Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
Нема фотографија

Без вода неколку улици во Скопје

Поради водоводен приклучок Ф3/4“на улица Боривое Милошевски 24, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици: Боривое Милошевски, Димче Милошевски, Зендел Џемаили и Перо Наков до завршување на приклучокот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
poster

Едно поинакво шоу, за прв пат во Охрид!

Ќе се случи наука,ќе се случи физика!Студентската секција на ДФРМ, EPSYM – Скопје под покровителство на доц. д-р Ристе Попески-Димовски од Институтот за Физика при ПМФ Скопје, во соработка со Вера Зороска предметеннаставник по физика во ОУ„Христо Узунов“-Охрид, организираат двочасовен настан запопларизација на физиката.Овој настан, кој е всушност една приказна, патување со светлината, наречен The Light Fantas@c,претставува склоп од експерименти со кои се прикажуваат скоро сите светлосни појави со кои сесретнуваме околу нас.Ова шоу е создадено во 2015 година во склоп на „2015 Година насветлината“ .Настанот ќе се одржи во Центарот за култура„Григор Прличев“-Охрид, голема сала, на ден28.02.2019 (четврток), со почеток во 19.00 часотВлезот е бесплатен!Предавањето е наменето за ученици од основните училишта од Охрид, Струга, Ресен и околните места, кои го изучуваат предметот физика.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tutun20prilep-2

СДСМ: Откупени 90% од произвeдениот тутун со просечна цена од 214 денари за килограм

Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство, продолжуваат со грижата за земјоделците и обезбедување загарантиран откуп на производството, велат од СДСМ.„Како што информира министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, откупени се 90 отсто од договорените количини тутун од реколтата 2018.Просечната цена изнесува 214,36 денари за предаден килограм, а од страна на откупните претпријатија на тутунопроизводителите досега им се исплатени над 5 милијарди денари.Покрај тоа и за оваа реколта на тутун обезбедени се субвенции од 60, 70 и 80 денари по килограм во зависност од класата на тутунот.Владата предводена од СДСМ останува посветена на мерките и политиките што го унапредуваат земјоделието и обезбедуваат повеќе пари кај секој земјоделец“, се вели во соопштението. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
sela-2

Села: Дали Талат е продолжена рака или фатена опашка?

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села по бураната собраниска седница која претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина и немаше гласање за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељановски се огласи на својот Фејсбук профил.„Разголенa вистина. Вчера Агим, денес Талат. Замислете го човекот кој беше избран за претседател на Собранието на бурен начини, денес „наводно„ под изговор дека нема услови спречија да му се одземе имунитетот на Трајко Вељановски. Дали станува збор за еден глас или се крие нешто многу повеќе, вклучително и 27 април (за што Вељановски има многу да открие) што го принуди шефот на ДУИ да го направи синоќешното сценарио?П.С: Дали е продолжена рака, или фатена опашка“, напиша Села на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Vitomir-MItevski-Prlichev-KORICA_Q

Драмско дело посветено на Григор Прличев од Витомир Митевски

Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје го објави драмското дело „Прличев – сценски приказ на поетовата судбина“ од акад. Витомир Митевски. Сценскиот приказ и животот на поетот е предаден според автентични списи од големиот македонски преродбеник, изнесени во Автобиографијата, како и според негови писма,говори,песни и сл.Витомир Митевски (Куманово,1951) е автор на триесетина книги од областа на филозофијата, класичната филологија и византологија, како и на драмите  „Плениците на Сатанаил“, „Штрајк“ и  „Жив песок“.

Магазин | пред 7 години

7 год.
52650496_1875746782547348_5575665881549111296_n

Град Скопје треба да одлучи дали ќе им додели парична помош на семејствата на загинатите кај Ласкарци

Советот на Град Скопје денеска ќе одржи седница на која ќе се дискутира за доделување на еднократна парична помош на семејствата на загинатите во сообраќајката на автопатот Скопје - Тетово, кај селото Ласкарци.Оваа одлука на град Скопје ќе предвиди на фамилиите да исплати парична помош од 100.000 денари во нето износ.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Протести во Романија: Народот се крена против владиниот указ со кој се загрозува независноста на обвинителството

Илјадници Романци синоќа излегоа на улиците на Букурешт и други градови во знак на протест поради владиниот указ со кој, спорeд тврдењата на критичарите, се загрозува независноста на обвинителството и се ослабува борбата против корпуцијата.Пред зградата на Владата во Букурешт се собраа над 7.000 луѓе, а демонстрантите извикуваа „Правда, не корупција“, „Судии не се откажувајте“ и „Срамота“.Владата на премиерката Виорика Данчила минатиот вторник усвои закон со кој се ограничуваат овластувањата на генералниот обвинител, и се формира ново тело кое добива дополнителни овластувања.Европската комисија и американскиот Стејт департмент предупредија дека измените на законот за правосудство ја загрозуваат независноста на правосудството.фото: Reuters

Свет | пред 7 години

7 год.
3-4

ВМРО-ДПМНЕ: Заканите на Кумановската група на која Заев и ветуваше амнестија не престануваат, а власта молчи

Секојдневно сме сведоци како членови на Кумановската група и нивни поддржувачи испраќаат пораки со кои бараат крв и одмазда кон сите политички неистомисленици на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Заканите на Кумановската група на која Заев и ветуваше амнестија и меѓународна истрага не престануваат, а власта молчи. Зоран Заев неговите соработници кои се одговорни за безбедноста на државата не превземаат ништо.Ова отвора сериозен сомнеж дека зачестените закани не се случајни и не се без поддршка од структури од власта. Очигледно е дека власта нема намера да преземе ништо против оние кои се закануваат.Дали е тоа заради поддршката која им ја ветуваше Зоран Заев во врска со настаните во Диво Насеље?Под закана се животите на сите политички неистомисленици на аболицираниот Зоран Заев и неговиот криминален картел на власт. Обидот за линч на поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески е само еден од низата скандалозни чинови кои го потврдуваат тоа.Власта знае во раните утрински часови да провалува во домови и да приведува недолжни граѓани кои пишале статус во кој го критикуваат Зоран Заев, а сега нема ниту изјава за тоа кој ги испраќа заканите. Нема ниту истрага за мотивите а ниту се превзема нешто за да се спречат намерите на оваа т.н. Кумановска група која се заканува за одземање на човечки животи.Судот не смее да биде во заложништво на власта и мора да ги преиспита одлуките за притвор на Спиро Ристовски, Владимир Атанасовски, Христијан Делев и сите други политички неистомисленици кои што се жртва на прогонот на оваа власт.Исто така МВР се должни веднаш да ги открие и санкционира лицата кои се закануваат. Одговорност за овие инциденти мора да има. Јавноста очекува одговорност но и оставки.Прогонот на политичките неистомисленици кој се случува во Република Македонија е срам за една земја која себе си се нарекува демократска и претендира да биде членка на Европската Унија.На јавноста и е јасно дека Заев и неговиот криминален картел се во паника и затоа се подготвени со секакви методи да го спречат нивното демонтирање од власт кое што ќе го направат граѓаните на избори.Насилието од страна на власта мора да заврши. СДСМ мора да си замине за на Македонија да и се вратат демократијата и правната држава“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Olta-achka-768x612

Олта Џачка во официјална посета на Македонија

Во официјална посета во Министерството за одбрана на Северна Македонија денеска ќе престојува министерката за одбрана на Албанија, Олта Џачка.Како што соопштија од МО, по церемонијата за пречек пред Министерството, предвидена е тет-а-тет средбата на министерките Радмила Шекеринска и Олта Џачка, како и средба на двете делегации.Министерките ќе имаат средба и со премиерот Зоран Заев по која ќе дадат изјави за медиумите во медија центарот во Владата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
green-book-1

Доделени оскарите - најдобар филм „Зелена книга“

Филмот „Зелена книга“ (Green book), рано утринава го освои Оскарот за најдобар филм на овогодинешното доделување на главните награди од американската Академија на филмската уметност и наука кое што се одржи во Лос Анџелес. Еве ги останатите награди:Best Picture: Green BookLead Actor: Рами Малек, Bohemian RhapsodyLead Actress: Оливиа Колман, The FavouriteSupporting Actor: Махершала Али, Green BookSupporting Actress: Реџина Кинг, If Beale Street Could TalkDirector: Алфонсо КуаронAnimated Feature: Spider-Man: Into the Spider-VerseAnimated Short: BaoAdapted Screenplay: Green Book, Ник Валелонга, Бриан Кјури, Питер ФарелCinematography: Roma, Алфонсо КуаронBest Documentary Feature: Free SoloBest Documentary Short Subject: Period. End of Sentence.Best Live Action Short Film: SkinBest Foreign Language Film: Roma (Мексико)Film Editing: Bohemian RhapsodySound Editing: Bohemian RhapsodySound Mixing: Bohemian RhapsodyProduction Design: Black Panther, Хана БичлерOriginal Score: Black Panther, Лудвиг ГорансонOriginal Song: “Shallow” од A Star Is Born by Лејди Гага, Марк Ронсон, Ентони Росомандо, Ендру Вајт и Бенџамин РајсMakeup and Hair: Vice, Грег Канон, Кејт Биско, Патриција ДеханејCostume Design: Black Panther, Рит КартерVisual Effects: First ManЦеремонијата за прв пат по 1989 година беше организирана без водител.[caption id="attachment_28028" align="alignnone" width="800"]  [/caption]

Магазин | пред 7 години

7 год.
soobrakajna-nesreka

21 сообраќајка во Скопје за време на викендот, загинат еден пешак

Пешак загинал, едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а 13 лица се полесно повредени во вкупно 21 сообраќајка случени во текот на изминатиот викенд  на подрачјето на СВР Скопје. Во 10 сообраќајки била причинета материјална штета.Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Санкционирани се 148 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 16 возачи  поминале на крстосница на црвено светло, шест возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престројување, тројца возачи за неправилно престигнување, двајца возачи не дале пренство на минување на возила во зона на крстосница, седум за не поседување зимска опрема во возилата, 17 возачи за не носење сигурносен појас и 23 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.Од сообраќај биле исклучени 42 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 45 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 15 возачи почетници, како и едно технички неисправно возило и 25 нерегистрирани возила.Затекнати биле 276 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило пајак биле отстранети 183 возила.

Скопје | пред 7 години

7 год.
rocista

Ново рочиште за предметот на СЈО „Тврдина 2“

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Тврдина 2“.Во случајот „Тврдина 2“, првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, и шест вработени во УБК.На обвинетите им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзано со незаконското прислушување. Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои соред СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Прекината седницата на која се одлучуваше за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски

Во тензична атмосфера Талат Џафери ја прекина седницата на која се одлучуваше за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски. Тој истата ја прекина две минути после полноќ и најави дека за продолжение дополнително ќе извести иако продолжението е неизвесно бидејќи истече рокот од три дена за одлука по барањето на судот за одземање на имунитетот на Велјаноски.До прекинување на седницата дојде откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, како и координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски бараа 45 минути пауза која Џафери не ја даде.Мицевски процедурално побара да се обрати, по што Џафери му даде збор и до тој момент истече рокот, 12 часот на полноќ, до кога требаше да се гласа за одземање на имунитетот на Вељаноски.Претходно комисијата за мандатно-имунитетни прашања претходно во текот на попладнето по долга расправа со 4 гласа „за“ и 4 „против“ не донесе одлука за одземање на имунитетот на Вељаноски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Polozuvanje-cveke-Kuzman-Josifovski-Pitu-4

Одбележување на 75 години од смртта на Кузман Јосифоски Питу

Денеска делегација  на Општина Карпош и Сојузот на борци на Македонија ќе положат свежо цвеќе на спомен-обележјето на Кузман Јосифовски- Питу во населбата Козле по повод 75 години од загинувањето на народниот херој.На настанот обраќање ќе има и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, како и претставник од Сојузот на борци на Македонија, соопштија од Општина Карпош.

Скопје | пред 7 години

7 год.
mijalkov-2

Судот му го укина притворот на Сашо Мијалков за Таргет-Тврдина

Притворот за ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, за предметот „Таргет-Тврдина“ на предлог на специјалното јавно обвинителство е укинат, потврдуваат од кривичниот суд за „Макфакс“. Оттаму информираат дека СЈО во исто време кога побарало нов притвор од 30 дена за истрагата за „Империја“, предложило да му биде укинат притворот на Мијалков за обвинението за масовното прислушување, а судот го прифатил ваквиот предлог.Тоа значи дека за Мијалков на сила останува новиот притвор од 30 дена кој му беше изречен синоќа за истрагата во случајот „Империја“, а притворот за обвинението за масовното прислушување кој му беше изречен на 20 ноември му е укинат. Следнава недела во Апелацискиот суд во Скопје требаше да се одржи седница по жалбата на Мијалков да се брани од слобода.Адвокатскиот тим на Мијалков има 24 часа да поднесе жалба на решението до кривичниот совет на скопска единица за притворот во случајот „Империја“. За Мијалков во моментов има 4 активни обвиненија за случаите: „Таргет-Тврдина“, „Тортура“, „Трезор“ и „Титаник 2“.Во „Империја“ триесетдневен притвор добија пет осомничени лица. Во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари се бизнисменот Јордан Камчев, неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, директорот на Пелагонија Цветан Панделески, како и директорот на фирмата Ексико Тодор Мирчевски.Во овој случај, СЈО поради основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело, гони 14 лица, а истрагата најавија дека ќе се проширува.

Скопје | пред 7 години

7 год.
hq_boristrajkovski_1493888704

Панел дискусија во чест на поранешниот претседател Борис Трајковски

По повод одбележување на 15 години од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски, денес во хотел „Холидеј Инн“ со почеток во 15:30 часот, ќе биде одржана панел дискусија на тема „Лидерство засновано на вредности – од принципи до реализација“.На оваа панел дискусија која ќе ја предводи министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе присуствуваат истакнати политичари односно поранешни претседатели на држави и влади кои претходно соработувале со претседателот Борис Трајковски, како што се поранешниот претседател на Република Албанија, Алфред Мојсиу, поранешниот претседател на Република Хрватска, Стјепан Месич, поранешниот претседател на Романија, Емил Константинеску, поранешниот претседател на Украина, Леонид Кучма, поранешнитe претседатели на Република Бугарија Георги Прванов и Петар Стојанов како и други политичари од регионот и светот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
920541_573957962634478_1877160628_o

Жерновски на 40. сесија на Советот за човекови права на ОН

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, ќе ја предводи Делегацијата на Република Македонија, која во периодот од 25 до 27 февруари ќе престојува во Женева, со цел учество на сегментот на високо ниво на 40-та сесија на Советот за човекови права на ОН.Од вкупниот број земји членки  на ОН, најавено е учество на околу 90 министри за надворешни работи кои во наредните денови ќе дикустираат за состојбата со човековите права во светот.За време на Советот за човекови права во Женева, Заменик министерот Жерновски ќе се сретне со Генералниот секретар на  ОН, Антонио Гутереш. Средбата се случува по стапувањето на сила на Преспанскиот договор,  и само неколку дена откако Скопје и Атина го известија Генералниот секретар Гутереш за  промената на уставното име на државата.На маргините на сесијата, планирано е да се остварат низа други билатерални средби на кои ќе се разговара за внатрешно-политичките состојби во земјата, можностите за продлабочување на билатералните односи и за многу други светски предизвици.ЗМНР Жерновски ќе има и обраќање пред високите претставници од ОН и земјите членки, а фокусот се очекува да биде ставен на актуелните безбедносни проблеми и нивното влијание врз човековите права, улогата на телата на ОН за подобрување на состојбите со човековите права,  како и на постигнувањата и приоритетите на државата во оваа сфера.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров во работна посета на Бугарија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на покана на заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, денес ќе престојува во официјална посета на Република Бугарија.На средбата со домаќинот МНР Захариева, ќе бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи помеѓу двете пријателски држави, како и за можностите за зајакнување и унапредување на идната соработка во повеќе области од заемен интерес. Во рамките на посетата, предвидено е МНР Димитров да биде примен од претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.Посетата се реализира само неколку дена по ратификацијата на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

Македонија | пред 7 години

7 год.
5-4

Умерено облачно време со слаб до умерен североисточен ветер

Денес времето ќе биде умерено облачно со слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од -5 до 7 степени.Во Скопје слично време со температура од -7 до 5 степени.Следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Ќе дува умерен северен ветер.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Rabota-na-pat

Промена на режимот на сообраќај на Автопатот А1

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.Виадукт Трејд известува дека на ден 25.02.2019-понеделник и 26.02.2019-вторник ќе се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопат А1, делница Велес-Градско за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања