„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
we-remember-holocaust

ЦИВИЛ: Омразата како политичко и идеолошко оружје не смее да се толерира!

„Во чест на 27 јануари, Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација за човекови права и слободи, ја реафирмираат Резолуцијата 60/7 на Обединетите нации и повикува на достоинствено одбележување на овој датум во јавноста, медиумите и институциите. На Холокаустот мора да му се даде заслуженото место во јавноста, образованието и политиките со кои се промовираат мирот и човековите права и слободи.На овој ден, ние се приклучуваме кон глобалната комеморација на шест милиони жртви кои беа систематски и брутално убиени од нацистичкиот режим и неговите колаборационисти и квислиншки режими. Холокаустот е лекција за човештвото дека омразата и насилството кон различните се погубни за човештвото.ЦИВИЛ уште еднаш нагласува дека антисемитизмот, расизмот, национализмот, ксенофобијата, омразата врз верски основи се меѓусебно поврзани и се дел од деструктивните тенденции во светот и кај нас. Поделбите и омразата против различните води кон насилство и злосторнички дела од омраза. Омразата врз етнички, верски и расни основи е заснована врз идеологии што ги оправдуваат и поттикнуваат и хомофобијата, дискриминацијата на жените, социјално ранливите категории и низа други.ЦИВИЛ ги реафирмира повиците во целост да се почитуваат одредбите на Резолуцијата 60/7 на Обединетите нации и при ревизијата на учебниците и наставните програми, соодветно да биде застапен и Холокаустот. Тоа ја подразбира и обврската на државата да развие едукативни програми во кои ќе биде застапен Холокаустот, со цел да се спречат идни злосторства и геноцид во светот.Во духот на споменатата Резолуција, како и основните документи на ЦИВИЛ, го користиме овој ден и како повод уште еднаш најостро да ги осудиме сите манифестации на нетолеранција, национализам, говор на омраза и насилство врз основа на етничка, верска или расна припадност, социјално потекло, политичка афилијација, сексуална ориентација или било каква друга припадност или определба.Општество во кое се молчи за Холокаустот и во кое антисемитизмот на одделни поединци и групи се оправдува е општество во кое владее страв и деструкција. Општество во кое омразата и насилството поминуваат неказнето не може да оди напред. Омразата како политичко и идеолошко оружје не смее да се толерира“, стои во соопштението од ЦИВИЛ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
holokaust-35wp6ih7sodi3juq0cpx4w

Комеморативна церемонија по повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот

Утре, (понеделник, 28 јануари 2019 год.), во 18:30ч, во Македонската филхармонија, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и амбасадорката на Сојузна Република Австрија во Република Македонија, Ренате Коблер, ќе бидат домаќини на комеморативна церемонија по повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот.На церемонијата, покрај министерот Никола Димитров, обраќања ќе имаат и претседателката на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо-Николиќ, амбасадорот во Министерството за надворешни работи на Австрија и специјален претставник на Австрија во Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот (ИХРА), Томас Мајкл Бајер и амбасадорот на Италија во Република Македонија, во име на тековното италијанско претседателство со ИХРА, Карло Ромео. По официјалниот дел, ќе следи концерт на дуото Тимна Брауеr & Елиас Меири (клавир и гитара) од Виена, со изведба на еврејски песни.Република Македонија традиционално го одбележува Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот. Оваа година, на иницијатива на австриската амбасада во Скопје, комеморативната церемонија се организира заеднички и ќе биде збогатена со гости од Виена. 

Магазин | пред 7 години

7 год.
vakcini-novi

Вчера примени вкупно 6 нови заболени од морбили, две деца во потешка здравствена состојба

Во текот на вчерашниот ден на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се вкупно 6 нови заболени од морбили, а уште тројца амбулантски се прегледани, со јасна клиничка слика на морбили (мали сипаници).„Од Клиниката информираат дека ова е бран на ново заболени, по што очекуваат бројката да се зголемува. Епидемијата од морбили се шири во некои од градовите во внатрешноста на земјава. Две деца се во потешка здравствена состојба и за што постои можност да бидат поставени и на апарати за дишење. Здравствената состојба на детето со церебрална парализа кое беше во потешка состојба, значитело е подобрена. Исто така, подобрена е и постабилна состојбата и на 8 годишното девојче кое има астма и се заразило со морбили и варичела. Во моментов, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби има вкупно 24 пациенти со морбили (мали сипаници).Министерството за здравство информира дека денеска (27 јануари 2019 година) до 13:00 часот вакцинирани се вкупно 4 345 деца со МРП вакцини.За да се спречи ширењето на епидемијата на морбили во Скопје, во сите Универзитетски Клиники донесена е одлука за ограничување на посета на пациентите, односно да се забрани посета на пациенти кои лежат на клиниките се до крајот на траењето на епидемијата.Апелираме до родителите да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство. На трите пунктови во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит-пазар“ и „Ѓорче Петров“ има дежурни лекари секој работен ден од 19.30 часот до 7.30 наутро, а за викендите се на располагање 24 часа во текот на денот. Во работните денови, родителите треба децата прво да ги однесат на матичен лекар. На овие три места ќе се вршат комплетни прегледи со лабораторија на децата чии родители ќе се посомневаат дека можеби се заболени од морбили (мали сипаници). Доколку лекарите утврдат дека е потребно, пациентите ќе ги упатуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Апелираме до сите родители, кои ќе забележат или ќе се посомневаат на првите знаци на болеста, висока температура, децата прво да ги однесат на овие три пунктови.Министерството за здравство ја потсетува јавноста дека сѐ уште е на сила наредбата дека децата, кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата прогласена во Скопје. Децата од училишна возраст задолжително да се вакцинираат ако не се вакцинирани или примиле само една доза од вакцината МРП. Сите здравствени работници што од кои било причини не се вакцинирани или не се сигурни во својот вакцинален статус, да го направат тоа во најбрз можен рок. Напоменуваме сите превентивни мерки и препораки против ширењето на болеста да се сфатат сериозно и без отстапки.Апелираме до сите родители да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцина, која е висококвалитетна и ефективна, а производител е GlaxoSmithKline од Белгија.Вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со проверен квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење“, велат од Министерство за здравство.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Кирацовски: Да ја градиме Македонија како едно општество преку меѓусебно помагање и разбирање

По повод празникот Свети Сава, генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Александар Кирацовски, упати честитка до сите припадници на српската заедница во Македонија и до сите граѓани кои го слават денешниот празник.„Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име упатувам срдечни честитки за денешниот празник Свети Сава на сите вас кои го празнувате и ви пожелувам добро здравје и мирен и квалитетен живот.Непроценливото богатство на традиции, вредности и различности што во себе го носи Македонија, ја прават посебнна држава со која се гордееме.Нека различностите, меѓусебното разбирање и помагање што ги негуваме ни бидат поттик секојдневно да ги подобруваме условите за живот, да ја градиме Македонија како едно општество на еднакви, слободни и среќни граѓани.Со тоа, даваме пример и на идните генерации да ја почитуваат традицијата на меѓусебни односи и културни особености како универзална вредност на нашата држава.Имајте убав празничен ден“, порача Кирацовски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vmro-dpmne-zgrada-650x396-1

ВМРО-ДПМНЕ: Признанието на Филипче дека не ја вакцинирал внуката е доказ дека СДСМ си поигрува со здравјето на граѓаните

Венко Филипче призна дека има партиски вработувања во здравството. Срамно и недозволиво е лекари и медицински персонал, кој треба да се грижи за животот и здравјето на граѓаните, наместо за својата стручност да се вработува заради партиската книшка, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Филипче.„Обезбедување на квалитетен здравствен систем е обврска систем е обврска на државата и право на граѓаните загарантирано со устав. Никој, па ниту Филипче и СДСМ не смеат да си поигруваат со здравјето на граѓаните.Филипче и СДСМ создадоа вистински хаос во здравството. СДСМ од позиција на опозиција создаде недовреба кон вакцините за ситни политички поени, а сега незнаат како да го решат хаосот кој сами го создадоа.Признанието на Филипче, дека не ја вакцинирал внуката од морбили која е премногу мала, но ја однел пред камери дека се вакцинира со цел медиумски да ги излаже граѓаните е уште еден доказ дека СДСМ си поигрува со здравјето на граѓаните.Филипче и СДСМ си поигруваат со граѓаните. Филипче и СДСМ мора да си заминат пред штетите врз здравствениот систем да бидат преголеми“, стои во реакцијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gdu

ГДУ: Потребно е да се стави крај на почитичко-тендерскиот плурализам

Додека владината коалиција размислува и анализира, за можноста да имаме парламентарни заедно со претседателските избори, а нивните удобни „опозиционери" во лицето на ДПМНЕ одамна се изјаснија за избори „две во едно“, македонските граѓани секојдневно се разочаруваат од политиката, велат од Граѓанско Демократска Унија.„За потсетување би го споменале фактот дека Мицкоски уште пред да започне процесот со уставните промени, спомна дека очекува и ќе бара парламентарни заедно со претседателските избори.Истовремено двете монопол партии, заедно со нивниот вечен „тендер“ ортак во лицето на ДУИ, исклучително брзо се договорија за финансирањето на партиите од буџетот на државата кој ќе не чини 4.5 милиони евра годишно.За составот на ДИК и ред други државни институции, им се потребни неколку состаноци, каде за секунда удобно ги сместуваат своите партиски јуришници на стабилна државна издршка.Но никако не успеваат да се договорат за промена на изборниот модел, за разбивање на политичкиот монопол и за создавање на политичка конкуренција. Упорно вкопчани како пијавици во човечката кожа, години на ред манипулираат со оваа тема.Ги надградија своите политички ставови до  издигање на консензуални кандидати за претседател, за кое не е важно колку е способен, каков потенцијал има и за каква визија би се залагал, едноставно е потребно да биде одобрен од владините партнери и тоа е доволно.И на крајот сите се чудиме зошто почитуваниот британски неделник „Економист" не позиционира во друштвото на земји со „хибриден режим". Ние и оваа година ќе бидеме сведоци на нон-пејпари и одлагање на датумот за започнување преговори со ЕУ итн. Со 4.5 милиони евра од нашите даноци, со „консензуални-наместени натпревари", со изборен модел од минатиот милениум, со списоците од партиски вработувања, со непрочистен избирачки список и ред други класично балкански методи на правење политика, што друго  да очекуваме освен позиција на „хибриден режим", а Европската комисија да ни соопшти дека изостануваме во реформите?!Многу брзо заборавија на паролата „нема правда, нема мир", бројчаникот го заменија со железни опинци а непотизмот и другите лоши пракси ги презедоа од своите предходници.Почитувани сограѓани, време е да се стави крај на овој политичко-тендерски плурализам, за кој на крајот ние ја плаќаме сметката, а повратокот од ДДВ уште е имагинација“, се вели во соопштението. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ свика итна седница на Извршниот и Централниот комитет

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ денес ќе одржи итна седница на Извршниот и Централниот комитет, поради актуелната политичка состојба за претседателските извори, како и за барањето за предвремени парламентарни избори.Седницата на Централниот комитет е закажана за 14 часот.Ваквите заседавања доаѓаат по одлуката на СДСМ да го одложи конечниот став во однос на одлуката за предвремени парламентарни избори.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со честитка до припадниците на српската заедница

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на припадниците на српската заедница им го честита 27 Јануари, празникот посветен на Свети Сава.„Денот на првиот српски архиепископ, просветител и духовник Свети Сава како препознатлив симбол на српскиот народ остава траен белег во негувањето и ширењето на христијанска мисла на Балканот. Со својот јазик, култура и традиција, припадниците на српската заедница се неотуѓив дел од Охрид. Почитта и негувањето единство е изворот на нашата сила и опстојување, а со тоа сите заедно да придонесеме за подобра иднина на Охрид и Република Македонија.Упатуваме искрени честитки и посакуваме добро празнично расположение, убава домашна атмосфера, среќна слава и многу здравје, среќа и успех.Нека е честит големиот празник!“, стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Нелоска до Филипче: Како можевте во период на епидемија да дозволите Клиниката за детски болести да не спроведува мерки кои се предвидени со закон

Здравствениот систем е во тотален хаос. Несомнено, скандалот со вакцините е дно на дното, доказ за аматеризмот и неспособноста на оваа власт. Министерот за здравство, Венко Филипче и премиерот Зоран Заев во најмала рака се однесуваат скандалозно. Филипче и Заев си поигруваат со здравјето на децата, со здравјето на граѓаните, изјави Ленче Нелоска од ВМРО-ДПМНЕ.„Прво, излегува на виделина дека има вакцини со изминат рок. Потоа, излегува министерот Филипче и вели дека вакцините не се со изминат рок, само имаат погрешна декларација. За сега да падне одлука - вакцините да се уништуваат!Министре, излезете во јавност и објаснете им на граѓаните што правите? Освен лаги и манипулации, грижа за интересите на вашите блиски, се интересирате ли воопшто за нешто друго?!Зошто, наместо само да го почитувате законот, и веднаш да ги уништите спорните флакони, Вие направивте турска серија од настанот. Човек да се запраша дали навистина промовирате вакцинација или не. Со вашето неадекватно однесување само праќате погрешни пораки, ја зголемувате несигурноста на и така вознемирените родители и правите непоправлива штета на здравствениот систем за кој сте Вие сте одговорен.Во период на прогласена епидемија на морбили вие создадовте тотален хаос. Како можевте министре да дозволите, во период кога е прогласена епидемија на морбили, Клиниката за детски болести да не спроведува мерки кои се предвидени со закон. Дозволивте да се доведат во ризик стотици болни деца кои секојдневно поминуваат низ клиниката. Дозволивте епидемијата да ги погоди и најранливите, децата со малигни и други сериозни болести. Дозволивте вработените да бидат зафатени, а потоа и ризик фактор за ширење на епидемијата“, изјави Нелоска.Таа додава дека ова укажува на неспособност и аматеризам, на базично незнаење и негрижа за здравјето на граѓаните, а пред се за децата за нашата иднина.„Внимавајте, освен епидемија на морбили, веќе има бројка од над 500 лица со грип!И како да е сето малку ова претходново кажано, изминатава седмица, наместо да се занимаваат со епидемијата на морбили, како и скандалот со вакцините, министерот Филипче, премиерот Заев како и други бројни претставници на власта, беа впрегнати во лов на гласови од професорите на Медицински факултет во Скопје, со притисоци и уцени нормално, да се изгласа комисија која ќе го избере за доцент пуленот на СДСМ. Замислете, и министерот е член на таа комисијата.Небитно е што Законот за спречување на корупција вели дека тој како носител на јавна функција треба да се изземе од вакви комисии.Небитни се критериумите, небитна е автономијата на универзитетот за која што толку се бореа. Сега Заев и Филипче бираат доценти на Медицински факултет. Го средија здравството, па сега на ред е образованието.Ова е скандал од невидени размери.За овој скандал одговорност мора да понесе министерот Филипче, но и премиерот Заев“, вели Нелоска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

Заев: Македонија ќе ја направиме Швајцарија

Време е да работиме и Македонија да ја направиме Швајцарија на Балканот. Македонија има капацитет и треба да го  искористи. На граѓаните треба да им овозможиме достоен живот во сопствената земја, смета премиерот Заев. Тој додаде дека Македонија веќе е земја без ниту едно отворено билатерално прашање и треба да се направат крупни чекори за развој на економијата, пишува ТВ21.Во меѓувреме, за просечната плата од 500 евра, што ја најави Заев ,  реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, велејќи дека такво нешто нема да се случи, тоа е уште една од лагите на премиерот.–Заев вети просечна плата од 500 евра уште пред две години и тоа се уште не го реализираше. Просечната плата од 500 евра со СДСМ нема да има, така како што нема чист воздух. Заев ги повторува истите лаги кои ги вети пред две години но веќе народот знае дека Заев нема да постигне ништо – велат одВМРО-ДПМНЕ.Вицепремиерот на економски прашања, Кочо Анѓушев истакна дека за економски развој најважни се три елементи: владеење на правото, креирање стабилна држава и амбиент за инвестиции, без разлика дали инвеститорите се домашни или странски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Aleksandar-Rusjakov

,,Славосеверџанско племе“, ,,изроди“, ,,глупаци“ – Русјаков штедро со ,,комплиментите“ по усвојувањето на Договорот од Преспа

Писателот и сценарист Александар Русјаков, преку својот Фејсбук профил ги искритикува актуелната Влада и поддржувачите на Договорот од Преспа.„Грција го ратификува славосеврџанското племе. Па и племе сте. Еве зошто. Глумите левичари, ама Левијатан сте. Глумите прогресивни, а нацисти сте. Глумите комунисти, а комуњари сте. Глумите родово освестени, а изроди сте. Глумите загрижени за сиромшаните, а империјалистички отпад сте. Глумите интелектуалци, а бижутегрија сте. Глумите авангарда, а Гестапо сте. Глумте цивилизираност, а варварски менталитет имате. Славосеверџанско племе хистерици и глупаци облечено во брендирани кожи, суета и самобендисаност.Глупердиве славосеверџански изгледа мислат дека референцата ФИРОМ во грчки парламент ни е доделена, па сега нешто хистерично се радуваат.За да глупоста им биде забетонирана мислат Ципрас ќе победи на следните избори, па Мицотакис нема да става вето за се и сешто.Бањати се, ама во умот“, напиша Русјаков.

Македонија | пред 7 години

7 год.
40684064_1825048144305661_8575468734125178880_n

ECO SPAR - камини на пелети со субвенција до 30 000 денари

Набавете камин на пелети од ECO SPAR со што ќе штедите во домашниот буџет, а ќе го намалите и загадувањето на воздухот, и секако ќе искористите субвенција која градот Скопје ја дава ако купите камин на пелети.Во време кога Скопје стана светски рекордер во загаденост на воздухот, ECO SPAR на пазарот ги нуди економичните и еколошки препорачаните камини на пелети кои се за семејниот буџет штедливи, а за природата грижливи.Град Скопје на граѓаните што имаат купено печки на пелети од 07.11.2018 година до денот на завршувањето на повикот ( 30.11.2019 ) ќе им надомести дел од трошоците за набавка на печката во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.Јавниот повик ќе трае заклучно со 30 ноември 2019 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв“, велат од Град Скопје.ЕКО ШПАР нуди печки и камини на пелети за вашите домови или работни простории и тоа почнувајќи од најмалите камини како „Вега“ и „Венус“ од по 12 KW кои загреваат простор до 100 метри квадратни , па се до котлите за парно греење „Комби“ кои се со моќност од 55KW и загреваат простор до 450 квадрати.Целата понуда на компанијата EKO SPAR погледнете ја со клик Т У К А ОБЕЗБЕДЕН СЕРВИС НА ПОДРАЧЈЕТО НА ГРАД СКОПЈЕСКОПЈЕ: Ѓ.ПЕТРОВ - КАРПОШ - ЦЕНТАРВАНЧО | моб: 070 672 775 | е-mail: animako_vanco@hotmail.comМАРИЈАН | моб: 070 245 455 | е-mail: animako_vanco@hotmail.comСКОПЈЕ: К.ВОДА - АЕРОДРОМ - ЦЕНТАР - Г.БАБА - ЧАИРТОМИСЛАВ | моб: 070 223 643 | е-mail: tomo-1974@hotmail.com

Скопје | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Во 2018 Министерството за финансии извршило поврат на ДДВ во вредност од 375,6 милиони евра

Над 375 милиони евра завршиле кај компаниите од повратот на ДДВ, се подобрува ликвидноста во стопанствотоЕкономските мерки на владата предводена од СДСМ даваат резултат. Се зголемува економскиот раст, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните и кај компаниите, велат од СДСМ.„Тоа го потврдува уште еден податок. Во 2018 Министерството за финансии извршило поврат на ДДВ во вкупна вредност од 375,6 милиони евра.Во апсолутни бројки, минатата година назад во компаниите завршиле 60 милиони евра повеќе отколку во 2017 година.За разлика од претходните години на пример, кога поради криминалните политики на ВМРО ДПМНЕ, не се исплаќаше навреме, доцнеше и фирмите беа под притисок, денес повратот на ДДВ се реализира навремено и неселективно.Брзиот и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите ја подобрува ликвидноста во стопанството, а со тоа се стимулираат инвестициите и отворањето на нови работни места.Владата предводена од СДСМ продолжува на спроведување на политиките што обезбедуваат економски раст, зголемени инвестиции, нови работни места и повеќе пари кај секој граѓанин“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gorge-ivanov

Претседателот Иванов упати честитка до припадниците на српската заедница по повод Свети Сава

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод празникот Свети Сава упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Македонија.-Ми претставува особено задоволство да ви го честитам големиот празник Свети Сава и да ви посакам здравје, радост, мир и благосостојба. Чествувањето на денешниот празник, 27 јануари – Денот на првиот српски архиепископ и просветител е порака за заедништво, почит и меѓусебна соработка. Свети Сава за српскиот народ е непресушен извор на вера, надеж и љубов кон Бога и патоказ кон иднината.Припадниците на српската заедница со своите јазични, етнографски и културни особености го збогатуваат нашето мултиетничко и мултикултурно општество постојано придонесувајќи за напредокот на Република Македонија.Благодарение на српската заедница во Република Македонија како и на македонската во Република Србија, во нашиот северен сосед имаме пријател и поддржувач. Уверен сум дека и во иднина заеднички ќе продолжиме да работиме во интерес на сите наши граѓани, сè со цел подобра и посветла иднина. Нека Ви е честит големиот празник, стои во честитката од претседателот Иванов.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Приведени странски државјанки во угостителски објекти во Тетово и Гостивар

На 26/27.01.2019 година во временскиот период од 22,00 до 04,00  полициски службеници при Секторот за внатрешни работи Тетово во содејство со повеќе организациски единци во МВР, како и надлежни инспекциски служби при УЈП, Трудова и Пазарна инспекција, на подрачјето на СВР Тетово спроведоа акциска контрола во пет угостителски објекти каде престојуваат и нелегално се вработени странски државјани, како и за откривање на други кривични дела.При акциската контрола опфатени се пет угостителски објекти од кои три на подрачјето на Тетово и два на гостиварското подрачје. При контролата во угостителските објекти затекнати беа вкупно 39 женски лица од кои 13 се државјанки на Р. Македонија како и 26 странски државјанки од кои 11 се државјанки на Р.Србија, девет се државјанки на Р.Албанија, четири државјанки на Р.Бугарија, една државјанка на Босна и Херцеговина и една државјанка на Р.Косово. Затекнатите лица се на возраст од 20 до 46 години. Лицата се приведени и задржани за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Утрово најстудено во Тетово, најмногу снег на Шапка

Според УХМР, до 07:30 часот -11 степени се измерени во Тетово, -10 било во Скопје Петровец, -8 во Прилеп, Битола и Дебар, -7 во Штип, -6 во Крушево, Демир Капија, Скопје Зајчев Рид и Крива Паланка, -4 во Охрид, Претор и Виница, како и -3 во Берово.Висината на снежната покривка е 101 сантиметар на Попова Шапка, 35 во Тетово, 28 во Ѓуриште, 26 во Скопје Петровец, 25 во Демир Капија, 19 во Битола, 10 во Охрид и Штип, девет во Крива Паланка, Скопје Зајчев Рид и Претор, осум во Прилеп и Тополчани, четири во Виница и два сантиметра во Берово.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Филипче призна дека не ја вакцинирал внуката со МРП вакцина

Министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека вакцинирањето на неговата внука било со цел да ги увери граѓаните дека вакцините се безбедни, но и дека таа е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП.„Секогаш е добро да се покаже со личен пример дека нешто е вистина, дека нешто е вистински чекор и дека нешто е вистинска политика. И во таа насока беше вакцинирањето на мојата мала внука, која е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП, меѓутоа и објавата беше во насока на тоа дека ние како здравствени власти ги уверуваме сите граѓани, родителите на малите деца дека вакцините се безбедни. Процесот на вакцинација е апсолутно безбеден, дека тоа е вистинска инвестиција во здравјето на децата. Мојот чин беше во однос на сите овие аргументи“, изјави Филипче.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Screenshot_2-35

(ВИДЕО) Грчкиот пратеник Филис: Грчката Македонија стана грчка

Страницата на Фејсбук Беломорска партија денеска објави видео на кое пратеникот Никос Филис говори во грчкиот Парламент како Беломорска Македонија со сила стана грчка.https://www.facebook.com/131340650965/videos/366794170772282/

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Експлозија на плинска боца причина за пожарот во Гевгелија

На 26.01.2019 година околу 15.50 часот во Гевгелија, на улица „Маршал Тито“ во продавница за производи од железо настанал пожар при што вработениот Љ.А.(40) од Гевгелија починал, а со повреди се здобиле вработените А.Ј.(46), П.Д.(39), В.Б.(42), И.З.(42) сите од Гевгелија и М.Ј.(29) од село Прдејци.По укажана лекарска помош во Општа болница Гевгелија лицата се пуштени на домашно лекување. Со повреди се здобил и В.Ј.(30) од Гевгелија кој, по укажана лекарска помош е пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" во Скопје. Причина за пожарот, според првичните сознанија е експлозија на плинска боца која В.Ј. ја донел за да се монтира горилник.Од страна на Противпожарна екипа пожарот е изгаснат. Извршен е увид на местото на настанот, по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Македонија | пред 7 години

7 год.
smetkovoditeli

Сметководителите си ја отворија душата, ги кажаа проблемите - најавуваат протест во вторник пред Влада

Институционално дозволено нелегално работење, нефункционален закон што дозволува нелојална конклуренција од редовите на државната администрација и пензионерите вработени во десетина фирми, нефункционален институт и куп наметнати обврски без никакви права, се само дел од проблемите што сметководителите денеска му ги предочија на премиерот Зоран Заев.На трибината во Велес, Александра Андреева, сопственик на сметководствено биро, рече дека нејзината фела со години укажува на овие горливи прашања, но ниту една влада досега немала слух за нив. Укажа и дека повеќе од пет месеци чекаат на новиот закон кој долго се најавувал.Андреева најави протест пред Владата во вторник и изрази уверување дека премиерот Заев ќе ги прими претставниците од сметководствената дејност на разговор за заеднички да продискутираат и да изнајдат решенија.-Зборуваме за економија и за развој на стопанството, но за жал, како најважна спрега меѓу државата и стопанството сме заборавени. Во овој критилен период кога ги изготвуваме годишните сметки, се соочуваме со многу проблеми за кои сигнализираме со години наназад. Зборуваме за дигитализација, за подобрување на системите на УЈП, но јас сум жив сведок дека ние секое тримесечие не работиме по осум часа, туку по цели даноноќија. Се молиме во три по полноќ да профункионира системот за е-даноци за да можеме да ги пуштиме даночните пријави. Ако државните институции не не почитуваат нас и нашето работно и слободно време со оглед дека УЈП го прологнира рокот два дена, а тоа се сабота и недела, денеска и утре, тогаш како ќе не почитуваат стопанствениците? Излез гледваме во новиот закон, но пет месеци ништо и наместо ние да го скроиме, тоа го прават консалтинг куќите, истакна Андреева.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања