Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
ovcari

Алармантна е состојба во овчарството - сточарите бараат поддршка од 40 денари за килограм јагнешко

Алармантната состојба во овчарството и ниската откупна цена на јагнето, ќе бидат темите на годишното собрание на Сојузот на овчари што ќе се одржи денеска во Министерството за земјоделство.Сточарите од собранието ќе упатат директно барање до Владата – да им обезбеди вонредна мерка во вид на финансиска поддршка за да не работат, како што велат, со загуба.– Откупната цена за прва класа јагнешко е 140 денари/килограм жива мера, а за втора 130. Според последните проценки врз основа на производните трошоци, цената треба да изнесува 182 денара. Но, ние сепак, не ја земаме предвид таа цена, туку остануваме на „старата“ од 175 денари што беше претходно утврдена. Затоа ќе побараме вонредна мерка за доплата како кај тутунот, но до 40 денари за килограм, вели за МИА претседателот на овчарското здружение „Агроцентар“, Митко Јанков.Јанков објаснува дека висината на поддршката нема да биде за сите овчари иста, туку ќе зависи од постигнатата откупна цена на јагнето, но битно е, додава, да биде максимум 40 денари.На собранието на овчарите се очекува да присуствуваат претставници од Владата и од Министерството.

Македонија | пред 7 години

7 год.
abortus-otec-ivica

Отец Ивица: Кој тоа не убива и зошто?

По веста која ја изнесе министерот за здравство Венко Филипче: Одлуката за прекин на бременоста е право на жената и тоа никој не може да и го одземе, презентирајќи го Предлог-законот за прекинување на бременоста, на социјалната мрежа фејсбук се огласи Отец Ивица.Тој својот статус го наслови : ОД свесно УБИСТВО, на држава и цел народ до убиство на неродени деца!КОЈ ТОА НЕ УБИВА И ЗОШТО?Во продолжение ви го пренесуваме статусот на Отец Ивица.1. Свесни ли сте што значи абортус во 22 гестациска седмица? Убивате 5 месечно бебе, оформено мало човече со рачиња, ноџињa, слух, лик…2. Бебиња родени помеѓу 23 и 24та гестациска седмица можат да преживеат!3. Постојат многу малку случаи каде абортус би имал логика, но легализирање на своеволна терминација на бременост? Промоција со кампања?4. Има брачни парови кои со години се обидуваат да се остварат како родители. Не е ли подобро да го родиш и да усреќиш таков пар со посвојување? Зборувам за “несакана бременост”!5. Повеќе ли ви се исплаќа да терате кампања за морталитет на нацијата наместо подобрување на животната средина и општеството каде треба да се родат и растат идните генерации?6. “Мое тело, мој избор” – НЕ!НЕ Е твое телото кое се отстранува од твоето тело со абортус!———–„Господ“ е најголем непријател на жената!“Уранија Пировска———-Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет:„Колку деца ќе роди жената е нејзин избор!„Господ“ (Што Уранија подразбира под „Господ“ е крајно нејасно) е најголем непријател на жената!“Додека оваа докажана соросоидка од говорницата на Собранието на РМ отворено пропагираше за својата соросоидно – либерална идеологија и „вера“ припадниците на традиционалните верски заедници во РМ, МПЦ – ОА, ИВЗ, Римо-Католичката Црква во РМ и други беа спречени да учествуваат во расправата каде што се говореше за предлог закон кој треба да овозможи најбрутално ЧЕДОМОРСТВО по 22 гестациска седмица од бременоста!Граѓани на Македонија кои сте членови на горенаведените традиционални верски заедници во Македонија – МПЦ – ОА; ИВЗ, РКЦ во РМ, ЕМЦ во РМ и останатите НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ претставници на краен морален разврат и безсовесни политичари да влијаат врз донесување на закони кои не само што се крајно нечовечки, туку се и БОГОХУЛНИ!Секоја вера, освен личната духовна вертикала ја подразбира и нашата општествената одговорност, односно, ја подразбира одговорноста за сите оние кои, од оваа или онаа причина не се свесни за опасноста што ја поттикнуваат личности, организации и партии кои во својата суштина и програма се крајно АНТИТЕИСТИЧКИ, антитрадиционални, антивредносни, АНТИЧОВЕЧКИ! Личности, организации (фондации; невладини организации) и партии кои се против мистеријата и радоста на ЖИВОТОТ, кои ја слават САМОЖИВОСТА, лагата, перверзијата, изопаченоста……..Денес, во Собранието на РМ, во домот на сите граѓани на РМ се пројави уште една компонента на окупацијата која е наша реалност, се пројави ликот на безбожната и перверзна соросоидно – либерална иделогија која изгледа длабоко продрела во умовите и мислите на претставниците од позицијата (сдс+дуи), но и во умовите и мислите на некои претставници од опозицијата – Даниела Рангелова!Времето наше е темно, мрачно, црно, зашто и душите на повеќемина се во таа боја, НО, им станува веќе јасно на граѓаните на РМ дека по ноќта изгрева силно ден, но, за да изгрее тој ден треба сите нашите души да ги исполнуваме со светлина, со вистина, со љубов, со радост Божја, со вистината за животот која доаѓа од самиот Творец!АКО и сега попуштиме, за многумина, особено за неродените деца, нема да има ДЕН, туку само темнина!https://www.facebook.com/ivicatodor/posts/10214867075684932

Македонија | пред 7 години

7 год.
rocista

Продолжуваат судењата за „Траекторија“ и „Транспортер“

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите „Траекторија“ и „Транспортер“ на СЈО.Обвинети во предметот „Транспортер“ се поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица во овој случај поради злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
53473685_2277803625793479_1609558897054449664_o

Започнува кампањата за подобра животна средина, „Не игнорирај! Реагирај!“

Институтот за комуникациски студии денеска ќе го претстави почетокот на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.Целта на кампањата е да се зголеми притисокот кон јавните институции за поефикасно решавање на проблемите од животната средина и истовремено да се поттикне и насочи граѓанскиот активизам кон државните и локалните институции за прифаќање на концептот на одржлив развој. Кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ ќе се реализира во текот на 2019 година и ќе биде поделена на три теми: (1) Одржливи градови, (2) Здрава околина и (3) Климатски промени.На настанот ќе говорат дел од поддржувачите кои се вклучени во кампањата – проф. д-р Дивна Пенчиќ, професор по урбанизам, проф. д-р Дејан Мираковски, експерт во областа на аерозагадувањето и вон. проф. д-р Ана M. Лазаревска, експерт за енергетски менаџмент..Кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ се реализира како дел од проектот „Поддршка за добро владеење преку граѓанско учество за поголема транспарентност и отчетност на институциите“, кој е финансиран од Британската амбасада во Скопје.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Без вода неколку населби од Ѓорче Петров

Поради уличен дефект Ф400м.м. на улица Лука Геров 15 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбите Даме Груев. Волково, Ново Село и Стопански Двор од 08:00 часот до завршување на дефектот.Исто така поради дефект на затвoрач Ф80мм и приклучна цевка ф5/4“ на улица Димче Мирчев 22, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Димче Мирчев, 50-та Дивизија и Серска од 08:00 часот до завршување на дефектот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Без струја дел од Карпош и Ѓорче Петров

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека се планирани одредени технички зафати во дистрибутивната електромрежа и без електрична енергија ќе останат делови на Карпош и Ѓорче Петров.Во периодот од 14:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од бул. 8 Септември и ул. 1508 кај Стоп&Го – Момин поток (општина Карпош),во периодот од 9 до 14 часот корисниците од фирмите „Роломатик“, „Морфозис“ и Базата за сепарација на песок-Качанички пат (општина Карпош) иво периодот од 9 до 14 часот корисниците од дел од ул. Даутица, дел од ул. Ѓуро Салај, како и дел од ул. Алексо Демниевски под ул.19 (општина Ѓорче Петров).

Скопје | пред 7 години

7 год.
sonce

Сончево со мала облачност, попладне промена на времето

Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има зголемена облачност, а во западните и северните делови и повремени врнежи од дожд.Утринската температура ќе се движи од минус четири до еден, а дневната од 14 до 21 степен.Во Скопје, слично време, сончево, кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува.  Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 18 степени.Следува период на стабилно и многу топло време за овој период од годината.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Rabota-na-pat

Променет сообраќаен режим на делницата Неготино-Демир Капија

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.Г.П. Илинден – Струга известува дека од 02.03.2019 ќе започне со изведување на градежни работи на пат. На регионалниот патен правец Охрид - Свети Наум, во делот булевар Туристичка во должина од 3,5км. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.На ден 05.03.2019 од 08:00 до 17:00 часот ќе се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопат А1, делница Неготино-Демир Капија за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 7 години

7 год.
luke-perry

Почина Познатиот американски актер Лук Пери

Познатиот американски актер Лук Пери, починал на 52 години, откако минатата недела доживеал тежок мозочен удар. Пери бил хоспитализиран во четвртокот веднаш по мозочниот удар. И покрај тоа што докторите се бореле за неговиот живот, тој починал.Колегите и пријателите се простуваат од американскиот актер Лук Пери.Како што објави неговиот порпарол, покрај Пери биле неговите деца, вереницата Венди Медисон Бауер, поранешната сопруга Мини Шарп и останатото поблиско семејство и пријатели.Пери беше актуелен со серијата „Ривердејл“, но, сепак, најпознат по улогата на Дилан во култната „Беверли Хилс“.

Магазин | пред 7 години

7 год.
1-6

Џафери - Рикер: Надминувањето на спорот со името е само огромен чекор за целиот регион

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со Амбасадорот Филип Рикер, цивилен заменик и политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили на САД.Претседателот Џафери, упатувајќи му честитки за неговото именување на функцијата државен секретар на САД за Европски и Евроазиски прашања и посакувајќи му успешна и плодна работа, ги констатираше одличните билатерални односи меѓу двете држави, заокружени со Декларацијата за стратегиско партнерство и соработка во 2008 година. Тој се заблагодари на поддршката на САД на нашите напори од независноста до денес преку разни проекти на УСАИД, но и за поддршката која ја добиваме од НДИ и ИРИ во градењето на демократско и инклузивно општество.Претседателот Џафери го информираше соговорникот за актуелните активности во Собранието поврзани со пакетот реформски закони со кои очекуваме одредување на датум за почеток на преговори од страна на Советот на ЕУ во јуни оваа година, како и за ратификациите на спогодбите со Република Бугарија и Република Грција со кои се надминаа отворените прашања со соседите и се отвори патот за членство на Република Македонија во НАТО. Притоа, тој изрази очекување дека земјата ќе стане 30-та членка на Алијансата до крајот на оваа или почетокот на следната година, а брзината на процесот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО е уште една потврда за изминатите заложби на актуелното мнозинство во земјата.Амбасадорот Рикер нагласи дека има многу причини за славење на позитивниот развој на настаните во Република Северна Македонија, бидејќи според него, надминувањето на спорот со името не е само огромен чекор за земјата, туку и за целиот регион. Тој го поздрави процесот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, посочувајќи дека Сенатот на САД прави заложби за негова побрза ратификација од вообичаената процедура и изрази надеж дека земјата до крајот на годината ќе го добие своето заслужено место во Алијансата. Во однос на евроинтеграцискиот процес, Амбасадорот Рикер истакна дека донесувањето на пакетот реформски закони не се само придонес кон ЕУ процесот, туку се од клучна важност за развојот на земјата во иднина и дека во тој процес, опозицијата мора да се вклучи соодветно и да работи за општото добро. На крајот, тој констатираше дека и покрај сите предизвици и разлики кои постојат, Алијансата останува на остварување на своите стратешки цели поставени од нејзиното основање до денес.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-5

Заев и Рикер: Партнерството на РСМ и САД во НАТО е од огромно значење за просперитетот на земјата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска оставри средба со амбасадорот Фили Рикер, кој како политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили на Соединетите Американски Држави, учествуваше на регионалната конференција „Балкан 360“, која со поддршка на германско-американскиот Маршалов Фонд се одржа во Скопје.Премиерот Заев посакувајќи му добредојде на амбасадорот Рикер, му честиташе на новата должност, помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, и истакна дека за време на неговиот мандат на новата функција Република Северна Македонија и САД ќе го потврдат стратешкото партнерство и ќе останат фокусирани на заедничката соработка и на безбедноста, на слободниот и непречен развој на регионот.Претседателот на Владата на РСМ Заев на средбата ја изрази благодарноста на Владата на Северна Македонија и народот, за континуираната поддршка што нашата земја ја добива од Америка во сите години наназад, и која беше од особено значење во изминатите две години кога земјата го реши тридеценискиот спор со Грција со Договорот од Преспа, кој овозможи чист пат за членство на Северна Македонија во НАТО и сосема јасни перспективи за отворање на поглавјата за преговори со Европската Унија.Во таа насока, информираше премиерот Заев, Владата на РСМ сега е фокусирана на реформите во правосудството, во борбата против корупцијата, како и во рефрмите на безбедносните служби и јавната администрација за да се остварат обврските дома и за ги почувствуваат придобивките од реформите и граѓаните на земјата.Премиерот Заев уште информираше и за настојувањата за клучните реформски процеси да се обезбеди соработка со опозицијата и потенцираше дека ќе настојува тој дијалог да го опфати и договорот за заеднички придонес за реализирање на фер и демократски избори за Претседател на Република Северна Македонија.На средбата стана збор и за регионалните прашања и беше нагласено дека интересите за земјите од Западен Балкан се совпаѓаат и со интересот на САД за стабилен регион и соработка во интерес на граѓаните од сите балкански држави.Амбасадорот Рикер, од своја страна, покажа интерес за спроведувањето на Договорот од Преспа во земјата, како и за ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја во парламентите во земјите членки на Алијансата, и истакна дека му е особено драго што во идниот период ќе може да учествува понепосредно во споделувањето на принципите на северно- атлантската алијанса со Република Северна Македонија како полноправна членка на НАТО и рамноправен партнер на САД и на другите земји членки во Алијансата.Претседателот на Владата на РСМ Заев и амбасадорот Рикер, кој наскоро ќе ја преземе должноста помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, по средбата одржаа и прес конференција за новинарите, на која одговараа на прашања од интерес на медиумите.

пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Николовски: Ги реализираме сите барања на производителите на јаболка

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во Ресен имаше работен состанок со производителите на јаболка. На средбата министерот Николовски, им соопшти на производителите на јаболка дека мерката за дополнителна субвенција од 3 денари за предадено индустриско јаболко се продолжува и ќе важи до 30 јуни 2019 година. Ова продолжување на времетраењето на мерката е по барање на производителите на јаболка.Износот на мерката е дополнителни 3 денари за индустриско јаболко предадено кај регистрирани откупувачи вклучително и за јаболко кое се извезува. Со оваа одлука се очекува да се откупат до 30.000 тона јаболка, што се нови 90 милиони денари за производителите на јаболка.МЗШВ оваа дополнителна мерка ја воведе минатата година, а во периодот откако стапи на сила до денес се откупени 45 илјади килограми јаболко,што е 2 до 3 пати повеќе од било која година претходно. Тоа се околу 2,5 милиони евра повеќе пари коишто оваа година ќе дојдат кај производителите на јаболка во преспанскиот регион.МЗШВ претходно ги прифати и другите две барања на производителите на јаболка, односно основната субвенциија за одржување на овошни насади ќе биде исплатена до 25 март, а дополнителната поддршка од 3 денари ќе биде исплатена до 30 јуни.МЗШВ континуирано работи на поддршка на производството на јаболка. Уште во првите 2 месеци од почетокот на мандатот на министерот Љупчо Николовски, директните плаќања се зголемија за 10 отсто за земјоделците со развоен потенцијал или од 33.000 денари на 36.300 денари по хектар. Во првата годишна програма за 2018 година, субвенциите по хектар за развојната категорија на овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари се зголемија за 20 отсто односно од 33.000 на 39.600 денари по хектар. Истата година за дополнителни субвенции за килограм предадено јаболко во преработувачки капацитети беше зголемена од 2 на 3 денари по килограм. За првпат се воведе и нова мерка за промена на сортната структура во овоштарството за дополнителни 10.000 денари, како и нова подмерка за зголемени субвенции за 30% за промена на тип на производство од нискодоходовна во повисоко доходовна култура, од поледелски во овоштарски култури.Минатата година со цел да им се помогне на овоштарите кои претрпеа загуби поради временските непогоди се воведе интервентната дополнителна субвенција од 3 денари за килограм предадени индустриски јаболка.Во новата Програма за директни плаќања 2019, согласно препораките на Европската унија дополнителната субвенција од 3 денари за килограм предадени индустриски јаболка е трансформирана во субвебнцијата по површина. И оваа година во новата Програма субвенциите за одржување на насади се зголемени и тоа од 39.000 денари по хектар на 50.000 денари, со тоа овоштарите имаат дополнителни и 15% за подрачја со огранични можности над 700 метри надморска височина, а Ресен влегува во таа категорија, и таа субвенција за развојните категории достигнува 57.500 денари по хектар.Дополнително преку Програмата за рурален развој за 2019 и преку мерките од ИПАРД програмата, се отвораат можности за инвестиции во преработувачки капацитетите, што е важно за обезбедување на сигурен пласман и решавање на вишоците на земјоделски производи. МЗШВ интензивно работи на барање на нови пазари за македонските земјоделски производи вклучително и за јаболката, и за таа цел во новата Програма за рурален развој, субвенцијата за поддршка за учество на домашни и странски саеми е зголемена од 400.000 евра на 1 милион евра.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Силјановска Давкова: Од демократијата во Република Македонија нема ниту трага

Kандидатот за претседател на Република Македонија, г-ѓа Гордана Силјановска Давкова денес оствари посета со жителите на Општина Сопиште.Силјановска Давкова пред присутните граѓани истакна дека ова што го прави Зоран Заев, нарекувајќи го Заевизам ќе се проучува од страна на науката, додавајќи дека од демократијата во Република Македонија нема ниту трага, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Значи гледам сега некои анализи за Западниот Балкан, дали функционира или не демократијата во овие неколку години и без исклучок, вклучувајќи ја и Македонија се вели дека од демократијата нема ниту траг, дека авторитаризмот е силен. Во Македонија, авторитаризмот има име Заевизам ама тоа не значи само концентрација на власта во еден човек или во една група во него, туку значи многу повеќе. Значи дека претходно некој ја укинал поделбата на власта што е загарантирана во Уставот, законодавна извршна и судска, вели Силјановска Давкова.Таа додаде дека поделбата на власта на извршна судска и законодавна, не е случајна, туку напротив претставува една спрега, како што рече кочница за да не се мешаат овие три власти.Според Силјановска Давкова, Заевизмот во Република Македонија ја избришал оваа поделба и кочница со потпишување на Преспанскиот договор, односно како што рече таа склучување на меѓународни договори се во надлежност на Претседателот на државата, а не на министерот за надворешни работи.Не случајно е поделбата е поделбата на власта, за да има секоја од трите власти, спрега, кочница во однос на другата власт. Значи Заевизмот од една страна значи укинување на спрегите и кочниците меѓу двете глави на извршната власт, претседателот, владата и премиерот. Претседателот целосно е отстранет, дури и од функции кои што се секогаш претседателски, како што е склучувањето на меѓународните договори, па видовте вие дека наместо Претседателот на државата, кој што со право ќе одбиеше да го склучи, го потпиша, го склучи министерот за надворешни работи, потенцираше Силјановска Давкова, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
shukovski

(ВИДЕО) ВМРО ДПМНЕ: Собраните јаболка од Ресен нека ги распоредат во хуманитарната акција по институциите

Со денешното доаѓање, ако и воопшто дојде, на министерот за земјоделие Љупчо Николовски, после многу обиди и повици за негово доаѓање, тој собра храброст да ги посети овоштарите во Ресен и Преспа.Денеска се организира и хуманитарна акција за собирање и донација на јаболка, па затоа покрај министерот Николовски ја повикуваме и министерката Мила Царовска да дојде и собраните јаболка во хуманитарната акција да ги распореди по институциите каде што има потреба. Затоа што истата таа министерка, кога и јаболкопроизводителите ќе станат социјални случаи, ќе треба со некоја слична мерка да им помогне и на нив, истакна Александар Шуковски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Општина Ресен.Дел од собраните јаболка во хуманитарната акција можеме да ги испратиме и во Австралија, па градоначалникот на Општина Ресен да ги подели по нашите иселеници.Господинот Николовски денеска на најавената средба со земјоделците, без ниту еден писмен документ ќе дава некои ветувања, иако знаеме дека е предизборен период и не може да врши исплата. Во претходниот период во повеќе наврати министерот Николовски беше прозван да одговори на голем број барања од страна на Иницијативниот одбор кој ги претставува сите земјоделци од Преспа, но се уште се чека на неговиот одговор по однос на барањата.Господине министер дали преспанските јаболкопроизводители се нешто поразлични од лозарите во кавадаречко па не можете да им помогнете, како што ги помогнавте во случајот „Повардарие“? Дали планирате да ги исплатите штетите за 2016-тата и дел од 2017-тата? Дали планирате да ги исплатите неисплатените субвенции и многу други барања и ветувања како што се најавуваните пазари од кои што нема ни трага ни глас, а вашата колешка Ленче Николовска како што претходно најавивме во еден од пресовите никогаш повеќе не се ни појави во Ресен и Преспа.Засрамете се, немојте да манипулирате со чувствата и емоциите на земјоделците и ако имате некакво конкретно решение решете го проблемот и помогнете им на јаболкопроизводителите, бидејќи се сомневаме дека ќе излезете со конкретно решение за решавање на овај проблем. Ова ќе биде уште една голема предизборна лага, бидејќи знаеме дека сега е предизборен период и не можете ништо конкретно да им помогнете на земјоделците.Ситуацијата во Преспа никогаш не била полоша и поочајна, така што некои од министерствата, како што се Министерството за земјоделие, Министерството за здравство, Министерството за животна средина, труд и социјала и други ќе треба исклучиво да работат во Преспа, бидејќи ни претстои голема еколошка, социјална, економска катастрофа поради фактот што голем дел од јаболката нема да бидат продадени, истакна Александар Шуковски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Општина Ресен.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski-riker-1

(ВИДЕО) Мицкоски му се пожали на Рикер дека власта спроведува злоупотреба на институциите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во државата, како и реализацијата на стратешките цели на државава.Мицкоски посочи дека власта во овие моменти спроведува злоупотреба на институциите, нарачани обвиненија, притвори и пресуди. Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ посочи дека власта врши сериозни нарушувања на правната држава и владеењето на правото и дека тоа државата ја уназадува во поглед на исполнување на стратешките приоритети и назадувањето на демократските процеси.Воедно тој подвлече дека Република Македонија се соочува со сериозни економски проблеми, лош стандард на граѓаните и сиромаштија која е производ на недоволната ангажираност на владата.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ја истакна важноста на стратешкото партнерство на Македонија со своите сојузници и додаде дека клучна стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ останува интеграцијата во ЕУ и НАТО.Соговорниците се согласија дека членството во НАТО и Европската интеграција е клучен фактор за стабилност во нашиот регион и дека е потребна поддршка која ќе придонесе остварување на тие цели, додаваат од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ojo

ОЈО Донесе наредби за издавање на централни и меѓународни потерници за две лица

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Министерството за внатрешни работи достави Наредби за издавање на централни и меѓународни потерници за две лица.За лицата за кои се донесени наредбите постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, предвидено и казниво по член 313 од Кривичниот законик. Имено, по спроведената предистрага, на 20 февруари годинава, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за петмина, меѓу кои и за овие две лица кои се недостапни на органите на прогонот.Тогаш, јавениот обвинител ценејќи дека се исполнети законските основи до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за сите осомничени, при што на овие две лица им е определена мерка притвор во траење од 30 дена од нивното пронаоѓање. 

пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Мицкоски, Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ со нивните црнила, против Договорот од Преспа

Граѓаните го отфрлаат груевизмот присутен во ВМРО ДПМНЕ, граѓаните ќе го изберат Стево за вистински претседател што ќе води државата кон ЕУ и НАТО Матрицата  на груевизмот, што 11 години ги осиромашуваше граѓаните, а државата ја држеше во изолација и неизвесност, се уште е силно присутна во ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.Од партијата додаваат: Тоа се гледа и од начинот на делување но и од речникот на ВМРО-ДПМНЕ полн со црнила, крв, обесчестувања...мракови.Не е добро тоа што професорката Силјановска му се поклонува на таквиот начин на делување и таквиот речник на комуникација но тоа граѓаните го отфрлаат.Од една страна се демократските и прогресивни сили во државата предводени од СДСМ кои работат на напредок, развој и интеграција во ЕУ и НАТО.  Од друга страна се Мицкоски, Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ со нивните црнила, против Договорот од Преспа, против иднина во ЕУ и НАТО.Затоа, на престојните претседателски избори граѓаните ќе изберат напредок и ќе ги поразат остатоците од груевизмот.Граѓаните ќе изберат иднина, ќе го поддржат Стево Пендаровски, претседател на сите граѓани, велат од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
carina-2

Откриена дрога, запленети девизи, автомобил со бункер, автоделови, облека и цигари

Во текот на минатите две седмици, царинските службеници открија еден обид за криумчарење наркотични средства и неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, еден автомобил, автоделови, облека и цигари.Девизи - 18.500 евра, откриени при контрола на албански автомобил и личен претрес на тројца албански државјани, пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица. На совозачкото седиште на возилото и во џебови од облеката на патниците биле пронајдени вкупно 20.010 евра и 30.000 долари. Согласно законските прописи на секој од патниците им биле вратени девизни средства во противвредност на 10.000 евра, а 18.500 евра биле привремено задржани. Против возачот, кој ја преземал одговорноста за непријавените девизи, ќе биде поведена  прекршочна постапка.- 6.000 евра, откриени од страна на мобилните царински тимови, при личен претрес на српски државјанин кој, со српски автомобил и во придружба на уште еден српски државјанин, се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Патникот пријавил дека се себе носи 10.000 евра, но при извршениот личен претрес, покрај пријавените пари, во мала торбичка што ја носел на рамо биле пронајдени уште 6.000 евра, за кои не поседувал потврда за пријавени девизни средства издадена од царински орган при влез во Република Македонија. Согласно законските прописи непријавените девизни средства се привремено задржани, а против патникот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.Автомобил со бункер и автоделови - еден албански автомобил, марка Mercedes 200 E, во кој мобилните царински тимови откриле дополнително вграден резервоар за гориво позади задното седиште,поврзан со фабричкиот резервоар. Возачот на возилото, албански државјанин кој се пријавил за влез во државата на граничниот премин Ќафасан, изјавил дека дополнителниот резервоар собира околу 180 литри гориво. Возилото е привремено задржано, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.- 11 резервни делови за моторни возила, откриени во два одвоени случаи на граничниот премин Табановце автопат, при контрола на два македонски автомобили, управувани од македонски државјани, пријавени за влез во државата.2/3Во првиот случај, во багажниот простор и на задното седиште на автомобилот биле пронајдени 3 нови фарови за камиони, додека во вториот случај, во багажниот простор на автомобилот биле пронајдени 8 парчиња резервни автоделови (замајци, потисни плочи, ламели и хидраулични лагери).Во двата случаи непријавените производи се привремено задржани, а против патниците се поведени прекршочни постапки.Облека- 7 бунди со вредност од околу 108 илјади денари, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Блаце.Непријавените бунди, пронајдени во два куфери сместени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.- 8 парчиња шушкавци, откриени при контрола на српски автомобил, управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце.Непријавените производи, пронајдени во багажникот на возилото, се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. Истовремено поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.ДрогаЦаринските службеници од граничниот премин Табановце автопат, во соработка со припадници на Министерството за внатрешни работи, спречија обид за криумчарење на хероин и кокаин. На граничниот премин за излез од државата се пријавил македонски автобус кој сообраќал на релација Струга – Белград. При контролата, извршена со помош на полициско куче за откривање дрога, во делот за рачен багаж во патникиот дел на автобусот, била пронајдена една торбичка за која ниту еден патник не се пријавил како сопственик. Во внатрешноста на торбата, во навлака од перница, биле пронајдени околу 350 грама кафеава прашкаста материја и околу 60 грама бела прашкаста материја. Случајот е предаден на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка. торбата управуван од македонски државјанин.Цигари- 25 штеки цигари Rodeo со македонски акцизни маркички, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автобус кој сообраќал на релација Дебар – Копер, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените цигари, пронајдени во просторот за вентилација на автобусот, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

19-годишна девојка се породила дома и побарала помош од лакар, бебе нема?

На 03.03.2019 околу 23.30 часот во СВР Струмица, лекар од болницата во Струмица пријавил дека кај нив била хоспитализирана 19-годишна девојка од струмичко. По извршениот преглед, било констатирано дека претходно се породила. Полициски службеници извршиле разговор со неа, а при преглед на домот, на повеќе места, биле пронајдени докази кои укажуваат дека имало породување.На прегледот присуствувале Јавен обвинител и лекар, а увидот ќе биде завршен во текот на денот. Исто така, полициски службеници извршиле разговор со родителите на девојката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
lovecka-puska

Кривична пријава против Битолчанец, од ловечка пушка испукал куршум и повредил 66 год Кичевцанец

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Д.С.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.Од страна на судија на претходна постапка на Д.С. му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа. На 27.02.2019 година околу 18.10 часот во атар на село Осој, кичевско, на место викано „Алексова нива“, пријавениот од ловечка пушка испукал куршум, при што го повредил А.С.(66) од Кичево.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања