„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
hasim-taci-990x556-696x391

Тачи: 2019 година ќе биде година на постигнување на конечниот договор меѓу Косово и Србија

Косовскиот претседател, Хашим Тачи на својот Фејсбук профил напиша дека 2018 година била година на косовската армија, а дека 2019 година ќе биде година на отворање на границата со Албанија и на постигнување конечен договор меѓу Косово и Србија.„Додека 2018 беше година на војската на Косово, годинава што тукушто ја почнавме ќе биде година на отворање на границата на Косово и Албанија и постигнување на конечниот договор меѓу Косово и Србија“, напиша Тачи на Фејсбук.

Свет | пред 7 години

7 год.
ubistvo

47-годишен маж приведен - расчистено убиството во Кичево

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при полициската станица од Кичево го расчисти убиството во Кичево.Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Х.Ј.(47) од гостиварското село Ќафа.Х.Ј. делото го сторил на 29.12.2018 околу 17 часот во угостителскиот објект „Гурман“, лоциран на улицата.„Борис Кидрич“ во Кичево, кога со неколку убоди со нож во пределот на градите, го убил М.С.(64)- сопственик на објектот.Х.Ј. е предаден на распит во Основното јавно обвинителство во Гостивар, а потоа ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-italija

Македонец барател на политички азил во Италија, дивеел на новогодишната ноќ, тепал се што му излегло пред очи

Во Италија уапсен Македонец кој на новогодишната ноќ пијан тепал луѓе на улица во гратчето Диано Мартина. При апсењето видно се спротиставил и на полицијата, пишуваат тамошните медиуми.Станува збор за македонски државјанин на возраст од 24 години, кој бил приведен и однесен на трезнење. Тој денеска бил експресно осуден на условна затворска казна од осум месеци.Обвинетиот, кој е барател на политички азил во Италија, пред судијата рекол дека бил толку пијан што на ништо не се сеќава.Откако полицијата по дивеењето го стигнале му ставиле лициси на насилникот, но лекарска помош морале да побараат и полицајците, кои велат дека спречиле поголем инцидент.

Свет | пред 7 години

7 год.
marija-serifovic

(ФОТО) Марија Шерифовиќ заврши на инфузии

Популарната поп пејачка Марија Шерифовиќ ден по Нова година заврши на инфузии. Таа сподели фотографија на социјалните мрежи, а според објавената локација таа е во хотел на Копаоник.Шерифовиќ новата година ја дочека работно, тезгарејќи и пеејќи за нејзините фанови.

Магазин | пред 7 години

7 год.
pino

МВР молчи, Пино сеуште го нема, мајката: Го барам по канали, полицијата празнува

На дваесет и шестгодишниот Пинета Секондо- Пино веќе 24 дена му нема траг. Тој последно бил виден во Ѓорче Петров на 10-ти декември, 22 часот навeчер.Оттогаш го нема заедно со неговиот автомобил, бела „Шкода" со таблички SK 1566 AP и двата мобилни телефони.Следното утро, во вторникот, требало да ја пречека мајка си, која доаѓала од Италија.Мајка му на Фејсбук пишува дека нејзиното дете го нема 24 дена моли за помош но и ги обвинува надлежните што не превземаат ништо.„Лута сум, лута како лавица! Дење го барам моето дете, а ноќе го молам господ мил да ми помогне. Додека јас преку ден идам по канали, паркинзи, по улици, по полиња околу обиколница на Скопје, скопската полиција сабота и недела не работи. Не им е гајле за моето дете! Важно синоќа беа во кафана да слават. Лута сум! И министри и премиер и се... важно дека не им е гајле ... Ќе ми се јават после Нова година“, стои во објавата на Фејсбукhttps://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2448127455261212&id=100001919445500

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Извлечено 21 тело од рушевините во Русија, се трага по уште 20 лица

За сега извлечени се 21 лице од рушевините на зградата во Русија.Градските власти изјавија дека се идентификувани 14 жртви, но и понатаму 20 лица се водат за исчезнати.Дел од станбена зграда на 31 декември се сруши како последица од експлозија на гас.Еден од жителите на зградата изјави дека доживеал новогодишно чудо, откако неговиот 11-месечен син е пронајден жив во рушевините, 36 часа откако се сруши зградата.Бебето е однесено во болница во Москва, има повреди на главата, скршеници, како и хипотермија, пренесува АП.Во Магниторск температурата се спушта и до 20 степени Целзиусови под нулата.Руската министерка за здравство изјави дека бебето ја поминало ноќта на интензивна нега и дека животот не и е загрозен. 

Свет | пред 7 години

7 год.
mvr

Трагедија: Во Прилеп младо момче пронајдено мртво во својот дом

Младо момче било пронајдено мртво во својот дом во Прилеп. Како што информираат од полиција, вчера во 14:50 часот Б.В. пријавила дека истиот ден околу 13:00 часот на улицата „Победа“ во Прилеп, во неговиот дом бил пронајден починат 24-годишниот Ј.С.Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без траги на насилство. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото лице е предадено за обдукција.

Македонија | пред 7 години

7 год.
avtopat-koli-3

Македонски државјанин возел со брзина од 254 км на час во Хрватска

Македонски државјанин на автопатот А3 во Хрватска возел со брзина од 254 км/час.Автомобилот кој имал германски таблички бил запрен од страна на полицијата во близина на Нова Градишка. Тој добил парична казна како и забрана за управување на возило од Б категоријаСпоред информациите возачот имал 31 година.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ФОТО) Меланија Трамп ја изненади јавноста со фотографијата на Инстаграм

Првата дама на САД, Меланија Трамп Новата година ја честиташе со селфи кое го објави на својот Инстаграм профил.Американската јавност беше изненадена од фотографијата бидејќи таа е црно бела, а може да се забележи дека некој од фотографијата е исечен. Повеќето сметаат дека тоа е Барон, синот на Меланија и Доналд Трамп.https://www.instagram.com/p/BsGTvXdgB6z/?utm_source=ig_embed

Магазин | пред 7 години

7 год.
ivona-1

Македонката Ивона Василеска, првенец на катедра по нуклерна физика во Москва

Македонија има многу млади умови кои животот го посветуваат на науката, но за жал таму некаде „расфрлани“ по светот, пишува порталот Факултети.мк.Таа е и соработник на ИТЕР, светска организација од Франција посветена на искористување на плазмата како нов вид енергија.Ивона Василеска, родена во Прилеп, растена во Струга, а образована во Русија. Факултет и магистерски студии од областа на атомска и нуклеарна физика завршила во Москва, како првенец на генерација, а сега е на докторски студии во Словенија. Таа е и соработник на ИТЕР, светска организација од Франција посветена на искористување на плазмата како нов вид енергија.Василеска во моментов е на докторски студии по нуклеарно инженерство во Словенија. Сега од лабораторски услови се префрлила на компјутерска симулација на плазмата, т.е. симулација на честиците при различни надворешни услови.- Затоа и се запишав на нуклеарно инженерство на Факултетот за физика во Љубљана. Образованието во споредба со Русија е сосема различно, јас сум навикната на еден друг систем на работа и на почетокот ми беше доста чудно, но се вклопив во средината. Како студент на докторски студии во земја различна од Русија, заклучив дека искуството што го стекнав во лабораторија и образованието што го добив од руските професори ме прави респектирана за разлика од другите студенти што студирале на европските универзитети. Тој руски принцип на работа ме направи да се одвојувам од другите и затоа ме гледаат поинаку тука, во Словенија.Оваа млада физичарка соработува и со ИТЕР, светска организација посветена на искористување на плазмата како нов вид енергија.- ИТЕР е еден вид светска организација која се наоѓа во Франција и се залага за изградба на најголемиот токамак, кој претставува уред каде што плазмата се задржува со помош на магнетно поле со цел да се достигне услов за термојадрен синтез, сличен на оној што го достигнува Сонцето. Па затоа мотото на ИТЕР е: „Целата енергија од Сонцето нека биде и на Земјата“, со тоа што ќе се искористи за добивање електрична енергија многу поекономична од онаа што ја имаме денес. Соработката се случи кога почнав да работам на еден проект со нив заедно, па така и мојот докторат е поврзан со нив - вели таа.Ивона одлично зборува руски и англиски јазик, а и словенечкиот брзо го совладала. Вели дека нема контакт со научниците од Македонија, но би сакала своето знаење да го искористи за подобрување на нашето образование.Таа сега е сконцентрирана на докторатот, а не ја исклучува можноста понатаму да работи за ИТЕР или во некоја друга научна установа во светов.- Можеби ќе се вратам во Македонија, никогаш не се знае, вели Василеска.извор: Факултети.мк

Магазин | пред 7 години

7 год.
UGTPZ-pat-sneg-kamion

Забрана за тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар

„Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози на повисоките места во западниот дел од државата. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви.Од 15.25ч поради врнежи од снег и засилен северен ветер од превентивни причини се водува забрана за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар и обратно.На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Обезбедување од дискотека упатувалo закани кон Велешанец и го однеле во магацински простор

На 01.01.2019 година во СВР Велес Х.К.(22) од Велес пријавил дека истиот ден околу 02,00 часот од страна на Ј.Л.(23) и Б.С.(35), вработени како обезбедување во дискотека лоцирана на улицата “Алексо Демниевски“, бил противправно лишен од слобода, при што бил однесен во магацинскиот простор кој се наоѓал во склоп на дискотеката, каде му упатиле закани и потоа го пуштиле да си оди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
pistol-vperen

Се расправале околу подмирување на сметката, а потоа обезбедувањето извадило пиштол

На 01.01.2019 година во 07,30 часот во СВР-Скопје Ј.К.(19) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 03,00 часот додека се наоѓал во угостителски објект на плоштад Македонија заедно со негови другари во еден момент дошло до недоразбирање со менаџерот на угостителскиот објект околу подмирување на сметката.Надвор од објектот настанала расправија и во еден момент Д.А. (50) од Скопје, лице од обезбедувањето, извадил пиштол и им упатувал навреди.По целосното расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-22

Малолетник удрен со тврд предмет од страна на непознато лице

На 01.01.2019 година во 06,45 час во СВР-Куманово Ч.С.(42) од Куманово пријавил дека истиот ден околу 04,30 часот на улицата “Гоце Делчев“ неговиот 17 годишен син, кој бил заедно со неговите другари, од страна на непознато лице бил удрен со тврд предмет.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
novinar-na-cnn

(ВИДЕО) СNN во Новата 2019 влезе со пијaни новинaри

Новинарот на американски “CNN”, Андерсон Купер заедно со останатите новинари се опиле со текила за време на преносот на дочекот на Новата година на њујоршки „Тајм Сквер“. Тој уште на почетокот н преносот нагласил дека не е навикнат на алкохол и дека веројатно ќе му биде тешко да остане присебен.„Мислам дека ми изгореа белите дробови“, коментираше после првата чашка, на што неговиот колега Енди Коен му порача: „Тоа е само почеток“.Откако испиле уште неколку чашки, почнал да зборува драматично и да прави гримаси, а во еден момент се пошегувал дека се плаши дека Коен ќе го грабне и бакне.Ова не е првпат новинаирте на CNN да правеле чудни работи за време на преносите во живо. Еден си го дупнал увото, некои се соблекувале, а некои пушеле марихуана, пишува Washington Post.https://twitter.com/RealSaavedra/status/1079949234659454977?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1079949234659454977&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F293292%2Fpijana-vecer-na-cnn-novinarite-piele-tekila-pa-posle-nekolku-caski-zapocna-souto

Магазин | пред 7 години

7 год.
pretepan

Претепан келнер во ресторан на плоштад Македонија

27-годишен скопјанец со иницијали С.Н. пријавил дека во угостителски објект на плоштад Македонија, каде тој е вработен како келнер, бил физички нападнат од страна на едно лице.Инцидентот се случил доцна синоќа, нешто по 22 часот.Од полицијата информираа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
pazar

Стапи на сила новиот закон за пазари, дали и колку ќе се почитува?

Нема повеќе обувки, текстил, техничка роба на зелените пазари. Од денеска таму не смее да се продава ништо друго сем прехранбени производи.Со новиот закон тезги неможат да добијат пензионери и вработени. За продавање без лиценца, немање документи за потекло на производот, предвидени се глоби од 150 до 2.000 евра.Пазарџиите во паника, велат со новиот закон кој стапи на сила од 1 јануари, државата им зема од лебот. Пазарџиите се остро контра измените на законот – велат дека и досега едвај преживувале , а власта со новото решение и дополнителните давачки ќе ги дотолчи.На законското решение за кое се расправаше пред шест месеци а кое стапи на сила од 1 јануари реагираа и Стопанските комори, дел од експертите и самите продавачи и тезгаџии. Сите велат дека новите прописи сериозно ќе удрат на овој сектор од економијата , а анализите на Стопанската комора покажале дека со законот бројот на трговци ќе опадне за околу 30%. Во Македонија има меѓу 20 и 25 илјади закупци на тезги.

Македонија | пред 7 години

7 год.
obvinitelstvo-gostivar

OJO Гостивар и Струга координирано преземаат дејствија против осомничен кој изврши убиство во Кичево

Основните јавни обвинителства од Гостивар и Струга координирано преземаат дејствија против осомничен кој изврши убиство во Кичево, а со уште едно лице се обиде за изврши разбојништво и силување во Струга.Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен сторител на кривично дело Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот делото го извршил на 29 декември 2018 година, кога со умисла од живот го лишил оштетениот – сопственик на угостителски објект. Истовремено со донесената Наредба за спроведување на истражна постапка, обвинителството предложи и определување на мерка притвор против осомничениот, ценејќи дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство.Околу 17.00 часот, осомничениот заедно со други лица бил во угостителскиот објект на сега починатиот со кој разговарал за негово работно ангажирање на друго место. Откако заминале другите гости, осомничениот без посебен повод и причина, се доближил до сега починатиот, го соборил на земја и земајќи нож од работна маса, неколкупати му задал убодни рани во пределот на градниот кош. Од сериозноста на повредите оштетениот починал на самото место. На местото на настанот извршен е увид од надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи. Издадени беа повеќе наредби за прибирање и вештачење на траги од лице место и за вршење на обдукција на починатото лице.При спроведување на истражните дејствија, во координација со Основото јавно обвинителство Струга е утврдено дека осомничениот се гони од страна и на обвинителството од Струга за кривични дела Разбојништво од член 237 и Силување од член 186 од Кривичниот законик. Овој настан се случил на 31 декември 2018 година кога осомничениот заедно со уште едно лице, државјанин на Република Албанија, извршиле разбојништво во обложувалница Моцарт во Струга. Двајцата осомничени чекале да заминат другите гости од објектот, по што физички ја нападнале вработената обидувајќи се да извршат силување. Оштетената силно се спротивставила и успеала да се отргне од двајцата напаѓачи. Тие направиле обид и за разбојништво одземајќи го клучот од касата, но поради силното викање на оштетената побегнале од местото на настанот и не успеале во обидот.Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против двајцата осомничени. Со оглед на тоа што едниот од нив е опфатен во предметот по кој постапува обвинителството од Гостивар и за него е веќе побаран притвор, Основното јавно обвинитество Струга побара мерка притвор само за вториот осомничен.

Македонија | пред 7 години

7 год.
brod-tehnicka-stoka

Околку 200 контејнери со техничка роба испловија денеска на бреговите на холандските острови Тершелинг и Влиланд

Десетици контејнери со техничка стока, испловија денеска на бреговите на холандските острови Тершелинг и Влиланд, испаднале од брод во немирното море, објави холандската крајбрежна стража.Околу 200 контејнери поради силните бранови испаднале од бродот MSC ZOE, кој пловел под панамско знаме, пренесе холандската телевизија RTL Nieuws.По несреќата први „во лов“ се впуштиле ловци на „богатство“ кои ги разгледуваат предметите што испловиле на островите, меѓу кои имало и светилки и телевизори, објави агенцијата „Ројтерс“.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Столтенберг преку писмо им даде рок на Скопје и Атина, за Преспанскиот договор

НАТО очекува до 15 февруари македонскиот и грчкиот парламент да ги завршат процедурите околу Договорот за името од Преспа.„Постои писмо од Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во кое се повикува на завршување на сите процедури во двете престолнини до 15-ти февруари 2019 година“. – стои во текстот на „Катемирини“.Инаку последната фаза на ратификацијата на Преспанскиот договор на домашен терен почнува следната среда за кога е закажана собраниската седница со четири точки на дневен ред – утврдување на прелог уставните амандмани, нивно донесување, прогласување на амандманите и усвојување на прелог уставен закон за нивно спроведување.Опозициската ВМРО ДПМНЕ најави дека нема да учествува во последната фаза од уставните измени.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања