„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
Tanja-Karakamiseva

Каракамишева преку ФБ ги повика новинарите да го побараат писмото со ставот од Венецијанската комисија

Професорката Тања Каракамишева смета дека Владата го крие писмото од Венецијанската комисија. Таа преку ФБ ги повика новинарите да го побараат писмото упатено до претседателот и заменик-претседателот на Владата и да ја информираат јавноста за ставот на Комисијата.Во продолжение статусот на ФБ од професорката Каракамишева:Само што добив информација од генералниот секретар на Венецијанската комисија, г-дин Томас Маркерт, дека согласно правилата на Комисијата владин притисок од каков било вид врз национален претставник НЕ Е ДОЗВОЛЕН и дека писмото е веќе доставено до кабинетот на Османи и на Заев.Да имавме слободно новинарство јавноста веќе ќе беше информирана. Ама немаме!Ги повикувам новинарите да го добијат писмото упатено до претседателот и заменик-претседателот на Владата и да ја информираат јавноста за ставот на Комисијата во однос на ваквите недолични испади на политичари врз угледни експерти, напиша на ФБ Каракамишева.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1548287077983-hvataj-620x350

(ВИДЕО) Трагедија во Полска, три лица го загубија животот, а 11 деца се повредени

Тројца мажи загинаа, а 11 деца се повредени во несреќа во која учествуваа две патнички возила и автобус во кој се превезувале тинејџери.Портпаролот на пожарникарите, Рафал Мелник изјави дека несреќата се случила на пат северно од полскиот град Олштин. Сите настрадани биле во автомобилите.Од 32 деца, колку што имало во автобусот, 11 се здобиле со полесни повреди и истите се пренесени во болница.Според првичните информации, возачот на „Фолксвагенот“  започнал со претекнување на две возила и автобусот. Од спротивната страна доаѓал „Фиат“, кој не можел да го избегне и удил во автобусот, а потоа и друг автомобил удрил во нив. Возачот и совозачот на „Фолксвагенот“ го закубија животот, како и возачот на „Фиатот“.

Свет | пред 7 години

7 год.
apasiev

Апасиев: Еднаш укинат закон од Уставен суд го враќате пак во сила, ова и Грујо не го правеше

Професорот Димитар Апасиев  преку својот Фејсбук профил го искоментира законот за покачување на платите на вицепремиерите за 8.000 денари кој треба да се гласа во понеделник.„Ова и Грујо не го праеше бе, ибрици… Еднаш УКИНАТ ЗАКОН од Уставен суд да го враќате пак во сила!p.s. До тие 150 ЕУР ли ви дојде бе, хоштаплери?“, напиша тој на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Mrtvo-telo-autopsija-2-620x350

Две лица починаа во загребската болница од грип

Две лица починаа во загребската болница од грип.„Починаа две лица како последица на тешкиот грип и воспаление на белите дробови“ изјави докторката Маркотиќ од Клиниката за инфективни болести.Исто така се појави и информација дека причината за смртта на двете лица е бактерија која се појавила во болницата, и истата е отпорна на антибиотици.„Не можам да ви го кажам тоа во моментов, за тоа треба да се направи обдукција. Сите лица кои се на апарати се тешко болни и секогаш постои можност за смрт“, вели Маркотиќ.Првата жртва на грипот е момче на две и пол годишна возраст кое вчера почина во Црна Гора.

Свет | пред 7 години

7 год.
struja-4

Поради технички зафати без струја дел од Кисела Вода, Студеничани, Карпош и Аеродром

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека за денеска се планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа во Карпош, Аеродром, Студеничани и Кисела Вода.Без електрична енергија ќе останат:-во периодот од 8 до 10 часот корисниците од булеварот Партизански одреди зграда бр.39 (општина Карпош),-во периодот од 9 до 12 часот корисниците од ул.2 во село Долно Лисиче (општина Аеродром),-во периодот од 9 до 15 часот корисниците на дел од село Батинци (место викано Чупријан ул.1.) (општина Студеничани),-во периодот од 12:30 до 15 часот корисниците на дел од улицата Сердарот (општина К.Вода).

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Облачно со врнежи од дожд и снег, утре се очекува формирање на нова снежна покривка

Денес времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд и снег на пониските места, а снег на повисоките места и на планините. Врнежите ќе бидат пообилни претпладне, особено во источните делови. Вкупната количина на воден талог локално ќе надмине 30л/м2. Попладне облачноста делумно ќе се намали и врнежите постепено ќе престануваат. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Утринската температурата ќе се движи од -2 до 6 степени, додека дневната од 0 до 8 степени.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со врнежи од снег и дожд. Температурата ќе се движи од 1 до 5 степени.Утре нашето подрачје ќе потпадне под влијание на нов студен и влажен бран, кој ќе услови врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови, а заради заладувањето и во некои пониски места ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20см. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и суво, а во недела ќе има и услови за магла по котлините.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sneg-605x420

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, забрана за камиони на Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози,а на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот.Слаб снег провејува на П.Шапка и во Маврово.Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинскиот превој Стража. Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар се укинува во 07.00 ч. Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Буково е укината од 00.45 часотНа патниот правец Струга – г.п. Ќафасан (до с.Франгово) поради оштетувања на коловозот брзината е ограничена на 40 КМ / h.На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sekerinska-2

7.200 нови чизми за АРМ, 11 милиони евра од Планот за модернизација се насочуваат кон специјалните сили

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал - мајор Васко Ѓурчиновски беше во посета на Полкот за специјални операции, од каде што информираше дека денеска се прима целосната набавка на нови 7.200 пара чизми за припадниците на АРМ. Со оваа набавка секој армиски припадник ќе добие нови чизми со што се подобрува личната опрема на војниците. „Изминативе две години, со трендот на зголемување на средства во одбраната, Владата покажа дека знае да ги цени припадниците на Армијата и Армијата како институција. На почетокот на нашиот мандат знаевме дека треба да се концентрираме на основни работи: чизми и униформи. Тие беа рак-рана која што често пати се спомнуваше од страна на припадниците на Армијата. Драго ми е што денешнава посета коинцидира со завршување на еден од тие два важни проекти“, рече Шекеринска. Истакна дека последните набавки од буџетот се случувале пред пет или шест години, но дека ниту еднаш досега не се обезбедиле средства за набавка која соодветствува на вкупниот број на припадници на Армијата.Министерката додаде дека во следните две или три недели по приоритети, сите припадници на АРМ со постари чизми од една година, ќе добијат шанса да имаат подобра лична опрема. Информираше дека во април очекува да бидат испорачани и 14.000 воено-теренски униформи, по две за секој припадник на АРМ.Во однос на плановите за периодот кој следува, министерката истакна дека оваа година Министерството ќе се фокусира освен на подобрување на личната опрема на војниците, и на модернизација на опремата и механизацијата. Во планот за модернизација, рече Шекеринска, околу 11 милиони евра насочуваме исклучиво кон специјалните сили кои што се дел од Армијата, со што ги зголемуваме капацитетите и на нашата држава да се справува и со кризни ситуации, меѓутоа и оваа единица да продолжи да ја претставува Македонија во најдобро светло.На средбата во Полкот за специјални операции пред министерката беа презентирани приоритетите за специјални сили, за кои спомена дека заедно со останатиот армиски состав беа клучните фактори за Македонија да ја добие поканата за членство во Алијансата, успешно да ги заврши пристапните разговори и да е на чекор од седнување на масата на сојузниците.

Скопје | пред 7 години

7 год.
davos

(ВИДЕО) Премиерот Заев на Светскиот економски форум во Давос

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, од денеска до 25 јануари, ќе учествува на годинашниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија, заедно со заменик-претседателот на Владата на РМ, Кочо Анѓушев и со министерот за економија, Крешник Бектеши.Премиерот Заев на форумот во Давос, на кој и оваа година учествуваат шефови на држави и влади, други државни претставници, како и лидерите на најголемите компании во светот, ќе оствари повеќе работни состаноци и билатерални средби со потенцијални инвеститори, бизнис лидери и соработници.Како дел од активностите, премиерот Зоран Заев ќе оствари средба со еврокомесарот за европска соседска политика и проширување, Јоханес Хан. Средбата е планирана да се оствари на 24 јануари, во четврток.Меѓу средбите со политичките и економските лидери, во агендата на премиерот Заев се и состаноци со премиерот на Република Словенија, Марјан Шарец, со министерот за здравство на Владата на Сојузна Република Германија, Јенс Спан, со извршниот директор на Гугл Џигсоу, како и со други лидери и високи претставници на компании на панел дебатите и неформалните собири што ќе се одржат за време на најголемиот светски економски форум.Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев е поканет да земе збор и да учествува на дебата „Креирање на силно партнерство за економски раст и мир на Западен Балкан“, на форумот „Иднината на Трансатлантската алијанса“, како и на други форуми и дебати за поврзување во светот на глобалната архитектура на економиите.Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Кочо Анѓушев ќе има повеќе средби со претставници на бизниси и компании, а министерот за економија Крешник Бектеши, меѓу другото, ќе учествува на средбата на министрите коспонзори на Заедничката декларација за е-трговија.Главната тема на годинашниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија, кој секоја година ги собира најголемите и највлијателните светски лидери е Глобализација 4.0, во чии рамки ќе се дебатираат и иднината на економиите, ризиците на економските опоравувања, иднината на работните места, и други теми. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ѓорчев убеден дека ќе победи во првиот круг , вели ги знам сите градови и села

„Половина час на 21 април ќе набројуваме каде се не сме победиле со „Победивме во Прилеп, победивме во Крива Паланка, победивме во Струмица. На сите пет ибори кога сум бил носител на листа секогаш сум победувал. Нема град каде што немаме намера да победиме. СДСМ нека му ја мисли затоа што ги излажа граѓаните. Заеднички ќе ги поразиме уште во првиот круг“, истакна Влатко Ѓорчев, кој на прес-конференција во Собранието изјави дека ќе победи уште во првиот круг на 21 април на претседателските избори доколку биде номиниран од ВМРО-ДПМНЕ како кандидат во трката од оваа опозициска партија.Како што истакна тој, се чувствува подготвен да ја преземе одговорноста да застане на чело на оваа држава.„Имам моменти во животот кога човек треба да го искористи своето знаење, искуство, сето што го направил во функција на државата и народот. Македонија губи, Македонија назадува. Не се добри состојбите во Македонија. Од тие причини, објавувам дека се кандидирам за претседател на Република Македонија. Поседувам искуство, знаење, чесност, лојалност. Ги знам сите градови, населбите, улиците. Наредните три месеци ќе појдам во секој град и дом. Ќе појдам кај граѓаните на Македонија, кај оние кои ми го дале мандатот. Ќе ја побарам вашата доверба. Оваа апсолутистичка власт е дефинирана како хибриден режим. Не смее да се дозволи на Заев да ги узурпира институциите на државата. Мотивиран сум повеќе од било кога, благодарен сум за огромната поддршка, ја добивам од голем број граѓани на државава. Македонија е земјата на моите баби и дедовци. Македонија е земјата на моите четири деца. Јас директно им велам, на сите кандидати на СДСМ, ве чекам јас и најмалку 500.000 луѓе на Република Македонија“, истакна Ѓорчев.Ѓорчев додаде дека веднаш ќе ја стартува внатрепартиската кампања по поднесувањето на кандидатурата на објавениот оглас.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kolarik

(ВИДЕО) Колариќ: Скандал е што Шилегов ќе вработува 700 партиски војници, додека претпријатијата тонат во долгови

Вистински скандал е што во изборна година, само преку две градски претпријатија се предлагаат планови за вработувања на над 700 нови, и најверојатно строго партиски вработувања. Повторувам 700 најверојатно партиски вработувања, изјави Светлана Колариќ советник во Советот на Град Скопје, од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.Колариќ нагласува дека усвојувањето на плановите со кој се предвидува армија нови вработувања се прави во пресрет на претседателски но и можни предвремени парламентарни избори. Ова не може да се сфати никако поинаку освен како отворено корумпирање на гласачи во полза на власта, и давање на надеж и изборни комбинаторики за вработување на гласачи.-Ќе се вработуваат советници на директори, раководители, и соработници. Имено, согласно планот на ЈП за „Комунална хигиена“, градот Скопје и Петре Шилегов предлагаат да се вработат 300 нови работници и тоа раководители на сектори, раководители на одделенија, советници, соработници и друг вид на персонал. Додека само 29 луѓе оваа година ќе заминат во пензија, посочи советничката која додаде:„Согласно пак планот на ЈСП се планира во тековната година да се вработат 233 луѓе, од кој освен дефицитарни возачи на автобуси, поголемиот дел се администрација како виши соработници, помошници раководители, раководители на сектори и останат бирократски персонал. Додека се вработуваат 233 луѓе само 30 од нив ќе одат во пензија, а за наредната година се предвидува вработување на уште нови 170 луѓе. Иако плановите се за тековните две години, огромната бројка од околу 700 нерационални вработувања, и периодот во кој овие планови се усвојуваат недвосмислено отвораат сомнеж дека градот Скопје и власта прават изборна манипулација и партиски вработуваат на грбот на граѓаните на Скопје.“-Градоначалникот Петре Шилегов во 2017-та година изјави цитирам „градските претпријатија се превработени“. А, потоа изјави цитирам „1.200 вработени се вишок“. Јавно го поставувам прашањето како, кога во услови на превработеност, и во услови кога и ЈСП, како и многу други претпријатија бележат загуби и опстојуваат од субвенции на градот Скопје ќе вработат нови 700 луѓе? Што се смени за да Шилегов го промени и својот став? , запраша Колариќ.„Дополнително пак градската администрација секојдневно се пополнува со тековни вработувања на партиски членови на власта. Се делат раководни позиции, а оние места кои се дефицитарни и понатаму остануваат празни. Има советници, но има и инспектори кои што работат на терен без лиценци, ова навистина е вистинско безредие. Зошто Скопјани притоа мора да ги плаќаат партиските војници на власта кои ќе се вработат, наместо да добијат квалитетни и ефикасни услуги кои што им следуваат? Ние ќе ги информираме сите релевантни фактори за ваквото дрско беззаконие и грубо нарушување на процесите. Ова е почеток на нарушување на предизборниот период кој претстои но и начин за корупција на гласачи, потенцираше советничката од ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 7 години

7 год.
diplomci-1

(ВИДЕО) Промоција на новите дипломци на Факултетот за безбедност

„Денешниот чин со кој се означува крајот на едукацијата на високо-образуван кадар од областа на безбедноста всушност претставува заокружување на еден процес, после кој што отпочнува конкретната, практична примена на сето она што во изминатиот период се акумулирало како стручна наобразба. Таквиот настан истовремено ги демонстрира заедничкото задоволство и гордост. За почитуваните професори - затоа што успеале во текот на тој процес да ги пренесат своите знаења и искуства; за дипломците и магистрантите - затоа што успешно завршиле дел од академскиот пат; за општеството и институциите - затоа што добиваат нов и стручен кадар којшто ќе треба професионално да се соочи со реалните предизвици“, рече министерот Спасовски во денешното обраќање на промоцијата на новите дипломци на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“.Спасовски нагласи дека ниту едно општество не може да се надева на успешност без следење и практично имплементирање на нови научно-истражувачки сознанија, без онаа реална кооперативност меѓу теоријата и практиката, што впрочем се потврдува низ секојдневието на современите и развиени општества. Особено што безбедноста претставува прилично динамична сфера на работа.„Вие ќе го најдете своето место во општеството, вклучително и во институцијата со која што раководам - Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, притоа давајќи го својот максимум како во име на сопствените амбиции и надежи, така и во име на потребата за брз и динамичен развој на нашата држава. Ви честитам за покажаниот успех, ви посакувам и вам и на вашите ценети професори, натамошен успех на професионален план, убеден дека и во иднина оваа етаблирана високообразовна институција ќе продуцира кадри со кои што сите ќе се гордееме“, рече Спасовски.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ѓорчев бара од ВМРО-ДПМНЕ да го предложат да претседател на Северна Македонија

Владимир Ѓорчев денеска ќе ја поднесе кандидатурата до конвецнијата на ВМРО-ДПМНЕ.Ѓорчев во телефонски разговор за Скопје1 потврди и кусо ни најави дека ќе одржи пресс конференција во собранието на Р Македонија во 14:30 мин, на која ќе ќе обелодени деталите.Инаку Владимир Ѓорчев долги години е активен на политичката сцена, има огромно политичко искуство. Сепак и покрај континутетот на политичката сцена, позади себе, пратеникот нема ниту еден скандал. Важи за чесен човек, принципиелен, доследен и семеен човек.Неговата политичка кариера е исполнета со низа на успеси, бројките велат тој ги освојуваше најголемите победи во парламентарната историја на независна Македонија, последните 28 години.

Македонија | пред 7 години

7 год.
dzemail

„Да, сакав да ја убијам“, рекол македонскиот државјанин кој си ја уби сопругата

36-годишниот Џемаил М. од скопското село Ласкарци, кој до смрт ја избоде својата 32-годишна сопруга, Земира К., на паркинг во австрискиот град Тулин, наводно, бил поддржувач на Исламската држава, објавува австрискиот интернет-портал „ОЕ24".Веста за убиството е проследена со фотографија преземена од Фејсбук, на која се забележува осомничениот како позира со испружен показалец на десната рака, што како поздрав го користат и припадниците на Исламска држава.Семејството на Џемаил во Македонија исто така се сомнева дека бил близок со припадници на Исламската држава и не сакаат да комуницираат повеќе со него.„Џемаил го уништи целото семејство.Не сакаме да го видиме. Тој беше зависен од коцкање и имаше лоши пријатели“, истакнале негови блиски за тамоштните медиуми.Како што објвија медиумите, бракот на Џамил и Земира подолг период бил во криз. Тие имале два сина од 6 и 10 години. Земира наводно била малтретирана и злоставувана од љубоморниот Џемаил, по што таа го напуштила својот сопруг заедно со синовите.

Свет | пред 7 години

7 год.
svr-ohrid

Тешка кавга на автобуската станица

На 22 јануари оваа година, околу 13 часот, во автобуската станица во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со вербална караница помеѓу Н.С.(45) од Охрид, од една и И.И.(34) и А.И.(30), двајцата од струшкото село Радолишта, од друга страна.Караницата започнала поради нерасчистени меѓусебни должничко доверителни односи а натамошниот тек бил спречен од работниците на обезбедување во автобуската станица.Против учесниците во нарушувањето на јавниот ред и мир, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Македонија | пред 7 години

7 год.
cist-vozduh

Планот за чист воздух за 2019 година - помина на Влада

Владата на Република Македонија на редовната 116-та седница ја усвои Предлог-програмата за реализирање на Планот за чист воздух за 2019 година. Имајќи предвид дека борбата со аерозагадувањето е стратешки приоритет на Владата, програмата се заснова на 4 компоненти: мерки за директно справување со причините за загадување, градење на јавната свест од предучилишна до пензионерска возраст, регулаторни промени неопходни за транзиција кон енергетски систем со ниска емисија и имплементација на платформа за координација и следење на реализација на програмата. Програмата за намалување на аерозагадувањето ја утврдува и намената на обезбедените средства во висина од 2 милиони евра.Парите ќе се наменат за финансирање на замена на постојните нееколошки системи за греење во домаќинства, градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти и административни објекти во најзагадените градови во земјата, како и за набавка на пречистувачи за воздух во внатрешни простории во градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти и административни објекти.Во акцискиот план за намалување на аерозагадувањето за 2019-та година се вметнати и иницијативи на три граѓански организации коишто се однесуваат на изработка на посебна Веб страна, каде што на едноставен начин ќе бидат набројани сите мерки кои треба да ги спроведат државните институции и на инсталирање на филтри во малите и средни претпријатија, особено во оние од дрвната дејност.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bezdomnici

Ќе се згрижат 30 бездомни семејства затекнати на локација под Кале

Министрите ја прифатија информацијата за интервентно згрижување на бездомни лица затекнати на локација под Кале во објекти на установи за социјална заштита. Притоа Владата го задолжи Министерството за труд и социјална политика преку ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје, во периодот до март годинава, да обезбеди сместување на затекнатите лица под Кале во објекти што ги користи ЈУ За згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение во Скопје.Станува збор за 30 семејства, односно 99 лица. Од нив, само 9 семејства поседуваат некакво живеалиште, додека останатите се евидентирани како бездомни лица. Сместувањето на бездомните лица е во согласност и со препораките на Интерсекторската работна група за следење на состојбата на воздухот, бидејќи на овој начин овие лица нема да палат несоодветни материјали за греење и дополнително да го загадуваат воздухот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
pruga

Дополнителни 345 милиони евра за проектот Изградба на железничка пруга од Крива Паланка до граница со Република Бугарија

Владата ја прифати информацијата за потребата од обезбедување на финансиски средства за реализација на проектот Изградба на железничка пруга од Крива Паланка до граница со Република Бугарија. Според информацијата, ќе се обезбедат дополнителни финансиски средства во износ од 345 милиони евра преку Министерството за финансии и Јавното Претпријатие Македонски Железници Инфраструктура.

Македонија | пред 7 години

7 год.
jablanica

Владата даде поддршка - Јабаница ќе биде национален парк

На 116-та седница беше прифатена информацијата за поддршка на иницијативата за прогласување на Јабланица за национален парк. Иницијативата е од месните заедници на подрачјето на планината Јабланица, како и од невладиниот сектор, а истата е прифатена и од градоначалниците на општините Струга и Вевчани.Првиот чекор е изработка на Студија за валоризација или ревалоризација на природните вредности на Јабланица. По изработка на студијата, постапката за прогласување на Јабланица за заштитено подрачје ќе ја започне Министерството за животна средина и просторно планирање. Со тоа, ќе се зголеми процентот на заштитените подрачја на национално ниво, со што ќе се исполнат и барањата на националната легислатива за заштита на природата, како и меѓународните обврски согласно ратификуваните конвенции и ЕУ директивите за живеалишта и видови.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobrakajna-nesreka

Струмичанка удрила во пешак, пешакот со тешки телесни повреди пренесен во Медицински центар

На 22.01.2019 година во 20.00 часот на улица „22 Декември“ во Струмица, Л.М.(25) од Струмица, управувајќи патничко возило „Фолксваген Поло“ со струмички регистарски ознаки, удрила во пешакот Б.В.(72) од Струмица. Од ударот, пешакот Б.В. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања