„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
Нема фотографија

Заев: Честито мој пријателе Ципрас, заедно со нашите народи испишавме историска победа

Честито мој пријателе Алексис Ципрас, заедно со нашите народи испишавме историска победа. Нека е вечен Договорот од Преспа, нека се вечни мирот и прогресот на Балканот и во Европа.Ова го напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил по ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Meta-në-Kuvend-jpg-701x421

Илир Мета: Донесувањето на Преспанскиот Договор е одлична вест за билатералните односи со Северна Македонија

Албанскиот претседател Илир Мета го поздрави усвојувањето на Преспанскиот договор од страна на грчкиот парламент.„Донесувањето на Преспанскиот Договор од страна на Грчкиот Парламент е една одлична вест за билатералните односи со Северна Македонија и за европската и евроатлантската перспектива на нашиот регион! Честитки за ова историско достигнување, напиша Мета на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
banki-2

Управители на неколку фирми добија кривични пријави поради перење пари

Полицијата соопшти дека поднеле кривична пријава против Д.Б.(46) од Скопје, Т.Б.(50) од Скопје и С.Д.(68) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,Перење пари и други приноси од казниво дело“, против Ж.Ѓ.(51) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,помагање“ во врска со ,,перење пари и други приноси од казниво дело“ и против „Дејо Интернационал” ДООЕЛ Скопје, „Мастерлине Интернационал” ДОО Скопје и „Темевикс – Инг” ДОО Скопје.На 10 декември во 2014 година првопријавениот – како сопственик и управител на петтопријавеното правно лице, изготвил лажна фактура со износ од 1.814.250 денари со вклучен данок на додадена вредност од 276.750 денари за укоричување на рекламен материјал на шестопријавеното правно лице. После тоа, второпријавениот – управител на шестопријавеното правно лице, извршил уплата на наведениот износ на петтопријавеното правно лице. Потоа, првопријавениот наведениот паричен износ го пренасочил на трансакциската сметка на третопријавениот, кој пак го повлекол во готово од неговата трансакциска сметка.После тоа, четвртопријавениот – основач и управител на шестопријавеното правно лице, изготвил лажна фактура на износ од 1.749.190 денари со вклучен данок на додадена вредност од 266.826 денари за испорака на пластифициран лим на петтопријавеното правно лице, која првопријавениот ја употребил за пребивање на данок на додадена вредност од наплатената фактура од шестопријавеното правно лице.Со ова, како што велат од МВР, второпријавениот преку поврат на данок на додена вредност се стекнал со противправна имотна корист од 276.750 денари на штета на Буџетот на Република Македонија, додека првопријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 1.814.250 денари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
945999_1388257674735632_1867601894_n

Борисов со честитка до Ципрас и Заев по повод ретификацијата на Договорот од Преспа

Премиерот на соседна Бугарија , Бојко Борисов преку својот Фејсбук профил им честиташе на Ципрас и на Заев за ратификацијата на Договорот од Преспа.,,Се радувам што можам да го поздравам денешното ратификување на Договорот од Преспа, кој дава можност Скопје наскоро да се приклучи кон НАТО и отвора нова страница во неговите односи со ЕУ, па наскоро ќе можат да започнат преговори за пристапување.Напорите кои вложивме за време на нашето претседателство и потоа, да им помагаме на земјите од Западен Балкан, вклучително и на нашите пријатели од Скопје, денеска даваат резултати. Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме, како и досега“, напиша Борисов.

Македонија | пред 7 години

7 год.
50929457_2202406166692342_8069088606708301824_n

(ФОТО) Застој на планинскиот премин Плетвар поради незгода на тешки товарни возила

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија пат.Патниот правец Велес-Скопје, поточно од наплатна рампа Отовица кон Скопје е пуштен за сообраќај, по една коловозна лента само за ПМВ.Поради незгода на тешки товарни возила кај планинскиот премин Плетвар, сообраќајот е во застој.ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА:Од 18:40 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато.Од 19.00 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Велес - Катланово.Од 18:30 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.Од 18.30 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Дебар - Струга.Од 07:35 часот е воведена забрана на движење за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка.Забрани за тешки товарни возила има на патот Дебар - Маврови Анови и обратно и на планинскиот премин Стража.УКИНАТИ ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА:Од 15:30 часот на патот Македонски Брод - Прилеп укината е забраната за движење на тешки моторни возила преку планинскиот премин Барбарос.Од 17:00 часот на патниот правец К.Паланка-ГП Деве Баир е укината забраната за движење на тешки моторни возила.На патниот правец Струга - г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
prestrelka

19-годишен штипјанец обвинет за разбојништво и тешка кражба

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.И.(19) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и две кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“. На 23.11.2018 година во Штип на улица „Вера Циривири Трена“ пријавениот од раце и го одзел паричникот на Л.К.(60) од Штип.Истиот ден во Штип на улица „Стојан Рибата“ пријавениот од раце и го одзел паричникот на Д.Г.(70) од Штип. На 27.11.2018 година околу 17.40 часот во Штип на улица „Стојан Рибата“ пријавениот физички ја нападнал Б.Ц.(58) од Штип и и ја одзел чантата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
50984028_10156862343519360_623090224393617408_n

(ФОТО) Блокиран сообраќајот во Припор

Снегот во Скопје кој започна да врне утрово создаде проблеми за возачите и пешаците, особено во Припор каде е блокиран сообраќајот.Граѓаните се жалат дека никој не фрла сол, нема машини кои во ваква ситуација веднаш треба да излезат на терен и да го расчистуваат. Тие коментираат дека властите и годинава очигледно се неподготвени за снежни врнежи.По улиците се вози споро и крајно внимателно. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
paridenari1

Му се заканил со нож и му ги одзел парите, а потоа се обидел да ја ограби и касата за наплата

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице кое се товари за едно кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик, како и за продолжено кривично дело – Разбојништво од член 237 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Имено, на 10.11.2017 година, на бензинска пумпа на ул. „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, обвинетиот со закана дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на едно оштетено лице му одзел 16.384 денари. Притоа, на оштетениот му се заканил со нож и му ги одзел парите од џебот, а се обидел да ја ограби и касата за наплата, но во неа немало пари.Претходно, во текот на 2015 и 2016 година, обвинетиот со умисла извршил пет други дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело, притоа искористувајќи ист траен однос, исти прили и други слични околности.Притоа цел на разбојништво биле таксисти од различни такси компании, од кои обвинетиот барал да го превезат на различни локации во Скопје, а потоа со закана им одземал помали суми пари. На овој начин вкупно одзел 12.650 денари.Поради опасност од бегство, опасност да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и оправдан страв дека би можел да изврши нови кривични дела од ист  вид, надлежен јавен обвинител заедно со обвинителниот акт достави и Предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.​

Македонија | пред 7 години

7 год.
nevreme-avion

Поради невремето, Заев наместо во Скопје слета во Софија

Врнежите од снег денеска го отежнуваат авиосообраќајот во Скопје.Владиниот авион со кој премиерот Зоран Заев се врсќаше од Давос по 40 минутно кружење над Скопје не можел да слета поради лошите временски услови, и истиот бил пренасочен на аеродромот во Софија.Од меѓународниот аеродром „Скопје“ изјавија дека четири летови денеска се пренасочени кон соседните аеродроми. Три летови од Љубљана се пренасочени кон Тирана, а авион од Истанбул се вратил повторно назад. Четири летови исто се откажани кои требало да полетаат од аеродромот од Скопје за Љубљана и Истанбул.Инаку Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, кој заедно со владината делегација во состав на заменик на претседателот на Владата на РМ, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши, учествуваше на годинешниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија, каде имаа повеќе средби и активности од интерес на економската иднина на земјата.Заев требаше веќе да биде во партиското седиште на СДСМ, каде пред Централниот Одбор на кој ќе се одлучува за двојни избори, се одржуваат координација и извршен одбор, но поради тоа што слета во Софија, а не во Скопје, Заев нема да писуствува на Централниот одбор.

Скопје | пред 7 години

7 год.
dsc01468-1024x768

(ВИДЕО) Одбележан 38-от роденден на Тоше

Општина Крушево заедно со спомен куќата „Тодор Проески“, меѓународната фондација Тоше Проески, СОУ „Наум Наумовски Борче“, ООУ „Никола Карев“ денес го одбележа 38-от роденден на Тоше со настап на Елена Ристеска и полагање свежо цвеќе на вечното почивалиште.Како дел од програмата свое обраќање имаше градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.„Тоше е наше богатство и мора да го чуваме. Посакувам во иднина да организираме уште повеќе настани во чест на нашиот сограѓанин. Сакам да се заблагодарам на сите учесници во настанот, а особено до Елена Ристеска“, порача градоначалникот на општина Крушево.Покрај Елена Ристеска настапија и младите таленти Сотираки Чакалар и Марија Котеска, учениците од СОУ „Наум Наумовски Борче“ рецитираа стихови од песни на Тоше, а беа доделени дипломи за најдобрите литературна и ликовна творба.На настанот се обрати и директорката на спомен куќа „Тодор Проески“ Елена Мирчевска која порача дека заедно со вработените во спомен куќата работат на промоција и популаризација на овој објект со името на Тоше.

Магазин | пред 7 години

7 год.
ojo-1

ОЈО отвори истражна постапка против лице кое продавало хероин

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење сомнение за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничената во текот на месецов неовластено заради продажба од непознато лице набавила наркотична дрога хероин и психотропни супстанции и ги држела во својот дом со цел да ги продава на уживатели на овој вид на наркотична дрога и психотропни супстанции.При претрес на станот во кој привремено престојувала од страна на овластени полициски службеници биле пронајдени и одземени: една жолта пластична кутија со шест полиетиленски паковки со вкупна нето маса од 31,62g наркотична дрога хероин, една половина од таблета психотропна супстанција 3,4-метилен-диоксиметамфетамин и една полиетиленска паковка со нето маса од 0,67g психотропна супстанција – псилоцин стимуланс на централниот нервен систем.Дрогата била спакувана во помали ќесички со различна нето маса, кои осомничената при претресот се обидела да ги фрли од прозорот, заедно со неколку електронски картички и пластични цевчиња со остатоци од прашкаста материја. Полициските службеници распоредени околу зградата го забележале тоа, ги пронашле фрлените предмети и ги подигнале.Oколностите под кои е извршено кривичното дело, односно подготовката со неовластената набавка заради неовластена продажба на наркотичната дрога, а особено фактот што станува збор за сериозен вид на криминално однесување беа повод за надлежниот јавен обвинител да побара мерка за обезбедување на присуство на осомничената во текот на кривичната постапка во сите нејзини фази.Имено, со оглед на тоа што постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, особени околности кои укажуваат дека осомничената ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците, како и околности кои го оправдуваат стравот дека осомничената ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до Судија на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор за осомничената.

пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Зоран Крстески: Животни искуства

Колумна на Зоран Крстевски, доктор по филозофски науки, едукатор, мотиватор и тренер за личен развој, за вечер.пресс.Не постои човек кој не се разочарал во некого и нешто и не поминал низ несреќна животна приказна. Но, таа приказна добива на актуелност, само доколку ја оживуваме во својата свест и ја даруваме со негативни емоции. Од друга страна, кога ќе излеземе од некоја криза и со позитивната аура на својот дух ја надминеме тешкотијата, тогаш нема да ја доживуваме како проблем, туку како значајно животно искуство од кое многу сме научиле.Народната мудрост која вели дека од лошо има и полошо, крие мошне поучна порака. Имено, доколку го предимензионираме лошото искуство и дозволиме тоа и понатаму да ја разјадува нашата душа, парализирајќи ги позитивната енергија, волјата и надежта, тогаш наместо да се извлечеме од кризата, ќе предизвикаме да ни стане уште полошо.Се додека ја негуваме визијата дека поседуваме способност да ги менуваме нештата – не треба да стравуваме и да сметаме дека вечно ќе опстојуваме во несреќната животна приказна.Радоста е најдобриот лек против стресот, кризата и болката. Колку повеќе го цениме животот и чувствуваме оптимизам, верба и радост, толку поголеми се шансите да го избалансираме стресот и нештата да ги ставиме под контрола.Разочарувањето и стресот не се состојби што се случуваат самите по себе, туку се последица која се создава како производ на нашето размислување. Нашите мисли ни зборуваат што е стресно, а што не е, бидејќи како размислуваме, така се чувствуваме. Негативното размислување, а не околностите во кои се наоѓаме се производители на најголемиот дел од доживеаниот стрес и разочарување.Секој различно реагира на надворешните притисоци и влијанија и соодветно на тоа, подлегнува или наоѓа решенија за проблемите со кои се соочува.Емоционалната ранливост, стравот од непознатото, несигурноста во сопствените вредности и преголемата оптовареност со трауматичните искуства од минатото се главните иницијатори на стресното доживување на нештата.Најбитно е со позитивен дух да се движиме напред кон иднината и да веруваме дека на крајот – сé ќе биде добро. Колку побрзо сфатиме дека не постои начин да се вратиме назад и да го промениме тоа што се случило, толку послабо ќе биде влијанието на разочарувањето и помалку присутно страдањето.Како што се чувствуваме, такви стануваме. Затоа, не треба да бидеме тело на болката, туку дух на радоста. За да го постигнеме тоа, неопходно е да си дадеме време и да разбереме дека квалитетот на нашиот живот не зависи од нештата што ни ги предизвикале другите, туку од нашата определба да се опуштиме во мигот на сегашноста, да го прифатиме искуството од минатото и да се ослободиме од потребата за идеална и совршена перспектива во иднината.Разочарувањето и тагувањето нема да престанат затоа што ќе побегнеме од нив или доколку почнеме целосно да ги игнорираме. Со нивно потиснување уште подлабоко ги врежуваме во својата потсвест. Со закопување на својата тага само ја продлабочуваме и дополнително го отежнуваме нејзиното решавање. Клучно е да станеме свесни за состојбата низ која поминуваме, да ги преиспитаме постапките, да согледаме кого треба да исклучиме од својот живот, што треба да промениме и од кои навики и размислувања ќе мора да се ослободиме.Меша Селимовиќ има кажано: “Никогаш не жалете што сте запознале некоја личност. Зашто, добрите личности не даруваат со среќа. Негативните ни создаваат искуства, а злите ни даваат лекција. Во секој случај, добиваме нешто, и не треба себеси да се третираме како губитник, зашто во животот колку си научил, толку си победил”.Оваа мудра мисла укажува дека не постои случајна средба, бидејќи се е водено од божјата промисла – таа преку одредени лица и настани сака да ни укаже каде и кон што го водиме својот живот. Треба да знаеме дека секоја личност која навлегла во нашиот живот претставува испит, казна или дар од судбината. Одредени луѓе сме ги запознале за да не тестираат, некои за да не искористат, други за да не сакаат и некои за да не научат корисни животни лекции.Лицето кое со своето негативно однесување не навредило е на одреден начин Божји гласник. Со посредство на таа личност и нејзиното однесување и односот кон нас, како и по пат на болката, Бог се обидува да ни помогне, т.е. не повикува на промена, смета рускиот истражувач Сергеј Лазарев.Кога ќе сфатиме дека сé е поврзано со се и дека секој од нас се родил со одредена улога и мисија, тогаш нема толку многу да се обвинуваме и да страдаме поради променливата среќа во животот.Тешкотиите и страдањата, неретко отвораат можност ментално да се развиваме, да ја хармонизираме душата и да го зајакнеме духот, односно да научиме како правилно да се однесуваме кон самите себе и кон животот.Болките се можност да ги промениме навиките и начинот на живот. Тие не постојат за да не уништат, туку за да не опоменат дека некаде сме погрешиле во креирањето на нештата и во односот кон сопствената душа, дух и тело. Наше е да извлечеме поука и откога ќе научиме нешто за себе и за другите, освестени и осветлени да продолжиме напред кон поубавите ситуации на постоењето. Притоа, секогаш треба да имаме на ум дека постојат луѓе кои преживуваат многу поболни моменти од нас и кои постојано се соочуваат со страдањето и неизвесноста на своето живеење.Кога манифестираме лош однос кон луѓето и кон самите себе, несвесно привлекуваме несреќи, болести и страдања. Незадоволството од себе, неприфаќањето на судбината, самоказнувањето претставуваат вирус за идните сериозни болести и несреќи.Животот е една голема клацкалка, еднаш сме горе, другпат доле, но целта е да одржуваме балансирана рамнотежа на мир и хармонија, во која умот и срцето, духот и телото ќе уживаат во миговната среќа, осознавајќи дека сî тече сî се менува и дека ништо не е трајно и непроменливо – и најголемата мака ќе помине, како што и најсилната радост ќе исчезне. Единствено што не треба да исчезне е нашата волја нештата да ги направиме посреќни, похармонични и поубави.Никогаш не треба да дозволиме да не напушти сеќавањето оти и покрај сите ограничувања, разочарувања, борби и тешкотии, искрено сме љубеле, сме се радувале и сме уживале во позитивните вибрации на животот. Притоа, никогаш не треба да дозволиме да не напуштат волјата, поривот и импулсот за создавање убави мигови со саканите, како и за искрено споделување на виталноста и радоста на постоењето.Животот е прекрасен ако во него го внесеме тоа што ние самите сме – зашто да не бидеме љубов, радост и хармонија, овозможувајќи и животот да ни стане љубов, радост и хармонија.Живееме во свет на константни промени каде ништо не останува исто и во општество во кое ретко може да се предвиди што ќе следи. Сепак, секое искуство има свој крај, токму како што и секоја негативна мисла, чувство, слабост и однос си имаат свој крај. За да не страдаме кога нештата ќе почнат да се движат кон надолната патека на животот, неопходно е да почнеме духовно да се менуваме, да растеме и усовршуваме.Заклучокот е да престанеме да ја предимензионираме темнината на своето постоење – жалејќи по нештата што ги немаме и копнеејќи по се што сакаме да имаме. Наспроти тоа, треба да бидеме како Сонцето кое најавувајќи го новиот ден, никогаш не престанува да ја осветлува и обновува вредноста и смислата на своето постоење, овозможувајќи и на светлината секогаш да ја надвладее мрачната страна на судбината.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Stoilkovski-1

(ВИДЕО) Стоилковски: Поднесени се кривични, за изборен поткуп и повик за поткуп среде референдумска кампања

СДСМ подготвува изборен грабеж на претстојните избори. Отворено се сомневаме дека Зоран Заев и криминалниот картел повторно имаат намера да ја изиграат народната волја со истите методи кои ги применија и на последниот изборен процес, односно на референдумот, изјави Наум Соилковски на денешната прес-конференција.„Отворено се сомневаме дека ќе има повици за поткуп на гласачи, групно гласање и полнење на кутиите, што резултираше со уривање на гинисови рекорди кога одреден период од денот на одредени избирачки места се гласаше на секои четири секунди.Отворено се сомневаме дека институциите кои се политички притиснати, уценети и нагазени од криминалниот картел, ќе му помогнат на Заев и ќе замижат пред криминалите.И има основа за таков сомнеж, и има материјални докази за таков сомнеж. Тоа е содржината на поднесените кривични пријави до Јавното Обвинителство на Република Македонија, токму за нарушен изборен процес. Поднесени се кривични пријави против над 200 членови на избирачки одбори, за брзи прсти и гласање за 4, 5, 9, 12, 14 секунди, во зависност од избирачко место“, вели Стоилковски.Исто така тој додава дека се поднесени и кривични, за изборен поткуп и повик за поткуп среде референдумска кампања, и цела низа други кривични пријави за кои нема никаков глас дека се процесуираат во јавното Обвинителство.И поинаку не може да биде, не може да се нема сомнеж дека се подготвува истото. Во вакви услови не може да се одржат фер и демократски кредибилни избори. Поинаку и не може да се протолкува молкот од страна на јавниот обвинител кој со месеци не одговара и не постапува по кривичните пријави поднесени од страна на ВМРО ДПМНЕ.Повторно го прашуваме Републичкиот Јавен Обвинител, Љубомир Јовески кого крие и кого штити и зошто не постапува во врска со изборниот грабеж?Дали причина за молкот е непријатната содржина на нелегално снимените разговори помеѓу обвинителите кои се под негова команда? Зошто и оваа истрага тапка во место и никој не знае кои обвинители се снимани и што се содржат нивните разговори? Кој ги има овие разговори? Кој ги преслушал овие разговори и дали во нив има индиции за криминал или интимни содржини со кои што обвинителите може да бидат уценувани?Време е Јавниот Обвинител да излезе од шинелот на Зоран Заев и да почне да постапува согласно заклетвата која што ја дал. Јовески со непостапување ја злоупотребува должноста, што е казниво дело, Уште пострашно е што со непостапување фрла сенка кон претстојниот изборен процес“, изјави Стоилковски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
50618167_2267494439941287_850448784973365248_n

Министерот Адеми се сретна со амбасадорот на Република Словачка

Министерот за култура Асаф Адеми денеска во Министерството за култура оствари работна средба со амбасадорот на Република Словачка во Македонија, Хенрих Маркуш.„На средбата беа споделени искуства од неколкугодишната соработка во областа на културата и уметноста меѓу двете земји, која е регулирана со Договорот за соработка потпишан меѓу двете министерства.Министерот Адеми и Н. Е. Маркуш ги потврдија заложбите за афирмација и зближување на двете култури за кои досега се залагаа двете земји, кои се забележуваат во преводната литурата, во гостувањето на словачки поети на Струшките вечери на поезијата, во учеството на македонски изведувачи на манифестации во Р Словачка, а говореа и за заедничките проекти во кои се вклучени двете земји, и тоа во меѓународната фондација „Форум на словенските култури“, во одбележувањето на 24 Мај - Денот на словенските просветители Кирил и Методиј што секоја година се реализира во седиштето на УНЕСКО во Париз со пригодни настани, како изложбите: „Светското културно наследство на словенските земји“, „Мојот портрет за музејот“, „Главните градови на славјанските земји преку архивски материјал“ и „Словенските карневали“, како и во рамките на заедничкиот проект „На маса со Словените“. Во иднина се очекува соработка меѓу нашите две држави и во рамките на долгорочниот проект „100 словенски романи““, велат од Министерството за култура.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Скопјанец се обидел да украде прехрамбени продукти, но бил задржан од случајни минувачи

На 24.01.2018 година околу 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет до спортската сала „Расадник“ лицето В.П.(37) од Скопје земало неколку прехранбени продукти и  се обидело да избега. Вработената го забележала и се обидела да го спречи, но тој ја удрил и почнал да бега, но бил спречен од случајни минувачи и задржан. По целосно документирање на случајот, против В.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Го оставил клучот на бравата, па непознато лице му го украло автомобилот

На 24.01.2019 година во 08.10 часот во СВР Скопје Л.С.(46) од Скопје пријавил дека во периодот од 21.00 часот на 23.01 до 07.30 часот на 24.01.2019 година од улица „Џон Кенеди“ непознат сторител го одзел неговото патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски таблици. Сторителот влегол во возилото и со клучот кој бил оставен на бравата го стартувал возилото.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
rama

Еди Рама и Грамоз Ручи упатија честитки до Ципрас и Заев

Ратификацијата на Преспанскиот договор од страна на грчкиот парламент ја поздрави и албанскиот премиер Еди Рама. На Твитер тој им се обраќа на неговите колеги Ципрас и Заев, изразувајќи им почит и честитки за „историскиот договор“.-Повторно почит и честитки за Алексис Ципрас и Зоран Заев за нивниот историски договор и ставањето крај на конфликтот меѓу Грција и Северна Македонија. Ова тешко можеше да го произведе стара локална политика, но тоа многу добро го реализираа моите пријатели, напиша Рама.Исто така и претседателот на албанскиот парламент, Грамоз Ручи, ја поздрави ратификацијата на Преспанскиот договор.-Гласање, од визионерски парламент. Балканот се ослободува од вековните инерции, рече Ручи.

Македонија | пред 7 години

7 год.
dimitrov-111

Димитров: Пријателството ја победи омразата, горд сум што сум на правата страна на историјата

Ратификацијата на Преспанскиот договор од страна на грчкиот парламент ја поздрави Министерот за надворешни работи, Никола Димитров.„Храброста, надежта и одговорноста го победија стравот. Пријателството ја победи омразата. Иднината ни се насмевнува. Горд сум што сум на правата страна на историјата“, напиша Димитров на Фејсбук.https://www.facebook.com/NDimitrovMK/posts/2327143174165755?__tn__=-R

Македонија | пред 7 години

7 год.
Slika-od-Cistenje-na-sneg

Затворен патниот правец Велес-Скопје поради расчистување на снег од коловозот

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот.Од 16:50 часот патниот правец Велес-Скопје, поточно од наплатна рампа Отовица кон Скопје е затворен за сообраќај, поради расчистување на снег од коловозот.Од 11:00 часот престанува забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато од Ресен према Битола.Од 15:30 часот на патот Македонски Брод - Прилеп укината е забраната за движење на тешки моторни возила преку планинскиот премин Барбарос.Од 17:00 часот на патниот правец К.Паланка-ГП Деве Баир, се укинува забраната за движење на тешки моторни возила.Од 07:35 часот е воведена забрана на движење за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка.Забрани за тешки товарни возила има на патот Дебар - Маврови Анови и обратно и на планинскиот премин Стража.На патниот правец Струга - г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Искршена влезната врата на Министерство за економија

На 25.01.2019 година во 06.40 часот во СВР Скопје, полициски службеник за внатрешно обезбедување на Министерството за економија пријавил дека во 04.00 часот на улица „Јуриј Гагарин“ непознато лице ја искршило стаклената влезна врата на министерството. Пријавено е и оштетување на ретровизорот на возило „Поло“, паркирано пред зградата на министерството.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања