„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
policija-ilustracija

За една вечер, во Скопје казнети 34 возачи

Податоците од билтенот на СВР Скопје покажуваат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала 25 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило, 18 возачи за не носење сигурносен појас, 15 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца возачи почетници, еден возач за неправилно престројување, како и пет возачи за не поседување зимска опрема во возилата.Санкционирани биле и двајца  пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, а затекнати биле 66 непрописно паркирани возила.Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 60 возила.

Скопје | пред 7 години

7 год.
MOV_4678.00_00_01_19.Still001

За Силјановска и Ѓорчев се најдобро, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на МРТ на прашањето дали професорката Гордана Силјановска и Влатко Ѓорчев испратиле кандидатури до ВМРО-ДПМНЕ за претседателски кандидат, одговори дека досега пристигнале две апликации, но тие се чуваат затворени до денот кога ќе измине рокот за пријавување.Сепак, за Силјановска и за Ѓорчев рече дека има само најдобри зборови.-Влатко Ѓорчев е Тоти во ВМРО-ДПМНЕ. Потекнува од младинската УМС,  па до сениорите. Претставува голема додадена вредност во партијата, борец неприкосновен, лојалист. Можам да кажам се најдобро за него. Можеби ќе излезе и трет, четврт кандидат до 31ви. Јас не знам дали овие две пристигнати апликации се од професорката и од Ѓорчев, но до 31ви ќе дознаеме, рече Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Mickoski-1-SREDBA-1012-Glavna-Slika

Мицкоски вели дека е подготвен да биде премиер

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски се огласи и на Фејсбук со делови од интервјуто за МТВ синоќа.- Го повикавме владејачкото мнозинство да се одважи, ако навистина имаат таква доверба кај граѓаните, ако се самоуверени како што кажа Зоран Заев дека ќе добијат нов четиригодишен мандат, еве можност да излеземе и да се соочиме пред граѓаните и навистина да видиме каква е вредноста на овие политичари, напиша тој.Додаде дека е подготвен да биде премиер на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
rocista

Ново рочиште за предметот „Титаник 2“

Во Кривичниот суд денес продолжува судењето за предметот на СЈО познат како „Титаник 2“ во кој обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на вешт наод, изработен од економскиот вештак Величе Николовска од „Синопсис Скопје“, избран по случаен избор во договор со обвинителството и одбраната.Закажани се рочиѓта на 8 и 15 февруари, кога ќе бидат изведени завршни зборови на СЈО и одбраната.

Македонија | пред 7 години

7 год.
carovska-1

Царовска: Просечната пензија за една година порасна на 14.445 денари

Во своето вечерашно гостување на ТВ 24 министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска одговараше на сите актуелни прашањи поврзани со реформите во пензискиот систем и денешната кривична пријава која МТСП ја поднесе во Основното јавно обвинителство. Царовска истакна дека пензиската реформа обезбедува стабилен пензиски систем и постојан раст на пензиите.„Со пензиската реформа обезбедуваме праведност во системот за двете групи корисници, сегашните и идните пензионери. Со претходниот систем биле обесправени идните пензионери. Пример за тоа се овие 12.000 лица на кои не им биле префрлани средства во вториот столб, но и целосната поставеност на системот бил неправеден. Сега тоа го исправаме“, истакна Царовска.Таа посочи дека не е точно тврдењето дека пензиите нема да растат. Порсечната пензија, посочи Царовска, од декември 2017 до декември 2018 година е порасната од 13.954 на 14.445 денари.„Во изминатата година докажавме дека пензиите растат и тоа ќе биде случај и оваа година. Пензионерите може да бидат апсолутно спокојни. Реформата која ја правиме е избалансирана, до неа дојдовме преку темелни анализи грижејќи се да не оштетиме никого. Со неа го намалуваме дефицитот во ПИОМ за 2 милијарди годишно, но без радикални мерки како замрзување на пензии или покачување на старосната граница“ – рече Царовска. Таа истакна дека Владата покрај реформата во пензискиот систем воведува и социјлана пензија од која корист ќе имаат околу 6.000 граѓани кои во моментов немаат никакви примања.Запрашана за тоа кога и како ќе се обесштетуваат пензионерите чии средства не биле префрлани во вториот столб, Царовска рече  дека трансферот за обесштетување на пензионерите почнува утре а првата исплата ќе опфати 4.926 осигуреници.„Првата исплата на 4.926 осигуреници почнува утре, но и задолжителното префрлување согласно новата законска регулатива на 11.319 членови од вторите друштва кон првите веќе тече. Двата трансфера ќе завршат до крајот на месецов“, истакна Царовска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vreme

Облачно со врнежи од дожд, од петок промена на времето

Денес времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, претежно во источните делови. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Врнежите ќе бидат пообилни во текот на ноќта во источните делови. Дневната температура ќе се движи од 2 до 10 степени.Во Скопје облачно време со температура од 0 до 5 степени.До четврток под влијание на влажни воздушни бранови времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините (над 1400м.н.в) од снег. Денес во текот на ноќта кон среда и во среда врнежите ќе бидат пообилни во источните делови, локално ќе наврне над 30л/м2 дожд. Од петок се очекува значително затоплување, особено на повисоките места и на планините што ќе услови топење на снежната покривка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
BeFunky-collage-15-800x411

Жители на Шутка: Тие не се полицајци, носеа лопати и немаа таблици на колите

По објавата дека полицајци биле нападнати во Шутка, а потоа пренесени во болница, реагираат жителите на Шуто Оризари. Според нив, станува збор за киднапери, кои биле во возило без таблици и задни седишта, а со нив носеле и лопати. Дел од коментарите ви ги пренесуваме интегрално, со заштитен идентитет на лицата кои пишувале, познати на редакцијата на “Скопје 1”.

Скопје | пред 7 години

7 год.
salt_20190128_224839_951

Мајката на момчето кое загина во пожарот позади „Рамстор“ бара помош, две години живее без вода и во барака пред распаѓање

25-годишниот Мартин Сиљанов, кој загина во пожарот што изби во сервис за мопеди позади трговскиот центар „Рамстор“, зад себе остави мајка која е инвалид и која живее во трошна барака пред распаѓање. Нејзиниот живот го следат трагедии уште од рана возраст. Како дете била прегазена од војнички камион во Скопје, по што останала инвалид. На 28-декември го загуби својот син Мартин, по што останува да живее во барака во скопската населба Ченто, со својот друг син, но со ограничени примања, пишува Фокус.И покрај тоа што е неподвижна до сега не и е одобрена инвалидска пензија. Живее од социјалната помош за куќна нега и од платата на нејзиниот втор син Влатко, кој е пријавен на минималец.-Вкупните месечни примања од кои живеат не надминуваат 15.000 денари – велат пријатели на семејството.Најголемиот проблем сепак е тоа што немаат вода. Веќе две години не протекла ни капка вода од нивните чешми. Пријателите апелирале, пишувале писма до властите, се обратиле и до јавното претпријатие „Водовод и канализација“, но проблемот останал нерешен.-Тие луѓе немаат душа. Десетици пати сме побарале да ја закрпат цевката, но ништо не презедоа. Од „Водовод и канализација“ ни велат дека Општина Гази Баба треба да дозволи за да можат да копаат, и зошто проблемот не се решава, на нас не ни е јасно – вели Љубомир Стрезовски, пријател на фамилијата.Трагедијата за загинатиот Мартин го потресла семејството и неговите пријатели. Го паметат како енергично момче со жив дух. Велат дека бил експерт за мотоцикли.-За мотори беше професионалец. Можеше да склопи и да расклопи мотор – вели чичко Љубомир.Тој апелира до хуманите граѓани колку можат да донираат финансиски средства за да се реновира бараката во која живеат мајката на Мартин и неговиот брат.-Бараката е во хаос, може да издржи максум една до две години, кај и да е ќе падне. Се надевам дека ќе има граѓани кои ќе помогнат да се реновира. Целата е во гипс и е со поцрнети ѕидови поради старото ќумбе на кое се греат – посочува тој

Скопје | пред 7 години

7 год.
BeFunky-collage-15-800x411

Претепани полицајци во Шуто Оризари, жителите мислеле дека тепаат киднапери

Двајца полицајци завршиле во болница откако биле нападнати од група граѓани во Шуто Оризари.Како што соопшти полицијата, инцидентот се случил кога малолетничка наводно видела дека непознати лица насилно внеле женско лице во комбе, но не знаела за кого станува збор. Таа тоа му го кажала на возрасен маж, кој пријавил во полиција. Се собрала поголема група граѓани и во тој момент наишло возило во кое имало три лица, од кои двајца полициски службеници од Полициската станица Чаир, кои не биле на работа.„Насобраните ги нападнале лицата кои биле во возилото и тие се пренесени во болница за укажување лекарска помош“, велат од МВР.До овој момент, како што соопшти полицијата, нема пријава за исчезната девојка од ниту едно семејство и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
tepacka-crkva-111

(ВИДЕО) Нов скандал во црквата „Свети Димитрија“ во Мелбурн

По скандалот во Спрингвел, Мелбурн во црквата „Свети Димитрија“, за Водици, денеска овој храм повтонрно во центарот на вниманието. Верници физички се пресметувале.Народот бил навреден од тоа што пред неколку денови незаконската управа по инструкции на отец Миле Талески ги променила бравите на црквата, биле извадени камерите поставени од законската управа и поставила свои, со свои телохранители.Се јавило незадоволство и затоа што Миле Талески не можел да ја врати тапијата од црквата во банка како и од дрскоста на Епархијата и нејзиниот свештеникот Јовица Симоновски.Ова е трет конфликт помеѓу верниците и свештенството под раководството на Митрополитот Петар.Првично вниманието во привлекоја за Водици , кога верниците и свештеникот утрото на Богојавление пристигнале пред црковниот храм „Свети Димитрија“ и наишле на заклучена црква со синџир од кој никој го немал клучот, вклучително ни свешетникот. 

Свет | пред 7 години

7 год.
protest-pazar

Законот за трговија на зелените пазари е одложен на една година

Со 57 гласа „за“ и 12 гласа „против“ пратениците одлучија да се одложи примената на законот за трговија на зелени пазари.Парламентарното мнозинство гласаше за одложување, а опозицијата побара целосно укинување на законското решение , но не го доби. Сега е предвидено на јавни дебати со сите засегнати страни да се направи нов предлог Закон. Ваквата разврска следува откако претходно изгласаните одредби предизвикаа гнев кај пазарџиите, меѓу другото и поради тоа што се предвидуваше обврска за пазарџиите да плаќаат лиценца од 60 евра.Пратеникот Ејуп Алими, кој беше еден од предалагачите на спорниот закон сега тврди дека со ова им се дава рок на пазарџиите и и владата да се усогласат.

Скопје | пред 7 години

7 год.
dimitrievski

(ВИДЕО) Реакција на Градоначалникот Димитриевски во врска со одземањето на ингеренции за градинката од страна на министерот Царовска

Денеска Градоначалникот Максим Димитриевски во просториите на Општината одржа прес-конференција во врска со одземените ингеренции за градинката ­­­„Ангел Шајче“, од страна на министерот за труд и социјална политика Мила Царовска.Решението е неиздржано,тендециозно, селективно и пристрасно и има за цел директно да го инволвира Министерството за труд и социјална политика во кадровски избор на директор на Јавна општинска установа детска градинка „Ангел Шајче„. Ја повикувам министерката за труд и социјлна политика Мила Царовска која што има направено голем пропуст, да го преиспита оваа решение , да го повлече и далежноста да ја врати на Општина Куманово, бидејќи Куманово не заслужува ваков третман.Оваа го поткрепувам со фактот,, дека на трети јануари ненајавено од страна на надлежен инспектор од ресорно министертво беше направена посета во општина Куманово кои што немаше налог за вршење на било какви контроли и каде јасно и гласно ми беше ставено на знаење, доколку не отпочнам постапка, при тоа преудицирајќи се на избор на директор оваа ќе се случи. Жалам што една ваква работа се случува во една демократска општина како што е Куманово. Исто така праксата покажува дека во одредени општини каде што не е навремено отпочната постапка за избор на директор, не се превземени никакви активности. Според тоа, оваа решение е тенденциозно и јас согласно законот мора да го почитувам , но апелирам уште еднаш до мистерат да го преиспита, укине и јавно извини на општина Куманово и на нејзините граѓани, бидејќи оваа е се само децентрализација не. Јас како градоначалник сум должен да обезбедам правно работење на институциите што се во моја надлежност, а не да работам под притисоци – истакна градоначалникот Димитриевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-22

Охриѓани нападнале полицаец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.С.(27) од село Коњско, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”,  ,,спречување службено лице во вршење службено дејствие” и  ,,загрозување на сигурноста” и против Ѓ.В.(34) од село Долно Коњско, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”, и ,,спречување службено лице во вршење службено дејствие”.oНа 30.12.2018 година во 03.30 часот пред кабаре на булевар „Туристичка“ во Охрид пријавените физички нападнале полициски службеник.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Кривична пријава против три лица поради лажен договор за купопродажба

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.П.(50) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, против Т.Р.(29) од Битола за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против К.К.(50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службената положба”.На 27.05.2016 година првопријавениот, изработил лажен договор за купопродажба на патничко возило „Рено Меган” помеѓу И.С., како продавач и Д.А. како купувач, по што го употребил ваквиот договор во постапка идентификација на наведеното возило, во Бирото за метeoрологија при Министерството  за Економија-Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила. Третопријавениот, вработен во „АМ Церт“ ДООЕЛ Скопје, и покрај тоа што во доставената документација имало очигледно несовпаѓање на податоците за увозникот и подносителот  на барањето за постапка за идентификација на наведеното возило, издал согласност за регистрација на наведеното возило.По ова, второпријавенииот,  ја приложил ваквата документација во МВР – ОУР Битола, при поднесување на барање за регистрација на наведеното возило.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kicevo-gostivar

(ВИДЕО) Десетици повредени лица по сообраќајката кај Стража, откако се судрија три возила

Десетина лица се повредени во сообраќајна несреќа што пред околу еден час се случила на магистралниот пат Гостивар- Кичево, кај превојот Стража.Сообраќајна несреќа кај каменоломите пред Гостивар. Во несреќата учествувале автомобил и комбе. Километарски колони од двете страни, затоа што сообраќајот е во целосен прекеин повеќе од 1 час.Според првичните полициски информации, сообраќајката се случила во 14:10 часот, на излезот од Гостивар, во близина на Камеломонот.Во сообраќајката учествувале еден автомобил „голф“, еден „пасат“ и едно патничко комбе.Во моментов полицијата од ПС Гостивар врши увид, а сообраќајот е во прекин, вели Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_8266-1-1

СДСМ: Законот за социјална заштита е повлечен од МТСП поради техничкo усогласување

ВМРО-ДПМНЕ 11 години целосно ги игнорираше потребите на лицата со хендикеп, потребите на ранливите категории граѓани, а преку неодговорните политики свесно го уништувале системот за социјална заштита, велат од СДСМ.„Денес лицемерното ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за системот за социјална заштита и лаже дека издејствувале негово повлекување. Вистината е дека Законот за социјална заштита е повлечен од Министерството за труд и социјална политика поради техничкo усогласување.Решенијата во Законот ги унапредуваат правата, им го олеснува животот на лицата со попреченост и ранливите категории граѓани и тој е усогласен со нивните потреби.Во рамки на доработката на текстот прифатени се сите барања кои беа доставени од граѓанските здруженија и лицата со попреченост. Со новиот Закон за социјална заштита за првпат се потенцира независноста на лицата со попреченост, нивното право на одлука и еднаков третман.Со новиот Закон се воведуваат две целосно нови услуги за лицата со попреченост Лична асистенција и услугата Домашна нега. Правото за попреченост се проширува и за лицата со интелектуална попреченост, додека додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголемува на 50% од просечна нето плата.Како подршка на биолошките семејства кои имаат деца со попреченост  се зголемува износот на утврдената висина на правото на посебен додаток за 15%. Воедно се воведува и таканаречениот траен надоместок за родител, кој се грижел за детето со попреченост до неговата 26 годишна возраст без да го смести во институција, кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 62 години на живот за жена, односно 64 години на живот за маж.Во 2019 година ќе се развива услугата за одмена на семејна грижа која ќе обезбедува краткотрајно згрижување на зависни членови од семејството заради одмор, лични и професионални потреби на членови на семејството кои се грижат за нив, што е исто така дел од новиот Закон за социјална заштита“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, магла на Шапка и Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија Пат. Поради ниските температури можна е појава на голомразица. Снег врне на Попова шапка.Намалена видливост поради магла до 100 м има на Попова Шапка и 30 до 50 м на планинскиот превој Стража.На патниот правец Струга - г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_4775-1

Поповски: Владата останува посветена на силната поддршка за плурализмот и за обезбедување на средина за одржлив развој на медиумите

Министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски денеска на прес-конференција во Владата на Република Македонија, ги соопшти резултатите од реализацијата на средствата од Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2018 година.Од вкупно 13 пристигнати барања, одобрени се 11, информираше министерот Поповски. На овие 11 новинско-издавачки компании, им се распределени, согласно критериумите 42 милиони, 568 илјади и 620 денари, од вкупно 50 милиони денари за поддршка на печатените медиуми што беа предвидени за оваа намена во Буџетот за 2018 година.Овие средства од Буџетот на РМ, наменети за поддршка на печатените медиуми на компаниите издавачи им се доделени за веќе остварени трошоци и тоа на весниците на македонски јазик во висина од 50% за направените трошоци за печатење и 50% за трошоците за дистрибуција, а на печатените медиуми кои се издаваат на јазиците на етничките заедници во висина од 70% за направените трошоци за печатење и 70% за трошоците за дистрибуција.„Иницијативата за поддршка на печатените медиуми дојде од страна на Здружението на новинарите на Македонија, кое потоа реализацијата на овој проект го препушти на Асоцијацијата за заштита на печатените медиуми на (АЗПМ), кое, во соработка со Владата на РМ, ги подготви критериумите според кои, Комисијата на Генералниот Секретаријат на Владата на РМ, во која членуваа и двајца претставници на АЗПМ, ги распредели предвидените средства за поддршка на неделните и дневни, национални и локални весници во земјата“, соопшти министерот Поповски.Министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски на прес-конференцијата истакна дека Владата на РМ останува посветена на силната поддршка за плурализмот и за обезбедување на средина за одржлив развој на медиумите. Во таа насока Владата останува отворена и за сите идни сугестии кои го овозможуваат тоа и кои треба да дојдат исклучиво како предлог на медиумските професионалци и нивните здруженија за изнаоѓање на транспарентни и системски решенија во инклузивен процес со сите засегнати страни од сферата на медиумите.Претседателот на Асоцијацијата за заштита на печатените медиуми Лирим Дулови, на прес-конференцијата ја изрази благодарноста за оваа поддршка за егзистирањето и работата на печатените медиуми и истакна дека Република Македонија е единствената земја од регионот која оваа иницијатива ја спроведува според модел кој веќе се применува во повеќе земји членки на ЕУ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
4-5

Џафери се сретна со министерот за надворешни работи на Литванија, Линас Линкевичиус

Денешната средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери со министерот за надворешни работи на Република Литванија, г. Линас Линкевичиус кој престојува во официјална посета на Република Македонија, помина во пријателска и конструктивна атмосфера и на истата беа разменети повеќе информации и мислења околу идната соработка на двете земји како на билатерален така и на мултилатерален план, особено во рамките на нашите Евроатлански интеграции.Претседателот на Собранието на Република Македонија, посакувајќи му добредојде на гостинот, изрази задоволство и благодарност до Литванија за целокупната досегашна поддршка на нашиот евроатлански, при што ја потенцираше и соработката во рамките на Вилнус групата. Претседателот Џафери го информираше Литванскиот министер дека сега по заокружувањето на обврските околу ратификацијата на Преспанскиот Договор, законодавниот дом ќе продолжи да игра клучна улога во донесувањето на потребните реформски закони и во тој контекст истакна дека очекува до средината на месец Февруари 2019 година да се усогласат и донесат со забрзано темпо, со цел да се исполнат претстојните обврски до јуни оваа година, кога очекуваме и датум за почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ.Министерот Линкевичиус се заблагодари на можноста за средба со претседателот Џафери и на самиот почеток подвлече дека неговата денешна посета на Република Македонија ја доживува многу поразлично од неговата претходна посета бидејќи „сега, истакна тој, гледа светла иднина за Република Македонија“. Литванскиот министер даде посебен осврт за досегашната соработка меѓу двете земји, особено во рамките на проектите и програмите на ЕУ за помош и поддршка на нашата земја во различни области како, финансискиот сектор, јавната администрација, јавниот менаџмент, владеење на право итн. Тој се согласи за улогата и важноста на парламентите во наредниот период на отворање на пристапните преговори и поглавјата со ЕУ и потенцираше дека треба целиот капацитет да се вклучи во реформските процеси.Претседателот Џафери, апелираше до парламентарните групи за соработка на двете земји да ја интензивираат својата комуникација во наредниот период со длабоко уверување дека со продлабочување на парламентарната соработка на сите нивоа, ќе се олесни и нашето приближување кон ЕУ а и економската соработка ќе се издигне на едно повисоко ниво. Оваа констатација беше едногласно прифатена од двајцата соговорници.

Македонија | пред 7 години

7 год.
280119OA_MNR-Dimitrov_Danielson-9940

Средба на Димитров со Кристијан Даниелсон, директор на Директоратот за проширување во Европската комисија

Денес, министерот за надворешни работи Никола Димитров оствари средба со Кристијан Даниелсон, директор на Директоратот за проширување во Европската комисија. На средбата се разговараше за европските перспективи на Република Македонија и очекувањата за напредок во претстојниот период.Министерот Димитров упати благодарност до директорот Даниелсон и Европската комисија за нивните заложби и континуирана поддршка за евроинтеграцискиот процес на Република Македонија. Информираше за тековните активности поврзани со стапувањето на сила на Преспанскиот договор и заложбите за остварување понатамошен напредок во реформските процеси.Министерот Димитров се осврна и на досега постигнатите резултати во процесот на реформи во исклучително сложени внатрешни и надворешни околности, нагласувајќи дека силната политичка волја останува суштински дел од процесот. МНР Димитров изрази очекување дека реформските резултати и крупните чекори во унапредувањето на добрососедските одосноси ќе обезбедат доволно аргументи за земјите членки да донесат одлука за почеток на пристапните преговори во јуни 2019 година.Директорот Даниелсон упати честитки за чекорите поврзани со стапувањето во сила на Преспанскиот Договор и укажа на неговата важност за Регионот и пошироко, како пример за добра дипломатија и надминување на високо сензитивни прашања. Даниелсон го поздрави и текот на досега постигнатото на планот на домашните реформи, со очекување за уште позасилена работа и резултати во клучните области во периодот до Европскиот совет во јуни.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања