Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
Нема фотографија

Силјановска смета дека натпартиски кандидат, а се вози со функционери на ВМРО-ДПМНЕ

Десет лица се пријавија на конкурсот од ВМРО-ДПМНЕ, кој партијата го расипша за да најде идеален кандидат за претседател. Еден од кандидатите е професорката Гордана Силјановска Давкова која предава на Правниот факултет во Скопје, а истовремено е член на Институтот за правни и политички науки, катедра за уставно право и политички систем.Таа во својата прва видео изјава по објавувањето на имињата на кандидатите рече:„По долго размислување решив да ја прфатам иницијативата на моите почитувани колеги, за натпартиски кандидат на следните претседателски избори. Токму поради тоа ја барам поддршката од сите граѓани на Р Македонија од ковенцијта на ВМРО ДПМНЕ, како и од други политички субјекти. Она што ме водеше во одлуката беше свеста за насушната потреба во Р Македонија од глас на разумот, глас на правото, правдата и моралот, глс на вистинските европски вредости“, рече во видео обраќањето Силјановска Давкова .Од 6 до 16 февруари кандидатите ќе ги претстават своите програми, најпрво по општинските комитети за финално да ја претстават својата програма и пред делегатите на конгресот на ВМРО ДПМНЕ на 16 февруари во Струга.Потпрестедателот на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски рече дека сите кандидати имаат и ќе имаат исти третман се до одбирањето на финалниот кандидат.Но, дали е така?Силјановска се шета по општински комитетиИмено веднаш по објавувањето на имињата на кандидатите, професорката Силаноска ја видовме дека посетила неколку општински комитети, но и истакнати партиски членови од ВМРО ДПМНЕ не се кријат, туку јавно ја истакнуваат подршката дека и ја даваат токму неа. Од друга страна, вчера во ОК Ѓорче Петров наместо со такси, пристигна со експретседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Неловски.Но, повторно има „но“.... Силјановска рече: „Решив да ја прифатам иницијативата на моите почитувани колеги, за натпартиски кандидат на следните претседателски избори“... на каков натпартиски кандидат мисли кога ја одбра опозициската ВМРО ДПМНЕ како партија која треба да застане зад неа.Но, дали е ВМРО ДПМНЕ или СДСМ, зарем е важно, кога натпартиски во секој случај значи независен кандат, кога веќе избираш страна, неможе да биде натпартиски кандидат. Можеби пак Силјановска се одлучи на овој чекор затоа што нетпартиски кандидати тешко успеваат да ги соберат потребните 10.000 потписи на граѓани за да влезат во трка за прв човек на државата.Можеби малкумина денес знаат дека Силјановска беше и министер без ресор од 1992 до 1994 година во првата влада која како премиер ја предводеше Бранко Црвенковски. Година претходно била и член на Уставната комисија на Собранието на Република Македонија во 1991 година која презеде значајни чекори во независноста на земјата. Докторирала со почести во 1993 година на Универзитетот во Љубљана. Основач е и на првиот Совет на европско движење во Македонија. Во периодот од 2012 до 2016 беше и член на Веницијанската комисија за малцински прашања.Силјановска овој период на јавноста и е добро позната како жесток критичар на двојазичноста, таа во сите свои јавни настапи цврсто застана против новиот Закон за употреба на јазиците и таа беше голем борец против Преспанскиот договор.За неа Преспанскиот договор е неприфатлив и покажува дека Македонија е земја во распаѓање која се ставила во подредена улога на Грција со дозвола да и се мешаат дрско во внатрешните прашања и вели дека „покраината Македонија во Грција веќе го прогласи Солун како главен град на Македонија“ и тоа пред странски гости (на парадата во Солун на 28 октомври н.з.) и притоа истакна дека ние ќе го изгубиме најважното – придавката „македонски“. Но, нештата се менуваат. Вчера таа рече дека како претседателски кандидат гледа од друга дистанца и агол, за разлика од гледиштето како научник и професор. Па така, Силјановска можеби само ќе го прифати договорот од Преспа, без да се противи.Од друга страна Силјановска е омилен професор кај студентите. Податоците од истражувањето на Факултети.мк спроведено на повеќе факултети во рамките на УКИМ во 2016 год покажаа дека според студентите од најстариот правен факултет во земјава п професорката Гордана Силјановска е професионална, објективна и пријателски расположена.Студентите велат дека најфасцинантно кај професорката Силјановска што на предавањата, покрај програмата што е задолжителна од учебниците, внесува и многу други теми, како историски така и актуелни. На испитите што се полагаат кај неа, посочуваат студентите, никогаш не бара точно раскажани реченици од точка до точка, туку поставува прашања со кои би можеле да ги искажеме сопствените ставови на одредена тема. Таа никогаш, истакнуваат анкетираните студенти, не ја намалува оценката само затоа што студентот размислува на различен начин од неа.Дали Силјановска ќе ја подржат делегатите на конгресот на ВМРО ДПМНЕ на 16 февруари, останува да видиме.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Cistenje-deponija-1

Се расчистува депонија во населбата Лисиче

Општина Аеродром во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ деновиве ја расчистува депонијата во населбата Лисиче, на раскрсницата меѓу улиците „Ернест Телман“, „Тодор Чангов“ и „Богомилски Поход“.Во расчистувањето на локацијата се вклучени сезонски работници од Општина Аеродром, како и механизација на ЈП „Комунална хигиена“.Општина Аеродром во изминатиот период ги детектираше сите диви депонии на нејзината територијата и во неколку наврати спроведе активности за нивно расчистување.Комуналните инспектори вршат редовна контрола на теренот, со цел да се спречи создавање нови депонии. Општината, истовремено, ги повикува граѓаните, доколку забележат фрлање отпад на несоодветни локации да пријават на телефонскиот број 075 316 515.

Скопје | пред 7 години

7 год.
pazardzii-1

Продолжуваат консултациите помеѓу институциите, пазарџиите и другите засегнати страни со цел да се изнајдат взаемно прифатливи решенија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за економија, Крешник Бектеши вчера се сретнаа со граѓани кои работат на пазарите чиешто здружение е во процес на формирање и регистрација.На средбата премиерот Заев и министерот Бектеши ги слушнаа аргументите и барањата на граѓаните што работат на пазарите и ги потврдија заложбите на Владата на Република Македонија дека гласот на граѓаните се слуша при носењето на одлуки кои треба да бидат во интерес на граѓаните.Премиерот Заев рече дека Законот за зелени пазари се одложува за една година и беше постигната согласност дека ќе продолжат консултациите помеѓу институциите, пазарџиите и другите засегнати страни со цел да се изнајдат взаемно прифатливи решенија кои ќе бидат во интерес на пазарџиите и сите засегнати страни кои работат во оваа област, во насока на воспоставување на ред, намалување на нелојалната конкуренција и регулирање на дејноста.

Скопје | пред 7 години

7 год.
zaev-nina

Премиерот Заев на средба со Нина Костовска: Да продолжиме да креираме општество еднакво за сите, во кое различноста е можност, а не пречка

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев се сретна со Нина Костовска, наша сограѓанка од Тетово, која својот живот го поминува со Даунов синдром.Во разговорот со премиерот Заев таа ја раскажа својата приказната и животен пат, како и предизвиците со кои секојдневно се соочувала, но исто така истакна дека во ниту еден момент не се откажала, ниту пак помислила на тоа.Таа ги живее и извршува сите вообичаени активности, како што тоа го прават нејзините врсници, и дипломираше на Факултетот за македонски јазик и книжевност, истовремено помагајќи во аптеката на нејзините родители.Нејзиниот животен став, Нина Костовска, како едно од заштитните лица на УНИЦЕФ, го пренесе и во кампањата „See the ability not the disability” и низ разговорот со Претседателот на Владата на РМ Заев ги потенцираше како позитивни системските промени што се остварија или што се спроведуваат во рамките на политиките за креирање општество еднакво за сите, во кое се почитуваат различностите како можност, а не како пречка, за вклучување во општествените текови.Во разговорот со премиерот Заев таа ја прифати понудата да биде времено ангажирана како библиотекар во библиотеката на Владата на РМ.

Скопје | пред 7 години

7 год.
ograda-vlada-1

Започна отстранувањето на оградата од пред Влада

По најавата, владата експресно почна да ја отстранува ограда пред нејзините порти. Одлуката ја донесе Владата на последната седница, а целта на таквиот чекор, како што соопштија, е ослободување на просторот.За отстранувањето на железната ограда пред Владата нема да биде потрошен ниту еден денар од парите на граѓаните, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски и додаде дека за отстранувањето ќе се искористат внатрешните ресурси од Владата, односно постојните капацитети на службите во рамки на Владата.„Оградата ќе биде ставена во депо, а сите понатамошно одлуки во врска со оградата и просторот околу зградата на Владата, ќе бидат донесени низ инклузивен процес во консултација со граѓаните“, изјви Бошњаковски.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Dea-Djurdjevic

Во тешка сообраќајна несреќа српска водителка остана без рака

На српската водителка Деа Џуричевиќ и ја ампутирале раката среде улица по страшна несреќа кога утрово автобус се забил во нејзиниот автомобил. Несреќата се случила во 6 часот.Во несреќата има уште двајца тешко повредени. На местото на несреќата интервенирале три екипи на брза помош. Повредените се префрлени на Воено - медицинската академија..

Свет | пред 7 години

7 год.
amdi-branko

„После Бранко, следува Амди: Малку виски, малку кока-кола“ - еве што се пишува на „Твитер“

По вчерашното интервју на Амди Бајрам на ТВ24, на „Твитер“ се појавија низа реакции. Дел од нив позитивни, останатите негативни. Но голем дел од корисниците на социјалната мрежа велат „Да собереме потписи Амди да се кандидира за претседател, барем ќе се смееме“.Во прилог, останатите:

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Шекеринска за вработувањето на деца од функционери: Македонија е мала, сите имаме многу братучеди

Пишува: ИРЛ.мкМакедонија е мала држава и луѓето имаат многу роднини и пријатели, вака сумирано звучеше „одбраната“ на министерката за одбрана Радмила Шекеринска за се погласните обвинувања во јавноста дека владејачката СДСМ и нејзините партнери ги злоупотребуваат својата моќ и влијание  за да ги вработуваат своите блиски во атрактивни државни институции. Во интервју со новинарот Боби Христов кое беше посветено на евроатланските интеграции, Шеќеринска кусо одговораше и за актуелните скандали со индиции за непотизам  кои ги открија  медиумите.Боби Христов: Што значи она „ќе не биде“ кое што го гледаме на социјалните профили на многу партиски функционери. Порака до сите граѓани или порака до Бектеши дека може да си ја вработи сестрата во Мепсо, до Емилија Александрова да го вработи својот син во Фондот за иновации и дузина функционери и притоа да се прати порака дека животот не дошол за сите, но е многу погоден за оние кои се на функција?Радмила Шекеринска: Не сакам убавата вест да ја третираме како дел од овие дебати. Јас сум спремна и тие да дискутирам, не за 30 секунди, ќе се согласите. Меѓутоа кога ќе ми најдете држава со два милиони во кои што семејствата на сите некако ќе исчезнат и нема да се дискутира, јас ќе ви кажам браво!, одговори Шекеринска.Министерката за одбрана во интервјуто индиректно се пожали на несензибилизирана јавност за околностите во земјата кои влијаат да се креира перцепција дека постои непотизам, кога, всушност, станува збор за несреќната околност да  се биде мала земја во која сите се познаваат или се роднини. Се даде себеси како личен пример откако вчера на седницата на Комисијата во парламентот за избор на членови на Антикорупциската комисија се дозна дека една кандидатка е во роднинска врска со Шекеринска. На прашање на новинарката Тамара Чаусидис дали е во роднинска врска со Шекеринска, кандидатката одговори дека „можеби станува збор за далечни роднини“.„Вчера на пример дознав од прашање на една ваша колешка дека сум имала некоја си роднина, која патем речено не сум ја знаела, која конкурирала за Антикорупциска. Еве ќе ви кажам мој пример, мојата почината баба има 40 први братучеди, мојот починат дедо има 38 први братучеди. Своите втори и сите трети не ги познавам“,  рече Шекеринска за Телма.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-8

Во Скопје за 24 часа: Полицијата казни 122 возачи за погрешно паркирање

Десет лица се здобиле со лесни телесни повреди во осум од вкупно 15 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во седум сообраќајни несреќи е причинета материјална штета.Според податоците на Министерството за внатрешни работи полицијата од сообраќај исклучила 41 возач, кои се движеле со поголема брзина од дозволената, двајца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 15 пред да се стекнат со право на управување моторно возило, еден возач почетник и девет нерегистрирани возила.Полицијата санкционирала и 122 возачи за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подгинати биле 90 возила.Санкционирани се и пет возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците, шест за не правилно престројување, еден возач кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, тројца возачи за не поседување пропишана зимска опрема во возилата, осум за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторно возило и девет за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на моторно возило.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Се урна зграда во Истанбул - двајца загинати

Осумкатница се урна во Истанбул во средата при што загинаа најмалку две лица, пренесува „Вашингтон пост“ цитирајќи ги турските власти.Спасувачките екипи извлекле шестмина други од урнатините и работат на ослободување на повеќемина кои се заробени под урнатините.„Зградата, во која живееле 43 лица во 14 стана, има приземје на ниво на улиците и седум ката,“ вели истанбулскиот гувернер Али Јерликаја, додавајќи дека последните три ката биле изградени нелегално.Се уште не се знае колку луѓе се заробени под урнатините, но поранешниот премиер Бинали Јилдирим изјави дека спасувачите оствариле контакт со уште четири лица, кои се уште се наоѓаат под урнатините. Јилдирим рече дека и соседните згради биле евакуирани во случај да се оштетени.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Без струја делови на Кисела Вода, Центар, Карпош...

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат повеќе скопси населби.Во периодот струја ќе немаат од 8:30 до 15 часот корисниците од улиците Сердарот и Ратко Митровиќ и целиот реон кај ТИПО и Туланата (општина Кисела Вода). Во периодот од 8 до 15 часот без струја ќе останат и корисниците од броевите 57. 59 и 108 на ул. Востаничка (општина Центар), од 13 до 15 часот корисниците од сите стопански и нестопански објекти на територијата на општина Зелениково (општина Зелениково).Во периодот од 9 до 11 часот струја ќе немаат корисниците од непарните броеви од бр. 65 до бр. 81 на ул. Јуриј Гагарин, парните броеви од бр. 4 до бр. 18 на истата улица и зграда бр. 149 на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов (општина Карпош), од 9 до 12 часот дел од корисниците од ул. Ацо Шопов т.е. околу бројот 9 (општина Бутел), од 12:30 до 14:30 часот делови од улиците Шарпланинска, Пекљане, Торонто и Антон Кецкаров (општина Шуто Оризари)во периодот од 9:15 до 15:00 часот корисниците од дел од с. Рашче (општина Сарај).

Скопје | пред 7 години

7 год.
prestrelka-banka

Престрелка близу седиште на банка

Холандската полиција вечерва ликвидира вооружен напаѓач за време на престрелка во близина на седиштето на централната Банка на Холандија (ДНБ) во Амстердам.Како што јавија холандските медиуми, повикувајќи се на изјави на очевидци, во близина на седиштето на ДНБ дошло до престрелка меѓу полицијата и вооружен маж, кој притоа бил убиен.Полицијата го блокира реонот околу местото на инциднетот, каде пристигнале неколку амбулантни возила.

Свет | пред 7 години

7 год.
sekerinska

Северна Македонија ќе плаќа 1,2 милиони евра годишно за НАТО

Котизацијата за членството на Република Македонија во НАТО годишно ќе ја чинат земјата 1,2 милиони евра, изјави вечерва вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.-Според разговорите кои што ги имавме во НАТО, проценките, калкулациите, негде околу 1,2 милиони евра ќе придонесува Македонија во буџетот за НАТО. Тоа не е голема сума. Факт е дека најголемиот дел од инвестирањето во НАТО е инвестирање во нашата одбрана и во нашата армија, а дека овој дел на трошоци не се трошоци од кои зависи буџетот на една земја, рече Шекеринска во гостувањето на емисијата Топ тема на ТВ Телма.Таа најави дека по потшишувањето на протоколот за членство во НАТО ќе следи зголемување на персоналот на Мисијата на Македонија во седиштето на Алијансата поради зголемениот обем на работа.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sazdo-696x424

На автобуската кај Автокоманда денеска ќе се врши реконструкција на убиството на Саздо

На судењето за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски денеска ќе се врши реконструкција на настанот на самото место кај автобуската постројка во Автокоманда во присуство на сведоците и вештите лица.Случајот го води судијката Даниела Алексовска Стојановска и се наоѓа во доказна постапка, а на минатотот рочиште исказ даваа обвинетите Бесим Бења и Скендер Демири.Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.

Македонија | пред 7 години

7 год.
amdi

Амди Бајрам се смета за поискусен политичар од Мицкоски

Зоран Заев има големо срце, а Христијан Мицкоски нема искуство во политиката. Ова е ставот на лидерот на СРМ Амди Бајрам кој ќе се трка за претседателската фотелја.За разлика од Груевски, Заев е покомуникативен, тврди Амди кој вели дека со премиерот досега се сретнал неколку пати и верува дека за Ромите во државата ќе создаде подобри услови за живот.Во интервју за ТВ 24 Амди кажа дека е сериозен во намерата да се кандидира за претседател а веќе и влезе во изборна кампања.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Избрани се добитниците на книжевните награди на ДПМ за 2018 година

Жири-комисиите составени од истакнати писатели, литературни критичари и есеисти ги донесоа одлуките за добитници натрадиционалните награди на Друштвото на писатели на Македонија за книжевната продукција во изминатата 2018 година. На Конкурсот распишан во текот на месец декември минатата година беа поднесени вкупно 61 книжевно дело во конкуренција за петте награди.Според одлуките на комисиите за романот Маџун Влада Урошевиќ ја добива наградата „Стале Попов“, за поетската збирка Патот Виолета Танчева-Златева ја добива наградата „Ацо Шопов“, за критичкоесеистичката книга Мозаик од гласови Лидија Капушевска-Дракулевска ја добива наградата „Димитар Митрев“, за краткиот роман за деца Не паркирај гаража Трајче Кацаров ја добива наградата „Ванчо Николески“ и наградата „Мост“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите во Македонија ја добива Рифат Емин за поетската збирка Bi-nihauet (Без-конечно) на турски јазик.Комисиите работеа во состав: Лорета Георгиевска-Јаковлева (претседател), Кристина Николовска и Оливера Ќорвезироска (за проза); Владимир Мартиновски (претседател), Вања Изова-Велева и Благој Самоников (за поезија); Васил Тоциновски (претседател), Анастасија Ѓурчинова и Јагода Михајловска-Георгиева (за критика и есеистика); Киро Донев (претседател), Мито Спасевски и Фејзи Бојку (за литература за деца) и Гордана Стојковска (претседател), Октај Ахмед и Делвина Крлуку (закнига напишана на некој од јазиците на националностите во Македонија).Наградите ќе бидат врачени на свеченоста што ќе се одржи на 13 февруари (среда) со почеток во 11 часот во просториите на Друштвото, во знак на одбележување на 72-рата годишнина од основањето на писателската асоцијација.

Македонија | пред 7 години

7 год.
man_original

МАН: Македонија - членка на НАТО, значи почитување на слободата на медиумите

Македонската асоцијација на новинари (МАН) го поздравува потпишувањето на Пристапниот протокол за влез на Македонија во НАТО од 29 земји членки на Алијансата.„Членките на НАТО, особено Македонија како една од нив во иднина, имаат сериозна обврска за почитување на слободата на медиумите и професионалните стандарди на новинарите. Тоа беше потенцирано и на Самитот во Брисел, во јули минатата година, кога земјите – членки посочија дека освен имплементација на Договорот од Преспа, ги охрабруваат натамошните реформи во земјава, особено слободата на медумите.Затоа, ги повикуваме сите надлежни институции и политички чинители сериозно да си ја сфатат домашната задача“, велат од МАН.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сончево со умерена облачност, викендов повисоки температури

Денес времето ќе биде сончво со умерена облачност и со умерен до зсилен ветер од северен и северозападен правец. Температурата ќе се движи од 4 до 9 степени.Во Скопје слично време со температура од 2 до 8 степени.Следува период на стабилно време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Oд петок и особено за време на викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Магла на Стража, Ѓавато и Плетвар

Од 05.40ч. укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец крак-Маврово-Дебар.Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.Намалена видливост од 30 до 50м. поради магла има на планинските премини Стража, Ѓавато и Плетвар.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
amdi-12

Бајрам за кампањта ќе дели Амди - кола, тој вели „Јас сум многу јак, бренд си е бренд“

Кандидатот за претседател на Македонија, Амди Бајрам вечерва гостувајќи во телевизија 24 рече:-Јас сум многу јак, имам поддршка од Македонците, од Албанците. Јас да ги убедувам?Самиот народ ќе си се потпишува за мојата кандидатура. Бренд си е бренд, нема што тука, рече Бајрам и извади шише со неговиот лик.Бајрам истакна дека шипиња Кока-кола со неговиот лик, ќе дели и за време на кампањта, само што нема да се викаат кока - кола, туку Амди -кола.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања