„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
Нема фотографија

Трагедија: Eдномесечно бебе пронајдено мртво, во скопското село Љуботен

Во скопското село Љуботен вчера, татко си го пронајде своето едномесечно бебе мртво.Според информациите на полцијата, вчера во 11:00 часот во Полициската станица Гази Баба, С.О.(22) од село Љуботен, скопско, пријавил дека истиот ден околу 10:00 часот во куќата во село Сингелиќ, скопско, го пронашле починато нивното едномесечно машко бебе.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.

Скопје | пред 7 години

7 год.
ojo

ОЈО поведува постапка против 26 год. лице поради продажба на дрога и поседување оружје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно 26-годишно лице кое се товари дека сторило кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, како и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.При претрес во домот на обвинетиот на 05.12.2018 година било утврдено дека тој неовластено заради продажба кај себе држел разновидна наркотична дрога. Притоа од страна на припадниците на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје биле пронајдени и одземени: 448,95 грама марихуана, 389,17 грама хероин, 66,73 грама хашиш и 1,79 грама кокаин во различни пакувања, различни видови таблети како и неколку дигитални ваги со остатоци од различна наркотична дрога.Обвинетиот кај себе неовластено држел и огнено оружје – еден револвер марка Astra Cadix од шпанско производство, како и еден пиштол марка Ekol Special 99 со рамка кој бил пренаменет во огнено оружје. Кај него биле пронајдени и вкупно 199 куршуми од различен калибар и за различни огнени оружја, еден пар лисици, три фантомки и три панцири.Надлежниот јавен обвинител ценеше дека се и натаму се исполнети законските основи заради кои на обвинетиот првично му беше определена мерка притвор, па до Судот достави и Предлог за продолжување на притворот со цел обезбедување на присуство на обвинетиот и непречено водење на кривичната постапка

пред 7 години

7 год.
oliver-valandovo-1

(ВИДЕО) Министерот Спасовски во посета на ПС Валандово и локалната самоуправа

„Безбедносната состојба во Валандово е стабилна и поволна, како впрочем и на целата територија на државата. Имаме подобрување на безбедноста, а тоа го кажуваат и граѓаните. На последната анкета на ОБСЕ, 75 отсто од граѓаните се изјаснија дека се чувствуваат безбедни“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната посета на полициската станица Валандово и локалната самоуправа.На средбата во полициската станица Валандово со раководството, но и вработените во оваа полициска станица, се разговараше за прашања што ја тангираат работата и делокругот на задачи на оваа полициска станица, а тема на разговор беа и условите за работа на полициските службеници.„Во изминативе година и половина, јас и актуелното раководство на министерството презедовме низа конкретни активности за подобрување на статусот, на материјално-техничките и инфраструктурни услови за работа на полициските службеници. Подобрувањето на статусот и условите на работа, сфатени и како загарантирани права на полициските службеници се наш заеднички интерес, оти логиката е едноставна - само задоволен полициски службеник е ефикасен и професионален полициски службеник. Оттаму, реализираните активности за набавка на униформи за полициските службеници, проектот за санација и реконструкција на објектите во кои што тие работат и ги извршуваат своите работни задачи, кој што, патем речено, продолжува и оваа година, зголемувањето на платите на униформираните полициски службници, се само дел од базичните предуслови кои што треба да не донесат до посакуваната цел - професионална, функционална и ефикасна полиција како сервис на граѓаните“, рече Спасовски.За 2019 година предвидени се нови 70 милиони денари за реновирање на полициските станици, а меѓу предвидените објекти за реконструкција е и полициската станица во Валандово. За набавка на нови униформи предвидени се нови околу 200 милиони денари. Предвидено е и зголемување на платите за пет проценти.На средбата со градоначалникот на Валандово Перо Костадинов беше констатирано дека соработката меѓу полицијата и локалната самоуправа во Валандово е одлична, но се разговараше и за сегменти каде таа може да биде уште подобра, се во интерес на граѓаните.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zemjoters-ohrid

Скандал - Лице вработено во општина Охрид доставилo сомнителни записници за штетите од земјотресот

Седумчлена општинска комисија која изминатиов преиод ја чешлаше документацијата за злоупотреба на средствата за обештетување од земјотресите, утврди дека едно лице вработено во Општина Охрид ја злоупотребил својата положба. Имено, административниот службеник  Р.В вработен во Секторот за туризам и локален економски развој во одделот за Развој на земјоделството несовесно ја извршувал функцијата и доставил сомнителни записници од проценката на штета врз основа на кои било исоплатено обештетување на блиски членови од неговото семејство кои не биле баратели на штета.Комисијата за водење на дисциплинска постапка што ја формира Општина Охрид, го потврди скандалот со злоупотреба на средства наменети за надомест на штета од земјотресите што го зафатија Охрид летото 2017 година.На оваа тема во 14:00 часот пресс ќе одржи в.д градоначалникот на Охрид Константин Георѓиевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gradinka-2

Министерството за труд и социјала им ги одзеде надлежностите за градинките на Куманово и Струга

Една година локалните власти во Струга и Куманово нема да имаат никакви надлежности врз работата на детските градинки. Министерството за труд и социјална политика им ги одзеде ингеренциите затоа што општините не почитувале неколку законски одредби. Меѓу нив се Законот за заштита на децата, како и процесот за именување и разрешување директори.„Одлуката за одземање на надлежностите е донесена откако при вршење на надзор на работата и кај двете општини беа утврдени недостатоци во именувањето, односно спроведувањето на постапката за распишување на оглас за директор на детски градинки. И покрај даденото укажување со утврден рок за отстранување на неправилностите градоначалници не постапија според нивните овластувaња, по што министерството постапи по членот 201 од Законот за заштита на децата и им ја одзеде надлежноста на период од 1 година. Во следниот период во овие две општини надлежностите утврдени со Законот за детска заштота ќе ги спроведува МТСП, – велат од МТСП.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ОБНОВЕНО)Дисциплинска мерка - парична казна за административниот службеник кој доставил сомнителни записници за штетите од земјотресот

Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески, денес, на прес конференција ги информираше граѓаните за постапката која што ја покрена за утврдување на одговорност кај државниот службеник задолжен за утврдување и исплата на штетите од земјотресот.Дисциплинската комисија која што ја формирав на четврти јануари, а поврзана со утврдувањето и исплаќањето на штетите од елементарната непогода поврзана со земјотресот, во предвидениот законски рок од 20 (дваесет) дена изготви извештај во кој ме информираа дека кај административниот службеник постои одговорност за сторен дисциплински престап, истакна в.д. градоначалникот Георгиески.Надлежната комисија, со тајно гласање утврдила одговорност за сторен дисциплински престап и предвидела изрекување на дисциплинска мерка, парична казна.Комисијата ценејќи ги сите отежнителни и олеснителни околности, со тајно гласање утврдила сторен дисциплински престап и утврдила изрекување на дисциплинска мерка во висина од 30% од висината на едномесечниот износ на нето платата исплатена во последниот месец пред извршување на дисциплинскиот прекршок, во траење од 6 (шест) месеци, кажа Георгиески, и додаде дека секретарот на општина Охрид веќе донесе решение за изрекување на предложената дисциплинска мерка.Поради постоењето на основни сомненија за неправилности, в.д. градоначалникот, денес, достави Барање за постапување до Министерството за внатрешни работи, во чиј прилог е и писмото до Јавното обвинителство, што по претходно задолжение го испрати претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска. Со ова, општина Охрид ги искористи сите пропишани правила за постапување во вакви случаеви.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ubistvo-madzari

(ФОТО) Престрелка во Маџари

Претпладнево во скопската населба Маџари се случила сообраќајна несреќа и  престрелка, објави Курир.мк.  Според неофицијални информации до кои дојде КУРИР, убиството се случило поради сообраќајна несреќа.Според очевидци, две лица се здобиле со прострелни рани во воружената пресметка која се случила во близина на пругата пред кванташки пазар. Велат дека едно од лицата било починато.Текстот во целост на курир.мк

Скопје | пред 7 години

7 год.
ubistvo-madzari

МВР : Едно лице повредено во престрелката во Маџари, приведени двајца

Едно лице е повредено во престрелката која претпладнево се случила во скопско Маџари, а две лица се приведени, информираат од Министерството за внатрешни работи за КУРИР.-Пријавено е пукање околу 11 часот на улица „Благој Стефковски“. До сега имаме пријавено едно повредено лице, а имаме и двајца приведени. Наши екипи се на терен и го расчистуваме случајот, велат од МВР за КУРИР.Инаку, според неофицијални информации, во инцидентот учествувале две семејства кои од порано имале нерасчистени сметки, а престрелката продолжила и по околните улици па неколку од куршумите завршиле и во возила на случајни минувачи.

Скопје | пред 7 години

7 год.
zivotni-1

(Вознемирувачко ФОТО и ВИДЕО) Австралија гори, шокантни фотографии од изумрени животни

Температурите уриваат стогодишни рекорди во Австралија. Жешкиот бран според метеоролозите ќе трае пет дена. Метеорологот Роб Шарп најавува исклучително високи температури , според него петок е денот најопасен за пожари. Во моментов низ Австралија горат повеќе од 200 пожари.Екстремните температури и сушите доведоа до масовно умирање на животните. Прво се појавија информации дека на бреговите на реките се појавиле милиони мртви риби, а потоа медиумите објавија дека жештината за само два дена убила дури третина од лилјаците во Нов Јужен Велс.Австралија не памти вакви жештини и суши, а доказ за тоа е и фактот дека тие во изминатите денови предизвикале масовно изумирање на дивите коњи. Ренџерите пронашле повеќе од 90 дехидрирани диви коњи. Уште 200 биле најдени во исклучително тешка ситуација и биле еутаназирани.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Вонредни инспекциски надзори на Државниот Инспекторат за Животна Средина еве кои правни субјекти се на удар?

Согласно Извадокот од Нацрт-Записникот од Четириесеттата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 28.11.2017 година, Точка 39: Информација за квалитет на воздухот во Република Македонија за октомври 2017 година, со Извештај за работата на Интерсекторската работна група (ИРГ) и предлог-мерки, Заклучок 7 со кој се задолжува Државниот Инспекторат за животна средина при надминување на прагот на алармирање, веднаш да започне со вршење зачестена контрола на инсталациите кои што поседуваат А-ИСКЗ дозвола информираме дека од страна на Инспекторатот се извршени вонредни инспекциски надзори од страна на Државни Инспектори за животна средина од Скопје, Струмица, Битола, Гостивар и Тетово во следните правни субјекти:Град Скопје:На територијата на Град Скопје извршени се инспекциски надзори кај инсталации со влијание врз квалитетот на амбиентниот воздух.1. Цементарница Усје А.Д-СкопјеПоради годишни ремонтни активности двете печки во цементарницата сеуште се во ремонт и не работат. Ротирна печка бр.3 е изгасната од 04.01.2019 година, а ротирна печка 4 е изгасната уште на 27.12.2018 година. Месечни и неделни извештаи се достапни за јавноста на интернте страната на цементарницата www.usje.com.mk, односно http://usje.com.mk/upload/pdf/MONTHLY_REPORT_2018_DECEMBER.pdfПоследните мерења на емисии од континуираниот мониторинг на параметрите прашина, сулфурен диоксид и азотни оксиди на двете печки покажуваат дека нема надминување на граничните вредности.2. Балкан Енерџи ДООЕЛ-СкопјеПоседува А-Дозвола за усогласување со оперативен план бр.11-1390/2 од 31.01.2014 (за топлана Исток) и А-дозвола за усогласување со оперативен план бр.11-920/1 од 28.01.2015 (за Tоплана Запад). Како енергенс се користи природен гас. Од презентирани лабoраториски извештаи од извршен мониторинг концентрациите на СО, NОх, SО2 и прашина се во рамките на гранични вредности.Истовремено со ставање во производна функција на правниот субјект ТЕ-ТО-Скопје, Топлана Исток работи со помал производен капацитет во текот на грејната сезона поради преземање на топлинска енергија од истиот, со што значително се намалуваат емисиите во воздухот. Исто така намалување на емисии во воздухот има и во Топлана Запад бидејќи голем дел од преземената енергија се пренесува и кон мрежата на Топлана Запад.3. Макстил, А.Д-Скопје (комплекс Железара)Правниот субјект Макстил АД Скопје, работи од 16.01.2019 година за што известен е ДИЖС. Еднодневен прекин направен е на 21.01.2019 година. Согласно А дозволата за усогласување со оперативен план врши мониторинг на емисии со акредитирани лаборатории а резултатите се во ГВЕ. Извештаите со резултатите се доставуваат до ДИЖС и до МЖСПП.4. Арцелор Митал, А.Д-Скопје (комплекс Железара)Правниот субјект Арцелор Митал АД Скопје, моментално работат погоните пластификација и жарни печки. А погоните поцинкална, тандем и лужилница не работаат. Согласно А дозволата за усогласување со оперативен план врши мониторинг на емисии со акредитирани лаборатории а резултатите се во ГВЕ. Извештаите со резултатите се доставуваат до ДИЖС и до МЖСПП.5. ЈП Улици и Патишта, Асфалтна База-Скопје (комплекс Железара)Асфалтната база 01.01.2019 година не работи поради редовни ремонтни активности. За отпочнувањето со работа ќе биде известен ДИЖС.6. ТЕ-ТО, СкопјеЕлектраната користи како енергенс исклучиво природен гас, поради што емисии на ПМ не се мониторираат затоа што не се ни очекуваат. Од приложениот листинг на емисии од системот за континуиран мониторинг за деновите 18, 19 и 20.01.2019 година за параметрите азотни оксиди и јаглероден моноксид нема надминување на граничните вредности, евидентно е дека ТЕ-ТО работел во континуиран режим до саботата 19.01 кога вечерта околу 22 часот е прекината со работење. Повторен старт е забележан во недела 20.01 во утринските часови, а истата вечер повторно е запрено работењето. Утрината 21.01 електраната е повторно во погон по принципот старт-стоп.7. ЕЛЕМ, Енергетика (комплекс Железара)Топлинска енергија комплекс Железара е во работен режим, како енергенс користи природен гас.8. ЏОНСОН МЕТИ, населба Илинден ТИРЗ БунарџикПриложени се мерења од акредитирана лабораторија за животна средина од 13 мерни места од фабриката. Мерењата и анализите не покажуваат надминување на граничните вредности.9. АЛКАЛОИДПоседува А-Дозволи за усогласување со оперативен план бр.11-3013/3 од 11.03.2014 година за погонот во Ѓорче Петров за ПЦ Хемија, Козметика, Билка; бр.11-3074/3 од 11.03.2014 за погонот во Ѓорче Петров ПЦ Фармација и за локацијата во Автокоманда дозволата бр.11-3636/1 од 06.04.2012 година.Од извршен увид во лабораториските извештаи од извршен мониторинг во горе наведените погони и врз основа на податоците добиени од извршените мерења и анализи на емисијата на загадувачки супстанции во воздухот може да се констатира дека нема надминување на граничните вредности.10. ПИВАРАПоседува А-Интегрирана еколошка дозвола бр.11-7427/3 од 08.08.2012 година.Презентиран е лабораториски извештај, мерењата за емисии во воздухот се вршат на три мерни места. Врз основа на податоците добиени од анализите може да се констатира дека согласно со Правилникот за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори во воздухот (Сл.весник на РМ бр.141/10) нема надминување на гранични вредности на трите мерни места. Котларата како енергенс користи природен гас.11. Асфалтна База Бауер (комплекс Железара)Асфалтната база 01.01.2019 година не работи поради редовни ремонтни активности. За отпочнувањето со работа ќе биде известен ДИЖС. Моментално околу асфалтната база спроведуваат мерки за подобрување на животната средина со засадување на садници.12. ДППУ ХРОМОС ПЕСТИЦИДИ ДОО-СкопјеПоседува А-ИСКЗ Дозвола бр.11-1575/4 од 31.10.2018 година. Правниот субјект има извршено мониторинг на емисија на загадувачки супстанции во воздухот. Врз основа на податоците добиени од извршените мерења може да се констатира дека нема надминување на гранични вредности во воздухот. Целосно е запрен производниот процес од Октомври 2018 година.13.Асфалтна база ГД ГРАНИТ-Лепенец-СкопјеПоседува А-Дозвола за усогласување со оперативен план бр.11-958/1 од 28.01.2011 година.Презентиран е лабораториски извештај од извршени мерења и анализа на концентрација на штетни материи и вкупна прашина во излезни гасови од емитер (оџак), концентрација на РМ10 честички. Добиените резултати од оџакот на асфалтната база, потоа вкупната прашина и суспендираните РМ10 честички се во рамките на гранични вредности.Моментално, инсталацијата работи повремено, а почнувајќи од 21.01.2019 година ќе работи во зависност од временските прилики.14.ЈП МАКЕДОНИЈА ПАТ (асфалтна база Лепенец)-СкопјеПоседува А-Интегрирана еколошка дозвола бр.11-447/3 од 25.01.2017 година.Презентиран е лабораториски извештај од извршени мерења и анализа на концентрација на штетни материи и вкупна прашина во излезни гасови од емитер (оџак), концентрација на РМ10 честички. Добиените резултати од оџакот на асфалтната база, потоа вкупната прашина и суспендираните РМ10 честички се во рамките на ГВЕ.Во овој момент асфалтната база не работи. Повторно вклучување во производен режим се очекува во почетокот на Март -2019 година.15. ДПТУ РЕЦИКЛ-ЕКО СТАРТ ДОО-СкопјеПоседува А-Дозвола за усогласување со оперативен план бр.11-165/1 од 05.02.2015 година.Овој оператор моментално целосно го има сопрено производниот процес.16.АДИНГ АД-СкопјеПоседува А-Дозвола за усогласување со оперативен план бр.11-416/3 од 13.01.2014 година.Презентиран е лабораториски извештај од извршени мерења на емисии во воздух. Резултатите од извршените мерења на емисија на загадувачки супстанции во воздухот, не отстапуваат од граничните вредности согласно Правилникот за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори во воздухот (Сл.весник на РМ бр.141/10).Останати инсталации во Скопје не се во функција одамна (ОХИС, Рафинерија, Скопски Легури, МЗТ Леарница...)Општина Битола, Ресен:1.РЕК Битола, ЕЛЕМНаправен е редовен инспекциски надзор на 27.12.2018 година во врска со автоматските мерни станици за квалитет на амбиентниот воздух лоцирани на 3 локации во опкружување на РЕК Битола и тоа во : с.Дедебалци, с.Рибарци, с.Гнеотино.Од прикажаните резултати не се забележани надминување на МДК на параметрите (за имисија).2.Асфалтна База ГД Гранит, БитолаНе работи од 07.12.2018 година.3.Асфалтна База ЈП Македонија Пат, БитолаНе работи од декември 2018 година.4.Тулана Нова Слога 2007, РесенНа 21.01.2019 година, прекинува со производство. Печката ќе работи уште една седмица. При редовен инспекциски надзор во декември 2018 година и при увид во извршени мерења на емисија од испуст на печка и од сушара не се забележани надминувања на гранични вредности.Општина Тетово:1. ЗЗ ЕДИНСТВО с.ЧЕЛОПЕК-БРВЕНИЦА - Инсталација за одгледување на свињи;Задолжение во рок 3 (три) дена да се врши вонредни мерења на емисии.2. А.Д. ТЕАЛ ТетовоЕлектро-печка не работи веќе 8 (осум) дена истата е во ремонт и ќе почне со работа на 01.02.2019 год, последни мерења се извршени на 26.11.2018 год. и тоа:Над Топилница- NH4= 12,7 mg/m3, SO2= 0,0 mg/me, NO2= 0,95 mg/m3 и параметрите се во граница на дозволени гранични вредности.3. МИКЕЛИ ЕФРАИМ ДООЕЛ с.ПОРОЈ - ТетовоСо Известување до ДИЖС, МИКЕЛИ ЕФРАИМ ДООЕЛ не работи од 01.11.2018 год. до 01.03.2019 год.4. А.Д. МЛЕКАРА ТетовоЗадолжение во рок 3 (три) дена да се извршат вонредни мерења на емисии.5. Тетекс АД - Општина Тетово (Инсталација за производство на текстилни производи)Емисиите во воздух се испуштат од енерганата која е во рамките на инсталацијата. Моментално е вклучен само еден котел кој работи на мазут, со ангажирана вообичаена моќност од 50% (вкупниот користен капацитет на енерганата е 8%). Досега нема промени во однос на работењето на инсталацијата од извршениот последен надзор од 18.12.2018 година. Субјектот е задолжен да изврши мерења на емисиите во воздух во рок од 30 дена. Од крај на Декември 2018 до Февруари 2019 година инсталацијата е во прекин со работа. Согласно последните мерења на емисии во воздух резултатите на емисиите се во рамките на граничните вредности.6. Тетекс Јарн Гроуп - Општина ТетовоЕмисии во воздух се испуштат од работата на котел за затоплување на водата кој како енергенс користи мазут. Моменталниот капацитет на користење на котелот е околу 60% средна неделна вредност, а истиот се користи 12 часа дневно. Досега нема промени во однос на работењето на инсталацијата од извршениот последен надзор од 18.12.2018 година. Субјектот е задолжен да изврши мерења на емисиите во воздух во рок од 30 дена. Согласно последните мерења на емисии во воздух резултатите на емисиите се во рамките на граничните вредности.7. Блуе Енерџи - Општина ТетовоА-ИСКЗ инсталација работи со нормален режим на работа во една смена, Надзор во инсталацијата е направен на 15.01.2019 година. Правниот субјект е задолжен да направи мерења на емисиите (SO2, NO2, CO, прашина ) на излезни гасови на котелот за загревање во процесот на дестилација и на котелот на загревање на процесот, од отпадните води излез пречистителната станица со решение во инспекциска постапка од 17.01.2019 година.8. Њу Кантри (поранешна Супер Ег Пакинг) - Општина БрвеницаА-ИСКЗ инсталација, поранешната Супер Ег Пакинг сега Њу Кантри не работи и инсталацијата е вон функција од 30.10.2018 година.9. Југохром Алзар - Општина ЈегуновцеНе работи согласно забраната издадена од ДИЖС, констатирано со Записник ИП1 16-IX-143/9 од 25.10.2018 година година и Решение ИП1 16-IX-143/9 од 30.10.2018 година.10. Везе Шари - Општина ЖелиноПравниот субјект има обврска да изврши мерења на емисии во воздух два пати годишно согласно условите во А-Дозволата за Усогласување со Оперативен План-ДУОП, каде не се вклучени параметри за прашина (цврсти честички). Инсталацијата функционира во редовен режим на работа и редовно ги следи емисиите од истата. Согласно резултатите од последните мерења од 2018 година (Април и Ноември), емисиите се во рамките на граничните вредности.11. МОБАКС ДООЕЛ Тетово (Елаборат-производство мебел)Зап.ИП1.Бр.16-36 од 22.01.2019 год.Задолжение во рок од 3 (три) дена да извршат мерење на штетни гасови.12. ФУРНИТУРЕ НЕВ ДЕСИГН ДООЕЛ Тетово (Елаборат-производство на мебел)Зап.ИП1.Бр.16-37 од 22.01.2019 год.Задолжение во рок од 3 (три) дена да извршат мерење на штетни гасови13. МОЛИКА ВИЃИЛЕНТ ДОО Тетово (Елаборат-производство на мебел)Зап.ИП1.Бр.16-38 од 22.01.2019 год.Поседува мерење на ПМ10 мерени на Декември со Резултат Бр.14-101/2018 од 20.01.2019 година со Заклучок дека концентрацијата на прашината (суспендирани честички до 10 микрометри) PM10 во амбиентниот воздух е: 45,97 mg/m3 и е на дозволените гранични вредности (ГВ).14. А.Д. ИНДУСТРИСКИ ЛАДИЛНИК Тетово (Елаборат-зеленчук и овошје складирање во ладилник)Зап.ИП1.Бр.16-39 од 22.01.2019 год.Поседува мерење на ПМ10 мерени на Декември со Резултат Бр.14-101/2018 од 20.01.2019 година со Заклучок дека концентрацијата на прашината (суспендирани честички до 10 микрометри) PM10 во амбиентниот воздух е: 45,97 mg/m3 и е на дозволените гранични вредности (ГВ).Општина Струмица:1.АД за Неметали Огражден СтрумицаИзготвен е записник ИП1 19.1-3 од 21.01.2019 година во кој е констатирано дека нема загадување на животната средина, во Автоматски млин не се обавува технолошки процес.Доставено е на увид известување бр.03-33 од 18.01.2019 година од АД за Неметали Огражден Струмица до Министерство за животна средина и просторно планирање и Државен инспекторат за животна средина дека Автоматски млин на АД за Неметали Огражден Струмица заради намален обем на работа т.е заради намалена побарувачка на фелспад нема да работи од 18.01.2019 година до 22.01.2019 година.2.АД ИГМ ЕленицаДоставено Известување за престанок со работа на капацитетот АД ИГМ Еленица Струмица бр.03-26/1 од 10.01.2019 година до Државниот инспекторат за животна средина дека субјектот престанува со работа на 10.01.2019 година во 10 часот и дека за започнување со работа ќе достави дополнително писмено известување.Општина Гостивар:1.ВАРДАР ДОЛОМИТ - ГОСТИВАРСо записник број 19-1/XIV/17 на 21.01.2019 е констатирано: правниот субјект последните редовни мерења ги има извршено на 25.12.2018.Мерењата ги има извршено Еуромак Контрол, Скопје акредитирана лабораторија за животна средина и според извештајот на испитување со бр. 285/18 се извршени мерења и анализа на концентрација на загадувачки супстанции и вкупна прашина во отпадни гасови од шахтна и темпер печка, концентрација на вкупна прашина од старо млинско и ново млинско, концентрација на PM10 честички и анализа на отпадна вода.Според добиените резултати од извештајот на испитување со бр. 285/18 PM10 честички се со вредност од 12,93 μg/m3 со гранични вредности на емисии-ГВЕ 50 μg/m3.Концентрацијата на CO, SO2, и NOx (Јаглероден Моноксид, Сулфур Диоксид и Азотните Оксиди со единици mg/Nm3) во мерните места оџак на шахтна печка и темпер печка се под границите на ГВЕ.Цврстите честички односно вкупната прашина се измерени (mg/Nm3) од шахтна и темпер печка, старо и ново млинско со резултати од сите 4 мерни места под МДК.Вардар доломит идната недела има закажано редовни месечни мерења на шахтна печка и редовни квартални мерења во месец Март за кои ДИЖС прави редовни инспекциски увиди.Што се однесува на другите А-ИСКЗ-инсталации во Гостивар:Горни Полог има само емисии во вода.Тулана (нема добиено дозвола поради не исполнување на минималните технички услови) не работи од Ноември 2018 година поради сезонско работење. При поновно работење ќе добие забрана за работа од страна на ДИЖС.Асфалтна База Прогрес 98 не работи поради сезонско работење.Асфалтна База Пелагонија не работи поради сезонско работење.ПРГ ДООЕЛ (завршија со експерименталниот дел работат на студијата и А-ИСКЗ дозволата) не работат од Јуни 2018 поради немање на руда.Швис Метод - Чегране не работи поради сезонско работење.Инспекциски надзори продолжуваат да се одвиваат согласно Кварталните Планови за работа на секој Државен Инспектор за животна средина, а за истите јавноста периодично ќе биде известувана.

Македонија | пред 7 години

7 год.
carina-i-finansii

Се подобруваат услугите на УЈП и Царина за фирмите - се дигитализираат сите процеси

Навремен и неселективен поврат на ДДВ преку модул за автоматски поврат, електронско следење на плановите за јавните набавки, како и електронско обработување на царинските декларации и акцизните документи. Министерството за финансии заедно со УЈП и Царинската управа минатата година работеше на дигитализација на процесите сѐ со цел подобрување на услугите за граѓаните и фирмите.- Управата за јавни приходи направи Модул за автоматски поврат и пребивање даноци кон сите даночни обврзници. Главната цел е прецизно и навремено извршување на повратот и пребивањето даноци кон даночните обврзници, информира министерот за финансии, Драган Тевдовски.Модулот за автоматски поврат и пребивање ќе стартува во текот на оваа година.Паралелно, во насока на подобрување на услугите за фирмите, минатата година Министерството заедно со Царинската управа работеше и на Системот за управување со царински декларации.Системот за управување со царински декларации на почетокот на февруари ќе почне да се применува на 11 пилот-проект царински испостави, а веќе од средината на годината ќе почне да се применува во сите царински испостави во земјава.- На овој начин, за фирмите, значително се скратуваат трошоците и се намалува времето во подготовка и поднесување на документите. Сите документи ќе се поднесуваат електронски од која било точка во која било царинска испостава. Наша цел е да се автоматизираат процесите и со тоа да им се понудат подобри услуги и на граѓаните и на компаниите, вели Тевдовски.Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи ќе овозможи и размена на податоците со другите институции, како на пример, со Управата за јавни приходи при поднесување ДДВ пријави кон кои се поднесуваат царински декларации или со Заводот за статистика и Народна банка за податоци за увоз и извоз.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tetovo-1

Во Тетово презентирани досегашните резултати на проектите од 02 предизвикот

Во Технолошкиот парк во Тетово, денеска беа презентирани досегашните резултати од спроведувањето на проектите избрани во рамките на Јавниот повик за финансирање на проекти за намалување на загадувањето на воздухот во урбаните средини во Република Македонија „О2 предизвик“.Јавниот повик го спроведе Фонд за иновации и технолошки развој во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), О2 Коалиција, Град Скопје, Еко Свест чија цел беше иницирање иновативни идеи и акции кои ќе поттикнат решавање на проблемот со загадувањето.На настанот се обратија Јован Деспотовски, директорот на Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР), заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули и градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи.„Справувањето со овој проблем кој сите не засега, бара сеопфатна акција на институции, чинители и на поединци. Денес го презентираме придонесот кој го дава ФИТР кон решавање на проблемот со загадувањето на воздухот преку проекти кои нудат конкретни ефекти“, изјави Јован Деспотовски, директор на ФИТР. Тој нагласи дека покрај овој тематски повик, ФИТР и во рамките на другите инструменти поддржува уште десетина проекти кои се занимаваат со заштита на животната средина. “Се надевам дека со овие петнаесетина решенија ќе можеме да ги почувствуваме позитивните ефекти во скоро време.“Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули очекува проектите да најдат примена во секојдневието.“Денес видовме решенија кои може да се спојат со мерките предвидени во владината Програма за намалување на аерозагадувањето, која беше усвоена на вчерашната седница.“Тетово во последниве години активно работи на примена на мерки кои придонесоа кон тоа градот да не биде највисоко на листата на најзагадени места во земјава, нагласи Теута Арифи, градоначалник на Тетово.“Соработката и заедничкиот ангажман на сите релевантни фактори се повеќе од неопходни за да се промовира и заштити здравата животна средина и да се подобри квалитетот на воздухот. Поради тоа особено е важен придонесот на компаниите кои со своите креативни идеи и проекти, како овие, работат на изнаоѓање конкретни решенија.“Домаќинот, „Бизнис енд иновејшн центар“ од Тетово го презентираше софтверското решение и бизнис моделот за инвестиции за замена на стари грејни системи во домаќинствата со нови. Моделот треба да биде пилотиран во општина Тетово, а потоа да се применува и во други места. Целта е преку овој портал да се креираат индивидуални, енергетски и финансиски ефикасни решенија кои ќе придонесат кон намалување на загадувањето.Компанијата „Еко Солар“ од Штип го презентираше технолошкото решение за изработка на соларен воздушен колектор со ротирачки ќелии кој го загрева воздухот со помош на сончева енергија и помага за догревање на просториите. Колекторот треба да служи како дополнување на постоечкиот ситем за греење.Компанијата „Бизифај“ од Битола изработи течност од еколошки полимери која има способност да ги апсорбира штетните ПМ 2,5 и ПМ 10 честитчки и треба да се користи за прскање на градежни површини и патишта. Посебноста на овој процес е што на третираните површини може да расте вегетација, таа ја задржува влагата во почвата и спречува ерозија.„Технобен Нова“ од Прилеп претстави плочест топлиноразменувач со вграден Вентури апарат како интегрирана целина за прочистување на гасовите што се испуштаат од одредени индустриски објекти. Тој е веќе пилотиран и вграден во нова фабрика во Битола.Проектот на компанијата „Венито Комерц“ од Кавадарци е развивање на нов систем на градски превоз со електрични велосипеди кои имаат вградени филтри за прочистување на воздухот.Јавниот повик кој беше распишан на крајот на октомври 2017 година и траеше 25 дена, беше спроведен од страна на ФИТР, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, како и претставници на невладиниот сектор во областа и Град Скопје.

Македонија | пред 7 години

7 год.
hokej

Злато за македонските хокеари

Огромен успех на македонската хокеарска репрезентација. Во големото финале на „Девелопмент купот“, остварувајќи голем триумф над селекцијата на Португалија која едноставно се покажа како недораснат противник за нашата селекција.Нашата репрезентација стигна до биланс од пет победи на пет одиграни натпревари на турнирот кој се одржа во германскиот град Фусен, докажувајќи дека немаат достоен ривал во оваа конкуренција на репрезентации кои немаат изградено затворени хокеи арени.

Спорт | пред 7 години

7 год.
fetai

Закани за „Титанк 3“, Фетаи ги обелодени: „Ти си наша, може лесно да поминеш‘, ама на тој каурот ќе му ја расплачеме фамијата“

Во кривичниот суд во Скопје повторно се одложи рочиштето за предмертот на СЈО „Титанк 3“ во кој се обвинети Ејуп Алими и Исмет Гури. Пред да биде одложено денешното рочиште во предметот „Титаник 3“, за изборни нерегуларности во Чаир каде се обвинети дошло до препукување меѓу обвинителите на СЈО и одбраната на обвинетиот пратеник од ДУИ, Ејуп Алими. „Сакам да кажам“ пренесува дека Алими им се обратил на обвинителите од СЈО Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи во врска со еден од клучните сведоци на СЈО кој требаше да даде исказ на денешното рочиште.Алими им рекол на обвинителите дека одбраната е поревносна од нив и дека до судот доставила венчаница со адресата на сведокот, а дека СЈО ништо не прави во врска со тоа.Тогаш, Бубевски му рече: „Да, да, вие сте подобри од нас, секако“.Адвокатот Мефаил Арслани му одговори: „Да, подобри сме, секако“.Бубевски искоментира: „Да, добри сте и кога ми се заканувате.“„Кој ви се заканувал“, праша адвокатот.Фетаи возврати: „Па ти беше тој што ми ја пренесе заканата дека ’ти си наша, може лесно да поминеш‘, ама на тој каурот ќе му ја расплачеме фамијата“.Гури и Алими се обвинети дека ги преправале записниците од гласањето на локалните избори во Чаир во 2013 година. Судењето продолжува на 22 февруари, кога се очекува да биде обезбеден сведокот и со тоа судот јасно кажа дека изјавата на сведокот дадена во истрагата нема да се чита, туку ќе се оди на физичко обезбедување на клучниот сведок.

пред 7 години

7 год.
vezbaj

(ВИДЕО) Дедото кој порачуваше „Да Вежбате“, по потекло е од Македонија, ќе прифати ли да биде манекен?

82 годишниот дедо од Загреб кој ги нападна пензионерите и останатите кои се жалат за своето здравје и епидемија на грип, дека сето тоа им е од немање активност и не вежбање, по потекло е од Македонија. Тони, како се претстави при давањето изјава во центарот на Загреб е всушност Таљат Селмани, роден во гостиварски Вруток.Тој во Хрватска бил повеќе од 60 години, таму служел војска, се заљубил во некоја девојка и решил да остане во оваа земја. И покрај тоа што младата дама не останала негова животна сопатничка, тој останал во Загреб, каде ја сретнал Нада, неговата сопруга со која ден денес е во среќен брак, како што вели самиот.Се бавел со манекенество долги години, а изминатите дваесет е пензионер кој води активен живот и е здрав и витален.Имено, Тони во младоста работел како модел и соработувал Вартекс како бренд уште од времето на поранешна Југославија, но сега од оваа компанија му понудија повторно да ја рекламира нивната облека.Кога го контактирале Тони, тој бил воодушевен што повторно ќе има прилика да соработува со нив.„И порано работев за Вартекс, компанијата секогаш имаше репутација, не смее да пропадне и јас ќе им помогне колку што можам. Парите воопшто не ми се важни, сакам да им помогнам на Вартекс да им тргне работата, а јас ќе работам и дење и ноќе, ако тоа биде потребно. Тоа е квалитет од памтивек “, вели во еден здив овој симпатичен пензионер, а пренесе Индекс.Инаку, Тони се прослави во целиот регион откако даде изјава на новинарите од телевизијата Н1 кои случајно го сретнаа на улица додека се шеташе низ плоштадот низ Загреб и го прашаа што мисли за грипот.„Не постои грип, злато мое, 82 години, никогаш болен, никогаш кај доктор. Тоа запомнете го сите. Срамота, пензионерите ни го уништија здравството. Ме боли раката, ме болат нозете, сé ме боли… Па вежбај, пи*ка ти мајчина“, порача пред камерите овој 82 годишен старец.Во продолжение видеото кое го прослави Таљат Селмани:

Магазин | пред 7 години

7 год.
file2-1

Утре, одбележување на годишнина од раѓањето на Тоше Проески

Утре, 25.01.2019, со почеток во 11:30 часот ќе започне „Одбележувањето на годишнина од раѓањето на Тоше Проески“, со полагање на цвеќе на вечното почивалиште на Тоше и со прикладна програма во спомен куќата „Тодор Проески“.Специјален гостин на овој настан е познатата македонската пејачка и пријателка на Тоше Проески, Елена Ристеска, која ќе настапи со интерпретација на неколку песни од Тоше.Организатори на настанот се: Општина Крушево, Спомен куќа „Тодор Проески, Меѓународна фондација „Тоше Проески“, СОУ „Наум Наумовски Борче“ и ООУ „Никола Карев“.

Магазин | пред 7 години

7 год.
4-3

Манчевски ја доби наградата Eastern star на Trieste филмскиот фестивал во Италија

На јубилејниот 30. Mеѓународен филмски фестивал во Трст, Италија (18-25 јануари) на македонскиот филмски режисер Милчо Манчевски му беше доделена наградата Eastern star за достигнувања во областа на кинематографијата. Досегашни добитници на оваа награда се италијанската актерка Моника Белучи, француската актерка Ирен Жакоб и хрватскиот актер Раде Шербеџија.Во чест на заслужниот македонски уметник беше прикажан неговиот најнаградуван филм „Пред дождот“ кој го освои „Златниот лав“ на Филмскиот фестивал во Венеција, беше номиниран за Оскар и освои уште 30 меѓународни награди, а Њујорк тајмс го вброи во 1.000 најдобри филмови на сите времиња.Манчевски ја прифати поканата да земе учество како почесен гостин на филмскиот фестивал на кој му беше само најавено дека ќе биде прикажан „Пред дождот“ токму на јубилејното издание на фестивалот. Проекцијата на овој класик беше распродадена, а авторот поздравен со неколкуминутен аплауз.Раководството на фестивалот му подготви пријатно изненадување на Манчевски поканувајќи го на сцената за време на свеченото затворање на фестивалот за да му ја врачат наградата Eastern star без претходна најава. По тој повод режисерот изјави:“Ме поканија да го одбележиме нивниот 30-годишен јубилеј со „Пред дождот“. Мислев дека одам во Италија на разговор со публиката и на добра паста, ама организаторите ми спремиле изненадување со наградата.”

Магазин | пред 7 години

7 год.
holokaust-35wp6ih7sodi3juq0cpx4w

Изложба по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот во КИЦ

По повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, ќе се одржи изложба „Повеќе од должност“, на 25.01.2019 година, со почеток во 18 часот во Културно информативниот центар (КИЦ).„На отворањето ќе се обратат Н.Е. г. Дан Оријан, Амбасадор на Држава Израел, Н.Е. г. Томас Герберих, Амбасадор на Република Германија, Н.Е. г-ѓа Кеико Ханеда, Амбасадор на Јапонија, Н. Е. г. Емилио Лоренцо Сера, Амбасадор на Кралството Шпанија, Н.Е. г-ѓа Јин Лексиан, Амбасадор на Република Кина, г. Асаф Адеми, министер за култура, и г. Артан Груби, член на Комисија за надворешна политика при Собранието на Република Македонија.Изложбата „Повеќе од должност“ е посветена на Праведници меѓу народните - дипломати признати од Јад Вашем (Меморијаниот центар на холокаустот во Ерусалим). Праведници меѓу народите е израз кој се употребува од страна на Држава Израел со цел да се опишат не-Евреите кои го ризикувале својот живот за време на Втората светска војна, за да ги спасат Евреите од истребување од страна на нацистите.27 јануари, Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот е меѓународен ден во чест на трагедијата што се случи во текот на Втората светска војна. На овој ден се одбележува геноцидот што резултираше со смрт на околу 6 милиони Евреи, 5 милиони Словени, 3 милиони етнички Полјаци, 200.000 Роми, 250.000 ментални и физички пречки во развојот и 9.000 хомосексуалци од страна на нацистичкиот режим и неговите соработници.Овој ден беше назначен со резолуцијата 60/7 на Генералното собрание на Обединетите нации на 1 ноември 2005 година за време на 42-тата пленарна сесија. Резолуцијата дојде по одржувањето на специјална седница истата година на 24 јануари 2005 година, за време на која Генералното собрание на Обединетите нации ја одбележа 60-годишнината од ослободувањето на нацистичките концентрациони логори и крајот на Холокаустот.Со Резолуцијата 60/7 со која се воспоставува 27 јануари, како Меѓународен ден за сеќавање на холокаустот, ја повикува секоја земја-членка на Обединетите Нации, да го одбележи споменот за жртвите од холокаустот и да го поттикнува развојот на едукативни програми за историјата на холокаустот за да помогне во спречувањето на геноцид во иднина“ се вели во соопштението.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ наместо да реализира нови проекти, се фалат со проектите на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ и понатаму продолжува да ги лаже граѓаните. Веќе две години откако СДСМ ја има власта во свои раце, немаат реализирано ниту еден проект, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ наместо да промовира и реализира нови проекти, се фалат со проектите на ВМРО-ДПМНЕ.Имено СДСМ се фали дека наскоро ќе бидат пуштени во употреба автопатот Миладиновци – Штип и автопатот Кичево - Охрид, но тоа се проекти кој беа оставени во напредна фаза на реализација од владата на ВМРО-ДПМНЕ.Државата и граѓаните станаа жртви на неспособноста и незаинтересираноста на СДСM. Затоа многу скоро граѓаните ќе ги казнат СДСМ за сите црнила кои и ги нанесуваат на Македонија“, се вели во соопштението

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

При контрола пронајдено лице кое се барало поради обид за убиство

На 23.01.2019 година во 23.10 часот на Граничен премин „Јажинце“ било приведено лицето П.П.(33) од село Сараќино, тетовско, кој се барал со централен распис за сторено кривично дело „обид за убиство“. Против него има поднесено и кривична пријава затоа што на 16.10.2018 година во село Сараќино со пиштол пукал во 57-годишен жител на ова село.На граничниот премин тој се пријавил како А.Ш.(33) од село Сараќино, тетовско, но при контрола на полициски службеници бил откриен неговиот вистински идентитет. Подоцна, тој бил предаден на СВР Тетово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања