Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
DARUVANJE-KRV-2

Утре, крводарителска акција во организација на Општина Центар

Утре, 6 март (среда), Општина Центар во соработка со општинската организација на Црвениот Крст на Град Скопје и Институт за трансфузиологија организира крводарителска акција.Во крводарителската акција ќе се вклучат вработените на Општина Центар и вработените од Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ), а акцијата е од отворен карактер.Во интерес на успешноста на акцијата, Општина Центар ги повикува жителите на општинатата, но и сите граѓани кои сакаат да бидат хумани, да дојдат во просториите на општината (барака 6), од 09:00 до 12:00 часот и да даруваат крв.Дарувањето крв е највисок алтруистички чин кој се темели на принципите на доброволност и солидарност, а крвта е лек за кој не постои соодветна замена. Затоа е значајно во секое време да има доволни количини на крв, што може да се постигне единствено со доволно крвни резерви во трансфузиолошките служби.Имајќи го ова предвид, Општина Центар три пати годишно организира крводарителски акции. Крводарителските акции кои ги организира општината имаат за цел да ги зголемат резервите на крв, да ја подигнат свеста за важноста на крводарителството, но и да ги унапредуваат и промовираат систематските и организирани крводарителски акции.

Скопје | пред 7 години

7 год.
FullSizeRender-05-03-19-12-38

ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид: Нема ни трага, ни глас од ветените проекти

Локалната власт на СДСМ и в.д. градоначалникот Константин Георгиески за цел овој период од без малку година и пол ја карактеризираат безидејност, неработење, неодговорност и негрижа за охриѓани, истакна Перчо Божиновски, шеф на центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.Ни трага ни глас од одржлива мобилност, безбедни улици. Нема ни трага, ни глас од ветените проекти за минатата година, нема ништо од:- изградба на катни гаражи во централното градско подрачје и изведба на кружен тек на сообраќај кај автобуската станица.До каде се поведувањето иницијативи за изградба на експресен пат Охрид - „Свети Наум“ и изградба на обиколница Мауцкер-Косел?Го повикуваме в.д градоначалникот Георгиески да се фотографира со дел од лажните ветувања како што се комплетното инфраструктурно уредување на улица „Абас Емин“ и асфалтирањето на улица „Прва македонска ударна бригада“.Фотографирањето, не знаеме веќе по кој пат, со истите мали градежни зафати низ градот не е ништо друго туку празен маркетиншки трик пред претстојните локални избори.Кога веќе градоначалникот Георгиески сака да се слика, доколку нешто сработил, тогаш веднаш нека почне да ги посетува нереализираните капитални проекти од програмата со која ветуваше живот за да ги презентира пред охриѓани.Само празни ветувања, само лажни зборови!Ќе дојде денот кога охриѓани повторно ќе имаат можност да гледаат како се реализираат проекти, истакна Божиновски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
8

Заев: За прв пат државата дава државно земјоделско земјиште под закуп

Во Владата на денеска се одржа настан на кој се потпишаа првите договори од инвестицискиот оглас за закуп на државно земјоделско земјиште со агробизнисмени и земјоделци кои ќе развиваат инвестициски проекти во преработувачки капацитети покрај примарното производство.По тој повод свои воведни обраќања на настанот имаа претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.„Денешното потпишување на првите договори за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп над 3 хектари, е уште еден показател за нашата цврста заложба да креираме политики кои ќе придонесат за модерно и европско земјоделство.За прв пат државата доделува државно земјоделско земјиште под закуп за кое што земјоделците и агробизнисмените имаат можност освен за примарно производство да подготват и бизнис план за преработувачки капацитети.На овој начин го заокружуваме синџирот помеѓу примарното и финалното земјоделско производство и креираме услови за конкурентни производи со повисока додадена вредност. Тоа е исклучително важно за нашата држава, истакна премиерот Заев.Вкупната инвестиција на сите 20 прифатени договори изнесува 11 милиони евра, износ кој што ќе се вложува во следните 5 години во инвестициски проекти за винарници, кланични капацитети, млинови, оранжерии и откупни центри.„Развојот на земјоделството е еден од приоритетите на Владата на Република Северна Македонија, како сектор кој има значителен удел во економскиот раст и е еден од столбовите на македонската економија. Преку континуираната и силна поддршка за земјоделството, градиме силна економија која отвора шанси за сите“, истакна премеирот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
RENS

(ВИДЕО) Дерновшек: Суплементот „Ренс“ во борба со Аутизмот

Зоран Дерновшек е изумител по потекло од Словенија, македонски зет, а моментално живее во Италија. Тој има неколку вредни изуми , но еден привлекува особено големо внимание. Тоа е  суплементот РЕНС-RENS ( Rappid effect natural supplement) кој  се користи во третирање на аутизам, болести кои ги напаѓаат нервните клетки но и многу други болести.Ренс, кај некои деца помага во третманот на аутизмот.„Мојата идеја е во иднина  да отвориме центар каде што ќе се лекуваат аутистични деца од целиот свет. Сакам тој да е лоциран во Охрид. Имено, мојата сопруга е од Охрид, а тој со својата локација е најпогоден за таков вид на центар. Да се помага и да се допринесува на општеството е една од работите кои ги прават луѓето најсреќни.  Јас би бил многу среќен кога би можеле да ја реализираме идејата за отворање на светски центар во Охрид, како би помогнале на многу луѓе“, вели Дрновшек.“ https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/404900256968706

Македонија | пред 7 години

7 год.
klaus-kinkl

Почина Клаус Кинкел, поранешен германски министер за надворешни работи

Поранешниот германски министер за надворешни работи Клаус Кинкел почина на возраст од 82 години. Кинкел бил и претседател на германските либерали ФДП.Тој е заслужен за формирање на Меѓународниот суд за злосторства на територијата на поранешна Југославија.

Свет | пред 7 години

7 год.
sida

Втор пациент излечен од ХИВ

Втор пат по почетокот на глобалната епидемија, пациент е излечен од инфекција од ХИВ, вирусот кој ја предизвикува опасната смртионосна болест СИДА, пишува „Њујорк тајмс“.Конкретниот случај кај кој е излечен вирусот, научниците го опишуваат како случај со долгорочна ремисија. Во интервјуата дадени за медиумите, научниците од Сиетл, САД, велат дека создале лек, со забелешка дека тешко може така да се дефинира зборот бидејќи овој начин на лечење функционирал само кај два случаи.Двата пациенти болни од ХИВ кои се излечени од вирусот примиле коскена срж, но овие трансплантации биле наменети во борбата против рак, а не вирусот ХИВ. Трансплантацијата на коскена срж веројатно нема да биде реална опција за лечење од вирусот во иднина. Денес постојат силни лекови кои ја котролираат ХИВ инфекцијата, а трансплантациите се ризични, со несакани ефекти кои може да остават долгогодишни последици.Но, засилувањето на имунитетот на телото преку клетки кои се модифицирани да се спротистават на ХИВ-вирусот може да биде практичен третман за пациентите, велат експретите.

Свет | пред 7 години

7 год.
Capture-6

(ВИДЕО) Арсовски: Како што знам денеска поминал законот за СЈО во Влада?

На денешната пресс конференција Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, го кажа ставот на партијата во врска со поддршка на законот за јавното обвинителство. Арсовски вели:Како што знам денеска поминал законот за СЈО во Влада. Треба да оди во Собранието така да ние ќе треба да го погледнеме. Нашите правни експерти да го погледнат законот и веднаш потоа ќе излеземе со став,  нормално по тоа прашање. Досега знаеме дека СЈО беше само предмет инструмент за уцени и политички прогон, така да не се сомневаме дека и понатака би било истото меѓутоа сепак да го добиеме законот, да го разгледаат, да го погледнат нашите правни експерти, да се разговара на него низ партиските тела. Веднаш потоа ќе излеземе со конечен став.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Capture-6

Арсовски: Тевдовски и Заев ја задолжуваат Република Македонија за нови 130 милиони евра

Тевдовски и Заев денес на месец и половина пред избори ќе ја задолжат Република Македонија за нови 130 милиони евра.  Дали власта се задолжува над 130 милиони евра со цел изборна корупција. Каде ќе завршат милионите на граѓаните на Република Македонија кои треба да ги враќаат истите со камата? Дали истите се наменети за изборен поткуп исто како сите оние вработувања кои што во моментов се реализираат, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Спиралата на задолжување веќе не може да запре. СДСМ ја води државата кон инсолвентност. Само за две години колку што се на власт го зголемија јавниот долг за над половина милијарда евра со што истиот надмина 5 милијарди евра и е над 50% од БДП.СДСМ се задолжува, а граѓаните воопшто не знаат за што одат и се трошат парите. Две години власта нема ставено камен на камен, или изградено барем една педа автопат. Еден проект не е направен, една улица не е асфалтирана, граѓаните газат во кал. Никој не знае каде одат милијардите, кои утре сите граѓани наа= Република Македонија ќе ги враќаат со високи камати.Пред да дојдат на власт СДСМ ветуваа дека ќе го намали задолжувањето, сега откако се власт, не само што не го намалија туку и енормно го зголемија. Со оваа темпо на задолжување државата се движи кон границата на инсолвентност, што за многу кратко време ќе предизвика државата да има проблем со отплаќање на долговите.Почитувани,Задолжувањето како инструмент за финансирање е дозволиво единствено само доколку со него се извршуваат капитални инвестиции. Во моментов знаеме дека нивото на капиталните инвестиции е многу ниско. СДСМ во изминативе две години не направи ниту еден инфраструктурен проект. Нивото на реализација на капитални инвестиции минатата година изнесуваше очајни 65%, од она што го предвиде владата, што е најниско ниво до сега забележано, истата пракса продолжува и оваа година, имено во јануари нивото на реализација на капитални инвестиции изнесува само 1%, што е доволен показател дека и оваа година, исто како и минатата нема да има ниту еден капитален проект.СДСМ покажа дека не знае да ја води државата. Со СДСМ, Република Македонија само тоне во долговите. Претседателските избори се првата можност граѓаните да му кажат едно огромно НЕ на СДСМ, што ќе биде повод за предвремени парламентарни избори, со цел промена на оваа расипничка власт, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bakraceski

Охридскиот кардиолог Бакрачески одржа предавања во Вашингтон

Од 02-05 Март во хотелот Omni Shoreham во Вашингтон, се одржува еден од најголемите  конгреси за интервентна кардиологија во САД- Cardiovascular Research Technologis CRT 2019 на кој се презентираат најновите достигнувања од оваа област, се презентираат резултатите од најновите клинички студии ширум светот, се изложуваат нови технолошки придобивки и пронајдоци во областа на материјалите и техничките помагала кои се користат во интервентна кардиологија, преку изведување на интервенции со пренос на слика во живо од катетеризациони лаборатории во САД и Европа, а секако се презентираат и најновите измени во водичите на американската и европската асоцијација за кардиологија.На овој настан учествуваат наголемите имиња од оваа област од целиот свет, а свое учество со две орални презентации имаше и охридскиот кардиолог Др Никола Бакрачески на теми од областа на третман на комплексни коронарни лезии, како и во областа на нови пристапи и техники во решавање на хронични тотални оклузии на срцевите артерии, кои пробудија особен интерес кај аудиториумот.Секоја година пред  учесниците на конгресот се обраќа видни имиња од областа на светската политика. Оваа година свое обраќње пред учесниците имаше поранешниот британски премиерТони Блер, кој важи за еден од најдобрите говорници на денешницата. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ потсетува на некогашни ставови од Пендаровски за името и референдумот

Консултативен референдум е манипулација со народот. Или има референдум или нема. Ова почитувани е став на Стево Пендаровски. Ама кога беше во опозиција.Тогаш паметуваше: Името не може да го смени само со власта ниту пак за судбината на државата треба да решава само еден човек. За да се промени името треба да се оди на задолжителен референдум, а не консултативен. Па Пендаровски продолжува: Значи луѓето овде се согласиле на географска додавка. Кого прашаа? Кој ги овласти? Само се спорат дали е пред Македонија, или е пред Република? Кој им дал право да се договараат за географска додавка, истакна на пресс конференција Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Спорот околу името. може да се реши само со државен консензус меѓу сите политички чинители затоа што со референдум не може ниту едно решение да помине со 900 илјади гласови. Без единство тоа не е можно.Ова се зборови на Стево Пендаровски - уште еден Заев, полн заевистички погодок - едно зборуваше во опозиција, ништо од тоа не спроведе како власт, се што зинал - за џабе било!Овој Пендаровски сега треба да биде корисен за да ги аминува сите обезличувања и обесчестувања сето изживување на заевизмот врз државата и народот - од двојазичноста, преку сите бришења од капитулацијата, до идните обезличувања како грб, химна, знаме на државата. За Стево тоа е прифатливо, тој и онака само треба да остане послушник!Почитувани, ќе ви го нудат Стево Пендаровски како нов и свеж интелектуалец, а всушност ви нудат Заевизам спакуван во лаги од 2014  година.Заедно ќе го поразиме заевизмот, сега и на предвремените парламентарни избори, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kombe-1

(ФОТО) Пукна гума на комбе од ЈСП: Распаднато возило, превезува патници

Утрово избегнат инцидент на комбе со над 30 тина патници. Станува збор за комбе на ЈСП кое движело од село Цветово до Драчево.Во движење им пукнала гума, за среќа, не кога се симнувале од планинскиот дел, туку на рамница, па возачот успеал да го запре возлилото.„Скопје 1“ ви презентира фотографии од комбето во кое секојдневно се превезуваат жителите од овој реон, но и деца кои го користат како превоз за во улилиште. Прашање кое се наметнува кој дал дозвола ова комбе да се регистрира? Патичкото возило е во фаза на распаѓање, со истрошени гуми, но и натаму превезува патници.Води ли некој сметка во ЈСП во какви комбиња се превезуваат патници?Патниците кои го користат превозот на ЈСП итно бараат раководтвото да превземе мерки и да ја зголеми нивната безбедност, а од МВР пак бараат поголема контрола и  надвор од  центрот на Скопје, за тоа какви превозни средства се користат за превоз на деца и патници.     

Скопје | пред 7 години

7 год.
IMG_1908

Манчевски и Царовска дел од настанот за промоција на партнерството на земјава со Амазон

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, присуствуваа на настанот во организација на Семос Едукација, кои од денеска се официјален тренинг партнер на Amazon Web Services (AWS).Двајцата министри ја потенцираа важноста од партнерството со Амазон, и се осврнаа на придобивките и потребата од зголемување на ИТ вештините особено кај најмладите.„Целта на дигитализацијата не е само Европската унија, туку таа е пред се за нашите граѓани. Нашите граѓани и деца заслужуваат исти услови и технологии како и тие во ЕУ. А ние сме должни да им ги обезбедиме овде. Дигиталната трансформација е приоритет на секого, се додека го поедноставува и олеснува нашиот живот. Свесен сум дека граѓаните очекуваат Владата да им помогне во процесот на обезбедување побрзи, поефективни и ефикасни услуги за граѓаните. За да се максимизираат ваквите придобивки,  дигитализацијата мора да биде хоризонтална, да поминува и да ги опфаќа сите сектори“, истакна министерот Манчевски.Како што рече тој, моторот на дигиталната трансформација не е ниту Владата, ниту институциите. Тоа се ИКТ компаниите. И затоа се радувам кога некоја компанија воведува нешто ново, го следи светскиот тренд и не заостанува од Европските и светските трендови. Нема добар лекар или адвокат, администрација или компанија без технологија. За технологијата да биде сојузник, потребни се обучени луѓе кои ќе управуваат со неа.Министерката Царовска се осврна на важноста од преквалификацијата и едукацијата кои се неопходни за новите работни места кои се отвораат со развој на технологијата.„Нашите заложби се да ги поттикнеме младите, но и лицата кои се работоспособни да се доедуцираат и преквалификуваат за работните места за коишто недостига кадар во моментот во државата. Во таа насока, во Оперативниот план за вработување за 2019 година имаме предвидено обуки за ИТ и дигитални вештини, кои од една страна се често барани професии, а од друга страна за нив има голем интерес, особено кај младите. Годинава во Оперативниот план имаме издвоена рекордна сума пари токму за обуки за напредните ИТ вештини. Со сумата која е неколкукратно повисока од претходните години и изнесува над 43 милиони денари или околу 700 илјади евра ќе бидат опфатени 1.323 невработени лица“, информираше министерката Царовска.Amazon Web Services е водечки Cloud Service провајдер со 62% удел на светскиот пазар. AWS е cloud service платформа која нуди складирање на податоци, хостинг и скалбилност на апликации, несерверска инфраструктура и други функционалности кои им помагаат на бизнисите да растат и да се развиваат без големи вложувања во инфраструктурата. Во моментов милиони корисници ги користат AWS cloud продуктите и решенијата кои им овозможуваат миграција на својата инфраструктура, креирање на софистицирани апликации со зголемена флексибилност, скалабилност и високо безбедна околина. За прв пат како тренинг провајдер директно се појавува на македонскиот пазар и во регионот преку соработката со Семос Едукација.

Македонија | пред 7 години

7 год.
trajko-veljanoski-sjo

Слободата на Трајко во замена за законот за СЈО?

На дневен ред на денешната владина седница е законот за СЈО и премиерот Заев очекува тој да помине и во Собрание бидејќи, како што кажа, ја имаат согласноста од коалиционите партнери, а ќе разговараат и со опозицијата.И вицепремиерот Бујар Османи најави дека на денешната владина седница очекува да помине законското решение кое се однесува на СЈО. Тој по средбата со претседателот на антикорупциска комисија рече дека продолжуваат со реформите и исполнување на точките од планот 18, а дека државната Комисија за спречување корупција е дел од тоа.Според извори на „Скопје 1“, законот е договорен да ги помине сите филтри и со помош на опозицијата. Осумте пратеници кои гласаа за уставните измени кои произлегуваа од Преспанскиот договор, сега ќе кренат рака и за законот за СЈО. Шпекулациите во јавноста велат дека терен за вакви чекори се подготвувал претходно, односно еден од договорите бил слобода за ексспикерот Трајко Вељановски, во замена за законот за СЈО.Министерката Дескоска неодамна кажа дека се уште во Собранието нема двотретинско мнозинство за усвојување на измените за СЈО чии предмети, според насоките од странските експерти, треба да ги преземе ОЈО.СЈО во рамките на ОЈО ќе ја задржи својата економска независност, рече Заев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Мртвото тело на бебето пронајдено во полско ве-це е предадено на обдукција

Во врска со случајот објавен во вчерашниот извадок од дневни настани во кој известивме дека на 03.03.2019 околу 23.30 часот во СВР Струмица, лекар од болницата во Струмица пријавил дека кај нив била хоспитализирана 19-годишна девојка од струмичко и по извршениот преглед, било констатирано дека претходно се породила, а при преглед на домот, на повеќе места, биле пронајдени докази кои укажуваат дека имало породување, ве известуваме дека е направен увид од страна на полициски службеници и јавен обвинител и пронајдено е починато тело на новороденче.По наредба на Јавен обвинител мртвото тело е предадено на обдукција. Земени се примероци од крв за анализа од мајката, членови на семејството и мажот со кој девојката била во љубовна врска. По насоки на јавниот обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Osvetluvanje-vo-TC-vo-Lisice

Трговскиот центар во Лисиче добива целосно ново осветлување

Трговскиот центар во населбата Лисиче деновиве ќе добие целосно ново осветлување. Старите и дотраени светилки ќе се заменат со нови 108 лед-рефлектори и светилки, кои се и енергетски поефикасни.Општина Аеродром за новото осветлување издвои околу 2 милиона и 200 илјади денари.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Univerzitetska-klinika-za-detski-bolesti

Почина 14 годишно дете поради компликации од грип

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби поради компликации од грип почина 14-годишно дете.  Детето претходно боледувало и од церебрална парализа.Според податоците од Институтот за јавно здравје, до крајот на минатиот месец се пријавени 3.209 случаи со симптоми на грип.Инаку, ова е петти регистриран смртен случај од грип оваа сезона.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Проектираните приходи од глоби во буџетот за 2019 година е ист како и во буџетот за 2018 година

Проектираните приходи од глоби и судски и административни такси во буџетот за 2019 година е ист како и во буџетот за 2018 година. Имено за 2019 година се предвидени приходите од ставката глоби и такси да изнесуваат 2.093.032.000, додека во 2018 година во однос на истата ставка се предвидени 2.092.182.000 денари, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Доколку СДСМ тврди дека ќе ги намалува казните тогаш од каде планира да ги компензира средствата предвидени во приходната страна на буџетот за 2019 година.СДСМ не направи никакви суштински промени за да го подобри животот на граѓаните и постојано носи закони само на хартија. Граѓаните постојано се жртва на лаги и на манипулации од СДСМ кои ветуваа брда и долини за сега да не исполнат ништо од своите ветувања кои ги дадоа пред граѓаните, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Реакција СДСМ: Нема повеќе МВРО-ВМРО! По спроведените реформи, полицијата денес работи професионално

Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да шири неоснована паника, се враќа довербата во МВР, граѓаните се чувствуваат безбедно и сигурно. Времето кога МВР беше синоним за непрофесионалност, партизираност, сокривање убиства и заташкани истраги заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, се вели во реакцијата од СДСМ.Наместо опозицијата да шири лаги и непроверени информации од белиот скапоцен дворец и да злоупотребува човечки трагедии во обид да шири неоснована паника, нека учи како се работи одговорно и како се враќа довербата на граѓаните во институциите.Нема повеќе МВРО-ВМРО! По спроведените реформи, полицијата денес работи професионално, ефикасно, во интерес на граѓаните и во служба на законите.Тоа е потврдено и со испитувањата на јавното мислење кои покажуваат дека 75 отсто од граѓаните се чувствуваат безбедно што е многу повисок процент на доверба од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога само 23 отсто од граѓаните имале доверба во полицијата, додаваат од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-traka

Во полско ве-це било фрлено бебето на 19-годишната девојка од струмичко која се породила дома

Пронајдено е бебето на 19-годишната тинејџерка од струмичко која се породила дома. „Фокус“ дознава од неофицијални информации од истрагата дека новороденчето било фрлено во јама во полско ве-це.Од СВР Струмица велат дека во текот на денот ќе соопштат повеќе детали за случајот. Текстот во целот на Фокус.мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
marihuana2

Поднесено обвинение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги

Основното  јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.На 06.02.2019 година, при претрес во домот во кој привремено престојувал обвинетиот, било утврдено дека тој кај себе неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана спакувана во метална кутија со нето маса од 4,55 грама и наркотична дрога – хашиш со волумен од 8 милилитри во пластичен шприц. Истовремено биле пронајдени и две дигитални ваги со остатоци од марихуана и амфетамин, како и шише со остатоци од марихуана.Ценејќи дека се уште постојат законските основи, а особено имајќи го предвид фактот дека против обвинетиот во истиот момент се водат постапки за уште едно кривично дело –  Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетото лице. 

пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања