„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
Нема фотографија

Автомобил излета од патот и удри во четири паркирани возила, возачот итно пренесен во болница

На 12.01.2019 година во 03,10 часот било пријавено дека во Пробиштип на улицата „Миро Барага“ патничко моторно возило „Мерцедес“ со бугарски национални ознаки, управувано од К.А.(29) од Пробиштип, излетало од патот, притоа удирајќи во четири паркирани возила:  три возила “Голф“и едно возило “Опел Корса“.Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Јавната здравствена установа во Пробиштип, а потоа и во Клиничката болница во Штип за укажување на лекарска помош.Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од Полициската станица Пробиштип и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Заев: Сите знаат, а знае и Мицкоски дека тоа што го бара моли бога да не се случи

На прашањето дали ќе го прифатат предлогот на Мицкоски за вонредни парламентарни избори заедно со претседателските, тој изјави дека заедно со највисоките органи и тела на СДСМ ќе го отворат ова прашање.„Македонија треба да го искористи ова пред се за економијата и реформите. Сите знаат, а знае и Мицкоски дека тоа што го бара моли бога да не се случи, но бара првиот човек на опозцијата, затоа ќе размислиме. СДСМ заедно со своите највисоки органи и тела најборзо можно ќе го отвори ова прашање, следуваат претседателски избори и е вредно за размислување. На Македонија и треба отворена врата за да може да напредува. Ш том ќе донесеме одлука тоа ќе го соопштиме“, изјави Заев.Тој додаде дека политички за СДСМ и останатите партии е посакувано да има избори бидејќи тоа е можност за нови 4 години власт. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Zaev

Заев: Фала богу не е потребен потпис од Иванов за вчерашните одлуки во Собранието

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција рече дека не е потребен потписот на Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.„Фала богу не е потребен потпис од Иванов. Вчера парламентот донесе одлука за прогласување на амадманите и законите и за нив не треба потпис од Иванов. Тие веднаш ќе излезат во службен весник“, изјави Заев. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Се преврте возило на патот Скопје-Тетово, возачот со тешки телесни повреди

На 11.01.2019 година околу 17,30 часот било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, во близина на клучка Кондово, патничко моторно возило “БМВ“, управувано од В.М. (43) од Тетово, удрило во металните одбојници и се превртело.Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники “Мајка Тереза“.Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил изршен увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
priveden

(ВИДЕО) Приведени браќата од „Пука козметика“ на синоќешниот протест пред Собранието

Раперот Жарко Масларковски од дуото „Пука козметика“ синоќа бил приведен на протестот пред македонското Собрание. Видео од привеувњето синоќа објави својот Фејсбук профил неговиот брат Дарко.Приведувањето се случило додека Дарко имал обраќање во живо и покажува како најпрвин неговиот брат е легнат на улицата пред Собранието и потоа со лисици на рацете е внесен во комбе. На снимката може да се слушне и дека тој обвинува еден од полицајците дека го удрил.https://www.facebook.com/puka.kozmetika.3/videos/10156111860523367/Од МВР велат дека приведените нападнале полицец:„На 11.01.2019 година околу 21,20 часот на улицата “Димитрие Чуповски“ во близина на Порта Македонија, едно непознато лице физички нападнало полициски службеник. Лицето било приведено, но пред да биде внесено во службено возило дошло друго лице, кое исто така физички нападнало полициски службеник. Двете лица се приведени во Полициската станица Центар и било утврдено дека станува збор за Д.М.(35) и Ж.М.(35) од Скопје. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, соопштија од МВР.

Скопје | пред 7 години

7 год.
download

(ВИДЕО) Експлозија во центарот на Париз, повредени неколку лица

Во центарот на Париз утрово дошло до експлозија, а според неофицијални податоци повредени се 15 лица меѓу кои еден пожарникар.https://www.facebook.com/RTnews/videos/2500588726624725/Полицијата соопшти дека експлозијата веројатно била предизвикана од истекување на гас во пекара во центарот на градот. Портпаролката на полицијата во Париз изјави дека пожарникарите моментно се наоѓаат на местото на експлозијата. Таа рече дека неколку лица биле повредени, но за среќа загинати нема.https://twitter.com/Jetlumm/status/1084008343784566784?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1084008343784566784&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3023136-cuo-se-uzasan-prasak-staklo-i-namestaj-bili-su-svuda-parizani-u-vesu-i-pizamama-izleteli-napolje-ovo-su-prvi-snimci-sa-ulica-pariza-foto-videoКако што изјави таа засега точниот број на повреди не се знае. Голем број полицајци, како и тимови на Брзата помош се присутни на самото место, а од населението се бара да ја избегнува областа каде што се случила експлозијата. 

Свет | пред 7 години

7 год.
vakcini

Во Охрид, Струга, Вевчани ... вакцини со погрешни декларации

По изврешента внатрешната контрола, со сите здравствени домови во државата, пронајдени се 635 кутии од МРП вакцината, со залепена погрешна декларации.Вакви вакцини има во здравствените домови во Охрид, Струга, Вевчани, Крушево, Велес, Демир Хисар, Крива Паланка и Скопје.Спротиво на ова од министретсвото за здавство уедуваат дека Сите дози од МРП вакцината се со добар и проверен квалитет од реномираниот европски производител „Глаксо Смит Клајн“ од Белгија. МРП вакцината е безбедна и произведена во Европската унија. Има два сертификати, за квалитет од производителот и од контролна лабораторија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobrakajka

Почина 15-годишнo девојче од Струмица во сообраќајна несреќа

На 12.01.2019 година во 04,30 часот било пријавено дека на излез од Струмица кон с.Дабиле, патничко моторно возило „Фолксваген кеди“ со струмички регистерски таблици, управувано од Ф.С.(21) од с.Радово-струмичко, излетало од патот.На местото на настанот починала сопатничка на возраст од 15 години од с.Радово-струмичко. Возачот и другата сопатничка Н.С.(20) со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Медицинскиот центар во Струмица за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот се врши од страна на увидна екипа од СВР-Струмица

Македонија | пред 7 години

7 год.
Slika-Frosina-18-12

Ременски: Без патетики молам, времето ќе докаже дека ова е една од најисправните одлуки

,,Без патетики молам !Најголем дел од оние кои кукаат, лелекаат, колнат, проколнуваат и плачат на тоа што никогаш не умрело, ниту пак ќе умре, можеби никогаш во животот не биле во позиција да одлучуваат за Македонија во вистинска смисла на зборот“, напиша пратеничката Фросина Ременски на Фејсбук.„Суети, политиканство, квазипатриотизам, лажна скромност, кариеризам и што ли уште не, беше вткаено во ,,многуте обиди” да се затвори овој децениски спор кој однесе многу изгубени генерации.Со проблемот растеа и се пензионираа генерации политичари. Од реториката за него ,,профитираа” многумина, се напишаа томови историја и се дадоа тони аргументи за таа наша, пуста македонска историска обесправеност.Се одеше до Александар и отаде него, за да се покаже колку е голема оваа наша Македонија во која живееме денес.Во ,,одбраната” на ова парче земја многумината успеаја да не скараат во таа пуста битка да се докаже дека тој што ја ора нивата е помалку заслужен за плодот, од оној што го собира плодот. Но, новото време не е време на патетики.Тоа што денес покажавме дека, историјата со себе носи уникатни моменти на избор помеѓу патишта по кои ќе газат идните генерации е само уште еден историски доказ дека, најважните и најхрабрите одлуки и чекори за Македонија ги презеле малкумина кои знаеле дека тоа е единствениот пат за иднината и опстанокот на својот народ и својата земја. Така било од Илинденско до денес.Успеавме да прекинеме една спирала на брутални минирања на највизионерските одлуки за Македонија од Илинден до денес.Времето ќе докаже дека, тоа што денес (во овој микс на радост и патетика, славење и тага, пофалба и клетва, љубов и омраза) изгледа или се именува како предавство, пораз и умирање, ќе биде една од најисправните одлуки за победа и зачувување на тоа македонското кое толку многу се брани.Доказот за исправноста на оваа одлука не ја барајте во овие генерации. Барајте ја во признанието од младите генерации кои за овој ден ќе зборуваат со поголема слобода за тоа кој бил на вистинската страна на историјата.Затоа, уште еднаш …, без патетики.Тој што вели дека ќе умре, ќе исчезне, ќе го снема, нема да постои, дека бил продаден, тој истиот се сомнева дека воопшто постоел, живеел и бил суштина.Македонија чекори по патот на извесна и стабилна иднина !“- вели Фросина Ременски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Jane-Cento-696x371

Ченто: Борбата за македонската држава никогаш не запрела, нема откажување

Внукот на Методија Андонов Ченто - Јане Ченто преку социјлната мрежа фејсбук порача дека Македонија повторно ќе ја огрее сонце. Ченто напиша дека ако човек има сон треба да го чува и да не се откажува и за тоа нешто мора да се бори. Ченто вели дека борбата за македонската држава никогаш не запрела и дека сега не смееме да се откажуваме.Македонија ќе ја огрее сонце и запомнете, ниту еден човек не е поразен доколку во него сѐ уште има храброст, така е и со државата.https://www.facebook.com/slobodazacentojane/posts/2150414631668039Државата е народот, а народот сме ние.Ако имате сон, треба да го зачувате, а не да се откажувате, лесно е да се откажеме.Ако сакате нешто, борете се за тоа.Никогаш нема да застанеме заради тоа што се чувствуваме поразени денеска.Патувањето до другата страна е достижно само откако ќе искусиме големи страдања.Впрочем, борбата за македонска држава никогаш не запрела.Нема откажување.Немојте да се обесхрабрувате.ЗАПОМНЕТЕ ГО ТОА.Да живее Република Македонија!!!жСмрт за фашизмот – Слобода за СЛОБОДАТА.

Македонија | пред 7 години

7 год.
durlovski

Дурловски: После ова ќе се обединиме сите посилни и сплотени во ИДЕЈАТА ЗА МАКЕДОНИЈА!

Откако 81 пратеник кренаа два прста и Македонија стана Северна, на својот фејсбук профил се огласи Игор Дурловски. Тој напиша:„После оваа агонија, смртта ќе ги одвои телото и духот на татковината. Телото ќе се распаѓа, а духот ќе стане #светлина. Ќе се обединиме сите кои живееме во верба и надеж, посилни и сплотени во ИДЕЈАТА ЗА МАКЕДОНИЈА!“Инаку оперскиот пеач Игор Дурловски не прифати амнестија, тука рече дека ќе ја докажува својата невиност.Во моментот кога му беше понудена амнестија неговата првата реакција, во замена гласање за договопрот со Грција за северна МАкедонија тој напиша:„Подарена слобода на неправедно обвинетиот, прифатена како милост од ,,горе”, ќе биде претежок товар врз плеќите на еден родител, пријател, Македонец, кој цел живот се бори токму за една ВИСТИНСКА…СЛОБОДА!“

Македонија | пред 7 години

7 год.
sela-2

Алијанса за Албанците: Успеавме да направиме измени во Уставниот закон, при што Северна Македонија и правно се граничи со Република Косово

Како проевропски определена сила, Алијансата за Албанците не само што ги поддржа, туку беше и составен дел на уставните промени, поддржувајќи го референдумот и гласајќи во Собранието за Договорот од Преспа, кој се однесуваше на Договорот помеѓу Грција и Македонија за решавање на спорот со името, велат од Алијанса за Албанците.„Алијансата за Албанците активно учествуваше во овој процес уште од потпишувањето на Договорот од Преспа на 12 јуни 2018 година, уверувајќи истовремено дека главните загрижувања на Албанците во Република Македонија ќе се посочат при предлагање на уставни амандмани.Како конструктивна опозиција, обезбедивме да духот на Уставот ја промовира целосната еднаквост помеѓу сите заедници во земјата, штитејќи го во него идентитетот на Албанците во одредбите кои се однесуваат на преамбулата и на прашањето за државјанство.Алијансата за Албанците, исто така, во рамките на уставните измени успеа да направи измени во Уставниот закон, при што Северна Македонија и правно се граничи со Република Косово“, велат од партијата.Оттаму додаваат дкеа го очекуваат крајот на ратификација на Преспанскиот договор од страна на нашите соседи Грци, го повикаа премиерот Заев да рефлектира врз историската задача пред нас. Периодот на простување на неговата влада, заврши денес.„Нашите меѓународни поддржувачи во Европската Унија и Соединетите Американски Држави, имаат инвестирано невидени ресурси за да обезбедат Република Македонија да пристапи во НАТО и во Европската Унија, далеку од Русија и од други влијанија од истокот, времето на пофалби заврши денес. Истото важи и за нашите граѓани кои подолго време ја толерираа корупцијата и сиромаштијата во полза на поголема кауза.Почнувајќи од утре, нашата држава има помалку од пет месеци пред Европскиот совет во јуни 2019 година да иницира и спроведе сеопфатни реформи за враќање на владеењето на правото, ефикасна борба против корупцијата, обезбедување независност во судството, како и деполитизација на јавната администрација.Секое потфрлување во постигнување на значајни и конкретни резултати во погоре наведените приоритети, ќе им даде силни аргументи на земјите-членки на ЕУ кои се скептични кон проширувањето, за да уште еднаш го одложат отворањето на преговори за членство во ЕУ за нашата земја, по европските избори кои се очекува да ги зајакнат евроскептичките и анти-имиграциските сили низ целиот континент.Покрај тоа, сега кога Договорот од Преспа е позади нас, нашите граѓани нема повеќе да толерираат празна реторика за реформи. Тие сакаат работни места, економски раст, владеење на правото и враќање на надежта, така што иселувањето да не биде повеќе единствената перспектива која им се нуди.Сепак, јасно е дека влада која е заснована на половина од режимот на Груевски и каде што низа министри или се под истраги за коруптивни афери или биле вклучени во судир на интереси и злоупотреби на државни пари, не може да ја тера напред една таква агенда.Вонредните состојби бараат вонредни мерки. На Македонија сега и се потребни нови избори за да се обезбеди влада која има легитимност и смелост да преземе сеопфатна трансформација на земјата во вистински европски дух“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tevdovski-1-777x437

Се воведуваат е-планови и е-жалби за потранспарентни јавни набавки

Плановите за јавни набавки на институциите од годинава ќе се објавуваат на електронскиот систем за јавни набавки. Исто така, ќе можат да се поднесуваат и електронски жалби. Со овие новини на системот, кои се предвидени со новиот Закон за јавни набавки, ќе се зголеми транспарентноста и ќе се поедностават постапките за јавни набавки.Ова беше истакнато на средбата на министерот за финансии Драган Тевдовски и директорот на Бирото за јавни набавки Бардул Насуфи, при работна посета на министерот на Бирото.„Главен фокус годинава ќе биде ставен на новите функционалности на електронскиот систем за јавни набавки според новиот закон. Дел од тоа се и новите модули е-планови и е-жалба. Исто така, ќе се воведе и електронско архива на постапките со што ќе се обезбеди чување на податоците во системот во изворна електронска форма.Помеѓу останатите надградби и подобрувања, на понудувачите во жалбениот период ќе им се овозможи увид во целокупната документација од постапката на која учествувале. Со тоа во голема мера ќе се зголеми довербата во жалбениот процес.Инаку минатата година беше изработен нов Закон за јавни набавки, кој значително го подобрува системот за јавни набавки во земјава и го усогласува со европските директиви. Како што истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на повеќе наврати, законот ќе обезбеди рационално трошење на државните пари, слободна и фер конкуренција и транспарентност при јавните набавки. Законот предвидува воведување на економски најповолната понуда како единствен критериум за доделување на договорите. Ова ќе ги отклони негативностите кои произлегуваа од критериумот најниска цена, како послаб квалитет или трошоци за поправки кои ја чинат државата многу повеќе.Новиот закон содржи и решенија кои ќе ги заштитат правата на работниците кои учествуваат во извршувањето на договорите за јавна набавка, како и подизведувачите. Исто така, се воведуваат одредби кои се однесуваат на вклучување на социјални аспекти во постапките за јавни набавки, односно  резервирани договори со цел поттикнување на инклузивен раст и вработување социјално загрозени групи.Законот е во собраниска процедура и се очекува да се отпочне со негова примена од април месец оваа година“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Poster-za-cistenje-odzaci

Град Скопје продолжува со доделување субвенции за чистење на оџаците

Градот Скопје продолжува со доделување субвенции за чистење на оџаците, со цел намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.За таа цел Град Скопје го објави Јавниот повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти  на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2019 година.Со овој повик, Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари, а на јавниот повик можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.Јавниот повик трае заклучно со 30.11.2019 година, и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“, односно до реализирање на средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2019 година.За надоместување на дел од трошоците и докажување дека критериумите за учество се исполнети, барателот до Градот Скопје треба да ги достави следните документи:- Барање за надоместок (Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот: www.skopje.gov.mk);- Доказ за жителство во град Скопје: Фотокопија од лична карта или пасош;-Фотокопија од трансакциска сметка / жиро-сметка;- Доказ за правен субјект: Тековна состојба не постара од 6 месеци;-Оригинал потврда за реализирано чистење на оџак, потпишана од стручното лице што го исчистило оџакот, и- Оригинал фискална сметка од фирмата регистрирана за дејност чистење на оџаци (шифра 81.22 согласно со Националната класификација на дејности).Барањето за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да се достави во затворен плик до Град Скопје бул. Илинден бр.82, во архивата на Град Скопје, секој работен ден од 08:30 до 15 часот.Целта на овој проект е намалување на загаденоста на амбиентниот воздух во градот, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централно греење, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно чистење и одржување на оџаците. Мерката има цел да постигне краткорочни и некои подолгорочни ефекти, како што се постигнување на подобро согорување, намалување на штетните отпадни гасови, појава на саѓи и трошоците за затоплување, како и подигнување на јавната свест кај граѓаните за потребата за чистење на оџаците.За потсетување, Град Скопје оваа мерка ја реализираше и во 2018 година, кога беа доделени 269 субвенции. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
1-5

Сите институции се подготвени во случај на нови врнежи од снег

Вчера, во просториите на Центарот за управување со кризи, се одржа 10-та седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи со кој претседава министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. На седницата беше анализирана состојбата со врнежите од снег, ниските временски температури и отсечени/завеани населени места во Република Македонија.Членовите на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, секој во својот делокруг на надлежност, ги презентираа информациите со кои располагаат во однос на состојбата, со акцент на најкритичните точки кои имаат итна и неопходна потреба за теренска интервенција и констатираа дека службите на сите надлежни институции навремено, одговорно и професионално имаат пристапено при справување со состојбата поврзана со снежното време.Согласно најавите од страна на УХМР за нови снежни врнежи во наредниот период, a со цел уште поголема ефикасност во справувањето, Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи донесе неколку заклучоци: Сите граѓани на Република Македонија коишто сметаат дека се загрозени, како и сите граѓани коишто имаат сознанија дека други граѓани може да бидат загрозени од снежното време и ниските временски температури, да се јават на бесплатниот телефонски број 195 во Центарот за управување со кризи, со цел нивно понатамошно навремено доставување на информациите и податоците до сите надлежни институции; Да се активира Главниот штаб, истиот да биде во континуирано заседание и да се следат тековно состојбите предизвикани од снежното време и ниските временски температури во Република Македонија; Главниот штаб имајќи ги предвид временските прилики, како и расположливата опрема (материјално – технички средства, механизација и слично), во соработка со сите надлежни институции (Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Дирекцијата за заштита и спасување, Армијата на Република Македонија) во текот на денешниот ден да направи прецизна процена на состојбите на терен, план за постапување и идентификација на итни потреби согласно теренската состојба, како и потреба и локации за доставување на хуманитарна помош, храна и лекови. Полициските сили на Министерството за внатрешни работи и припадниците на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија да бидат подготвени за итни интервенции доколку е потребно; Министерството за внатрешни работи, во соработка со ЈП „Македонија пат“ да го зголемат бројот на дежурни служби и сообраќајни контроли и патроли, особено на повисоките места, кои ќе ги предупредуваат возачите за задолжително поседување на зимска опрема, но и медицинска кутија за прва помош, а по потреба ќе информираат и за забрани за движење и пренасочување на тешки товарни возила; Сите институции да бидат во постојана комуникација и координација, во функција на навремено преземање на превентивни мерки и активности и притоа сите информации и активности што се поврзани од снежното време и ниските временски температури во Република Македонија, навремено да бидат доставувани до Центарот за управување со кризи, со цел нивно понатамошно дистрибуирање и навремено постапување; Возилата и механизацијата на ЈП „Македонија пат“ да бидат во постојан и континуиран ангажман, со цел одржување на возната состојба на патиштата и нормална проодност на истите; Министерството за труд и социјална политика, во соработка со Црвениот крст на Република Македонија, веднаш да ги преземе сите потребни активности за навремено и превентивно згрижување на сите бездомни лица, не само од територијата на Град Скопје, туку од целата територија на Република Македонија, како и навремено доставување на неопходни лекови или други медицински средства и слични неопходни потреби; Министерството за здравство, во текот на денешниот ден, во сите служби за итна медицинска помош низ Република Македонија да подготви план за постапување, да определи број на екипи и протокол за функционирање и постапување во услови на постоење на снежно време и ниски временски температури во Република Македонија; Министерството за здравство, во соработка со Агенцијата за лекови веднаш да направат анализа/проценка за евентуална потреба од достава на лекови до граѓаните кои имаат потреба од достава на лекови, а особено да се направи проценка преку системот на Управата за електронско здравство за тоа на кои лица кои примаат хронична терапија ќе им биде потребно достава на лекови, согласно подрачјето на живеење, особено во повисоките места; Министерството за здравство веднаш да достави наредба до сите ургентни центри во Република Македонија, со цел нивна целосна подготвеност и мобилност (со материјал, опрема и кадар) во случај на зголемена потреба од давање на здравствени услуги за време на снежното време и ниските временски температури во Република Македонија; Сите градоначалници веднаш да ги стават во користење сите расположливи ресурси (материјално – технички, кадровски, опрема, механизација и слично), а доколку имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси, во случај да не можат да се справат со снежното време преку своите расположливи ресурси/или при нивно целосно исцрпување, во тој случај да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување; Сите градоначалници веднаш да ги мобилизираат кризните штабови во нивните општини и во нив да ги вклучат локалните претставници од Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sunderland1-830x0

Украл ротациско светло од полициско возило, полицијата бара помош од граѓаните

Полицијата во Велика Бристанија започна потрага по момче кое украло ротациско светло од полициско возило.Според медиумите ова е лош потег на момчето, бидејќи тој бил снимен од надзорните камери.На фотографиите може да се забележи како момчето држи сино ротациско светло и изгледа задоволно поради тоа што го направил.Инцидентот се случил на 26 декември 2018 година околу 5 часот утрото, а полицијата побара од граѓаните да се јават доколку имаат некаква информација за него.

Свет | пред 7 години

7 год.
49721928_353393875477702_3728138725117394944_n

СДСМ: Целиот демократски свет им честитаа на историската одговорност на пратениците и граѓаните

Со усвојувањето на уставните измени имплементиран е Договорот од Преспа со јшто се отвораат перспективите кон светла македонска иднина во ЕУ и НАТО, велат од СДСМ.„Целиот демократски свет, Европската унија, САД, НАТО, Германија, Велика Британија, Европската комисија, Австрија и други го поздравија усвојувањето на измените на Уставот, честитаа на историската одговорност на пратениците и граѓаните и ја потенцираа нивната натамошна поддршка во процесот на интеграција во двата најмоќни сојузи во светот.Сами, без поддршка од граѓаните и целосно изолирани остана раководството на ВМРО-ДПМНЕ, Јанко Бачев и неговиот портпарол Христијан Мицкоски.Дебакл за маргинална група верна на кукавицата Никола Груевски, осамена во поразените политики на деструкција и изолација.На страна на граѓаните, напредокот и иднината е целиот демкократски свет, прогресивните демократски сили во државата.Македонското едно општество се издигна над политките на изолација и поделби, идентитетот е загарантиран, а македонската иднина во ЕУ и НАТО е обезбедена“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
hasim-taci-990x556-696x391

Хардинај и Тачи го поздравија изгласувањето на уставините измени во Собранието

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај и претседателот на државата Хашим Тачи го поздравија изгласувањето на амандманите на Уставот.„Го поздравувам изгласувањето на уставните измени во Собранието на Македонија за промена на името во Република Северна Македонија, како голем чекор на патот кон евроатлантските интеграции на соседната држава. Овој настан, кој е значаен за новата историја на Западен Балкан, претставува надеж дека нашиот регион оди во правец на еден опстоен мир. Го поздравувам мојот хомолог Зоран Заев за докажаната прозападна визија, како и Албанците од Македонија за клучната улога во овие промени“, напиша косовскиот премиер Рамуш Храдинај на Фејсбук.Косовскиот претседател, Хашим Тачи на Фејсбук напиша дека на овој начин Македонија направила голем чекор напред со што ги отвора перспективите за политичка стабилност.„Република Македонија или Северна Македонија, како што се именува сега, направи голем чекор напред, отворајќи ги перспективите за политичка сабилност, продолжување на реформите и интегрирање на земјата во северноатланските интеграции, со што им гарантира подобар живот на своите граѓани и на новите поколенија“, напиша Тачи на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Соборени израелски ракети над Дамаск

Сириската противвоздушнаодбрана собори неколку ракети над Дамаск, јави државната телевизија.Ројтерс пренесува дека сириските сили ги собориле повеќето од израелските ракети кои биле испукани врз предградие на Дамаск од страна на израелски борбени авиони.„Израелската агресија беше ограничена на напад врз складиште на аеродром близу Дамаск“, јави телевизијата.

Свет | пред 7 години

7 год.
1-3-1

ВМРО-ДПМНЕ: 81 пратеник вчера донесоа срамна и незаконска одлука со која ја негираат волјата на македонскиот народ

СДСМ изврши незаконска, противуставна и насилна промена на уставното име на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„81 пратеник вчера донесоа срамна и незаконска одлука со која ја негираат волјата на македонскиот народ изразен на референдумот од 30 септември, кој не беше успешен и со тоа никој во државата нема легитимитет да постапува во спротивност на истиот.Со договорот од Преспа се нанесува огромна штета врз македонската држава и македонскиот народ. ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се што е во негова моќ оваа неправда да биде исправена.Неправдата не смее да остане. СДСМ покажа дека ја води државата во погрешен правец. Токму затоа треба да си замине. ВМРО-ДПМНЕ бара распишување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, за оваа криминогена власт која и нанесе голем број на порази на државата и ја зацрни нејзината иднина да си замине“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања