„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
makedonija-nosija

(ВИДЕО) Свадбената носија од Мариово на видео панел на „Тајмс Сквер“

На светско-познатиот Тајмс Сквер, во текот на денот, се прикажуваат две видеа со културна промоција на Македонија, соопшти Македонскиот совет на уметности со седиште во Њујорк.Мариовска свадбена носија со слоганот “Maкедонија: Прекрасна, пријатна, фасцинантна! Истражи ја македонската културна уметност”, цел ден се прикажувала на видео панел на познатиот “Tajмс сквер” во Њујорк.

Македонија | пред 7 години

7 год.
50283514_2007921776169669_6795382524269821952_n

Се огласи ВМРО ДПМНЕ: Немаме службени, приватните автомобили ги користиме за партиски цели

По веста дека потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски се вози со службен автомобил и шофер, се огласија од партијата. Од таму го известуваар Скопје1 дека партијата не купила возила на лизинг и немаат ангажирано возачи. Додаваат дека свое возило користат сите дури и претседателот Христијан Мицкоски.Што се однесува до возилото кое е фотографирано појаснуваат дека истото е во сопственост на Николоски и дека истото потпретседателот го плаќа на лизинг.„Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски не користи службено партиско возило, туку го користи своето приватно возило. Истото го користи и за партиски цели односно и кога има партиски активности“, велат од ВМРО ДПМНЕ“.Инаку Скопје 1 вчера во повеќе наврати се обиде да добие точна информација од партијата, но нашите обиди се до објавувањето на веста беа залудни. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr1

Во 24 часа во Скопје, осум сообраќајни незгоди, 26 возачи исклучени од сообраќај, 80 мандатни платни налози

Во текот на изминатиот ден (22.01.2019 ) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно осум сообраќајни незгоди од кои седум сообраќaјни незгоди со телесни повреди и една со материјална штета. Во сообраќајните незгоди 10 лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 41 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 26 возачи од кои: тројца возачи поради тоа што управувале возила под дејство на алкохол, 20 затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 14 возила бидејќи биле нерегистрирани.Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, тројца поради непоседување зимска опрема, тројца возачи поради неносење сигурносен појас при управување на моторно возило и тројца возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 80 мандатни платни налози и 75 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Притвор за охриѓанец поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Н.(35) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. На 18.01.2019 година во периодот од 16.45 до 17.35 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на лицето и била пронајдена и одземена марихуана. Г.Н. бил лишен од слобода.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vlada

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев не реализираа ниту една реформа изминативе две години

СДСМ и Заев не реализираа ниту една реформа изминативе две години. Две години државата тоне во корупција, економијата стагнира, капитални инвестиции нема, здравството пропаѓа, а образованието е на колена. Две години се реализира општ грабеж во сите сфери со апсурдно оправдување дека дури и најнискиот функционер на СДСМ бил фокусиран на преговорите со Грција, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:„Со влегување во кампања за избор на Претседател на Република Македонија, нема да функционира Собранието, а партиите ќе се фокусираат на промоцијата на кандидатите. Затоа, апсурдно е оправдувањето на Заев дека не треба да се оди и на предвремени парламентарни избори заради наводни реформи. Замерки од нашите меѓународни партнери може да има само доколку Заев се обиде да направи уште еден изборен фалсификат како кражбата на референдумските гласови.“Од партијата велат дека вистината е дека СДСМ и Зоран Заев се плашат од граѓаните и бегаат од избори затоа што знаат дека ќе изгубат и власта се плаши од граѓаните затоа што донесе противуставен закон за двојазичност и спротивно на волјата на граѓаните го промени името на државата.„Зоран Заев десетина дена избега на луксузно зимување во Германија за да не распише избори. Сега откако се врати на сите можни начини бега од избори. Република Македонија со СДСМ на власт веќе две години е на дното. СДСМ се што вети излажа. Ветуваа почист воздух и решавање на проблемот со загадувањето, а сега две години откако се на власт немаат преземено ниту една мерка, а граѓаните се гушат во најзагаден воздух, кој на денови на одредени места е загаден и до 30 пати повеќе од дозволеното.“-Економијата уште од самото доаѓање на оваа власт е клекната на колена, нема раст, нема нови вработувања, само стагнација. Образованието тоне, а квалитетот е се послаб. Оваа власт ветуваше инвестиции во образованието, подобар студентски стандард и поквалитетни услови за студирање. Ништо од тоа сега не е случај, се потенцира во соопштението во кое се заклучува:„Земјоделието е во хаос, годината што помине ќе остане запаметена како најлошата година за земјоделците од независноста до сега, немаше земјоделска култура за која имаше нормален откуп, а онаму каде што ги имаше цените не беа доволни ниту за задоволување на основните производствени потреби.СДСМ ја фрли државата во црнила. СДСМ мора да си замине. Република Македонија не смее да продолжи да тоне. Граѓаните заслужуваат подобра иднина.“

Македонија | пред 7 години

7 год.
Pasosi

Македонец со лажен бугарски пасош сакал да влезе во Босна и Херцеговина

Македонски државјанин со фалсификувани бугарски документи се обидел да влезе на територијата на Босна и Херцеговина, но при проверка на документите гранична полиција во Бијелина го открила и го привела.Тој поседувал лажен бугарски пасош, фалсификувана лична карта и лажна возачка дозвола.Фалсификуваните документи кај лицето се откриени при проверка на автобус што патувал на линијата Белград-Бања Лука, јави БГНЕС.

Свет | пред 7 години

7 год.
pari-za-izjava

СДСМ: Просечната плата во ноември е поголема за 5,8 отсто

Просечната плата во ноември 2018 е поголема за 5,8 отсто и изнесува 24.584 денари, растот на платите дополнително ќе се интензивира, соопшти Социјалдемократскиот сојз на Македонија.Продолжува трендот на раст на платите, велат од СДСМ и оценуваат дека тоа е уште еден показател дека економијата е стабилизирана и поставена на здрави основи.„Според офцијалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во ноември 2018 година изнесува 24.584 денари што за 5.8 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2017 година. Во апсолутен износ, просечната плата во ноември 2018 е поголема за 1.352 денари во однос на ноември 2017 година. Ваквиот тренд на раст на платите ќе продолжи и натаму и дополнително ќе се интензивира. За оваа година, предвидено е уште едно зголемување на минималната плата што дополнително ќе ја отвори спиралата на раст на платите“, наведе СДСМ во соопштението.Владејачката партија додава во буџетот за 2019 предвидено е зголемување на платите во сите сектори, а преку зголемената државна поддршка кон претпријатијата, платите ќе растат и во приватниот сектор.СДСМ потсетува дека крајна цел на нивната партија е преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, просечната плата до крајот на мандатот да изнесува 500 евра.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Грција ќе расправа дали договорот со Македонија треба да се ратификува

Во 10 часот по локално време започнува расправата на пленарна седница во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот од Преспа, а гласањето на пратениците ќе биде утревечер.Седницата ќе трае колку што ќе биде потребно, односно во зависност од бројот на пријавени пратеници за збор.Проценките и пресметките се дека Договорот ќе биде ратификуван со најмалку 151 глас, а судејќи според последните јавни изјави на пратениците, веројатно е да биде ратификуван со 153 гласа „за“, јави дописничката на МИА од Атина.На расправата и претходеше дводневна парламентарна комисија, а по обраќањето на 38 пратеници и двајцата известувачи и вкупно 12 часа дискусија, Комисијата за надворешни работи и одбрана на грчкиот Парламент усвои нацрт закон според кој се ратификува и стапува во сила Договорот од Преспа.

Свет | пред 7 години

7 год.
DSC_0500

Османи: Ако има парламентарни избори, ќе се пропуштат преговорите со ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи вели дека тој како адвокат на европската агенда на земјава е против предвремени парламентарни избори затоа што така ќе се пропушти почетокот на преговори со Европската Унија и ќе значи свесно компромитирање на европскиот процес.– Во ДУИ врие од желба да има избори утре, затоа што внатрешните анкети покажуваат дека сега е моментот. Но дали е интерес за државата сега да има избори, тука јас не се согласувам. Да одиме на избори во услови кога чекаме да почнеме преговори и да воспоставиме една динамика на ратификацијата на Протоколот за НАТО, мислам дека свесно ќе си го компромитираме процесот и немаме некое оправдување пред светот зошто тоа го правиме. Јас сум адвокат на европската агенда на државата и ги замолувам политичките партии да го пазат овој интерес, иако гледам дека во владејачките ДУИ и СДСМ има сили кои заради партискиот интерес дека ќе имаат добри резултати, внатре во партиите приистискаат да има избори утре. Јас до последен ден ќе лобирам и ќе повикувам да нема избори најмалку до првата меѓународна конференција со Европската Унија за започнување преговори, рече Османи вечерва во гостувањето во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.Смета дека предвремени избори би значелe дополнително дефокусирање на државата и од агендата за реформи затоа што фокусот ќе биде на формирање влада, нов премиер, нови министри,  резултати… и, како што рече, ќе отиде рокот за започнување преговори.Доколку  ВМРО-ДПМНЕ ги бојкотира претседателските избори затоа што ќе нема и предвремени парламентарни, тоа, според Османи, ја менува сликата и самата институционална криза поради неуспешни претседателски избори може, како што рече, да биде потешка и подолга отколку вонредни парламентарни избори. Смета дека опозицијата нема да си дозволи да ги бојкотира претседателските избори.Во врска со Законот за употреба на јазиците, Османи рече дека е стапен во сила и институциите го применуваат согласно со условите кои ги имаат.– Има одредени преодни одредби во смисла на подготвување на институциите со техничка и човечка инфраструктура за да можат да го применат и треба да се хармонизираат закони согласно со овој базичен закон. Меѓутоа, има еден член во законот кој вели додека не се усогласат, важат премисите од овој закон, така што апсолутно е во сила од 14 јануари, додаде Османи.Очекува логистичка и финансиска поддршка од земји и организации кои ја имаат двојазичноста или мултијазичноста  како концепт и затоа ќе има донаторска конференција. На тој начин, додаде, тие ќе помогнат за внатрешно интегрирање на заедниците. – Бидејќи ние Законот за јазици го гледаме како механизам за зближување и разбирање на Албанците со државата, а  тогаш имате и лојалност и интегрираност, рече вицепремиерот Османи во гостувањето на „Топ тема“. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
bezdomnici

Бездомните лица под Кале ќе бидат згрижени до март

Бездомните лица под Кале ќе бидат згрижени во установи за социјална заштита, одлучи Владата на денешната седница.Министерството за труд и социјална политика е задолжено преку Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје до март годинава да обезбеди сместување за овие лица во објекти што ги користи јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение.– Станува збор за 30 семејства, односно 99 лица. Од нив, само девет семејства поседуваат некакво живеалиште, додека останатите се евидентирани како бездомни лица. Сместувањето на бездомните лица е во согласност и со препораките на Интерсекторската работна група за следење на состојбата на воздухот, бидејќи на овој начин овие лица нема да палат несоодветни материјали за греење и дополнително да го загадуваат воздухот, соопштија од Владата.

Скопје | пред 7 години

7 год.
dimitrov

Димитров кандидат на СДСМ за претседател на Северна Македонија

Не ја исклучувам можноста да се кандидирам за претседател на државата, порача вечерва во 24 Отворено, министерот за надворешни работи Никола Димитров. Тој вели дека процесиот избор на кандидат се наоѓа во процес на консулатции, преговори, а се проверува и мислењето на граѓаните на анкети.„Тоа што се споменува моето име како можен кандидат за претседател е чест. Можеме да влечеме поуки од изминатите години и сето она што се случуваше како аболицијата, непотпишувањето на законите, има многу лекции за учење. Дебатата дали сакам да бидам претседател ја водам сам со себе. Јас сум човек кој што води значаен сектор, а не е член на партија, тоа е една важна работа. Од сево ова произлегува дека не ја исклучувам можноста да се кандидирам за претседател. “ - изјави Димитров.Избраниот претседател ќе биде првиот човек на Северна Македонија, со оглед на променетиот Устав и уставното име.

Македонија | пред 7 години

7 год.
grcija

Во Атина утре нов протест против Договорот од Преспа

„Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“, организацијата која стои зад протестите против Договорот од Преспа, ги повикува Грците утре попладне, во пресрет на гласањето за ратификација на договорот да излезат  на плоштадот Синтагма, пред грчкиот Парламент, „да го изразат нивното противење за криминалот што ќе биде извршен во парламентот“ , јави дописничката на МИА од Атина.-Во среда на 23 и четврток на 24 јануари, никој од нас да не оди на работа. Продавниците, бизнисите, училиштата да останат затворени, државните службеници да не се појават во нивните служби, грчкото знаме на пола копје да се постави на секој дом, камбаните на црквите да бијат во знак на жалост. Секој Грк и секоја Гркинка, им го должиме тоа на оние кои ги оставија нивните семејства и се жртвуваа за Македонија да остане грчка, пред околу 100 години, соопштуваат организаторите.

Свет | пред 7 години

7 год.
Zeleno-pazarce-zatvoreno-protest-6-bg_resize

Пратениците признаа грешка, пазарџиите бараат прво во ЕУ, па нов закон

Протестот на пазарџиите резултираше со две барања за следната собраниска седница - владејачкото мнозинство бара Законот за трговија на зелени пазари да се одложи за една година, а опозицијата тој да престане да важи. И пазарџиите бараат негово укинување. Освен ова, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ бараат да се одржи јавна расправа на која ќе се чујат ставовите на сите засегнати страни - пазарџиите, Комората на трговци, организаторите на пазарите и ресорното Министерство за економија.Горан Милевски, претседател на комисијата за економски прашања во Собранието, вели дека доколку инсистираат опозицијата или ДУИ сега да се одржи јавна расправа, нема да прави проблем, но смета дека тоа не е продуктивно.„Јавна дебата треба да има откако ќе имаме нов предлог-закон, па да има за што да дебатираме. Не сме ние место за дебатирање во овој момент. Нека направи Министерството за економија ново решение, или нека понудат група пратеници, па да имаме јавна расправа за предлогот, да ги видиме реакциите. Така ќе има прифатливи решенија, да не нè стават повторно во ситуација да повлекуваме нешто што сме го донесле, за што очигледно не сме биле свесни што носиме и какви последици ќе има“, објаснува Милевски уште еднаш нагласувајќи дека ако има барање ќе свика расправа и сега.Двата предлози што да се направи со важечкиот Закон за трговија на зелени пазари ќе бидат ставени на дневен ред на следната собраниска седница. За една година или порано ќе се изготви ново решение. Но за пазарџиите не е прифатлив нов закон сè до влезот во ЕУ.Маја Стојановска, како претставник на закупците на тезги, вели дека се чувствуваат изманипулирани.Повеќе на Независен.мк

Скопје | пред 7 години

7 год.
zaev-hrvtska-2

Заев ги критикува ДУИ дека се китат со перја за Законот за јазици

Некои од политичарите сакаат да си редат пердуви, овој закон не е на ДУИ, туку на Зоран Заев, на ДУИ, на Беса, на турска партија на сите, изјави премиерот, Зоран Заев, во вчерашното гостување на телевизија Алсат М, а во врска со Законот за употреба на јазиците.Во врска со тоа дали има несогласување меѓу СДСМ и ДУИ бидејќи вицепремиерот, Бујар Османи, изјави дека според него законот не треба да оди во Веницијанска комисија, Заев рече:-Мојот пријател и потпретседател на владата заборавил на заклучокот од Влада, зошто немаме предрасуди, ништо не треба да правиме шверцерски. Јас како прв претставник на Владата мислам дека законот е уставен. Уставот го дефинира албанскиот јазик како втор официјален јазик, за меѓународна употреба само македонскиот јазик, прв е македонскиот, употребата е јасно разграничена – изјави премиерот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-odgovornost

Заев: Ќе бидам прв со двојазичен пасош на Република Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев, вчера во интервју за АлсатМ, рече дека тој веројатно ќе биде првиот кој ќе добие двојазичен пасош, согласно Законот за употреба на јазиците и кој ќе се води на новото име на државата, Република Северна Македонија.Во текот на целото интервју, Заев немаше проблем да го користи скратеното име Северна Македонија, а на крајот од интервјуто на одјавата на новинарот во која му се заблагодари на Премиерот на Република Северна Македонија за учеството во емисијата, Заев рече дека официјално тој сѐ уште е премиер на Република Македонија.Во првото ТВ интервју по ратификацијата на Договорот со Грција во македонскиот Парламент за АлсатМ, рече дека има одредено незадоволство во коалицијата (ДУИ) затоа што законот е испратен на Венецијанската комисија. Тој рече дека никој нема право, од политичките партии да го присвојува тој закон, бидејќи , како што рече, тој е плод на граѓаните што гласалае за нив.

Македонија | пред 7 години

7 год.
aerodrom-nesreka

ВИДЕО: Сообраќајна несреќа во скопски Аеродром, автомобил заврши превртен на кров

Тешка сообраќајна несреќа вечерва околу 23 часот се случи на во скопски Аеродром, на булевар Јане Сандански, јавува репортер на ТВ21. Како што дознаваме, нема тешко повредени лица, ниту пак загинати. Со повреди бил пренесен во Ургентен центар само возачот на Фиат Чиквеченто. На лице место се присутни екипи кои утврдуваат како дошло до несреќата.Автомобил е со скопски регистарски таблички, а се уште не се знае како завршил превтен на кровот. Неофицијално дознаваме дека причината е неприлагодена брзина.

Скопје | пред 7 години

7 год.
galicica

Договор за Грант помеѓу НП Галичица и Фондот за природа Преспа-Охрид

Националниот парк „Галичица“ и Фондот за природа „Преспа-Охрид (ПОНТ)“, во четврток, на 24-ти јануари ќе потпишат договор за грант.– После неколку месечните преговори и аплицирањето од страна на ЈУНП „Галичица“ на повикот за финансиска поддршка објавен од Фондот за природа „Преспа-Охрид (ПОНТ)“, ќе биде потпишан договор со кој Фондот ќе финансира дел од трошоците за тековното работење на ЈУНП „Галичица“, во висина од 150.000 евра за 2019 година. Ова претставува иновативен пристап во финансирањето и работењето на заштитените подрачја, за што ПОНТ неодамна беше избран како победник на наградата Pathfinder за 2018 година која се доделува за извонредни и инвентивни решенија за заштитените подрачја, информираат од Националниот парк „Галичица“.Додаваат дека договорот ќе биде потпишан меѓу извршниот директор на ПОНТ Миријам де Конинг и директорот на ЈУНП „Галичица“ Васко Паскали.

Македонија | пред 7 години

7 год.
50501283_2147893838565796_5276310805661351936_n

(ВИДЕО) Александар Николоски има службено возило и шофер ?

ВМРО ДПМНЕ за функционерите на лизнг купило автомобили и вработило шофери ?Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски се вози со службен автомобил и шофер.На фотографиите кои ги направи екипата на Скопје1.мк на 20 јануари во Охрид, тој влезе во автомобил со скопски регистарски ознаки, кој беше управуван од шофер, а Потпретседателот седна на задното седиште.Според информации на Скопје1.мк автомобилот кој беше целосно непрописно паркиран во центарот на Охрид е во сопственост на една компанија која продава возила и според сопственоста тој е купен на лизинг и не е подвижен имот на ВМРО ДПМНЕ.Скопје1.мк денес се обрати кај портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски кој иако во повеќе наврати ветуваше дека ќе даде одговор на прашањето за тоа дали ВМРО ДПМНЕ на функционерите им купило нови автомобили на лизинг и им плаќа гориво и шофери, и по неколку часа не даде одговор.Целиот имот на ВМРО ДПМНЕ е замрзнат како дел од истрагите на СЈО во случајот „Талир“ кои се однесуваат на финансирањето на партијата и како го стекнала имотот вреден милиони евра.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
divna

Македонска лекарка од денеска ќе се грижи за жителите на гратчето Суќурај на хрватскиот остров Хвар

36-годишната Дивна Војновска, лекарка од Скопје, од денеска е докторка на Хвар. Таа била единствена која се пријавила на огласот за работа во амбулантата во малото гратче Суќурај на хрватскиот остров Хвар.„Сакам мирен живот, среќна сум што ја добив работата на Хвар“, вели Војновска.Хрватските медиуми пишуваат дека Војновска, родното Скопје, метропола со речиси 600 илјади жители, ќе го замени со гратчето Суќурај, каде има едвај 400 жители. Но, тоа не ја обесхрабрило.Таа во изјава за „24 сата“ вели дека родинините во Македонија биле многу скептични и не им мило мило што таа ќе замине. „Но, тогаш ја прифатија мојата одлука и еве тука сум, убаво ми е“, вели младата лекарка.Првиот ден на работа на докторката и поминал со полна амбуланта постари пациенти , кои сакале да им измери притисок , да им препише таблети за простата или едноставно да ја запознаат новата докторка.Докторката Војновска за да го добие ова работно место положила државен испит, како и уште 8 испити за нострификација на дипломата.За време на нејзиниот прв работен ден чекалницата во амбулантата била преполна бидејќи сите дошле да ја запознаат новата докторка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
angusev-111

Анѓушев се премисли, иако сметаше дека нема ефект, сепак најави промовирање на предностите за вложување во земјава

Вицепремиерот Анѓушев, најави дека ќе ги враќаат промоторите на земјава, и покрај тоа што претходно, сметаше дека нема ефект од нив.Да, точно е, меѓутоа не изјавив дека тие нема да промовираат, нема да атрактираат или да ја презентираат нашата Програма пред странски инвеститори. Напротив, тоа ќе го прават, изјави Анѓушев и додаде.Сакам да направам јасна дистинкција, помеѓу двата модела. Претходниот модел бил, каде што се праќаа македонски промотор во странска држава и тој прави паралелизам на амбасадорот таму. Значи, тие се сместени во Амбасадите и паралелно работат со амбасадите и тука имало двојство на улогите и тоа не даде баш најсоодветен резултат, односно на многу места предизвикало конфликтни ситуации. Но, од друга страна, нашата држава е мала и ние не може да очекуваме дека сите нас ќе не бараат во светот, напротив, треба ние да излеземе и тоа да го презентираме пред светот. Но, сега веќе имаме што да презентираме, имаме еден Закон за поддршка на инвестициите во индустријата и имаме Програма, која што треба да ја презентираме. Токму тоа ќе го направиме преку три концентрирани центри. Едниот центар да биде, во Америка, веројатно на Источниот брег, едниот центар во Германија, веројатно во Западниот дел на Германија, каде што ќе може да се покријат и сите соседни земји, значи во центарот на Европа и едниот центар на Блискиот Исток, каде што ќе можеме да ги информираме тамошните земји. Тоа ќе бидат единици, концентрирани, кои што ќе имаат двојна задача. Една задача е светот да го информираат за нашите програми, да разговараат со странски инвеститори, да ги донесат во Македонија, а другата задача ќе биде, да презентираат македонски производи, тоа што ние како држава го произведуваме. Практично, ова е сосема различен и она што морам да го подвлечам, многу поевтин модел, отколку да испратите во 40 земји, 40 промотори, кои што работат дивергентно. Ова ќе биде евтин модел, кој што имате во Буџетот, нема да чини премногу, а од друга страна концентрирано очекуваме да донесе резултат, истакна Анѓушев.Што се однесува до најавата за економски аташеа. Анѓушев вели:Не, значи она што го согледавме во меѓувреме, е дека доколку се економски аташеа согласно Законот во МНР, треба да се од редовите на ова Министерство, односно да бидат најмалку да бидат најмалку две години таму вработени, а за жал таков кадар специфичен нема и затоа пребегнавме кон ова, кое што е по оптимална, а верувам и со поголем резултат идеја.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања