„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
bugarski_ambasador_02

Новиот амбасадор на Република Бугарија во Македонија во посета на Битола

Новозназначениот амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија, неговата екселенција Ангел Ангелов, денес ја оствари првата работна посета на Битола. Амбасадорот, заедно со генералниот конзул на оваа земја во Битола Димитар Иванов, на средбата со градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, се запознаа со тековните активности на општината, како и со надлежностите на локалната и централната власт.Во фокусот на разговорот беа состојбите во образованието, здравството и социјалната сфера, во делот на згрижувањето на децата и лицата со одреден хендикеп. Градоначалничката Петровска истакна дека пројавената желба за помош е секогаш добредојдена и може да се насочи во  делот на енергетска ефикасност на училиштата, нагледните средства и друга техничка поддршка. Тие заедно ги дефинираа можностите на натамошна соработка, кои ќе се реализираат во мандатот на новоназначениот амбасадор.Неговата екселенција, амбасадорот Ангелов, ја потврди досегашната позитивна пракса на делување на двете земји, особено со Битола како град во кој е сместен Генералниот конзулат, преку кој се остварувала, но и ќе се остварува соработката во иднина на сите полиња.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Балетската претстава „Оревокршачка“ во МОБ

Македонска опера и балет Ви ја најавува балетската претстава „Оревокршачка“ со две изведби во среда, 30.1 и сабота, 2.2.2019 со почеток во 20 часот.Ова е едно од најпопуларните и најизведувани дела, на сите светски сцени по музика на Петар Илич Чајковски. Овој балет е ултимативна Новогодишно-Божиќна бајка - мириса на снег, карамела и на цимет. Обоен е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не и е доста од „Оревокршачка“ пред и после Нова година, секоја година!Во улогата на Клара настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска (30.1) и Мими Поп Алексова Атанасовска (2.2), Принц е Бобан Ковачевски, Мала Клара е Бојана Арсовска, истакнати солисти, солисти, целиот балетски ансамбл и ученици од ДМБУЦ - балетски оддел, придружени од оркестарот на Македонска опера и балет.Диригент Бисера Чадловска.

Магазин | пред 7 години

7 год.
5-5

(ВИДЕО) Николов: Филипче го злоупотребил детето во политичка измама и ги донел во заблуда граѓаните на Македонија

Венко Филипче во ек на епидемија на морбили ги измами граѓаните и ја злоупотреби својата внука за политичка измама. Филипче призна дека лажно и кажал на јавноста дека неговата внука е вакцинирана од морбили, иако таа не е, само да ги увери родителите дека вакцините се безбедни. Да го погледнеме видеото со кое што министерот ги излажа граѓаните, изјави Игор Николов на денешната прес-конференција.„Филипче прво го злоупотребил детето во политичка измама, а потоа свесно ги донел во заблуда граѓаните на Република Македонија, со самото тоа извршил кривично дело Измама според чл. 247 од Кривичниот Законик.Со ваквото свое манипулативно однесување, министерот лично го загрозува процесот на вакцинација и ја нарушува и онака слабата и нарушена доверба на  граѓаните во системот. Министерот лично со своето однесување, целосно ја деградира, го разградува процесот на вакцинација.Филипче мора да понесе одговорност, очекуваме надлежните институции да преземат соодветни мерки. Министрите треба веродостојно да ги информираат граѓаните и да не ги лажат, да ги дезинформираат, ниту пак да ги манипулираат“, вели Николов.Исто така тој додава дека Министерството за здравство предводено од Филипче прво изјавило дека има вакцини со изминат рок, за потоа да речат дека нема вакцини со изминат рок, туку декларациите се променети и помешани, за сето ова потоа да се обелодени дека ќе се уништуваат вакцините.„Господине министер, знаете ли дека вие со вашето лажење и манипулирање директно го загрозувате здравјето на најмладата популација и ја нарушувате вербата во системот?Господине Филипче со вашето лажење и манипулирање директно може да го  загрозите животот и здравјето на граѓаните, а пред се на најмладите, на децата кои што се во претшколска возраст.Граѓаните очекуваат итна и неотповиклива оставка од министерот, по вакво ноторно признание за измама и лажење на сопствените граѓани, најмалку што може да стори Филипче е да поднесе оставка.Повеќе од година дена откако е министер, а здравството и здравствениот систем во државата само тоне. Ова е уште една од низата причини поради кои се потребни итни и неодложни предвремени парламентарни избори заедно со претседателските на пролет. Црнилата мора да бидат победени. Зората да изгрее“, изјави Николов.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Утрово Скопје е повторно најзагаден град во светот, МОДОМ апелира да се активираат итните мерки веднаш

Младинската организација на ДОМ – МОДОМ апелира до надлежните да се активираат итните мерки веднаш.„Утрово Скопје е повторно најзагаден град во светот,  очигледно сме биле во право кога побаравме да не се прекинуваат итните мерки и да продолжи бесплатниот автобуски превоз.Затоа бараме вонредни инспекциски контроли,стопирање на градежните активности, бесплатен автобуски превоз,  редовно собирање на сметот, миење на улиците и  спроведување на  Законот на зеленило“, велат од МОДОМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Stipendija-Boris-Trajkovski

Меѓународната гимназија „НОВА“ распиша конкурс за доделување стипендии

Меѓународната гимназија „НОВА“ во соработка со фондацијата „Борис Трајковски“ распиша конкурс за доделување стипендии за школување во оваа гимназија. Аплицирањето почнува денеска (28 јануари) и ќе трае до 14 февруари 2019, а се одвива преку интернет-страницата на „НОВА“ www.nova.edu.mk каде е поставена електронска апликација која заинтересираните ученици треба да ја пополнат. Стипендиите се доделуваат по петнаесетти пат и се наменети за ученици од цела Македонија кои го завршуваат основното и сакаат да го продолжат средното образование во оваа образовна институција. Сите пријавени кандидати треба да имаат одличен успех од шесто до деветто одделение и солидно познавање на англискиот јазик.Тројца апликанти ќе добијат целосни стипендии за четиригодишно школување, додека останатите ученици кои ќе се пласираат во вториот круг можат да конкурираат за финансиска помош која ќе може да покрие најмногу до 50 отсто од школарината. Ваква финансиска поддршка ќе добијат најмногу 10 ученици.Oсвен што ќе добијат целосни стипендии, тројца ученици ќе добијат и поддршка за време на четиригодишното школување активно да учествуваат во локални, регионални и меѓународни настани и натпревари. Преку овие можности тие соодветно ќе се надградуваат со цел да ја претставуваат визијата на училиштето, фондацијата „Борис Трајковски“, но и својата држава. Програмата за стипендирање почна во 2005 година, а досега ја завршија десет генерации матуранти, кои своето образование го продолжија на факултетите во Европа и во САД.- Веруваме во квалитетот на новите генерации и нивната подготвеност да бидат дел од средината која ги охрабрува младите луѓе да се спознаат себе си и другите - велат од меѓународното училиште „Нова“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
4-4

Баделки вчера ја означија десеттата победа по ред

Сениорките на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода продолжуваат да редат победи во македонското првенство во женска кошарка.Баделки вчера со голема разлика ја победија екипата на „Струга 2009“, со резултат 66-46 ( 15:11, 20:16, 14:11 и 17:8). Со оваа десетта победа досега непоразената и најдобра женска екипа прогласена за 2018 година се задржа на првото место на табелата. Најефикасни кошаркарки од домашната екипа беа Сандра Лазареска со постигнати 18 поени, Наталија Секуловска со 14 и Сара Петровска со 12. За големата победа заслужни се и Сања Адамовска 9, Катерина Поп Димитровска 5, Сара Максимовска 2 и Наталија Гаревска 2. Од екипата на „Струга 2009“ на теренот најмногу се истакна капитенот Татјана Стојановска. Судии на натпреварот беа Боро Антовски и Бисера Бикова.За одбележување на овој натпревар е и тоа што во ростерот беше и повратничката кошаркарка Драгана Јоловиќ која во зимскиот период потпиша договор со екипата на „Бадел“.Следниот викенд девојките на „Бадел“ во вториот дел од првенството на домашен терен во спортската сала „Независна Македонија“ во Кисела Вода ќе и се спротивстават на екипата на ЖКК „Работнички“.

Спорт | пред 7 години

7 год.
Choir-Dragan-Shuplevski

„Бесмртност“ – Македонската филхармонија со концерт посветен на Бетовен

„Бесмртност“ е насловот на претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, на 31 јануари во 20 часот. Под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, концертот ќе биде посветен на творештвото на музичкиот гигант Лудвиг ван Бетовен.На програмата се неговите моќни дела: Увертира за именден оп. 115, Хорска фантазија за пијано, хор и оркестар оп. 80, каде како солист ќе се претстави македонската истакната пијанистка Нина Костова-Јаневска, како и Симфонијата бр. 2 во D-dur.Учество ќе земат и хорот „Драган Шуплевски“ од Факултет за музичка уметност, како и професионален хор „Про арс“ и солистите: Јаворка Витанова и Мартина Нанеска - сопрани, Бојана Јованова - алт, Јане Дунимаглоски и Шинаси Рамадан – тенори и Мартин Блажевски – бас.Музичкиот „Прометеј“ Лудвиг ван Бетовен (1770–1827), германскиот композитор што ќе ги направи најхрабрите чекори во музиката, особено во сонатно-симфониската форма, се смета за првиот европски романтичар. Биографите запишале: Бах го усовршил постојното. Моцарт е најсјајниот момент во историјата на музиката. А, Бетовен е моќта! Човекот што успеал да ја удави сопствената судбина. Бидејќи бил глув, па и самиот знаел да каже дека за неговата професија тоа е најстрашното нешто што можело да му се случи. Но, се победил самиот себеси и формирал сопствена филозофија на животот, која ќе стане инспиративна основа на целокупното негово творештво. За неговиот композиторски стил се карактеристични афористички куси, пластични тематски јадра, од кои органски расте целокупниот материјал. Зад себе оставил најмоќен музички опус во музичката историја: девет симфонии, од кои пет се вбројуваат меѓу 12 најдобри во историјата, пет ненадминливи клавирски концерти, Концерт за виолина и оркестар, 16 гудачки квартети, 32 сонати за пијано (форма што ќе ја доведе до совршенство), две миси, десет увертири, десет сонати за виолина и пијано, пет сонати за виолончело и пијано, една опера...Маестро Сашо Татарчевски е роден во Битола каде што и го започнал своето музичко образование, а дипломирал и магистрирал на катедрите за оркестарско и хорско диригирање на ФМУ – Скопје во класите на Фимчо Муратовски, Драган Шуплевски и Саша Николовски. Своето усовршување го продолжил на мајсторски курсеви во Њујорк, Рим, Москва, Берлин, Сартеано, Санкт Петербург и Фиренца, соработувајќи со познати диригентски имиња како што се Хелмут Рилинг, Франческо Каротенуто, Марк Горенштајн, Михаил Јуровски и Сајмон Керингтон. Настапувал со разновидни ансамбли како што се Македонската филхармонија, Битолскиот камерен оркестар, Македонската опера и балет, Симфонискиот оркестар на ИКО – Рим, Оркестарот на Ермитаж – Санкт Петербург, Битолската опера, ансамблите за современа музика „Алеја“ и „Контемпора“, Симфонискиот оркестар на ФМУ, камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“, хоровите „Магнолија“ (Словачка), „Кантемус“ (Унгарија), „Иполитов-Иванов“ (Русија) и други симфониски, хорски и камерни состави. Во моментов Татарчевски е еден од најактивните диригенти во Македонија. Покрај редовната работа како професор на ФМУ по група предмети од областа на диригирањето и диригент на симфонискиот оркестар и мешаниот хор „Драган Шуплевски“, се јавува и како уметнички раководител на професионалниот мешан хор „Про арс“ и на Женскиот младински хор при МКЦ. Има направено трајни записи со инструментална, вокално-инструментална и хорска музика во студиото „Фејмс“, а издадени се и неколку ЦД-а каде што Татарчевски се потпишува како диригент. Освен во Македонија, има настапувано во Португалија, Словенија, Шкотска, Белгија, Грција, Швајцарија, Шпанија, Хрватска, Италија, Србија, Чешка, Бугарија, Турција, Франција, Романија, Полска, Австрија и Русија. Има освоено голем број индивидуални награди за диригирање на интернационални настани, награди на конкурси со различни инструментални и хорски ансамбли, како и наградата на СОКОМ „Георги Божиков“. Член е на повеќе жири-комисии на меѓународни натпревари, предавач на семинари и мастеркласи за диригирање и хорска музика а од 2014 година е и уметнички директор на Меѓународниот хорски форум во Струга.Нина Костова-Јаневска е една од најдобрите македонски пијанистки од современата генерација музички уметници, но и пијано-педагози. Музичкото образование го стекнала во Скопје, во класата на реномираните професори од Московскиот конзерваториум „Петар Илич Чајковски“ – Људмила и Борис Романови. Во текот на своето образование, Костова-Јаневска се здобила со бројни награди и признанија, а често настапува на европските сцени во Велика Британија, Франција, Италија, Бугарија, Турција, Андора... Во периодот од 1991 до 2010 година, учествувала на сите семинари водени од проф. Борис Романов, организирани од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ – Скопје, Музичката младина на Македонија, како и Музичкото училиште „Добрин Петков“ во Пловдив, Бугарија, и музичкото училиште „Војислав Вучковиќ“ од Белград, Србија. Дипломира и магистрира со највисока оценка cum laude, a во 2014 ги заврши докторските студии. Нина Костова-Јаневска досега повеќе пати настапувала и како солист со Македонската филхармонија, со Младинскиот симфониски оркестар „Добрин Петков“ од Пловдив, Камерниот оркестар „Св. Ѓорѓе“, Камерниот оркестар „Московија“, Симфонискиот оркестар на ФМУ... Соработувала со значајни диригенти, меѓу кои и со Саша Николовски-Ѓумар, Александар Лековски, Борјан Цанев, Леонид Николаев, Едуард Грач, Пламен Парванов, Јанко Костелиц..., а настапувала и со бројни камерни состави заедно со реномирани уметници во Сараево, Белгија, Италија, Франција и Њујорк, од кои се издвојува настапот на „Охридско лето“ со Квартетот „Хеншел“ од Германија. Моментално работи како вонреден професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Со своите ученици и студенти постигнува огромни успеси, освојувајќи државни и меѓународни награди низ светските центри како што се Монако, Монте Карло, Москва, Ново Сибирск, Њујорк, Лондон и повеќе градови во Италија, Србија, Бугарија. Добитничка е на две признанија за посебен придонес во „Карнеги хол“, како и признание од фондацијата „Спиваков“ за посебен придонес на фестивалот „Москва встречает друзја“ во 2013 година. Од 2018 година Нина Костова-Јаневска е почесен член на Фондацијата „Томислав Зографски“.

Магазин | пред 7 години

7 год.
mickoski-pratenici-vmro-dpmne-1

Досега 33 пратеници ја потпишаа иницијативата за распуштање на парламетот

33 пратеници ја потпишаа иницијативата за распуштање на парламетот, 2 се службено отсутни.Од пратениците од ВМРО ДПМНЕ, иницијативата не ја потпишаа Илија Димоски, Даниела Рангелова и Крсто Јованоски.Од пратеничката група на СДСМ најавуваат дека најверојатно нема да ја прифатат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ, што, сепак, не значи дека е отфрлена можноста за предвремени избори. Конечната одлука за тоа дали ќе се оди на спојување на изборните циклуси, според најавите, ќе биде донесена до крајот на оваа седмица, на седница на Извршниот одбор на СДСМ, кој доби такво овластување од Централниот одбор минатиот петок.За распуштање на парламентот и распишување предвремени избори треба да се обезбедат најмалку 61 пратенички глас.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Нападнат полициски службеник во Штип

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.Д.(38) и Ш.Н.(27), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.На 28.12.2018 година околу 14.40 часот на улица „Сутјеска“ во Штип пријавените физички нападнале полициски службеник.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kicevo-gostivar

(ВИДЕО) Сообраќајна несреќа пред Гостивар, сообраќајот во прекин повеќе од 1 час

Десетина лица се повредени во сообраќајна несреќа што пред околу еден час се случила на магистралниот пат Гостивар- Кичево, кај превојот Стража.Сообраќајна несреќа кај каменоломите пред Гостивар. Во несреќата учествувале автомобил и комбе. Километарски колони од двете страни, затоа што сообраќајот е во целосен прекеин повеќе од 1 час.Според првичните полициски информации, сообраќајката се случила во 14:10 часот, на излезот од Гостивар, во близина на Камеломонот.Во сообраќајката учествувале еден автомобил „голф“, еден „пасат“ и едно патничко комбе.Во моментов полицијата од ПС Гостивар врши увид, а сообраќајот е во прекин, вели Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Македонија | пред 7 години

7 год.
lift

Лифт се откачил во зграда во Скопје додека во него имало мајка со дете

Триесет и шестгодишна скопјанка е повредена откако се откачил лифтот во кој влегла заедно со нејзиниот малолетен син. Инцидентот се случил во саботата во зграда на улицата „Вангел Тодоровски" во скопската населба Аеродром.„На 26.01.2019 година околу 15,00 часот 36- годишната А.В од Скопје пријавила дека на улица “Вангел Тодоровски” во Скопје, кога влегла во лифт во зграда заедно со нејзиниот малолетен син и го притиснала копчето за 3-от кат лифтот се откачил и паднал едно ниво подолу.На А.В. и е укажана лекарска помош во Комплекс клиники “Мајка Тереза” од каде по укажаната лекарска помош е пуштена на домашно лекување. Извршен е увид на местото на настанот и известен јавен обвинител“, велат од МВР.

Скопје | пред 7 години

7 год.
gordana

Професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Македонија

Триесетина професори упатија јавен повик барајќи јавноста да застане зад кандидатурата на универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова за претседателка на Република Македонија.Потписници се повикот се:1. Катица Ќулафкова, академик2. Наде Проева, професор3. Каролина Ристовска-Астеруд, професор4. Фредерика Поповска-Павловска, професор5. Билјана Ванковска, професор6. Жидас Даскаловски, професор7. Елка Јачева Улчар, професор8. Михајло Миноски, професор9. Никола Павловски, професор10. Богдан Богданов, професор11. Снежана Филипова, професор12. Костадин Тренчевски, професор13. Ивица Милевски, професор14. Јован Донев, професор15. Велика Стојкова Серафимовска, професор16. Валериј Софрониевски, професор17. Јани Бојаџи, режисер18. Ружица Манојловиќ, професор19. Игор Улчар, професор20. Константин Миноски, професор21. Марија Ристевска, доцент22. Драги Митревски, професор23. Тихомир Стојановски, професор24. Благоја Јанаков, професор25. Петре Георгиевски, професор26. Јане Богданов, професор27. Виктор Ѓамовски, професорСпоред потписниците потребно е да се наметне обединување зад личност кој се издигнува над ситните меѓупартиски и меѓуетнички ривалитети. Таква надпартиска личност, сметаат професорите, е професорката на Правниот факултет во Скопје. Гордана Силјановска-Давкова.Во продолжение интегрално Ви го пренесуваме повикот до јавноста од професорите„Како никогаш порано, во најтешките моменти на поновата национална и политичка историја, на Македонија ѝ е итно потребен здружен опозициски блок, кој ќе ги обедини сите граѓански и интелектуални капацитети. Со оглед на состојбата, ова ќе биде работа на повеќе генерации, но првиот предизвик со кој треба да се соочиме на политички план се претседателските избори. Станува збор за навидум помалку важна институција во парламентарен систем, но историскиот миг ја прави повеќе од значајна. Во услови на нарушени контролни механизми, дерогација на поделбата на власта и на системот на „кочници и рамнотежа“, во ситуација кога ставот на граѓаните изразен на референдум беше безобразно заобиколен, институцијата Претседател на Републиката е последниот, или поточно првиот, браник на уставните вредности.Ова не е време за нормален политички натпревар, особено поради основаните сомнежи дека власта не е подготвена да организира фер и чесни избори. Затоа, како единствена рационална алтернатива се наметнува обединувањето зад личност, зад кандидат кој со сиот свој животен и академски хабитус, морал и интегритет, се издигнал над ситните меѓупартиски и меѓуетнички ривалитети.Таква надпартиска личност е професорката на Правниот факултет во Скопје, Гордана Силјановска-Давкова. Во нејзината личност и јавно дејствување се препознаваме без оглед на политичка, верска, етничка или социјална припадност.Свесни дека учеството во политички натпревар во вакви околности бара голема саможртва, особено при окториран устав и изменето име, ние, долупотпишаните, јавно ја повикуваме Гордана Силјановска-Давкова да размисли за можноста да се појави како кандидат на претстојните избори.Се надеваме овој апел ќе стаса и до најголемата опозициска партија во Собранието, со цел да создаде поширока општествена синергија и да застане зад нашиот предлог. Во овој момент ни е потребен претседател кој нема да спроведува нечија партиска политика, туку ќе биде гласот на разумот, правото, Уставот и совест на граѓаните.За првпат во политичката историја на Македонија имате можност да поддржите личност, на која ќе ѝ верувате дека ќе биде гласен коректор и морален авторитет во петгодишен период на тешки искушенија за земјата и дома и на меѓународен план.Доколку ја испуштиме оваа шанса да излеземе сплотени околу една исклучителна личност, ова можат да бидат и последните непосредни избори за претседател на Републиката.Не се сомневаме дека во случај на неуспешни избори, владејачката коалиција ќе пристапи кон уште една уставна измена со која ќе ни го одземе правото непосредно да одлучуваме за наш граѓански претставник на позицијата шеф на државата, а партократијата ќе се всели во уште една државна институција.Веруваме дека проф. Силјановска-Давкова може да внесе разум, знаење и морал на политичката сцена, и дека ќе ги обедини македонските граѓани на кои суштествено им е потребен заеднички глас во полза на владеење на правото и здравиот разум, пишуваат универзитетските професори“, се вели во повикот на професорите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
dejan-minister

Словенечкиот премиер Марјан Шарец, ја прифатил оставката на министерот за култура

Словенечкиот премиер Марјан Шарец ја прифати оставката од министерот за култура, Дејан Прешичек, обвинет за мобинг. Ова е втора министерска смена за помалку од четири месеци од почетокот на работата на неговата малцинска коалициска влада.Прешичек синоќа му ја достави на премиерот писмената оставка две недели по избивањето на аферата во која тој се сомничи за мобинг над службеници во Министерството.Случајот со лошиот однос на министерот со вработените наводно кулминирал по самоубиство на еден од вработените, кој бил присилен за министерот да извршува приватни работи во работното време, што Прешичек го негирал.

Свет | пред 7 години

7 год.
vozacki-kososvo-1

(ВИДЕО) Во Косово ќе се вози со македонски возачки дозволи и обратно

Министерот Оливер Спасовски и министерот за внатрешни работи на Република Косово Екрем Мустафа, денеска во Приштина потпишаа Договор за реципрочно признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Косово и Меморандум за соработка од областа на внатрешната контрола.-Денеска, на оваа заедничка средба, заокруживме едно поглавје од целокупниот процес на воспоставување правна рамка како услов за соработка меѓу двете министерства за внатрешни работи. Како резултат од оваа средба, произлегува потпишувањето на Договорот меѓу двете Влади за реципрочно признавање на возачките дозволи, меѓународен акт од кој најмногу полза ќе имаат граѓаните на Република Македонија и Република Косово-рече Спасовски.Двете држави реципрочно ќе ги признаваат возачките дозволи на возачите кои имаат законски престој на територијата на едната или другата држава. Воедно, граѓаните кои имаат регулирано престој ќе можат, без обврска за полагање теоретски и практичен дел од возачкиот испит, да ја заменат својата возачка дозвола за возачка дозвола од истата категорија и поткатегорија на другата држава. При исполнување на ова свое право граѓаните ќе треба да ја почитуваат административната процедура согласно пропишаните национални законодавства на двете држави. Ваков договор пред неколку месеци беше потпишан со Сојузна Република Германија, а претходно и со Италијанската Република, Кралството Шпанија, Република Албанија, Република Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Освен со овие држави, во тек е процедурата за потпишување договор за признавање и замена на возачки дозволи и со Република Турција, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, кои претставуваат приоритет на Министерството за внатрешни работи, со оглед на фактот дека голем број македонски државјани живеат и работат во тие држави. Министерството за внатрешни работи освен врз основа на потпишани билатерални договори, врши замена на возачки дозволи и со други држави врз основа на националното законодавство и Виенската конвенција за патен сообраќај од 1968 година.-Во насока на унапредување на соработката во полициското работење, потпишавме и Меморандум меѓу двете Министерства за внатрешни работи за зајакнување на соработката од областа на внатрешната контрола.Овој Меморандум има за цел заедничка превенција и репресивно делување на службите за внатрешна контрола на двете држави, во насока на сузбивање на коруптивното однесување на полицијата, со посебен акцент на сузбивањето учество на вработените во организиран криминал, трговија со луѓе, илегална миграција и криумчарење мигранти и други противправни дејства, како и почитување на човековите слободи и права преку различните форми на соработка утврдени со овој Меморандум. Соработката и напредокот на полициското работење согласно нормите и стандардите на ЕУ го поттикнува приближувањето на Република Македонија и Република Косово кон Европската Унија- рече Спасовски. Потпишувањето на овие значајни документи, рече Спасовски, ги потврдува заложбите на Владата на Република Македонија за отвореност и промовирање на билатералната и регионалната соработка, која во наредниот период дополнително ќе се унапредува.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gGJvC-

Груевски најверојатно ќе остане без пратеничка плата?

Никола Груевски најверојатно ќе остане без пратеничка плата со новата измена на Законот за пратеници којшто група пратеници побараа да се стави како дополнување на дневниот ред на денешаата седница. Предлог-законот е ставен на дневен ред на денешната седница, и ќе се носи по скратена постапка.Груевски не присуствува на седниците, но не му беше одземен мандатот поради немање двотретинско мнозиство кога се гласаше во Собранието.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ojo-1

Основното јавно обвинителство Гевгелија истражува тешка кражба во винарска визба

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против шест лица, од кои за двајца за сторено кривично дело Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 од КЗ, а за четворица за кривично дело Прикривање од член 261 од Кривичниот законик.Во текот на постапката утврдено е дека четири лица, меѓу кои двајца од осомничените заедно со две засега непознати лица, по претходен договор, ноќта на 22.09.2018 година во Гевгелија во времето од 01.30 часот до 03.30 часот одзеле туѓи подвижни предмети. Тие сите влегле во кругот на винарската визба Друштво за производство на вино „РИГО Импекс“ ДОО Скопје. Додека двајцата осомничени чекале надвор, непознатите две лица се поткачиле на надворешната единица од клима уредот на висина од 2,5 метри, насилно го отвориле ПВЦ прозорецот од една од канцелариите на винаријата кој е на висина од 4 метри, влегле внатре, па преку отворена врата влегле во канцеларијата на благајникот по што со оксигенски заварувач се обиделе да ја отворат металната дводелна каса во делот на двете метални жапки од горната врата. Откако не успеале да ја отворат, ја извлекле металната каса од нејзиното лежиште и со оксигенскиот апарат од десната страна на металната каса отвориле отвор со дијаметар од 20 см и одзеле 640.000,оо денари.Осомничените потоа преку повеќе лица почнале поради оштетеност – нагорување на банкнотите од оксигенскиот заварувач да вршат нивна размена во НБРМ и во менувачница каде работелo едно од лицата. Со тоа, другите осомничени протуриле предмети за кои знаеле или можеле да знаат дека се прибавени со кривично дело -заменувајќи ги банкнотите со неоштетени банкноти, со што го сториле кривичното дело Прикривање.Постапувајќи по поднесената кривична пријава надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија до Судија за претходна постапка во Основен суд Гевгелија поднесе Предлог за определување притвор за двајца од осомничените за кои е поведена постапка за сторено кривично дело Тешка кражба и за едно од лицата кои се гонат за кривично дело Прикривање. За другите осомничени кои исто така се гонат за Прикривање, надлежниот обвинител побара определување на мерки на претпазливост.Од страна на Судијата за претходна постапка при Основниот суд Гевгелија се донесени Решенија со кои на осомничените им се определени побараните мерки за обезбедување.

пред 7 години

7 год.
zaev-linkevicus

Средба на премиерот Заев со министерот за надворешни работи на Литванија, Линкевичиус

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Република Литванија, Линас Линкевичиус.На средбата е изразена поддршка од Литванија за интеграциите на Македонија во ЕУ и во НАТО. Констатирано е дека ратификацијата на Договорот од Преспа, и со тоа затворањето на речиси три децениското прашање, е одраз на големо лидерство покажано од двете страни, како и дека претставува позитивен пример на градење пријателство, не само меѓу двете земји, туку и во Европа.Шефот на литванската дипломатија Линкевичиус кој е првиот министер за надворешни работи од земја членка на ЕУ, кој ја посетува Македонија по успешно заокружениот процес за реализација на Договорот од Преспа, најави активна поддршка во процедурите за Македонија да стане 30. земја членка на НАТО.Исто така изразена е и оценка за остварлив позитивен исход во јуни, кога Македонија очекува датум за почеток на преговорите со ЕУ. При тоа, нагласена е потребата за суштински напредок во имплементацијата на реформите, посебно во областа на правосудството и борбата против корупцијата.-Фокусирани сме на втората фаза од реформскиот процес и на постигнување видливи резултати во имплементацијата на реформите во делот на правосудството, борбата против корупцијата, ефикасна и професионална администрација и стабилизирање на целиот државен систем. По ратификацијата на Договорот од Преспа и од страна на јужниот сосед, очекуваме да бидеме 30. земја членка на НАТО, а по резултатите што дополнително ќе ги покажеме и во реформите на домашен план, дека ќе добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ. Евро-атлантските интеграции за Македонија значат безбедност, стабилност и економски развој, но се голем придонес и во стабилноста на регионот, рече премиерот Заев.На средбата е разговарано за можноста за примена на искуства од Литванија во делот на ИТ бизнисот, синхронизацијата на потребите на релација бизнис - индустрија - образование, во делот на сајбер технологијата и информациите.Премиерот Заев и министерот за надворешни работи на Литванија, Линкевичиус заеднички констатираа пријателски односи меѓу Македонија и Литванија и отворени можности за развој на економската соработка.

Скопје | пред 7 години

7 год.
zaev-cipras

Заев и Ципрас официјално предложени за Нобеловата награда за мир за 2019 година

Претседателот на владата на Република Македонија, Зоран Заев, прими писмо од Уидед Бушамауи, добитничка на Нобеловата награда за мир во 2015 година, со кое го известува премиерот Заев дека и официјално испратила писмо до Комитетот за Нобеловата награда за мир со номинација тој и грчкиот премиер Ципрас да бидат кандидати за оваа награда, за 2019 година.Во писмото, со изрази на најдлабоко почитување, нобеловката Бушамауи ја искажува својата убеденост дека Договорот од Преспа, претставува модел за мирно и конструктивно решавање на билатералните и мултилатералните недоразбирања меѓу соседните држави, кој може да служи како пример за целиот Балкански регион и пошироко, и дека ратификацијата на договорот во двете земји сведочи дека дијалогот, позитивната енергија, космополитизмот, духот на решителност, цврстата определба како и чувството за добрососедство, се клуч за сите проблеми независно притисоците на националистите од двете страни на границите.„Во овој процес и во овој храбар и визионерски акт со кој се утврдува дијалогот, довербата и основата за една заедничка иднина на Република Северна Македонија и на Грција во рамките на меѓународните организации, вие господине премиере Заев, како и господинот Ципрас, одигравте клучна улога. Во таа смисла, си дозволувам да искажам големо почитување и восхит кон вас двајцата лидери – големи градители на мирот на Балканот“, пишува во писмото до премиерот Заев нобеловката Бушамауи, со кое го известува дека него, и премиерот Ципрас официјално ги предложила за кандидата за Нобеловата награда за мир за 2019 година.Писмо со идентична содржина, добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 година, Уидед Бушамауи, испратила и до грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-timonie

Средба на премиерот Заев со амбасадорот Тимоние

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние, со кого разговараше за прашања поврзани со актуелната политичка ситуација во земјата, вклучувајќи го и усвојувањето на уставните измени во Парламентот во согласност со Преспанскиот договор и продолжувањето на реформите со цел интегрирање на земјата во евроатлантските структури.Амбасадорот Тимоние оценувајќи дека Македонија е на добар пат за остварување на нејзините стратешки цели, членството во Европската Унија и НАТО, му честиташе на премиерот Заев за лидерството кое доведе до Договорот од Преспа, кој е клучен за реализација на евроинтеграциските процеси.„Насочени сме да го искористиме историскиот момент и имаме највисока мотивација по добиената покана за почеток на пристапните преговори со НАТО и најавениот датум за почеток на преговорите со ЕУ, да ја внесеме Македонија во евроатлантското семејство, каде македонските граѓани ја гледаат својата иднина“, рече премиерот Заев, заблагодарувајќи му се на францускиот амбасадор за сета поддршка која неговата земја и ја дава на Македонија и нејзините граѓани за време на реализацијата на стратешките цели.Тој повтори дека Македонија ќе продолжи со политиката на градење на пријателство со сите соседи како единствен услов за стабилност и европска интеграција на целиот регион.На средбата, двајцата соговорници се согласија дека за граѓаните е многу важна посветеноста на Владата за продолжување на спроведувањето на реформите во правосудниот систем, јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупцијата со што се отвораат и перспективите за активен економски развој.Премиерот Заев и амбасадорот Тимоние разговараа и за конкретната француска поддршка, која се остварува во насока на соработка со француски експерти во областа на подготовките на македонската администрација за преговорите со ЕУ, со цел што побрзо отпочнување на преговорите на Македонија со Унијата.На состанокот се разговараше и за искористување на можноста за поголема динамика на економската соработка помеѓу Македонија и Франција.Во знак на почит за неговите залагања и во чест на одбележувањето на 25 години од воспоставување на дипломатските односи меѓу Македонија и Франција, амбасадорот Тимоние на премиерот Заев му врачи сребрена монета со ликот на „Жан Моне“, еден од татковците на Европа, симболично посакувајќи му среќа во напорите за заокружување на процесот на европска интеграција на Македонија.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ѓорчев побара вицепремиерите да се откажат од покачувањето на нивните плати

Во ваква економска состојба власта не треба да се води првенствено за сопствените привилегии и ги повикувам вицепремиерите Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Кочо Анѓушев, Хазби Лика за кој слушнавме дека не оди на работа и Бујар Османи да се откажат од покачувањето на нивните плати за 8.000 денари. Срамота е, граѓаните не ве гласаа за ова, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев на денешната собраниска седница.– Економските состојби во Република Македонија се целосно неадекватни за вакви забегани предлози на власта, неодговорни кои што кажуваат колку оваа власт е незаинтересирана за јавните финансии и не води сметка за животниот стандард за граѓаните и колку оваа власт на Зоран Заев и неговите пет вицепремиери кои што треба да си ги зголемат платите за 8,000 денари, како да им се малку досегашните 70.000 денари не водат сметка за животниот стандард за граѓаните туку за сопствените привилегии, вели Ѓорчев.Токму затоа тој побара предлогот за зголемување на платите на вицепремиерите како и точката со која се додава уште еден заменик директор во Агенцијата за поттикнување за развојот на земјоделието, да се повлечат од дневен ред, затоа што тоа го очекуваат и граѓаните на Република Македонија кои бараат повисок стандард, а не повисоки плати на функционерите и заменици директори во јавните претпријатија.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања