Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
uapsen

На Граничен премин „Долно Блаце“ уапсено лице кое го бара Интерпол

На 04.02.2019 година во 16.00 часот на Граничен премин „Долно Блаце“ од слобода бил лишен М.Р.(63) од Косово затоа што при проверка било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „апси“ по барање на Интерпол. М.Р. е задржан во Полициската станица Кисела Вода.

Македонија | пред 7 години

7 год.
maja-leukemija

Апел за помош од Маја Рековиќ!

Барајќи ДОНОР за да се ја победам леукемијата, сретнав луѓе, кои безусловно и несебично дојдоа да помогнат. Никогаш не помислив дека на ваков начин ќе барам помош..ама вашите 5ml крв (не е важна крвна група) од 18-59 години, можат да ми го спасат животот. Доколку можете да се организирате и да дојдете до Скопје, Институт за имунобиологија и хумана генетика (Државна болница) ќе ми дадете надеж дека ова сонце и мене ќе ме грее уште долго. ЛУЃЕ, МИ ТРЕБАТЕ! ДА ДООБЈАСНАМ… на Институтот се пријавувате дека сакате да станете донор… доколку сте соодветни, јас ќе знам…Стои во фејсбук статусот на оваа млада мајка!Барајќи ДОНОР за да се ја победам леукемијата, сретнав луѓе,кои безусловно и несебично дојдоа да помогнат..никогаш не…

Македонија | пред 7 години

7 год.
Tamara-todevska

Тодевска: Дали ќе бидеме ФИРОМ или Северна Македонија воопшто не е важно, најважно е да бидеме забележани

-Дали ќе бидеме ФИРОМ или Северна Македонија воопшто не е важно, ние ќе бидеме Македонци таму и не е важно кое име ќе го носиме, мене ми е важно да бидеме забележани и да се зборува за нас – вели ТамараТодевска, годнешниот претставник за песна на Евровизија за Н1 телевизија.Инаку Македонија ќе настапи во второто полуфинале на Евровизија 2019 во Тел Авив. , Во тек се подготовките со повеќе автори за песните кои ќе бидат во конкуренција за претставничката композиција. Краен рок за предавање на нумерата со која ќе настапи Тамара Тодевска е 11-ти мај, но од МРТ најавуваат дека песната и спотот ќе бидат готови и промовирани во втората половина на февруари.

Магазин | пред 7 години

7 год.
zemjotres

Земјотрес од 5,2 степена според Рихтер во Западна Грција

Земјотрес со интензитет од 5,2 степена според Рихтерова скала е регистриран рано изутринава во близина на градот Превеза во Западна Грција. Епицентарот на земјотресот се наоѓал во Јонското Море, 14 километри северозападно од Превеза.Земјотресот се случи во 4:26 часот по локално време.Засега нема информација за евентуални жртви или причинета материјална штета.Инаку вчера во Грција имаше земјотрес во близината на островот Закинтос.

Свет | пред 7 години

7 год.
Novak-Dokovic-rio

Ѓоковиќ отвора ресторан за бездомници: Заработив доволно за да ја хранам цела Србија

Најдобриот српски тенисер во историјата уште еднаш покажа дека е многу повеќе од врвен спортист. Новак Ѓоковиќ планира да отвори ресторан за бездомници, се вели во изјавата објавена од неговата служба за печатот испратена до британските медиуми.„Парите не ми се проблем, заработив доволно за да ја нахранам целата Србија. Мислам дека тие заслужуваат вакво нешто, затоа што ме поддржуваа цело време“, се вели во соопштението.Засега не е познато каде ќе се наоѓа ресторанот, ниту како ќе функционира, но локацијата, најверојатно, ќе биде во Србија.Инаку, Ѓоковиќ веќе има два ресторана, еден во Белград, а другиот во Монте Карло, и во неколку наврати изјави дека сака да се занимава со угостителството и да готви, пишува Noizz.Тенисер е во пауза која ќе трае до следната сезона, а во оваа фаза од својот живот се посвети на семејството и зајакнувањето на менталната моќ.

пред 7 години

7 год.
soobra-pred-resen-1

(ФОТО) Тешка сообраќајна несреќа на превојот Буково

Урово се случи тешка сообраќајна несреќа на планинскиот превој Буково. Учесници се две товарни моторни возила ден патнички автомобил.Возачот на автомобилот има лесни повреди и е пренесен во болницата Св Еразмо.Во моментов СВР е на терен, се откриваат причините за несреќата.Поради сообраќајната несреќа, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.

Македонија | пред 7 години

7 год.
legalizacija-1-ok

Градоначалникот на Охрид ќе ги повлече точките за легализација од денешната седница, открил низа неправилности

Градоначалникот Констрантин Георгиески денеска ќе ги повлече точките за легализација на објекти во Љубаништа, Трпејца, Пештани, Кољско, Косел, Ливоишта, Лакочереј, Лескоец.Дознаваме дека градоначалнкикот во очи на седницата ја прочешлал целокупната документација за овие точки и открил бројни неправилности. Констатирано е дека службите направиле бројни малверзации како впишување на објекти за легализација на ливади, каде воопшто нема објект.Дали ова во опптината ќе отвори нов случај на злоупотреба на службената положба, како оној со земјотресите?Се наметнува прашањето, како службениците во општина Охрид со децениско искуство, успеваат да го манипулираат градоначалникот и државата? И дали се враќа ерата на корупција во советот бидејќи советниците го озаконуваат она што го работат службите?

Македонија | пред 7 години

7 год.
tunel-soobrakajna-nesreka

Седум сообраќајки во Скопје, четворица полесно повредени

На подрачјето на Град Скопје изминатите 24 часа се случиле вкупно седум сообраќајни незгоди од кои во три полесно се повредени четири лица. Во четири сообраќајки е причинета материјална штета.Изминатото деноноќие санкционирани се 48 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклучени и 22 возачи пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и двајца возачи почетници. Исклучени се и шест нерегистриран возила.Сообраќајната полиција издала 81 казна за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 66 возила.Според билтенот на СВР Скопје, евидентирани се и 28 возачи кои не носеле сигурносен појас и 13 возачи кои користеле мобилен телефон.Во текот на денешниот ден, Одделението за превенција ќе реализира посебна воспитна поука за граѓани кои како пешаци сториле разни прекршоци.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Минималната пензија од 900 евра

Во рамките на владејачката демохристијанска социјалдемократската коалиција на канцеларката Ангела Меркел деновиве се разви дискусија во врска со предлогот на социјалдемократите од воведување минимална пензија од 900 евра.„Мојата цел е да не ги зголемуваме пензиите за 20 евра бидејќи тоа нема никому да му помогне. Зголемувањето треба да биде многу повисоко“, рече министерот за труд Хубертус Хејл (од Социјалдемократската партија на Германија, СПД) во интервју за јавниот радиодифузен сервис АРД објаснувајќи го својот концепт за воведување минимална пензија.Хејл сака на ваковиот начин финансиски да им помогне на оние работници што целиот свој живот работеле за минимална плата и кои во моментот примаат пензија чиј износ е малку над 500 евра.Овие пензионери во моментот имаат право на финансиска помош во рамките на социјалната заштита, а износот зависи од висината на пензијата и местото на престој.За коалицискиот партнер на социјалдемократите, Демохристијанската унија ЦДУ/ЦСУ, предлогот на министерот за труд Хејл оди малку предалеку.„Ние и натаму се залагаме за добро насочена финансиска помош, а не за произволно зголемување на пензиите“, рече Петер Вајс, портпарол на парламентарната група за социјално политички прашања на Унијата ЦДУ/ЦСУ.Германската канцеларка, Ангела Меркел, реагира претпазливо на новиот предлог укажувајќи на коалицискиот договор во кој се одредува најнискиот износ на пензија, која ќе биде 10 отсто повисока во однос на т.н. социјален праг, а предлогот на Хејл практично значи зголемување од 20 проценти.

Свет | пред 7 години

7 год.
izgubena-zena-1

Пронајдена е Драгица од Тафталиџе

Ја најдовме мајка ми, жива и здрава, пишува ќерката на Драгица која попладнево на социјалните мрежи испрати апел, ако некој ја види или ја забележи нејзината мајка која боледува од Алцхајмерова болест, да ја побара.Ќерката се заблагодарува на сите добри луѓе кои помогнале во потрагата по 70-годишната жена од Тафталиџе.

Скопје | пред 7 години

7 год.
SJO

Врховен со сопна: Обвинителството ќе кажува кои предмети да ги води СЈО

„Жешката топка“ која Врховен како правно мислење му ја фрли на Кривичен суд  сега се префрла во обвинителството и во собранието дознава Телма.Кривичниот суд ќе бара од државниот обвинител Љубомир Јовески да се произнесе за тоа кое обвинителство треба да ги води предметите на СЈО, кои беа оспорени со мислењето на Врховниот суд но и ќе се бара автентично толкување од собранието на чл. 22 од законот за СЈО за кој највисокиот суд даде мислење, дека Јанева повеќе не е овластен тужител за да отвора истраги покренува обивненија, потврдуваат од судот за Телма.Ова се двата заклучоци донесени на попладневниот колегиум во Кривиечен на кој требаше да се изгради став по одлуката на Врховен.Според информациите на Телма, 30-тина  судии присуствувале дискутирале и ги кажале своите гледишта – Дел посочиле и дека не требало да чекаат врховен да пресече за ова прашање што долго време провејува во јавноста.Дали рокот на СЈО од 18 месеци е истечен ќе се чека одговор од собранието. Кривичен ќе бара од обвинителството да иницира автентично толкување на роковите, затоа што вакво толкување не може да бара основен суд. Овој чекор на судот може да се протолкува дека Кривичен не се убеден дали треба да го почитуваат мислењето на Врховен и бара законодавниот дом да го каже последниот збор. Државниот обвинител Јовески прв го кажа својот став дека Врховниот суд не бил надлежен да одлучува за ова прашање бидејки не станува збор за невоедначена пракса на судовите туку  толкување на закон што е надлежност на Собранието.Повеќе на Телма ТВ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ова се новите цени на дизелот и бензинот

Од ноќеска на полноќ поскапеа цените на нафтените деривати.Тоа значи дека возачите согласно понеделничката одлука на регулаторната комисија бензинот „Супер-95“ ќе се точи по цена повисока за еден денар односно  ќе се продава по цена од 62 денари за литар. .За половина денар поскапува и Супер - 98 со кој возачите ќе полнат резервоари по цена од 62 денари за литар.Од друга страна пак цената на дизелот поскапува за 1,5 денари и ќе чини 60 денари за литар.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Куманово на врвот: Најмногу претставки до заменикот народен правобранител

Граѓаните од десетте општини од југоистокот на државата и општините Берово и Пехчево лани поднеле најмногу претставки кај Народниот правобранител во Подрачната канцеларија во Струмица од областа на правосудството.Преку 1.000 граѓани минатата година ја посетиле канцеларијата на заменикот народен  правобранител и побарале правен совет поради повреда на некое нивно право, а 160 поднеле претставки.– Претставките се поднесени против одолговлекување на постапката пред управниот суд, пред извршители, нотари и пред другите редовни судови во Република Македонија. Понатаму на второ место е бројот на поднесени претставки за потрошувачки права, финансии и царина, социјална сигурност и имотно правни односи. За имотно-правните односи се однесуваат на постапките за одземање на корисничкото право од страна на агенцијата за катастар на недвижности, информира Славчо Тимов, заменик народен правобранител.Додава дека окоу 95 проценти од поднесените претставки се успешно решени во корист на граѓаните, а по останатите постапката се уште тече.Најмногу претставки се поднесени од граѓани од Струмица, потоа од Гевгелија, а по нив се од Радовиш, Берово и Пехчево.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Нормализирано е водоснабдувањето во Карпош 3 и 4

Дефектот на булеварот „Илинденска“ на раскрсницата со улицата „Манапо“ е саниран рано утрово, Водоснабдувањето е нормализирано во 4,25 часот, соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје.Вчера жители од повеќе улици во околината немаа вода или имаа намален притисок поради овој дефект.

Скопје | пред 7 години

7 год.
pozar-pariz

ВИДЕО: Најмалку 7 загинати во пожар во зграда во Париз

Најмалку седум лица загинаа, а десетици други се повредени откако пожар зафати неколку ката од осумкатница во Париз, Франција, пренесува РТ.[embed]Пожарот избувнал рано изутрината со 16-тиот арондисмент на Париз. Жителите на луксузната населба се качиле на покривите за да избегаат од чадот и од пламенот додека спасувачките екипи се бореле со пожарот.Досега има потврда за најмалку седум загинати во пожарот, објавија властите, додека најмалку 27 други, меѓу кои и тројца пожарникари, се здобиле со повреди.„Црниот биланс може да се зголеми бидејќи пожарот се уште е во тек на 7-от и 8-от кат”, изјави портпаролот на противпожарната служба.Околу 200 пожарникари беа распоредени во областа. Останатите жители на зградата и оние во соседните згради биле евакуирани.

Свет | пред 7 години

7 год.
ivor

МАН го осуди бркањето на новинарот Мицковски од ТВ Телма

Македонската асоцијација на новинари (МАН) смета дека одлуката на менаџментот на Телма телевизија да не му го продолжи договорот на новинарот Ивор Мицковски, само во континуитет ги отсликува обидите за цензура кои се спроведуваат во оваа редакција.„Да потсетиме дека во октомври 2018 година, менаџментот на телевизијата им забрани на новинарите да ги користат своите лични профили на социјалните мрежи за искажување сопствени лични ставови, што наиде на остра реакција од сите други здруженија, кои во случајот на новинарот Ивор Мицковски – сеуште молчат.Да потсетиме и на случајот со цензурирање на делови од емисијата Код на главната уредничка Снежана Лупевска Созен – и забрана да се емитува целосно од март 2018 година.Ако беше во прашање деловната политика на Телма, или евентуално неизвршување на работните обврски од Ивор Мицковски, сигурни сме дека телевизијата на друг начин ќе ја соопштеше одлуката да не му го продолжи договорот (како што многупати го правела тоа во минатото и за други лица).Ивор Мицковски има право на свое мислење исто колку што има и директорот на телевизијата Атанас Кировски кој ги користи личните профили на социјалните мрежи за искажување политички ставови“, се вели во соопштението на МАН.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Маглата прави проблеми на патиштата - АМСМ со важна вест

Намалена видливост поради магла од 30 до 50 метри  има на Стража, Маврово, Плетвар и Попова Шапка, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица, предупредува АМСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ако сакаш да си претседател на Македонија, пријави се на огласите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Рокот за пријавување на кандидати за претседател на државата на огласот на СДСМ е 19 февруари. На огласот на ВМРО-ДПММЕ до 1 февруари се пријавиле 9 кандидати, а денеска се очекува партијата да ги соопшти и имињата. Најаваено е дека опозициската партија ќе го избере кандидатот на 1 март на конвенција во Струга, а СДСМ на 3 март на партиски конгрес.СДСМ во огласот бара кандидати кој „ужива доверба кај членството и симпатизерите на партијата, личност која на најдобар начин ќе ја отелотвори политиката на СДСМ и ќе работи на остварување стратешки приоритети за Македонија - членството во ЕУ и НАТО и меѓународна афирмација и промоција на Република Македонија“.ВМРО-ДПМНЕ уште претходно најави дека денеска ќе ги објави имињата на пријавените кандидати. Неофицијално, на конкурсот досега се пријавиле Гордана Силјановска, Влатко Ѓорчев, Филип Петровски, а се споменуваат и имињата на Саво Климовски, Коце Трајановски, Игор Дурловски... Претходно беше најавено дека конвенцијата ќе се одржи на 16 февруари, а Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера соопшти дека е одлучено конвенцијата за избор на кандидат за претседател на Република Македонија да се одржи на 1 март.По пропаѓањето на договорот за консензуален кандидат и други партии најавуваат свои кандидатури - ДУИ заедно со Беса, Либерално-демократската партија, Алијансата за Албанците, пратеникот Амди Бајрам најави кандидатура...Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека претседателските избори ќе ги распише најдоцна до 8 февруари, а тоа значи дека првиот круг на претседателски избори би се одржал кон крајот на април, а вториот круг, ако биде потребен, на почетокот на мај. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
05-venecuela

Број на притворени на протестите во Венецуела се зголеми на 966 лица

Бројот на демонстранти кои беа уапсени во Венецуела за време на масовните протести се зголеми на 966, изјави во вторникот шефот на венецуелската организација за човекови права „Форо Пенал“, Алфредо Ромеро, пренесува „Спутник“.Бројот на притворени претходно изнесуваше 850 луѓе.Ситуацијата во Венецуела, која се бори да ја надмине политичката криза поради одбивањето на опозицијата да го признае минатогодишниот реизбор на претседателот Николас Мадуро, значително ескалираше на 21 јануари, кога Националното собрание контролирано од опозицијата го прогласи Мадуро за узурпатор.Мадуро го нарече лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо, марионета и го обвини Вашингтон дека се обидува да организира државен удар во Венецуела, донесувајќи одлука за прекин на дипломатските односи со САД.Канада, САД и многу од нивните сојузници го признаа Гуаидо како привремен претседател на Венецуела. Русија, Кина, Турција и други земји сметаат дека Мадуро и неговата влада се легитимни власти во Венецуела.

Свет | пред 7 години

7 год.
ilindenska

(ФОТО) Пукна цевка, ја поплви Илинденска во Карпош 4

Булеварот Илинден во делот кај трговскиот центар „Сити мол“ во Капрош 4 е поплавен. Од Град Скопје велат дека пукнала голема цевка и затоа одеднаш голем млаз вода го поплавил булеварот.Излевањето на водата направи хаос во сообраќајот, по што екипи на „Водовод и канализација“ го исклучија притисокот, водата се повлече, по што на асфалтот остана кал и тиња.На самото место се присутни неколку екипи од ЈП „Водовод и канализација“ како и полициски возила кои го стопираа сообраќајот.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања