„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
fatime-fetai

Адвокатот на Ејуп Алими бара извинување од Фатиме Фетаи

Изнесените наводи од страна на обвинителката Фатиме Фетаи се невистинити, реагира адвокатот, Мефаиљ Арслани, кој го застапува пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими, во предметот „Титаник 3“ за изборни нерегуларности во Општина Чаир, пишува Фокус.Неговиот демант следи откако на вчерашното рочиште Фетаи изнесе тврдење дека преку адвокатот добила закани испратени од Алими. Како што рече Фетаи, адвокатот ги пренел заканите на Алими кој и порачал: „„Ти си наша, може лесно да поминеш, ама на тој каурот ќе му ја расплачеме фамилијата“, мислејќи на обвинителот Гаврил Бубевски.Арслани го демантира ова и бара јавно извинување од Фетаи. Во спротивно вели ќе покрене тужба за навреда и клевета.– Јас сум адвокат кој професионално ја обавува својата дејност. Моите клиенти и соработници никогаш не сум ги делел според нивната вероисповед или „на наши и ваши или каури“, како што посочува Фетаи. Мојот пристап и начин на работа се професионални за што потврда е мојот коректен однос со сите колеги и клиенти. Ниту јас, ниту мојот клиент сме се заканувале директно или индиректно на обвинителот Гаврил Бубевски – вели во писмената изјава Арслани.Тој тврди дека ниту приватно ниту во врска со предметот „Титаник 3“ се видел со Фатиме Фетаи и ја прозива дека нејзината намера за истакнување на ваквите лаги очигледно е, како што вели тој, нејзина лична фрустрација која е објаснива само за неа.– Повеќе од јасно е дека обвинителката сака и на ваков начин да си земе медиумски простор, кој очигледно во последно време ѝ недостасува, притоа неводејќи сметка за тежината на зборовите кои ги кажува. Да беше свесна што кажува или да се консултираше со некој пред да каже вакви клевети и лаги, немаше да се доведе во ситуација во која допрва треба да го докажува своето бламирање – вели Арслани.Тој вели дека ако обвинителите не покренат постапка против него за наводните закони, тој лично ќе покрене постапка против Фатиме Фетаи за начинот на кој се обидела, како што вели, да го наруши неговиот углед.-Истакнувам дека ваквите изрази и поделби кои ги употреби Фетаи, се одраз на нејзино размислување, дел од нејзиниот речник и очигледна потреба некаде да припадне. Мојот вокабулар, начин на размислување и работење е различен од нејзиниот – го завршува Арслани својот демант.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zmija

Автралијанка касната од змија додека седела на WC школка

59 годишна Австралијка се преплашила кога видела дека огромна змија-питон е причината за нејзините непријатности во нејзиниот тоалет.Таа била касната додека седела на тоалетната школка, но за среќа змијата не е отровна.Специјална екипа го извадила 2 метра долгиот питон, кој се сокрил во тоалетната школка, бегајќи од енормно високите температури во Австралија, кои ова лето се движат до 50 степен.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Денот „Д“: Ќе го ратификува ли Грција договорот за Северна Македонија?

Грција – Во 9 часот по локално време започнува третото и последно продолжение на пленарната седница за ратификација на нацрт законот на Министерството за надворешни работи на Грција за Договорот од Преспа. Предвидено е, доколку не се пролонгира за подоцна, поради големиот број пријавени пратеници за збор, гласањето да се одржи во 14.30 часот.Вчерашната расправа ја одбележаа обраќањата на лидерите на политичките партии, меѓу кои и претседателот на СИРИЗА и премиер, Алексис Ципрас и претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис. И двајцата говореа детално и опширно, едниот 70, другиот 60 минути за нивните аргументи зошто се „за“, односно „против“ Договорот од Преспа.-Во овој момент се наоѓаме еден чекор пред историски настан,рече грчкиот премиер во неговото обраќање и додаде дека по речиси 30 години неактивност и по една цела година исцрпни преговори, „доаѓаме до крајот на еден исцрпувачки процес”.

Свет | пред 7 години

7 год.
protesti-atina-1024x703

„Македонија земја на Грците“ испишано пред домот на американскиот амбасадор во Атина

За време на вчерашните протести против Договорот од Преспа во Атина, група на демонстранти кои поминувале покрај домот на амбасадорот на САД, Џефри Пајат, испишале слоган со навредлива содржина: „Македонија земја на Грците“.30 лица биле повикани на информативен разговор во врска со овој случај.Домот на Пајат во Атина се наоѓа во близина на самата амбасада на САД и не е прв пат да биде мета на демонстрантите кои протестираат против Договорот од Преспа. Претходно беа испишувани графити против империјализмот на САД.Протестите продолжуваат и денеска додека во грчкиот парламент се одвиваат последните часа од расправата, која треба да резултира со ратификација на Договорот.

Свет | пред 7 години

7 год.
veneciska-komisija

Се „разврзаа“ јазиците: Венециската комисија ги испокара сите испокарани

Венециската комисија наеднаш се претвори во нов полигон за пресметка меѓу главните политички субјекти. И внатре во владејачката коалиција меѓу владините стожери СДСМ и ДУИ (можеби помалку очекувано), но и крајно очекувано меѓу власта и опозицијата, чиј раководител на правната партиска комисија, професорката Тања Каракамишева е член на ова советодавно тело на Советот на Европа кое се занимава со уставни прашања, изборни и воопшто со дејствување на демократските институции.Политичките надмудрувања околу Законот за јазиците (дали делумно или целосно бил испратен до Венециската комисија), на површина ја изнесоа нетрпеливоста во, навидум, совршениот брак меѓу СДСМ и ДУИ. Покрај тоа, и тврдењето на Каракамишева дека добила информација од генералниот секретар на Венециската комисија, Томас Маркерт, дека согласно правилата на Комисијата, владин притисок од каков било вид врз национален претставник не е дозволен, беа причина вчера да стигне одговор од високите институции на ЕУ и од самата Венециска комисија.Венециската комисија испрати писмо до кабинетите на премиерот Зоран Заев и на вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. Од Владата потврдуваат  дека е доставено писмо (без да ја објават содржината), но тврдат дека има само објаснување на постапките за гласање.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
UwVk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWWpjN01EQV8vNTNkMzlkYTI4YjkxNDE0MjhlMzdkYmUyM2ZjMmQwM2QuanBlZ5GTAs0CQgCBoTAB

(ВИДЕО) Македонец починал од тумор слушајќи совети на надрилекар од Србија

На 7 јануари, 2018 година, почина Славчо Петров, од последици од тумор на мозокот, објавија српските медиуми.Неговата сестра, 23 годишната Билјана Јовановиќ, за смртта на нејзиниот брат го обвини лажниот доктор, надрилекарот без никакво образование, Мирољуб Петровиќ. Таа ја раскажа потресната приказна за нејзиниот брат.Во март минатата година докторите во Македонија му откриле тумор на мозок, кој, според Јовановиќ, бил на недостапно место тежок за операција, а првите сознанија биле дека е бинигнен. Операција била можна само во странство, но бидејќи немале пари, решиле да му се обратат на контроверзниот Мирољуб Петровиќ, кој со години оди низ Србија и држи предавања против традиционалната медицина , убедувајќи ги луѓето да се лекуваат со тревки и да се молат на Господ. Тој своите услуги ги наплаќал, па така секој совет за Билјана значеле нови од 50-до 120 евра.Лековерните Македонци , на почеток му поверувале, посебно сестрата Билјана која живее во Крушевац, бидејќи Славчо се чувствувал подобро од разни сокови и тинктури, но по неколку недели паднал во агонија.Сестрата на починатото момче во српските медиуми ги објави пораките кои ги разменувала со лажниот доктор, во кои тој ја убедува дека со неговите совети и молби кон Господ, сѐ ќе биде во ред и дека нема потреба да одат на лекар.Само неколку дена по смртта на Славчо Петров, неговата сестра гостуваше во утринска програма на Прва тв, заедно со надрилекарот Петровиќ, каде ја раскажа нејзината приказна, покрај сѐ, сѐ уште нарекувајќи го лажниот лекар- доктор Петровиќ.Неверојатно е што и новинарот му се обраќа со доктор Петровиќ.На нејзините обвинувања, тој реагираше со зборовите ,,буздованка од Македонија, облечена како проститутка“.Наивната Македонка слепо му верувала на надрилекарот. Против Мирољуб Петровиќ, кој воопшто нема завршено медицина, веќе е поднесена кривична пријава за лажно претставување и ширење пропаганда за невакцинирање. Овој човек смета дека жените се само машини за раѓање, со нив треба само со рака преку уста, тој смета дека наркоманите и дилерите треба да се убијат… Неверојатно е што овој шарлатан има своја емисија, држи предавања и дава онлајн совети.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pozar-4

Кривична пријава за пожарникарот кој физички нападна колега со тврд предмет

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишниот пожарникар од Велгошти, кој нападна и тешко повреди свој колега. Лицето се сомничи за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“, „загрозување на сигурноста“ и „насилство“.Претходно, од страна на судот, на лицето му беше изречена мерка 30-дневен притвор, а му беше одредена и суспензија од работа на неодредено време.Пријавениот, на 9-ти јануари, околу 10 часот во охридската Територијална противпожарна единица, со тврд предмет физички го нападна неговиот колега, по што избега. После тоа, пријавениот околу 10.30 часот се јавил во ТППЕ Охрид и упатил закани по животот на негов друг колега.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pozar-1

Во Кисела вода, најпрво ограбен, па запален стан

Во општина Кисела Вода синоќа избувнал пожар во стан на улицата „Христо Татарчев“ бр. 62 -3 -1. Станот прво бил ограбен, се било претурено, а потоа запален. Повредени нема, објви МИА.Како што изјави за МИА командантот на Противпожарната брига на Град Скопје Владимир Симоновски, се работи за пожар од помал обем бидејќи е оштетена само една соба.– Добивме дојава во 21.35 часот, по што веднаш интервениравме. Три возила го гаснеа пожарот со осум пожарникари. Ако немаше брза интервенција пожарот можеше да биде катастрофален за зградата, рече Симоновски.Опожарени се 20 метри квадратни, а штетата е околу 200 илјади денари.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Roaming

Доколку се постигне договор до април, веќе во јули би почнало намалувањето на цените на роамингот меѓу земјите од Западен Балкан

Ако се постигне договор до април 2019 година, веќе во јули би почнало намалувањето на цените на роамингот меѓу земјите од Западен Балкан, а воопшто не би се плаќал од 2021 година, порача денеска во Брисел генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу, обраќајќи им се на учесниците на втората рунда преговори за нов регионален договор за роамингот.– Ако сакаме луѓето да го препознаат вистинското влијание на нашите напори за промоција на регионалната соработка, тогаш овој договор треба да го потпишеме во април, изјави Брегу.Додаде дека на ЕУ и требаа десет години да го воведе концептот „роаминг како по дома“, додека земјите од Западен Балкан имаат амбиции и храброст ова да го завршат за две и пол години.Македонија активно учествува во овие преговори кои започнаа уште пред две години во организација на РСС, оперативно тело на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Девет сообраќајки во Скопје, едно лице со тешки телесни повреди

Еден сопатник е тешко повреден, а 10 се полесно повредени во девет сообраќајни незгоди што се случиле на подрачјето на Град Скопје во изминатото деноноќие. Во истиот период се случиле и седум сообраќајки во кои е причинета материјална штета.Во изминатите 24 часа санкционирани се 30 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, тројца под дејство на алкохол, петтмина пред да се стекнат со возачка дозвола и еден возач почетник. Од сообраќај се исклучени и три нерегистрирани возила.Сообраќајната полиција издала 59 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 79 возила. Седум возачи користеле мобилен телефон додека возеле, а двајца не носеле сигурносен појас.

Скопје | пред 7 години

7 год.
51180438_10215567848100750_5238038420806172672_n

(ФОТО) Забрана за камиони на планинскиот премин Ѓавато

Од 09.00 часот се воведува забрана за движење за тешки товарни возила на патниот правец Битола-Ресен преку планинскиот премин Ѓавато.Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија пат. Снег врне во Тетово, Гостивар, Кичево, на Попово Шапка, Маврово, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.Од 07:35 часот се воведува забрана на движење за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Од 23:55 часот на патот Дебар - Маврови Анови и обратно, поради обилни врнежи од снег е воведена забрана за движење на ТМВ. Во 23:25 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража.На патниот правец Струга - г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.

Македонија | пред 7 години

7 год.
voda

СДСМ: Решен е деценискиот проблем со водата во Гевгелија, граѓаните добиваат чиста вода за пиење

Деценискиот проблем на граѓаните на Гевгелија кои немаа пристап до чиста и квалитетна вода за пиење конечно е надминат. Водата во Гевгелија е со висок квалитет, повеќе не содржи арсен и е целосно безбедна за пиење, велат од СДСМ.„Анализите на физичко-хемискиот состав на водата за пиење од трите бунари на новиот водоснабдителен систем, направени од Институтот за јавно здравје на Република Македонија потврдуваат дека во водата воопшто нема арсен и дека квалитетот на водата е во согласност со законските и стручни прописи.Со тоа, се става крај на небезбедната вода за пиење во Гевгелија, проблем што со децении предизвикуваше здравствени проблеми и проблеми во нормалното функционирање на граѓаните во Гевгелија и регионот.Како одговорна партија, СДСМ и на централно и на локално ниво продолжува со спроведување на мерки и проекти што обезбедуваат здрава животна средина, чиста вода за пиење и повисок животен стандард за сите граѓани“, се вели во соопштението.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
bebe

Почина уште едно дете од грип во Црна Гора

10 месечно бебе кое било примено во Институтот за детски болести во Клиничкиот центар во Подгорица со сериозни респираторни проблеми, почина вчера, потврди директорот на Клиниката Саша Радовиќ.Според cdm.me, постои можност бебето да е втора жтва на грипот, откако во понеделникот во Детската болница во Подгорица почина две годишно момче од Улцињ.Се уште не е познат резултатот на тестот за грип во случајот со две годишното момче, но како што велат станувало збор за тешка респираторна инфркција.Сајтот исто така наведува дека двете деца не биле вакцинирани против сезонски грип.Црногорското Државно обвинителство започнало истрага во врска со смртта на две годишното момче, а исто така има и наредба за обдукција на телото со цел откривање на причината за смртта.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не е решение за проблемот во кој се наоѓа Македонија, СДСМ е проблемот

Две недели СДСМ молчи и бега од избори. Власта е соочена со стравот од пораз на предвремени парламентарни избори и ја носи државата во пропаст заради нечија лична амбиција да остане уште на власт за да продолжи да ја краде државата и народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„ВМРО-ДПМНЕ го охрабрува ЦО на СДСМ да собере сили и да покаже барем малку одговорност кон државата и граѓаните и да изгласа предлог за распишување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските на пролет.СДСМ не смее повеќе да бега. Хаосот во кој ја втурнаа Македонија станува се поголем. СДСМ не е решение за проблемот во кој се наоѓа Македонија, СДСМ е проблемот.Две години откако власт е СДСМ, целата држава е во црнила. Наместо покачување на платите и пензиите, слушаме како владините министри се закануваат со намалување.Власта наместо да овозможи пријатна бизнис клима воведува нови регулативи и повисоки даноци за фирмите и граѓаните. Засегнати се и пазарџиите кои едвај врзуваат крај со крај, а власта размислува како од нив да земе денар плус.Државата и граѓаните се доведени до раб на пропаст. Црнила во образованието, здравството, земјоделието, безбедноста и во сите други сегменти. Нема нешто во државата што СДСМ не го растури.Хаосот не смее да продолжи. Потребни се итни предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, за Македонија да победи“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
JSP-avtobusi-parkirani

ЈСП: Планираме 170, а не 233 нови вработувања

Информацијата за нови вработувања во ЈСП предизвика лавина реакции, особено од ова претпријатие од каде ескпресно стигна реакција и појаснување за бројот на лица кои ќе бидат вработени, како и за начинот како ќе се избираат кандидати по етничка застапеност.Имено, од ЈСП во реакцијата, меѓу другото се вели:– Во ЈСП Скопје годинава нема да се вработат 233 лица по етнички клуч, ниту пак, во Секторот за поддршка на директорот, односно во одделот за односи со јавност и меѓународна соработка ќе се вработат 10 извршители, ниту до крајов на годинава бројот на вработени ќе достигне 1.478, ниту се најавени 30 заминувања од работа… Согласно Годишниот план за вработување за 2019 година, ЈСП Скопје има планирано 170 нови вработувања. Согласно балансерот за распределба на вработувања на правична застапеност, предвидено е од планираните 170 лица, 116 да бидат Македонци, 32 Албанци, 11 Роми, 6 Срби, 1 Бошњак и 4 други. За 2019 година се планирани 60 пензионирања, а во Сектор за поддршка на директор предвидено е вработување само за Раководител на сектор за кој од буџетот на ЈСП Скопје се планира десет месеци од 2019 година да се обезбедат средства за тоа работно место односно вработувањето да се реализира во февруари месец.Оттаму демантираат дека со планираните нови работни места до крајот на годината бројот на вработени треба да достигне бројка од 1.478.– Вработени 1.478 би имало во случај да во 2018 година сме оствариле 233 вработувања, што не е реализирано. Моментално во ЈСП Скопје се вработени 1296 лица, од нив 60 се планирани пензионирања и доколку се остварат сите 170 вработувања за годинава, тогаш, до крајот на 2019 година бројот на вработени би изнесувал 1406 – велат од ЈСП.Тие додаваат:– ЈСП Скопје има обврска до 31 март да го изготви Годишниот план за вработување за 2020 година, истиот потоа треба да добие согласност од страна на Советот на Град Скопје, кој потоа најдоцна до 31 мај се препраќа на мислење до Министерството за информатичко општество и администрација. Доколку не се добие позитивно мислење нема да може да се објави оглас за вработување на неопределено време, што значи дека ЈСП Скопје нема изготвено Годишен план за вработување за 2020 година – велат од ЈСП.

Скопје | пред 7 години

7 год.
1-11

Рокот за пријавување по промотивна цена за учество на атлетскиот викенд Охрид Трчат истекува за седум дена

Рокот за пријавување по промотивна цена за учество на атлетскиот викенд Охрид Трчат кој ќе се одржи на 2 јуни истекува за седум дена, односно на 31 јануари.„Промотивната цена за стартниот пакет за рекреативната трка на 5 километри и тим билдин трката изнесува 400 денари, а за трката на 10 километри стартниот пакет чини 700 денари.Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите, сите за Спорт“ подготвува многу изненадувања и новини за третото издание кое повторно треба да ги помести границите во нашата земја“, велат организаторите.

Магазин | пред 7 години

7 год.
pino

Пино е исчезнат 46 дена, неговата мајка бара помош од медиумите и жителите на Македонија

На дваесет и шестгодишниот Пинета Секондо- Пино веќе 46 дена му нема траг. Тој последно бил виден во Ѓорче Петров на 10-ти декември, 22 часот навeчер.Оттогаш го нема заедно со неговиот автомобил, бела „Шкода" со таблички SK 1566 AP и двата мобилни телефони.Следното утро, во вторникот, требало да ја пречека мајка си, која доаѓала од Италија.„Бидејќи премногу луѓе ја злоупотребуваа мојата/нашата болка, пишувајќи навреди за моето дете, лажни зборови без никаква основа, јас и моето семејство одлучивме да немаме повеќе никаков контакт со државата. А во меѓувреме бараме помош од медиумите, телевизиите и од жителите на Република Македонија, ако имате информации за Пино. Јавете се на 078 246 917 или пријавете во станица Кисела Вода/ Скопје и побарајте да зборувате со началникот Дејан Димовски“, напиша неговата мајка на Фејсбук.https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2497932876947336&id=100001919445500 

Македонија | пред 7 години

7 год.
nis-evakuacija-jasenovik-20-830x0

(ФОТО) Се преврте цистерна во близина на Ниш, жителите евакуирани

Утрово околу 7 часот евакуирани се жителите на селото Јасеновиќ во близина на Ниш поради превртување на цистерна со амонијак.Минатата недела се превртеа две од 14 цистерни од воз, кои исто така пренесуваа амонијак.Одлуката за евакуацја на жителите ја донесе Штабот за вонредни ситуации на градот Ниш. Сите жители се известени за мерките и постапките за време на евакуацијата и сите мораат да постапуваат согласно наредбите.Оние кои немаат каде да престојуваат, ќе бидат сместени во објекти на територијата на градот Ниш.

Свет | пред 7 години

7 год.
rocista

Нови рочишта за предметите „Тендери“ и „Трезор“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска се закажани нови рочиште за предметите „Тендери“ и „Трезор“ на Специјалното јавно обвинителство.Во случајот „Тендери“ обвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“. Случајот се наоѓа во доказна постапка.Во случајот  „Трезор“, првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, поради злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Без струја дел од с.Усје и Ново Село

Дел од корисниците од селото Усје од 9 до 15 часот ќе бидат без електрична енергија.Во периодот од 9 до 14 часот утре без струја ќе останат дел од корисниците од Ново Село, поточно од улицата „100“ од бр. 30 до бр. 60 во општина Ѓорче Петров.Како што соопшти РЦУК на Град Скопје прекините се поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања