целиот свет, со повеќе од 2 милиона едуцирани деца . Оваа франшиза нуди посебна и уникатна методологија за учење на англиски јазик и стимулација на детскиот интелектуален развој. Успехот на оваа франшиза се должи на совршено развиениот систем на едуцирање на децата преку кој што децата се стекнуваат со знаења и вештини на еден природен и спонтан начин, кој децата го обожуваат и развиваат љубов кон учењето. Важен сегмент за успехот на оваа франшиза е и одлично изградениот концепт на обуки, менторирање и подготовки на учителите кои се вклучени во целиот процес, контролата на квалитетот, унифицираните стандарди за квалитет, како и специјално дизајнираните учебни материјали за учениците и за учителите.-Среќни сме што можеме да го споделиме чувството на среќа дека овој светски познат бренд за едукација постои и во нашата држава веќе шеста година и успешно работи, изјавија од „Хелен Дорон“ – Македонија. Франшизата „Хелен Дорон“ во Македонија е застапена во 14 училишни центри, на 14 локации и во 8 градови низ државата. Големиот број на запишани и задоволни ученици, како и двојно поголемиот број на задоволни родители е голем показател за успешноста на оваа франшиза и во нашата држава. „Хелен Дорон“ во Македонија е една од докажаните социјално - одговорни компании, која што секоја година организира најразлични хуманитарни акции, но и кампањи за подигање на јавната свест во општеството на различни теми кои се од голема важност како што се: децата со посебни потреби, заштитата на животните, здравата исхрана, екологијата и потребата од рециклирање, читањето на книги и др.

Магазин | пред 7 години

7 год.
14

Донација од СР Германија за Министерството за внатрешни работи

“Во сите овие години наназад, практично од осамостојувањето на нашата земја до денес, Сојузна Република Германија беше една од оние земји кои што без нималку задршка или двоумење, даде огромен придонес во нашите напори да изградиме стабилно, демократско и просперитетно општество подготвено да стане рамноправен член на евро-атланските асоцијации“ рече денеска, меѓу другото, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод врачувањето на вредната донација на германското сојузно министерство за внатрешни работи во возила и опрема наменети за потребите на граничната полиција при Бирото за јавна безбедност на МВР на Република Северна Македонија.На врачувањето на донацијата на која што присуствуваше и германскиот амбасадор во Република Северна Македонија,Томас Герберих, како и директорот при Федералната полиција на Германија, генералот Грегор Пелцл, министерот Спасовски рече дека оваа помош е повеќе од добредојдена. “Но, она што е уште поважно, суштинско, како што впрочем констатиравме и во разговорот со г-динот Пелцл и со амбасадорот Герберих, е фактот дека Сојузна Република Германија останува доследен поддржувач и близок соработник на Република Северна Македонија во нашата решеност за спроведување на реформите и патот кон членство во Европската унија“, потенцираше министерот Спасовски.Донацијата се состои од 20 возила “Дачија дастер“, вредни околу 323.000 евра како и 351 пар чизми. Практично, во рамки на богатата, повеќегодишна билатерална соработка меѓу двете министерства во делот на донациите ова е трета германска донација за потребите на полициските единици при МВР, чија што вкупна вредност ја надминува цифрата од 660.000 евра. Во низата досега потпишани билатерални акти, договори и меморандуми за соработка, во моментов во тек е меѓусебното експертско ускладување на билатералниот договор меѓу владите на Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија за соработка во борбата против криминалот што се очекува во скоро време да биде потпишан.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Стоилковски : Актуелната власт не` подели на подобни и неподобни, добиваат тие што имаа партиска книшка

„На Македонија и требаат нови лица во политиката кои што ќе работат за доброто на сите граѓани во државата, без разлика на нивната партиска етничка или верска припадност. Актуелната власт не` подели на подобни и неподобни, добиваат тие што имаа партиска книшка. Власта со криминалот не се справува секаде подеднакво – полициски акции има таму каде што ќе одредат само неколку лица од власта“, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Стоилковски додаде:Ова почитувани, ова се зборовите на Стево Пендаровски, за време на кампањата во 2014 година, кога катастрофално беше поразен од граѓаните!Дали сега Стево Пендаровски во Гостивар и Врапчиште, каде што ги имаше кажано овие зборови повторно ќе се претставува како ново лице? Ќе ја повтори ли оценката за криминалот и безбедноста, кои што сега за жал се во многу полоша состојба? Ќе даде ли оценка за „подобноста“ за вработувањата во администрацијата, или пак за добивање стипендии од 40.000 долари?Ова т.н. „новото лице“ на Пендаровски, истата година во Крива Паланка порача дека ако станел претседател: „Немам намера да потпишувам закони кои што важат за една група на граѓани“!Колку групи граѓани разликува Пендаровски? За која група на граѓани тој го гласаше законот за двојазичност? Останува ли на поделбата на групи: оние кои што тој ги нарекува стока во трло и оние кои се негови блиски?Почитувани, заевизмот на власт повторно ви нуди стари истрошени ликови, претставувајќи ги како нови. Всушност, заевизмот и го нуди Пендаровски како докажан послушник, поддржувач и извршувач на заевизмот.Пендаровски е докажан, еднаш легитимираше криминални крвави избори, што ли сега е способен да легитимира за партиски цели?Почитувани, граѓаните го препознаа заевизмот, власта тоне, но во своето тонење се најопасни. Не смее да се дозволи Македонија целосно да падне во рацете на заевизмот. Заедно ќе го турнеме овој деспотски режим кој што повторно во обланда наречена Стево Пендаровски нуди обесчестување на државата и на македонскиот народ!Победник на овие избори е ВМРО-ДПМНЕ. Победник и нов претседател на Република Македонија е Гордана Силјановска Давкова, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Александар Кирацовски ќе го води Изборниот штаб на СДСМ

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски е избран за шеф на Изборниот штаб за претстојните претседателски избори.Изборниот штаб на СДСМ, заедно со останатите политички партии кои го поддржуваат заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, е подготвен да организира позитивна, принципиелна, мирна и достоинствена изборна кампања во духот на демократските и европските вредности, велат од СДСМ и додаваат:.Политичките партии имаат обврска пред граѓаните и државата да дадат свој придонес кон фер и демократски предизборен и изборен период.Во Република Северна Македонија ќе има кристално чисти фер, слободни и демократски избори. На фер и демократски избори ќе победи Стево Пендаровски, кандидат за вистински претседател на сите граѓани.Победата на Стево Пендаровски ќе биде уште една победа на концептот едно општество, победа на напредокот, развојот и интеграцијата, велат од СДСМ.    

Македонија | пред 7 години

7 год.
zelki

На аеродром во Манила запленила повеќе од 1.500 живи желки

Филипинската полиција на аеродром во Манила запленила повеќе од 1.500 живи желки завиткани со селотејп.Како што пренесе Би-Би-Си, желките биле пронајдени во четири куфери и можеле да се продадат за четири милиони пезоси (еден американски долар изнесува 51,80 филипински пезоси).Полиција наведува дека желките биле оставени на аеродромот откако шверцерите дознале колкава е казната за незаконска трговија со диви животни. Доколку беа фатени, можеа да добијат казна затвор во траење од две години, и парична казна од 200.000 пезоси. 

Свет | пред 7 години

7 год.
prodidzi

Фронтменот на „Продиџи“ утрово е пронајден мртов

Кит Флинт фронтменот на најпознатата британска електронска сензација „Продиџи“ утрово е пронајден мртов во својот дом во Есекс, Велика Британија.Како што јавуваат британските медиуми полицијата се уште не ги открива причините за смртта, но вели дека на телото на 49 годишниот Флинт не се забележани знаци на насилство.Кит Флинт стана икона на британската музичка сцена  со своите енергични настапи во живо, необичната фризура и мноштвото тетоважи.

Магазин | пред 7 години

7 год.
klime-osiguruvanje

Попоски: 2018 беше најуспешна година за осигурителната индустрија во нашата земја

Состојбите во осигурителниот сектор во 2018 година Минатата 2018 година претставуваше најуспешна година за осигурителната индустрија во нашата земја во последните десет години. Осигурителниот сектор забележи раст во однос на сите сегменти на неговото функционирање: бруто полисираната премија (БПП), број на продадени договори за осигурување, поголема исплата на штети, пораст на капиталот, пораст на активата и на финансиските вложувања како дел од активата, како и поголема профитабилност на друштвата за осигурување. Заклучно со 31.12.2018 година на пазарот на осигурување во Република Македонија активно работат 16 друштва за осигурување, истакна Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија за осигурувањето Климе Попоски.Тој додаде дека во делот на неживотно осигурување бројот на пазарните субјекти е 11, додека во делот осигурување на живот бројот на субјекти е 5. Во доменот на посредувањето, осигурително брокерски работат вршат 35 осигурително брокерски друштва, што е намалување во споредба со 2017 година поради престанокот на работа на едно друштво (2017: 36), а работи на застапување во осигурување вршат 11 друштва за застапување (2017: 11). Во доменот на банките кои имаат дозвола за вршење на работи на застапување во осигурување функционираат 5 банки, што претставува зголемен број за 2 банки на пазарот во однос на претходната година. Исто така, на пазарот на осигурување делуваат и 556 лиценцирани брокери и 1.250 лиценцирани застапници во осигурување, вели Попоски.Според првиот човек на Агенцијата за супервизија за осигурувањето пораст се забележува и кај бројот на склучени договори. Најголем пораст се забележува кај осигурување на добитокот и тоа кај индивидуалните земјоделци од 206%, додека кај правните лица од 33%. Трето по големина неживотно осигурување претставува доброволното осигурувањето на патнички возила (каско) кое учествува со 8,03% во вкупната БПП.Осигурителниот пазар минатата година, како што посочија Попоски и претседателот на Здружението за осигурување при Стопанската комора на Република Македонија Ѓорѓе Војновиќ има раст на приходите од 10,4 отсто.Забележителен раст има кај бруто полисираната премија кај земјоделското осигурување од 65,98 проценти и изнесува 261,02 милиони денари. Растот кај осигурувањето на посевите и плодовите кај индивидуалните земјоделци е 59,05 проценти, додека кај правните земјоделски стопанства 46,30 отсто. Најголем раст, како што рече Попоски, е забележан кај осигурувањето на добитокот и тоа кај индивидуалните земјоделци од 206 отсто, додека кај правните лица од 33 отсто.На земјоделците им порача дека може да се дојде до намалување на цената на осигурувањето доколку тие преземат превентивни мерки и притоа ги намалат ризиците.Раст имаме и кај осигурувањето живот од 29,57 отсто, со склучени 22.264 договори.Она што очекуваат во 2019 година е нов закон за осигурување што е усогласување со ЕУ и воведување повисоки стандарди, како и окрупнување, што веќе се случува.-Едно преземање има на осигурителна компанија од страна на Халк банка. Во тек се разговори за преземање на уште една осигурителна компанија, а има интерес и од странски инвеститор, рече Попоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nesreka-2

Над 800 илјади евра отштета ќе исплати осигурувањето за сообраќајката кај Ласкарци

Осигурителната компанија „Еуросиг“ ќе треба да исплати отштета од над 800 илјади евра за сообраќајката кај Ласкарци.Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија за осигурувањето Климе Попоски денеска на прес-конференција рече дека во овој случај најверојатно ќе биде исплатена максималната законски предвидената сума.– Во Законот за здолжително осигурување има пропишано максимален износ на штета предизвикана од автобус. Максималниот износ по еден осигурителен случај може да изнесува 675 илјади евра, рече Попоски.Тој додаде дека дополнително по основ на полиса за патници во јавен превоз може да бидат исплатени 200 илјади евра, така што е предвидено 4.500 евра по смртен случај, 9.000 евра за траен инвалидитет и 2.000 евра за повреди и лекување.Според Попски ова, ќе биде една од поголемите исплатени штети во последните години, покрај онаа за хеликоптерската несреќа.

Македонија | пред 7 години

7 год.
trudbenik

Со извршно решение се иселува дирекцијата на АГП „Трудбеник“ во Охрид

Механизација денеска влезе во дирекцијата на АГП „Трудбеник“ во Охрид и почна со иселување на недвижностите од локацијата врз која моментно сопственичко право има туристичката агенција „Фибула Ер Травел“. Извршувањето според новиот сопственик е сосема законско бидејќи тие поседуваат имотен лист за локацијата од некаде 20 илјади метри квадратни каде некогаш се наоѓаше дирекцијата на „Трудбеник“.Адвокатот Драган Коровешоски, кој е правниот застапник на „Фибула Ер Травел вели дека извршувањето се спроведува врз основа на правосилна пресуда.„Фибила Ер Травел“ имотот го има купено во 2011 година, девет години се обидуваме имотот да го пренесеме во владеење на сопственикот за да почне да се гради. Оставениот операциски рок во кој должникот требаше доброволно да се исели е поминат и од тие причини законски се спроведува извршување, односно испразнување на недвижноста“, вели Коровешоски.Акционерите од „Трудбеник“, пак, сметаат дека државните институции преку незаконска постапка дозволуваат да се одземе атрактивната локација на брегот на Охридско Езеро.Извршниот директор и мнозински акционерски сопственик на АДГ „Трудбеник“ Ацо Спироски изјави дека се работи за прерането извршување.– Имаме неоспорливи докази дека ова земјиште е земено на криминален начин. Тие докази ги добив кога го покренав спорот против ова извршување, кога се отворија документите за се што е направено меѓу одредени раководни лица во Министерството за транспорт и врски, раководни лица во Општина Охрид и на „Фибула Ер Травел“. Против нив е покрената кривична постапка, постојат неоспорливи докази и утре е закажано рочиште во кое бараме поништување на договорот за купопродажба меѓу „Фибула“ и Општина Охрид, рече Спироски.Според него, се води предмет и во Антикорупциска комисија кој ќе покаже дека се прави обид „на криминален начин, преку наместено јавно наддавање, во предизборна постапка, со наместени рокови и услови, сокривани и изменувани датуми на парафирање на договорите, отуѓено земјиште за 20 илјади евра, а чија пазарна вредност е проценета некаде до четири милиони евра“.Постапка за раскинување на купопродажниот договор има поднесено и Општина Охрид. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
sv-sofija-1

Младата пијанистка Чочиева ја збогати културната понуда на „Охридско лето“

Националната установа „Охридско лето“ приреди ново уметничко доживување за љубителите на класичната музика преку концертот на руската пијанистка Злата Чочиева што се одржа синоќа во црквата „Света Софија“ во Охрид.Младата московска пијанистка имаше впечатлив настап, покажувајќи извонредна техника во музицирањето, притоа, пренесувајќи и’ на публиката позитивни емоции.-Преку своето совршено музицирање и техника, талентираната пијанистка Злата Чочиева донесе виртуозен перформанс со што се вброи меѓу најдобрите пијанисти кои настапиле досега на „Охридско лето“.  Како организатори на овој концерт, особено не’радува што публиката го награди нејзиниот совршен настап со бурни овации и што меѓу присутните беа аташето за култура во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје, дел од нашите лојални спонзори меѓу кои главниот извршен директор на ОКТА господинот Иоанис Героуланос, публика од соседна Република Албанија, како и музичари од Скопје и Охрид. Сите присутни беа воодушевени од  целиот перформанс, изјави директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.За пијанистката, исклучително важно е да се воспостави непосреден контакт со публиката и да се размени позитивната енергија.-Се чувствувам топло во душата  поради повратните реакции на публиката. Многу уживав бидејќи почувствував голема енергија од присутните и бев пријатно изненадена колку беа внесени во програмата. Знаете, многу е важно за уметникот да го почувствува тој флуид, размената на енергијата со луѓето и љубовта кон музиката, вели Чочиева.Извонредно талентираната уметница Злата Чочиева  која на Меѓународниот натпревар по пијано „Санта Катарина“ во Бразил беше прогласена за најдобра изведувачка  на Фредерик Шопен, со посебен шарм и стил ги отсвири мазурките на овој композитор,  а долови и дела од  Александер Скриабин, Франц Лист и Сергеј Рахманинов.-Не знам дали сум најдобар изведувач на делата на Шопен, но чувствувам како оваа музика ми е при срце, а тој секогаш ќе биде еден од моите најомилени композитори. Шопен е некој со којшто навистина можам „да разговарам“. Што се однесува до програмата со која се претставив на „Охридско лето“ , сметам дека  беше мошне интересна бидејќи содржеше и композиции кои се помалку познати. Некои дела се во сенка зашто луѓето им обрнуваат повеќе внимание на познатите композиции, додаде младата пијанистка чиј компакт-диск со Шопеновите етиди, германското списание „Грамофон“ го вброи во 50-те најдобри изведби на Шопеновата музика некогаш.Чочиева која за нејзиното музицирање на пијано е наградувана шурум светот, првпат настапува на  „Охридско лето“, но како што вели, за репутацијата на фестивалот слушала од нејзините колеги уметници кои веќе одржале концерти.-Имав можност да уживам и во убавините на Охрид, шетајќи низ стариот дел на градот, но посебно бев воодушевена од езерото. Посебно ме инспирираа залезот на сонцето и невообичаените бои над езерото, истакна таа.Со програмата што ја отсвири на „Охридско лето“, Злата Чочиева ќе го одржи и својот деби-концерт во Лондон, а потоа следуваат и нејзините настапи во Русија, Шведска и Германија.      

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-r-srpska

Девојка паднала од балкон, сакајќи да го сокрие момчето од својата мајка

Oсумнаесетгодишна девојка падна од вториот кат на зградата на тротоар во Приедор, Република Српска. Девојката Т. М. паднала од вториот кат од една зграда во центарот на градот, додека се обидувала да премине на соседниот балкон. Несреќата се случила во станот на нејзината сестра, каде што девојката била со момчето чија врска нејзината мајка не ја одобрувала.Како што објавуваат медиумите во еден момент, на вратата на станот некој тропнал, а девојката, претпоставувајќи дека тоа е нејзината мајка, се обидела да избега на соседниот балкон, што за малку ќе завршело трагично.Полицијата синоќа го испрашуваше нејзиното момче С. В. од Приедор и тој сè уште е во полиција. Повеќе детали за овој несреќен случај ќе бидат познати по изјавата на девојката.Според неофицијални информации, неизиниот живот не е во опасност. 

Свет | пред 7 години

7 год.
stop-policija

Викендов во Скопје осообраќај се исклучени 126 возачи

Во текот на изминатите денови на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 146 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 126 возачи од кои:57 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 51 возач управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 18 возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 48 возила бидејќи 42 биле нерегистрирани, пет возила биле технички неисправни и едно возило поради претовар.Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, 10 поради неправилно престројување, тројца возачи поради неправилно престигнување, девет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 22 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се седум пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 271 мандатни платни налози и 167 возила се подигнати со специјално возило пајак.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Приведен албански државјанин поради „фалсификување на исправа“

На 03.03.2019 во 10.40 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „фалсификување на исправа“, бил приведен Л.Ф.(32) од Република Албанија.Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tabanovce

Скопјанец приведен на Табановце

На 03.03.2019 во 15.45 часот на Граничниот премин „Табановце“, при проверка на лицето Н.С.(26) од Скопје, било констатирано дека бил баран по телеграма поради постоење основи на сомнение дека е извршител на кривично дело по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Тешка сообраќајна несреќа на патот село Крушеани-село Обршани, има повредени

На 03.03.2019 во 18.30 часот на патот село Крушеани-село Обршани, прилепско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Ј.(37) од Прилеп и патничко возило „Опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(39) од село Беранци, општина Могила.Со тешки телесни повреди се здобил М.П.(64), сопатник од возилото „Опел Астра“, а двајцата возачи и двајца сопатници М.Т.(32) и шестгодишно дете од другото возило се здобиле со телесни повреди.Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската болница во Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
oliver-spasovski

Седницата за интерпелација на Спасовски- одложена

Расправата за интерпелација на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поднесена од пратениците од опозицијата ќе биде закажана дополнително во координација со министерот и координаторите на пратеничките групи, најави претседателот на  Собранието Талат Џафери на денешното продолжение на 86. седница.Претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, рече дека поради тоа што во Собранието денес се закажани на неколку комисии, интерпелацијата ќе се одложи за друг ден кога ќе одлучат на координативен состанок пратеничките групи.Дваесет и седум пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесоа интерпелација против Спасовски поради поради тоа, како што се вели во интерпелацијата, министерот ја извршува крајно несовесно, нестручно, селективно и по насока на врвот на неговата политичка партија, а спротивно на Уставот и законите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Регулаторна одлучи, поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика ги определи новите цени на нафтените деривати и тие се зголемуваат во просек за 2,24%.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 18.02.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 66,50 ден/лит.Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 18.02.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,619 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 18.02.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 32,847 ден/кг 

Македонија | пред 7 години

7 год.
pozar

Обвинение за двајцата кои опожарија семејна куќа со ресторан во скопско Дебар маало

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица за кривично дело – Тешки дела против општата сигурност од чл. 292 ст.1 во врска со чл.288 ст.1 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик.По сеопфатна истражна постапка, надлежниот јавен обвинител утврди дека обвинетите како соизвршители на 26.11.2018 година со пожар предизвикале значителна опасност по животот на еден оштетен и неговото најблиско семејство, како и поголема имотна штета на објектот – индивидуална станбена куќа и ресторан во сопственост на оштетениот.Обвинетите набавиле едно шише запаллива течност. Потоа едниот обвинет чувал стража, додека другиот со течноста го полеал внатрешниот дел од оградата на терасата на ресторанот и го запалил. Пожарот за многу кратко време се проширил од ресторанот до вториот кат на објектот, каде што престојувало семејството на сопственикот.Обвинителството ценеше дека се уште постојат околности кои го оправдуваат изрекувањето на мерката куќен притвор, па од тие причини заедно со Обвинителниот акт до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за продолжување на мерката – куќен притвор за двајцата обвинети.

пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања