„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
UGTPZ-pat-sneg-kamion

Укинати забраните за камиони на овие патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови по влажни коловози, со снег по коловозите.Од 10:30 часот се укинува задолжителната зимска опрема на планинскиот премин Стража. Од 06:40 часот на патниот правец Велес-Катланово се укинува забраната за движење на тешки моторни возила. Во 07:10ч. укината е забраната за ТМВ на планински превој Ѓавато и Буково. Од 09:40 часот се укинува забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Прилеп – Градско преку планинскиот премин Плетвар. Од 07:15 часот се укинува забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец K.Паланка-Деве Баир и од 10:50 на патниот правец М. Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос.Забрани за тешки товарни возила има на следниве патни правци крак Маврово-Дебар, Дебар-Струга, Кичево-Охрид преку планинскиот премин Пресека, крак Стража-Кичево, а за останатите возила задолжително употреба на зимска опрема, Тетово-Попова Шапка каде има забрана и за автобуси.На патниот правец Демир Капија – Гевгелија кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е оспособен за сообраќај за сите возила.На патниот правец Струга - г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
tevdoski-1

Минатата година фирмите добија 19,3% повеќе поврат на ДДВ во однос на 2017

Заклучно декември 2018 година, Министерството за финансии изврши поврат на вкупно 23,1 милијарда денари (375,6 милиони евра). Тоа е за 3,7 милијарди денари (или 60 милиони евра) повеќе во однос на претходната година, или за 19,3% повеќе.За редовен и автоматски поврат на ДДВ кон фирмите и пребивање на претплата на даноци кон сите даночни обврзници, Управата за јавни приходи направи Модул за автоматски поврат и пребивање.-Со брз и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите, се подобрува ликвидноста во стопанството, а со тоа се стимулираат инвестициите, отворањето на нови капацитети и нови работни места - вели министерот за финансии Драган Тевдовски.Модулот за автоматски поврат и пребивање е дел од од активностите кои ги преземаа Министерството за финансии и неговите управи и органи во состав, со цел подобрување на услугите кои се пружаат кон граѓаните и фирмите

Македонија | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Отстранета е последната пречка на патот на Македонија кон членство во ЕУ и НАТО

Со ратификацијата на Договорот од Преспа во Парламентот во Грција се реши 27 годишниот спор што ја влечеше државата надолу и го спречуваше развојот на регионот, велат од СДСМ.„Отстранета е последната пречка на патот на Македонија кон полноправно членство во ЕУ и НАТО.Спорот е решен во интерес на државата, граѓаните, националните и државни интереси. Македонскиот идентитет, македонскиот јазик и посебност се обезбедени и зајакнати, еднаш засекогаш признаени од целиот свет, идината на Македонија во ЕУ и НАТО е извесна.Македонија станува 30 земја членка на НАТО алијансата, а следува и започнување на преговорите за членство во ЕУ.Тоа значи поголема безбедност и сигурност, трајна заштита на границите, но и пристап до поголем пазар, нови инвестиции и работни места, повисоки плати и повисок животен стандард.Договорот од Преспа е пример за решавање на децениски спор во интерес на двете страни и е модел за решавање на идни билатерални проблеми во регионот и светот.СДСМ им честита на граѓаните на двете земји за постигнатиот историски договор и им се заблагодарува на сите политички, граѓански и општествени чинители кои го поддржаа Договорот што обезбедува развој, мир и просперитет на целиот регион“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Само Заев и Димитров сметаат дека промена на името, Уставот и јазикот е храброст и успех

Промената на името, Уставот, идентитетот, јазикот и откажувањето од се што е македонско само за СДСМ е добра вест. Само Зоран Заев и Никола Димитров сметаат дека промена на името , идентитетот, Уставот и јазикот на Македонија е храброст и успех, додека граѓаните сметаат дека тоа е кулавичлук и срам, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Заев донесе црнила за граѓаните на Македонија.Заев и Димитров го навредија и потценија македонскиот народ. Договорот е капитулантски, со него се откажуваме со сите Македонци и од се што е македонско и токму затоа за ВМРО-ДПМНЕ овој договор ниту е, ниту ќе биде прифатлив.Овој договор е директен удар на темелите на државноста и го поткопува уставниот поредок на Република Македонија.Цела јавност виде како Зоран Заев од опозиција се колне во сопствените деца и предци дека нема да прифати промена на уставното име. Сега од позиција на власт Зоран Заев без срам го промени неговиот став и прави непроценлива и неповратна штета.Заев не се бори за европските вредности, напротив тој и неговиот криминален картел на власт се борат за наместените тендери, корупцијата и криминалот кој царува.Токму затоа Зоран Заев наместо декларативно и лажно да се залага за ЕУ, треба веднаш да си замине од власт пред штетата која и ја нанесува на Македонија да биде ненадоместлива.Оваа криминална власт ја уништува Македонија.Граѓаните заслужуваат да живеат подобро. За Македонија да оди напред СДСМ мора да замине час поскоро“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pozar

Пожар во куќа во село Зрзе

На 25.01.2019 година околу 18,45 часот во село Зрзе, прилепско избувнал пожар во куќата сопственост на В.Т. Повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobrakajka

Мерцедес излета од коловозот и удри во билборд на бензинска пумпа

На 25.01.2019 година во 02,00 часот во Радовиш на булевар „Александар Македонски“, Н.А. (32) од Радовиш, управувајќи патничко моторно возило “Мердецес“ со швајцарски национални ознаки изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот, по што удрил во билборд на бензинска пумпа.Со повреди се здобиле Н.А. и сопатниците И.И.(32) од Радовиш и Т.Б.(22) од село Ораовица, кои биле пренесени во Клиничка болница Штип.Извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Удрил во пешак, па го напуштил местото на настанот

На 25.01.2019 година во 17.00 часот во Скопје на улица „Босна и Херцеговина“ непознато лице управувајќи патничко моторно возило “Мерцедес“ удрилo во пешакот И.С.(19) од Скопје, по што возилото го напуштило местото на настанот.Од незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и пренесен е во Градска општа болница  “8-ми Септември“.Извршен е увид на местото на настанот и се работи на пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Автомобил излета од патот, две лица со телесни повреди

На 25.01.2019 година во 06,30 часот на регионалниот пат Тетово - село Јажинце, после мостот во село Непроштено Ш.И.(49) од село Слатино управувајќи патничко моторно возило "Голф" со тетовски регистарски ознаки, излетал од патот.Во незгодата со повреди се здобиле двајца сопатници од село Слатино, сопатникот Р.И.(46) се здобил со тешки телесни повреди, a М.И.(73) со телесни повреди. На повредените им е укажана лекарска помош во Клини;ка болница Тетово.Извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Штипјанец удри 61-годишен пешак

На 25.01.2019 година во 18,00 часот во Штип на крстосницата од улица „Стојан Рибата“ со улица „Маршал Тито“, Т.К.(67) управувајќи патничко моторно возило “Мерцедес“ со штипски регистарски ознаки удрил во пешакот М.Б.(61) од Штип. М.Б. се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клиничка болница Штип.Извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
17884132_1851809055075061_5425759561053255492_n

Маријана Петир: Јас и понатаму планирам Македонија да ја нарекувам Македонија

Европратеничката од Хрватска во Европскиот парламент, Маријана Петир не го признава новото име на земјава кое за неа е резултат на насилство на западот кон македонакиот народ“Јас и понатаму планирам Македонија да ја нарекувам Македонија. Преспанскиот договор претставува насилство на западната демократија над една држава и еден народ“, порача таа на социјалните мрежи.

Македонија | пред 7 години

7 год.
heroin-111

При претрес на дом во Тетово пронајден хероин

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, поднесе кривична пријава против Н.С.(46) од Тетово, поради постоење на основи на сомнение дека сторила кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ.На 24.01.2019 извршен е претрес во домот каде привремено престојува пријавената во Скопје, при што понајдени и одземени се  хероин и разни предмети на кои имало остатоци од хероин.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Повеќе од еден метар снег на Попова Шапка, најладно во Маврово

Повеќе од еден метар снег е измерен утрово на Попова Шапка. Во Маврови Анови се измерени 83 сантиметри, 58 во Пожаране, 52 во Крушево, 51 во Лазарополе, 32 во Тетово, 31 Скопје – Петровец, 28 во  Ѓуриште, 24 Демир Капија, 22 во Дебар, 20 Битола, 15 Скопје – Зајчев Рид, 11 во Охрид, 10 во Крива Паланка, Прилеп, Струмица, Куманово, 9 во Штип, Претор, 5 Виница, 2 Берово, 1 Дојран.Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, најстудено утрово било во Маврово и Попова Шапка каде се измерени – 8 степени целзиусови.  Во Скопје утрово се измерени -3 степени, а најтопло било во Гевгелија, Берово и Дојран наде температурата била 0 степени.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ZHan-Iv-Le-Drian

Жан-Ив ле Дриан: Договорот го отвора патот за пристапување на „Република Северна Македонија" во Атлантската алијанса

Министерот за Европа и надворешни работи Жан-Ив ле Дриан упати честика по повод ратификацијата на Договорот од Преспа.„Го поздравувам изгласувањето во Парламентот на Република Грција на законот за ратификација на Договорот од Преспа за името на поранешната југословенска Република Македонија.Овој суштински политички чекор ќе овозможи наскоро стапување во сила на историскиот договор што ќе стави крај на билатералниот спор стар повеќе од четвртина век.Сакам да ја поздравам храброста и решеноста што ја покажаа грчките и македонските лидери, особено премиерите Ципрас и Заев.Договорот од Преспа ќе овозможи развој на односите меѓу двете земји во многу области и ќе ја зајакне стабилноста на регионот на Западен Балкан и на Европа како целина. Дополнително, со поддршка на Франција, Договорот го отвора патот за пристапување на „Република Северна Македонија" во Атлантската алијанса, во согласност со поканата упатена на самитот на НАТО минатиот јули и ќе придонесе за приближување на земјата кон Европа“, се вели во честитката на Жан-Ив ле Дриан.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kal-rudari-brazil

(ВИДЕО) Пукна рударска брана во Бразил, повеќе од 200 лица се исчезнати

Повеќе од 200 луѓе се исчезнати кога рударска брана се распадна во Бразил предизвикувајќи море од кал што се шири во руралните области во југоисточната држава Минас Жераис, пренесе Би-би-си. Според информациите, се стравува од ширење отровен отпад и загадување на животната средина.Сè уште нема потврдени жртви, а се трага по исчезнатите, соопшти противпожарникарската служба.Спасувачки екипи се испратени до местото, а официјални лица изјавиле дека голем број жители во близина на браната се евакуирани.Рудникот за железна руда е во сопственост на најголемата рударска компанија во Бразил, „Вале“.Видеоснимки покажуваат како калта се шири по патиштата и ги уништува зградите.https://twitter.com/lumoessa/status/1088833464479170565?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1088833464479170565&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3027136-pukla-rudarska-brana-u-brazilu-toksicni-otpad-se-siri-u-poplavi-blata-stradalo-vise-ljudi-video

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Променливо облачно со врнежи од снег

Денес времето ќе биде променливо облачно, во источните и јужните делови со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, особено претпладне. Само во крајните југоисточни делови врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од -6 до 2 степени, а дневната од -2 до 3 степени.Во Скопје променливо облачно време со повремени врнежи од снег и температура од -3 до 0 степени.Утре во утринските часови по одделни котлини со појава на слаба магла, во текот на денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Македонија | пред 7 години

7 год.
arsim_zekoli

Арсим Зеколи со прашање до СДСМовските “гејша”-медиуми

Политичкиот аналитичар и коментатор Арсим Зеколи, кој е поранешен дипломат, на својот Твитер профил поставува хипотетичка ситуација каде што на местото на Заев би се нашол Груевски и би потпишал како што вели тој се што СДСМ потпиша.„Одвојте минута, замижете и замислете ја хистеријата, трагедијата, паниката, повиката, галамата, пцуенката, мајко-шајката, патетиката и солзокрокодилството на СДСМовските гејша-медиуми доколку Грујо го потпишеше ова што они го потпишаа. Колку за да ја разберете нивната природа“, напиша тој на Твитер.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sneg-605x420

Укината забраната за камиони на Ѓавато, Буково и патот Велес-Катланово

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови по влажни коловози, со снег по коловозите.Од 06:40 часот на патниот правец Велес-Катланово се укинува забраната за движење на тешки моторни возила. Во 07:10ч. укината е забраната за ТМВ на планински превој Ѓавато и Буково.Забрани за тешки товарни возила има на следниве патни правци крак Маврово-Дебар, Дебар-Струга, Кичево-Охрид преку планинскиот премин Пресека, крак Стража-Кичево, а за останатите возила задолжително употреба на зимска опрема, Македонски Брод-Прилеп преку планинскиот премин Барбарас, Прилеп-Градско преку планинскиот премин Плетвар, Крива Паланка-Деве Баир и Тетово-Попова Шапка каде има забрана и за автобуси.Патниот правец Демир Капија – Гевгелија кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е оспособен за сообраќај за патнички возила додека товарните возила сеуште се пренасочуваат по стариот пат.На патниот правец Струга - г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
50600974_2170044773041723_6591658657618853888_o

Зимската служба на Град Скопје вечерва интензивно ги чисти градските улици и булевари

Зимската служба на Град Скопје вечерва интензивно ги чисти градските улици и булевари.„Поради засилените и постојани врнежи од снег, градските сообраќајници континуирано се чистат за да може сообраќајот да се одвива без застој, а и постојано се фрла сол за спречување на појавата на голомразица на коловозите.Екипите на зимската служба интервенираа на критичните места, односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да овозможат непрекинато движење на возилата на зимската служба“, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
IMG_2177

(ВИДЕО) Кирацовски: Највисокото раководство ќе одлучи дали заедно со претседателските ќе се организираат и предвремени парламентарни избори

Централниот Одбор донесе одлука да ја започне процедурата за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија која ке заврши и ќе се комплетира со Конгресот којшто ќе се одржи на 03.03.2019, изјави Александар Кирацовски од СДСМ.„На Македонија и треба вистински претседател кој ќе работи за доброто и за интересите на граѓаните и државата.Централниот Одбор донесе одлука за започнување на постапка за избор на кандидати за градоначалници, за Општините Дебар, Охрид и Ново Село.Централниот Одбор на СДСМ го овласти највисокото раководство на партијата да ја донесе и одлуката дали заедно со претседателските избори ќе се организираат и предвремени парламентарни избори.Во сите одлуки, коишто денес се донесоа, СДСМ ќе продолжи да биде воден од клучната цел: безбедна Македонија, членка на НАТО и ЕУ, со забрзани реформи, растечка економија и подобар стандард на сите.СДСМ оди на победа на било какви избори.Конечна одлука донесовме и за секретар за меѓународна соработка, Централниот Одбор го избра Дане Талески“, вели Кирацовски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
cipras

ОМД: Изјавата на премиерот Ципрас го потврди фактот дека договорот создава нова земја и нација

„Со 153 гласа „за“, 146 „против“ и еден „воздржан“, грчкиот Парламент го ратификуваше Преспанскиот Договор, проследен со евидентна интервенција на меѓународната заедница и трговија на интереси за глас повеќе. Според Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), начинот на склучување, потпишување и ратификување на Преспанскиот Договор, е успех на западните геополитички интереси, но голем неуспех за демократијата и меѓународното право!ОМД го осудува говорот на омраза и вандализмот на протестантите кои го спалија македонското знаме на плоштадот Синтагма за време на амандамантската расправа во грчкиот Парламент, кои наместо осуда од страна на меѓународната зедница, наидоа на честитки непосредно ратификувањето на договорот. Според ОМД, реакцијата на меѓународната заедница изостана и во говорот на Пратеникот Никос Филос кој со изјавата дека „Македонија не е една и Грчка, туку напротив, постојат многу македонии одредени со Договорот од Букурешт“, јасно се потврди правото на самоопределување кое е ускратено на еден народ со цел да се угоди на друг. Говорот на Премиерот Ципрас во кој изнесе историски факти за постоењето на “славо-македонски” буквар со што се потврдува говорењето на македонскиот јазик а воедно и постоењето на македонскот народ на грчки територии, кој за време на граѓанската војна бил протеран без право на негова репроприација, според ОМД е потврда за се она што Македонија години наназад се бореше да го докаже, но бесправно беше обвинета за иридентизам. Со ратификацијата на договорот, сите докази и изнесувања на историски факти преку протерувањето на 70.000 деца бегалци и падот на Мирка Гинова како прва жртва на граѓанската војна, се анулираат без можост правдата некогаш да ја стигне вистината.„Северна Македонија која што се роди денес, ќе биде земја пријател, сојузник и поддржувач на Грција во нејзините напори за безбедност, стабилост и заеднички напредок во регионот“, гласеше изјавата на Премиерот Ципрас за официјалното стапување во сила на Преспанскиот Договор, која што изјава во целост го потврди фактот дека договорот создава нова земја и нација, наместо нивно преименување со географска одредница.Македонската историја и сегашност се обесправени, но ОМД верува дека поучени од искуството, македонскиот народ ќе го поврати националното единство и обедини за вистината на своето постоење. Историјата ја пишуваат победниците, но подеднаква трага оставаат и оние кои и пркосат на неправдата дури тогаш кога чинители се нивните сонародници, во кој контекст, ОМД ги препознава напорите на писателката, филмски-директор и уметник Зои Мавроуди (меѓу другите), која смело застана на страната на вистината, на страната на Македонија“, стои во соопштението на Обединетата Македонска Дијаспора.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања