Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
52973956_10155639071496706_3786982156484476928_n

Одбележани 75 години од смртта на Кузман Јосифоски – Питу

Пред спомен обележјето на народниот херој Кузман Јосифоски – Питу, во Општина Карпош, се одбележаа 75 години од неговата смрт. Чествувањето беше во организација на локалната самоуправа и Сојузот на борци на Македонија.На денешното чествување свежо цвеќе положија повеќе организации, институции и здруженија.Пред присутните се обрати и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев кој зборуваше за значењето на Кузман и сите придобивки од Народно ослободителната борба (НОБ).- Придобивките од НОБ се големи, истите треба да ги вреднуваме и да ги пренесуваме на новите генерации. Токму денеска, ние, новите генерации и нашата држава го положивме главниот тест на зрелост и покажавме дека сакаме сигурна, безбедна и интегрирана земја.Со нашето членство во НАТО и трасирање на патот кон Европската унија, изразивме цврста заложба дека сакаме сегашност и иднина!Во минатиот век главен предизвик ни било формирањето на државата и нејзината самостојност. Со евроатлантските интеграции ја зацврстивме сигурноста и перспективите за сите нас.Не дозволивме да бидеме заробени во минатото туку преземавме иницијатива за подобар живот и стабилност, рече Богоев.Пред присутните се обрати и претставник од Сојузот на борците, кој на сликовит начин го опиша животот на Кузман Јосифоски - Питу, неговата младост и народно – ослободителна дејност.За делото на Питу, денеска учат и младите генерации. Во негова чест, литературни читања имаа и ученици од основното училиште „Владо Тасевски“, од Козле.

Скопје | пред 7 години

7 год.
52650496_1875746782547348_5575665881549111296_n

Град Скопје одлучи: 100.000 денари за семејствата на загинатите кај Ласкарци, 30.000 денари за повредените

Советот на Град Скопје денеска со едноминутно молчење во знак на оддавање почит на загинатите во сообраќајната несреќа кај село Ласкарци ја започна  27-та седница, на која едногласно ја усвои Одлуката за определување еднократна парична помош за семејствата на загинатите и на повредените патници.Со оваа одлука, Градот Скопје како израз на солидарност кон семејствата на загинатите и на повредените во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово, на секое семејство кое изгуби свој член ќе додели парична помош од 100.000 денари во нето износ, а на повредените по 30.000 денари.Во големата сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје-Тетово на 13 февруари животот трагично го загубија 15 лица.По носењето на оваа одлука, Советот на Град Скопје ја одржа 28-та седница на која се работеше со единствена точна на дневен ред - Поставување советнички прашања.

Скопје | пред 7 години

7 год.
hq_boristrajkovski_1493888704

Делегација на Владата отпатува во БИХ на одбележување на 15-годишнината од смртта на Трајковски

Делегација на Владата предводна од министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и заменик министерот за култура Владимир Лазовски, отпатуваа во Ротимље, каде ќе присуствуваат на одбележувањето на 15-годишнината од несреќата во која загина претседателот Борис Трајковски.„Ве известуваме дека делегација на Владата на Република Северна Македонија, во чиј состав се министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и заменик министерот за култура Владимир Лазовски, отпатува во Ротмиље, Босна и Херцеговина на одбележувањето на 15-годишнината од смртта на Претседателот Борис Трајковски.“, известуваат од Владата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Dimitrov-Zaharieva-02

Димитров: Ние како држава имаме автентичен интерес да имаме добри односи со Република Бугарија

На покана на заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, денес, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, престојуваше во официјална посета на Република Бугарија.На средбата со својот домаќин, МНР Захариева, како и на пленарните разговори помеѓу делегациите, беа реафирмирани традиционално блиските односи кои двете пријателски земји ги негуваат и беше заклучено дека постои долгорочен заемен интерес за зајакнување и унапредување на севкупната соработка. МНР Никола Димитров: „Ние како држава имаме автентичен интерес да имаме добри односи со Република Бугарија. Анти-историски би било доколку тие не се блиски”.Двајцата министри истакнаа дека потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка внесе нова позитивна динамика во односите меѓу двете земји. Се разговараше и за напредокот кој е постигнат во работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.МНР Никола Димитров: „Ако гледаме заедно кон целта и ако се поддржуваме меѓусебно на тој пат, тогаш таа ќе биде достижна.”Министерот Димитров упати благодарност до Република Бугарија за поддршката која Република Северна Македонија ја добива за интеграцијата во ЕУ и НАТО, особено преку визијата и трудот на Премиерот Борисов и МНР Захариева.Во тој поглед, особена благодарност беше упатена за неодамнешната ратификација на Пристапниот протокол за членството на Северна Македонија во НАТО. МНР Никола Димитров: „Чест ми е што сум тука само неколку дена по ратификацијата на Пристапниот протокол за членство во НАТО, од страна на Народното Собрание на Република Бугарија, што е од големо значење за нас”.МНР Захариева му се заблагодари на МНР Димитров за истакнувањето од негова страна за време на церемонијата на потпишувањето на Пристапниот протокол во Брисел на поддршката на бугарскиот народ и Владата на Република Бугарија. Таа изрази надеж дека комисијата ќе работи уште поинтензивно и по евидентниот напредок во нејзината работа.Во рамките на посетата, МНР Димитров беше примен и од претседателот на Република Бугарија, Румен Радев на која исто така се разговараше за начините на продлабочување на соработката меѓу двете земји, како и за евроинтегративните процеси на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kiracovski

Кирацовски до Џафери: Дали се калкулирало синоќа или не?

Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацоски исто така на својот Фејсбук профил, побара од Џафери да одговори  дали синоќа имало некакви калкулации.„Синоќа пратениците од мнозинството во Собранието беа подготвени да донесат одлука со која му се овозможува на судот да ги продолжи непречено своите процеси.Пратениците беа подготвени да овозможат правдата за 27 април да се тера до крај, но претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата и не дозволи да има гласање за одземање на имунитетот на обвинетиот пратеник Трајко Вељаноски.Претседателот на Собранието, Талат Џафери, должи одговор на јавноста, на граѓаните, зошто ја прекина седницата за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски и зошто дозволи да настане неред на синоќешната седница.Кворум постоеше. Мнозинството беше тука спремно за гласање. Граѓаните прашуваат, а Талат Џафери е должен да им објасни и на јавноста и на колегите пратеници - Зошто беше прекината седницата на која требаше да биде одземен имунитетот на обвинетиот за организација на 27 април, Трајко Вељаноски?Бараме принципиелност, Собранието е должно да постапува и да му овозможи на судот непречено да работи.За Трајко Велјановски мора да важат истите процедури и правила како и за секој друг пратеник.Собранието мора да постапува како што секогаш постапувало за сите други пратеници кои биле обвинети и за кои се барало одлука за нивна одговорност.Поради ова, во Собранието денес нема услови да продолжат останатите активности.27 април е крвав настан а неговите организатори мора да одговараат.СДСМ е одговорна партија со одговорна пратеничка група - правдата и интересот на јавноста за нас е на прво место.Јавноста бара одговори, дали се калкулирало синоќа или не, а претседателот Талат Џафери треба да одговори“, напиша Кирацовски на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pavle_bogoevski

Богоевски: Вчера Џафери го заштити организаторот на 27 април од притвор, правејќи будали од сите нас

Претседателот на Комисијата за мадатно имунитетни прашања и пратеник Павле Богоевски денеска преку Фејсбук го обвини претседателот на Собранието Талат Џафери дека го злоупотребил Парламентот за да го заштити организаторот на 27 април.„Нашиот глас за талат џафери на 27ми април резултираше со обид за наше убиство и терористички акт врз законодавниот дом. Тој немаше ниту гребнатинкаВчера, тој го злоупотреби истото Собрание и го заштити организаторот од притвор, правејќи будали од сите нас.Денес низ медиумите прочитав информација дека парламентарните седници се одложени поради тоа што дел од пратениците се на службен пат.Тоа е уште една лага која најверојатно е излезена од неговиот кабинет“, напиша Богоевси на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
defekt-voda

Поради дефект без вода дел од Бутел и Кисела Вода

Поради санирање на уличен дефект од ф-80мм на ул.Дренак бр.5 во нас.Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, до санирање на дефектот.Поради дефект на затвoрач Ф150м.м. на улица Александар Урдаревски, кај кружниот тек, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Бутел 1 и улица Босна и Херцеговина висока зона до завршување на дефектот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
DSC_7867

Заев - Џачка: Ако ја зголемиме соработката меѓу државите од Западен Балкан, ќе имаме поголемо почитување од ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Олта Џачка, министерка за одбрана на Република Албанија.На средбата е поздравено одговорното лидерство на премиерот Заев што овозможи постигнување договор со јужниот сосед на нашата држава и реализација на Договорот од Преспа. Оценето е дека Договорот е пример како се решаваат билатерални прашања доколку постои искрена политичка волја, поради што Договорот од Преспа е придобивка како за нашата држава, така и за напредокот на целиот регион.Исто така, на состанокот, изразена е поддршка од Република Албанија за отворените интеграции на Република Северна Македонија во НАТО, како и благодарност од премиерот Заев до албанскиот колега, премиерот Еди Рама, до Владата на Република Албанија и до граѓаните, за поддршката на НАТО интеграциите на нашата земја.-Интеграцијата во НАТО значи мир и стабилност, но и подобра економија за нашите граѓани. Веќе е зголемен бројот на инвеститори кои инвестираат или најавија дека ќе инвестираат во нашата земја. Тоа е голема придобивка за квалитетот на живот на граѓаните во нашата држава, по политиките на добрососедство зад коишто застанавме и затворањето на сите отворени прашања со нашите соседи, како и интегративниот концепт во нашата држава, едно општество за сите граѓани, рече премиерот Заев.Заклучено е дека двете земји, Република Северна Македонија и Република Албанија, со искреното меѓусебно пријателство, создаваат услови за развој на соработката, како и дека таквиот пристап влијае позитивно во европските аспирации и очекувања и на двете држави и на регионот.-Ако ја зголемиме соработката меѓу државите од Западен Балкан, ќе имаме уште поголемо почитување од Европската унија, рече премиерот Заев.Претседателот на Владата Заев охрабри за зголемување на соработката во областа на одбраната и рече дека нашата држава е подготвена да ги следи позитивните искуства за вложувања во Армијата според НАТО стандардите. Тој информираше дека во тек се реформи во нашата држава во повеќе области, како и дека во завршна фаза се реформите во безбедносниот сектор што се одвиваат во соработка со земјите членки на НАТО.На средбата е констатирано и дека успешно се реализира соработката меѓу двете држави во областа на инфраструктурното поврзување и енергетиката, како и дека се отвораат можности за проширување и во другите области од значење за граѓаните на двете земји и на регионот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
4-4

„Баделки“ имаа победнички викенд

Кадетките, сениорките и младинките на ЖКК „Бадел 1862“ имаа успешен викенд.На третиот по ред турнир за кошаркарки под 14 години, во Кавадарци најмладите „баделки“ забележаа две убедливи победи. Прво ја победија екипата на ЖКК „Вардар“ со резултат 52-15, а потоа со голема разлика го надиграа и ЖКК „МЗТ“, со резултат 79:13. На досега одиграните три турнири баделовите кадетки се без пораз и се на прво место.На домашен терен сениорската екипа на клубот од Кисела Вода го победи  ЖКК „Баскет Кам“ од Македонска Каменица , со резултат 72:52. Со оваа победа „баделки“ ја забележа 13 победа по ред во лигата. На натпреварот најмногу се истакнаа Сања Адамовска со постигнати 19 поени, Драгана Јоловиќ со 15 и Сандра Лазареска со 14. Заслужни за големата победа се и Катерина Поп Димитровски 10, Сара Петровска 6, Сара Максимовска 2, Наталија Секуловска 2 и Ева Атанасовска 2.И младите „баделки“ М18 во Кисела Вода забележаа голема победа против „Баскет Кам“ со резултат 78-41, со што и се реваншираа на противничката екипа за поразот со 14 разлика во Македонска Каменица, во првиот дел од првенството.

Спорт | пред 7 години

7 год.
DSC_0013

Акција за чистење на насипот на реката Вардар во Ѓорче Петров

ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје денеска започна акција за чистење на пешачката и велосипедската патека на насипот на реката Вардар, во скопската општина Ѓорче Петров.„ ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје со дваесет работници на терен и со сета потребна механизација денеска ќе го исчисти непрописно одложениот отпад на оваа локација наменета за спорт и рекреација, а од граѓаните очекуваме да ја сочуваат и да ја одржат чиста, бидејќи тоа е за општо добро.“- изјави помошник -директорот Кемал Муслиу во оваа прилика.Акцијата ја поздрави и претставникот од Секторот за урбанизам при општината Ѓорче Петров, Никола Лазаревски, којшто нагласи дека природата ни припаѓа на сите и наша должност е преку правилното одлагање на отпадот да ја заштитиме животната околина.

Скопје | пред 7 години

7 год.
oliver-spasovski

Спасовски: Во Македонија нема ниту еден случај на убиство пореди вадење на органи

Уште еднаш најостро ги демантирам дизинформациите во кои се злоупотребуваат случаите на исчезнатите лица. Ги отфрлам шпекулациите за наводни киднапери и препордажба на човечки органи. Тоа се лаги и дезинформации, изјави Оливер Спасовски на денешната прес-конференција.„Со вакви лаги се наштетувате и на општеството и на граѓаните. Нема случаи на киднапирање ниту пак на лицата кои во последните неколку случаи си го одземаа животот им недостигале органи. Тоа го потврди и судска медицина. Во Македонија нема ниту еден случај на убиство пореди вадење на органи.Апелирам граѓаните да бидат спокојни и да не наседнуваат на овие лаги. Неточни се информациите дека расте бројот на исчезнати лица. Напротив стратистичките податоци покажуваат дека и ова е лага. Во 2018 имало 370 пријавени исчезнати лица, а во 2014 имало 574 лица.МВР е транспарентна институција. Редовно објавуваме се што се случува и тоа го има на нашата веб страна и на социјалните мрежи. Секој граѓанин може да ја провери информацијата која се пушта во јавноста.Во последниве 5 години пронаоѓањето на исчезнатите лица се реализира со 94%, но ние работиме за да дојдеме до 100%.Како родител сочувствувам со секој родител чие дете е исчезнато и ги уверувам дека овие истраги се третирраат со целосна сериозност и посветеност“, вели Спасовски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Martinki

Mанифестaција посветена на мартинките во Скопје

Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2019“ по шести пат ќе биде отворена на 27 февруари во 12 часот на првиот кат во трговскиот центар „Капитол мол“ во Скопје. Организатор на настанот е Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“ и претставува дел од активностите поврзани со интернационалната апликација во УНЕСКО по повод признавањето на овој традиционален украс како нематеријално светско културно наследство.Настанот ќе биде отворен до трети март и ќе бидат изложени оригинални рачно изработени амајлии од Македонија, Бугарија и Романија, а постановката ќе биде збогатена и со едукативни панели, визуелизација на мартинките преку археолошки предмети, продажна галерија со ракотворби и креативни работилници за деца.- ХАЕМУС помина цел процес на метаморфози и статусот кој УНЕСКО ни го додели како носители на светско културно наследство е нешто највисоко до коешто веројатно може да стигне една граѓанска организација во светот. Во оваа мисија ни помогна нашето повеќегодишно искуство од областа на културниот менаџмент, специјалните обуки коишто ги поминавме за нематеријално културно наследство, како и поддршката којашто ја имаме од државните институции, граѓанските организации, бизнис секторот, па сѐ до самите граѓани кои го практикуваат овој обичај - вели Василка Димитровска, директор на „ХАЕМУС“.Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2019“ се прави со поддршка од Министерството за култура, град Скопје и Капитол Мол под мотото на УНЕСКО за Отворени Образовни Ресурси.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Скопјанец каснат од куче скитник

На 24.02.2019 година во 17.30 часот во Полициската станица Гази Баба, А.К.(35) од Скопје пријавил дека на 23.02.2019 година околу 12.00 часот на улица „Перо Наков“ бил  каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Huawei гo лансираше 5G смартфонот на преклоп

За време на Mobile World Congress 2019 кој се одржа во Барселона, Huawei лансираше повеќе производи, вклучувајќи го 5G смартфонот на преклоп, HUAWEI Mate X,  HUAWEI 5G CPE Pro, првиот производ со Balong 5000 чипсет, како и HUAWEI MateBook X Pro, лаптопите HUAWEI MateBook 13 и HUAWEI MateBook 14.[caption id="attachment_28112" align="alignnone" width="1024"] Richard Yu, chief executive officer of Huawei Technologies Co., presents the Mate X foldable 5G mobile device during a Huawei Technologies Co. launch event ahead of the MWC Barcelona in Barcelona, Spain, on Sunday, Feb. 24, 2019. At the wireless industry’s biggest conference, over 100,000 people are set to see the latest innovations in smartphones, artificial intelligence devices and autonomous drones exhibited by more than 2,400 companies. Photographer: Stefan Wermuth/Bloomberg[/caption] 5G смартфон на преклоп: HUAWEI Mate XОдразувајќи ги истите карактеристики од HUAWEI Mate серијата, HUAWEI Mate X претставува патување во непозната територија. HUAWEI Mate X комбинира 5G технологија, екран на преклоп, вештачка интелигенција и целосно нов начин на поврзување кој им обезбедува на потрошувачите досега невидено корисничко искуство.Како резултат од храбрите експерименти на Huawei со нови фактори за форматирање на паметни телефони, паметниот телефон и таблет, HUWAEI Mate X се одликува со флексибилен OLED панел и Falcon Wing Mechanical Hinge. Лесниот паметен телефон на преклоп го прикажува новиот Interstellar Blue бран кој ја прикажува убавината на технологијата и поставува повисоки стандарди за идните паметни телефони.Флексибилниот OLED FullView дисплеј на преклопување и најбрзиот 5G чипсет Balong 5000 се комбинираат за да испорачаат нов начин на поврзување, во кој големиот екран и лесната преносливост коегзистираат во хармонија.Водечките паметни телефони на Huawei секогаш доаѓаат со моќни камери, а HUAWEI Mate X не се разликува од нив. Дизајнот на преклоп овозможува системот на камерата да ја игра улогата и на предна и на задна камера, што резултира  со револуционерно фотографирање.Батеријата од 4,500mAh со висок капацитет, која поддржува HUAWEI SuperCharge, е спакувана со HUAWEI Mate X, исполнувајќи ја побарувачката за поголеми перформанси на батериите во 5G ерата.Лансирање на HUAWEI MateBook X ProHuawei го претстави и HUAWEI MateBook X Pro, првиот FullView лаптоп. Овој производ го карактеризираат лесната преносливост, премиум FullView дисплеј, перформанси согласно најновата технологија како и паметната опција на поврзување, што го поставува брендот помеѓу врвните произведувачи на компјутери.  Денес на MWC 2019, Huawei го презентираше производот кој ги прикажува сите карактеристики кои го дефинираат водечкиот лаптоп: уметнички дизајн, иновација и интелигенција, со што перформансите и сите перформанси на меѓусебно поврзување на водечкиот бренд се пренесуваат на следното ниво.Со комбинирање на занаетчиството со технологија, HUAWEI MateBook X располага со метален унифициран механизам со CPU, заедно со врвна завршница на надворешниот дизајн која му овозможува на потрошувачот мазна чувствителност на рацете. Достапен во Mystic Silver и Space Grey варијанта, најновиот предводник на Huawei е опремен со 13,9-инчен 3K Ultra FullView дисплеј со 91% сооднос помеѓу екранот и телото. Дополнително, тој поддржува мулти-допир од 10 точки и првиот XXX во светот, кој им овозможува на корисниците нов, поинтуитивен начин за поврзување со нивните уреди.Неверојатно моќниот уред, HUAWEI MateBook X Pro се напојува со до 8 генерации Intel® Core ™ i7 8565 процесор и NVIDIA® GeForce® MX250 GPU со 2GB GDDR5. Исто така има и широкопојасен Wi-Fi, Bluetooth 5.0 и помоќен Thunderbolt ™ 3 порт за поддршка на целокупната продуктивност. Истовремено, Dolby Atmos® Sound System обезбедува извонредно кино доживување, без разлика каде се наоѓаат корисниците.Интелигентната интерконективност е во срцето на овој нов производ. HUAWEI MateBook X Pro поддржува HUAWEI Share 3.0 OneHop 2, функција која решава проблеми со преносот на податоци помеѓу Windows лаптопите и Android паметните телефони. HUAWEI Share 3.0 поддржува не само трансфер на слики и видео помеѓу компјутери и паметни телефони, туку и двонасочен трансфер на документи. Снимањето на екранот исто така е полесно од било кога. Со тресење на телефонот и допирање на „PC HUAWEI Share“ на компјутерот, снимањето на екранот ќе биде испратено до паметниот телефон. Достапен во верзии со PC Manager верзија 9.1 или погоре. За повеќе детали, погледнете на официјалниот веб-сајт на HUAWEI. Споделувањето не е поддржано кај моделите продадени во САД.Новите HUAWEI MateBook 13 и HUAWEI MateBook 14Уметничко, иновативно и интелигентно - новите HUAWEI MateBook 13 и HUAWEI MateBook 14 носат најнова технологија за потрошувачите. Овие револуционерни лаптопи поддржуваат интелигентна поврзаност помеѓу паметните уреди и компјутери, редефинирајќи го  начинот на нивното поврзување.HUAWEI MateBook 14 ги има истите карактеристики дефинирани во оваа категорија на производи: FullView дисплеј, врвна изработка, софистициран дизајн и неверојатни перформанси.Насочувајќи се кон младата популација, HUAWEI MateBook 13 и HUAWEI MateBook 14 сеодликуваат со неверојатен FullView екран дизајниран со минимален дисплеј со рамки кој поддржува мулти-допир од  10 точки. И двата модели ги подржуваат нови и практични  функции како што е Finger Gestures Screenshot, која овозможува лесно креирање на слики од екранот со само неколку движења.За да го подобри искуството со HUAWEI PC уредите, Huawei нуди попаметен начин за истите да комуницираат едни со други: HUAWEI Share 3.0, со карактеристики OneHop и Clipboard Sharing за да овозможат брза и лесна интеракција помеѓу паметни телефони и компјутерите. Други карактеристики на овие лаптопи вклучуваат Finger Gestures Screenshot , Fingerprint Button 2.0 и Dolby Atmos®.HUAWEI 5G CPE Pro носи 5G технологија во домовитеBalong 5000 официјално ја отвора 5G ерата. Овој чипсет поддржува голем број 5G уреди, а покрај паметните телефони, поддржува домашни уреди, уреди монтирани во возилата и 5G модули.Поддржан од Balong 5000, Huawei 5G CPE Pro поддржува и 4G и 5G безжични конекции, поставувајќи нов репер за домашни CPE-и на 5G мрежата: 1GB HD видео клип може да се симне во рок од три секунди, а видео од 8K може да се пренесува без проблем. Освен во домовите, 5G мрежата може да се користи и во малите и средни претпријатија.Во долгоочекуваната 5G all-scenario интелигентна ера, Huawei го има водечкиот капацитет за да ја спроведе all-scenario стратегијата. Huawei е единствениот производител со целосен опсег на 5G-продукција, покривајќи ги чипсетите, edge и cloud услугите.Со доаѓањето на новата 5G ера,потрошувачите сè повеќе се надеваат на револуционерни искуства. Со сите напори ќе се обидеме да воодушевиме со целосна поврзаност со поединците, канцелариите и домовите и да создадеме водечко 5G all-scenario на светско ниво, кое е различно од она што досега се случило“, изјави Richard Yu, извршен директор на Huawei CBG.

Магазин | пред 7 години

7 год.
49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Одложени 86. и 88. седница во Собранието на Македонија

Собраниските седници 86. и 88 кои беа закажани за денес се одложуваат. Причината е поради отсуство на дел од пратениците кои се на службени патувања.На 86 седница требаше да продолжи расправата за интерпелација на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.Покрај оваа точка, на дневниот ред на 86. седница беше расправата за предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Северна Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образование, наука, култура, мас-медиуми, млади и спорт, предлог законите за услуги, за тутун, производи од тутун и сродни производи, за слободен пристап до информации од јавен карактер, за акцизите, сите во прво читање.На 88. седница на Парламентот требаше да се расправа за Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за судовите, во второ читање и дополнетите предлог закони за прекршоци и за управни спорови, исто така во второ читање.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nema-voda

Без вода неколку улици во Карпош

Денес поради реконструкција на водоводна мрежа Ф100м.м. на улица Софиска 27, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици: Софиска, Његошева, Бриселска и Копенхагенска до завршување на приклучокот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
IMG_1312

Комплетирана првата транша од 100-те милиони евра евтини кредити од ЕИБ

Со 15 милиони евра евтини кредити од Европската инвестициска банка - ЕИБ, ќе се поддржат инвестициите на 39 мали и средни фирми, кои првично ќе отворат околу 160 работни места. Со ова е комплетирана првата транша од 100-те милиони евра од ЕИБ за мали и средни претпријатија. Директорот на МБПР Драган Мартиновски го информираше министерот за финансии Драган Тевдовски дека во текот на оваа недела проектите ќе бидат доставени до ЕИБ.Речиси 90% од проектите во првата транша се долгорочни инвестиции. Најмногу се инвестира во деловни објекти, опрема и транспортни средства, а помалку во обртни средства.Министерот Тевдовски посочи дека малите и средни претпријатија се важен дел од нашето стопанство, бидејќи тие претставуваат над 99% од вкупниот број на претпријатија кај нас. Тие учествуваат во креирањето на бруто-домашниот производ со преку 55% и во креирањето на работни места со 75%. Тој посочи дека од таа причина, Владата преку оваа кредитна линија, како и низа други мерки се залага да обезбеди пристап до капитал за овие претпријатија.-Евтините кредити од ЕИБ за мали и средни претпријатија во вкупна вредност од 100 милиони евра е наменет за реализација на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност и зголемен извоз за малите и средни претпријатија. Со ова, но и преку активните мерки за вработување и мерките за поддршка на претпријатијата се поддржува секторот на мали и средни претпријатија, кој од исклучително значење за економијата -вели Тевдовски.Во септември минатата година од страна на министерот за финансии Тевдовски, потпретседателот на ЕИБ, Ендрју МекДауел и директорот на МБПР Мартиновски беше потпишан договор за нова кредитна линија од 100 милиони евра за мали и средни претпријатија. МекДауел тогаш порача дека поддршката од ЕИБ ќе расте со напредокот на земјата во ЕУ интеграциите и изрази силно уверување дека започнува период на продлабочување на соработката. Оваа кредитна линија е петта по ред од ваков тип. Вкупниот износ на финансирање од ЕИБ достигнува 450 милиони евра. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
5-5

Нов видео спот и песна за монашкото секојдневие во Бигорскиот манастир

„Среде пустинската убост“ е насловот на песната посветена на монашкото секојдневие, која што деновиве доби и свој видео запис. На наша голема радост, денеска Ви испраќаме линк од веќе готовиот видео спот, изработен од врвни професионалци кои што подолг период наназад престојуваа во Бигорското светилиште, со цел да го доживеат и што поавтентично да Ви го пренесат секојдневниот монашки живот во Обителта."Среде пустинска убост" зборува за монашкото секојдневие. Создадена е од светогорски монах, а Бигорското братство успеа да ја преведе и препее, и да создаде композиција што плени со своите стихови. Во нив е искажана длабочината на монашкиот живот, а топлата архаична мелодија го пренесува мистичниот амбиент во кој што живее  монахот.Бигорската обител изразува голема благодарност до сите учесници во проектот и пред се' до Вас медиумите, со чија помош пораката ќе стигне до целата македонска јавност.

Магазин | пред 7 години

7 год.
DSC_7762

Анѓушев на средба со германскиот советник Валтер Дефа

Зaменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, се сретна со амбасадорот на СР Германија, Н.Е. Томас Герберих и со д-р Валтер Дефа, специјалниот советник номиниран од Владата на СР Германија, кој како искусен професионалец се очекува да даде поддршка на Владата во  спроведување на економските политики.Вицепремиерот Анѓушев ја искажа благодарноста кон Владата на СР Германија за поддршката кон евро-атлантските интеграции и економскиот развој на нашата земја, пришто го изрази задоволството што токму една од најсилните економии е посветена да ги поддржи економските реформи на Република Северна Македонија.Анѓушев и Дефа разговараа за стратешките приоритети на Владата за развојот на економијата на Република Северна Македонија и како да се обезбедат клучните предуслови за побрз и одржлив економски раст и развој. Клучните постулати во оваа насока се владеење на правото, реализацијата на инфраструктурните проекти за подобро поврзување со соседите, со тоа и зголемување на регионалната економска соработка, но и реформи во образовниот систем, со кои ќе се задоволат потребите на пазарот на трудот во земјата.На денешната нивна прва средба, Вицепремиерот истакна дека споделувањето на искуствата за европските фондови, ќе биде од особено значење и ќе придонесе за искористување на овие фондови за побрз економски развој и подобрување на животниот стандард и квалитетот на животот на граѓаните на Република Северна Македонија.Валтер Дефа е долгогодишен претставник на СР Германија во Европската Комисијата, каде извршувал повеќе должности. Помеѓу другото бил и  директор на Генералниот директорат за регионална политика, а го предводел и Генералниот директорат за даноци и царини на Европската Комисија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSCF8057

Фронтменот на култните „Grandmaster Flash and the Furious Five“ во Скопје

Утревечер, со почеток во 21 часот, во ноќниот клуб Станица 26, за првпат во Скопје ќе настапи култната музичка фигура Grandmaster Flash, некогашниот фронтмен на историскиот хип хоп бенд  „Grandmaster Flash and the Furious Five“.Двочасовниот диџеј настап во Скопје е дел од неговата голема турнеја „Hip-Hop: People, Places and Things“. Она што ќе го видиме е своевиден музички времеплов и едукативен час за се она што значи хип хоп од 70те години, па се до денес. Настапот е во организација на 3Гонга во соработка со SureShotz Entertainment. Како локална поддршка ќе настапат Shorty P & Irie Scratch.„Првин освојте го вашето непосредно опкружување, вашето маало, потоа освојте го својот град и дури потоа целиот свет. Ова е мојата мантра. Иако егзистирам на хип хоп сцената уште од 70те години и како артист и како диџеј, сепак, не сакам да ме класифицираат како old – skool DJ или како new – skool DJ. Би сакал да ме класифицираат како all – skool DJ кој свири се“, вели Grandmaster Flash (Joseph Saddler).Хип хоп легендата Joseph Saddler е некогашниот фронтмен на култните „Grandmaster Flash and the Furious Five“. Овој историски хип хоп бенд има издадено два култни албуми „The Message“ во 1982 година и „On the Strength“ во 1988 година. Синглот „The Message“ е се уште еден од најдобрите на сите времиња, како и фактот дека се првата hip-hop група која станала член на „Rock & Roll Hall of Fame“.Grandmaster Flash ги има креирано некои од техниките кои и денес се стандарден дел од диџеј науката (Backspin Technique, Punch Phrasing и Scratching). Во последнава декада тој издаде еден мемоар, започна свое радио шоу, ја доби “BET I am Hip-Hop Icon” наградата, се појави на видео игра, а неговиот лик е дел од Netflix серијалот “The Get Down”. Човекот кој го сметаат за главен „виновник“ што денес грамофонот е музички инструмент, во моментов работи на својот 12ти студиски албум.Grandmaster Flash од неодамна е добитник на Polar Music Prize наградата за 2019 година. Оваа музичка награда се смета за еквивалент на Нобеловата награда, и се доделува во Шведска. Во предходните години ја имаат добиено, Боб Дилан, Пол Макартни, Џони Мичел, Стинг, Пети Смит, Чак Бери, Кронос Квартет, Бјорк, Енио Мориконе, Пинк Флојд...  На доделувањето беше најавен како еден од главните „виновници“ за креирањето на hip-hop звукот.

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања