„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
seks

ВИДЕО: Секс во подземните гаражи во Карпош, од брзање ги заборавиле чорапите

Пред неколку дена, станари од Карпош во подземните гаражи биле сведоци на сексуален акт кој се одвивал во попладневните часови. Тие велат дека автомобил се паркирал на крајот од гаражата, а внатре имало две лица. По некои четири часа секс и крици кои се слушале во гаражата, тие заминале со автомобилот, но зад нив, оставиле траги.Расфрлани влажни марамици, оброк, салфети, сокови, се само дел од предметите кои ги оставиле зад себе. Станарите велат дека ова прв пат се случува. Тие се револтирани и размислуваат да пријават во полиција, оти љубовнците зад нив оставиле купишта отпад. Станар од зградата, кој е сопственик на гаражен простор вели дека ова однесување е недозволиво, а ги знае и таблиците на автомобилот кој бил паркиран.„Нека дојдат да си ги соберат отпадоците, во спротивно, ќе ги собере полиција“, вели тој за „Скопје 1“.Љубовниците се брзале да ги напуштат гаражите, па зад нив оставиле и пар машки чорапи.Инаку, според законските прописи, за секс на јавно место е пропишана казна до 1500 евра.

Скопје | пред 7 години

7 год.
civek-ulica

Потресен статус на ФБ: Човек умира на улица, брза помош, не доаѓале бидејќи се наплаќало

Револтирана жена на социјалните мрежи сподели статус, кој многумина растревожи. Во продолжение истиот во целост:Ова не е социјален експеримент!! Локацијата ви е добро позната, народ раздвижен во 15:30 часот колку ти душа сака. Сликите ви покажуваат се. Е сега мојот дел.Никој да не застане??? Абе што луѓе сте вие што се движите по ова парче земја? Еден дечко една бабичка и јас тројца „будали“ двајцава си отидоа останав сама.Брза помош: Не доаѓале бидејќи се наплаќало, почекајте 5-10 минути видете дали ќе се освести па јавете се пак!!! Алоо, Венко Филипче ПРИЕМ СЕ СЛУШАМЕ?Полициска Карпош: Ало вака и вака…Од таму зачуден глас „Како тоа се наплаќа брза помош?“ ОК доаѓаме за 5 минути. Рака на срце точно за 5 минути брзи ефикасни и многу фини ги собрале и овие од брза помош.Искача госпожата ми се врти и дрско и безобразно вика СКИТНИК Е.И? Па што не барате за вакви јавете се во црвен крст! Молим? Дал сте вие нормални ако скитник треба да го оставам да умте???За начинот и однесување и третман на брзата помош према полу мртов човек на сред минуси температури нема ни да ви раскажам, зашто е морбидно. Во држава каде народот е оставен на питачки стап брза помош не доаѓа за скитници!!!Толку од мене пријатели јас почнувам да се пакувам, стои во нејзиниот статус на Фејсбук.

Скопје | пред 7 години

7 год.
naumoski

Скопски градоначалник старото „Пежо“ го замени за „БМВ Х5“

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски по само година и половина раководење со општината и плата од 1000 евра, успеа да се поднови со „БМВ Х5“. Оваа марка на возило ако производството е 2013/2014 година, според интернет сајтовите за продожба на поволни автомобили чини од 30.000 до 40.000 евра.Според нашите извори, Наумоски го купил автомобилот пред 2-3 месеци, а почнал да го вози пред две недели. Новото возило го пријавил и во анкетниот лист, а пишува дека вреди близу 14.500 евра.Градоначалникот на Ѓорче Петров кога дојде на функцијата возеше „Пежо 1007“, а има и моторцикл од 500 евра. Во јавноста се коментира дека Наумоски со ова темпо, ќе успее да ги исплати и кредитите кои му се пријавени во анкетниот лист.Наумоски беше актуелен во изминатиот период, оти во јавноста се појави информацијата дека со буџетот за оваа година, оставил простор за зголемување на неговата плата. Исто така, како прв човек во Ѓорче Петров, 13 илјади евра потроши за набавка на пенкала, верски календари и други промо материјали.

Скопје | пред 7 години

7 год.
micotakis

Мицотакис: Како премиер ќе го искористам правото на вето за Македонија

Претседателот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во неговиот говор во Парламентот за време на расправата за ратификација на Договорот од Преспа, порача дека тој како премиер би го искористил правото на вето на патот на Македонија кон Европската унија, јави дописничката на МИА од Атина.„Процесот за интеграција на Скопје во ЕУ не е поврзан со Договорот од Преспа. Грција може во кој било момент да стави вето во процесот на интеграција на Скопје во ЕУ и ова право на нашата татковина одбивам да го напуштам“, порача Мицотакис.На почетокот на неговиот говор што траеше еден час, рече дека Договорот од Преспа не требаше никогаш да биде потпишан и „секако, никогаш не требаше да дојде во грчкиот Парламент за ратификација, бидејќи претставува национален пораз”.Мицотакис спомена седум вистини за тоа дека Грција направила отстапки во Договорот од Преспа.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Силен земјотрес ја стресе Грција

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди реонот на грчкиот остров Родос, што се наоѓа во југоисточниот дел на Егејското Море.Атинскиот институт за геодинамика соопшти дека земјотресот се случил на околу 10 километри под морското дно, со епицентар на 60-тина километри јужно од Родос.Засега нема информации за евентуални жртви и предизвикани материјални штети,Во истиот регион земјотрес со нешто послаб интензитет беше регистриран и во вторникот.

Свет | пред 7 години

7 год.
osmani

Османи за Каракамишева: Не е достојна да не претставува во меѓународни институции

Вицепремерот Бујар Османи ги демантира трдењата на професорката Татјана Каракамишева дека до Владата е стигнато писмо од Венецијанската комисија во кое се вели дека, согласно правилата на оваа меѓународна институција, не е дозволен владин притисок врз националниот претставник.Професорката Татјана Каракамишева, која е национален претставник во оваа меѓународна комисија на „Фејсбук“ напиша дека има сознанија дека до Владата е стигнато писмо од Венецијанската комисија во кое се вели дека, согласно правилата на оваа меѓународна институција, не е дозволен владин притисок врз националниот претставник.Писмото е испратено од генералниот секретар на Комисијата, Томас Маркерт, и дека истото е адресирано до премиерот Зоран Заев и до вицепремиерот Бујар Османи.„Писмото што го добив само го објаснува начинот на кој Венецијанската комисија одлучува и воопшто не се споменува прашањето за било каков притисок. Но, мојот став е дека и покрај моето позитивно мисење за професорката Каракамишева како правник, нејзините последни шовинистички ставови ја прават недостојна за претставување на земјава во било која меѓународна институција“ вели Османи.Вицепремиерот Османи рече дека Законот за јазици не треба да се праќа на мислење во Венецијанската комисија се додека дел од ова тело е и професорката Каракамишева.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski-mala

Бегството на Грувски: Сослушани 20 лица, Албанија утре ќе ги даде снимките

Во денешното издание на емисијата „10 минути“ разгвараме со Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески. Јовески за ТВ21 вели дека во текот на утрешниот ден треба Албанија да ги даде снимките од бегството на екс-премиерот, зага азилант Никола Груевски.Јовески додава дека веќе имаат докази, но се уште фалата за да се комплетира целосната слика за тоа како Груевски како ја напуштил државата.Републичкиот јавен обвинител во денешното издание на емисијата „10 минути“ на ТВ21, изјави дека се уште се прибираат докази за тоа како екс премиерот Никола Груевски ја напуштил државата. Тој додава дека истрагата е во тек, а досега биле сослушани 20-тина лица. Тој очекува во текот на оваа и следната недела да бидат сослушани и други лица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
carini-korea-makedonija-3

Македонската царина ќе црпи искуства од царината на Кореа - се интензивира соработката

Во рамки на меѓународната соработка со Царинската управа на Кореа на средбата во Царинската управа беа договорени насоките за идна соработка. Царината на Кореа е водечка царинска служба во светот и лидер во иновативните технологии, пред се во дигиталните вештини и Е-царина.„Во наредниов период нивната помош ќе биде насочена кон подобрување на капацитетите за Е-трговија и дигитализирање и забрзување на царинската постапка во поштенскиот промет“, истакнув директорот на цринската управа Ѓоко Танасоски. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
han

Хан: Некои земји се подобро подготвен за во ЕУ, некои послабо

Договорот од Преспа е пред усвојување во грчкиот Парламент, што претставува гигантски успех, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.– Близу сме до одлуката во грчкиот Парламент за прифаќање на Договорот за промена на името на Македонија во Северна Македонија. Поаѓам од препоставката дека тоа ќе биде решено, што претставува гигантски успех. Самиот вложив многу труд и време во развојот на таа држава од 2015 година, нагласи Хан во интервју за телевизијата Н1.Хан истакнува дека во изминативе неколку години со заеднички сили на Балканот се направени значитени исчекори, додавајќи дека одржливиот мир, економскиот раст, општествениот развој и помирувањето, не се можни, доколку земјите од регионот немаат европска перспектива.– Од тоа секако протифитираат и сегашните држави членки, граѓанките и граѓаните на Европската унија, истакнува Хан.Еврокомесарот потенцира дека вратата на ЕУ останува отворена и дека секоја од државите од регионот „во свои раце го има клучот од таа врата и може да ја отвори“.– Некои земји се подобро подготвени, некои послабо. Ние како Комисија минатиот февруари ја објавивме нашата стратегија за Балканот во која јасно зацртавме дека секоја држава може да стане членка дури од кога ќе ги реши сите билатерални несогласувања и конфликти, потенцира Хан.Според него, приближувањето на секоја од земјите од регионот кон ЕУ ќе зависи од нивните одделни заслуги.– Секоја (земја) за себе ја носи одговорноста со колкави чекори и со какво темпо ќе се движи напред. Нема никакво ограничување на брзината, но позитивните промени мораат да бидат одржливи, посебно, на пример, во борбата против корупцијата, развојот на владеењето на правото, развојот на претприемништвото. А тоа си бара време. Некои се побрзи, а некои побавни, заклучува Хан во интервјуто за Н1.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Тачи ќе поддржи дислокација на коцкарниците

По серијата средби со пратеници Албанци и лидерите на политичките партии, Движењето против коцкање, се сретна и со претседателот на ДПА, Мендух Тачи, со цел, како што велат од таму, да обезбедат поддршка и од самиот врв на албанските партии. Лидерите на партиите, ветија дека ќе ги поддржат барањата на Движењето против коцкање, со цел носење на што подобар закон за сите граѓани.„Ќе се трудиме со партијата, колку што сме во можност, да ја поддржиме иницијативата, не само со зборови и јавни настапи, туку да успееме и да стане дел од законот. Нормално, обврзувајќи ги и државните институции да се позанимаваат со двата аспекти кои се важни за ова зло. Прво да се спречи да се дојде до ваква ситуација и второ, луѓето кои имаат проблеми со ваков вид зависност, како што е комарот и коцкањето, институциите кои се занимаваат со рехабилитација и ресоцијализација, да бидат што поактивни кон нив“, изјави Мендух Тачи, Претседател на ДПА.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Димитриев обвинува дека Џафери ја кочи работата

Собранискиот спикер Талат Џафери не одвојува 20 илјади евра за ангажирање на ај-ти експерти за надзор врз прислушувањето, а кои ќе се ангажираат од  Комисијата за контрола на посебните истражни, тврди првиот човек на собраниската комисија и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев.Се работи за законска обврска ова контролно собраниско тело да ангажира по двајца екперти за секоја контрола на системите за прислушување. Димитриев барањето до Џафери го испратил уште во ноември, но одговор не добил.Марагарита Цаца Николовска поранешната судијка Во Европскиот суд за човекови права во Стразбур во име на граѓанското тело кое треба да врши надзор рече дека тврдењата на Димитриев се непоткрепени и неаргументирани. Таа му порача како човек кој вршел политичка функција да размисли што работел и за кого одработува. Инаку покрај Николовска која ќе претседава со Советот прифатени се кандидатурите на професорот Гордан Калајџиев, Филип Стојановски и Ице Илиевски.За дргите кандидати ќе се распише втор оглас.

Македонија | пред 7 години

7 год.
misterija-za-smrtta-i-grobot-na-aleksandar-veliki-makedonski-527585

(ВИДЕО) Заев како Александар Велики

„Северномакедонци ниту ќе бидам јас, ниту вие, ниту ќе бидат децата. Поради тоа што јасно е утврдено дека сме Македонци и дека зборуваме македонски јазик. Многу е важно тоа што веќе никој нема да ни го оспорува“, се вели во видео спотот на „Независни Грци“.Ова е дел од изјавата на премиерот Зоран Заев дадена на 6-декември минатата година, која партијата на Независни Грци преку видео спот ја користат за кампања против Договорот од Преспа. Во видеото Заев се трансформира во ликот на Александар Велики со порака дека никој нема да биде Северномакедонец. Повторувајќи го тоа што го кажал Заев, на крајот од видео спотот Независни Грци прашуваат: Дали ќе го оставиме Заев да зборува во името на Александар Велики.Но, ова не е единственото нешто што противниците на договорот за името помеѓу Грција и Македонија го прават во пресрет на гласањето во грчкото собрание.Поддржувачите на Грчката комунистичка партија поставија големи транспаренти на ѕидовите на познатата тврдина Акропол во Атина.„Не за договорот Ципрас-Заев, не за плановите на САД-НАТО-ЕУ, не за иредентизам и национализам, да на пријателство, солидарност и заедничка борба на народите, е напишано на транспарентите на грчки и англиски јазик.  Приврзаниците на Комунистичката партија, заедно со други организации, планираат протести непосредно пред гласањето во собранието.Лидерот на Нова Демократија вчера на Твитер порача дека наместо да добијат име за ерга омнес, Грција дала ерга омнес идентитет и јазик.„Националните линии се прегазени. Наместо да добиеме ерга омнес сложено име, дадовме ерга омнес македонски идентитет и јазик. Време е пратениците да ја преземат својата одговорност. Дали ќе кажат да за нешто што претходните премиери рекоа не“, искоментира Мицотакис.Повеќето Грци се противат на терминот “Македонија” што се користи во договорот. На последниот протест на 20 јануари имаше насилства кога демонстрантите се судрија со полицијата, а резултираше со десетици повредени и неколкумина уапсени.Вечерва во грчкиот Парламент, пред полноќ Договорот од Преспа ќе биде ставен на гласање. Премиерот Алексис Ципрас е убеден дека има мнозинство, а според проценките со ЗА ќе гласаат најмалку 151 пратеник од вкупно 300 колку што брои грчкото Собрание. 

пред 7 години

7 год.
spc

Српската црква тужена за педофилија

Лондонскиот Виш суд поднел шест тужби против Српската православна црква (СПЦ) поради педофилија, потврди за Радио Слободна Европа адвокатот Младен Кесар кој ги застапува оштетените.„Следниот чекор е тужениот да одговори на тужбата, па потоа Судот ќе одреди како ќе се води постапката“, рече Кесар за РСЕ и додаде дека има уште луѓе кои се заинтересирани да поднесат тужби, но правниот тим одлучил да го води случајот со помал број тужители.Српската православна црква се уште јавно не се произнела за овие тужби.Меѓу тужителите е и Бојан Јовановиќ, поранешен ѓакон кој пред неколку години јавно го обвини сега веќе пензионираниот владика на СПЦ, Василие Качавенда, дека „сексуално го вознемирувал“ и дека барал од него да му „подведува момчиња“.

Свет | пред 7 години

7 год.
Ejup-Alimi

Адвокатот на Ејуп Алими вели дека не се заканувал на обвинители од СЈО

Адвокатот Мефаиљ Арслани, кој го застапува обвинетиот координатор на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими на судењето за предметот на СЈО „Титаник 3“, бара јавно извинување од специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, која денеска во судница кажа дека тој ѝ пренел закана до нејзиниот колега од СЈО Гаврил Бубевски. Во допис до медиумите, Арслани вели дека изнесените наводи од страна на обвинителката Фатиме Фетаи се невистинити и дека ниту тој, ниту неговиот кпиент му се заканувале директно или индиректно на обвинителот Бубевски.„На денешното рочиште за предметот ’Титаник 3‘, во кој јас се јавувам во својство на бранител на еден од обвинетите, од страна на обвинителката Фатиме Фетаи, против мене беа изнесени небулозни тврдења, лаги кои укажуваат на едно непрофесионално постапување на обвинителката и потсмев во јавноста. Барам јавно извинување од обвинителката Фатиме Фетаи. Јас сум адвокат кој професионално ја обавува својата дејност. Моите клиенти и соработници никогаш не сум ги делел според нивната вероисповед, или ‘наши и ваши или каури’ како што посочува Фетаи. Мојот пристап и начин на работа е професионален за кое нешто е потврда мојот коректен однос со сите колеги и клиенти. Ниту јас, ниту мојот клиент сме се заканувале директно или индиректно на обвинителот Бубевски“, вели Арслани.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-spasovski

СДСМ утре ќе бира претседателски кандидат, Спасовски излезе со став

Министерот Оливер Спасовски не потврдува, но ниту негира дека е можен кандидат од СДСМ за претседател на државата. Изјави дека, на седницата на Централниот одбор, закажана за утре, ќе се разгледуваат сите аспекти на претседателските избори и дека е важно да се избере претседател што ќе биде прифатлив за сите граѓани и што ќе мисли за иднината на државата, пишива Телма ТВ.Покрај Спасовски, во СДСМ се мери рејтингот уште на неколкумина потенцијални кандидати.Меѓу нив се и вицепремиерката Радмила Шеќеринска и министерот Никола Димитров.Фаворитите на двете најголеми партии овојпат не можат со сигурност да ги именуваат ниту аналитичарите, кои во Топ тема на Телма толкуваа дека, резултатот на изборите многу ќе зависи од тоа, дали тие ќе бидат само претседателски или заедно со нив ќе се одржат и вонредни парламентарни. Петар Арсовски смета дека вонредните избори носат голем ризик да се збогуваме со датум за преговори за ЕУ годинава, а и политичката цена може да биде висока.Александар Пандов, пак, ја исклучува можноста ВМРО-ДПМНЕ да го кандидираат Мицкоски, но затоа се уште не е убеден дека Заев нема да се кандидира од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
strajk-grcija

Анкета: 62% од Грците се против договорот со Македонија

На Договорот од Преспа му се спротивставуваат 62% од Грците, а го поддржуваат само 27%, покажуваат резултатите од најновата анкета, која ја објави грчката телевизија Скај.62% од испитаниците имаат негативно мислење за Преспанскиот договор, 27% позитивно, а 11% од анкетираните не дале одговор. Договорот е негативен за 40% од гласачите на владејачката партија СИРИЗА, предводена од Алексис Ципрас. Од друга страна, 79% од избирачите на Неа демократија го оценуваат договорот како лош за грчките национални интереси.Неа Демократија, на наредните парламентарни избори би ја поддржале 33% од испитаниците, а СИРИЗА 22,5%. За Златна зора, која изби на третата позиција би гласале 8%. За неопредели се изјасниле повеќе од 13 проценти од анкетираните.Киријакос Мицотакис е најпопуларниот политичар со поддршка од 36% од избирачите (35%), додека Алексис Ципрас уќива поддршка од 24% од грчката јавност.

Свет | пред 7 години

7 год.
grcija

„Македонија е грчка“ - низа протести во Атина

Демонстрантите кои се против ратификација на договорот од Преспа со грчки знамиња в рацете и транспаренти дека „Македонија е грчка“ се собраа на повеќе локации низ Атина.Демонстранти има и пред грчкиот парламент каде во моментов тече вториот ден од дебата за ратификацијата на договорот со Македонија за промена на името во Република Северна Македонија.Протестите де организирани од различни организации и движења, но како главен протест граѓаните го сметаат оној пред парламентот кој е организиран од така наречениот „Комитет за борба за грчкиот карактер на Македонија“. Протестите засега се мирни, но како што пренесуваат грчките медиуми,  бидејќи тие во изминатите неколку дена беа насилни,  не се исклучува можноста истите сценарија да се повторат и денеска или пак во текот  на ноќта.Речиси 1.500 полицајци беа распоредени во Атина во пресрет на протестoт.Дебатата во грчкиот парламент требаше да заврши денеска и доцна вечерва да се одржи и гласањето за договорот, но поради големиот број на пратеници пријавени за збор, гласањето беше одложено за утре.

Македонија | пред 7 години

7 год.
detska-klinika

Лекари од Клинички се заболиле од морбили

Со морбили се заразиле и четворица лекари, медицинска сестра и вработен на шалтер  во Клиниката за детски болести, информираа од Институтот за јавно здравство.Сите заразени со морбили се од Клиниката за детски болести, а една медицинска сестра е од Институтот за белодробни заболувања во Козле и имале директен контакт со заболени деца. Ниту еден од нив не е хоспитализиран на Инфективна и во моментот се наоѓаат на домашно лекување.Докторот Жарко Караџовски, епидемиолог во Институтот за јавно здравје апелираше да се вакцинираат сите невакцинирани или непотполно вакцинирани, и тоа не само децата, туку и возрасните, бидејќи епидемијата трае и можно е ширење на болеста, затоа вакцинацијата е најдобрата превенција.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Mila_Carovska_Minister

Царовска: Имаме дупка во пензискиот фонд бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ги зголемуваше пензиите

Неодговорното однесување на претходното раководство, погрешните политики и ад хок покачувања на пензии, надвор од законската рамка за 10 години направи дупка од околу 15 милијарди денари во Фондот за ПИОМ, тврдат од Министерството за труд и социјална политика на Цароска.„Со пензиската реформа на актуелната Влада која стартуваше од почетокот на јануари, обезбедуваме стабилна исплата и континуиран раст на пензиите, без при тоа да се замрзнуваат и да се зголемува старинсата граница за пензионирање. Со Закон воведуваме редовно усогласување на пензиите. Пензиите ќе се усогласуваат два пати во годината и тоа  100%  со порастот на трошоците на живот, наместо 50% како што беше претходно. Воведена е и законска одредба со која што ќе има дополнително усогласување на пензиите од 1 април, доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст над 4%.Исто така, оваа Влада во изминатите две години обезбеди стабилна исплата и континуиран раст на пензиите. Доказ за тоа се статистичките параметри коишто покажуваат евидентен раст на пензиите во Македонија. Така, во 2016 година просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, во 2017 година 13.954 денари, а во 2018 година 14.421 денари“, стои во соопштениетп.

Македонија | пред 7 години

7 год.
avmu

АВМУ: Емисијата „Студио Мода“ и Варошлија го повредуваат правото на заштита на личните податоци

Дирекцијата за заштита на личните податоци до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, достави Допис – Известување, дека во случајот кој Агенцијата го иницираше за емисијата „Студио Мода“ емитувана на 1ТВ, е утврдена повреда на правото на заштита на личните податоци.Во Дописот од Дирекцијата, наведено е дека на 1 ТВ му е дадено укажување во насока на почитување на прописите за заштита на личните податоци, во делот на користење на личните податоци во емисијата, особено во делот на користење фотографии обезбедени преку социјалните мрежи, со оглед дека нивната обработка без согласност од субјектот на личните податоци, претставува неправична и незаконска обработка на личните податоци.Мислењето од Дирекцијата за заштита на личните податоци е достапно на следниот линкИзвештајот од вонредниот надзор врз 1ТВ е достапен на линкот

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања