„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
Kvebek-terotisticki-napad-3-620x350

(ФОТО) Автобус удри во автобуска постојка, неколку лица го загубија животот

Неколку лица го загубија животот, а најмалку 17 се повредени кога автобус на два ката удрил во автобуска постојка во Отава, Канада.Началникот на полицијата, Чарлс Бордел изјави дека има неколку жртви, но не кажа точен број.Од болницата во Отава изјавија дека примиле девет пациенти кои биле во критична состојба.На фотографиите објавени на социјалната мрежа Твитер може да се забележи дека предниот дел од автобусот е оштетен, а горниот дел од автобуската постојка е забиен во вториот кат од автобусот.https://twitter.com/ChannelNewsAsia/status/1083961795415429120?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1083961795415429120&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3023111-nesreca-u-kanadi-autobus-na-sprat-se-zakucao-u-stajaliste-ima-zrtava

Свет | пред 7 години

7 год.
h_53852795

Коѕијас: Северна Македонија, добредојде во нашите животи

Поранешниот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, го поздрави гласањето во македонскиот парламент коментирајќи дека историјата треба да биде училиште, а не затвор, пишува грчкиот весник „Катимерини“.„Разговарав со премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Се присетивме на тешкотиите, заморот, тензиите, довербата и надежта со кои се соочивме додека работевме на договорот. Сонувавме за заедничка иднина на двата народа. Северна Македонија, добредојде во нашите животи“, напиша Коѕијас на Твитер.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-cipras

Ципрас со честитка до Заев за успешното завршување на процесот на ревизија на Уставот

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, му честиташе на Зоран Заев за исходот од парламентарното гласање за уставните измени поврзани со договорот за името со Грција, соопшти кабинетот на Ципрас.„Премиерот Алексис Ципрас контактираше со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев и му честиташе за успешното завршување на процесот на ревизија на Уставот, врз основа на Договорот од Преспа“, соопшти кабинетот на Ципрас.Во Собранието вчера со 81 глас „За“, пратениците ги изгласаа уставните амандмани.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Stoltenberg-Zaev

Заев и Столтенберг разговарале телефонски, честитки до граѓаните и пратениците

Премиерот Зоран Заев преку својот Фејсбук профил им честиташе на граѓаните и пратениците за преземената одговорност и воедно му се заблагодари  за честитката на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, со кој вечерва разговарале телефонски.„Им честитам на граѓаните и на пратениците за преземената одговорност за уставните измени со којашто заедно ги отворивме вратите на НАТО и ЕУ за Република Македонија.Во исто време, изразувам благодарност до генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за честитката којашто телефонски ми ја упати вечерва, и со која на сите граѓани на нашата земја го честита историскиот успех и новите перспективи кои се отвораат пред нас“, напиша Зоран Заев.Во Собранието вечерва беа усвоени уставните измени, со кои Македонија се обврза да го промени името во Република Северна Македонија

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сончево време со мала до умерена облачност

Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските и претпладневните часови по котлините со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен умерен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Утринската температура на целата територија на државата ќе биде под нулата, а во одредени места ќе достигне и до -14 степени, додека дневната ќе се движи од -5 до 4 степени.Во Скопје не очекува сончево време со мала до умерена облачност и температура од -8 до -2 степени.Во недела попладне облачноста ќе се зголемува, а во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Македонија | пред 7 години

7 год.
UGTPZ-pat-sneg-kamion

Забрана за камиони на патните правци Маврово-Дебар и Дебар-Струга

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози,наместа со остатоци од кашест снег.„Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар.Забрана за сообраќај за автобуси има на патниот правец Тетово – П.Шапка.Од превентивни причини во 16.30 ч вчера е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Дебар – Струга.На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
proslava-po-glasanjeto

(ФОТО) Џафери пуши, но се е дозволено кога се слави нели?

На прослава се дозволува се, па дури и во законодавниот дом. Оние кои ги носат законите и кои први треба да ги почитуваат, очигледно прават отстапки.На денешната прослава по собраниската седница на која беа изглесани уставните имени, покрај пијалок се запали и цигарче но и пура.Само за потсетување Владата во 2017 правеше измани во закон за пушење. Според новиот закон , не смее да се пуши во локалите каде се служи храна, а дали ќе се пуши во кафулињата ќе одлучат самите угостители. Тие одлучуваат да изберат дали сакаат во нивниот локал да се пуши и за тоа да платат лиценца или ќе останат на сегашното решение, пушењето и понатаму да биде забрането кај нив.Така е во кафулињата. А како е во законодавниот дом. Сега засега знаеме дека има налепници насекаде дека НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПУШИ. Но, за кого важат овие предупредувања?

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Столтенберг со честитка до Заев за успешното гласање во Собранието

Генералниот сектретар на НАТО Јенс Столтенберг, преку Твитер му честиташе на Заев за успешното гласање во Собранието.„Му честитам на премиерот Зоран Заев за собраниското финално гласање на Договорот од Преспа. НАТО силно го поддржува целосното имплементирање на Договорот, што важно допринесува до стабилен и просперитетен регион – напиша Столтенберг на Твитер.

Македонија | пред 7 години

7 год.
proslava-po-glasanjeto

(ФОТО) Заев, Џафери, Ахмети и останатите слават за Северна Македонија

По завршивањето на собраниската седница прослава за успешно завршената работа.Инаку со 81 глас „за“ вечерва беа изгласaни амандманите за промена на Уставот. Со тоа од македонска страна нема пречка за имплементација на Договорот од Преспа. Сега следува негово гласање во грчкиот парламент.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Курц: Ова е охрабрувачки и голем чекор напред за пристапување на Северна Македонија во ЕУ

Aвстрискиот канцелар Себастијан Курц, преку својот Твитер профил го поздрави изгласувањето на уставните измени.„Усвојувањето на уставните измени од Парламентот во Скопје денеска е многу охрабрувачки и голем чекор напред во процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Се надеваме дека со ова се создава позитивен импулс во целиот регион. ЕУ е комплетна кога сите земји од Западен Балкан се приклучија“, напиша Курц.https://twitter.com/sebastiankurz/status/1083795568009318407?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1083795568009318407&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fmakedonija%2Fpolitika%2Fkurc-ova-e-chekor-napred-za-pristapuvanje-na-severna-makedonija-vo-eu

Македонија | пред 7 години

7 год.
stojnce-stoilov

Стоилов: За мене секогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА !!!

Стојанче Стоилов не издржа, објави емотивен коментар на својот профил на социјалната мрежа фејсбук. Тој напиша:„Ментално нестабилни сме сите у државава што дозволуваме вака да ни прават !!!Срам да ни е на сите….За мене секогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА“ !!!https://www.facebook.com/stole.stoilov/posts/10217947473019683Инаку македонскиот пикер Стојанче Стоилов, денеска беше прогласен за најдобар играч на средбата каде Македонија ја совлада Јапонија на светското првенство во ракомет.Стоилов е мошне емотивен кога ќе се спомене Македонија и македонскиот идентитет. На крајот од месец декември македонскиот ракометен репрезентативец, Стојанче Стоилов демонстративно си замина од манифестацијата на Агенцијата за млади и Спорт, „Спортист на годината“ затоа што за прв пат годнава на оваа манифестација се боруваше и на албански јазик.

Македонија | пред 7 години

7 год.
8fe0aef5abc446d46994a4ffd519dbff

Албански министер: Придонесот на албанскиот политички фактор повторно се покажа како одлучувачки фактор

По изгласувањето на уставните амандмани во Собранието, Министерот за Европа и надворешни работи, Дитмир Бушати на Твитер напиша дека придонесот на албанските политички партии во Македонија уште еднаш се покажал како одлучувачки фактор.„Конечното гласање на Преспанскиот договор во Парламентот на Македонија претставува јасна потврда на политичката способност за деблокирање на патот кон НАТО и ЕУ. Придонесот на албанскиот политички фактор повторно се покажа како одлучувачки фактор. Честитки“, напиша Бушати. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
pogreb-makedonija

IN MEMORIAM: Република Македонија

Лавина од коментари на социјалните мрежи предизвикаја денешната седница на која беа изгласани уставните измени. Клетви, неверување од една страна и среќа и задовлство од друга страна. За едните Македонија почина денеска, за другите земјава конечно тргна да го оди вистинскиот пат.Проклети да сте предавници е најчестиот пост кој се постира вечерва, или пак оној каде тагува за починатата земја.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров: Горд сум што сум на вистинската страна од историјата

По изгласувањето на уставните амандмани во Собранието, Министерот за надворешни работи, Никола Димитров се огласи на Твитер.”Испишуваме историја со отворање на нашата иднина. Докажавме дека чуда се можни. Покажавме дека сме Европејци, не само географски, туку и според европските вредности. Горд сум што сум на вистинската страна од историјата”, напиша Димитров на Твитер.https://twitter.com/Dimitrov_Nikola/status/1083795451793551360

Македонија | пред 7 години

7 год.
Zaev

СДСМ: Мицкоски, Груевски, Бачев и Иванов работеа против граѓаните и против ЕУ и НАТО, но не успеаја

Засекогаш ќе остане запаметено: Мицкоски, Груевски, Бачев и Иванов работеа против граѓаните и против ЕУ и НАТО, но не успеаја, велат од СДСМ.„Победи сигурната иднина наспроти темното минато.Победи напредокот наспроти кочењето и блокадите.Победи вистинскиот патриотизам наспроти служењето за туѓи антизападни интереси.Граѓаните се горди на сите пратеници кои го поддржаа членството во НАТО и ЕУ со заштитен и загарантиран македонски идентитет.Кога ќе има избори не зависи од Мицкоски, туку од приоритетите на граѓаните и државата.А портпаролот на Бачев, Христијан Мицкоски, може да се спрема само за нов пораз на кои било избори.Антизападниот Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат поразени токму од граѓаните на следните парламентарни избори, без разлика кога тие ќе се одржат.Граѓаните нема да дозволат нов Иванов,ниту нов Груевски.ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот на Мицкоски и Груевски ќе се соочат со пораз на претседателските избори годинава“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
49614633_2010774012562955_2459227316534902784_n

(ФОТО) Министерот Филипче ја вакцинира својата внука со игла со капаче

Веќе одреден период Министерството за здравство преку прес-конференции и кампањи на социјалните мрежи повикува родителите да ги вакцинираат своите деца со вакцината МРП.Министерот за здравство, Венко Филипче пред неколку дена на Фејсбук објави дека ја вакцинирал внуката Илина, во обид да ја охрабри македонската јавност, а особено скептиците и заговорниците против имунизацијата.„Единствено добро што родителите можат да направат за своите деца е да им овозможат добро здравје, грижа и многу љубов. Утрово, во амбулантата Млин Балкан ја вакциниравме мојата внука Илина. Вакцините се безбедни, ефикасни и нѐ заштитуваат од разни болести“, напиша Филипче на Фејсбук.Но, денес на социјалните мрежи се појави истата фотографија од блиску, па многумина ја наметнаа идејата дека всушност станува збор за игла со капаче.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
dzes-bejli12-620x336

Честитки и од Бејли: Македонија донесе историска одлука

Македонија донесе историска одлука, вашето Собрание гласаше за да ги усвои уставните измени што се потребни за да се имплементира Договорот од Преспа со Грција, истакна американскиот амбасадор Џес Бејли во неговото обраќање по усвојувањето на уставните измени.https://www.facebook.com/USEmbassyMacedonia/videos/317392068890376/

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski

(ВМРО) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ бара распуштање на парламентот и одржување на вонредни избори заедно со претседателските

„Денес ИК  на ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратеничката група беше во постојано заседавање и ги донесе следните заклучоци:ВМРО-ДПМНЕ не ја подржува промената на Уставот со цел промена на името, идентитетот, културата и историјата и тој став е непроменет и се темели на партиската идеологија и е базиран на одлуката на народот потврдена на референдумите на 8 септември 1991 и 30 септември 2018.ВМРО-ДПМНЕ смета дека промената на Уставот со цел промена на уставното име, промената на идентитетот, кутурата и историјата се направи на насилен и криминален начин по пат на притисоци закани и пазарење. Одлуката за промена на името е одлука на 81 пратеник, не е одлука на Македонските граѓани. Со ова се суспендира волјата на граѓаните. Ова е чин на предавство.Со овој договор се нанесува штета на македонската држава. ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се што е во негова моќ оваа неправда да биде исправенаДенес се покажа дека Македонија со Заев губи и доколку овие луѓе од СДСМ останат на власт Македонија ќе продлжи да губи и на ова и на сите други полиња. Ова мора да престане да се промени, а ќе се промени доколку овие луѓе си заминат од власт. Поради ова ВМРО-ДПМНЕ бара распуштање на парламентот и одржување на вонредни избори заедно со претседателските.Почитувани граѓани, вие давате и земате власт затоа избори се потребни на кои народот ке има глас да каже каква Македонија сака: Северна Македонија на Зоран Заев или Македонија на народот .Овие црнила на Заев ќе бидат поразени, а Македонија ќе победи и зората ќе изгрее“, изјави Мицкоски на денешната прес-конференција. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
6-2

Комитите на ФБ: Пpeдaвcтвo не пpocтувaме! Сега ќе се насмевнете, затоа што се чувствувате безбедни, но ќе се смени се наскоро

Комитите се огласија на социјалната мрежа фејсбук. Тие напишаа:Нашата мајка штотуку беше силувана од 81 манијак, силувањето беше координирано од 1 организатор плус 1 директен помагач за надворешна употреба, плус 39 воајери, нејзини синови и ќерки, неми посматрачи на овој гнасен чин на групен инцест.Сите ќе одговараат пред судот на народот! Ни во гробовите нема да имаат мир, нивните имиња и презимиња ќе бидат погрдни зборови од најпоган вид, клетви од најстрашен вид, нивните ликови ќе бидат користени како карикатури, како црни ликови во човечката историја кои го продадоа својот род, калаштури врз чие тело е исфрлан секретот на најгнасното што постои и што го гази ова наше парче земја, секрет на душмани...Во продолжение лик од статусот на комитите на ФБ....https://www.facebook.com/KomitiZapad87/posts/2003535683034040

Македонија | пред 7 години

7 год.
mogerini-han

Честитки од Могерини и Хан за изгласаните уставни измени

Пристигнаа честитки за денешните уставни измени. Некој како само да чекаше за да ги испрати. Првите честитки до Владата пристигнаа од високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан.Според нив “ова е клучен чекор во спроведувањето на историскиот договор во Преспа”.“Политичките лидери и граѓаните ја покажаа својата решеност да ја искористат оваа уникатна и историска можност во решавањето на еден од најстарите спорови во регионот и решително да напредуваат на патот на Европската унија. ЕУ силно го поддржува овој договор кој создава пример за помирување за регионот и за Европа како целина.Во очекување на завршувањето на следните чекори што ќе доведат до целосна имплементација на Преспанскиот договор, Европската унија останува цврсто решена да продолжи да ја поддржува и да ја придружува земјата кон заедничката стратешка цел за интеграција во ЕУ”, изјавија Могерини и Хан.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања