Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
granica-carina

Започна пилот проектот на царинската управа за имплементација на системот за обработка на декларации и акцизни документи

Како дел од низата активности на Царинската управа во насока на ставање во функција на новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД), денеска започна со реализацијата на Пилот проектот за СОЦДАД, во кој ќе бидат вклучени 11 царински испостави.Целта на Пилот проектот е да се констатираат можните проблеми при активна работа во системот СОЦДАД и истите да бидат навремено отстранети пред финалното пуштање на системот во употреба, коешто е планирано за 1 јуни 2019 година.Пилот проекот ќе се спроведува на така што сите декларации коишто се обработуваат во системот АСИКУДА, ќе бидат поднесени (од страна на економските оператори) и обработени (од страна на царинските службеници) и во СОЦДАД во пилот испоставите.Тимот за поддршка на Пилот проектот на Царинска управа, кој неуморно работи како во текот на периодот на развој, така и во периодот на подготовка за ставање на системот во функција, веќе одржа консултативни состаноци и обуки за запознавање со функционалностите на новиот систем со царинските службеници, представници на бизнис заедницата – економските оператори, застапници и компании за развивање на софтвер.Како потсетување, на 16 ноември 2018 година во Царинската управа беше финализиран развојот на Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) кој ќе го замени системот АСИКУДА кој сега се користи. Со тоа, сите царински постапки што досега се реализираа на хартија ќе бидат заменети со електронски постапки.Со имплементацијата на новиот систем, кој претставува предуслов за понатамошно развивање на дигиталните решенија и услуги, значително ќе се поедностави работата на царинските службеници, граничните агенции и за сите учесници во царинската и надворешно-трговската постапка и ќе се креира поефикасна и модерна царинска околина во согласност со глобалниот развој и дигиталната ера.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gordana-siljanovska

Професорката Силјановска поднела кандидатура до ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за претседател

Вкупно девет кандидатури пристигнале до ВМРО-ДПМНЕ за претстојната Конвенција на која ќе се избира кандидат за претседател на државата, дознава Лидер од извори во партијата.Изворот за порталот потврдува дека професорката Гордана Силјановска Давкова по иницијативата на 30 интелектуалци, кои побараа од неа да се кандидира за претседател, испратила кандидатура до Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ.Покрај неа кандидатури се поднесени и од пратеникот Владимир Ѓорчев, Филип Петровски и од уште шест други кандидати кои се помалку познати на јавноста.ВМРО ДМНЕ кандидатот з претседател ќе го избере на Конвенцијата, која што ќе се одржи на 16 февруари во Струга.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-borisov-3

(ВИДЕО) Заев: Пријателството никогаш не било поголемо, прекуграничната соработка се интензивира ќе достигне до 1 милијарда евра

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев предводи делегација на Владата на нашата земја, во чиј состав се министерот за култура, Асаф Адеми и други членови на Канцеларијата на Претседателот на Владата и на Mинистерството за култура, во еднодневна работна посета на Република Бугарија.Премиерот Заев за време на посетата на Софија, оствари тет-а-тет средба со Претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов, со кого разговараа за идната соработка меѓу двете земји, која после потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство бележи постојан раст во сите области. На средбата се разгледуваа можности за создавање услови за зголемување на трговската размена со взаемно намалување на царинските стапки.Претседателот на Владата на РМ, Заев на средбата уште еднаш оддаде благодарност за континуираната поддршка од Република Бугарија за членство на нашата земја во НАТО и за ЕУ, како и за подготвеноста на Бугарија да го сподели искуството по сите прашања поврзани со подготовките во пристапниот период и за ефикасно користење на европските фондови во оваа фаза од преговорите.Премиерите Заев и Борисов разговараа и за подготовките за втората меѓувладина седница која оваа година треба да се одржи во Бугарија, а заедничкиот бизнис форум, што се одржа во Скопје го оценија како дополнителен импулс за економската соработка како врвен приоритет на граѓаните и на бизнис заедниците на двете земји.На средбата беше констатирано дека прекуграничната соработка се интензивира и дека ќе бидат вложени сите неопходни напори стабилната трговска размена од речиси 600 милиони евра да достигне вредност од 1 милијарда евра.Континуитетот на изградбата на патната и железничката инфраструктура на Коридорот 8 остануваат капитален интерес за двете земји. Рехабилитацијата и градењето на железничката пруга е капитален проект од вкупна вредност од 670 милиони евра, а патната инфраструктура 93 милиони евра. 120 милиони евра се неповратни средства односно грантови од Западно-балканскиот инвестициски фонд, односно од ЕУ. Со исто толкаво внимание двете земји работат и на поврзување на гасната инфраструктура, и заедничко учество во регионални проекти и мрежи на гасна интерконекција.На средбата стана збор и за имплементацијата на Договорот со Грција, откако тој беше ратификуван во Атина, по што следува членките на алијансата да го потпишат протоколот за членство на нашата земја во НАТО, со што во сила ќе стапи формалното користење на новото уставно име Република Северна Македонија.Двајцата премиери присуствуваа и на свеченото потпишување на заедничката Програма за соработка во областа на културата меѓу двете земји до 2021 година, како потврда на добрата волја и интересот за интензивирање на комуникацијата, размена на искуства и афирмација на културните вредности на двете земји.Во насока на спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство, премиерот Заев соопшти дека како резултат на работата на двете комисии за заедничко одбележување на историски настани и личности, наскоро во Република Македонија, во близината на Дојран, на местото каде што го загубил животот, ќе биде подигнат споменик на полковник Константин Каварналиев, бележит лик од историјата на Бугарија од периодот на Првата светска војна.Програмата за соработка во областа на културата што ја потпишаа министрите за култура Асаф Адеми и Боил Банов, претставува правна рамка за воспоставување на директна соработка меѓу културните институции во двете земји, со цел размена на културни и уметнички вредности, што е во функција на приближување на народите и државите.Програмата за културна соработка меѓу двете земји се одржа откако двајцата министри за култура положија венци свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Софија, по повод неговиот денот на неговото раѓање што беше убава пригода делегациите на двете земји да му оддадат признание на делото на човекот кој велеше дека „Светот го гледа како поле за културен натпревар меѓу народите“.Работната посета на македонската делегација на Република Бугарија, завршува вечерва со културно-уметничка програма со учество на уметници од други држави од регионот во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Нов земјотрес на Закинтос

Земјотрес со јачина од 4.1 степен според рихтеровата скала, е регистриран денеска во 19:41 часот во близината на островот Закинтос. Земјотресот е регистриран 231 километар западно од Атина, однсоно на само 21 километар од Закинтос, на длабочина од 2 километри.Инаку, Закинтос во текот на изминатите месеци го погодија серија на земјотреси, а еден од нив придонесе да има оштетувања на неколку куќи и пристаништа на островот кој е популарна летна дестинација меѓу Македонците.

Свет | пред 7 години

7 год.
48386635_519827275169320_4504456550655459328_n

Поради магла вечерва намалена видливост на Стража до 20 метри

АМСМ и ЈП „Македонија пат" информираат дека вечарва сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла од 30 до 50 м. има на Стража, до 20 м. на Попова Шапка и до 10м. од крак Маврово до брана.АМСМ известува дека ограничувањето на брзината на патниот правец Струга – г.п. Ќафасан (до с.Франгово) од 40 км/ч се укинува.Сообраќајот се одвива нормално.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Од АМСМ и ЈП „Македонија пат" потсетуваат дека од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
galaksija

Сосема случано окриена нова џуџеста галаксија

Астрономите открија нова, џуџеста галаксија во нашето соседство. Галаксијата, беше откриена со помош на вселенскиот телескоп Хабл.Станува збор за мала, но прилично стара галаксија која се наоѓа 30 милиони светлосни години од нашата. Досега не била забележана бидејќи се наоѓа во сенка на ѕвезденото јато NGC 6752, предмет на првичното истражување.Новооткриената галаксија е изолирана, научниците претпоставуваат дека е настаната пред неколку милијарди години што ја прави совршен кандидат за проучување.Иако џуџестите сфероидни галаксии не претставуваат реткост, Бедин 1 има неколку уникатни карактеристики. Галаксијата е една од малкуте за коишто е одредена точната оддалеченост од нас. Истовремено, галаксијата е екстремно изолирана.Откритието е направено сосема случајно.

Магазин | пред 7 години

7 год.
sostanok-osmani-1

Османи: Почетокот на преговорите со ЕУ зависи само од нас

Денес во Владата на Република Македонија, се одржа 41. состанок на Работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ), кој го водеше Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи. На состанокот беа отворени актуелните теми поврзани со европските интеграции на земјата: објаснувачкиот скрининг, статусот на имплементација на Планот 18, статусот на НПАА 2019-2021, статусот на апсорпцијата на ИПА и сл. На состанокот беше направен пресек на клучните индикатори по кои се следи напредокот во процесот на европската интеграција на нашата земја.„Тукушто се вратив од две многу важни посети, на земјата претседавач - Романија, како и Финска која по Романија ќе претседава со Европската Унија. И не само таму, туку и на сите останати средби и разговори, пораката која ја добивам е јасна - веќе немаме пречки на патот на нашето европско и интегрирање и почетокот на преговорите зависи само од нас“ - истакна Османи на почетокот од состанокот, посочувајќи на присутните дека токму овој Работен Комитет ја претставува сржта на раководната структура која треба да ги испорача предвидените реформи во следните два месеци.„Фокусот во претстојниот период ќе биде на мерките кои се преземени за реализација на препораките од Извештајот на Европската комисија за 2017година, обрнувајќи посебно внимание на Итните реформски приоритети, двата извештаи на групата високи експерти во областа на владеење на правото, Планот 18, укажувањата и препораките од состаноците на телата во рамки на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, препораките од Извештаите за спроведените оценски мисии и одржаните технички состаноци, и во таа насока денес ќе ги разгледаме досега реализираните активности“, посочи Османи.Во продолжение на состанокот беа разгледани и статусот на реализацијата на НПАА 2019-2020, статусот на спроведувањето на ИПА, како и статусот на реализација на обврските од оценските мисии.Работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ) претставува највисоко административно тело на Владата во кое членуваат државните секретари на министерствата, претседавачите на Поткомитетите, Генералниот секретар на Владата, како и дел од администрацијата на Секретаријатот за европски прашања.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-borisov-1

Премиерот Зоран Заев на гости кај премиерот Бојко Борисов во Софија

Започна официјалната средба меѓу премиерот Зоран Заев и премиерот Бојко Борисов во Софија, Република Бугарија.Како што е најавено на средбата двајцата премиери ќе разговараат за развојот на соработката во разни сектори, проекти во областа на инфраструктурата и транспортот, како и спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.Премиерот Заев ја предводи владината делегација од Република Македонија во официјална работна посета на Република Бугарија, во која се и министерот за култура, Асаф Адеми, како и националниот координатор за култура, Роберт Алаѓозовски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
saso-tasevski

Сашо Тасевски на ФБ открива 10 причини зошто да гласате за Амди Бајрам?

Десет причини да гласате за Амди Бајрам, напиша на својот фејсбук профил актерот Сашо Тасевски. Тасевски напиша:1. Функционално е неписмен, ама знае брзо да прочита кој е кој и да застане зад посилниот.2. Не се керефека со продавање лажен морал.3. Кога му дојде време за робија, си одлежа, наместо да бега ко путка.4. Никој не кренал среден прст на разгневена опозиција ко Амди.5. Истата опозицијата штом стане власт, одма го вика Амди во коалиција, разгалена од неговиот среден прст.6. Него власта не го смени карактерно, зашто не ни бил во опозиција.7. На некој волшебен начин, со "ха ха ха-хи хи хи" сите ги придобива на своја страна.8. За Амди нема лоша власт.9. На сите им дава голови со пета.10. Шармантен е, го сака камера. А и многу жени паѓаат на него, иако кријат, сепак се знае дека го тераат да оди кај нотар за потврда дека нема да зуцне, напиша на ФБ Тасевски.https://www.facebook.com/sasho.tasevski/posts/10156917662502180

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Протест на шумската полиција

Шумските полицајци протестираат. Тие излегоја најпрво пред Владата, а потоа пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, барајќи средба со министерот Љупчо Николовски. Но, ниту Николовски ниту раководителката на Секторот за шумска полиција, Аница Симонова, како и ниту раководителот на Секторот за човечки ресурси и посебниот советник на министерот, Трајче Ангеловски, досега не ги немиле за да разговараат со претставниците на шумските полицајци околу нивните барања.Претседателот на Независниот синдикат на полицијата Гоце Тодев вели дека на почетокот на 2018 година Владата донела одлука за потпишување на колективен договор со што би се решиле проблемите со кои се соочувала шумската полиција, но Договорот се уште не е потпишан.Шумските полицајци протестираат поради противењето на МЗШВ да им ги потпише ветуваните колективни договори, премалата плата од 16 800 денари со вклучена хранарина и патарина, скратените ноќни смени, скратените прекувремените саатнини и работата во турнуси.Од Шумската полиција велат дека колективниот договор е поднесен уште во 2018 година за потпишување во МЗШВ, но досега не е потпишан поради одлагање од министерството.Шумските полицајци уште бараат бенефициран стаж, покачување на платата за 30%, права еднакви на оние кои ги имаат сите овластени службени лица, како и нов Закон за шумска полиција, како што имаат АРМ и МВР.Синдикалците на шумската полиција велат дека доколку не бидат исполнети нивните барања ќе ги радикализираат протестите и ќе излезат на генерален штрајк.

Скопје | пред 7 години

7 год.
izgubena-zena

(ФОТО) Исчезна жена од Тафталиџе која боледува од Алцхајмерова болест

На социјалните мрежи се шири повик да се пронајде Драгица, која има 70 години и боледува од Алцхамерова болест. Висока е 160 сантиметри, живее во Тафталиџе и е облечена во крем долга јакна.Сите што ќе ја видат може да се јават на 071/225-213 и 072/224-875.https://www.facebook.com/elena.jovanovska.520/posts/10213370673921591

Скопје | пред 7 години

7 год.
ivor-mickovski

Избркан или дал отказ - секоја „вистина“ има две страни новинарот Ивор Мицковски својата ја напиша на ФБ

Новинарот Ивор Мицковски, преку својот Фејсбук профил се огласи во врска со отказот кој го добил во телевизија Телма.Тешко наоѓам зборови во моментов затоа што сум ставен во позиција да се правдам и покрај неправдата што ми се нанесува, и лагата која е толку дрско изречена на моја штета дека сам сум одлучил да си заминам од Телма или дека ми било само посочено повеќе да се ангажирам.За жал ставен сум во таква неблагодарна позиција.Кај сум оштетен, уште пробуваат будала да ме направат.Изјавата на директорот што се појави денес во некои медиуми, (каде притоа не е побаран мојот став), директор кој немаше лице лично да ми ја пренесе својата одлука, туку себично го стави својот главен уредник во улога на пренесувач на пораката, не само што е лага и тотална невистина, тука дотаму е дрска што е накитена со измислени критики и епитети кои би требало мене да ме прикажат како неработник и неблагодарник. Јас не сум ни едно од тие две, а најмалку од се сум лажов. Но, за себе нема да зборам, постојат колеги кои несреќно беа вмешани во подлоста на директорот, како и колеги кои со мене работеле, и останува на нив да просведочат за мојот труд и посветеност.Жалам за ситуацијата и атмосферата со која мора да се носат. Но, ќе мораат и они, кој да молчи, кој да проговори, кој да се срами, а кој да истапи. Затоа што јас лично сум деградиран и понижен, но тука е скршено нешто многу поголемо од трудот, егзистенцијата и слободната мисла на еден поединец и новинар.Основниот проблем останува, дека мене во ходник, три часа пред крај на работно време, ми беше пренесено, дека директорот одлучил дека работниот однос завршува. Тоа е факт. Директорот не почувствувал потреба тоа лично да ми го соопшти, да ми го образложи, човечки да ми ги објасни своите мотиви. Пораката од главниот уредник ја примив смирено, без емотивни изливи, си го довршив работниот ден, и цели два дена не напишав ништо, затоа што вакви искуства ниту првпат ми се случуваат, ниту пак барам сензационализам или сакам да глумам жртва. Нападот врз мене, јас лично, го разбирам како напад кон пошироката јавност и колективитет. Обидот на еден лажов, да се оправда како во целата одлука немало никаква политичка мотивација или позадина, ќе го оставам на здравиот разум и проценка на јавноста.Јас ќе го додадам само следново.Јас сум гласен, и јас сум мрчатор, како што не нарекуваат, една шака луѓе во оваа средина кои без закрилата на анонимноста, се обидуваме да артикулираме поширока политичка и општествена критика. Да, некогаш сме хистерични, пардон, некогаш сум хистеричен, и навредувам, и што би рекле некои, многу зборам, но тоа го правам како слободен човек, кој може и да згреши, но повеќе ќе згреши кон себе и сите останати ако молчи. Тенка е кожата на секоја власт, особено е тенка политичката и партиската толеранција на критиката кога е насочена кон сите. Сите сакаат да си качен на караванот, да си дел од некоја екипа, дел од тивката или гласна поддршка. Другари, тој филм нема да го гледате, не од сите. Повеќето ќе ви клекнат, но нема сите. Еден ден може ќе ги совладате и буквално сите, но тогаш само сами ќе си го продолжите коленичарењето меѓу вас самите кое и онака го правите.За крај само да додам. Верувам дека директор кој за новинарот од својот медиум имал високо мислење и со кого наводно постапувал како со свое дете, не испраќа, не мести други колеги кои му се надредени во медиумот, да му ја соопштаат децидната и неагументирана одлука.Ама кај нас, приказната од мое дете, до дај друго дете, од одамна е ставена во пракса, и новинарите ги третирате како партиски ботови. Срамота е се ова, овој тажен спектакл, возрасни сме, барем некои од нас, напиша Мицковски на ФБ.https://www.facebook.com/ivor.mickovski/posts/10157236601251042

Скопје | пред 7 години

7 год.
bandera-za-struja-960x616

Припор утре од 9 до 12 часот без струја, a дел од Аеродром без вода

Поради исклучување на напон од страна на ЕВН без електрична енергија утре во периодот од 9 до 12 часот ќе биде дел од Припор. Исклучувањето на електричната енергија е со цел да се изврши темелна контрола на двете трафостаници кои се во склоп на ПС Припор.Утре ќе се менуваат вентили за пумпите за водоснабдување на висока зона АеродромСектор ЕОК во координација со сектор Водовод во периодот од 09 до 12 часот ќе изврши замена на усисно потисните вентили за пумпа број 1 и пумпа број 2 кои пумпаат вода за висока зона Аеродром. Замената на вентилите преставува основа за поставување на две нови пумпи.Резервоарите висока зона Аеродром, Припор 1, 2 ,3 , Сопиште, Ракотинци и Добри дол претходно ќе бидат полни.

Скопје | пред 7 години

7 год.
komiti-goce-delcev

Комитите на ФБ: Бевме спречени да се поклониме на гробот на великанот "за да немало инциденти"

Денес бевме во црквата Свети Спас да положиме цвеќе и да се поклониме на гробот на нашиот великан Гоце Делчев.За разлика од сите изминати години денес бевме спречени пред влезот на црквата од бројно полициско обезбедување, со објаснување дека тука ќе престојуваат странски делегации и висока Бугарска делегација, ние треба да почекаме "за да немало инциденти", напишаа комитите на својот фејсбук профил.Тие во објавата додаваат:Ние не сме пропушиле ниту една година да изразиме почит на истото место во исто време како на овој ден така и на 4 Мај, и досега никогаш не се случил ниту еден проблем ниту опструкција. Доаѓале и предходно странски делегации, амбасадори, политичари како и почитувачи на ликот и делото на Гоце Делчев, и секогаш со респект и воодушевување сме гледале кон сите нив бидејќи изразуваат почит кон револуционер, идеен деец и великан кој животот го дал за својата земја Македонија!Прашуваме отворено зошто некој би имал индиции или сомневање дека оваа година би било поинаку, и зошто би имало инцидент со Бугарски политичари или делегација кои се поклонуваат на гробот на херој кој го посветил и на крајот положил животот за Македонија во нејзините природни историски и етнички граници?Воедно бидејќи од сега па натаму ние граѓаните од втор ред треба да најавуваме специјално доколку сакаме да го посетиме гробот на нашиот Војвода Гоце Делчев, уште од сега уредно најавуваме делегација од 500 Комити за 4 Мај.За крај, со цел да нема "инциденти" денес граѓаните од втор ред, беа приморани да си одберат 5 луѓе први да го положат цвеќето, и за 3 минути да ја напуштат црквата...Слава ти хероју Македонски !!!, напишаа комитите н Фејсбук.https://www.facebook.com/KomitiZapad87/photos/a.372824616105163/2036687713052170/?type=3&theater

Скопје | пред 7 години

7 год.
cair-1

Гинекологија Чаир доби опомена, но ако и понатаму загадува Шилегов вели болницата ќе се затвори

По фотографиите и видеата кои се појавија вчера по медиумите во кои се гледа како густ црн час излегува од оџаците на Гинекологија Чаир, инспекторите излегоја на терен.Гинекологија Чаир доби опомена во рок од еден месец да го промени котелот кој работи на мазут и од кој секој ден излегува црн чад. Станува збор за котел што се користи за загревање на просториите и на водата за потребите на болницата кој чади и прекумерно загадува.– Инспекторите утврдија дека станува збор за дефект на дизните од котелот што е стар повеќе од 50 години, велат од Град Скопје.Инспекторатот на Град Скопје ја задолжи болницата да направи мерења на емисиите на издувните гасови од оџакот со акредитирана лабораторија за мерење.Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на прес-конференција се закани дека болницата ќе биде затворена ако котелот не биде променет.

Скопје | пред 7 години

7 год.
konferencija-filipce-2

Одбележување Светски ден за борба против ракот

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска се обрати на прес конференцијата по повод одбележување на 4 февруари–Светски ден за борба против ракот, во организација на Здружението за борба против рак „БОРКА – за секој нов ден“.Во своето обраќање, министерот истакна дека се обезбедува квалитетна здравствена заштита за лицата со малигни заболувања, олеснета е и процедурата за набавка на биолошките лекови, со спроведување централизирана набавка на лековите.„Министерството за здравство максимално ги вложува сите свои капацитети за да го олесни пристапот до лекови и да го подобри третманот на пациентите со малигни заболувања. Биолошките лекови досега ги набавуваа клиниките од условните буџети, а сега се набавуваат централизирано. Станува збор за лекови, кои претежно не се на позитивна листа, а се неопходни за онколошки, хематолошки, невролошки и ревматолошки пациенти, со малигни, инфламаторни и автоимуни болести. Исто така, се набавуваат иновативни лекови за рак за дојка, рак на бели дробови, метастазиран меланом, хематолошки болести, лимфоми, мултиплекс склероза, ревматоиден артритис, васкулитис, со кои се опфаќаат голем број пациенти, имајќи предвид дека долги години немало влез на иновативна терапија во државата. Овие промени значително ќе го олеснат третманот“, истакна министерот Филипче.Министерот посочи и дека се работи на намалување на времето на чекање за прегледи и воведување дополнителни термини за мамографија и ехо на дојка. „Првпат досега, во соработка со ФЗОМ се обезбедени бесплатни ортопедски градници, за жените што се оперирани од рак на дојка и имаат потреба од градник. Исто така, со Комората на психолози е потпишан Меморандум за соработка со кој се обезбедува психолошка поддршка на пациентите и нивните семејства, особено на онколошките одделенија. Во соработка со невладиниот сектор, обезбедена е и куќа за родители кои не се од Скопје, а имаат деца на подолг престој во болница или се лекуваат од рак, имајќи предвид дека психолошката поддршка е многу важна во целиот процес на лекување“, дополни министерот.Минатата година во Македонија се регистрирани 9.642 новозаболени лица со малигна неоплазма, од кои 72 деца и 3.122 лица на возраст од 60 до 70 години.На годишно ниво, Министерството за здравство изготвува посебна Програма за рана детекција на малигни заболувања, во рамки на која се реализираат повеќе превентивни и промотивни активности, меѓу кои за скрининг за карцином на грлото на матката, скрининг за карцином на простата, скринингот за карцином на дојка итн.Во своето обраќање, министерот Филипче посочи дека минатата година за првпат успешно беше извршена несродна трансплантација на матични хематопетски клетки, со која македонското здравство стана дел од мапата на светските и европски медицински центри за лекување на најтешките болести на крвта, а пред еден месец првпат досега успешно е трансплантирана коскена срцевина кај дете.

Скопје | пред 7 години

7 год.
halk-banka-1

Халкбанка: Во инцидентот нема повредени, средствата на клиентите се осигурени согласно политиките на Банката

По објавувањето на информацијата во некои медиуми во врска со вооружениот грабеж на филијала на „Халкбанк АД Скопје“ во Визбегово, Халкбанк АД Скопје ја проследува следната изјава за медиуми:Во врска со денешниот грабеж во нашата филијала на улица „Јадранска магистрала“ во Визбегово, „Халкбанк АД Скопје“ ја известува јавноста дека нема повредени и дека ситуацијата е ставена под контрола од страна на надлежните институции кои работат на расветлување на случајот.Халкбанк воедно ги известува сите свои клиенти дека нивните средства се осигурени согласно политиките на Банката.

Скопје | пред 7 години

7 год.
zaev-sudii-1

Премиерот Заев со претставници на Здружението на судии: Постигнат договор за барањата на судиите

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, придружуван од министерката за правда Рената Дескоска и министерот за финансии Драган Тевдовски, денеска се сретна со делегација на Здружението на судии, предводена од претседателот на здружението д-р Џемали Саити, судија во Врховниот суд.На средбата, на која позитивно беа оценети заложбите и реформите насочени кон обезбедување независно судство, претставниците на судиите и на Владата постигнаа договор за формирање работна група со претставници од ресорните Министерства за изнаоѓање системско решение за платите на судиите.Во таа насока, премиерот Заев со претставниците на судиите констатираа дека од септември ќе се реализира зголемување од пет проценти на платите на судиите и судските службеници, како и дека во тековниот Буџет има обезбедено околу 120 милиони денари за тековно исплаќање на надоместоците согласно Законот за судиите и судските службеници.Премиерот Заев, заедно со министерот за финансии и министерката за правда, изразија уверување дека уште 120 милиони денари ќе се обезбедат со Ребаланс на Буџетот, и дека тие ќе бидат наменети за ретроактивни решенија на проблемите со надоместоците на судиите.

Скопје | пред 7 години

7 год.
carovska-gradinki-1

Царовска: Капацитетот на градинките годинава се проширува за 860 деца, градиме 11 нови објекти

Вкупно 11 нови градинки ќе се градат годинава во различни делови од Македонија со поддршка од Министерството за труд и социјална политика. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска ги потпиша договорте со градоначалниците на општините кои партнерски ќе учествуваат во изградбата на објектите. На списокот за изградба на нови градинки се општините Ѓорче Петров, Куманово, Кавадарци, Брвеница, Босилово, Врапчиште, Шуто Оризари, Демир Капија, Штип, и Гази Баба (2 градинки). Со изградбата на градинките капациетот се проширува за вкупно 860 деца, а ќе се отворат и најмалку 100 нови вработувања. За оваа намена од буџетот на МТСП се обезбедени 85,3 милиони денари без ДДВ.Министерката Царовска ги повика општините да конкурираат со квалитетни проекти за изградба на нови градинки, затоа што освен во Буџетот на министерството за истата намена на располагање се и уште 15 милиони евра од Светска банка.„Капиталните инвестиции во детската заштита се и остануваат приоритет на Владата. Раниот детски развој е многу важен за понатамошниот развој на човекот, затоа посветено работиме на јакнење на капацитетите и стручноста на детските градинки низ цела држава и во руралните и во најодалечените места низ Македонија. Годинава буџетот на МТСП за капитални инвестиции во детската заштита е зголеме за 300 %, дополнително на располагање имаме пари и од Светска банка “, изјави министерката Царовска на средбата со градоначалниците.Изминатата година Министерството за труд и социјална политика опфатот на децата во предучилишно образование го зголемен за 1.959 деца. Од нив 1.209 се државните градинки, додека останатите 750 во приватните објекти. Исто така за година и половина МТСП учествуваше во изградбата на вкупно 24 градинки, од кои поголемиот дел се веќе ставени во функција. Истовремено МТСП обезбеди над 1.000 согласности за вработувања на кадар во градинките од кои поголемиот дел е на неопределено време.

Скопје | пред 7 години

7 год.
zaev-tav-1

Средба Заев - Сенер: Ќе се забрза процесот на реализација на новите инвестиции од ТАВ за инфраструктурни проекти од 35 милиони евра

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев придружуван од министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска се сретна со извршниот директор на ТАВ, Сани Сенер и со генералниот директор на ТАВ Македонија, Алп Ер Тунга Ерсој.На средбата беше потврдена одличната соработка со ТАВ којашто во иднина ќе се унапредува и продлабочува. Премиерот Заев ја истакна важноста на традиционалното пријателство и одличната билатерална соработка на нашата земја со Република Турција во градењето на цврсти економски релации помеѓу двете земји.Извршниот директор и претставниците на ТАВ го поздравија зачленувањето во НАТО на нашата земја која наскоро ќе се нарекува Република Северна Македонија и започнувањето на преговори со Европската Унија како важни процеси за стабилна бизнис клима и економски напредок на земјата.На средбата се разговараше и за забрзување на процесот на реализација на новите инвестиции од 10 милиони евра што ТАВ ќе ги направи за модернизација на македонските аеродроми и за инвестиции од 35 милиони евра во инфраструктурни проекти, локални патишта, градинки, водоводи и канализации во висина, што произлегува како обврска на ТАВ од договорот за концесија. Постои согласност од двете страни дека во најбрз временски период треба да отпочне реализацијата на овие проекти.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања