„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
novinar-na-cnn

(ВИДЕО) СNN во Новата 2019 влезе со пијaни новинaри

Новинарот на американски “CNN”, Андерсон Купер заедно со останатите новинари се опиле со текила за време на преносот на дочекот на Новата година на њујоршки „Тајм Сквер“. Тој уште на почетокот н преносот нагласил дека не е навикнат на алкохол и дека веројатно ќе му биде тешко да остане присебен.„Мислам дека ми изгореа белите дробови“, коментираше после првата чашка, на што неговиот колега Енди Коен му порача: „Тоа е само почеток“.Откако испиле уште неколку чашки, почнал да зборува драматично и да прави гримаси, а во еден момент се пошегувал дека се плаши дека Коен ќе го грабне и бакне.Ова не е првпат новинаирте на CNN да правеле чудни работи за време на преносите во живо. Еден си го дупнал увото, некои се соблекувале, а некои пушеле марихуана, пишува Washington Post.https://twitter.com/RealSaavedra/status/1079949234659454977?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1079949234659454977&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F293292%2Fpijana-vecer-na-cnn-novinarite-piele-tekila-pa-posle-nekolku-caski-zapocna-souto

Магазин | пред 7 години

7 год.
pretepan

Претепан келнер во ресторан на плоштад Македонија

27-годишен скопјанец со иницијали С.Н. пријавил дека во угостителски објект на плоштад Македонија, каде тој е вработен како келнер, бил физички нападнат од страна на едно лице.Инцидентот се случил доцна синоќа, нешто по 22 часот.Од полицијата информираа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
pazar

Стапи на сила новиот закон за пазари, дали и колку ќе се почитува?

Нема повеќе обувки, текстил, техничка роба на зелените пазари. Од денеска таму не смее да се продава ништо друго сем прехранбени производи.Со новиот закон тезги неможат да добијат пензионери и вработени. За продавање без лиценца, немање документи за потекло на производот, предвидени се глоби од 150 до 2.000 евра.Пазарџиите во паника, велат со новиот закон кој стапи на сила од 1 јануари, државата им зема од лебот. Пазарџиите се остро контра измените на законот – велат дека и досега едвај преживувале , а власта со новото решение и дополнителните давачки ќе ги дотолчи.На законското решение за кое се расправаше пред шест месеци а кое стапи на сила од 1 јануари реагираа и Стопанските комори, дел од експертите и самите продавачи и тезгаџии. Сите велат дека новите прописи сериозно ќе удрат на овој сектор од економијата , а анализите на Стопанската комора покажале дека со законот бројот на трговци ќе опадне за околу 30%. Во Македонија има меѓу 20 и 25 илјади закупци на тезги.

Македонија | пред 7 години

7 год.
obvinitelstvo-gostivar

OJO Гостивар и Струга координирано преземаат дејствија против осомничен кој изврши убиство во Кичево

Основните јавни обвинителства од Гостивар и Струга координирано преземаат дејствија против осомничен кој изврши убиство во Кичево, а со уште едно лице се обиде за изврши разбојништво и силување во Струга.Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен сторител на кривично дело Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот делото го извршил на 29 декември 2018 година, кога со умисла од живот го лишил оштетениот – сопственик на угостителски објект. Истовремено со донесената Наредба за спроведување на истражна постапка, обвинителството предложи и определување на мерка притвор против осомничениот, ценејќи дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство.Околу 17.00 часот, осомничениот заедно со други лица бил во угостителскиот објект на сега починатиот со кој разговарал за негово работно ангажирање на друго место. Откако заминале другите гости, осомничениот без посебен повод и причина, се доближил до сега починатиот, го соборил на земја и земајќи нож од работна маса, неколкупати му задал убодни рани во пределот на градниот кош. Од сериозноста на повредите оштетениот починал на самото место. На местото на настанот извршен е увид од надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи. Издадени беа повеќе наредби за прибирање и вештачење на траги од лице место и за вршење на обдукција на починатото лице.При спроведување на истражните дејствија, во координација со Основото јавно обвинителство Струга е утврдено дека осомничениот се гони од страна и на обвинителството од Струга за кривични дела Разбојништво од член 237 и Силување од член 186 од Кривичниот законик. Овој настан се случил на 31 декември 2018 година кога осомничениот заедно со уште едно лице, државјанин на Република Албанија, извршиле разбојништво во обложувалница Моцарт во Струга. Двајцата осомничени чекале да заминат другите гости од објектот, по што физички ја нападнале вработената обидувајќи се да извршат силување. Оштетената силно се спротивставила и успеала да се отргне од двајцата напаѓачи. Тие направиле обид и за разбојништво одземајќи го клучот од касата, но поради силното викање на оштетената побегнале од местото на настанот и не успеале во обидот.Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против двајцата осомничени. Со оглед на тоа што едниот од нив е опфатен во предметот по кој постапува обвинителството од Гостивар и за него е веќе побаран притвор, Основното јавно обвинитество Струга побара мерка притвор само за вториот осомничен.

Македонија | пред 7 години

7 год.
brod-tehnicka-stoka

Околку 200 контејнери со техничка роба испловија денеска на бреговите на холандските острови Тершелинг и Влиланд

Десетици контејнери со техничка стока, испловија денеска на бреговите на холандските острови Тершелинг и Влиланд, испаднале од брод во немирното море, објави холандската крајбрежна стража.Околу 200 контејнери поради силните бранови испаднале од бродот MSC ZOE, кој пловел под панамско знаме, пренесе холандската телевизија RTL Nieuws.По несреќата први „во лов“ се впуштиле ловци на „богатство“ кои ги разгледуваат предметите што испловиле на островите, меѓу кои имало и светилки и телевизори, објави агенцијата „Ројтерс“.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Столтенберг преку писмо им даде рок на Скопје и Атина, за Преспанскиот договор

НАТО очекува до 15 февруари македонскиот и грчкиот парламент да ги завршат процедурите околу Договорот за името од Преспа.„Постои писмо од Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во кое се повикува на завршување на сите процедури во двете престолнини до 15-ти февруари 2019 година“. – стои во текстот на „Катемирини“.Инаку последната фаза на ратификацијата на Преспанскиот договор на домашен терен почнува следната среда за кога е закажана собраниската седница со четири точки на дневен ред – утврдување на прелог уставните амандмани, нивно донесување, прогласување на амандманите и усвојување на прелог уставен закон за нивно спроведување.Опозициската ВМРО ДПМНЕ најави дека нема да учествува во последната фаза од уставните измени.

Македонија | пред 7 години

7 год.
joveski

Јовески: Ако амнестијата зависеше од мене и Русковска, тоа немаше да се случи

Во врска со амнестијата за учесниците во настаните на 27 април во Собранието, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за МИА вели дека тоа е политички чин и не го коментира.– Доколку ова зависеше од мене и од обвинителот кој постапува по предметот, Вилма Русковска, тоа немаше да се случи. Меѓутоа ова е мој професионален став, а Собранието при донесувањето на Законот ценело други околности кои мене не ми се познати. Обвинителството професионално ќе постапува до завршување на предметот. Но морам да укажам дека постапката за амнестија придонесе и за разјаснување на некои делови од настанот. Изјавите во судницата, на изненадување на многумина, укажаа на моменти од подготовка на случувањата на 27 април. Го разбирам разочарувањето на граѓаните и реакциите, но повторувам тоа е политичка одлука. Обвинителството е должно да го примени законот – истакнува Јовески во интервјуто кое целосно ќе биде објавено утре.

пред 7 години

7 год.
policija-srbija

Уапсен напаѓачот кој вчера се обиде да го убие 27-годишниот маж во Белград

Од Министерството за внатрешни работи во Белград информираат дека е уапсен Александар Р. (24) поради сомнение дека извршл кривично дело тешко убиство во обид.Тој вчера наутро околу 7 часот пред ресторан во Белград со пиштол тешко ранил 27-годишен маж.Исто така, повредена е и 21-годишна девојка која била во автомобилот.Откако пукал, Александар Р. ја натерал ранетата девојка да влезе со него во автомобилот и потоа се оддалечиле во непознат правец.Вчера попладне тој ја исфрлил девојката од возилото, а потоа таа е пренесена во Ургентниот центар каде што и се констатирани полесни повреди.Осомничениот Александар Р. е задржан во полиција.

Свет | пред 7 години

7 год.
banana

Верувале или не бананата лекува псорјаза, хемароиди, бравици

Бананата се смета за многу корисна намирница и тоа не само нејзиниот плод, туку и нејзинта кора. Еве за што се може да се користи кората од банана. Добро прочитајте пред да ја фрлите.Доколку кората ја втриете на кожата таа делува како антиоксиданс, ја хидрира, го намалува чешањето, а помага и кај псоријазата.Обичните безопасни брадавици може да ги отстраните доколку ги триете со кората од банана.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Mila_Carovska_Minister

МТСП: До средината на јануари сите деца од Домот „11 Октомври“ ќе бидат сместени во мали групни домови

Министерството за труд и социјална политика забрзано и посветено ќе работи на процесот на деинституционализација и во новата 2019 година.„До средината на јануари целосно ќе се трансформира и домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје. Дел од децата веќе се сместени во два групни дома во Скопје, а до крајот на неделата дел од децата ќе се згрижат во мал групен дом во Штип. Последната група деца се очекува Домот „11 Октомври“ да го напушти до почетокот на второто училишне полугодие.Пред неполни три месеци целосно беше трансформиран и Домот „25 Мај“ и сите 25 деца сега живеат во 5 мали групни домови во Скопје и се вклучено во редовниот образовен процес. Исто така до крајот на минатата година одСпецијалниот завод „Демир Капија“ беа извадени сите деца до 18 години и сместени во мали групни домови каде што добија 24 часовен надзор, и индивидуализирани програми и дефектолошки третмани. Со овој процес досега бројот на деца сместени во институции се намали за 60%.Заложбите на МТСП и на Владата се до 2020 година ниту едно дете под 18 години да не остане во институциите и целосно да го промени начинот на којшто државата се грижи за децата и возрасните коишто им е потребна долгорочна социјална грижа.Процесот на деинституционализација МТСП го спроведува во партнерство со УНИЦЕФ, УНДП и Делегацијата на ЕУ во Македонија“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Две лица заразени од морбили се со сериозни компликации

Бебиња од осум месеци до 4 години се главниот таргет на заболени од морбили. Сите случаи не се вакцинирани, а две лица се со сериозни компликации. Осум лица се хоспитализирани на Инфективна клиника со компликации и појава на бронхоплеумонија. За ова информираа од Инфективната клиника, каде препорачуваат вакцинација.Децата кои не се вакцинирани од утре нема да можат да бидат згрижени во градинките.„Утре инспекторатот до сите градинки на територија на Град Скопје ќе се испратат решенија со наредби за стапување во сила веднаш“, велат од инспекторатот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gGJvC-

Јавниот обвинител Јовевски ја продлабочува мистеријата околу бегството на Груевски

Поранешниот премиер Никола Груевски територијата на Република Македонија ја нема напуштено на било кој граничен премин. Сослушани се и сведоци, но за да не наштетам на предистражната постапка други детали не можам да откривам, вели во интервјуто за МИА, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.„Обвинителството презема повеќе дејствија за обезбедување докази, како што веќе соопштивме. Побарани се докази по меѓународна правна помош од надлежните органи на Република Албанија и Република Црна Гора. Добиени се снимките од безбедносните камери на патиштата, наплатните рампи, граничните премини, како и околу домот на поранешниот премиер“, истакнува Јовески.Обвинителството, како што додава, ја анализира содржината на прибавените докази, а истовремено очекува да се добијат и доказите од Албанија.„При тоа Обвинителството не утврдува дали има пропусти на одредени институции, туку дали има кривично-правни дејствија од некои лица за овозможување на бегството. Надлежните институции, во рамките на нивната внатрешна организација, треба да утврдат дали и каква одговорност имало во нивното постапување и надлежност“, посочува државниот јавен обвинител.Во врска со амнестијата за учесниците во настаните на 27 април во Собранието, Јовески вели дека тоа е политички чин и не го коментира.„Доколку ова зависеше од мене и од обвинителот кој постапува по предметот, Вилма Русковска, тоа немаше да се случи. Меѓутоа ова е мој професионален став, а Собранието при донесувањето на Законот ценело други околности кои мене не ми се познати. Обвинителството професионално ќе постапува до завршување на предметот. Но морам да укажам дека постапката за амнестија придонесе и за разјаснување на некои делови од настанот. Изјавите во судницата, на изненадување на многумина, укажаа на моменти од подготовка на случувањата на 27 април. Го разбирам разочарувањето на граѓаните и реакциите, но повторувам тоа е политичка одлука. Обвинителството е должно да го примени законот“, истакнува државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервјуто за МИА.извор: МИА

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА НА МОРБИЛИ, Филипче: Ова е смртоносна болест

Министерот за здравство, Венко Филипче прогласи епидемија на морбили. Филипче тврди дека работата е под контрола и додава дека од 15 илјади невакцинирани само 310 се вакцинирале оваа недела.„Дванаесет нови случаи на морбили во Скопје. За шест е потврдено, а за останатите резултатите ќе бидат достапни во наредниот период. Од утре носиме привремена мерка забрана за носење на децата кои не се вакцинирани во градинки. Прогласуваме епидемија на морбили“, рече Филипче.„Морам да кажам дека станува збор за исклучително опасна болест. Во Србија имаше 30 мртви деца, а во Романија околу 50 деца. Ние нема да дозволиме тоа да се случи и тука. Кај нас во Македонија, случаите се во повеќе општини и станува збор за невакцинирани деца“, додаде Филипче.Вирусот се пренесува од човек на човек, а влијае на нервниот систем, велат од Институтот за јавно здравје. Од таму додаваат дека последиците можат да бидат многу тешки и мора да се реагира на време.

Скопје | пред 7 години

7 год.
deponija-11

(ФОТО) Поглед кон Охрид од диви депонии

Градежен шут, стари кревети, неупотребливи фотељи, камења ... се само дел од расфрланите предмети во новата депонијата која никна на само 250 метра над населбата Гоце Делчев.Има ли потреба од коментар, освен онај познатиот : До каде е нашата еколошка свест?

Македонија | пред 7 години

7 год.
bebe

Се роди најмладиот жител на Велес во 2019 година

Утрово, на 2 јануари во 10:16 во одделението за гинекологија и акушерство при велешката болница се роди првото новороденче во 2019 година.Најмалиот велешанец тежи 2930 грама и е долг 49 центиметри. По извршениот царски рез, мајката Сибил Кариманова е во добра здраствена состојба.

Македонија | пред 7 години

7 год.
skopje-vanila

На времето во ГТЦ се одеше по шампити во Ванила, петсто кец во Вартекс, по свирки на Коцка...

Да бакнеш девојка зад зграда или пред зграда било вистинска фантазија и сон на секое момче, затоа што додека се стигне до тоа, поминувале месеци во следење на саканата, праќање абери по другари и другарки, киснење, раскажуваат старите скопјани, објави скопјеинфо.мк.Седмо и осмооделенците беа предгрупи на корзото од седумдесетите во Скопје.Тие на корзото се движеа од 18 часот - дома мораа да се приберат во 20 часот.Малку постарите корзото го започнуваваа од 19 часот - шемата на корзото беше до 21 часот, потоа се одеше во некој од кафеаните, летните тераси пред Стоковна куќа и пред сегашен Пелистер..Исто така на времето во ГТЦ се одеше по сè: по шампити во Ванила, по плочи во Југотон, по костимчиња во Мура, по адидас во Словенија шпорт, по петсто кец во Вартекс, по свирки на Коцка, по лазањи во Рим-Париз, по сендвичи кај Чичко Стоилко, по пици во Жито лукс...извор: скопјеинфо.мк

Магазин | пред 7 години

7 год.
kosta-bebe-1

В.д Градоначалнкот на Охрид во посета на првото новороденче во 2019 г

Вршителот на должност градоначалник Константин Георгиески денеска на гинеколошкото одделение при општата Болница во Охрид го посети првиот нов жител во 2019 година, здраво машко дете.Упатувајќи и честитки на среќната мајка Софија Бимбилоска тој го дарува новороденчето со вредносен чек од 10.000 денари и пригодни подароци и притоа посака да има долг живот, добро здравје и многу среќа.-Искрено упатувам честитка до среќното семејство Бимбилоски за најубавиот дар од Бога што го добија во новата 2019 година. На малиот Антонио му посакувам добро здравје, долг живот проследен со многу среќа и радост. Децата се нашата иднина, нема човек кој не се разнежнува кога ќе слушне ваква убава вест за нова рожба. Токму затоа сите ние ќе работиме и со низа проекти ќе допринесуваме во подобрување на условите за живот и развој на секое дете кое ќе гледа просперитетна иднина за себе во својот град и држава. Ако машкото дете е синоним за цврстина и бериќет очекувам дека ова детенце ќе ни најави плодна и среќна година за нашиов Охрид. Во оваа прилика упатувам честитки и до тимот кој работи на гинеколошкото одделение при Општата Болница во Охрид и до сите други вработени во болницата кои максимално се вложуваат и посветено работат во лечењето и подобрувањето на здравјето на сите пациенти –изјави градоначалникот Георгиески.Бебенцето тешко 3,6 килограми и долго 51 сантиметар се роди вчера претпладне во 10.10 часот. Новороденчето и мајката се во одлична здравствена состојба. На гинеколошкото одделение во Охрид вчера се родило уште едно машко дете.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zgrada

Бројот на загинати во Магнитогорск се искачи на 16

Бројот на загинати при уривање на станбен блок во рускиот град Магнитогорск се искачи на 16, откако под урнатините беа откриени уште три тела, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.Повеќе од 20 луѓе се уште се водат како исчезнати по експлозијата на системот за гас, што предизвика уривање на зградата на 31 декември.Експлозијата предизвика уривање и оштетување на 48 станови во станбениот блок.

Свет | пред 7 години

7 год.
grdsko-prilep

АМСМ: Во прекин сообраќајот на патот Градско-Прилеп

Сообраќајот на патот Градско-Прилеп е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа, информира АМСМ.„Oд 11 и 30 часот сообраќајот на регионалниот пат Градско -Прилеп, кај Камен дол е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода. Сообраќајот се пренасочува по земјен пат“, велат од АМСМ.На останатите државни патишта сообраќајот се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pivo

Најчудните закони за пиво во светот

Колку често може да се види пијан Шкотланѓанец во близина на една крава? Никогаш, тоа е нелегално. Во зависност од земјата, пиење пиво може да биде нелегален и збунувачки бизнис.Еве некои од најчудните закони за пиво во светот:НигеријаВо Нигерија е забранет увозот на пиво, како и неговото производство. Но, ако некаде сепак го најдете или купите, можете слободно да го испиете, само ако сте постари од 18 години.НебраскаВо оваа американска држава важат неколку необјасниви закони за пиво, меѓу кои и оној дека е нелегално да продавате пиво на приватен имот, ако притоа не правите лонец чорба. Пивопијците иронично коментираат: во законот не е објаснето дали истото важи и во случај да го подгревате ручекот од претходниот ден.Алјаска и ОхајоНа Алјаска е забрането да им давате пиво на лосовите, веројатно затоа што не поднесуваат алкохол. Меѓутоа, во Охајо е сосема во ред да го споделите пивото со некоја риба, под услов да не ја опиете.АјоваАко планирате да пиете пиво во кревет со сопружникот за да се опуштите, водете сметка да не земете повеќе од три голтки, бидејќи во спротивно ве чека парична казна.РусијаДо пред неколку години, пивото не се сметаше за алкохолен пијалак во Русија, бидејќи процентот на алкохол во пивата беше помал од 10 отсто. Пивото важеше за прехранбен производ и можеше да се продава во секое време од денот и да се пие во јавност. Иако последниве години законите се построги, забраната за конзумирање и продажба на алкохол на лица помлади од 18 години и понатаму се толкува многу растегливо.ШкотскаСо поблаги закони од другите делови на Обединетото Кралство, Шкотска, сепак ги зема нивните закони за пиење многу сериозно. Таков е законот според кој пијан човек не може да поседува крава.КанадаВо регионот Саскачеван во Канада е забрането да се пие вода со кригла пиво, но тоа не важи и за другите делови од државата.ТексасСвоевремено, во Тексас било забрането да се поседува енциклопедијата Британика, бидејќи во неа можел да се најде рецепт за производство на пиво дома.АвстралијаВо Западна Австралија важи крајно бизарен закон – забрането е да се пие лименка пиво меѓу гради. Казната за оние кои ќе го игнорираат правилото е 1.000 австралиски долари.

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања