Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Брзата и ефикасна интервенција на службите спречи уште поголема катастрофа

Морбидното ВМРО-ДПМНЕ нема концепт и продолжува да злоупотребува несреќи и човечки трагедии за дневнополитички цели, велат од СДСМ.„Во период кога се уште има лица кои се борат за живот по страотната несреќа, ВМРО-ДПМНЕ на морбиден начин се обидува да собере ситни политички поени.Благодарение на брзата, ефикасна и навремена интервенција на здравствените служби, итната медицинска помош, противпожарната служба и Министерството за внатрешни работи беше спречена уште поголема катастрофа, а можеби и повеќе човечки жртви.Целокупниот здравствен систем беше активиран во рок од 15 минути по информацијата за несреќата која се случи кај селото Ласкарци а екипите и службите на Министерството за здравство покажаа максимален и професионален ангажман во спасување на животите на тешко повредените.Во меѓувреме тече истрагата за несреќата во Ласкарци  од страна на Основното јавно обвинителство, а според јавно објавените информации, веќе се обезбедени докази и се сослушуваат сведоци за целосно расветлување на  истата.ВМРО-ДПМНЕ да престане со морбидната навика да злоупотребува несреќи и да ги остави надлежните институции да ја расчитат несреќата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
52807416_2468303173240547_6040964711204257792_n

(ВИДЕО) Анѓушев го згреши името на државата, Заев го корегираше и се изнасмеа

Вицепремиерот Кочо Анѓушев на прес-конференција за медиумите, раскажувајќи за економскиот развој наместо Република Северна Македонија, го употреби името Република Македонија.По “лапсузот” на Анѓушев реагираше премиерот Зоран Заев кој го корегираше, а потоа се сцрвени од смеа, на самата прес-конференција.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

МВР ќе потроши 20 милиони денари за сокови

Министерството за внатрешни работи планира да троши 325 илјади евра за сокови. На официјалната страна на системот за јавни набавки има објавено оглас од страна на Министерството за внатрешни работи во износ од 20.000.000 денари за сокови природни и газирани, пишува Курир.Имено, во делот на предмет на договорот за јавни набавки стои сокови , газирани и негазирани додека во делот проценета вредност без ДДВ стои вредност од 20.000.000 денари или претворено во евра 325 илјади евра.

Македонија | пред 7 години

7 год.
rak

Шокантно откритие: Вирусот од мали сипаници може понекогаш да доведе до спонтано намалување на туморот

Научниците уште од поодамна знаеа дека вирусот од мали сипаници може понекогаш да доведе до спонтано намалување на туморот, но од неодамна клиничките испитувања на клиниката Мајо покажаа колку моќно оружје против ракот можат да биде вирусот од мали сипаници, објави slobodenpecat.mk.Доктор од клиниката Мајо, ги изненади сите со тврдењето дека друга болест може всушност да биде лек против ракот.Станува збор за вирусот на мали сипаници, кој би можел да помогне при лекување на рак, тврдат од клиниката Мајо.Научниците од клиниката Мајо велат дека таканаречената „виротерапија“, не се користи за прв пат кај пациентите, меѓутоа ова е прв случај за рак кој се проширил по целото тело да се повлече во ремисија откако ќе се примени терапијата.Текстот во целост на slobodenpecat.mk

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ѓорчев во ОБСЕ - Македонија е земја на политичко нacилство, прогон, изборни кpaжби и економски колапс

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев имаше обраќање пред парламентарците на парламентарното собрание на ОБСЕ за време на зимската сесија во Виена, како и посебно обраќање пред пратениците од групата на ЕПП.Во своето обраќање Ѓорчев се осврна на ситуацијата во Република Македонија, кршењето на правото, деградираната правна држава и политичките прогони кои власта секојдневно ги прави.Ѓорчев пред парламентарците на ЕПП во ОБСЕ го презентираше и најновиот пример на нacилие од страна на власта, односно претепувањето на Јанакиески и Ристовски во пpитвоp, како и апсурдните обвинувања за “теpopизам” кон поранешниот претседател на Собранието Трајко Велјаноски.Ѓорчев истакна дека е недозволиво во една демократска држава пpитвopените граѓани да не се чувствуваат безбедни и властите да не ја гарантираат нивната безбедност. Овие оценки на Ѓорчев беа повторени во повеќе дискусии од пратениците во ЕПП групата, која што подоцна се огласи со соопштение.Ѓорчев зборуваше за невиденото иселување од Македонија, растечкиот кpиминал, но и за непотизмот кој се шири како епидемија во секоја пора на македонското општество.Беше констатирано дека Република Македонија треба да се погрижи за воспоставување на принципот на владеење на правото, како и да се обезбедат независни институции.На крајот, Ѓорчев побара ОБСЕ и ЕПП силно да се вклучат во мониторингот на претседателските избори, затоа што власта на СДСМ докажа дека нема волја, ниту капацитет да организира фер и демократски избори.

Македонија | пред 7 години

7 год.
4-5

Средба на министерот Спасовски со министерот за внатрешни работи на Словенија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска (25.02.) во Министерството за внатрешни работи имаше работна средба со министерот за внатрешни работи на Република Словенија, г-дин Боштјан Поклукар. На средбата заеднички беше констатирано високото ниво на  билатералните односи не само меѓу двете институции, туку и генерално меѓу двете држави - Република Северна Македонија и Република Словенија.Министерот Спасовски изрази благодарност кон Република Словенија и кон словенечкото министерство за внатрешни работи за несебичната поддршка и помош за нашата полиција во справувањето со мигрантската криза. “Тоа беше еден од најголемите предизвици за Република Северна Македонија, со кој можевме да се справиме само преку соработка меѓу државите од регионот,  поткрепена со силната поддршка на пријателските држави“, потенцира министерот Спасовски.Работната средба се одржа во пресрет на отпочнувањето на дводневнатата Министерска конференција од “Брдо процесот“, односно Третиот состанок на Управниот одбор на иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност (ИИЦГ), што ќе се одржи утре и задутре во Скопје, а чиј домаќин е МВР.Главна тема на конференцијата ќе биде токму евалуацијата на досегашното спроведување на Иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност(ИИЦГ), како и новите проектни задачи на ИИСГ, особено во делот на функционирањето на Групата за поддршка на ИИСГ, односно вклучувањето на преставници од Западен Балкан во работата на оваа група. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG_0969

Продолжува имплементацијата на проектот за поддршка на лицата со оштетен вид

Министерот за образование и наука д-р Арбер Адеми, заедно со Н.Е. амбасадорот на САД г-дин Џес Бејли, министерот за здравство, Венко Филипче и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска се обратија на тркалезна маса посветена на иницијативите на институциите на системот за преземање и продолжување на имплементацијата на проектот за поддршка на слепите лица во Република Северна Македонија.Во делот на образовната компонента, истакна министерот Адеми, основани се пет ресурсни центри во Скопје, Тетово, Штип, Битола и Велес, каде децата со оштетен вид посетуваат дополнителна настава и се едуцираат преку материјали, односно учебници напишани на Брајово писмо.Во овие центри реализирани се и обуки на повеќе од 200 наставници, едукатори за работа со овие деца. Исто така, од страна на Црвениот крст е основан и Центар за лица со оштетен вид каде се реализираат сертифицирани курсеви за ИТ вештини, за англиски јазик, работилници за вештини за ориентација и мобилност, за социјализација, изјави Адеми, напоменувајќи дека новата Стратегија за образование 2018 – 2025 предвидува значително подобрување на квалитетот на образованието на лицата со извесни посебни образовни потреби.Во таа насока, додаде тој, целиме училиштата да прераснат во целосна инклузивна средина за сите ученици независно од физичките и психички специфичности, што подразбира подобрување на инфраструктурните услови во училиштата во насока да се овозможи прифаќање и непречено движење на овие ученици во внатрешноста на објектите, обуки за наставниот и стручниот кадар, набавка на асистивна технологија, формирање на инклузивни тимови, изработка на индивидуални образовни планови и така натаму.Според амбасадорот Бејли, овие партнерства се одличен пример за здружување за поголем импакт.- Пред пет години, УСАИД и Фондацијата Лајонс Клуб, ги здружија силите за да им помогнат на локалните институции и заедници за да ги детектираат и превенираат очните аномалии кај децата и да ги зголемат образовните можности за лицата со пречки во видот. Ова партнерство се зголеми и вклучи многу други организации и поединци од што многу граѓани на Северна Македонија имаа директна корист. Земете ја, на пример, Барбара Василевска. На 7-годишна возраст, на Барбара и беше дијагностицирана атрофија на очниот нерв. Нејзините родители се обратија во новоформираниот ресурсен центар во Битола за помош. Центарот и овозможи на Барбара специјална настава четири пати неделно со помош на специјален едукатор. За само неколку месеци, таа беше подготвена да се приклучи во основното училиште во Битола. Тоа е токму она што ние се надевавме да го постигнеме - вклучување на деца и возрасни со оштетен вид во редовните активности и секојдневниот живот, рече амбасадорот Бејли во своето обраќање.- Унапредување на правата и овозможување подобри услови за лицата со попреченост, како што потенцираше министерката Царовска, останува приоритет на Министерството за труд и социјална политика.- Со новиот Закон за социјална заштита кој е во собраниска процедура се воведуваат две целосно нови услуги за лицата со попреченост - лична асистенција и домашна нега. Сите овие новини значително ќе ги зголемат правата на лицата со попреченост, ќе се зголеми обемот на услуги до коишто истите ќе имаат пристап, и ќе се вложат зголемени финансиски средства во индивидуалните услуги кои ќе овозможат независен и живот на лицата во нивното место на живеење и нивно поголемо социјално вклучување, додаде министерката за труд и социјална политика.Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче истакна дека визуелниот систем е еден од најважните за правилен раст и развој на едно дете.Доколку, рече тој, се утврдат одредени недоследности, најдобри резултати има кога навремено се санираат.- Скринингот на 30.000 деца веќе даде конкретни информации за состојбата со видот кај децата во нашата земја. Министерството за здравство до крајот на годината ќе воведе Програма за ран скрининг на видот кај децата и ќе ги преземе сите мерки во рамки на организиран систем кој ќе понуди здрава иднина за здрави деца“, потенцираше министерот Филипче.

Македонија | пред 7 години

7 год.
saso-tasevski

Тасевски до СДСМ: ДУИ ја спасува врската со ВМРО ДПМНЕ, треба да сте смртно исплашени

Актерот Сашо Тасевски преку својот Фејсбук профил им се обрати на членовите на политичката партија СДСМ.„Им пишувам на фините луѓе во партијата, а не на опинците и ѓубренцата шарени покрај вас. Она што го пишав вчера сабајле на фејсбук, се потврди ноќеска во парламентот. Ако драмата не беше бурлеска и фарса во која сте сите режисери, тогаш ДУИ пред изборите, не ви пука само во колена, туку и во главата ви пука. Полека ја спасува врската со нивниот најприроден сојузник, ВМРО ДПМНЕ. Му се враќа во кревет. Затоа не само што треба да сте загрижени, туку и смртно исплашени. Додека тие взаемно шуруваат, никогаш нема да направите пристојна држава, дури и да имате најдобри намери и најдобри идеи. Спремаат ваш отстрел. Свесни се дека лошо одработивте на домашен терен и дека немате поддршка. Американците се прагматични луѓе. Ако видат немате грб во народот, ќе си најдат друго дете покрај ДУИ за да продолжи. Кого и да најдат ќе ги слуша, само да биде на власт. Особено ДПМНЕ. Мора да пресечете. Не е светот околу вас толку фин и розов како што фантазирате. Преговаравте со сите од позиција на слаба карика.Затоа, сите тие не ве ценат. напротив, ве презираат додека ве тапкаат по рамо. Излезете од заблудата и стапицата во која сами се фативте. Тргнете безмилосно на ДУИ со силата на законите, обвинителствата, доказите и ќе го видите нивниот вистински лик. Ќе сфатите какви шакали држите во скутот, Зашто тие не се ништо друго, освен брутални насилници облечени во одела. Знам не откривам топла вода, ви нудам ведро со студена, да ја бутнете главата во неа и да се разбудите. Инаку, отидовте јабана. Многу од вас, знам, го разбираат ова, ама несреќата е што не делувате во правецот на самоодржувањето. Напротив дремете ко свинчиња пред кланица и го чекате џелатот“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
struga-bolnica

Во болницата во Струга, нема операции поради расипана опрема

Повеќе од три недели не работи оперативниот дел на хируршкото одделение во струшката болница поради дефект на опремата за анестезија односно гасната станица. Поради ваквата состојба, невозможно е да се изведуваат хируршки интервенции. Итните случаи се праќаат во болницата во Охрид. Бил повикан овластениот сервисер, но сега се чека на набавка на неопходниот резервен дел за кој не се знае кога би пристигнал, објави Алсат.„Од тука идат гасовите за анестезија во процесот на операција и ако тие редуцири не функционираат, никој од нас анестезиолозите, а сигурно и хирурзите не сака животот на пациентот да го става во опасност поради проблем со опремата. Ние работиме во стара болница, работиме со стара опрема. Пред 7-8 години беше една јапонска делегација која се сликаше покрај нашите апарати. Немаа видео такви апарати со кои ние работиме“, рече Ацо Велјаноски- раководител на одделение за анестезија.Текстот во целост на Алсат - м.тв

Македонија | пред 7 години

7 год.
foto1

Апостолска: Со Планот за економски раст се стимулираат странските компании да соработуваат со домашните

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, денес учествуваше на средба за вмрежување помеѓу мултинационалните и домашните компании во Република Северна Македонија, кој се одржа во Скопје.  Настанот е во организација на Центарот за управување со промени – ЦУП и Finance Think – Институт за економски истражувања и политики, во рамки на проектот „Надминување на јазовите помеѓу домашните мали и средни претпријатија и мултинационалните компании“, кој е финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Скопје.Пред присутните претставници на домашни и странски компании министерката Апостолска се осврна на мерките од владиниот План за економски раст кои се насочени кон унапредување на нивното деловно вмрежување.„Со Планот за економски раст за првпат во земјава се воведе мерка која е насочена кон стимулирање на странските компании да воспоставуваат деловни релации со домашни.  Согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите, каде што ова мерка е утврдена, странските компании кои воспоставуваат соработка со добавувачи од Северна Македонија може да очекуваат финансиска поддршка од 1% од вредноста на вкупните набавки доколку 15% од инпутите за производство ги набавуваат од домашни компании“, рече Апостолска.Министерката Апостолска истакна дека намерата на Владата е интеракцијата помеѓу домашните и странските компании да го надмине нивото на испорачување на услуги, односно домашното стопанство да биде вклучено на напредно технолошко ниво во добавувачките  ланци и производствени процеси на странските компании кои работат во земјава.Осврнувајќи се на значењето на реализацијата на стратегиските евро-атлански приоритети, министерката Апостолска порача дека со зачленувањето на Република Северна Македонија во НАТО и започнувањето на преговори со ЕУ, земјата испраќа позитивен сигнал до домашните и странските компании да инвестираат.„Политичката стабилност и безбедност која ја добиваме со НАТО и ЕУ гарантира и економска сигурност, што е од посебно значење за нашата атрактивност како дестинација за инвестирање“, рече Апостолска.Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски осврнувајќи се на инструментите за поддршка на компаниите, соопшти дека минатата година преку оваа институција биле потпишани договори за финансиска поддршка во вредност од 16 милиони евра, со што по оваа основа е поддржан инвестициски циклус од 30 милиони евра.На средбата свои обраќања имаа и Патрик Мартенс, директор на Делегација на Германско стопанство и Јасна Пајковска, координаторка на проектот - ЦУП.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Slika-Pavle-25-02

Богоевски: Одговорноста за вчерашното прекинување на седницата е кај Џафери и ДУИ

Обидот на колегата Груби да ја префрли вината за вчерашното фијаско на Комисијата за деловнички и мандатно -имунитетни прашања и на мене како нејзин Претседател се проѕирна лага и очаен обид за контрола на штетата која овој процес ја донесе врз нивната партија, изјави Богоевски на денешната прес-конференција.„Кога се гласаше на комисијата, јас во три наврати се обидов да ја добијам колешката Мирсада Емини -Асани и испратив и СМС порака. Два пати таа ми го спушти телефонот, а третиот пат крена, најверојатно по грешка и дванаесет секунди ми дишеше на телефон без да изусти ниту збор. Тогаш престанав да се обидувам да ги добијам.До моментот на започнување на последното продолжение на комисиската седница, јас немав потврда дека колешката ќе дојде, ниту дека е испратено возило по неа. Единствена работа полоша од тоа Комисијата да нема став, е да нема кворум и да не може да гласа.Доколку чекавме со гласањето, а колешката не пристигнеше, се што требаше да направат ВМРО ДПМНЕ е да излезат од салата и комисијата немаше да може да ја заврши седницата. Тоа е единственото сценарио кое не би го обврзало Џафери да ја закаже пленарната седницата.Затоа, нека престанат да ја лажат и манипулираат јавноста – единствената одговорност за вчерашното прекинување на седницата и за заштитата на Трајко Вељановски е кај Талат Џафери и кај ДУИ“, вели Богоевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Slika-Muhamed-25-02

Зекири: Дали Џафери свесно одработи Вељаноски да не се соочи со правдата?

Категорично ги отфрлам тврдењата на претседателот на Собранието Талат Џафери дека јас сум бил причината зошто тој не успеал до полноќ да ја заврши седницата со гласање по точката на дневниот ред, изјави пратеникот Мухамед Зекири на денешната прес-конференција.„Воопшто немало ситуација којашто наликува на потребата од прекинување на седницата.Талат Џафери е искусен пратеник и во минатото успевал да менаџира седници коишто биле далеку по тензични, од таа синоќа.Во ниту еден момент немаше директни навреди од моја страна упатени кон него.Одговорноста за неуспехот на Собранието да донесе одлука за барањето на Судот за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски, Талат Џафери не може да ја префрла на други.Мнозинството беше тука и спремно да гласа и да му овозможи на Судот непречено да ги продолжи своите процеси.Прашање е дали Талат Џафери свесно одработи за ВМРО-ДПМНЕ, односно Трајко Вељаноски да не се соочи со правдата.Бараме принципиелност, Собранието е должно да постапува и да му овозможи на судот непречено да работи.27 април е крвав настан, а неговите организатори мора да одговараат.СДСМ е одговорна партија со одговорна пратеничка група - правдата и интересот на јавноста за нас е на прво место.Јавноста бара одговори, дали се калкулирало синоќа или не, а претседателот Талат Џафери треба да одговори, а не да калкулира како што тоа го направи на својата прес конференција“, изјави Зекири.

Македонија | пред 7 години

7 год.
yIk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTlRFN01EQV8vYjQ2NWExYTkwMjAyYzEyMmFkMzYwNThhNjhlYWU5OGUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

(ВИДЕО) Силно невреме во Мисисипи, една жена го загуби животот

Силно невреме зафати околу 200 области во американската сојузна држава Мисисипи, каде се уништени најмалку 300 куќи и 190 патишта, соопшти Државната агенција за кризни ситуации.https://twitter.com/weatherchannel/status/1099687752872984576?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1099687752872984576&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Fnevreme-u-misisipiju-oluja-unistila-puteve-i-kuce-jedna-osoba-stradala%2Fjfzf42kВо тек е проценка на штетата во уште 15 области, вклучувајќи ја и Лаундес која беше зафатена од торнадо, при што животот го загуби една жена, а повредени се 12 лица.https://twitter.com/ABC/status/1099721589023744000?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1099721589023744000&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Fnevreme-u-misisipiju-oluja-unistila-puteve-i-kuce-jedna-osoba-stradala%2Fjfzf42kНацоналната Метеоролошка служба потврди дека второто торнадо ја зафатило областа Тишоминго, каде се оштетени две куќи и два моста.Надлежните во неколку области во државата Кентаки прогласија вонредна состојба поради поплави и лизгање на земјште. 

Свет | пред 7 години

7 год.
Trajko_Veljanoski-golema

Вељаноски: Собранието не ми го одзеде имунитетот, тоа е принципиелна одлука

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски смета дека тоа што Собранието не му го одзеде имунитетот е принципелна одлука.„Собранието не го одзеде имунитетот којшто го имам како пратеник. Тоа е принципиелна одлука. Стојам на располагање да се јавам на сите покани по предметот и да ги почитувам сите позитивни законски прописи“, пишува Вељаноски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
marihuana

OJO Гостивар поведе постапка против три лица кај кои е најдена дрога

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредби за спроведување на истражна постапка во три одделни предмети оформени против лица кој кои при извршен претрес е најдена дрога – марихуана. Лицата се осомничени дека сториле кривични дела- Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, псхотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Кај еден од осомничените е пронајдена марихуана со тежина од 400 грама која ја криел во куќа на негов роднина. Осомничениот е државјанин на Република Србија, од каде преминал во нашата држава и од 2013 година тука илегално престојува. За осомничениот српските органи имаат распишано меѓународна потерница за сторени други кривични дела.На второто лице, жител на Гостивар, му се пронајдени 10 грама дрога – марихуана.Во третиот предмет, осомничениот кој е жител на кичевско село, во својот дом криел 29 грама марихуана и 39 семки растителна материја од непознато потекло. Јавниот обвинител донесе Наредба за вештачење на пронајдениот материјал.Основното јавно обвинителство Гостивар до судија на претходна постапка за сите тројца осомничени побара изрекување на мерка притвор, ценејќи дека се исполнети основите. Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар ги прифати предлозите и на осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ наоѓа решенија за администрација по мерит систем, Мицкоски и Милошоски молчат и го потврдуваат нивниот непотизам

Веќе трет ден во ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол за непотизмот во државата, молчат за вработувањата во државниот сектор на роднините на Христијан Мицкоски, велат од СДСМ.„Молк и за вработените роднини на Антонио Милошоски, безмалку целото негово семејство е вработено во државни институции.Молчат оние што ја преполнија администрацијата со партиски и роднински кадри.Не се сите исти.СДСМ одговорно и внимателно ја слуша јавноста, бара и наоѓа решенија за администрација по мерит систем. СДСМ повикува на етички и морални чекори и веќе има повлекувања.Наместо да шири лажен морал, Мицкоски да го повика својот роднина да се повлече од ЕЛЕМ турс, да ги повика снаата, вујкото, братучедот, братучедтката и зетот на Милошоски да се повлечат од работните места во администрацијата.Ајде ВМРО-ДПМНЕ, ајде Мицкоски и Милошоски покажете дали имате образ, достоинство и интегритет?Време е да почне повлекувањето на роднините на Мицкоски и Милошовски во име на борбата против непотизмот“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
53110767_2216612731718260_1488360348799991808_o

Поставени две платоа за смирување на сообраќајот

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве на улица „Тодор Александров“ пред основното училиште „Кочо Рацин“ поставија две платоа за смирување на сообраќајот.о Овие платоа најчесто се поставуваат пред пешачки премини во близина на училишта со цел намалување на брзината на возилата и зголемување на безбедноста на учениците.Градот Скопје изминатиот период постави платоа за смирување на сообраќај на улицата „Козле“ и на улицата „Борис Сарафов“, а во иднина ќе продолжи поставувањето и на други локации.

Скопје | пред 7 години

7 год.
5-7

Шекеринска – Џачка: Успехот на Македонија за членство во НАТО е успех за целиот регион и НАТО

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Министерството за одбрана се сретна со министерката за одбрана на Република Албанија, Олта Џачка која за прв пат е во официјална посета на Република Северна Македонија.Министерката Шекеринска потенцираше дека земјите од регионот покажаа дека знаат да соработуваат, знаат да се почитуваат и дека знаат во најважните моменти да си дадат целосна поддршка.„Република Албанија тоа го направи со континуираната поддршка за нашето членство во НАТО Алијансата, но и со извонредно брзата реакција кога на 14ти овој месец, како третата земја, веднаш по Грција и Словенија, го ратификува Пристапниот протокол, за пристапување на Северна Македонија во НАТО Алијансата. Така постапуваат само добрите пријатели и добри сојузници и бидете сигурни дека тоа го цениме и дека тоа го паметиме“, рече министерката Шекеринска.Министерката додаде дека изминатава година покрај фокусот за членство во НАТО и ЕУ, Владата интензивно работеше и на подобро функционирање на институциите. Таа како пример го наведе успехот на Министерството за одбрана, кое според анализите на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на институциите во делот на јавните набавки, направи пробив меѓу првите три институции со највисока транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки.Министерката Шекеринска изрази надеж дека во годината кога се одбележува 10 годишниот јубилеј на Албанија како членка на НАТО, и 70 години од основањето на НАТО, Алијансата ќе стане побогата за уште една членка, со Република Северна Македонија.Министерката Џачка во својата изјава кажа дека потпишувањето на протоколот за членство во НАТО е еден многу важен момент, а со тоа, целиот регион ќе биде побезбеден, постабилен и на иднината ќе може да гледа со повеќе оптимизам.„Албанија, стабилноста и безбедноста на Република Северна Македонија ја гледа како еден главен услов за безбедност на целиот регион, а нашата поддршка во овој голем процес беше една од главните стратешки цели.  Тоа е причината поради која Албанија го ратификуваше протоколот за членство во НАТО и тоа е причината поради која ние Албанците, но и сите кои што сакаат стабилност и развој на регионот, добрите можности на соседите ги гледаме на тој начин“.Министерката Џачка истакна дека граѓаните без разлика на етничката припадност, вера, јазик, сакаат развој, подобар живот, спокој и безбедна средина, и дека регионот тргна во тој правец.За време на средбата на двете делегации се разговараше за подобрување на меѓусебната соработка во областа на одбраната, заедничкиот придонес во мировната мисија „Одлучна поддршка“, учество во иницијативата САД – Јадранска соработка и учеството на припадниците на нашата Армија на мултинационалната вежба која оваа година ќе се одржи во Албанија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
27-28-sednica-na-sovet-2019-2

Шилегов: Ќе бидат извршени корекции на проектот „Зелен покрив“ на ГТЦ

Зелениот покрив на ГТЦ е исполнување на ветеното на Скопје и граѓаните, а со него се добива една нова, урбана и зелена површина за граѓаните. Ова е дел од одговорот на градоначалникот Шилегов на советничкото прашање поставено на денешната седница, поврзано со реакциите околу идејниот проект за изведба на зелен покрив на дел од ГТЦ.- Градот Скопје заедно со УНДП, пред повеќе од 8 месеци потпиша меморандум за соработка од областа на спроведувањето на Стратегијата за климатски промени - Отпорно Скопје, поврзана со мапирање на геотермални точки. Спроведените истражувања покажаа дека покривот на ГТЦ е за 10 степени потопол од пре останатиот простор околу плоштадот Македонија и оттука произлезе идејата дел од овој покрив да биде зазеленет – кажа Шилегов.Во однос на реакциите околу идејното решение и изгледот на зелениот покрив на ГТЦ, градоначалникот потенцираше дека истото е донација од АД „Градски трговски центар“, кој е посебен правен субјект во државна сопственост и со кој  Град Скопје нема допирна точка во структурите на управување на ова претпријатие.- Идејниот проект за изгледот ни беше доставен од ГТЦ, како трета страна во проектот. Град Скопје учествува во овој проект преку финансирање на истиот и обезбедување на средствата, а УНДП ја спроведе постапката. Имајќи предвид дека имаше извесни реакции во јавноста, веќе стапивме во контакт со архитектите и фелата и во рамките на законските можности и правилата определени од УНДП, преку „Скопје урбан центар“ каде што се членки Здружението на архитекти и Архитектонскиот факултет ќе бидат извршени определи корекции на проектот – додаде Шилегов.Тој спомена дека целокупниот идеен и изведбен проект за зелениот покрив на Градскиот трговски центар, согласно со кој Градот Скопје ќе инвестира во проектот, е донација од претпријатието. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
49721928_353393875477702_3728138725117394944_n

СДСМ: Не е точно дека пратеник од СДСМ имал некаква улога во прекинувањето на седницата

Не е точно дека кој било пратеник од пратеничката група на СДСМ имал некаква улога во прекинувањето на седницата за одземање на имунитетот на пратеникот Велјановски, велат од СДСМ.„Претседателот на Собранието, Талат Џафери, е тој што требало да обезбеди да заврши седницата и да се премине на одлучување односно гласање.Воопшто немало ситуација којашто наликува на потреба од прекинување на седницата.Пратениците беа подготвени да овозможат правдата за 27 април да се тера до крај, но претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата и не дозволи да има гласање.Како искусен и искусен претседател на Собранието, Талат Џафери бил сведок на многу посложени, дури и конфликтни ситуации во минатото, во собраниската сала, коишто соодветно се менаџирале во интерес на процесите и исполнување на уставната улога на парламентот.Претседателот на Собранието, Талат Џафери, должи одговор на граѓаните зошто не ја менаџираше ситуацијата туку ја прекина седницата и не дозволи гласање“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања