Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
DSC_7734

Заев се ретна со поглаварите и претставници на верските заедници во Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со поглаварите и претставници на верските заедници наведени во Уставот на Република Македонија, поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан, поглаварот на Исламската Верска Заедница во Република Македонија, Рејз Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, поглаварот на Католичката црква во Република Македонија, Скопски бискуп и епарх струмичко – скопски, Киро Стојанов, проповедник Михаил Цеков од Евангелско – методистичката црква во Република Македонија и Берта Романо Николиќ, претседателка на Еврејската заедница во Република Македонија.Поглаварите и претставници на верски заедници, упатија честитки до премиерот Заев за денешниот настан во Брисел, каде е потпишан Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО. Заеднички е изразена верба дека тоа носи траен мир за Република Македонија, партиципација за мир во светот, но ќе донесе и целосно помирување дома, помеѓу сите граѓани кои живеат во нашата земја.На средбата е разговарано за актуелни прашања од значење за верските заедници. Изразена е заедничка согласност дека при функционирањето на државниот систем и на верските заедници треба да се почитува секуларниот карактер на државата, како што е предвидено со Уставот на Република Македонија. При тоа, разгледани се можности за подобрување на законските решенија во насока на унапредување на верските слободи и права.

Македонија | пред 7 години

7 год.
49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Горди сме што го препознавме моментот, важноста на оваа шанса за Македонија

„Денес, после 26 години, Македонија конечно го потпиша протоколот за членство во НАТО. На граѓаните им честитаме за овој важен момент кој за сите нас значи сигурност и мир.Горди сме што го препознавме моментот, важноста на оваа шанса за нашата татковина и искрено убедени ја поддржавме стабилноста и безбедноста за нашите граѓани.Пред нас има уште многу предизвици, исправено ги чекаме и кон сите реформи ќе пристапиме одговорно и целосно ќе се вложиме Македонија да биде успешна приказна на Балканот, интегрирана и во ЕУ“, велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ruskovska-i-galloway

Oбвинителката Русковска се сретна со амбасадорката Рејчел Галовеј

Денеска во просториите на Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основната јавна обвинителка Вилма Русковска беше домаќин на Нејзината екселенција – амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија – Рејчел Галовеј.Покрај искреното добредојде, обвинителката Русковска ја запозна амбасадорката со надлежностите на обвинителството со кое раководи и со предизвиците со кои секојдневно се соочува. Во исто време, стана збор за подготвеноста на обвинителството да се справи со организираниот криминал и корупцијата.Амбасадорката Галовеј ја истакна важноста на обвинителството за владеењето на правото во земјата, како и во процесуирањето на предметите од областа на економскиот криминал и корупцијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Иванов: Триесеттото место во НАТО Алијансата за Република Македонија беше заслужено, но за жал со променето име

Соопштение од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија. Истото го пренесуваме во целост:Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, секогаш се залагал за остварување на стратешките цели на Република Македонија.Претседателот Иванов го поздравува потпишувањето на пристапниот Протокол за членство на земјата во НАТО.Македонскиот претседател смета дека, за жал, останува фактот дека на денешното потпишување на Протоколот му претходеше случување на договор за промена на уставното име на Република Македонија, кој им нанесе трајна штета на македонските национални интереси.Триесеттото место во НАТО Алијансата за Република Македонија беше заслужено, имајќи предвид дека одамна се исполнети стандардите во одбраната и воената подготвеност на Армијата на Република Македонија, како резултат во кој придонес имаат сите Влади на Република Македонија, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот на Р Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kalina-aleksandar

(ВИДЕО) Една година по смртта на Александар и Калина, на Кајмакчалан одекна стара македонска охридска песна

Дваесет и петгодишна двојка со псевдоним Зарина сама се качи на врвот на Кајмакчалан и запеа стара македонска охридска песна, објави Репортер.мк.https://www.facebook.com/zarinaprvasevda/videos/299724214059789/Порталот пишува дека на Ниџе, во белината ечеше, „Ој Зарино прва севдо“ на 2.524 метри надморска висина, во зимски услови. Свесна дека на ова исто место лани загинаа двајцата македонски планинари, Калина Велеска и Александар Миновски, планинарката и пејачка Зарина ни раскажа дека не било сеедно додека се качувала, сосема сама, а во мислите постојано ѝ биле загинатите планинари.„Уште додека се качував, ги чувствував Александар и Калина, кои лани загинаа тука. Еве речиси една година ќе помина откако ги нема. Овој пат се качував сама, без никого. Полека одев, а тие постојано како да ми правеа друшво. Влегов во црквата ‘Св. Илија’, каде последен пат се потпишаа на планинарскиот дневник, раскажа за „Репортер“ планинарката и музичарка Зарина. Таа ни откри дека на 11 февруари планирано е искачување на Кајмакчалан во чест на загинатите планинари, објави Репортер.мк .Текстот во целост на Репортер.мк 

Македонија | пред 7 години

7 год.
devojka-emirati-1

Цветковиќ: Да помогнеме злоставувана девојка од Емирати да не ја депортираат

Ирена Цветковиќ извршна директорка во Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“- Скопје, објави статус на социјалната мрежа фејсбук во која бара помош за девојка од Емирати, која е во затвор во Македонија.Цветковиќ објаснува:Девојкава е побегната од Емирати, поради тоа што е злоставувана од татко и и браќата. Врз неа е извршено семејно насилство и големи се шансите да ја погубат ако се врати.Моментално е во затвор во Македонија. Постои голем ризик нашите да ја депортират.Ги молам сите надлежни институции, невладини за заштита на жените и било какви здруженија за заштита на човекови права, да не дозволат да ја депортираме.Ве молам споделете и помогнете да си ја најде слободата. Верувам Македонија ќе застане на страната на слободниот избор , напиша Цветковиќ на ФБ.https://www.facebook.com/irena.cvetkovik/posts/10218442141789280?__tn__=-R

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski-mala

Груевски со нов статус на ФБ: Во парламентот повторно ќе се собереме 2/3 мнозинство и ќе се врати името Република Македонија!

Екс премиерот Никола Груевски паралелно со ратификацијата на протоколот за членство на Македонија во НАТО, напиша статус на социјалната мрежа фејсбук кој го наслови Нова парадигма. За името. При тоа Груевски го честиташе денешното потпишување на протоколот за НАТО. но додаде дека треба да размислуваме за нова национална стратегија по новонастанатата ситуацијa со името.Статусот на Груевски беше објавен на Скопје1 во целот. Но, предмалку Груевски објави и втор дел.Статусот на екс премиерот и овој пат го пренесуваме во целост:6. Постапка за санирање на штетата од преспанскиот договорПотоа, по реализацијата на овие цели и интеграции во НАТО и ЕУ, треба да се донесе политичка елита на власт, која ќе превземе конкретни одговорности и активности за корекција на штетата од овој договор, транспарентно нагласувајки и давајки јасно до знаење дека нема и нема да има никакви територјални или било какви други негативни претензии кон сите соседи кои би го нарушиле мирот и стабилноста. Имајки во обзир во каква ситуација не донесе оваа марионетска власт, јасно е дека тоа ќе биде многу тешка задача и цел за која ќе треба голема умешност, храброст и мудрост на тогашната влада и Премиер.Некој со право ќе рече дека нема да е лесно повторно да се соберат 2/3 во парламентот. Ако се има подршка од народот, но и цврста воља, храброст, упорност и посветеност, во политиката се е изводливо.Тогаш, никој нема да го има аргументот од типот дека поважно е да станеме членки на НАТО и ЕУ, отколку да го зачуваме името и идентитетот, затоа што тогаш веќе ќе сме членки.7. Важни активности за годините до исправање на штетата. Справување со пропагандите и обидите за индоктринација.Периодот од сега па до санирање на направената штета е многу важен. Би рекол: пресуден.Погледнете само кратко во историјата и веднаш ќе знаете што ќе се случува?Ќе има неверојатна и многу силна битка на пропаганди за менување на националната свест и начин на размислување во однос на името, идентитетот и историјата на македонскиот народ. Несамо на свеста на помладите и идните генерации преку учебниците и училиштата, туку и на повозрасните граѓани преку невидена досега и крајно суптилна а можеби и брутална перманентна кампања истовремено, дебело платена пропаганда.Цената и бројот на луѓето кои ќе живеат од пропаганда во корист на туѓи центри ќе расте.Исто како што било и порано низ историјата, на пример пред 100 или 120 години. Тогаш пропагандата била преку црквите кои биле највлијатени, свештениците, учителите, подоцна и преку весниците...Во голема мера и влијанието на елитата во општеството која не целосно, но значаен дел секогаш конформистички се приклонува онаму каде се чуствува побезбедно, а тоа е секогаш кај посилниот а не кај оној на чија страна е правдата. Сега со сите средства на располагање на модерното време, тргнувајки од истите оние од минатото, ако самите дозволат да станат средство за таква пропаганда, па преку интернетот, социјалните мрежи, медиумското влијание телевизиите и сите други постоечки како и медиуми и техники кои непостојат денес но во иднина ќе се појават, преку поткупени, уценети, марионетски и разни видови неодговорни политичари, историчари, професори и други учени и квази учени луѓе.Идејата на таа пропаганда ќе биде преку промена на свеста и начинот на размислување, во смисла дека вака ни е подобро, дека немаме никаква загуба од тоа што попуштивме, дека всушност претходно сме биле искомплексирани, во заблуда, ретроградни, заведени, заробени и слично, ама веќе сме модерни, слободни, напредни, посакувани, ценети, прифатени, и не сме се тоа што сме биле, итн.итн. И ние навистина сето тоа ќе бидеме, но поразени. Поразени по прашањето на нашиот идентите, име, историја, култура, самоопределување...СЛОБОДА!!! Поразени со затворено македонско прашање на штета на македонците. Од македонците ќе зависи дали ќе го прифатат тоа долгорочно. Краткорчно веќе ни е наметнато.Разноразни НВО, фондации,,,филантропи,, ,здруженија и слично кои ќе бидат параван на туѓата пропаганда ќе продолжат да ги таргетираат најдобрите и најнапредни млади луѓе во општеството, ќе им даваат огромни можности за лесна заработка, финсирање на нивно подобро образование и патувања низ светот, со цел да дозволат да бидат изложени на идоктринација и по можност и самите да бидат обучени за индоктринатори на останатото население или барем нивната околина. Да тоа е правиот збор: индоктринација.Медиуми кои ќе биде јасно дека работат на некомерцијална основа, врбувани сопственици на медиуми, голем дел од најдобрите политички аналитичари, професори, или било какви креатори на јавното мислење, се ќе биде ставено во погон и финасиски подмирено за една силна индоктринација за дефинитивно менување и бришење на националната свест и начин на размислување како последна опасност за опстанок на македонската нација, идентитет, име и свест за историјата каква што била реално.Целта меѓудругото ќе биде сите кои работат во тој правец да се ,,ѕвездите,, во општеството, успешните, елитата, пример на кој секој треба да се угледа за да е ценет и почитуван, преплатени, превреднувани..., а тие што мислат спротивно и што се борат за македонската национална кауза да се ретроградните, маргиналците, да се опишани како забегани, криминалци, насилници, нереални, прости, конфликтни, проблематични личности и назадни.Па зарем е сега различно?Да не заборавиме: најсилен одговор на сите вакви пропаганди насочени кон младите е домашното воспитување и влијание. Најдобра битка до победата против било какви учебници кои ќе им ги наметнат на нашите деца, е влијанието, подучувањето и активното објаснување и креирање свест од страна на родителите. Тоа е посилно од се, и најсилен одговор на пропагандите, ако е систематски и во навремена возраст започнато. Како би опстојала македонската свест низ децениите под турско, српско, бугарско итн ако небиле пренесувањата на националната свест во домот од колено на колено?!Пропагандата ќе продолжи во правец на натамошно оцрнување, уништување, елиминирање и омаловажување на сите авторитети во општеството кои имаат поголемо влијание, кои народот може да ги следи, а кои истовремено не се откажуваат од враќање на одземенето и имаат јасна промакедонска определба често од некои пропагандисти од соседните земји наречени и обележани како ,,македонисти,,.Со сменето име, устав, стапени на сила меѓудржавени договори, подршка на тие договори од најмоќните западни земји, медиуми, соседи, НВО, во некои периоди и од власта во нашата земја, операцијата на исправање на неправдата или ,,санирањена штетата,, нема да биде ни приближно лесно како сега. Да, тоа нема да биде лесна битка ниту лесно време за водачите со патриотски идеи и нивните следбеници. За силите кои треба да се изложени во првите редови на отпорот со кој треба да се исправи неправдата и санира направената штета. А кога пак во историјата кога нашите предци ја граделе таа нација и држава било лесно? Никогаш!Дефинитивно со договорот во тој дел одиме ,многу назад, но сега веќе немаме избор. Не случајно јас долго време се борев и превземав огромен личен ризик но и последици, со цел да недојдеме во ваква ситуација, да загубиме нешто, да направиме огромна штета, па потоа да се бориме од почеток за да ја корегираме таа штета, со сите неизвесности, тешкотии, препреки, жртви и ризици кои ќе следат.Дури и меѓу најпатриотските сили,кај силите на отпорот на намерата засекогаш да се затвори македонското прашање на штета на македонците, исто како што е и сега, пропагандата ќе работи на концептот: раздели па владеј. Разузнавачките операции во правец на расцепкување и раскарување со цел ослабнување на десницата и изолирање и неутрализирање на таквите сили во левицата, ќе останат во врвот на агендата на многу страни. Стратегијата раздели па владеј провејува низ целата македонска историја а за жал и денес. Сепак таа не е нешто што и се случувала само на Македонија. Помоќните и поголемите, секогаш ја користеле во борбата против послабите и помалите.8. Што треба да прават политичарите, политичката елита која ќе е предводник на силите на отпорот и исправка на неправдата?1.Политичките сили и сите поединци кои не ја гледаат Македонија и македонскиот народ подчинети и под закрилата или како дел од народ на некоја соседна земја, а македонскиот јазик како нечиј дијалект треба да се главниот носител и предводник на таа долгорочна борба за исправање на неправдата.Се разбира, колку и да народот е свесен за својот идентитет, име, историја и припадност, потребно е континуирано парирање на антинационалната и антимакедонска пропаганда со контра пропаганда посилна од пропагандата, со разобличување на сите нечесни намери и скриени цели, до ниво до кое ќе сватат дека попусто си ги трошат парите во Македонија.Тоа треба да се прави внимателно без да се загрози членството во НАТО и ЕУ во наредните 6-7 години, или колку и да се. Но, да се прави.Погледнете што се случува сега, безмалку нема печатен весник кој не е финасиран од некаде, на некомерцијална основа. Слично е и со некои телевизии и со многу портали.Зарем не гледате со години куп аналитичари во чии ставови јасно се чита дека одработуваат нечија агенда. За политичари, да не говорам. Таквите добиваат најмногу простор во медиумите, најмногу привилегии, лесно заработени пари и слично. Ги има веќе многу а секојдневно се појавуваат и т.н. најчесто уценети или под закана ,,новоосвестени,, кои те се каат за минатото, те се извинуваат, те се докажуваат колку се за Нато и Европа иако тоа никогаш не било спорно, те не плашат со распад на земјата ако не се случи ова или она, итн.итн.Каква ќе биде таа анти пропаганда и промакедонска пропаганда, ќе си отценат идните водства на слободните македонски партии. Кои методи, кои средства и инструменти ќе ги употребат е работа на нивна одлука и на експерти кои можат да ги поучат. Тоа е ,,занатска,, работа. Стручни и креативни луѓе можат да дадат многу идеи.Важно е да се неутрализираат и да не успеат пропагандите кои македонците ќе ги направат да не се чуствуваат македонци, туку само ,,граѓани на светот,, кои всушност во реалноста се опколени со соседи грци, бугари, срби, албанци...Или пак да не се чуствуваат за северно македонци, или помирени со судбината од последиците на преспанскиот договор и сл.Не е проблем мнозинството во една нација да се чуствуваат за граѓани на светот, ако пред се и над тоа се чуствуваат најпрвин припадници на една земја и народ, а дури потоа граѓани на светот. Но е проблем ако сите граѓани во Европа и особено балканот пред се имаат силно национално чуство за припадност на одредена нација, а дури потоа се чуствуваат за граѓани на светот, а само ние обратно.Нашата битка ќе е полесна од аспект на стартна позиција на веќе формирана национална свест. Нивната од аспект на веќе сменет устав и стапени договори на сила, но и огромни пари од разни извори кои ќе ги вложат.Клучно е, во НАТО и ЕУ да влеземе, но ако веќе влегуваме со сменет устав и штетни договори, да влеземе барем со јасна, цврста и нескршлива национална свест како македонци, со непоколебливо чувство на македонски идентитет. Со свест дека сме држава на која само привремено и насила спротивно на вољата на мнозинството и е наметнат договор за смена на името, идентитетот, историјата по туѓ терк и замисла. И дека задача на секоја наредна влада потоа треба да биде, најпрвин да го одржи македонското прашање отворено со јасно дадено дознание дека не се помируваме со актуелната ситуација, а потоа да го затвори кога ќе се корегира неправдата и направената штета од овој период. А како ќе се корегира неправдата, како ќе се санира штетата, со кои политички и дипломатски чекори, со кои сојузници освоени во меѓувреме, со какви конкретни правни и политички чекори и постапки, тоа останува тогаш да одлучи која и да е влада. Народот си го кажа своето. Се се може кога многу се сака и кога е многу важно.И да не заборавиме. Подршката од надвор за преспанскиот договор е заради членството на Македонија во НАТО, и до некаде во ЕУ. Одкако тоа ќе се случи, макар и со насилно сменета влада, устав, незаконски гласања и објави во службен весник итн, интересот на меѓународната заедница за тоа како ние ќе се викаме и што мисли за тоа некоја друга земја, ќе биде далеку помал. Тоа е делот кој би бил обврска на идните влади и власти во Македонија по заминувањето на оваа марионетска влада.Министерството за култура, после овој договор, ќе остане нашето министерство за одбрана по промената на марионетската влада, непомалку одколку вистинското министерство за одбрана.9. Обврските на граѓаните.Овие години во кои со сила ќе не нарекуваат Северна Македонија, често и северномакедонци или само граѓани на ....., нагласено ќе ни повторуваат дека немаме сопствена историја пред 1945 година, треба како граѓани, како индивидуи да правиме чекори континуирано високо да го држиме отворено македонското прашање, да даваме личен ненасилен отпор, да изразуваме несогласување и да даваме до знаење на секое ниво и насекаде низ светот за неправдата која ни е сторена. Секој граѓанин. До влезот во НАТО и ЕУ, не толку владите. Граѓаните! Владите треба да покажат решителност, умешност и храброст по влезот во НАТО и ЕУ, а дотогаш да превземаат чекори вотој правец но и да не им даваат аргументи на било кој да го одложи влезот во НАТО и ЕУ. Што порано влеземе во НАТО и ЕУ, побрзо ќе започне етапата на корекција на нанесената штета.Секој граѓанин, на секој можен семинар, конференција, округла маса, дебата, или било каков меѓународен настан, секогаш кога за тоа има прилика и пригода и при тоа не се доведува во некаква голема опасност или ризик, треба да продолжи да дава до знаење, вербално или со разни гестови да потсетува, да промовира и информира за неправдата направена врз македонците. Така секој од нас преку свој мал минорен допринос, да го држи отворено прашањето, на секое ниво. Секој македонец да е дел од силите на отпорот. Да знае светот дека ние имаме свест за она што насила ни е одземено, дека не сме и никогаш нема да се помириме со тоа и да не се заборави. Секојдневно, на сите нивоа, од спортисти до инжињери, од лекари до натпреварувачи по математика или физика, од ученици до пензионери, од бизнисмени до администрација, секаде и секогаш да ја потенцираме, гласно, културно и гордо неправдата која ни е нанесена и непоколебливата решеност таа еден ден да се исправи.Како што илјадници наши граѓани во минатото правеа гестови на разни настани на меѓународно ниво тргајки ги или шкртајки ги, или покривајки ги табличките на масите каде пишуваше ФИРОМ, така и во иднина, секој слободномислечки македонец треба да најде своја креативна форма, во секој миг, и на секое место, да го држи отворено македонското прашање и свеста за тоа насекаде, но и да го изрази својот став по ова прашање.Политичарите и владите во следните 6-7 години нека отвораат и затвораат поглавја за ЕУ и НАТО, но народот да си го врши своето, за да им дадат на политичарите можност, причина и повод и обврска, кога ќе се заврши влегувањето во НАТО и ЕУ, во нивно име, во име на народот, на негово барање да најдат начин со политички средства да ја исправат нанесената неправда, одземените права и создадената национална штета.Следните 5 точки се индиректно поврзани со новата парадигма за исправање на неправдата. Реформите, економијта, демографијата, меѓупартискиот консензус за најкрупните национални прашања, меѓуетникиот соживот, унитарноста, образованието, знаењето, иновациите и неоткажувањето од зацртаните цели се само предуслов за силна држава. Факт е дека само со силна држава може да се реалиираат зацртаните национални цели.10. Во меѓувреме потребен е силен фокус на реформите на општествоти и државатаСекоја македонска влада треба брзо и ефикасно да ги прави реформите кои ќе ја зајкнат дрѓжавата, владеењето на правото, економијата итн, и кои ќе го забрзаат нашето членство во НАТО и ЕУ. Прво затоа што тие во основа им се потребни за сите граѓани и државата, тргнувајки од судството, администрацијата, медиумите, демократијата, изборите, па се до економијата, образованието, екологијата,земјоделието и здравството. Но, и затоа што, одкако ќе ги исполниме критериумите ќе влеземе не само во НАТО туку и во ЕУ. За потоа да можеме во точно одмерен политички и историски момент да ги започнеме и спроведеме конкретните активности и чекори за да се корегира и промени состојбата на насила одземеното национално достоинство и идентитет и права, без притоа да се делиме и етикетираме по разни основи.Реформите треба да направат посилна и поправична држава, а тоа е во врвот на приоритетите на секој човек кој ја сака својата земја.11. Силен фокус на развој на бизнисот и економијатаСекоја влада треба да работи силно на елиминирање на проблемот со невработеноста и зголемување на животниот стандард и примањата на граѓаните. Создавање услови за напредок на приватниот сектор, подршка на иновациите и привлекување капитал и инвестиции од надвор кои ќе отвораат нови работни места, ќе носат нови технологии, знаење, образование и корпоративна култура и свест.Нам ни треба економски силна држава која ќе може да ги остварува своите национални цели. И пред се нам ни треба народот да остане во Македонија.12. Иселувања. Демографија. Да не останеме држава без народ.Економското зајкнување и реформите нема да го запрат иселувањето кое е глобален тренд, кое сега е најмалку триплирано во однос од пред 1-2 години, но ќе создадат претпоставки за негово намалување. Два фактора се важни. Прво, ниската демографија која по доаѓањето доаѓањето на марионетската власт, укинувањето на додаток за трето дете и слично веќе дополнително се намалува. Потребни се мерки за зголемување на наталитетот и поголема помош на повеќедетните семејства. Вакви мерки веќе масовно се воведуваат во многу земји низ Европа. Второ, охрабрување за продолжување на животот во Македонија преку реални и реформи кои се опипливи, многу посилен економски развој и отворање работни места, и посилна правна држава. Без ова, нема иднина натамошната борба за македонската кауза.Ова прашање треба да се издигне меѓу најприоритетните и да се создаде национален комитет за справување со овој огромен проблем во кој ќе влезат преставници на секоја наредна власт и опозиција, како и стручни лица од областите директно поврзани со оваа закана која може да однесе се.13. Национална стратегија и меѓупартиски консензус за прашањата од највисок национален интересОваа марионетска власт ќе биде употребена и потоа ќе замине. Јас најдов привремено засолниште добивајки политички азил во Унгарија заради политички прогон, под налетот на политичкиот прогон на оваа власт, заради нејзини јасни цели заради кои е назначена, поврзани со името и идентитетот. Нивната судбина ќе е потешка, бидејки да се засолниш од марионетска влада е полесно, одколку да се криеш од разгневен, измамен и предаден народ. Дел од нив ќе се разбегаат, дел ќе останат во земјата но со наведната глава, независно какви награди и признанија однадвор ќе добијат.Сепак, задача на секоја идна власт и опозиција, е да постигнат минимум консензус за клучните македонски национални интереси. Ваквата раскараност и поделеност каква што е сега, одговара и во одредена мерка е стимулирана само од оние кои имаат некакви нечесни аспирации против Македонија.Во иднина раскараноста и поделеноста ќе биде уште повеќе стимулирана и посакувана за истите. Потребно е водачите и раководствата на најголемите партии, освен што ќе продолжат да се натпреваруваат и меѓусебно критикуваат со сите дозволени демократски средства, инструменти и начини, да се издигнат еден степен погоре, барем на ниво како што можеме да видиме кај некои наши соседи, и да постигнат договор за заштита на националниот интерес и остварување на клучните национални цели. И да го почитуваат тој договор и кога се на власт и кога се во опозиција.14. Меѓуетнички соживот и разбирање. Задржување на унитарноста.Образование! Држава базирана на знаење и иновации а не на кланови!Имајки ги во вид спецификите на нашата држава, една од клучните политики треба да продолжи да биде меѓуетничкиот соживот и разбирање, и за тоа и до влезотво НАТО и ЕУ и потоа ќе треба континуирани напори на сите влади. Идеите за преоѓање од унитарна, во федерална држава треба во корен да се обесхрабрат. Блиското минато од поранешната Југославија ни е најдобар пример како тоа завршува на овие простори на Балканот.И во контекст на подобро меѓуетничко разбирање и соживот, но и во контекст на поконкурентна нација и индивидуалци, клучен сегмент е поквалитетно образование со стекнато далеку повисоко ниво на знаење одона што е сега. Тоа подразбира и зајакнување на конкурентноста и знаењето на образовниот кадар но и повисоки стандарди за отценување на знаењето. Тоа подразбира мерки за стимулирање на креативноста на младите и подршка на иновациите и претприемништвото како и се што оди со нив.

Македонија | пред 7 години

7 год.
srna

Раководител дозволил лов на заштитен дивеч, шетата на ловиштето изнесува 1.840.000 евра

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани, до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против В.Ч.(53) од Кочани за несовесно работење во службата. Истрагата покажала дека во рок од три години од ловиштето „Осогово“ во Кочани, кое е дел од ЈП „Македонски шуми“ исчезнале 333 грла заштитен дивеч, покажа пописот на комисијата на шумското стопанство „Осогово“ во Кочани.Штетата што е направена на оваа ловиште е во периодот од 2015 до 2018 година, а изнесува 1.840.000 евра.Поради негрижата за дивечот 53 годишен раководител на ловиштето „Осогово“ во Кочани денеска заработи кривична пријава. Според портапролот на СВР-Штип, во кривичната пријава стои дека раководителот поради пропуштање на должен надзор несовесно постапил во извршување на своите овластувања и должности, поради што дошло до значително намалување на бројната состојба на заштитениот дивеч во ловиштето.

Македонија | пред 7 години

7 год.
angusev-germanija-1

(ВИДЕО) Анѓушев во Германија - Германска поддршка за поинтензивен економски раст

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, како копретседавач на Мешовитиот управувачки комитет помеѓу нашата земја и СР Германија, денес реализира еднодневна посета во Берлин.За време на посетата Вицепремиерот се сретна со Државната секретарка во Сојузното министерство за економија и енергетика г-ѓа Клаудиа Дер Вос, по што се одржа и оперативен состанок со копретседавачот на комитетот од германска страна г-дин Хелге Толксдорф, на кој се дискутираа конкретни чекори и мерки за соработка помеѓу Владите, особено за германската поддршка за поинтензивен економски раст и креирање на реална и одржлива економија во нашата земја.На состанокот со државната секретарка Дер Вос, Вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека со денешното потпишување на протоколот за пристапување кон НАТО, се реализира една стратешка цел на нашата земја, се обезбедува стабилност и подобра бизнис клима преку која се очекува нов наплив на странски инвестиции. Тој додаде дека СР Германија е прв трговски партнер на нашата земја со 3,64 милијарди евра обем и 15% раст на размената во 2018, во однос на 2017 година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Загина рудар во рудникот „Бучим“ во Радовиш

Рудар загинал утрово во рудникот „Бучим“ во Радовиш. Извори за „Република“ откриваат дека станува збор за маж околу 50 години. Итната помош и полицијата се на терен, неофицијално рударот паднал од голема висина по што починал на лице место.Според Република, се работи за лице со иницијали Љ. Н. од Радовиш. Увидна екипа е на терен, повеќе информации се очекуваат во текот на денот.Текстот е превземен од Република.мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
fico

Првиот македонски електричен автомобил -класичен автомобил „фиќо“, со електричен мотор“

Тимот на „ББ Класик Карс“ со кодно име „ЗАС Г20“ денеска го претстави првиот македонски електричен автомобил.„ЗАС Г20“ претставува проект реализиран од страна на тимот на „ББ Класик Карс“, со финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој и со поддршка на повеќе специјализирани фирми и занаетчии, а е насловен „Замена на мотор со внатрешно согорување на класичен автомобил „фиќо“, со електричен мотор“ .Според претставникот од „ББ Класик Карс“, Ален Јегени, возилото има нулта емисија на јаглероден диоксид, досега со едно полнење до 150 километри во реални услови на возење, како и максимална брзина до 130 километри на час.Времето на полнење изнесува три-пет часа на домашен мрежен приклучок, исто толку и на јавен наизменичен приклучок, а на јавен брз еднонасочен полнач доволни се 15 минути.Според Тимот на „ББ Класик Карс“ електричното возило ЗАС може да се модифицира врз неколку модели: G20 – класично градско возило, TC20 – градско возило со спортски изглед, TCR20 – спортско возило за град, TCR50 – спортско возило за натпревари и дека времето за испорака е околу два месеци од дефинирањето на нарачката.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr1

9 годишно девојче удрено од автомобил - возачот избегал

Деветгодишно девојче од село Крушопек, скопско, било удрено од автомобил вчера попладне на патот село Лека – село Крушопек, по што со друго возило е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.Возаќот на автомобилот веднаш го напуштил местото.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
penzioneri-1

Општина Аеродром ја зајакнува соработката со пензионерите

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, и претседателот на Здружението на пензионери „Солидарност ­‒ Аеродром“, Димитрија Богатиноски, денеска потпишаа меморандум за соработка, во присуство на претседателката на Советот, Ивана Цветковска.„Меморандумот за соработка е во насока на подобрување на условите за живот на пензионерите во Аеродром“, изјави градоначалникот Марин. Тој додаде дека Општината ќе продолжи да ја поддржува оваа категорија граѓани, кои го граделе нашето општество.Претседателот на Здружението, Димитрија Богатиноски, изрази благодарност што Општина Аеродром има слух за нивните проблеми и изрази убеденост дека во иднина идентификувањето и решавањето на прашањата ќе се одвива со заеднички пристап.Исто така, со овој меморандум се планира да се подобрат условите за тековно функционирање на Здружението, кое брои 14.000 члена, како и да се обезбеди континуирано информирање на членовите за прашања и настани од културно-забавниот и социјалниот живот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
brza-pomos

Несреќа во Битола, млад работник лимар паднал од кров

Триесет и тригодишен битолчанец кој изведувал лимарски работи на кров од куќа на битолската улица „Новосадска“, паднал од кровот при што се здобил со тешки повреди.Несреќата во СВР Битола била пријавена вчера околу 09:30 часот. Според СВР Битола К.Џ(33) од Битола, вработен во лимарска работилница, паднал и се здобил со тешки телесни повреди.Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Клиничката болница Битола, а потоа во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Увид на местото извршила екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
portparoli

(ВИДЕО) Редовна прес-конференција на портпаролите на Владата

Прес-конференција на портпаролите на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски и Муамет Хоџа, по редовната 118-та седница на Владата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
odbojka-1

Средба на премиерот со претставници на Одбојкарската федерација на Република Македонија - Честитки за пласманот на ЕП

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со претставници на Одбојкарската федерација на Македонија, предводени од претседателот на Федерацијата, Петар Јовановски.На средбата, од претседателот и претставниците на Одбојкарската федерација е изразена благодарност за поддршката од премиерот Заев, од Владата и од Агенцијата за млади и спорт. Посочено е дека за една година, за Одбојкарската федерација се наменети значителна сума финансиски средства, како никогаш до сега.Исто така, претставниците на Одбојкарската федерација на Македонија го посочија како значаен исчекор напред, интересот на премиерот Заев и на Владата да ги слушне предизвиците со коишто се соочуваат спортистите и активно да соработува во изнаоѓањето решенија.Премиерот Заев упати честитки до претседателот на Одбојкарската федерација, Јовановски, до претставниците на Федерацијата, како и до играчите одбојкари, за историскиот успех постигнат годинава со пласманот на Европското одбојкарско првенство.- Покажавте одличен успех при пласирањето, за тоа изразувам почит кон Федерацијата во име на Владата и во мое име. Имате добри шанси за Европското одбојкарско првенство што ќе се одржи во септември оваа година. Сметајте на поддршката од Владата. Со повеќе мерки, како Влада имаме за цел да го поддржиме спортот, бидејќи нема подобар репрезент на државата од спортот и ништо не зближува повеќе од спортот, рече премиерот Заев.На средбата се разговараше за начините за поддршка и мотивација на одбојкарите, како што се доделување спортска сала на Одбојкарската федерација, за потребите на развојот на одбојката во Република Македонија, обезбедување соодветни просторни услови за тренинзи, финансиски средства согласно законските прописи, како и за можностите за поголема промоција, како на одбојката, така и на другите спортови во Република Македонијa.

Скопје | пред 7 години

7 год.
soncogledi

62.000 евра од „You are a Sunflower“ за Одделот на хематоонкологија на Клиниката за детски болести

Заврши кампањата „Македонија – ти се сончоглед" . На завршната кампања министерот за здравство Венко Филипче, истакна дека фондот од 62.000 евра, собрани благодарание на хуманоста на луѓето кои се облекоа во маичките на кампањата „Македонија – ти се сончоглед", се искорисистија за набавка на неоходна болничка опрема и апаратура за Одделот на хематоонкологија на Клиниката за детски болести.Фондацијата која имаше идеја, имаше волја и доволно хуманост и пожртвуваност во себе да иницира хуманитарна кампања која не познава и не признава граници и има тенденција да се прошири и пошироко во регионот, рече претседателот на Собранието Талат Џафери.Тој додаде дека кампањата започна во Тирана, продолжи во Приштина и денеска заврши во Скопје.На свеченоста, присуствуваа и пратениците од законодавниот дом кои се вклучија во оваа кампања за помош на децата, како и директорката на Клиниката Катерина Ставриќ и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.

Скопје | пред 7 години

7 год.
stacionar-1

Згрижени првите кучиња во охридскиот стационар

Охрид доби стационар за згрижување на кучиња бездомници.”Охридски Комуналец” во месноста “Маутцкер” на влезот во Охрид адаптира поранешен објект на АРМ за оваа намена.“Стационарот е изграден,а набавени се две возила за транспорт на животните.Вработен е и еден шинтер во нашето претпријатие.Во објектот има услови за третман на 30 кучиња бездомници.Проблемот во Охрид с усложнува бидејќи имаме дојава од правни и физички лица дека со возила од други градови се носат кучиња скитиници и се оставаат на охридските улици”,ни изјави директорот на “Охридски Комуналец” Љупчо Грданоски.Во текот на идната неделеа “Охридски Комуналец” ќе распише и тендер за набавка на храна за овие бездомници.За кучињата во моментов се згрижени шест кучиња, а за нив се грижат волонтери од Охрид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski-mala

Социјалните мрежи вријат од коментари по објавата на Грувски

Откако екс премиерот Никола Груевски паралелно со ратификацијата на протоколот за членство на Македонија во НАТО, напиша статус на социјалната мрежа фејсбук, низа коментари.Инаку Груевски во статусот напиша: Нова парадигма. За името.(Го честитам денешното потпишување на протоколот за НАТО. Размислувања за нова национална стратегија по новонастанатата ситуацијa со името)Тој наговести нова парадигма за името, односно план за враќање на уставното име кој како што вели бил осмислен уште во 2005 година за да се спречи непочитувањето на волјата на граѓаните. Референдумот е брана од yцeнети, пoтkyпени, марионети политичари кој би ја фалcификyвале волјата на граѓаните вели тој.Клучната работа во овој период е веќе направена. Марионетската влада не доби подршка од граѓаните на референдум. Тоа треба да биде темелот, основата на која ќе се гради новата парадигма за името.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Izlozba_Maja_Andonova_Jokik

„Обоена љубов“ – изложба на Маја Андонова-Јокиќ во НЛБ галерија

Во НЛБ Галерија вечер од 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на Маја Андонова-Јокиќ, насловена  „Обоена љубов“.Авторката ќе се претстави со педесет свои дела во техниката акрил на платно, изработени од 2016 до 2019 година.-Андонова Јокиќ не е минималист, напротив. Во ова мачно тивко време на придушени гласови, таа катарзично и несебично, но и доста храбро, како гејзер експлодира со бои, нешто налик уметнички оргазам не шокира со убавата и заборавена реалност, соопшти организаторот на изложбата.

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања