„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
maxresdefault

Багер удри 13-годишно момче

На 23.01.2019 година околу 14.40 часот кај место викано „Врапче“  во Скопје (стар пат за село Батинци), пријавено е дека 13-годишно момче од Скопје било повредено при удар од багер, управуван од Б.Ѓ.(64) од село Долно Лисиче, скопско, вработен во приватна фирма.По укажаната лекарска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, момчето е хоспитализирано вo комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
akropol-paroli

Комунистичката партија со огромни пароли на Акропол против Преспанскиот договор

Во очи на гласањето на поддршката за Преспанскиот договор, Грчкиот Акропол „закитен“ со огромни паноа против овој договор.„НЕ” за договорот на Ципрас- Заев, за плановите на САД-НАТО-ЕУ, за иредентизам и национализам. „ДА” за пријателство – солидарност и заедничка борба на народите”, пишува на паното што рано утринава осамна на Акропол, закачено од членови на Комунистичката партија и на подмладокот.Од комунистичката партија ги повикуваат граѓаните да учествуваат во анти-империјалистичките протести во Атина, Солун и Лариса, закажани за попладнево.Фотографиите ги објави информативниот портал „902″, што важи за гласник на партијата.

Свет | пред 7 години

7 год.
vakcini-novi

До утре ќе бидат уништени спорните вакцини

„Македонија лек“ до утре треба да ги уништи МРП вакцините кои имаат декларации со поминат рок. Агенцијата за лекови донела решение за уништување на повеќе 600 вакцини на кои беа залепени декларации со поминат рок, а наредбата веќе е доставена до добавувачот. Вакцините ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“.Од Министерството за здравство информираат дека директорите на здравствените домови во кои беа примени спорните вакцини ќе треба да поведат дисциплински постапки против одговорните лица.Вчера имаше уште четири нови случаи заразени со мали сипаници примени во Килиниката за инфективни болести.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Vrhoven-sud

Соопштение на Врховниот суд за одржување седница по повод иницијативите во врска со истрагите на СЈО

„Jа информираме јавноста дека согласно член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл. весник на РМ бр. 83/18), Врховниот суд на Република Македонија, меѓу другото, има обврска на општа седница да разгледува иницијативи и на адвокати за утврдување начелни ставови и начелни правни мислења.Врховниот суд на Република Македонија ќе одржи општа седница на 30.01.2019 година. Помеѓу другото, на дневниот ред ставена е точка за разгледување на иницијативи на адвокатите Боро Тасевски и Еленко Миланов за донесување на определено начелно правно мислење за правилна примена на закон.Во Врховниот суд на Република Македонија примени се и други иницијативи, кои дополнително ќе бидат разгледани на општата седница на Врховниот суд на Република Македонија“, се вели во соопштението на Врховниот суд.Според информациите, адвокатите поднеле иницијативи во врска со прашањето дали Специјалното јавно обвинителство може да отвора истраги и да поведува обвиненија со оглед на тоа што во членот 22 од Законот за СЈО е определено дека Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство, може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност.

пред 7 години

7 год.
policija-22

Сообраќајка во Скопје, пешак се здоби со тешки телесни повреди

На 23.01.2019 година околу во 08.10 часот на паркинг простор на ул.„Козјак“ во Скопје,  Т.Т.(28) од Скопје, управувајќи товарно возило „Фиат Фиорино“ со струмички регистарски ознаки, удрил во пешакот Д.И.(77) од Скопје.Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, по што бил задржан на лекување. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
parlament-grcija

Вечерва Грчките пратеници ќе се изјаснат за ратификација на Преспанскиот договор

Во 9.30 часот денеска продолжува расправата за ратификација на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент. Гласањето треба да биде вечерва во текот на ноќта.Првиот ден од пленарната седница во грчкиот Парламентот започна вчера, а од партиите Нова демократија, Демократска алијанса, Златна зора и Независни Грци излегоа со барања и обвинувања до грчката влада, а жестоката дискусија околу процедурални прашања, заврши со отфрлање на приговорите од Нова демократија, Златна зора и Независни Грци, по што започна суштинскиот дел од расправата за ратификација на Договорот од Преспа.На расправата за ратификација на Договорот од Преспа, пријавени за збор се 205 од 300 пратеници.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Осум сообраќајки во Скопје, едно лице потешко повредено

Едно лице е потешко, а десет се полесно повредени во осум сообраќајки што изминатото деноноќие се случиле во Скопје. Во истиот период се случиле уште две сообраќајки во кои е причинета само материјална штета.Санкционирани се 23 возачи за брзо возење, а исклучени од сообраќај се еден возач кој бил под дејство на алкохол, двајца пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило и еден возач почетник.Сообраќајната полиција издала 52 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 74 возила.На црвено светло поминале шест возачи, а четворица не поседувале зимска опрема во возилата.

Скопје | пред 7 години

7 год.
nova_vlada_g111

Платите растат само кај министрите, Шекеринска, Спасовски, Османи, Анѓушев и Лика со покачувања

Владата по секоја цена сака да им ги зголеми платите на сопствените вице премиери. И покрај жестоките критики од јавноста, во Собранието во понеделник се отвора расправа по Предлог-законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, со кој замениците на Заев ќе добијат зголемување на месечните приходи за околу осум илјади денари.Ова значи дека од парите на граѓаните ќе се издвојат повеќе од 480 илјади денари. Законот го потпишала Шекеринска, иако зголемување на платите ќе добијат  Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи, Кочо Анѓушев, Хазби Лика.Од партијата Левица која еднаш веќе го блокираше зголемувањето на платите во владата, недомана најавија дека и овој Закон ќе го анулираат со помош на Уставниот суд.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

НАТО ќе не „плесне“ по џебот, колку ќе потроши Македонија?

Настрана од прашањето околу името, зачленувањето во НАТО ќе има реперкусии по нашиот животен стандард, реперкусии кои не смееме да ги занемариме, реперкусии поради кои ниту под уставното име не треба да прифатиме зачленување во НАТО.180.000 евра потрошија за организирање прослави за (евентуалното) зачленување на Македонија кон НАТО. Многумина на ова ќе речат дека тоа не се многу пари – иако самите мака мачат да обезбедат пристоен живот за себе и за своите семејства. Принудени се да внимаваат како го трошат секој денар, а за илјадниците и милионите евра народни пари кои власта ги фрла во ветер, покажуваат зачудувачка ноншалантност. Без да сфаќаат дека токму затоа што Македонија е сиромашна земја треба посебно внимание да се посвети на тоа како власта ги троши народните пари, без да сфаќаат дека тие пари можат да ја ублажат сиромаштијата, ако се правилно искористени, или да нè втурнат во дополнително осиромашување, ако се фрлаат во бунар или завршуваат во приватни џебови.Да зборуваме за паритеАмериканскиот претседател Трамп со нетипична отвореност кажува колку парите се важни кога се зборува за НАТО. Она за што многумина избегнуваат јавно да зборуваат, за да не пресмета јавноста колку се два и два, тој отворено го кажува. Да, НАТО е и воен и политички сојуз, но НАТО е и економски механизам, кој функционира во корист на воената индустрија, чие лоби го застапува Трамп. Со недипломатска упорност тој постојано го врти разговорот на зголемувањето на воените расходи на земјите-членки на НАТО, предизвикувајќи видлива нелагодност кај сојузниците. Се нижат коментари дека НАТО не е приватна компанија за обезбедување, дека Трамп кон останатите членки на НАТО се однесува не како кон сојузници, туку како кон бизнис партнери кои се должни да го испорачаат својот дел од зделката. Постојат и обиди да се релативизира неговата изјава дека е потребно да се одвојуваат не 2 отсто од БДП за „одбрана“, туку двојно повеќе, пишува МКД.мкСегашната влада на СДСМ-ДУИ, подготвена по секоја цена да ја зачлени Македонија во НАТО, веќе ја покажа својата намера да троши повеќе пари за одбрана. Буџетските расходи за одбрана за 2018 година пораснаа за 163 милиони денари во однос на 2017 година, а министерката Шекеринска најави дека со амбициозно темпо планирале да го достигнат нивото од 2 отсто од БДП за одбрана.Директните трошоци за членување на Македонија во НАТО, согласно нивната формула за поделба на трошоците, се „мали“. Тие се утврдуваат според БДП на земјите членки, па со оглед на тоа што Македонија има нешто помал БДП од Албанија, Македонија како членка на НАТО би плаќала приближно ист износ како неа, односно околу 1,2 милион евра годишно. Со оглед на тоа што за интеграција во НАТО во буџетот за 2018 година се предвидени 15,2 милиони евра, директните годишни трошоци за членување во НАТО може да се чинат ниски. Иако со тие 1,2 милиони евра можат да се покријат годишните трошоци за социјална парична помош на дополнителни 1.000 четиричлени семејства, а со тие 15,2 милиони евра – на дополнителни 12.800 четиричлени семејства кои се мачат со сиромаштијата, барем малку ќе им се олеснеше животот.Далеку поопасни се индиректните трошоци кои ги предизвикува членувањето во НАТО, тие фамозни 2 отсто од БДП. Не треба да заведува овој наизглед низок процент! За Македонија во 2017 година да го достигнеше таргетот на НАТО и наместо 0,98 отсто да имаше воени трошоци од 2 проценти од БДП, ќе требаше да одвои дополнителни 104 милиони евра во буџетот за одбрана! Тука не станува збор за 104 денари, туку за 104 милиони евра! Парите не растат на дрво. Тие пари ќе мора да се извлечат на штета на другите буџетски ставки! Кои ќе бидат тие буџетски ставки на кои ќе се „штеди“?Пензискиот систем мора да се одржува преку голем трансфер од централниот буџет. Во 2017 година од Буџетот на РМ до ПИОМ беа префрлени дури 28,5 милијарди денари (463 милиони евра). Како зголемувањето на буџетот за одбрана за повеќе десетици милиони евра секоја година ќе се одрази врз капацитетот на државата да врши трансфер на буџетски средства до ПИОМ? Или, владата планира „елегантно“ да го реши тој проблем, зголемувајќи ја старосната граница за пензионирање?Здравството ни е во катастрофална состојба. Нужно се потребни значителни вложувања за санирање на состојбите. Од каде ќе се обезбедат тие пари ако буџетот биде дополнително оптоварен во значителна мера поради новите крупни издатоци предизвикани од зачленувањето во НАТО? Или, можеби најсоодветно ќе биде власта новите тенкови што сигурно ќе ги купи поради модернизација на вооружувањето согласно НАТО стандардите – да ги паркира пред болниците. За граѓаните, кога ќе добијат лоша здравствена услуга да можат да се тешат: „можеби немаме соодветни апарати по болниците, можеби болниците ни се руинирани, а лекарите бегаат, но затоа може да се гордееме што сме членка на НАТО!“Приврзаниците на НАТО се доста гласни во паушалните тврдења дека зачленувањето во НАТО ќе донесе нови инвестиции. Еве што кажуваат бројките. Во 2017 година вкупниот износ на директните инвестиции изнесуваше 229,1 милиони евра. Просекот на директните инвестиции во последните пет години (2013-2017) е за нијанса повисок – 235,1 милиони евра годишно. Ако главниот адут за зачленувањето во НАТО е зголемувањето на директните инвестиции, тогаш тие преку 100 милиони евра годишно што се подготвени да ги фрлаат на исполнувањето на НАТО стандардите, ако мислат дека тие пари можат да ги најдат во буџетот – нека ги инвестираат. На ниво на директни инвестиции од 235 милиони евра, инвестирањето на дополнителни 104 милиони евра секоја година не може да не се одрази позитивно на намалување на невработеноста и сиромаштијата и подигнување на животниот стандард на народот. Далеку повеќе отколку фрлањето на тие пари за исполнување на НАТО стандардите!Ова го кажуваат бројките и здравиот разум. Настрана од прашањето околу името, зачленувањето во НАТО ќе има реперкусии по нашиот животен стандард, реперкусии кои не смееме да ги занемариме, реперкусии поради кои ниту под уставното име не треба да прифатиме зачленување во НАТО. Пропагандата на властодршците е сеприсутна. Шират ирационални стравови, го лажат народот со празни ветувања и кули во облаци. Но, не смееме да го изгубиме здравиот разум. А ако го изгубиме, тогаш си заслужуваме, нека паркираат по еден тенк пред секоја болница и... да им се восхитуваме.

Македонија | пред 7 години

7 год.
penzioneri

Пензионерите лути на Владата

На Владата ѝ претстои соочување со револтот на пензионерите. Новото решение за усогласување на пензиите е смислено за да ја намали дупката во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и затоа нема да им испорача на пензионерите раст на пензиите на кој се надеваа. Здружението на пензионери се огласи со став дека, со новиот начин на пресметка, растот на пензиите нема ниту да се почувствува. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, бранејќи ја оваа точка од пензиската реформа, вели дека најважно е што пензиите се исплатуваат редовно и се стабилни. Но тоа не им влегува в уво на пензионерите, кои од претходно веруваат дека секогаш кога СДСМ доаѓа на власт им се кратат пензиите.Македонија долги години има начин на усогласување на пензиите двапати годишно, според растот на платите и на трошоците на живот (инфлацијата). Со новото решение, пензиите ќе растат двапати годишно, но само според процентот на раст на инфлацијата.Треба да ги погледнеме статистиките за раст на пензиите, рече министерката Царовска и објасни дека во 2016 година просечната пензија изнесувала 13.754 а во 2018 - 14.421 денар, што покажува дека пензиите растат.„Оваа влада кажа дека двапати годишно ќе ги усогласува пензиите. Оние што денеска критикуваат дозволија да го забранат усогласувањето како што беше уредено со закон. Секоја година носеа закон според кој усогласување нема, туку има паушално зголемување еднаш годишно, или пред избори, кога им беше потребно. За да биде праведен пензискиот систем, зашто тој е солидарен, треба да се усогласува согласно законското решение“, изјави министерката додавајќи дека ако порано се усогласуваше со 50 проценти од трошоците за живот сега се усогласува два пати годишно со 100 проценти од трошоците за живот.Министерката појасни и дека доколку економијата расте, и ако растот на БДП биде над 4 проценти, како што е очекувано, ќе има дополнително усогласување во април наредната година. Владата била принудена да направи пензиска реформа поради катастрофалната состојба во која го затекнала Фондот за пензиско осигурување.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
tinejdzer

Тинејџер ги суди таткото и мајката поради неговото име и бара енормна оштета

Седумнаесетгодишно момче од Мисури подигна обвинение против родителите бидејќи го крстиле Гејлорд. Тинејџерот страдал многу за време на детството бидејќи се подбивале со него заради името.Гејлорд Вилијамс е од мал град во државата Мисури. Ги суди Дејв и Керол Вилијамс за тоа дека намерно му го направиле животот неподнослив откако го крстиле со „застарено и штетно име“.Гејлорд пред судот рекол дека смета оти е непосакувано дете и родителите го крстиле намерно така за да биде „жртвено јагне“.– Неколку пати ми кажаа дека сум непосакувано дете и сум им го упропастил животот. Кога татко ми е пијан дури си признава дека ме крстил така за да ми го упропасти животот како што јас сум го упропастил неговиот, вели Гејлорд.Поради трауми досега бил двапати во болница. Гејлорд се обидувал дватати да си го смени името досега, но не добил полномошно од родителите.Мајка му и татко му негираат обвинувања и велат дега многу го посакувале тоа име. Тоа е прв таков судски случај во САД.

Магазин | пред 7 години

7 год.
18981002025bd42ca586555158444849_v4_big

Закон за јазици: Двојазични униформи на полицијата, војниците, албански симболи на банкнотите

Со излегувањето на законот за употреба на јазиците во Службен весник доаѓаат низа промени во однос на употребата на албанскиот јазик во Македонија односно тој станува втор службен јазик во земјава.Неизбежен заклучок е дека најголема корист од овој закон ќе имаат преведувачите, бидејќи албанскиот јазик ќе се користи на седници на Влада, во Собранието и другите државни институции, кај нотарите и извршителите и каде уште не.Имено, со член 1 од законот е пропишано дека „на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Исто така, друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните е службен јазик и неговото писмо (албански), согласно овој закон“.Исто така, во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо е и јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, на начин определен со овој закон.Исто така, и во единиците на локалната самоуправа јазикот и писмото што го користат најмалку 20% од граѓаните е службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.Во член 2 од законот е уредено дека граѓаните имаат право да употребуваат било кој од наведените службени јазици и нивните писма, а институциите од овој закон, како и другите институции имаат обврска да им овозможат на граѓаните користење, употреба и примена на тие службени јазици и нивните писма во било која постапка, како и спроведување на тие постапки на тој службен јазик и писмо.Во согласност со правото на граѓаните да употребуваат било кој од наведените службени јазици во судските, управните, извршните постапки, предистражните и истражните постапки, кривични и прекршочни постапки, парнични и вонпарнични постапки, постапка за извршување на санкции како и другите постапки предвидени со други закони, судовите, јавните обвинителства, како и сите други органи, тела и други институции се обврзани да овозможат користење, употреба и примена на било кој од службените јазици во тие и други постапки.Во институциите на државната власт во Република Македонија службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо е и јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо во: комуникацијата, употребата и примената во сите постапки на граѓаните пред сите органи кои што ја сочинуваат државната власт (Собрание на Република Македонија, Претседател на Република Македонија, Влада на Република Македонија, судство, јавно обвинителство), Уставен суд на Република Македонија, Народен правобранител на Република Македонија, во изборниот процес, образованието, науката, здравството, културата, при примената на полициските овластувања, во радиодифузната дејност, нотаријатот, извршувањето, инфраструктурните објекти, матичната евиденција, личните документи, финансиите, економијата, како и во други области.Член 3 се однесува на употребата на јазикот од страна на избраните или именуваните функционери во институциите.Имено, со овој член е пропишано дека избрани или именувани функционери како и други институции чие седиште е во Скопје или општини во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат јазик различен од македонскиот јазик, во нивната службена комуникација го употребуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо, доколку најмалку еден од избраните или именуваните функционери збори службен јазик различен од македонскиот јазик.Со член 4 се уредува материјата за употреба на јазиците во Собранието на Република Македонија. Имено, согласно овој член, во работата на Собранието на Република Македонија службен јазик е македонскиот и неговото кирилско писмо, како и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо.Во став (2) е предвидено дека пратеник, избран или именуван функционер кој зборува јазик различен од македонскиот јазик, а кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија.Согласно став (6) стенограмите од седница на Владата, од седница на комисии и генерални колегиуми како и другите материјали и документи се издаваат и се чуваат на македонски јазик и неговото писмо и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.Став (7) од овој член регулира дека сите акти донесени од страна на Владата се издаваат и објавуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.Во член 6 е уредена материјата за употреба на јазиците во институциите. Имено институциите се обврзани по службена должност да обезбедат употребата, комуникацијата и постапките да се одвиваат на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо доколку лицето, односно учесникот зборува јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија.Во став (3) е пропишано дека избрано или именувано лице кое зборува јазик различен од македонскиот јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија, личното име во одлуките и другите акти во рамките на надлежностите на институциите од член 1 став (3) и член 2 став (3) од овој закон, како и сите други институции, го пишува на својот јазик и писмо.Исто така, со овој член е пропишано и дека веб страниците на институциите од член 1 на овој закон и содржината на веб страниците покрај на македонскиот јазик и неговото писмо, задолжително се објавуваат и на јазикот различен од македонскиот јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.Во член 7 од Предлогот е уредена материјата за јазикот на пишување на називите на институциите. Имено, согласно овој член, називите на институциите ќе се напишат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо, како и на англиски јазик.Во член 8 е уредена материјата за јазикот на поштенските марки, уплатниците, фискалните извештаи издадени од институциите, фактурите од институциите и бандеролите.Имено, согласно овој член тие се пишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо. Поштенските марки, уплатниците, фискалните извештаи издадени од институциите, фактурите од институциите, бандеролите, се пишуваат на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.Исто така, книжните и кованите пари, како и поштенските марки ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.Во став (3) е пропишано дека униформите на полицијата; пожарникарството; здравството; во Скопје и во единиците на локалната самоуправа во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се напишани на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.Во член 9 е уредено користењето на јазиците во судските, управните, извршните постапки, постапката за извршување санкции, предистражни и истражни постапки, кривични и прекршочни постапки, парнични и вонпарничи постапки, како и другите постапки пред судовите, јавните обвинителства, како и сите други органи, тела и институции.Во наведените постапки, се применува македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.Сите постапки од став (1) на овој член се водaт на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо доколку судија, јавен обвинител, странка или друг учесник во постапката е лице кое зборува јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија.Исто така, сите одлуки, писмена и други акти кои произлегуваат од постапките од став (1) на овој член се донесуваат и издаваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо доколку судија, јавен обвинител, странка или друг учесник во постапката е лице кое зборува јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија.Во став (4) од овој член е пропишано и дека институциите наведени во став (1) на овој член се обврзани да овозможат превод на сите потребни документи и материјали, како и симултан превод на излагања, изјави и рочишта во работата или постапките што се водат.Необезбедувањето на превод на сите потребни документи и материјали, односно необезбедувањето на симултан превод за време на целиот тек на постапката преставува суштинска повреда на постапката.Во членот 10 е уредена употребата на јазиците во постапките пред нотарите и пред извршителите. Согласно овој член, во постапките пред нотар, нотарските исправи и заверки може да се издаваат на македонски јазик и неговото писмо и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо.Во постапките пред извршител доколку учесник е лице кое го зборува јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија, налозите, заклучоците, записниците, службените белешки и другите акти на извршителите се издаваат на македонски јазик и неговото писмо и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо.Во член 11 е регулирана материјата за употреба на јазиците во сферата на извршувањето на санкциите.Имено, институциите надлежни за управување со институциите за извршување на санкции, како и самите институции надлежни за извршување на санкции се обврзани во комуникацијата и постапките да го применуваат македонскиот јазик и неговото писмо, како и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо доколку лицето за кое станува збор зборува јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија.Во член 12 е пропишано дека матичните евиденции во Скопје и единиците на локалната самоуправа во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот се водат и на службениот јазик кој го збори граѓанинот. Решенијата, изводите, потврдите како и другите акти се издаваат и на службениот јазик кој го збори граѓанинот.Личните документи и патните исправи на граѓаните кои зборуваат на јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо, по службена должност се издаваат на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.Во член 13 е уредена материјата за јазикот и писмото на печатење на образецот на личната карта.Имено, на граѓаните кои зборуваат јазик различен од македонскиот јазик што го зборуваат помалку од 20% од граѓаните на Република Македонија, образецот на личната карта се печати и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот.На граѓаните кои зборуваат јазик различен од македонскиот јазик што го зборуваат помалку од 20% од граѓаните на Република Македонија, на нивно лично барање, податоците за личното име што се внесуваат на личната карта се запишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот.Во член 14 е уредена материјата за јазикот и писмото на печатење на образецот на пасошот и патниот лист. Имено, на граѓаните кои зборуваат јазик различен од македонскиот што го зборуваат помалку од 20% од граѓаните на Република Македонија, на нивно барање, образецот на патната исправа и патниот лист се печати и на јазикот и 20 писмото што го употребува граѓанинот.Во член 15 е пропишано дека на седниците на Државната изборна комисија и општинските изборни комисии во Скопје и единиците на локална самоуправа во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, при спроведување на изборите во работата и постапките на сите комисии и други тела и институции подеднакво се користат, употребуваат и применуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.Во член 16 е уредено дека име на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект во сите единици на локалната самоуправа каде што најмалку 20% од граѓаните зборуваат јазик различен од македонскиот јазик, како и во Скопје се пишува на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо како и на јазиците што се општо прифатени од меѓународната заедница.На граничните премини на Република Македонија и аеродромите кои се наоѓаат на подрачјата каде најмалку 20% од граѓаните зборуваат јазик различен од македонскиот јазик називите на институциите, другите натписи и патокази се пишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.Во член 17 се предвидува дека сите закони, подзаконски акти, одлуки и огласи од институциите од член 1 став (3) и член 2 став (3) од овој закон кои што се објавуваат во Службен весник на Република Македонија се објавуваат на македонскиот јазик и неговото писмо и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.Во член 18 е пропишано дека заради остварување на целите на овој закон, промовирање, заштита и воедначена примена на службениот јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо се основа Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија со својство на правно лице, надлежен за стандардизирање и воедначена употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо со помошни тела за поддршка на институциите.Директорот на Агенцијата го избира Владата на Република Македонија по претходно објавен јавен повик со мандат од 4 години со право на реизбор. Во Агенцијата покрај овластени судски преведувачи се вработуваат и лингвисти и дипломирани филолози по албански јазик, како и лиценцирани лектори.Во членот 19 се пропишано надлежностите на Агенцијата и тоа: поддршка на институциите во остварувањето на обврските од овој закон вклучувајќи превод и лекторирање на документи; лекторирање на сите акти што се објавуваат во Службен весник на Република Македонија; промовира и презема мерки за унапредување на употребата на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија; изготвување на извештаи за информирање на Владата на Република Македонија за спроведување на нејзините надлежности; за потребите на Владата на Република Македонија да подготвува стручно-аналитички материјали од своја надлежност; дава стручни мислења по материјалите кои се во функција на спроведување и унапредување на употребата на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија; други работи поврзани со спроведувањето на целите утврдени во овој закон.Значајна новина која се воведува со овој закон е Инспекторатот за употреба на јазиците. Имено, со членот 20 е пропишано дека за надзорот над целосно и доследно спроведување на одредбите на овој закон кои се однесуваат на употребата на јазиците, се формира Инспекторат за употреба на јазиците (во натамошниот текст: Инспекторатот), во состав на Министерство за правда со својство на правно лице. Инспекторатот ќе се регулира со посебен закон.Во член 21 е пропишано дека Владата на Република Македонија и сите институции надлежни за спроведување на одредбите од овој закон, ќе донесат мерки за промовирање на примената на сите службени јазици како и за гарантирање на заштитата на јазиците на другите заедници чиј мајчин јазик не е службен јазик.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kina

Одиме напред или се уназадуваме? Потврдена втора ГМО бременост во Кина

Кинескиот научник Хе Јианкуи, кој тврди дека ги направил првите генетички модифицирани бебиња, сериозно ги прекрши државните прописи, стои во резултатите на истрагата објавена од страна на државните медиуми во понеделникот, објави „Њујорк тајмс”.Иследниците, исто така, заклучија дека него, но и оние што му помогнале во работата, веројатно ги чека кривична пријава. Тие велат дека истражувањето го направил барајќи слава и богатство за себе. Се вели дека ја заобиколил контролата и сам собрал средства и го организирал својот тим.Две жени кои учествувале во неговиот експеримент останале трудни, пет жени не останале, една ја прекинала бременоста.„Ова однесување сериозно ги крши начелата на етиката и моралот, штети на чесното научно истражување и сериозно ги крши релевантните прописи и предизвикува лоши ефекти во земјата и во странство“, соопштија кинеските власти.Во соопштението стои дека во здрави човечки ембриони е користена непроверена и потенцијално ризична техника за да се спречи потенцијално пренесување на ХИВ. Со својата работа Хе го најави раѓањето на првиот ГМО човек, а многумина предупредуваат дека „дизајнираните бебиња“ можат да доведат до нова ера на генетската нееднаквост со ембриони прилагодени според посакувани особини.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Зошто Ѓорчев од 13 години пратеник, сака да биде претседател?

Тој е пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 година. Кратко време лани, по доаѓањето на Христијан Мицкоски на чело на партијата, беше координатор на пратеничката група. За време на владеењето на Никола Груевски со ВМРО-ДПМНЕ и со државата, главно беше носител на избирачките листи, но никогаш не беше поставен на некоја раководна функција. Јавноста го запозна за време на средношколските протести во 1997 година кога беше еден од најактивните демостранти. Беше еден од ретките пратеници од власта што реагираа за време на случувањата на 27 април 2017 година, кога им спасуваше глава на тогашните опозиционери, поради што добиваше јавни благодарници од актуелната власт, како и од странските дипломати.Тоа што се зборуваше уште од почетокот на годината вчера доби официјална потврда. Пратеникот Влатко Ѓорчев соопшти дека ќе се кандидира на партискиот оглас за претседател на државата. Невообичаено, објавата ја направи од прес-салата во Собранието, а не во седиштето на партијата или на некое друго место.„Има моменти во животот кога човек треба да го искористи целото свое знаење, искуство, сите свои постапки и сè што направил во животот - во функција на државата и народот. Не смееме да си дозволиме уште неколку години како овие две. Македонија назадува, не е добро. Од тие причини објавувам дека се кандидирам за претседател. Поседувам искуство, мотивација, знаење, чесност, лојалност, ја знам цела држава по должина и попреку, сум бил насекаде, а во следните три месеци ќе одам во секое село, град и место за да ја добијам поддршката и да го разбиеме скептицизмот“, рече Ѓорчев.По 13-минутната презентација во Собранието, Ѓорчев замина и ги остави без одговор прашањата дали има поддршка и од партијата.Во ВМРО ДПМНЕ велат дека очекуваат уште кандидатури. Огласот е отворен до крајот на јануари. На 16 февруари во Струмица ќе имаат конвенција на која ќе биде избран кандидатот што ќе влезе во претседателската трка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Без вода ул. Партизанска поради дефект

Дека поради стопирање на приклучна цевка Ф ¾“.на ул.Партизанска 46А ,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Партизанска до завршување на дефектот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
ojo-1

ОЈО ја отфрли кривичната пријава против 11 службени лица вработени во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава против единаесет службени лица вработени во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик и за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик.Пријавата беше поднесена против три лица во својство на одговорни лица – вршители на должноста директор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје, како и против осум лица дел од стручниот тим на Центарот, кои биле одговорни за дете без родителска грижа, но притоа грубо ја запоставиле должноста за грижа и воспитување на детето што довело до тешки последици по нејзиното здравје.Постапувајќи по кривичната пријава, надлежниот јавен обвинител ја прибави целокупната документација од Министерството за труд и социјална политика и од ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје. Притоа, беше утврдено дека од страна на Министерството за труд и социјална политика на 20.02.2018 година бил извршен вонреден инспекциски надзор во установата и биле констатирани одредени пропусти и неправилности во работата на стручните работници кои постапувале во предметот. Имено, Комисијата констатирала дека тие сториле прекршок од член 254 став 1 алинеја 8 од Законот за социјална заштита поради неводење или неуредно водење на евиденцијата заради што против 17 стручни работници биле поднесени иницијативи за покренување дисциплинска постапка. Истовремено, Комисијата утврдила дека секое напуштање на установата од страна на детето било пријавувано во Министерството за внатрешни работи, а при секое враќање стручните лица советодавно работеле со детето со цел да се надминат проблемите со самоволните напуштања на установата.По проучување на наводите во поднесената кривична пријава, надлежниот јавен обвинител оцени дека пријавените дела не се кривични дела кои се гонат по службена должност, односно дека во дејствијата на пријавените не се содржани законските обележја на кривичните дела Несовесно работење во службата и Запуштање и малтретирање на дете. Пријавените со своето постапување не презеле какви било противправни дејствија со кои би се исполнило законското битие на наведените кривични дела. Пријавените постапиле спротивно на членот 113 став 1 од Законот за социјална заштита во поглед на водењето евиденција на корисниците на правата од социјална заштита, но тоа не претставува кривично дело, туку станува збор за противправно дело – прекршок за кој е пропишана глоба согласно член 264 став 1 алинеја 8 од Законот за социјална заштита.Во врска со истиот предмет, Основното јавно обвинителство Скопје постапуваше и по кривична пријава против три службени лица поднесена од родителите на детето. Пријавата се однесуваше на кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 и Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик. Надлежен јавен обвинител донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава, бидејќи пријавените дела не се кривични дела за кои се гони по службена должност. Истовремено, во текот на постапката се утврди дека една од пријавените никогаш не била поставена за старател на детето.За потсетување, во врска со случајот со штитеничката од ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје во февруари минатата година беше оформен предмет и во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во јули беше поднесен Обвинителен акт против три лица за сторено кривично дело – Трговија со дете предвидено и казниво по член 418 – г од Кривичниот законик. Предметот има и судска завршница – едно лице е осудено на казна затвор во траење од 13 години, а на другите две лица е изречена казна затвор во траење од по 12 години. Незадоволен од висината на изречените казни, надлежниот обвинител вложи жалба до Апелациониот суд – Скопје.

пред 7 години

7 год.
vmro-dpmne-zgrada-650x396-1

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја носи државата кон пропаст, граѓаните две години не се на листата на приоритети на власта

СДСМ ја носи државата кон пропаст. Оваа влада не направи ништо за граѓаните цели две години. Наместо подобар живот донесе понижување, промена на име и неуставен закон за двојазичност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Граѓаните две години не се на листата на приоритети на власта. Две години нема ниту еден инфраструктурен проект, капиталните инвестиции се на рекордно најниско ниво, а она што беше започнато од ВМРО-ДПМНЕ уште не можат да го довршат.СДСМ стана синоним за неработа и хаос.Хаос создадоа на секое поле, во земјоделието, образованието, здравството, културата, социјалната грижа, безбедноста и животната средина.Граѓаните со месеци дишат загаден воздух, а од власта ништо не преземаат. Наместо мерки за почист воздух Заев реши да отиде на луксузно зимување во Германија, а граѓаните тука беа оставени да се гушат во канцероген воздух, во кој имаше концентрација на ПМ10 честички 20 пати над дозволеното.Болниците секојдневно се полнат со граѓани со срцеви и белодробни проблеми, како последица на загадувањето, а власта е нема.Црнилата на власта се присутни на секое поле. Државата само тоне и губи. Граѓаните се понижени.Црнилата мора да си заминат. Зората мора да изгрее. Потребни се предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, за оваа ненародна власт да си замине“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Германија магнет за хрвати, срби, босанци... Колку доселеници прими оваа земја за две години?

За само две години, поточно во текот на 2016 и 2017 година од Хрватска во Германија се доселиле 110.526 Хрвати или колку цел хрватски град Осиек, покажуваат податоците на германската Сојузна канцеларија за миграција, кои ги објави тамошното министерство за внатрешни работи, пренесе Дневник.хр.Во двегодишниот период Германија ја напуштиле вкупно 49.696 Хрвати, а во 2017 година Хрватите биле петти по ред по вселување во Германија. Истата година во Германија се доселиле само повеќе Италијанци, Бугари, Полјаци и Романци.Од Србија во 2016 и 2017 година се доселиле 51.143 лица, а се иселиле 52.575. Гледано по години, во 2016 година од Србија во Германија се доселиле 24.616 државјани, а во 2017 година се доселиле 26.527.Во 2016 година во Германија се доселиле и 24.010 државјани на БиХ, а во 2017 година 26.112 босански државјани.

Свет | пред 7 години

7 год.
mak-rusija1

(ФОТО) Концерт со руски романси за 25 годишнината од дипломатски односи помеѓу Република Македонија и Руската Федерација

По повод 25 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Руската Федерација, во фоајето на Македонската опера и балет се одржа концерт на Руските романси на кој настапија учесниците на „Романсијада 2018” во Софија и Москва со изведби на дела од руски автори.На концертот присуствуваа амбасадорот на Русија во Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин со сопругата, заменикот шеф на мисијата, Константин Берсенев, почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, претставикот на Россотрудничество, Артјом Румјанцев, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, претставници од Министерството и др.

Скопје | пред 7 години

7 год.
50883729_574023376343249_6263631711502860288_n

Левица со поддршка за Мадуро и внецуелскиот народ во борбата против империјализмот

Политичката партија Левица, на својата Фејсбук страна објави поддршка, за Мадуро и внецуелскиот народ во борбата против империјализмот.„Поддршка за работниците и селаните во Венецуела, поддршка за нивната партија Обединета Социјалистичка Партија на Венецуела, поддршка за демократски избраниот претседател Мадуро!Денеска лидерот на опозицијата во Венецуела одржа говор на кој се прогласи себеси за претседател, иако не ни учествуваше на фер изборите во кои Мадуро победи. Неговиот проглас беше координирано поддржан од скоро сите американски држави (први САД и Бразил), освен левичарските влади во Мексико, Куба и Боливија. Ова е грозно мешање во внатрешните работи на суверена држава и, како што народот во Македонија искуси, тоа не е прв пат за САД. Империјалистичката САД има за цел да ја контролира нафтата во Венецуела и е спремна да соработува со фашистичката опозиција за таа цел.Мадуро најави прекин на дипломатските односи со САД и им даде на американските “дипломати” 72 часа да ја напуштат земјата.Ова не е прв обид за државен удар во Венецуела од страна на про-империјалистичката олигархија и се надеваме дека ќе заврши како и претходните - неуспешно и без големи крвопролевања“, стои во објавата на Фејсбук.Инаку Николас Мадуро го наследи претседателот на Венецуела, Хуго Чавез кој почина и ја продолжи неговата диктаторска политика во Венецуела.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања