„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
Нема фотографија

(ФОТО) Скопје се гуши - утрово најзагаден град во светот

Скопје утрово повторно се најде на врвот на листата на најзагадени градови во светот. Македонија со месеци никако да се справи со намалување на загаденоста која ја ветуваше власта предводена од СДСМ пред да дојде на власт.Скопје според светското рангирање утрово се најде на врвот од листата со 266 ПМ 10 честички на метар кубен, а веднаш зад нас е Пакистан и Индија, додека сме во друштво и на Кина, Бангладеш, Казакстан, Косово и Непал.Но, не само Скопје, проблем со аерозагадувањето има скоро во сите градови низ земјава. Досега решенијата за овој огромен проблем само на хартија.

Скопје | пред 7 години

7 год.
soobrkaen-sram

(ФОТО) Една слика илјада зборови - за жал ова е Скопје

Утрово на ѕидот на сообраќајниот срам е поставена фотографија од сообраќајниот метеж утрово во Скопје. Сепак, колку и да се брзате, ова не треба да се случи.Фотографијата е поставена со коментар: Сообраќајната полиција,одлично си ја врши работата,брао!!!!Под фотографија се нижат коментари кои го осудуват овој чин.

Скопје | пред 7 години

7 год.
sv-sava-3

(ВИДЕО) Премиерот Заев на свечената академија посветена на Свети Сава

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев вечерва присуствуваше и се обрати на свечената академија посветена на празникот Свети Сава. Пред присутните високи преставници од Република Србија, Босна и Херцеговина, како и од Република Српска, Премиерот Заев истакна дека му претставува особена чест што е дел од академијата посветена на една од најсветлите и најсветите личности во историјата на српскиот народ, Свети Сава.Во продолжение, Ви го пренесуваме интегралниот текст од обраќањето на Премиерот Зоран Заев.„Честа не е само заради тоа што имам прилика да се обратам пред припадниците на српската заедница во Република Македонија, како и пред угледните гости од Република Србија и Република Српска на оваа свеченост, туку и заради тоа што делото на Свети Сава инспирира и осум века после неговата смрт.Само да ги наредите активностите на овој свет човек ќе биде доволно за да ја препознаете неговата големина: Втемелувач на самостојната српска православна црква и нејзин прв архиепископ, основач на царската лавра во манастирот Хиландар на Света Гора Атоска, просветител, основач на училишта и болници, дипломат, пишувач на првите закони во државата српска, молитвен застапник на сите кои преку него побарале помош од Бога, посредник и помирител меѓу раскараните браќа и народи.Со еден збор, може да се каже дека Свети Сава е духовник и образец на кој се угледуваат припадниците на српскиот народ кога во својата духовна зрелост ја избираат матрицата за својот личен карактер, а со тоа и карактерот на народот на кој му припаѓаат.И не само на Српскиот народ. Неговата величина изникна од неговите корени и припадност на славната српска царска лоза Немањиќ. Но неговото дело, и особено неговата саможртва да се откаже од земските блага и права кои му припаѓаа по род, и да го прифати православното христијанство и Христос како негов личен живот, определба и делување, направија Свети Сава да им припаѓа на сите Христијани, без разлика на тоа во кои државни граници живеат. Затоа што тој така им приоѓаше на сите - како кон свои браќа, а не како странец кон странци.Затоа кога зборуваме дека неговото дело инспирира, пред нас ја имаме нашата определба, определбата на граѓаните на Република Македонија, да градиме и негуваме општество еднакво за сите.Општество на различните граѓани, во кое ги афирмираме и воспоставуваме меѓусебна почит меѓу сите етнички заедници во нашата земја, со истовремено признавање на етничките, националните, верските и културните разлики - токму оваа цел е посебноста и суштината на нашето заедништво.Во тоа наше заедништво што се градеше со векови, со свој значаен придонес учествува и српската заедница во Република Македонија, која тоа го прави угледувајки се на големиот светител Свети Сава.Големата љубов што како силна светлина се излевала од овој свет човек ја чувствуваа сите народи кои тој ги посетувал за време на неговите патешествија и мисии. Свети Сава оставил длабоки траги и почит за неговата љубов, дело и лик, и затоа ден-денеска во голем број православни цркви се слави неговото име и светост, и се изградени црковни храмови и манастири во негова чест.Во историјата на човештвото ретки се таквите подвизи каков што е подвигот на Свети Сава.Уште на 20 годишна возраст нему му беше даден дар да препознае дека за човекот е најважно, пред сè, да изгради и да ја сочува чиста – својата душа!Тој беше убеден дека само како личност изградена според образот на Господов, тој, како и секој друг човек, ќе бидат подготвени да ги остваруваат земските подвизи за доброто на сите и да управуваат доблесно според земските закони.Заради тоа, од длабочината на неговата вера и ревносна посветеност на православниот христијански етос и подвиг, доаѓаат и неговите бележити и вековити остварувања во државничките и правните работи, во дипломатијата, неговото наследство во образованието, во медицината.Бесмртното дело на духовникот и светителот Свети Сава, е темелот на кој се издига традицијата, културата и вредностите на народот на кој му припаѓа и кој со право го прифати и слави како духовен родител.Вечно е неговото име, и вечна е неговата слава, што ја одбележуваме на денешниот ден“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија Пат. Поради ниските температури можна е појава на голомразица. Поради појава на магла, видливоста во Тетово е намалена до 50 метри.На патниот правец Струга - г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година. На овој линк ќе најдете повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
za-28-mi

Времето денеска облачно со подолги сончеви периоди

Променливо облачно, претпладне со подолги сончеви периоди и со магла по одделни котлини Попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират и во останатите делови. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Министерот за здравство со евтин ПР сака да ја купи јавноста

Министерот за здравство со евтин ПР сакаше да ја купи јавноста, да ги оправда недостатоците, згрешените рокови на вакцините, како и низата контроверзии. Но, наместо тоа, направи серија грешки и од епидемијата на морбили се создаде шпанска серија.2 јануари 2019 годинаВо Скопје се појавија повеќе случаи на лица заразени со морбили. Поради тоа, беше прогласена епидемија. Филипче излезе на прес-конференција со уште неколку други лица и објаснуваа колку се може да биде страшно.5 јануари 2019 годинаВо јавноста се пласира инфорамцијата дека во диспанзерите се чуваат вакцини со погрешен рок. На ова има жестоки реакции. Истиот ден, од Министерството за здравство тврдат дека проблемот бил во етикетите, а вакцините се безбедни за користење.8 јануари 2019 годинаФилипче спроведува вонреден испекциски надзор и вели дека сите вакцини се со добар квалитет. Најавува санкции за „Македонијалек“. Министерот и министерството не наложија повлекување на вакцините, оти констатирале дека се со добар квалитет.10 јануари 2019 годинаЗа да ја поткрепи тезата дека вакцините се со добар квалитет и не се со поминат рок, министерот Филипче на социјалните мрежи објавува фотографија од него и неговата внука Илина на која пишува дека тој ја однел на вакцина. Јавноста ова го сфаќа како пропаганда, медиумите објавуваат. Целата кампања добро се пробива во јавноста, но не за долго. Во моментите кога министерот ја носи внуката на вакцинација, сите зборат за МРП вакцините.11 јануари 2019 годинаГраѓаните реагираат на фотографијата и тврдат дека внуката на Филипче не била вакцинирана, а иглата била со капаче. Според нив има низа пропусти кои можат да се видат на фотографијата и велат „Докторката не носи ракавици, не е сликано во орднација, детето на вакцина го носат родителите а не чичкото“. На овие коментари, Филипче не реагира.15 јануари 2019 годинаМинистерството констатирало дека декларациите на вакцините биле погрешни. Филипче продолжува да тврди дека ќе се бара максимална казна оти бил нарушен угледот на јавното здравство. Филипче не ја коментира кампањата со вакцинирањето на неговата внука.24.01.2019Сите МРП вакцини на кои стојат погрешно залепени декларации ќе бидат уништени од страна на компанијата „Македонија лек“, која ги дистрибуира. Одлуката ја донела Агенцијата за лекови и медицински средства. Ова е нова одлука по 19 дена, за вакцините кои Филипче тврдеше дека се со добар квалитет. Министерот бараше максимална казна за „Македонијалек“, а со неговото тврдење дека вакцините се употребливи, а потоа дека не се и треба да се уништат, повторно го отвори прашањето колку навистина вакцините се безбедни?27.01.2019Министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за „Радио Слободна Европа“ изјави дека вакцинирањето на неговата внука било со цел да ги увери граѓаните дека вакцините се безбедни, но и дека таа е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП.Како Филипче ја изманипулира целата јавност?Преку игра со зборови. Тој ја вакцинира својата внука за да со свој пример покаже дека вакцините се безбедни. Во перидот кога тој се фотографира со внуката и докторката, актуелни се МРП вакцините. Не кажува со каква вакцина се прави имунизацијата, но истовремено сака да ги поттикне родителите да ги вакцинираат нивните деца против морбили. Во истиот период, се дискутира за квалитетот на МРП вакцините и на истите имаше декларации дека рокот за употреба е поминат.Ако во прашање е доведена безбедноста на МРП вакцините, а не на останатите. Тој како здравствен работник ова најдобро го разбира. Тој уверува дека вакцините се безбедни за тоа ја користи внуката, ја имунизира, но со други вакцини. Дали вакцината со која е имунизирана неговата внука, значи дека МРП вакцините се безбедни? Секако дека не.Филипче решава да демантираТој на својот профил објавува дека информациите на социјалните медиуми се лажни, тој не ја вакцинирал неговата внука со МРП вакција. Всушност, на социјалните медиуми не се пренесуваше ифнрмацијата дека неговата внука била вакцинирана со МРП вакцина, туку тој во ек на епидемија од морбили објави фотографија со вакцинација на внуката, со цел да докаже дека вакцините се безбедни.Цели 17 дена, Филипче молчи. Кога јавноста стана бесна дека тој не ја вакцинирал внука му со МРП вакцина, тој излезе со реакција. Јавноста беше уверена дека Филипче сака да го докаже квалитетот на МРП вакцината и затоа објавил фотографија со внукаси, но потоа се почуствува изманипулирана и излажана.Кога Филипче ги виде сите реакции, топката ја сврте кон јавноста дека пласирала лажни вести. Манипулаторскиот герила маркетинг, всушност само уште еднаш го поткрепи сомнежот за тоа ДАЛИ МРП ВАКЦИНИТЕ СЕ БЕЗБЕДНИ? ЗОШТО ЦЕЛИ 17 ДЕНА ФИЛИПЧЕ МОЛЧЕШЕ И СЕГА МУ ТЕКНА ДА РЕАГИРА ЗА ТОА ШТО СЕ ВЕЛИ ВО ЈАВНОСТА? ЗОШТО НЕ НАВЕДЕ КОНКРЕТНО СО КАКВА ВАКЦИНИРА СЕ ИМУНИЗИРА НЕГОВАТА ВНУКА? ДАЛИ НАМЕРНО ИЛИ НЕНАМЕРНО, ФИЛИПЧЕ ЈА МАНИПУЛИРАШЕ ЈАВНОСТА?

Македонија | пред 7 години

7 год.
vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ пет пати да мери, еднаш да сечи

Партијата ВМРО-ДПМНЕ силно навлегува во процес за избор на кандидат за градоначалник на претстојните вонредни избори кои ќе се одржат во април.Иако анкетите се во тек, а најголемата опозициска партија има голем број на имиња кои се спомнуваат како можни кандидати, се уште не е прецизирано едно лице кое ќе ја поведе партијата на изборите во кои ВМРО-ДПМНЕ е во длабока опозиција на сите нивоа во државата.Како и пред секои избори во сите партии работат повеќе лоби групи, интересни групи, центри на моќ, но и т.н. партиски „кујни“ кои сервираат се и сешто како меѓу членството, така и пред раководната структура. Во ова предизборие опозицијата доколку направи грешка скапо ќе ја плати и ќе се доведе во ситуација да испушти голема шанса да ја раздрма власта на СДСМ по вертикала од Охрид до Скопје.Во следниот период дефинитивно партијата ќе го одреди името со кое ќе трча на изборите, а до сега се спомуваат повеќе имиња, меѓу кои како најсериозни се сметаат неколку познати доктори од градот и адвокатот Мишел Наумоски.И додека во јавноста од партиските кујни се пуштаат имиња од разни лица кои некои центри сакаат да ги кандидираат, единствен човек од големата партија ВМРО-ДПМНЕ кој јавно, јасно и недвосмислено кажа дека сака да се кандидира за градоначалник е познатиот охридски адвокат.Тој во интервју за „Скопје 1“ недвосмислено потврди дека сака да е кандидат за градоначалник, а јавно изнесе и делови од својата програма, која ја објавува етапно.Интересот за познатиот адвокат се покажа како голем, а интервјуто една седмица беше во топ 3 најчитани вести на порталот.Мишел Наумоски има голем круг на луѓе и надвор од ВМРО-ДПМНЕ, во партијата опонент СДСМ, како и во бизнис заедницата. Тој со неговиот брат Антонио кој е познат во здравствениот сектор во Охрид, како многу чест помагател на изнемоштени и социјално необезбедени семејства, се многу добро прифатени во бизнис заедницата не само во Охрид, туку и во земјава.Посебно интересно за нив е тоа што се отворени, прецизни во своите планови, директни и искрени. Заедничо за браќата Наумоски е тоа што Охрид и охриѓани се приоритет. Многупати за интересот на градот вложуваат приватни средства и искористуваат пријатели, а скромноста оди до таму што и кога ќе ги прашаме за некои акции, одговорот е идентичен, „Се за граѓаните на Охрид“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
laze-1

ЛАЗЕ ТАНЕСКИ: Природата на мојот карактер е секогаш да имам амбиции

Во интервју за „Охрид1“ бизнисменот и претседател на СДСМ Лазе Танески зборува за тоа како одлучи да ја направи најголемата инвестиција во охридски хотел од осамостојувањето на Македонија до денес и за политичките амбиции пред предвремените Локални избори. Лазе Танески зборува и за исполнетото ветување на премиерот Зоран Заев за раздолжување на Охрид.Охрид1: Пред две години храбро влеговте во инвестиција која од граѓаните беше оценета како најголема инвестиција во еден хотел, од осамостојувањето на Македонија до денес. Како ја донесовте одлуката да инвестирате големи средства, да го понесете ризикот, да го издржите притисокот и на крај Охрид да го добие Лаки Хотел?„Во приватниот бизнис сум со години. Претходно мошне успешно менаџирав два други хотели кои ги изнајмував. И покрај тоа што јас лично не бев сопственик на објектите, тие објекти ги разработив и профитабилно и успешно работев , притоа вработувајќи луѓе, редовно исплаќав плати, па дури во објектите и инвестирав и ги модернизирав, за да ги направам поприкладни за времето во кое живееме, бидејќи беа градени во ерата на бивша Југославија. Тоа беше период кога во реалниот бизнис стекнав големо искуство низ секојдневната работа притоа соочувајќи се со најразлични проблеми кои некогаш и не е можно да се предвидат. Искуството кое го имам во менаџирањето во туризмот ме направи да не се плашам и да го преземам ризикот за да инвестирам во Лаки Хотел и денес да дојдам до оваа фаза во мојот личен бизнис развој и кариера како менаџер, а сега веќе и сопственик на свој хотел. Предизвиците ги има секој ден, но ги решаваме успешно.“Охрид1: Задоволни сте од работата на Лаки Хотел до сега?„Без лажна скромност ќе одговорам да! Лаки Хотел од самиот старт успешно работи, пред се со странски туристи. Хотелот има 60 соби и 4 луксузни апартмани. Ресторан кој нуди висок квалитет на услуга и го следи светскиот тренд при избор на храната, па така нудиме од наша традиционална храна, до здрава, диетална и протеинска храна која ја бараат странските, но се повеќе и домашните туристи. Го следиме трендот, нудиме квалитет и постојано се менуваме според потребата на туристите кои своите животни навики ги пренесуваат од местото на живеење во местото на престој, па така мора постојано да се прилагодуваме на светските трендови и да држиме чекор со потребите на модерните туристи, кои постојано се менуваат. Сето ова што го набројав, комбинирано со мотивот, еланот и желбата за успех резултира со позитивни резултати во работењето.“Охрид1: Рековте нудите различна понуда која е во чекор со светот. Колку Охрид го следи светот во делот на привлекување елитни туристи, висока класа на гости?„Реално ако зборуваме ние сме далеку од привлекување на голем број елитни туристи, или како што рековте висока класа на гости. Реков и погоре светот постојано се менува и ние треба да утврдиме прво што е за нас висока класа на гости. Ако зборуваме за висока класа, тогаш денес во 2019 година, во светот висока класа на гости се милјардери. Тоа е мала популација на луѓе која многу тешко, ако не и невозможно е да ја доведеме во Охрид. Мора да сме реални пред себе но и пред читателите. Тоа е класа на луѓе која се вози со свои сопствени јахти и се движи некаде од Лондон преку Гибралтар, па помеѓу Монте Карло, Ница, Кан, и помалку накај Дубровник или Миконос. Тоа е реалноста која треба да ја кажеме и да не манипулираме со јавноста и себе да се залажуваме во илузии. Ако зборуваме за некоја средна висока класа на гости, такви луѓе во Охрид доаѓаат но во помал број. Реално средната висока класа можеме да ја доведеме во Охрид и да понудиме и сместување и услуга. Тоа го нудиме и во Лаки Хотел. Оваа категорија на богати луѓе имаме услови да ја доведеме, но треба да продолжиме да работиме на подобрување на инфраструктурата и во градот и во земјата. Работите на тој план како што гледаме одат напред, владините политики се правилно насочени и за очекување туристичкиот бизнис да почне во пооглем дел да привлекува некоја, ајде пак така да ја наречам средна висока класа на гости.“Охрид1: Некако паралелно со стартот на вашиот хотел дојде и назначувањето на политичка функција во партијата СДСМ. Ја водите партијата во Охрид. Колку сте задоволен од партиските активности и каде ќе се движи СДСМ на локална сцена во следниот период ?„СДСМ за жал ќе оди на избори, кои како што е општо познато се последица на судбински настани на кои никој не може ни да влијае ни да ги предвиди и превенира. Смртта на избраниот градоначалник Јован Стојаноски нанесе огромна загуба за Охрид, но и за партијата. Одеднаш партијата се најде во друга ситуација и сега се спроведуваат непланирани но нужни процеси. Партијата ќе избере кандидат за градоначалник, кој ќе го прифати предизвикот наметнат повторно ќе кажам од судбински процеси. Убеден сум дека СДСМ ќе кандидира најдобро решение од сите кои се спомнуваат во јавноста или во анкетите и дека повторно ќе победиме. Сплотени и единствени!“Охрид1: Се спомнува и Вашето име. Имате ли амбиции да сте кандидат за градоначалник или демантирајте ги сите медиуми кои пласираа ваква вест?„Природата на мојот карактер е секогаш да имам амбиции. Секако дека размислувам за кандидатура и разговарам со повеќе луѓе од партијата околу тоа, како со врвот така и со членството и базата на СДСМ. Ние како голема партија нормално е да имаме и повеќе имиња за избор на кандидат. Јас повторно без лажна скромност ќе кажам дека функцијата претседател не ја сметам за предност пред другите туку сметам дека ние како партија располагаме со потенцијал, квалитетни луѓе и кадри од кои можеме да понудиме пред гласачите квалитетен кандидат и да победиме. Убеден сум дека СДСМ ќе го избере најдобриот кандидат и на изборите ќе оствари победа. Ако се оцени дека јас сум тој кандидат, секако дека ќе го прифатам предизвикот и ќе дадам максимум и во изборите и во вршењето на функцијата.Охрид1: Охрид во моментов е пред историски процеси кои го доведуваат до конечно раздолжување. Интересно е што и тоа почна во вашиот хотел, кога на отворањето лично Вие го однесовте тогашниот градоначалник до масата каде седеше сегашниот Премиер Зоран Заев, па прво тука неформално, а потоа во Владата и официјално почнаа разговори за владина помош на Охрид. Го сметате ли за голем успех на оваа власт раздолжувањето на Охрид?„Со големо задоволство јас лично го однесов тогашниот градоначалник до масата каде беше премиерот и тие срдечно разговараа и почна процес за доброто на Охрид. Премиерот Зоран Заев јавно преку вашиот портал вети дека ќе помогне да се раздолжи Охрид и тоа го направи! Владата ги издвои речиси половина милијарда денари со кои ќе се раздолжува општината и јавните претпријатија, но го формира и Ј.П. Колектор, со што симна еден камен од вратот на Охрид бидејќи финансирањето на колекторскиот систем од сега е на товар на државата и ги презеде долговите од околу 15 милиони евра кои се креираа со години од работата на колекторскиот систем. Секако дека тоа се историски процеси кои нашиот град и сите нас кои тука живееме не носат до еден пресврт. Јавноста во Охрид тогаш со неверување реагираше на тие најави на премиерот Заев, бидејќи не бевме навикнати на ситуации премерот на државата да се води од интересите на Охрид, а не од партиските или внатрепартиските интереси на некои групи. Со ова СДСМ покажа далеку поголема визија од политичките опоненти бидејќи ние процесот на раздолжување го најавивме и го започнавме кога со градот владееше градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и го продолживме во време кога дојде СДСМ на власт, но и го завршуваме во условно речено „наше време“ што значи дека таа изјава на Премиерот Заев не беше кажана во пропагандни цели, туку е реалност која сега се случува. Премиерот покажа далеку поголема визија за овие локални теми од сите негови претходници и направи чекори за кои аналитичарите тогаш пишуваа дека изгледаат неверојатни бидејќи јавноста во Охрид не беше навикната на политики кои се визионерски, туку живеевме заглавени во меѓупартиски но и внатрепартиски игри и пресметки кои сите скапо ги плативме. За наша среќа Заев тоа го прекина. Зошто ВМРО-ДПМНЕ тоа не го направи е нивно внатрепартиско прашање кое треба тие да го анализираат. СДСМ вети и го исполни ветеното и го доведе Охрид до раздолжување и тоа е факт кој граѓаните го знаат и сигурен сум дека адекватно ќе го ценат.

пред 7 години

7 год.
policija-22

Две лица физички нападнати за време на боречки натпревар

На 26.01.2019 година околу 15,40 часот пријавено е дека во спортска сала во Средното училиште "Зеф Љуш Марку" лоцирано на улица "Лазар Трпковски" во Скопје, К.Н.(34) и Г.Н.(44),двајцата од Штип, додека се одржувал боречки натпревар биле физички нападнати од повеќе лица.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
T6ik9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWlRJN01EQV8vYzNhYmI0ZDBhNmRlN2QzMDZlM2ZmNzkzNmRjNTk5ZGQuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Ја убил девојката и нејзините родители, а потоа и своите

Властите во американската сојузна држава Вирџинија го уапсија Дакота Териот (21) кој бил осомничен за убиство на родителите и уште три лица во државата Луизијана.Во соопштението од полицијата се наведува дека Териот е уапсен од страна на безбедносната служба во областа Ричмонд. Териот е обвинет за убиство од прв степен и илегална употреба на оружје.https://twitter.com/trey_couv/status/1089263654418243586?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1089263654418243586&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Fubio-devojku-i-njene-roditelje-pa-zapucao-i-na-svoje-americka-policija-usla-u-trag-i%2F5l0x42zПолицајците кои стигнале на местото на настанот ги затекнале неговите родители кои биле тешко ранети. Тие веднаш биле пренесени во болница каде што починале.Напаѓачот претходно убил три лица, а според некои медиуми станува збор за неговата девојка и нејзините родители.

Свет | пред 7 години

7 год.
LEs-iynosenje-lesa1-620x350

Државјанин на Србија пронајден мртов во стан во Црна Гора

Во изнајмен стан во близина на Тиват пронајдено е безживотно тело на државјанин на Србија кој бил на возраст од 48 години.Полицијата во станот влегла откако семејството пријавило дека два дена немале контакт со него.Според првичните информации на неговото тело не се забележани траги од насилство.

Свет | пред 7 години

7 год.
avion-620x350

(ВИДЕО) Руски авион удри на земјата, се преполови и се запали, еден член на екипажот преживеа

Суперсоничен руски бомбардер „ту-22М3“ се урна во вторникот при слетување на воен аеродром во Мурманската област во Русија.Сега, во медиумите се појави неверојатна снимка од падот на военото летало. Како што е снимено на видеото, авионот се обидел да слета, додека видливоста била многу слаба, последниот дел удрил на земјата, се преполовил, а потоа се запалил. Несреќата се случи на 22 јануари во близина на пистата за слетување.Единствениот преживеан е хоспитализиран и има сериозни повреди. Во тек е истрага за утврдување на причините за несреќата.

Свет | пред 7 години

7 год.
svadba-620x350-1

Најмалку 15 загинати на свадба во Перу, ѕидот од хотелот паднал врз гостите додека играле

Властите во Перу соопштија дека за време на свадба во хотелот „Алхамбра“ се срушил ѕидот и кровот на хотелот, при што настрадале 15 лица.Според локалното радио RPP, најмалку 30 лица се извлечени под рушевините и истите се сместени во најблиската болница. Голем дел од нив се во критична состојба.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Силна експлозија уништи неколку куќи во Хаг, голем број луѓе се заробени под рушевините

Силна експлозија уништи неколку куќи во Хаг во Холандија, известуваат локалните медиуми. Се стравува дека голем број луѓе се заробени под рушевините.https://twitter.com/r0eland/status/1089547811845222400?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1089547811845222400&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3027547-horor-u-hagu-snazna-eksplozija-unistila-nekoliko-kuca-strahuje-se-da-je-veliki-broj-ljudi-zarobljen-ispod-rusevinaЕксплозијата се случила денес, а според портпаролот на протовпожарната бригада причина за истата е најверојатно гас.Жителите на околните куќи се евакуирани, бидејќи постои опасност од рушење на целиот блок, пренесуваат локалните медиуми.https://twitter.com/RedactieD8/status/1089543090157834240?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1089543090157834240&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3027547-horor-u-hagu-snazna-eksplozija-unistila-nekoliko-kuca-strahuje-se-da-je-veliki-broj-ljudi-zarobljen-ispod-rusevina

Свет | пред 7 години

7 год.
oblozuvalnica-1

Две лица се заканувале со пиштол и го одзеле дневниот промет во спортска обложувалница

На 26.01.2019 година околу 21,05  часот  во Скопје во спортската обложувалница на ул. „Маџари“ две лица со закана со пиштол го одзеле дневниот промет.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
milenko-nedelkovski

Миленко околу евентуалната кандидатура на Силјановска за Претседател

Миленко Неделковски на својот Фејсбук профил објави статус во кој вели дека Гордана Силјановска не може да биде репрезент на ВМРО-ДПМНЕ во трка за Претседател на државата.“Бидејки во оптек е и шпекулацијата дека професорката Гордана Силјановска ќе се кандидирала во трката за претседателски кандидат на ВМРО ДПМНЕ, значи ќе му биде конкурент на Влатко Ѓорчев, со време да ги соопштам своите погледи:Гордана Силјановска не може да биде репрезент на ВМРО ДПМНЕ во трка за Претседател на држава, бидејки во најголемиот дел од својата работа (близина со Фрчкоски, министер на Црвенковски, лидер на професорски пленум против образовните реформи на ВМРО...) а и бидејки опкржувањето и другарите на нејзиниот сопруг адвокатот Благоја Давков се се‘ ВМРО-мрзачи: Слободан Богоевски, Зоран Божиновски Луди Милојко, Зоран Жоро Димитровски, Павле Трајанов... Со евентуалното влегување во Претседателската палата на Сиљановска, внатре за период од 5 години ќе се улогорат џандарските гниди Павле Трајанов и Слободан Богоевски. Овие сознанија не ми се од сега, за што приложувам своја колумна од пред точно 4 години. Доколку не ви се чита целата, еве неколку извадоци што се во врска со потенцијалниот “Фрст Хазбнд“:- “Блајоја Давков е сопруга на Професорката Гордана Силјановска која во пакет со Билјана Ванковска се “збунија“ пред Александар Палас“.- “Слободан Богоевски, Павле Трајанов и Благоја Давков се во секојдневна, долгогодишна, блиска дружба со Зоран Димитровски Жоро“.- “На заеднички состанок во скопскиот кафе бар ,,Еспресо,, со неа, Димитровски не повика мене (Зоран Божиновски) и неговиот ,,гарантор,, Благој Давков (сопруг на професорката Гордана Силјановска Давкова!). Димитровски бараше од Наташа Јанчиќ, за темите кои кои ќе ги објавува да се консултира со мене, а да биде консултиран и Благоја Давков, како негов човек од доверба. Му требаше мојата архива и темите кои постојано доаѓаат до мене, а Давков на сето тоа требаше да дава правно толкување““, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
3-4

(ВИДЕО) Мицкоски: Утре ќе поднесеме барање во парламентот Зоран Заев да си поднесе неотповиклива оставка и да се формира техничка влада

Денеска Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, разговараше и ја анализираше актуелната политичка и економска ситуација во Република Македонија, изјави Христијан Мицкоски.„Практично сите оние случувања во Република Македонија беа разгледувани на маса, сите можни сценарија во иднина беа антиципирани и врз основа на тоа донесе неколку заклучоци. Би сакал дел од нив да ги споделам со македонската јавност, се разбира преку вас медиумите.Имено за што станува збор, Македонија никогаш како што е сега не била по поделена, ниту по политички, ниту по партиски, ниту по национален, ниту по граѓанска основа. Македонското општество во овој момент се наоѓа во можеби најтешката ситуација од осамостојувањето на Република Македонија, поради сите оние погрешни политики кои што владата на СДСМ и Зоран Заев ги водат речиси две години. Сето она кое што се случува претставува порази, разочарувања, недостоинствени прифатени предлози, никакви реформи во економијата, нула реформи во здравството, катастрофални реформи во образованието, осиромашување, пљачкосување на македонската држава, иселување, крајна разочараност, демотивација, деморализирање на граѓаните на Република Македонија, без разлика на нивната етничка и партиска национална припадност.Она што денеска Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, но потоа и Централниот комитет на партијата го потврди е дека утре во текот утрешниот ден пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“, ќе поднесат во парламентот барање веднаш Претседателот на владата Зоран Заев да си поднесе неотповиклива оставка, формирање на техничка влада. И истовремено ќе поднесе иницијатива за распуштање на парламентот и организирање на предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските избори, на исти трошок за сите оние тези кои што ги имаше Зоран Заев и јуришниците околу него да бидат изведени на површина и да ја видиме вистинската нечестита намера на Зоран Заев и СДСМ“, вели Мицскоски.Тој додаде дека во минатото биле обвинети дека наводно барале избори, а  молеле Бога да не ги добијат изборите, еве сега ќе има можност тој, СДСМ, но и владеачката коалиција, владиното мнозинство да одлучат и да прифатат или да го одбијат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на следните неколку дена, па граѓаните на Република Македонија да видат кој е за, а кој е против предвремени парламентарни избори ,кој бара, а кој моли Бога истите да не ги добие.„ВМРО-ДПМНЕ сака да го спречи пеколниот план за уништување на Република Македонија и за уништување на Македонецот во Македонците од Зоран Заев и групата околу него. Знам дека денеска веднаш по завршување на оваа прес конференција, до ова обраќање до граѓаните на Република Македонија, ќе излезе кујната за лаги и манипулации на Зоран Заев и ќе кажува дека ова се некакви мрачни сценарија итн.Но, јас повторно ќе кажам ние имаме детална анализа на тоа што се случуваше, целосна антиципација на тоа што ќе се случува. Македонија практично под владение на СДСМ и Зоран Заев престанува да постои и затоа на денешната седница на Извршниот и Централниот комитет беа изнесени сите информации и сите факти кои што ги имаме како раководство и како политичка партија со кои што располагаме.Бараме веднаш Зоран Заев да си поднесе неотповиклива оставка, формирање на техничка влада, и веднаш организирање на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Имаме време и за реформи, имаме време и за сето она што Зоран Заев не го направи изминатите речиси две години, но исто така тоа ќе биде можност да ги корегираме сите грешки кои што Зоран Заев и владата на СДСМ од секаква природа ги направија изминативе две години“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
elena

(ФОТО) Овчарот од Пухче сака да ја жени Јелена Спенџарска, доста ти е шетање,ке бидам среќен дека сум те исправил по правиот пат да бидеш домаќинка

Марјан Трајчев од село Пухче, Штип пред неколку години стана познат на јавноста откако се јави во “Канал 5” да побара помош за љубовниот живот.Тој вели дека сака на неговата идна избраничка да и купи се што ќе посака, нема ништо да и недостасува, единствен услов е да биде домаќинка. Тој чува 300 овци и е вреден човек.Тој тогаш кажа дека на неговата идна избраничка нема ништо да и недостасува, а едниствен услов е таа да биде домаќинка.Но, по неколку години тој е без жена. Доказ за тоа е што сега преку „Фејсбук“ предложи брак на водителката Јелна Спенџарска која своевремено го интервјуираше.https://www.facebook.com/marjan.trajcev/posts/2003203106467939„Јелена, имам некој јак осет дека ваа година свадба ќе правеш сигурно, а кој ке биде среќнико нека биде ама ваа година е твоајта година, време ти е јеленче не ти мислам лошо.Озбилно, сестра ти помала од тебе ожени се, и ти ќе се оженеш, хахаха ке биде по мое, куќа ќе гледаш, деца, ќе чуваш ,доста ти е шетање,ке бидам среќен дека сум те исправил по правиот пат да бидеш домаќинка., Милена е помала од тебе ама како се ожени коку и е поубав живото“, вели Марјан а во продолжение може да ја прочитате целата понуда:

Магазин | пред 7 години

7 год.
50980908_2497076633700274_4520622021578588160_o

Фрлени 60 тони сол на улиците во Општина Кисела Вода

„Општина Кисела Вода изврши целосно расчистување на снегот и мразот од улиците, тротоарите, автобуските постојки и пристапните патеки до основните училишта и градинки на својата територија.Општината досега фрли околу 60 тони сол. Доколку во периодот што следува има нови снежни врнежи локалната самоуправа подготвена е да се справи со истите“, велат од Општина Кисела Вода.

Скопје | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да одговорат за скандалот со пензиите и штетата врз 12.000 граѓани

Наместо празни прес конференции ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски пред граѓаните треба да одговорат за скандалот со непрефлањето на средства во вториот пензиски столб за 12.000 граѓани, осигуреници и идни пензионери со што им ги загрозиле пензиите, велат од СДСМ.„На околу 12.000 осигуреници уплатените придонеси не се распределувале пари во вториот пензиски столб, иако ги исполнувале законските услови за тоа.Со тоа директно им се скратило правото на околу 12.000 лица да остварат пензија во целост и дитектно ги оштетиле.Тоа е начинот на функционирање на ВМРО-ДПМНЕ.Додека Хидро Мицкоски водел бизнис со хидроцентрали и го советувал својот шеф Никола Груевски, на граѓаните им биле кратени пензиите и загрозена исплатата на пензиите во целост.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да дадат одговор за овој скандал и неправда врз 12.000 граѓани.Владата предводена од СДСМ ќе го санира и овој проблем наследен од криминалната ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде исправена неправдата кон сите оштетени граѓани, а одговорните за овој скандал мора да понесат одговорност“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања