„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
zaev-cipras

(ФОТО) Ципрас: Се роди Северна Македонија

Твитер статус на Алексис Ципрас. „Северна Македонија се роди денеска“, напиша Ципрас. Денеска Грчкиот парламент со тесно, но апсолутно мнозинство од вкупниот број на пратеници, го ратификуваше договорот од Преспа. „За“ гласаа 153 пратеници, еден беше „воздржан“ а 146 гласаа „против“...Првата честитка до Ципрас, стигна од Зоран заев. Тој му напиша:Честито мој пријателе @tsipras_eu, заедно со нашите народи испишавме историска победа. Нека е вечен Договорот од Преспа, нека се вечни мирот и прогресот на Балканот и во Европа, пишува Заев.

Свет | пред 7 години

7 год.
Capture-18

БЕСА: Ратификацијата на Договорот од Преспа е заокружување на еден долг и храбар процес

„Денешната ратификација во грчкиот парламент на Договорот од Преспа, на некој начин, е и заокружување на еден макотрпен, долг и напорен, но сепак храбар процес. Притоа сакам да им се заблагодарам на грчките пратеници за покажаната зрелост, но воедно да им честитам и на граѓаните на Македонија кои помагаа и покажаа разбирање за овој процес. Особено користам прилика да им се обраќам на приврзаниците на Движењето БЕСА, бидејќи и ние го оправдавме нашето присуство во владата и така го остваривме нашето ветување.Секако е точно дека ние не бевме единствениот фактор во овој процес, но исто така е точно дека и без нас сигурно немаше да се постигне ова.Затоа, честитки и успеси!“, се вели во соопштението од БЕСА.

Македонија | пред 7 години

7 год.
davos1

Заврши форумот во Давос: Остварени средби од интерес за економската иднина на земјата

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, кој заедно со владината делегацијаЗаврши учеството на премиерот Заев и владината делегација на форумот во Давос: Остварени средби од интерес за економската иднина на земјата во состав на заменик на претседателот на Владата на РМ, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши, учествуваше на годинешниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија, денеска ги завршија активностите со повеќе средби и активности од интерес на економската иднина на земјата.Премиерот Заев и владината делегација остварија повеќе средби со регионалните лидери од Западен Балкан присутни на форумот.Прашањата за развој на соработката и за динамизирање на интегративните процеси во регионот доминираа на средбите со премиерот на Република Словенија, Марјан Шарец, со претседателот на Косово, Хашим Тачи, како и со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, д-р Денис Звиздиќ.Соговорниците од регионот, на премиерот Заев му честитаа на успешниот развој на спроведувањето на договорот од Преспа и беа неподелени дека овој процес е силен поттик за идниот развој на односите во регионот.Премиерот Заев како дел од работните средби на Светскиот економски форум во Давос, имаше средба и со министерот за здравство на Сојузна Република Германија, Јенс Спан и низ разговорот со него истакнаа дека исклучителната соработка и меѓусебна поддршка меѓу двете земји има сериозни потенцијали да се преточи и во соработка во областа на здравството, во размена на искуства и во можностите за усовршување на медицинскиот персонал.Претседателот на Владата на РМ Заев и заменик на претседателот задолжен за економија Анѓушев, во Давос остварија средба и со Извршната директорка на Светска Банка, Кристалина Георгиева, со која се разговараше за можностите за олеснет проток на производите и услугите во регионот на Западен Балкан.За време на Светскиот економски форум, министерот за економија Крешник Бектеши зеде учество во работата на иницијативата за заедничка декларација за е-трговија во организација на Светската трговска организација, која за Република Македонија е од исклучително значење заради поттикот што оваа иницијатива може да значи за претприемништвото, за продуктивноста и економскиот раст на нашата земја.Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев во Давос оствари работни средби со претставници на високиот менаџмент на повеќе светски компании, како што се Sun Group India, на која се разгледуваа можностите за соработка во областа на обновливите извори на енергија, и со претставници на компаниите CISCO, Philips, Google Jigsaw, за можностите за соработка во сферата на високите технологии и информатичката индустрија.Во текот на дводневниот, работен престој на нашата делегација на Светскиот економски форум, премиерот Заев учествуваше и на форумите и дебатите како што беа „Креирање на силно партнерство за економски раст и мир на Западен Балкан“ и на форумот „Иднината на Трансатлантската алијанса“.Премиерот Заев во Давос оствари работни средби и со еврокомесарот за европска соседска политика и проширување, Јоханес Хан, со Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, како и со финансиерот и филантроп Џорџ Сорос.

Македонија | пред 7 години

7 год.
carovska-1

МТСП: Поголеми плати за вработените во градинките

Покачувањето на платите на вработените во градинките продолжува и во 2019 година. Со измените на Законот за детска заштита коишто се во собраниска процедура и треба да се најдат на гласање пред пратениците е предвидено покачување на платите на кадарот во градинките. Со истите измени за прв пат се предвидува и кариерен развој во секторот детска заштита, со што се враќа достоинството на вработените во градинките. Зголемувањето на платите, но и започнатите реформи беше тема на денешниот состанок на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со директорите на градинките од цела Македонија.Министерството за труд и социјална политика и изминатата година обезбеди за 5 % повисоки плати за сите 4.300 вработени во градинките кои добија покачување. Исто така, за неполна година беше обезбедена финансиска согласност за вработување на над 1.000 лица, од кои поголемиот дел се на неопределено време.Процесот на јакнење на детската заштита продолжува и годинава со зголемување за 300 % на буџетот за капитални инвестиции во градинки. Со дополнителни 15 милиони евра од Светска банка се обезбедува простор за околу 7.000 нови деца во градинките, но истовремено работиме и на јакнење на кадрите. Не инвестираме само во зголемување на капацитетите на градинките, туку во целосна преобразба на детската заштита, односно го менуваме начинот на кој државата се грижи за децата.За да имаме успешно рано учење, неопходно е да имаме и квалитетен кадар во градинките. Во соработка со УНИЦЕФ се работи на професионалните компетенции на сите вработени. Дел од воспитувачите/чките по поминатите обуки, стекнатите вештини ќе треба да ги пренесат на своите колеги. Со втората фаза ќе се дефинираат компетенциите за директорите негователите, стручни работници и стручни соработници.

Македонија | пред 7 години

7 год.
press-morbili

Ставриќ: Децата заболени од морбили се во стабилна здравствена состојба

Директорката на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби Милена Ставриќ апелираше до родителите да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство и кога ќе се посомневаат во симптоми на болеста, прво и задолжително да посетат матичен лекар, а по 19:30 часот да отидат во дежурните пунктови „Ѓорче Петров“, „Јане Сандански“ и „Бит пазар“. Овие пунктови за време на викендот работат 24 часа.„Вакцинацијата мора да продолжи и уште еднаш апелираме сите граѓани кои не се сигурни во својот вакцинален статус или родители кои имаат невакцинирани деца, да се вакцинираат во најбрз можен рок“, потенцираше директорката Стевановиќ.Бројот од 4,200 вакцинирани од почетокот на епидемијата од морбили (мали сипаници), зборува дека граѓаните ја сфатиле сериозноста на препораките од Комисијата за заразни болести. Напоменувам дека бројот на вакцинирани со МРП треба да е барем двојно поголем, со цел да се спречи уште поголем број на заразени. Колку е помал бројот на заболени, толку е помал и ризикот од несакани последици и компликации.Состојбата со епидемијата будно ја следиме и ја држиме под контрола. Благодарени на навремено прогласување на епидемија и конкретните мерки кои веднаш беа преземени, спречивме побрзо ширење на болеста бројот на заболени засега е се уште низок.

Македонија | пред 7 години

7 год.
centar-za-monitaring

Центарот за контрола на сообраќајот подготвен, за 20 тина дена стартува електронска наплата на патарините

Преку Центар за мониторинг и контрола ќе се следи сообраќајот на сите наплатни станици на автопатиштата. Објектот, лоциран спроти патарината Петровец, треба да биде пуштен за 20-ина дена, како дел од новиот системот за електронска наплата на патарините кој за патиштата долж Коридорот 10 е во завршна фаза и треба да стартува до април годинава. Во мај треба да биде пуштена новата патарина кај Гевгелија, а до јуни и таа кај Демир Капија, додека по автопатот Миладиновци-Штип, што треба да биде пуштен наскоро, на почеток ќе се вози бесплатно бидејќи допрва ќе стартува изградбата на двете планирани патарини.Според министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, со пуштањето на Центарот ќе се олесни протокот на возилата на патарините и ќе се намали метежот особено во летниот период бидејќи ќе биде олеснета комплетната процедура на наплатните станици.– Наплатните станици кај Велес, Сопот и Отовица, како и патарината Романовце се готови. Во завршна фаза е и објектот во Петровец, кој очекуваме во наредните 20-ина дена да биде пуштен во употреба. Инвестицијата изнесува 18,6 милиони евра и штом ќе завршат сите процедури во овој објект ќе биде ставен во функција и електронската наплата на Коридорот 10, изјави Сугарески при денешната посета на новиот објект.Преку Центарот во прво време ќе се контролираат сите патарини на коридорите 10 и 8, а во иднина со него ќе бидат поврзани и камерите што за една до две години треба да бидат поставени долж сите автопатишта, и контролните пунктови во Неготино кај автопатот Демир Капија Смоквица и тој што ќе се гради во Кичево за автопатот кон Охрид. Има и посебен кол центар каде ќе може да се пријават проблеми на патиштата, а дел од објектот ќе биде наманет за архивски материјали.– Од Центарот ќе може да се контролира и мониторира целиот сообраќај во Македонија. Што било да се случи да не се создаваат колони од автмобили и да не се чека на пример за сообраќајка која го запрела патот, навреме да може да се пренасочи сообраќајот и да се интервенира и со амбулантни и противпожарни возила. Ова ќе биде окото на целата патна инфраструктура во Македонија,изјави Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта.Според Китанов, патарините Романовце, Сопот, Отовица, Петровец и Миладиновци ќе може да се пуштат за 15-20 дена, а за целосна електронска наплата од Табановце до Гевгелија треба да се почека и патарината кај Градско која би била готова за месец и половина. Електронска наплата ќе има и на новите патарини кои се градат кај Демир Капија и Гевгелија.На патарините на Коридор 8 се поставени нови кабини, претстои промена на софтверот и поставување камери за кетегоризација и читачи.На стартот на новиот електронски систем за наплата, со кој патарина ќе се плаќа безконтактни смарт картички и со микробранови транспордери, одреден временски период ќе има можност и за палќање во готово.

Македонија | пред 7 години

7 год.
grcki-parlament

153 грчки пратеници поддржаа „Северна Македонија“, договорот ратификуван

Грчкиот парламент го ратификуваше Договорот од Преспа.По 38,5 часа расправа на пленарната седница од средата наутро до денеска, грчкиот парламент го ратификуваше со 153 гласа „за“. Против гласале 146 пратеници.Со прозивање, сите 300 пратеници кажаа дали гласаат „да“, „не“ или „воздржано“ за нацрт законот на Министерството за надворешни работи на Грција за ратификација и стапување во сила на Договорот од Преспа.

Свет | пред 7 години

7 год.
IMG_0541-25-01-19-12-26-1

Донев: Охриѓани треба да знаат кој колку пари зел од оштетата за земјотресите

Сашо Донев до ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција обвини дека в.д. градоначалникот Константин Георгиески во недостиг на идеи, проекти и желба за работа се фали и ја замајува јавноста со процедурални активности. ВМРО-ДПМНЕ го повика Георгиески да одговори кој овозможил исплата на финансиски средства од буџетот на лица кои не се баратели на штети.„Дали е точно дека спротивно на закон, се исплатени парични средства на име надомест на штета од земјотрес, во износ од над 30 000 денари, на лицето Илија Пиперкоски, шеф на Кабинет на градоначалникот, кој е надворешно лице ангажирано во Општина Охрид, иако не е подносител на барање за причинета штета од земјотресите во Охрид“, праша Донев.ВМРО-ДПМНЕ му порача на в.д. градоначалникот доколку работи во интерес на граѓаните да побара од Пиперкоски да ги врати назад исплатените без основ парични средства.„Дали случајно епицентарот на земјотресот беше лоциран во куќата на Илија Пиперкоски, на кој му е проценета и исплатена драстично повисока штета во споредба со другите граѓани на кој им се исплатени по 2 000 до 3 000 денари? Охриѓани најтранспарентно треба да знаат кој колку пари зел за оштета. Дали исплатите се вршат на лица кои од позиција на моќ даваат налози за такви исплати?СДСМ и Георгиески се однесуваат како општината да е нивна приватна фирма, па исплатата на штетите оди по партиска основа. За овој криминал обелоденет од страна на ВМРО-ДПМНЕ тие мора да сносат одговорност затоа што најмногу страдаат охриѓани, кои и по две години не зеле пари за да ги санираат објектите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Гледајќи го овој криминал, како што додаде Донев, охриѓани нема да премолчат и за брзо ќе победат, а СДСМ ќе биде поразен.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nezavisni

Мукоски, Василевски и другите независни добија поддршка од амбасадори

Амбасадорите на Германија, на Обединетото Кралство и на Кралството Холандија денеска имаа средба со независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.Како што се истакнува во соопштението од пратениците, на средбата била искажана силната поддршка на дипломатите за заложбите на оваа пратеничка група да биде дел од реформските процеси преку законски решенија со учество во нивна подготовка.На средбата, како што се вели во соопштението, била разгледана актуелната состојба, како и многу идеи за понатамошна соработка. Од независната пратеничка група истакнуваат дека „гласно ќе се борат за побрза интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО.

Македонија | пред 7 години

7 год.
grip

Од грип во Хрватска починаа 29 лица

Според податоците на Заводот за јавно здравје во Хрватска, за една недела починаа 20 лица, со што вкупниот број се искачи на 29.Од Заводот велат дека динамиката на движење на бројот на заболени од грип годинава е на ниво на претходната.Исклучок е втората седмица од почетокот на сезоната, кога е забележан поголем број заболени во споредба со истиот период минатата сезона.Докторот Фран Михалјевиќ од инфективната нега изјави за хрватски „Дневник“ дека епидемијата е на врвот, а повеќе нема вакцини.

Свет | пред 7 години

7 год.
lekari-715x420

(Видео) Поради смрт во семејството, го нападнаа медицинскиот персонал и беа уапсени

Загрепската полиција денеска доби пријава околу 22:15 часот од болницата во Јордановац дека повеќе луѓе создаваат неред и го напаѓаат медицинскиот персонал. Со доаѓањето во болницата, полициските службеници мораа да ги употребат средствата за принудување над неколку луѓе за да ја смират ситуацијата.https://www.facebook.com/24sata/videos/279298732740936/Едно семејство стана насилно и почнало да вика и да се заканува бидејќи еден нивен член починал на болничкиот дел од карцином во терминална фаза. Пцуејќи и обвинувајќи го лекарот, тие ја скршија вратата, а од болницата веднаш ја повикаа полицијата која брзо ја смири ситуацијата.„Една медицинска сестра сега е на преглед бидејќи ја бутнаа на подот со јаже. Тие, исто така, ја скршија стаклената врата на одделот”, вели директорот на Клиничкиот центар за пневматски болести „Јордановац“, проф. Мирослав Самарџија.Д-р Самарџија вели дека болницата е често изложена на секакви реакции од членовите на семејството, но овој пат сè ескалираше.Во овој момент се утврдуваат сите факти и околности што доведоа до горенаведениот настан беа идентификувани со приведување лица во службените простории на кривична истрага, соопштија од полицијата.

Свет | пред 7 години

7 год.
ubistvo-madzari

Детали за престрелката во Маџари: Ги удриле со автомобил, па пукале кон нив, повредено и 13-годишно дете

МВР објави детали за учесниците во престрелката што се случи вчера во Маџари, кога едно лице заврши со повреди, а две лица беа приведени. Дополнително, велат од полицијата, било пријавено дека и 13-годишниот син на повредениот, кој бил во возилото, бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, бидејќи се пожалил на повреди на главата.„Д.З.(48) од Скопје, додека се движел од улица Перо Наков со патничко возило ‘фолксваген голф’ со скопски регистарски ознаки, во кое сопатници биле неговиот брат и внукот, во близина на приклучувањето на улица Благоја Стефковски, од споредната улица со голема брзина ги удрило друго патничко возило ‘фолксваген голф’ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(39), во кое возило имало уште едно лице“, соопшти полицијата.Веднаш потоа, зад нив застанало патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(31) од село Сингелиќ, Скопско, кој бил со уште едно лице. А.И. и Б.И. од двете возила почнале да пукаат со пиштол кон возилото во кое бил Д.З. со роднините, а потоа ги искршиле стаклата од возилото што го управувал Д.З.. Со повреди се здобил неговиот брат, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош, соопшти МВР.По добивање на пријавата, полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот. Во изјава пред полициските службеници С.З. кажал дека и тој пукал кон А.И. и Б.И. и бил приведен. По преземени мерки и активности бил пронајден и приведен и А.И.

Скопје | пред 7 години

7 год.
alfi

„Алфите“ одбележаа 14 години постоење

Припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција денеска во Центарот за обука во Идризово изведоа тактичко показна вежба и ја демонстрираа својата подготвеност за справување со различни видови предизвици. Денеска беа одбележани и 14 години од функционирањето на оваа единица.„Денес практично е незамисливо функционирањето на Секторот за внатрешни работи Скопје, како организациска единица најспецифична и најсложена по обем и задачи, без присуството на единицата ‘Алфа’ во етаблираниот полициски концепт на работа на подрачјето на нашиот главен град. Всушност сето она што ја одликува и карактеризира работата на полициски службеник е обединето во секојдневието на ‘алфите’ – предизвиците, високиот професионализам и стручна подготвеност, нужната законитост во постапувањето“, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
oliver-spasovski-zoran-zaev

Вечерва СДСМ ќе одлучува меѓу Шекеринска, Спасовски, Димитров и Пендаровски

Во владејачката партија вечерва на партиските органи ќе се разговара за две прашања - процедурата за избор на нивниот кандидат за претседател на државата и можноста заедно со претседателските да има предвремени парламентарни избори.Извори од партијата велат дека вечерва на Извршниот и на Централниот одбор ќе се отвори дебатата за предвремени избори, а оти можно ама и не мора да има конечен заклучок. ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени парламентарни избори заедно со претседателските во април, а мислењата во СДСМ остануваат поделени. Дел од партиските кадри сметаат дека предвремените избори се решение, други, пак, дека со тоа ќе се изгуби време за европската агенда на земјава.Но, истите извори од СДСМ додаваат дека извесно е дека на партиските состаноци ќе почне процедурата за избор на нивниот кандидат за претседател на државата.Според статутот на СДСМ, процедурата подразбира кандидатите да се пријават во партијата дека се заинтересирани, па потоа се утврдуваат нивните кандидатури на партиските органи. И тие ќе имаат конгрес на кој ќе го промовираат својот кандидат.Засега во јавноста се шпекулира со повеќе имиња на можни кандидати од СДСМ. Вицепремиерите Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Никола Димитров и националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски се најчесто споменуваните имиња за можни кандидати. Од владејачката партија прават испитувања на јавното мислење за да го видат расположението и на други кандидати, но официјално не зборуваат за ниту еден конкретно име.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ чека уште кандидати во претседателскиот барабан и ветува фер плеј пред делегатите

ВМРО-ДПМНЕ очекува до крајот на јануари, до кога е отворен јавниот повик за пријавување кандидати за шеф на државата, да се пријават и други во трката за наследник на Ѓорѓе Иванов, откако во барабанот на палатата Христо Татарчев влегоа кандидатурите на пратеникот Влатко Ѓорчев и на уште еден кандидат чие име не ѝ е познато на јавноста.На прашање на Плусинфо дали ВМРО-ДПМНЕ ќе му даде поддршка на младиот и амбициозен кандидат за претседател Влатко Ѓорчев, лидерот Христијан Мицкоски сѐ уште не даде одговор.Портпаролот на партијата Наум Стоилковски вели дека во интерес на демократската процедура и според одлуката на Централниот комитет на партијата, донесена на последната седница одржана на 22 декември 2018 година и врз основа на партискиот Статут, сите кандидати кои ги исполнуваат условите и кои се пријавиле на јавниот повик, ќе имаат еднакво право да ги презентираат своите план и програма пред партијата. Конечната одлука ќе ја донесат делегатите на партиската Конвенција на 16 февурари во Струга.Прочитај повеќе...

Македонија | пред 7 години

7 год.
grcija-protesti-1

ВО ЖИВО: Дебата и гласање за договорот меѓу Грција и Македонија

Во тек е дебатата во грчкиот парламент после која треба да следи гласање за ратификација на Преспанскиот Договор.

Свет | пред 7 години

7 год.
davos-1

(ВИДЕО) Министерот за економија Крешник Бектеши во Давос на министерска средба за Е-трговија

Министерот за Економија Крешник Бектеши кој е дел од владината делегација во рамките на работната и економска агенда на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија денеска зеде учество на министерска средба за електронската трговија на која Република Македонија како земја членка на Светската трговска Организација, активно учествува во унапредување на правилата во меѓународната трговија.На средбата, на која збор зедоа и Генералниот директор на СТО Роберто Азеведо, како и Еврокомисарот за трговија Сесилија Малмстром, министрите повикаа на почеток на преговори кон Договор за меѓународно-трговските аспекти на електронската трговија во рамка на Светската трговска организација.62-те земји кои ја поддржуваат оваа иницијатива – меѓу кои и Македонија ја потврдија својата верба во можностите кои електронската трговија ги нуди, за фирми, но и за цели економии. Министерот Бектеши потенцираше дека, “особено за земји како Република Македонија, со мали но отворени економии, електронската трговија може значително да го поттикне претприемништвото, да намали неефикасности, да зголеми продуктивност, и суштествено да придонесе кон економскиот раст.”Затоа, Република Македонија се обидува да направи соодветна правна рамка за електронска трговија и ги подржува сите напори за таква правна рамка на меѓународно ниво, што би била и целта на Договор на оваа тема под Светската трговска организација.Министерот Бектеши во оваа прилика уште еднаш подвлече дека оваа влада е решена да ги направи потребните чекори кои ќе обезбедат стабилност и сигурност за земјата и за регионот, и кои ќе отворат врата за нови странски инвестиции, за развој на македонската економија и подобар животен стандард за сите граѓани.Земјите пристапнички кон Заедничката декларација ќе продолжат да ги охрабруваат сите членки на СТО да учествуваат со цел понатамошно подобрување на придобивките од електронската трговија за бизнисот, потрошувачите и глобалната економија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Единствена Македонија: Силен шамар за марионетата Заев од Мицотакис

„Марионетската власт на Зоран Заев доби силен шамар и тоа директно од лидерот на Нова демократија и најверојатно новиот грчки премиер по скорешните избори во Грција, Кирјакос Мицотакис.Мицотакис во неговиот говор во грчкиот парламент за време на расправата по повод ратификацијата на Договорот за промена на името, порача дека процесот на интеграција на Скопје кон Европската Унија не е поврзан со Договорот и дека тој како премиер ќе стави вето на патот на Македонија кон ЕУ и одбива да го напушти ова право на вето кое го нарече право на грчката татковина.Со ваквата изјава на Мицотакис излезе на виделина страшното предавство на Зоран Заев со кое избриша се што е македонско во замена за некакво обично ветување за преговори за членство во ЕУ кое не може со сигурност да се тврди дека и ќе се реализира во наредните дваесетина години а прашање е дали до тогаш ќе опстане Европската унија.За предавството на македонските национални и државни интереси, одговорност мора да има.Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж за заштита на националните интереси бидејќи ќе следи поништување на сите антимакедонски и антидржавни акти како што се Договорот за промена на името кој е спротивен на домашното и меѓународното право, двојазичниот закон за јазична федерализација како преодна етапа кон територијална федерализација и Одлуката за пристапување на Македонија во членство во НАТО“, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
50603763_2562809920402465_6610172346076495872_n-1

МТСП: Поголеми плати за кадарот во градинките со Законот за детска заштита

Покачувањето на платите на вработените во градинките продолжува и во 2019 година. Со измените на Законот за детска заштита коишто се во собраниска процедура и треба да се најдат на гласање пред пратениците е предвидено покачување на платите на кадарот во градинките. Со истите измени за прв пат се предвидува и кариерен развој во секторот детска заштита, со што се враќа достоинството на вработените во градинките. Зголемувањето на платите, но и започнатите реформи беше тема на денешниот состанок на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со директорите на градинките од цела Македонија.Министерството за труд и социјална политика и изминатата година обезбеди за 5 % повисоки плати за сите 4.300 вработени во градинките кои добија покачување. Исто така, за неполна година беше обезбедена финансиска согласност за вработување на над 1.000 лица, од кои поголемиот дел се на неопределено време.Процесот на јакнење на детската заштита продолжува и годинава со зголемување за 300 % на буџетот за капитални инвестиции во градинки. Со дополнителни 15 милиони евра од Светска банка се обезбедува простор за околу 7.000 нови деца во градинките, но истовремено работиме и на јакнење на кадрите. Не инвестираме само во зголемување на капацитетите на градинките, туку во целосна преобразба на детската заштита, односно го менуваме начинот на кој државата се грижи за децата.За да имаме успешно рано учење, неопходно е да имаме и квалитетен кадар во градинките. Во соработка со УНИЦЕФ се работи на професионалните компетенции на сите вработени. Дел од воспитувачите/чките по поминатите обуки, стекнатите вештини ќе треба да ги пренесат на своите колеги. Со втората фаза ќе се дефинираат компетенциите за директорите негователите, стручни работници и стручни соработници.

Македонија | пред 7 години

7 год.
51293342_2147808928596026_9074887441109745664_n

(ФОТО) Вака изгледаат Стража и преминот Делчево - Бугарија, сообраќајот се одвива отежнато

Неисчистени улици, завеани патишта, блокирани пристапи до локалните патишта и до селата. Ваквите сцени, кои неретко се претвораат и во драми на патиштата кога се загрозуваа и човечки животи станаа редовна појава последните пет години.На социјалните мрежи се појавија фотографии од моменталната состојба на Стража, а од истите може да се забележи дека сообраќајот се одвива отежнато.Слична е ситуацијата на патниот правец Делчево - Бугарија каде не се гледа ништо од снегот. 

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања