Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
Нема фотографија

Директорот на Дрисла се кандидира за претседател

Директорот на скопската депонија „Дрисла“, Горан Ангелов е меѓу деветмината кандидати за претседател на државата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.Тој е поранешен градоначалник на Виница во два мандати, а поради успешноста и ефикасноста, беше назначен и за претседател на Асоцијацијата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Директно учествуваше со започнувањето на во процесот на децентрализација. По професија е правник. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-micko

Мицкоски вети дека ќе соработува со Заев, вели Вајгл

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл по средбата со лидерот на македонската опозиција, Христијан Мицкоски, за МИА порача дека добил уверување дека опозицијата ќе биде конструктивна за реформите потребни за ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.-Нагласив дека главен интерес на Европскиот парламент и мој како известувач за Македонија е да продолжи земјата по патот кон ЕУ и Унијата да го одржи ветувањето да почнат преговорите во јуни, а Мицкоски рече дека ВМРО ќе соработува со владата за реформите и законодавството врзано за членството во ЕУ и дека ќе биде партнер од доверба, истакна Вајгл.Мицкоски ги повторил критиките на неговата партија кон Преспанскиот договор, но Вајгл не верува дека ВМРО-ДПМНЕ би ја довел спогодбата во опасност доколку дојде на власт.– Тој остана критичен кон тоа,  но на крајот на краиштата важно е работите да одат напред и да се оствари Договорот, рече Вајгл додавајќи дека „ВМРО-ДПМНЕ се критични кон Преспанскиот договор и многу се критични кон владата, но јас сметам дека улогата на опозицијата е да биде критична и коректор на власта, но дека треба да биде конструктивна кога станува збор за работи кои се во интерес на целата држава“.Состојбата во Грција кон Преспанскиот договор, вели Вајлг е покритична, иако тој се надева сите се свесни за неговата важност.-Таму каде е мнозинството е тесно како во Грција, постои опасност да дојде до застој но не верувам дека ќе дојде до тоа, на крајот грчките политичари се свесни дека Преспанскиот договор значи консолидација на политичките прилики во регионот, кој е од голем интерес за западот, додава тој.За крај, Мицкоски изразил загриженост за претстојните претседателски избори и побарал да биде обезбедено силно присуство на странски набљудувачи, соопшти Вајгл.-Не гледам причина изборите да не бидат коректни, но мислам дека мора и владата и ДИК да направат сѐ да бидат изборите регуларни и одраз на демократска и толерантна атмосфера, порача известувачот за Македонија во ЕП.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Што добива Македонија од НАТО?

Како полноправна членка на НАТО Македонија ќе стане постабилна и со зацврстена безбедност дома и во регионот, додека ратификацијата на протоколот за членството во грчкиот Парламент е завршена работа.Ова синоќа го изјави македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, во текот на  дискусија во Атлантскиот Совет посветена на зачленувањето на Македонија во НАТО а во рамките на иницијативата „Балкан напред“.Министерот се обрати пред експерти, претставници на невладини организации и дипломатскиот кор во Вашингтон.-Ова е историски настан, ја пишуваме историјата со тоа што создаваме посветла иднина во регион полн со историја и конфликти, порача Димитров.На прашењето на директорот на Атлантски совет, Дејмон Вилсон, што понатаму, и какви се подводните сцили и харибди можат да се појават како резултат на Преспанскиот договор, Димитров е убеден дека грчкиот Парламент ќе гласа позитивно за влезот на Македонија во НАТО, „и формално да се затвори прашањето за името“.-Многумина политичари од регионот создадоа кариери и политички капитал со ширење на страв и омраза, но ако се донесе надеж тоа ќе чини нечиј политички капитал. Двајцата лидери, Зоран Заев и Алексис Ципрас, всушност потрошија голем дел од својот политички капитал, иако тие ќе поентираат, но тоа зависи од успешноста на имплементацијата на овој договор, укажа Димитров.Шефот на макоднската дипломатија додаде дека „треба нешто да се даде ама и нешто да се загуби. И двете страни го сторија тоа“.Димитров имаше дводневна работна посета на Вашингтон, со повеќе средби во Стејт департментот, Белата куќа и на некои невладини организации.Во Стејт департментот тој се сретна со Вес Мичел, заменик на секретарот за Европа и Евроазија во заминување. На средбата се разговарало околу активностите врзани со имплементацијата на Преспанскиот договор, како и претстојните активности околу ратификацијата на Пристапниот протокол за членство на Република Македонија во НАТО.Во Белата куќа, министерот Димитров се сретна и со директорите во Советот за национална безбедност на САД: за европски прашања, Вилијам Беркли и за НАТО, Маркус Томи. И на оваа средба било разговарано за претстојните активности во контекст на евро-атлантската интеграција на Република Македонија и натамошната поддршка од САД во тој контекст.Делегација од МНР денеска учестува на министерскиот состанок на Глобалната коалиција за борба против Исламската држава која се одржува во американскиот Стејт департмент.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во Скопје: 12 сообраќајни несреќи во една вечер

Во вкупно 12 сообраќајни несреќи што се случиле вчера на подрачјето на Град Скопје, четири лица се здобиле со лесни, а три со тешки телесни повреди.Со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак се движеле 66 возачи. Исклучени од сообраќај се шест возачи, кои биле без возачки дозволи.Пајакот подигнал 73 возила.Од СВР Скопје информираат дека се преземени мерки и кон тројца возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, други двајца не поседувале пропишана зимска опрема, а осум користеле мобилен телефон додека управувале со моторното возило.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Mickoski-4-SREDBA-1012-Glavna-Slika

ВМРО-ДПМНЕ ја осудува изјавата на грчкиот професор Сафетас

„Македонската нација не е производ на антагонизам, ниту на комунистите. Македонската нација е поризвод на македонскиот народ, кој живее на овие простори со векови. ВМРО-ДПМНЕ ги осудува навредите искажани од професорот Сафетас кој е дел од грчката комисија која благодарение на аболицираниот Зоран Заев ќе ја прекројува македонската историја и учебниците.Македонија нема територијални претензии кон Грција, ниту некогаш ги имала.СДСМ и Зоран Заев треба веднаш да реагираат и да ги осудат ваквите ставови кои доаѓаат од грчката академска фела, а се креатори на јавното мислење во Грција. Доколку владата навистина се залага за добрососедски односи и взаемно почитување, треба да се избори и за почит на Република Македонија и нејзината историја, традиција, култура и археологија.Срамно и недозволиво е што СДСМ со нивната антидржавно делување ја донесе државата до дереџе да биде негирана и понижувана.СДСМ противправно и против волјата на народот го смени името на државата и дозволи национална катастрофа.Последиците кои СДСМ ги предизвика врз државата се огромни. СДСМ мора да си замине. Понижувањата не смеат да продолжат. Потребни се итни и неодложни предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори. Народот ќе му каже НЕ на СДСМ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ograda-vlada

Оградата од Влада ќе заврши на Маврово кај Шилегов или кај Заев во Муртино, велат на „Твитер“

Твитер заедницата со реакции за отстранувањето на оградата на Владата на Република Македонија.

пред 7 години

7 год.
vangelovski

Вангеловски: Законот е јасен, рокот на СЈО е истечен

Доколку има барање за носење на начелно правно мислење Врховниот суд мора да постапи по тоа барање. Законот е јасен, рокот на СЈО е истечен, а начелно правното мислење е задолжително за Врховниот суд и ако дојде до жалба од странката до Врховниот суд тој ќе мора да ја укине пресудата заради донесеното мислење, порача вечерва претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.Тој посочи дека начелно правното мислење не е одлука со која се запира работењето на СЈО или се наложува нешто, туку се дава за обезбедување единство во примена на законите од страна на судовите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде облачно, постудено и ветровито со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. На планините и на некои места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено претпладне и најизразен вдолж Повардарието. Дневната температура нема многу да се разликува од утринската и ќе биде во интервал од 4 до 9 степени.Во Скопје ќе биде облачно и ветровито, околу пладне и попладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, претпладне засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде околу 6 степени.Од утре следува период на стабилно време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Утре се уште ќе има зголемена облачност, а од петок и особено за време на викендот ќе биде посончево и потопло со дневна температура што во поголем дел од земјава ќе биде од 10 до 15 степени.

Македонија | пред 7 години

7 год.
05-venecuela

Опозицијата во Венецуела тврди дека има закана за воено преземање на парламентот

Венецуелскиот пратеник на опозицијата, Хенри Рамос Алуп, изјави во средата дека парламентот на земјата, Националното собрание предводено од опозицијата, е под закана од вооружено преземање од владините сили на Венецуела, пренесува „Спутник“.,,Не дај Боже, тие [владата на Венецуела] да дадат наредба вечерва за воено преземање на парламентот ... Ние сме подготвени ", напиша Алуп на Твитер.Тој тврди дека во минатото, вооружените сили на Венецуела повеќепати ја нападнале територијата на законодавната власт пукајќи, па дури и сериозно повредувајќи неколку пратеници".Во Венецуела избувна политичка криза на крајот од јануари откако претседателот на Националното собрание, Хуан Гуаидо, се самопрогласи за привремен претседател, оспорувајќи го реизборот на венецуелскиот претседател Николас Мадуро минатата година. Лидерот на опозицијата беше речиси веднаш признат од САД и неколку други земји.Во понеделникот, голем број земји-членки на ЕУ го признаа Гуаидо за привремен лидер на Венецуела откако Мадуро не успеа да организира нови претседателски избори во земјата во рокот од осум дена поставен од ЕУ. Од земјите на ЕУ се очекуваше да го признаат Гуаидо во заедничката изјава, но, според дипломатски извор во Брисел, Италија стави вето на ова барање.Русија и Кина, како и неколку други земји, одбија да го поддржат Гуаидо, поддржувајќи го Мадуро како легитимен претседател на земјата и барајќи од другите земји да го почитуваат принципот на немешање во внатрешните работи на Венецуела.

Свет | пред 7 години

7 год.
zaev-dimitrov-cipras-kozijas

Северна Македонија ќе го потпише протоколот за пристапување во НАТО

НАТО денеска во седиштето во Брисел ќе го потпише протоколот за пристапување на Македонија во Алијансата, по ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот парамент на крајот од минатиот месец. На состанокот ќе присуствуваат сите ополномоштени амбасадори на земјите-членки, а изјави ќе дадат генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.Со денешното потпишување во Брисел на протоколот за пристапување НАТО ги отвора вратите за членство на Македонија во Алијансата.„На 6 февруари ќе пишуваме историја: НАТО сојузниците ќе го потпишат протоколот за пристапување со идната Република Северна Македонија“, порача генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во саботата.Откако формално ќе биде потпишан протоколот за пристапување, ќе започне следната фаза од процесот на пристапување, по што ќе биде проследено со ратификација на протоколот во националните парламенти на земјите-членки на НАТО.Македонското Собрание минатиот месец ги усвои уставните измени за преименување на земјата во Северна Македонија. На 18 октомври, НАТО започна официјални разговори за пристап со Македонија. Македонија и Грција го потпишаа Преспанскиот договор за промена на името во јуни.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-odgovornost

СДСМ: Македонија го добива своето место во НАТО, се остварува децениски национален интерес

Македонија денеска го добива своето место во НАТО. Седнуваме на своето столче, на масата во НАТО-Алијансата.Земјите членки на НАТО денеска го потпишуваат Протоколот за пристапување на Македонија во најмоќниот безбедносен сојуз во светот, соопшти СДСМ.Според партијата, станува збор за историски чин и историски успех за нашата земја и сите наши граѓани. ,,По години изолација, уназадување и неизвесност, Македонија седнува на иста маса со државите од демократскиот свет.Влегувањето на Македонија во НАТО значи гарантирана безбедност и стабилност, сигурност на нашите граници но носи и значителни економски придобивки за граѓаните, пораст на инвестициите, повеќе пари, зголемен економски раст.Потпишувањето на Протоколот е признание за напредокот во реформскиот процес, визионерството, решителноста, успехот во меѓународната политика, решавањето на отворените прашања и градењето пријателства со соседите и целиот демократскиот свет од страна на Владата предводена од СДСМ", се додава во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Уапесени дилери на марихуана, додека бегале од полицијата фрлиле кесички со марихуана

На 04.02.2019 година околу 19.00 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, преземајќи оперативни активности, во село Доброште, тетовско, забележале паркирано патничко моторно возило „Фиат“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се наоѓале Н.М.(28) и А.И.(19) од Жилче. До возилото најпрвин се доближило непознато лице, а потоа веднаш се дало во бегство и бегајќи фрлило кесички со марихуана, кои се пронајдени и подигнати за вештачење.Двете лица во возилото се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово, а од слобода е лишен и Х.С.(54) од Доброште, кој ги попречувал полициските службеници во вршење на дејствијата. По расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Магла во Маврово и Стража

Од 06:30 часот, на патниот правец Ново Село - г. п. Ново Село е укината забраната за тешки моторни возила.Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во Маврово и на Стража.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
toksikologija

Токсикологија доби нов директор, на местото на Беќаровски, од денеска Зумбери

„Едно огромно БЛАГОДАРАМ до сите вработени на УК токсикологија, кои во изминативе 18 месеци, покажаа и докажаа дека сите заедно можеме МНОГУ. Чест и задоволство ми беше да бидам Ваш координатор, соработник, сопаталец, учител и водич.Истовремено на новоназначениот в.д. директор д-р Нагип Зумбери, му посакувам многу успех, мудрост и верба во овој мал, но вреден колектив“, напиша на својот фејсбук профил Досегашниот директор на Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски.Тој преку социјалната мрежа Фејсбук ја најави неговата смена од директорското место кое досега го извршуваше на Клиниката за токсикологија.За нов в.д. директор на токсикологија е назначен д-р Нагип Зумбери.

Скопје | пред 7 години

7 год.
FB_IMG_1549390766125

ФОН Универзитет го носи Роналдо во Македонија

Првиот човек на ФОН Универзитетот, Сефер Цаноски, на својот “Фејсбук” профил објави дека светски познатиот фудбалер Кристијано Роналдо доаѓа во Македонија.“Конечно, по девет години, прифати да биде гостин на ФОН Универзитет. Наскоро, најдобрите на едно место”, пишува под фотографијата на која Цаноски е фотографиран со Роналдо.Засега нема точен датум кога Роналдо ќе дојде во Македонија и тоа дополнително ќе биде објавено.

Македонија | пред 7 години

7 год.
70-god-brak

Душан и Костадинка од Оровник прославуваат 70 години брак

Црвен крст - Охрид веќе трета година ја реализира Програма на грижа за стари лица која опфаќа најразлични форми на грижа, помош и поддршка на старите лица со различен социо-економски статус, од општините Охрид и Дебарца.Програмата ја спроведуваат возрасните пензионери-волонтери на Црвен крст Охрид.Покрај задоволување на бројни потреби искажани од корисниците на оваа програма, волонтерите на Црвен крст Охрид се посветени на корисниците, своите врсници и преку најразлични форми на заедничко дружење.Во таа насока, со големо задоволство од Црвен крст го најавуваат одбележувањето на јубилејот 70 години брак на брачната двојка Душан и Костадинка Лошкоски од с. Оровник, кој ќе се реализира на 06.02.2019 г. во 16 ч. во Домот на култура во с. Оровник.

Македонија | пред 7 години

7 год.
slavco_kovilovski

Охрид во чест на Прличев - Доделена наградата „Григор Прличев“ на поетот Славчо Ковилоски

Поетот и книжевен историчар Славчо Ковилоски денеска ја прими наградата „Григор Прличев“ за најдобро поетско дело за 2018 година за поемата „Крале Марко по вторпат“. Наградата му беше доделена на традиционалната свеченост што во рамки на Прличевите беседи се одржува секоја година во Охрид.Лауреатот Ковилоски истакна дека добивањето на наградата е чест и задоволство, но и обврска за понатаму да се работи кон твореење нови, квалитетни дела.-Работата, подготовката на поема секогаш е подолгорочен процес споредено со пишувањето обична поезија, па дури и на роман. Мора поемата да има некаков тек, за да се задржи вниманието. Голема е честа што ја добивам наградата што го носи името на Григор Прличев, рече Ковилоски.Кога станува збор за самата наградата „Григор Прличев“, членовите на жири-комисијата со поразителни податоци кои укажуват дека од година во година се намалува интересот за учество на конкурсот.Наташа Аврамовска, член на жири-комисијата, истакна дека оваа година до Комисијата за доделување на наградата пристигнаа најмал број, конкретно само осум ракописи.„Интересот за конкурсот и наградата некако стивнува. Пред се, мислам дека тоа е оттаму што последниве години публикацијата на лауереатот не е присутна, едноставно книгите не живеат на јавната сцена во Македонија“, истакна Аврамовска.Доделувањето на наградата се одржа во рамки на манифестацијата „Прличеви беседи“ со која се чествува ликот и делото на поетот и преродбеник Григор Прличев.Чествувањата за Прличев продолжуваат утре со панихида на гробот на Прличев во дворот на црквата „Света Богородица Перивлепта“, а Беседа за неговиот лик ќе одржат академик Витомир Митевски и секретарот на Друштвото на писатели на Македонија Мишел Павлоски. Во родната куќа на прличев ќе се одржи и познатата „Охридската визита“ која годинава е во чест на охридскиот писател и поет Видое Видически.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Средношколци се истепале пред училиште, едно момче прободено со нож

Вчера околу 9:20 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека на улица „Китка“ во близина на Државното средно училиште „Браќа Миладиновци“ во населба Драчево настанала физичка пресметка меѓу ученици, а А. Б. (17) од село Вражале со нож му нанел повреда на Р. Д. (18) од село Батинци, скопско.Р. Д. бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а на А. Б. му била укажана помош во ЈЗУ Амбуланта Драчево.А. Б. е приведен во полициска станица, а повикани се и пет други ученици кои учествувале во физичката пресметка.По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 7 години

7 год.
ograda-vlada

Ќе се отстранува оградата околу Владата

Владата на денешната редовна седница одлучи да се отстрани железната ограда околу зградата на Владата со цел да се ослободи целосно јавниот простор околу објектот и да стане подостапен за користење од страна на граѓаните.Отстранувањето на оградата околу Владата беше едно од предизборните ветувања на оваа власт.https://www.facebook.com/VladaMK/photos/a.233777356681463/2161822943876885/?type=3&theater

Скопје | пред 7 години

7 год.
biblija

Во Турција пронајдена библија стара 1200 години со 34 страници испишани во злато

Во близина на местото Дијарбекир во северозападна Турција , во акција против криумчари на артефакти , полицијата нашла Библија стара 1 200 години. Тројца осомничени се уапсени за време на акција организирана против криумчари со вредни артефакти, соопштија денеска покраинските власти.Вредната Библија има вкупно 34 страници испишани во злато.Турските медиуми повикувајќи се на објава од кабинетот на гувернерот информираат дека во притвор завршиле шестмина осомничени, но други детали не беа изнесени.Во покраината Дијабакир време властите се обидуваат да спречат криумчарење на древни артефакти.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања