„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
eko-avtobusi

До крајот на годината, 35 екоавтобуси во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов потпиша Договор со Европската Банка за обнова и развој (ЕБОР) за заем во вредност од 10 милиони евра за набавката на нови еко автобуси на гас во Скопје. За набавката на автобусите ќе бидат обезбедени и дополнителни 1,8 милиони евра од Јавното сообраќајно претпријатие и грант од 1,1 милион евра за техничка соработка при подготовката на проектот. Во проектот, со сопствени средства во износ од 1,8 милиони евра, учествува ЈСП.Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов по потпишувањето на Договорот најави дека со првата набавка на нови автобуси во ЈСП по седум години целосно ќе се замени застарениот возен парк на ова претпријатие.– Моите очекувања се дека најдоцна до крајот на оваа година по скопските улици ќе може да се видат новите екоавтобуси кои ќе бидат на еколошко гориво на компримиран гас со ЕУРО 6 стандард на мотори, што значително ќе придонесе за намалување на загадувањето, имајќи во предвид дека со оваа набавка ќе можеме во целост да го замениме застарениот дел од возниот парк на ЈСП, рече Шилегов.Тој додаде дека новите автобусу , речиси и да не го загадуваат воздухот затоа што загадуваат само 10 проценти од тоа што го прават сега дизел моторите во ЈСП „Скопје, а потрошувачката ќе биде серозно намалена и се релативно евтини за одржување.Според директорот на ЈСП „Скопје“ Кристијан Чушков, новите автобуси ќе овозможат побрз и поефикасен превоз вои главниот град и ќе придонесат за подобрување на состојбата со квалитетот на воздухот.– На улиците ќе се вратат зглобните автобуси, кои имаат капацитет да превезуваат речиси двојно повеќе патници од двокатните, овозможуваат побрз проток на патниците низ возилото што влијае на скратување на времето потребно за задржување на постојките, што ќе овозможи и зголемување на фрекфенцијата на возилата. Во новите автобуси, ќе има можност и за валидација на најмалку две места во возилото. Сето ова, автоматски на граѓаните ќе им овозможи побрзо да стасуваат до крајните дестинации, отколку сега возејќи се со кинеските автобуси, рече Чушков.

Скопје | пред 7 години

7 год.
osmani-2

Османи: За време на Романското претседателство очекуваме конфирмација на одлуката за почеток на преговори

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи кој е во работна посета на Република Романија оствари средба со Премиерката на Република Романија, Виорика Данчила.„Преземањето на шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ од страна на Романија, доаѓа во еден од најтурбулентните периоди на Европа, во пресрет на предизвиците од претстојните избори, сѐ уште неразјаснетите околности под кои ќе се одвива БРЕГЗИТ итн.“ - истакна Османи на средбата, пренесувајќи и ги на Премиерката Данчила честитките во името на Владата на Република Македонија.„Дозволете да ги пренесам нашите уверувања дека, како земја - кандидат, ќе дадеме соодветен придонес во остварувањето на вашите приоритети како претседавач, имајќи предвид дека истите претставуваат вредности кои целосно се совпаѓаат со нашите државни приоритети“, истакна Османи, посочувајќи и на конвергенцијата, безбедноста и кохезијата, како приоритетни потреби за сите земји од регионот.„Искрена благодарност и за вашата иницијатива процесот на проширување да го одржите високо на агендата на вашето претседателство, како еден од фундаменталните елементи за обезбедување на вториот приоритет - безбедна Европа“ истакна Османи на средбата, изразувајќи уверување дека Република Романија, неповратно ќе се вгради во историјата на Македонија, како земја под чија палка земјава ќе добие датум за почеток на преговорите во јуни оваа година.За време на посетата, Османи ќе оствари средби и со повеќе претставници на владиниот и државен врв. Негов домаќин е Министерот делегиран за европски прашања, Џеорџе Чиамба, а ќе оствари средби и со Министерот за Надворешни работи Теодор Малешкану, како и со Министерката за Европски фондови, Рована Плумб. Во рамките на посетата на Романскиот Парламент, Османи веќе оствари средби и со Претседателката на Комисијата за Европски прашања, Габриела Крету, како и со Потпретседателот на Домот на Претставниците (Долниот дом), Флорин Лордаке.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Mila_Carovska_Minister

МТСП поднесе кривична пријава против непознат сторител, поради злоупотреба во пензискиот систем

Министерството за труд и социјална политика поднесе кривична пријава против непознат сторител откако вчера во јавноста ја обелодени аферата со вториот столб во пензискиот систем.Според анализата и документите на министерството, во пензискиот фонд се направени неправилности при распределувањето на придонесите на 12 илјади граѓани, идни пензионери.Тие откриле дека наместо во вториот столб, придонесите на дел од граѓаните во вредност од 19 милиони евра останале во првиот државен столб со што им е ускратено правото на повисока пензија.„ За таа намена на приватните пензиски друштва ќе им биде исплатена сума од 19 милиони евра обезбедени од од Буџетот на РМ. Овие средства ќе бидат распределени на оштетените осигуреници, односно на секој по околу 400 илјади денари,“ е наведено во соопштението.

пред 7 години

7 год.
kina-procistuac

Кина изгради 60 метарски прочистувач на воздух

Во Кина изграден џиновски прочистувач на воздухот. Објектот е поставен во центарот на градот Ксиан во Кина. Капацитетот на овој прочистувач е од 5 до 18 милиони кубни метри воздух во текот на еден ден.Има огромна способност за справување со ситните ПМ 10 честички кои штетно влијаат на здравјето на луѓето, и тоа за 10 до 10% на 10 километри квадратни површина.Сепак, оваа кула засега е сеуште во експирементална фаза. Истата била изградена во 2016 година, а досега ги надмина своите очекувања.

Свет | пред 7 години

7 год.
bubevski

Обвинителот Бубевски поднесе кривична пријава против адвокатот Арслани

Обвинителот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Гаврил Бубевски поднесе кривична пријава против адвокатот, Мефаиљ Арслани поради сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „Загрозување на сигурноста “ од чл.144 ст.3 в.в ст.1 од КЗ.Обвинителот од СЈО Гаврил Бубевски поднесе кривична пријава против адвокатот Мефаиљ Арслани, за закани по животот, врз основа на изјави од колешката Фатиме Фетаи и од сведок.Кривичната доаѓа откако обвинителката Фатиме фетаи обелодени дека како што кажа таа Арслани упатил закани „ти си наша, ама на тој каурот ќе му ја расплачеме фамилијата“, што се однесувале на Фетаи и на Бубевски.Адвокатот Арслани негираше дека воопшто некогаш кажал закана и дека имал националистички настап со споменување термин „каур“.

пред 7 години

7 год.
momo

Познатиот пејач на народна музика, Момо Николовски - тешко болен, се собираат парични средства за лекување

Познатиот пејач на народна музика, Момо Николовски - тешко болен. Семејството на социјалните мрежи апелира за помош и собирање на срества за лекување Тој боледува од абдоминален канцер и му треба помош за понатамошно лекување во Берлин или Истанбул.По емотивното писмо на неговата сопруга Валбурга Батева Николоска, на социјалните мрежи се споделуваат апели за помош на Николовски.„Ова е мојата љубов. Човекот на мојот живот. Моето вечно момче и мојата рајска музика во срцето. Цел живот со неговата песна развеселуваше, но и безброј пати помагаше на луѓе кои беа соочени со животни предизвици. Сега е неговиот ред. Сега е нашиот ред. Ни треба помош, оти звуците на љубовта не смеат да згаснат, сега, кога најмногу си требаме еден на друг. Не сакам да го дадам, нема да го дадам! Неговата топла душа е моето скришно, безбедно место, таму не живее темнината, таму има доволно светлина за сто животи и уште еден. Секогаш бев тука за вас и вие за мене. Барајте ме, вие кои знаете колку го љубам, но и вие другите, кои сакат некого и некој ве сака. Овој филм мора да заврши со среќен крај, со ваша и Божја помош, а во моја режија. Мече мое, судбино моја, продолжи да танцуваш со мене! Јас, ти и музиката..“, напиша таа.

Македонија | пред 7 години

7 год.
svr-ohrid

Пронајден женски леш на планинската патека која води од селото Горно Коњско, Охридско

На 27 јануари оваа година, околу 17 часот, во СВР Охрид, припадник на планинарска спасителна служба на Црвен Крст- Охрид, пријави пронајден женски леш. Безживотното тело, врз кое, според првичните сознанија немало траги на насилство, било забележано на планинската патека која води од селото Горно Коњско кон населбата „Лагадин“. На местото на настанот излезен е Јавен обвинител по чија наредба, увидот ќе биде извршен денеска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-620x2641

Тетовец уапсен на Табановце, се барал за издржување на казна затвор

На 27.01.2019 година во 12,40 часот на Граничниот премин-Табановце на влез во Р.Македонија при пасошка контрола било констатирано дека В.И.(21) од Тетово евидирал на СТОП листа и се барал по телеграма за издржување на казна затвор.Истиот бил предаден на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

За време на викендот вкупно 25 сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатите денови (25, 26 и 27.01.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 25 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, 11 сообраќaјни незгоди со телесни повреди и 12 со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и 22 лица се здобиле со телесни повреди.Од преземените мерки и активности констатирано е дека 91 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 90 возачи од кои: 38 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 44 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и осум возачи затоа што биле возачи-почетници.Исто така исклучени од сообраќај се и 27 возила бидејќи 26 биле нерегистрирани, а едно возило поради претовар. Санкционирани се 20 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, 15 поради непоседување пропишана зимска опрема, шест возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 15 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани се пет пешаци поради поминување на коловоз вон пешачки премин. Издадени се 114 мандатни платни налози и 71 возило се подигнати со специјално возило "пајак". 

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сообраќајка во Скопје, три лица итно пренесени во болница

На 27.01.2019 година во 21,10 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на  улицата “Лазар Личеновски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Опел aстра“, со скопски регистерски таблици, управувано од Е.З.(26) од Скопје, и патничко моторно возило “Фиат стило“ со скопски регистерски таблици, управувано од М.С.(37) од Скопје.По незгодата со возило на Итна медицинска помош М.С. бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар констатирани му биле телесни повреди. Возачот Е.З. и сопатничката од истото возило Б.З.(21) од Скопје биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, каде од страна на лекар кај Е.З. биле констатирани телесни повреди, а кај Б.З. биле констатирани тешки телесни повреди.На местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
morbili

Прогласена вонредна состојба во Вашингтон поради мали сипаници

35 заболени лица со мали сипаници, во Вашингтон, прогласена вонредна состојба.„Малите сипаници се многу заразна болест која може да биде смртоносна за малите деца. Појавата на жаришта ствара „екстремен ризик за јавното здравје кое може брзо да се прошири на други држави“, истакна гувернерот на американската држава Вашингтон, Џеј Инсли .Најголем број потврдени случаи – 34, забележани се во округот Кларк на јужната граница на Ваѓингтон, а од тој број потврдено е дека 30 не биле вакцинирани.Во 24 од 34 случаи се работи за деца на возраст меѓу една и 10 години, а во округот Кларк постојат уште девет случаи за кои постои сомнеж дека се заразени со сипаници.Во последните неколку години во САД дојде до пораст на бројот невакцинирани деца, заради што налдежните служби советуваат вакцинација против мали сипаници, заушки и рубеола.

Свет | пред 7 години

7 год.
jankulovska

Одложена седницата на која требаше да се одлучува по жалбата на Јанкуловска

Во Апелацискиот суд во Скопје е одложена седницата на која требаше да се одлучува по жалбата на ексминистерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“, во која беше осудена на затворска казна од 6 години.Причина за одлагањето е тоа што не дојдоа адвокатите на Јанкулоска, Боро Тасевски и Сања Алексиќ. Алексиќ имала здравствени проблеми, а Тасевски не беше присутен на седницата поради приватни причини.Судијката Цветанка Периќ им ги прифати поднесоците и судењето го одложи за 25 февруари.

пред 7 години

7 год.
retki

28 дена од месец февруари - ве запознаваме со 28 ретки дијагнози

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 или 29 дена ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести во Република Македонија.Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?...Супер радио, Лолеска Гордана и „Живот со предизвици“ овој февруари Ве запознаваат со ретките болести во Република Македонија со надеж дека преку овие 28 ретки дијагнози сите заедно ќе научиме нешто повеќе.28 дена од месец февруари Ве запознаваме со 28 ретки дијагнози.

Македонија | пред 7 години

7 год.
jankulovska

Апeлација денеска ќе одлучува за шестгодишна затворска казна за Јанкуловска

Апелациониот суд денеска ќе одлучува по жалбата на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за случајот „Тенк“ за тоа дали ќе и ја намали првостепената шестгодишна затворска казна.На седницата на второстепениот суд ќе се расправа по жалбата на пресудата што ја поднесе Јанкулоска, а своите аргументи треба да ги кажат и обвинителите од СЈО. Откако членовите на судечкиот совет ќе ги слушнат двете страни, треба да донесат одлука, да ја потврдат првостепената пресуда, предметот да го вратат на повторно судење пред Кривичниот суд или да ја преиначат затворската казна.Поранешната министерка не присуствуваше на судењето кога ѝ беше изречена затворската казна, а во завршните зборови не можеше да ги задржи солзите кога ја спомна грижата за својот син.Судењето за случајот „Тенк“ почна со тројца обвинети, Јанкулоска, поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски. Судењето за Јанкулоска беше издвоено откако остана бремена и процесот почна кон крајот на август, 45 дена по нејзиното породување. Таа беше прогласена за виновна за злоупотреба на службената положба и овластување.Претходно Кацарска го осуди поранешниот премиер на две години затворска казна токму во овој случај, но, откако Апелација ја потврди пресудата, тој избега и доби азил во Будимпешта.

пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Исправена неправда кон 12.000 граѓани, решен уште еден проблем со пензии оставен од ВМРО-ДПМНЕ

Исправена неправда кон 12.000 граѓани, решен уште еден проблем со пензии оставен од ВМРО-ДПМНЕВладата предводена од СДСМ продолжува да ги решава проблемите настанати поради криминалните и неодговорни политики на ВМРО-ДПМНЕ. На околу 12.000 граѓани-осигуреници од уплатените придонеси воопшто не се распределувале средства во вториот пензиски столб, иако ги исполнувале законските услови за тоа, велат од СДСМ.„Со тоа директно им се скратува правото да остварат својата пензија во целост.По откривањето на овој скандал, владата предводена од СДСМ и Министерството за труд и социјална политика презедоа мерки за решавање на проблемот и исправање на неправдата кон овие лица.Обезбедени се 19 милиони евра со коишто на околу 12.000 граѓани ќе им бидат префрлени средствата што со години не биле уплаќани во вториот пензиски столб.Со тоа, се исправа неправдата кон граѓаните на кои им биле скратени парите за пензиите.Надлежните правосудни институции сега треба да го процесираат случајот и согласно законите да одредат кој се треба да понесе одговорност за овој скандал.Владата предводена од СДСМ и сите останати институции продолжуваат со спроведување на мерките што обезбедуваат повеќе пари и поквалитетен живот за сите граѓани“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vmro-dpmne-zgrada-650x396-1

ВМРО-ДПМНЕ: Додека народот гладува и 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, функционерите на СДСМ се луксузираат

СДСМ си го покажаа своето вистинско лице. СДСМ покажа дека партиските состаноци и активности ги плаќаат граѓаните од свој џеб. СДСМ покажа дека се користат државни коли за партиски патувања и потреби. Државата е потчинета на партиските интереси на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Забеганоста нема крај. Додека народот гладува и 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, партиските функционери на СДСМ се луксузираат со државни ресурси а МЕПСО нарачува луксузен мебел од телешка кожа. Тоа се вика аздисаност.Зоран Заев и СДСМ бесрамно го спроведуваат планот да ја направат партијата држава, а државата партија.СДСМ прави класична злоупотреба на државните ресурси за сопствени и партиски цели.Наместо проекти и реформи за подобрување на животниот стандард, граѓаните на Република Македонија се сведоци на криминал, корупција, закани, уцени, непотизам, вработување на партиски војници, а сега уште и злоупотреба на државните ресурси.Има 4 милиони евра годишно за 700 нови вработувања под државна капа а само едвај 1.5 милиони евра за проблемот со загадувањето од кој дневно умираат по неколку луѓе.Народот не е должен да ги плаќа луксузирањата на неспособната и криминална влада на СДСМ, Зоран Заев и некадарните министри.СДСМ се свесни за својот слаб рејтинг и се исплашени од предвремени парламентарни избори.Но, за Македонија да оди напред, за граѓаните да живеат подобро мора овие црнила на криминалниот картел на власт да завршат. Зоран Заев мора да си замине час поскоро“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
dejan-minister

Словенечкиот министер за култура поднесе оставка по самоубиството на вработен

Словенечкиот министер за култура Дејан Прешичек, обвинет за мобинг, поднесе писмена оставка до премиерот Марјан Шарец.Прешичек неодамна се најде на удар во медиумите по обвинувањата за мобинг во Министерството за култура, а целата приказна кулминираше со самоубиство на еден од вработените.Според словенечките медиуми, човекот што извршил самоубиство е татко на три деца, боледувал од рак и постојано се жалел дека му се врши притисок од министерот и неговите најблиски соработници.Министерот во оставка, ги отфрли обвинувањата за мобинг, но признал дека го користел службениот автомобил за приватни цели, за што исто беше обвинет.Во писмото до премиерот , Марјан Шарец, министерот Прешичек пишува дека неоправдано бил изложен најавен линч и дека тој не е човек без чувства, како што го претставиле медиумите.РТ Словенија неофицијално извести дека премиерот нема да ја прифати оставката на министерот.

Свет | пред 7 години

7 год.
vevcnai-grdnik

(ФОТО) Вевчанци имаат нова валута - 1 грдник?

Вевчанци во нивни стил, овој пат велат дека имаат нова валута - грдник. На социјалните мрежи се појави нивнот изглед.Инаку Вевчанци важат за доста шегобит народ. Тие одамна велат дека се „држава“ која има валута и пасоши, создадоа и свое годишно време Тие преку карневалот порачуваат дека се народ што има обичаи и традиција кои не изумираат.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sehtanski-e1519410070929

Шехтански: Кога Македонците иселеници ќе се вратат, тогаш ќе има желба и мотив за Македонска национална држава

Адвокатот Ванчо Шехтански, кој воедно е и политичар и претседател на политичката партија ТМРО на својот профил на Фејсбук напиша дека кога Македонците иселеници ќе се вратат во Македонија, тогаш ќе има желба и мотив за Македонска национална држава.„Кога Македонците иселеници ширум светот, ќе си се вратат заедно со своите внуци, кога ќе си ги откупат имотите што повеќето ги продале, кога ќе почнат да инвестираат тука, тогаш ќе има желба и мотив за сите нас, за Македонска национална држава.За такво нешто требаат Македонци ама во Македонија. Сега засега, немакедонците се тие ,што тука газдуваат“, напиша Шехтански а подолу во коментар додаде:По таа логика сите треба да избегаме. Немојте да мислите дека некој ќе жртвува свој живот и генерации по него , за други иљадници километри од тука да се удираат во гради.Евреите имаа иста судбина па се вратија во Израел после десетина века, така да и Македонците или ќе бидат во Македонија или без Македонци нема да има Македонијa“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
brazil

ДОМ: Да не дозволиме еколошки катастрофи како во Бразил, во рудници со отворен коп!

„Изразувајќи длабоко жалење за жртвите од трагичната еколошка катастрофа во Бразил, ДОМ апелира до сите институции и до целата јавност во Македонија, да не дозволиме вакви ужаси да ни се случат во рудници со отворен коп! Нека биде бразилската катастрофа поука за сите „љубители“ на рудници со отворен коп! Ниедно злато, сребро, ни бакар, не се вредни за ова!Целата светска јавност остана занемена од катастрофата во Бразил, настаната како последица на пукање на рудничка брана, полна со јаловина и токсичен отпад. Рудничка брана со јаловина се добива во рудници со отворен коп, каде во отворени базени се врши лужење или флотација на металични минерални суровини со различни опасни супстанци, за да може да се извлече металот. Во бразилскиот случај тоа е железо, а може да биде злато, сребро или бакар, како што планираат разни инвеститори на рудници во Македонија.Знаејќи ја техничко-технолошката постапка при експлоатација и преработка на металични минерални суровини, го инициравме носењето на Законот за минерални суровини со забрана за нови рудници со отворен коп, кои употребуваат цијаниди и сулфурна киселина во процесите на лужење или флотација. Собранието го донесе законот и треба сите да сме свесни колку е тоа голема придобивка во толку кревката и нападната од сите страни, животна средина на Македонија“, се вели во соопштението од ДОМ.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања