„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
Нема фотографија

Сончево со мала облачност, од утре нови врнежи

Денес во утринските часови по одделни котлини е можна појава на слаба магла, во текот на денот времето ќе биде претежно сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти под нулата и ќе се движи од -9 до -1 степен, додека дневната ќе се движи од 2 до 9 степени.Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и температура од -6 до 2 степени.Во следните денови ќе преовладува облачно време со услови за магла по котлините. Во понеделник од крајот на денот ќе започнат нови врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд, а на планините од снег и се очекува врнежите најпрвин да се поинтензивни на запад, а потоа да се прошират насекаде и да траат и во ворник кога ќе се поинтензивни и на југоистокот и истокот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
avtopat-koli-3

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, можност од појава на голомразица

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, а наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија пат. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.На патниот правец Струга - г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
akcija

(ВИДЕО) Акција за почит: Кога си човек со големо срце

Кога си човек со големо срце, браво за пожарникарите од Вуковар. Денеска противпожарната единица од Вуковар, спаси уште еден живот. Акцијата ја пренесуваат сите балкански медиуми.[embed]https://www.facebook.com/vatrogasciheroji/videos/2961360330556112/?v=2961360330556112[/embed]Браво момци, ќе послужите за пример. 

Свет | пред 7 години

7 год.
policija-traka

Маж и жена извршија самоубиство

Маж и жена од Белград утринава извршиле самоубиство со заеднички скок од недовршена стамбена зграда во белградската населба Борча, објавија српските медиуми.Како што пишува Блиц, има сомнежи дека брашниот пар В.Н. (54) и Д.Н. (55) со заеднички договор скокнале од зградата.Мажот Д.Н. претходно се јавил на близок роднина и го најавил самоубиството.Од Итната помош веднаш излегле на местот на несреќата но за жал само констатирале смрт кај сопружниците.

Свет | пред 7 години

7 год.
vucic

Вучиќ:Србија ќе биде една од првите држави, кои својот јужен сосед ќе го признае под новото уставно име

Ние не се мешаме во внатрешните работи на други држави, кога договорите се постигнати и донесени. Србија им честита и на Скопје и на Атина. Србија ќе биде една од првите држави, кои својот јужен сосед ќе го признае под новото уставно име. Сакаме најдобри можни односи и со двете земји и уште еднаш им честитам на господинот Заев и Ципрас, истакна српскиот претседател Александар Вучиќ одговарајќи на новинарско прашање, вечерва во Нови Сад на отварањето на манифстацијата „Нови Сад-европска престолнина на младите“.Вучиќ уште им честиташе на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на ратификација на Преспанскиот договор.На прашањето за тоа колку овој договор ќе придонесе за добриот развој на односите меѓу Србија и Косово, рече дека „постојано за ова слуша приказни“, но нагласи дека „тука се работи само за името“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
a-ok-2

(ФОТО) Адријан Битрак, охриѓанецот кој се среќава со Том Круз, Каролина Кенеди, Сталоне...

„И на крајот од светот да сум за Богојавление - Водици сакам да сум во Охрид“, раскажува Адријан Битрак, охриѓанецот кој 10 години живее и работи во Токио - Јапонија. Адријан си стои на заветот и зборот, патува илјадници километри, само да се искапи во осветеното Езеро и да заплива по светиот крст. Тој се чуди како има охриѓани кои чинот на осветувањето го гледаат на телевизија. Тој вели „Доаѓам специјално за да се искапам, ова е гордост и богатство“.Охриѓанецот Битрак работи во „Американски елитен клуб“ во Токио, како фитнес тренер и инструктор по пливање. Во овој елитен клуб, месечнната чланарина изнесува над 300 евра, а го посетуваат и многу познати личности, со кои Адријан се среќава, а со дел и се спријателил.Токму на неговото работно место започнува пријателство со Каролина Кенеди, која како што раскажува е редовен гостин во „Токио Американ“ клубот.- Малку е резервирана, секогаш доаѓа со обезбедување, тешко е да се дојде до неа. Но, јас имав можност да се спријателам со неа. Во многу наши разговори, имав можност да и го претставам Охрид. Со луѓето кои ги смата за пријатели е многу комуникативна, сака да разговара. Во 2016 кога за Водици бев во Охрид и купив резба, рачна изработка. Кога и ја поклонав многу се изнанади. Тогаш многу прашуваше за Охрид и кажа и она што и го кажав за неа беше многу привлечно. Таа веќе размислува да го посети Охрид и Македонија. Читала за Охридското езеро, за неговата специфичност, ми откри дека има желба да плива во Охридско езро, раскажува Битрак за „Скопје 1“.Покрај со Кенеди, Адријан има низа фотографии со ВИП личности, глумци, режисери, спортисти...„Претходните години бев присутен на многу промоции за филмови. Имав прилика да сретнам многу глумци, режисери... Со тоа ми се оствари мојот сон да ги сретнам тие познати личности и да разговарам со нив. Тоа е огромно искуство за мене. Со Том Круз, сум разговрал многу пати, тој е многу позитивен човек, пример за тоа како треба да се однесува една ѕвезда. За разлика од него, Леонардо Ди Каприо е многу резервиран, тешко комуникативен. Од останатите сум имал можност да се сретнам и разговарам со Камерон Дијаз, Арнолд Швајценегер, Силвестер Сталоне, Кристина Алгилера. Прв пат кога го видов Бред Пит се изненадив, очекував понизок човек, но пред мене застана многу позитивен, висок над 1,80 висок и многу пријатен господин“, раскажува Битрак.Покрај со Бред Пит, неколку пати сум се сретнал и со Анџелина Џоли. Глумците и покрај тоа што во живо се поинакви, претежно ми оставаат позитивен впечаток, раскажува Битрак.Охриѓанецот Битрак раскажува и за неговара соработка со Мирко Филиповиќ - Кро Коп.„Се започна со случајна средба со менаџерот од Мирко. Не знаејки дека е менаџер, долго тренираше кај што работам, ме запозна и приватно и службено. А јас многу покасно разбрав дека тој е главен организатор на најзначаен настан и менеџер на Мирко. Подоцна бев предложен од јапонска страна да бидам одговорен и да им помагам за време на борбите. Така започна моето пријателство со нив. Од тогаш последниве три години секое доаѓање јас сум со него, раскажува Битрак.Инаку македонецот Адријан го има обезбедувано најскапиот дијамант во светот, а работи и за „Тифани“. На презентациите на дијаманти во Токио, секогаш треба да поминете покрај Битрак, за да ги видите дијамантите.„Сум го обезбедувал и најскапиот дијамант. Работев и за „Ролс Ројс“, еве годинава имаа нова колекција бев ангажиран. Исто така работев и за „Сони“, а имам и одлична соработка со Австралиска амбасада во Токио“, вели Адријан.Тој додава „За годинава веќе се знаат моите ангажмани. Ги поминав интервјуата за олимпијадата. Имам добри препораки, се надевам ќе бидам ангажиран, секако тоа би било одлично искуство за мене, а ги поминав и интевјуата за обезбедување на Бил Гејтс. Така да оваа година ќе ми донеси нови дружби и пријателства“.Скромен и ненаметлив, Адријан вели дека вели раскажува како постигнал услех во странска и далечна земја, со различна култура.„Оној кој е поштен и работи, секогаш и секаде ќе успесее. Овие луѓе знаат да ценат лојалност и работливсот, и добра ја плаќаат. Кај што јас работам обично сме 50 % странци, 50 јапонци. Во клубот вработени се на 300 луѓе од 50 националности различни , а гости има многу во кои се амбасадори од различни земји, глумци, ВИП личности кои може да си го дозволат лукзузот на клубот.А приватно, Адријан има сопруга јапонка. Од минатата година имаат ќеркичка Алиса, која наполни 9 месеци, и на која и зборуваат македонски, јапонски и англиски.„Се надевам дека летово ќе додјдеме заедно. Инаку со Јапонија имаме слична клима, и ми одговара местото на живеење, и имаат многу квалитетна кујна, но често знае да ме фати криза за ајвар, комад, охридска риба, мусака, сарми, подварок... сетоа тоа го надохнадувам кога ќе дојдам Охрид. Македонските рецепти не би ги заменал ни со најскапиот ресторан во Токио“, вели Битрак.„Најмногу криза ме фаќа за погледот од терасата од мојата куќа. Кога во Токио им раскажувам за Охрид, им велам тоа е поглед од милион долари“, додава тој.Сепак Битрак раскажува дека добро заработува, добро живее, среќен е , но и искрен.„За живеење јас сепак би рекол не би го заменал Охрид со други места. Мене никогаш не ми беше план да останам. Така испадна. И не се знае, многу веројатно е да се вратам повторно во мојот роден Охрид, тука е душата, тука е се. Не се сложувам, ни јас не се оправдувам што сум заминал, убаво е човек да види. Никогаш не сум рекол фрлив камен на Охрид“, вели Битрак. Инаку Адријан не запира. Постојано одржува кондиција. вежба постојано. За да ја работи работата во која е најдобар, мора да биде кондицино подготвен. Раскажува дека 5 години тренира јапонско карате.„Од дете ги сакав јапонските филмови со кареате, и тој сон ми се оствари. Сум бил на семинари. Одиме на кампување по неколку денови со тренинзи утрински и вечерни. Но, тренинзите на изгрејзонце се доживување, букваално како на филмовите, во храмови . Ми беше желба и тренирам“, вели Битрак раскажувајќи за своите успеси.Инаку Битрак топло ја препорачува Јапонија, како земја која мора секој да ја посети. Вели еве виза не треба, се добива на граница.„Имаме македнската амбасада во Јапонија. Повелете ќе ве пречекаме и нагостиме во Јапонија, но, дома си е дома“, завршува македонецот Адријан Битрак.новинар: Татјана Караџова Маленкова 

пред 7 години

7 год.
babicka-spie

Жално: Три сестри и брат живеат под отворено небо - Да помогнеме

Три сестри и еден брат живеат под отворена небо. Немаат никакви услови за живот. Фотографија која се шири по соцјаните мрежи ги вознемири сите. Хуманите луѓе веднаш бараат информации да им испратат каква - таква помош, затоа што на овие луѓе им треба се. Но, загрижува фактот што за ова семејство треба многу повеќе од основни прехранбени произвори.- Добри луѓе, сакам да се обратам за помош за семејство кое живее во Банево трло, во близина на Куманово. Тие живеат под отворено небо, немаат ништо и секоја помош од сите нас е добредојдена.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10215950482906862&set=a.2148765170617&type=3&theaterНеофицијално по ширењето на фотографијата по социјалните мрежи се огласил градоачалникот Максим Димитриевски и пратеникот Павле Богоевски, кои веќе испратиле помош.Низа коментари има под фотогафијата, секако сите се сложуваат дека треба што поскоро да им се помогне на ова семејство. Луѓе кои добро ги познаваат објаснуваат дека покрај матријална на овие луѓе им треба и професионална медицинска помош.Да помогнеме, секој онака како што може. Секако последниот збор треба да го дадат институциите и да ги згрижат.

Македонија | пред 7 години

7 год.
riba-studencista

Помала количина мртва риба повторно во каналот Студенчишта

Помала количина мртва риба, повторно забележана во каналот Студенчишта, помеѓу пловните објекти кои се закотвени за брегот.Причина за угинувањето на плашицата е недостиг на кислород во водата за големата популација на овој вид риба во каналот.За потсетување, значително угинување на плашица имаше во месец ноември минатата година. Тогаш надлежните интервенираа со дотур на свежа вода во каналот, со што беше спречена поголема еколошка катастрофа.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev

Заев: Ако треба железни опинци ќе облечам, ама 500 евра просечна плата во Македонија ќе има

Ја зголемивме минималната плата, а таа отвори спирала на покачување на платите во Македонија. Со тоа, сега просечната плата е 24.548, а претходно беше 22,889. Дојдовме до просечна плата од 400 евра, ако треба железни опинци ќе облечам, ама 500 евра просечна плата во Македонија ќе има. Ова го изјави премиерот Зоран Заев на трибината во Велес, насловена како „Силна економија, шанса за сите!“Премиерот посочи дека земјава има капацитет да овозможи луѓето достоинствено да заработуваат и да живеат, а младите да не си одат од Македонија. ВМРО ДПМНЕ вели дека плата од 500 евра ќе има кога ќе има и почист воздух за граѓаните. Опозицијата вели дека Заев постојано кажува исти лаги, а народот не му верува.Од денеска Владата на Република Македонија започнува со реализација на серија трибини со граѓаните и активности „Силна економија – шанса за сите“ преку кои во отворена дебата со граѓаните ќе се дискутираат економските остварувања и политики како и предизвиците и перспективите кои се отвораат за економски развој на земјата со членството во НАТО и започнувањето на преговори со ЕУ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
protest-vozduh

Скопјани се кренаа против загадувањето

Ако ни го земете и воздухот, што ни останува? Парите за велосипед ги потрошивме на инхалатор, ставете налепници на тешката индустрија, четворица дневно умираат чекајќи чист воздух, се дел од паролите кои денеска ги носеа група нездоволни грашани на денешниот протестен марш за чист воздух и борба против аерозагадувањето чија рута беше од Собранието до Владата на Р.Македонија.Тие порачаа дека 1,5 милиони евра за борба со загадувањето не се доволни и кажаа дека повеќе се исплаќаат пари за патни трошоци за пратениците, отколку за справување со овој сериозен проблем.На протестот говореа и загрижени граѓани, дел од нив побараа оставки од министрите кои се надлежни за овој ресор.„Помина година и пол, сега веќе втора, цела пролет и цело лето ништо не е направено за оваа зима да имаме помала загаденост. Да ви кажам што е направено. Во 2018 година, излезе едно смешно планче за чист воздух за 2019 година од седум страни, од кои четири се вовед, а три се некакви смешни општи реченици. Значи, две години се потрошени за ништо“, рече активистот Лазар Ѓуров на денешниот протест пред Собрание и Влада, со кој граѓани побараа акција од надлежните во решавање на проблемот со загадениот воздух.„Ако ние од пролет се подготвуваме да ги едуцираме луѓето, да направиме промени во режимот на сообраќајот, да направиме начин да се запрат градежните работи, да влијаеме индустријата да запре со производство или навреме да стави филтри, ние ќе имаме почист воздух. Сега не можеме да имаме. Ама тие не го направија тоа што требаше да го направат, сега единствена работа шти може да направат, е да си дадат оставка“, порача Ѓуров.Кристија Узунов, член на иницијативата „Канцерогено општествот, која беше организатор на протестот, ги повика граѓаните на поголема масовност и наредната сабота.„И мало дете знае кои се загадувачите. Ние се боревме, еден од нив беше фабриката „Железара“ од каде црни облаци 25 години гледавме. Луѓето и тогаш седеа дома и викаа ‘ништо не е’. Еве сме сега, после четири години, најзагаден град во светот“, рече тој.Други, пак, сметаат дека ситуацијата е доказ за долгогодишното недомаќинско владеење со државата.

Скопје | пред 7 години

7 год.
prosvetni-rabotnici

Просветните работници протестираат - бараат повисоки плати и сигурни работни места

Под мотото „Пристојна плата- сигурни работни места“, вработените од јавниот сектор, образованието, културата и науката, денеска на протестен марш низ Штип. Тие остануваат на своите барања за покачување на платите, во спротивно се закануваат со генерален штрајк во администрацијата и образованието.„Покачување на платите од јануари 2019, согласно процентот по кој е покачена минималната плата, стоп за трансферот од јавен во приватен сектор.“ - вели Благоја Ралповски претседател на КСС.„Доколку имаше слух владата, ние немаше и во Прилеп да протестираме и денес, но очигледно е дека овие луѓе, но и луѓе во јавната администрација се незадоволни од состојбите и по вакво лошо време се охграбрија да излезат на јавен протест.“ - вели Јаким Неделков претседател ан СОНК.Учесниците на протестот не се оптимисти дека барањата ќе им бидат прифатени, но тие како што велат повторно ќе излезат на улица затоа што платите им се ниски и недостојни за живот.На списокот барања се и потпишување на колективни договори за високото образование и вработените во Министерството за труд и социјала, но и стоп за селекцијата на синдикатите во културата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
min-ziv-sredina-3

МЖСПП: Со електромобилност до почиста и поздрава животна средина

Денеска, во рамки на настанот „Денот без возила на фосилни горива” што го организираше ПроКредит Банка, се одржа панел дискусија на тема „Како до зголемување на електромобилноста” на која заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули во својата презентација даде споредбена анализа на моменталните состојби со електромобилноста кај нас и во светот, со акцент на мерките кои Владата ги презема за поттикнување на набавката на електрични и хибридни возила. Тоа ќе се постигне со субвенционирање на дел од цената од финансиските средства собрани од еколошките такси. Целта е преку замената на застарениот возен парк да се намали загадувањето од транспортот, со што директно ќе се влијае врз намалувањето на аерозагадувањето во урбаните средини, што соодветствува и со Планот за чист воздух кој неодамна го донесе Владата на РМ.[caption id="attachment_23276" align="alignnone" width="640"]  [/caption]„Моментално според анализите транспортот учествува со 20% во аерозагадувањето, но доколку ништо не се превземе неговиот удел во загадувањето на воздухот многу брзо ќе стигне до 56%. Затоа поради ваквите моментални состојби, Владата е силно посветена и постојано работи на имплементирање на мерки и подобрување на законите во согласност со реалните европски искуства за да ги подобриме квалитетот на воздухот, состојбата со животната средина а секако и за да фатиме чекор со останатите европски развиени држави” - рече Макрадули во своето излагање.Во панел дискусијата со свои излагања учествуваа и Стефан Богоев, градоначалник на општина Карпош, Емилија Спировска претставник од Управниот Одбор на ПроКредит Банка, како и претставници од Порше, ЕВН, Електромобилност Македонија и МЕПСО.Настанот „Ден без возила на фосилни горива” беше организиран со цел да се поттикнат и инспирираат граѓаните и бизнис заедницата да дадат работат на унапредување на електромобилнодта во државата како начин за намалување на загадувањето на животната средина во урбаните средини.Активностите вклучуваа и едукативна изложба каде повеќе компании како ПроКредит Банка, Порше, Тојота, ЕВН, МЕПСО, Хамачи, Са-Тра, Т-мобиле и Фибернет, ги презентираа своите електрични/хибридни возила, како и опремата за нивно полнење, споделувајќи ги сопствените искуства од нивната примена. Исто така, присутните на настанот добија можност да уживаат во тест возењата со електричните автомобили на ПроКредит Банка.Со цел да се потенцира неопходноста од намалувањето на употребата на автомобили со погон на фосилни горива, за времетраењето на настанот, дел од улиците покрај СРЦ „Борис Трајковски“, беа трансформирани во Зелени улици, каде им беше овозможено да поминуваат и паркираат само на електрични и хибридни возила.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zamenik-minister

Несреќа на Шар Планина - Во лавина загина косовски заменик министер

Кососвскиот заменик министер за дијаспора Аријан Дачи, загинал во лавина на Брезовица, јавуваат приштинските медиуми на албански јазик.Несреќата се случила во близина на ски центарот Брезовица на Шар Планина.Како што пренесува сајтот „Газета Експрес“, претстеавник на полицијата во Урошевац Басри Пабани, потврдил дека лавина затрупала луѓе.Смртта на Аријан Дачија, кој што е син на некогашниот претседател на кососвскиот парламент Неџад Дачија, за „Газета експресс“ ја потврдиле и претставници на владата во Приштина.

Свет | пред 7 години

7 год.
toni-mihajlovski

Тони Михајловски објаснува зошто авионот со Владина делегација неможеше да слета?

Актерот Тони Михајловски, преку статус на ФБ понуди објаснување за вчерашниот „инцидент“ во кој авионот во кој леташе премиерот Зоран Заев, од Давос не можеше да слета на скопскиот аеродром, па беше пренасочен кон Софија.Михајлоски пишува:„Авионот не можеше да слета затоа што му исчезнала земјата од која полетал“.https://www.facebook.com/toni.mihajlovski/posts/10157208197707755Со вчерашната ратификација на Преспанскиот договор во грчкиот парламент, на сила стапи договорот со кој Македонија се преименува во Северна Македонија

Македонија | пред 7 години

7 год.
parlament-grcija

Грчкиот службен весник го објави Законот за Договорот од Преспа

Законот според кој се ратификува и стапува на сила Договорот од Преспа е објавен во Службен весник на Грција, откако претходно, веднаш по ратификацијата од Парламентот, го потпиша и грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, јави дописничката на МИА.Со објавувањето во Службен весник со датум 25 јануари 2019, договорот меѓу двете земји веќе и официјално е закон во Грција.Законот од Министерството за надворешни работи на Грција под наслов „Ратификација на конечниот договор за решавање на разликите како што се објаснети во одлуките на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), прекинување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, содржи 3 члена.Првиот член е договорот во целост на англиски и преведен на грчки јазик. Вториот член се однесува на подигањето на нивото на Канцеларијата за врски во Скопје во амбасада и на Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Битола на ниво на Генерален конзулат. Третиот член објаснува дека законот стапува на сила по објавувањето во Службен весник, а договорот стапува на сила по ратификацијата и по исполнување на предусловите, согласно членот 20.Веднаш по ратификацијата, го потпиша претседателот на Грција Прокопис Павлопулос и го отвори патот за објавување на законот во Службен весник.

Свет | пред 7 години

7 год.
DSC_5653

Пттикнување на електромобилноста - секој има одговорност

На платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“, денеска се одбележа Денот без возила на фосилни горива. Присутните имаа можност да ја погледнат едукативната изложба на електрични автомобили, да имаат тест возење со електричен автомобил и да учествуваат на панел дискусијата за поттикнување на електромобилноста.Настанот го организираше „Прокредит банка“ – Македонија, а во него учествуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.- Токму овој настан е потврда за тоа како треба да работиме на полето на заштита на животната средина. Секој од нас носи одговорност: институции, приватен сектор, граѓански сектор. Само заедно можеме да дадеме конкретен придонес.Загадувањето е еден од главните проблеми во оваа држава по сите релевантни анкети. Општина Карпош е во процес на донесување на нов Локален еколошки акциски план (ЛЕАП) кој нуди препораки и решенија и во делот на поттикнување на користење електрични превозни средства, рече Богоев.Имено, новиот ЛЕАП на Општина Карпош дава препораки за субвенционирање на електрични велосипеди и тротинети, како и поставување на полначи од обновливи извори на енергија кои ќе бидат достапни за граѓаните и нивните возила.- Имајќи ја предвид финансиската состојба на граѓаните, јасно е дека ова нема да биде лесен процес, затоа е потребен напор и поддршка од сите чинители.Да почнеме да се менуваме. Ако до пред неколку години субвенциите за велосипеди беа реткост, денеска се редовна пракса во повеќе општини. Оттука, се надевам дека и субвенционирањето на хибридни возила може да биде наше секојдневие и електромобилноста да стане реалност и во нашата земја, заврши Богоев.На панел дискусијата која се одржа веднаш по изложбата, се обрати и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули кој се осврна на фактот дека ова е клучна година во борбата со аерозагадувањето.Предвидени се повеќе финансиски средства од Владата за справување со овој горлив проблем, но мора да постои волја и подготвеност кај сите чинители, а придонесот на општествено – одговорните компании навистина е огромен.На дебатата се обратија и претставници од „МЕПСО“, „ЕВН“, НВО „Електромобилност Македонија“, „Порше“ и „Прокредит“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Mila_Carovska_Minister

МТСП: Пензиите не се кратат, туку растат

Министерството за труд и социјална политика најостро ги демантира штетните невистини на ВМРО-ДПМНЕ дека пензиите ќе се скратат за 400 денари месечно и манипулирањето на 300 илјади пензионери.„Ако некој ги кратеше пензиите тоа беше ВМРО-ДПМНЕ како претходна власт која правеше усогласувања надвор од законската рамка и не им го исплаќаше целото покачување кое ги следуваше со Закон.Оваа Влада се грижи за сите граѓани, за сегашните и за идните генерации пензионери и усогласувањето на пензиите ќе го прави два пати годишно и тоа 100% со порастот на трошоците на живот, наместо 50% како што беше претходно. Се воведува и и дополнително усогласување на пензиите од 1 април, доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст над 4%.Како за споредба, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во 2015 пензиите ги зголеми за 621 денар и тоа само за 4 месеци. Во 2016 исто така усогласувањето се правеше надвор од законската регулатива и пензионерите добија по 654 денари само за еден месец од календарската година. На овој начин пензионерите не добиваа усогласување на пензиите во текот на целата година туку 2 месеци пред избори. Во 2017 година усогласувањето е направено според Закон, а пензионерите за цела година добија покачување од 1.974 денари. Во 2018 година усогласувањето се направи исто така според Закон и пензионерите и покачувањето изнесуваше 4.362 денари за цела година.Исто така актуелната власт изминатите речиси две години обезбеди стабилна исплата и континуиран раст на пензиите. Доказ за тоа се статистичките параметри коишто покажуваат евидентен раст на пензиите во Македонија. Така, во 2016 година просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, во 2017 година 13.954 денари, а во 2018 година 14.421 денари. Секој пензионер преку едноставна споредба на пензиските чекови може лесно да пресмета и докаже колкав е порастот на пензиите во изминативе 19 месеци. Манипулаците на ВМРО ДПМНЕ се штетни за граѓаните и пензионерите“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Ташевска: Граѓаните на Гази Баба се гушат во загадениот воздух, а СДСМ не презема ништо за откривање на причинителите

Граѓаните на Општина Гази Баба се гушат во загадениот воздух. Во континуитет ставот на амбиенталниот воздух покажува енормно високо присуство на ПМ честички, изјави Златка Ташевска од ВМРО-ДПМНЕ.„Локалната и централната власт на СДСМ не преземаат ништо за откривање на причинителите за ваквото загадување, ниту пак преземаат мерки за подобрување на квалитетот на воздухот. Ова е пример дека СДСМ едно зборува кога е во опозиција, а ништо не презема кога е на власт.Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија во Општина Гази баба на вчерашната седница донесе Одлука за итна набавка на прочистувачи на воздух кои ќе бидат поставени во детските градинки и основните училишта.ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги застапува интересите на граѓаните во насока на подобрување на секојдневното живеење на граѓаните на Општина Гази Баба“, вели Ташевска.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Cistenje-sneg4

Фрлени 45 тони сол на улиците во Општина Аеродром

Зимската служба на Општина Аеродром синоќа и во текот на ноќта интензивно го расчистуваше снегот од улиците и пешачките патеки што се под нејзина надлежност, при што беа фрлени околу 45 тони сол.„Екипите го чистеа снегот од улиците и тротоарите во Горно и Долно Лисиче, во населбата Лисиче, кај поликлиниката „Јане Сандански“, околу трговскиот центар „Капитол“, „Три бисери“, „Скопјанка“, кај трговскиот центар „Бисер“, како и во населбите Мичурин и Острово.Општината располага со две сопствени возила за зимско одржување на улиците, а дополнително за расчистување на тротоарите и автобуските постојки беа ангажирани и сезонски работници.Зимската служба ќе ја следи состојбата и во текот на денот и ќе реагира согласно со условите на терен за да се обезбеди непречено движење на сите учесници во сообраќајот и поголема безбедност на граѓаните.Истовремено, Општина Аеродром апелира до граѓаните да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради, што е нивна законска обврска, со што ќе се овозможи проодност и непречен пристап до објектите“, велат од Општина Аеродром.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пронајден мртов маж во Пробиштип

На 25.01.2019 година околу 15,25 часот било пријавено дека на улица „Македонски револуционери“ во Пробиштип во сопствениот дом бил пронајден починат М.Т.(52).Според првичните сознанија, смртта најверојатно настапила како последица од труење од истечена плинска боца. Починатиот М.Т. бил пронајден од неговиот брат Б.Т.(55), кој кога влегол во просторијата исто така паднал во бесознание, по што со помош на други роднини бил пренесен во Медицински центар Штип, каде му била укажана лекарска помош.Извршен е увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања