„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
deponija-11

(ФОТО) Поглед кон Охрид од диви депонии

Градежен шут, стари кревети, неупотребливи фотељи, камења ... се само дел од расфрланите предмети во новата депонијата која никна на само 250 метра над населбата Гоце Делчев.Има ли потреба од коментар, освен онај познатиот : До каде е нашата еколошка свест?

Македонија | пред 7 години

7 год.
bebe

Се роди најмладиот жител на Велес во 2019 година

Утрово, на 2 јануари во 10:16 во одделението за гинекологија и акушерство при велешката болница се роди првото новороденче во 2019 година.Најмалиот велешанец тежи 2930 грама и е долг 49 центиметри. По извршениот царски рез, мајката Сибил Кариманова е во добра здраствена состојба.

Македонија | пред 7 години

7 год.
skopje-vanila

На времето во ГТЦ се одеше по шампити во Ванила, петсто кец во Вартекс, по свирки на Коцка...

Да бакнеш девојка зад зграда или пред зграда било вистинска фантазија и сон на секое момче, затоа што додека се стигне до тоа, поминувале месеци во следење на саканата, праќање абери по другари и другарки, киснење, раскажуваат старите скопјани, објави скопјеинфо.мк.Седмо и осмооделенците беа предгрупи на корзото од седумдесетите во Скопје.Тие на корзото се движеа од 18 часот - дома мораа да се приберат во 20 часот.Малку постарите корзото го започнуваваа од 19 часот - шемата на корзото беше до 21 часот, потоа се одеше во некој од кафеаните, летните тераси пред Стоковна куќа и пред сегашен Пелистер..Исто така на времето во ГТЦ се одеше по сè: по шампити во Ванила, по плочи во Југотон, по костимчиња во Мура, по адидас во Словенија шпорт, по петсто кец во Вартекс, по свирки на Коцка, по лазањи во Рим-Париз, по сендвичи кај Чичко Стоилко, по пици во Жито лукс...извор: скопјеинфо.мк

Магазин | пред 7 години

7 год.
kosta-bebe-1

В.д Градоначалнкот на Охрид во посета на првото новороденче во 2019 г

Вршителот на должност градоначалник Константин Георгиески денеска на гинеколошкото одделение при општата Болница во Охрид го посети првиот нов жител во 2019 година, здраво машко дете.Упатувајќи и честитки на среќната мајка Софија Бимбилоска тој го дарува новороденчето со вредносен чек од 10.000 денари и пригодни подароци и притоа посака да има долг живот, добро здравје и многу среќа.-Искрено упатувам честитка до среќното семејство Бимбилоски за најубавиот дар од Бога што го добија во новата 2019 година. На малиот Антонио му посакувам добро здравје, долг живот проследен со многу среќа и радост. Децата се нашата иднина, нема човек кој не се разнежнува кога ќе слушне ваква убава вест за нова рожба. Токму затоа сите ние ќе работиме и со низа проекти ќе допринесуваме во подобрување на условите за живот и развој на секое дете кое ќе гледа просперитетна иднина за себе во својот град и држава. Ако машкото дете е синоним за цврстина и бериќет очекувам дека ова детенце ќе ни најави плодна и среќна година за нашиов Охрид. Во оваа прилика упатувам честитки и до тимот кој работи на гинеколошкото одделение при Општата Болница во Охрид и до сите други вработени во болницата кои максимално се вложуваат и посветено работат во лечењето и подобрувањето на здравјето на сите пациенти –изјави градоначалникот Георгиески.Бебенцето тешко 3,6 килограми и долго 51 сантиметар се роди вчера претпладне во 10.10 часот. Новороденчето и мајката се во одлична здравствена состојба. На гинеколошкото одделение во Охрид вчера се родило уште едно машко дете.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zgrada

Бројот на загинати во Магнитогорск се искачи на 16

Бројот на загинати при уривање на станбен блок во рускиот град Магнитогорск се искачи на 16, откако под урнатините беа откриени уште три тела, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.Повеќе од 20 луѓе се уште се водат како исчезнати по експлозијата на системот за гас, што предизвика уривање на зградата на 31 декември.Експлозијата предизвика уривање и оштетување на 48 станови во станбениот блок.

Свет | пред 7 години

7 год.
grdsko-prilep

АМСМ: Во прекин сообраќајот на патот Градско-Прилеп

Сообраќајот на патот Градско-Прилеп е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа, информира АМСМ.„Oд 11 и 30 часот сообраќајот на регионалниот пат Градско -Прилеп, кај Камен дол е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода. Сообраќајот се пренасочува по земјен пат“, велат од АМСМ.На останатите државни патишта сообраќајот се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pivo

Најчудните закони за пиво во светот

Колку често може да се види пијан Шкотланѓанец во близина на една крава? Никогаш, тоа е нелегално. Во зависност од земјата, пиење пиво може да биде нелегален и збунувачки бизнис.Еве некои од најчудните закони за пиво во светот:НигеријаВо Нигерија е забранет увозот на пиво, како и неговото производство. Но, ако некаде сепак го најдете или купите, можете слободно да го испиете, само ако сте постари од 18 години.НебраскаВо оваа американска држава важат неколку необјасниви закони за пиво, меѓу кои и оној дека е нелегално да продавате пиво на приватен имот, ако притоа не правите лонец чорба. Пивопијците иронично коментираат: во законот не е објаснето дали истото важи и во случај да го подгревате ручекот од претходниот ден.Алјаска и ОхајоНа Алјаска е забрането да им давате пиво на лосовите, веројатно затоа што не поднесуваат алкохол. Меѓутоа, во Охајо е сосема во ред да го споделите пивото со некоја риба, под услов да не ја опиете.АјоваАко планирате да пиете пиво во кревет со сопружникот за да се опуштите, водете сметка да не земете повеќе од три голтки, бидејќи во спротивно ве чека парична казна.РусијаДо пред неколку години, пивото не се сметаше за алкохолен пијалак во Русија, бидејќи процентот на алкохол во пивата беше помал од 10 отсто. Пивото важеше за прехранбен производ и можеше да се продава во секое време од денот и да се пие во јавност. Иако последниве години законите се построги, забраната за конзумирање и продажба на алкохол на лица помлади од 18 години и понатаму се толкува многу растегливо.ШкотскаСо поблаги закони од другите делови на Обединетото Кралство, Шкотска, сепак ги зема нивните закони за пиење многу сериозно. Таков е законот според кој пијан човек не може да поседува крава.КанадаВо регионот Саскачеван во Канада е забрането да се пие вода со кригла пиво, но тоа не важи и за другите делови од државата.ТексасСвоевремено, во Тексас било забрането да се поседува енциклопедијата Британика, бидејќи во неа можел да се најде рецепт за производство на пиво дома.АвстралијаВо Западна Австралија важи крајно бизарен закон – забрането е да се пие лименка пиво меѓу гради. Казната за оние кои ќе го игнорираат правилото е 1.000 австралиски долари.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Arhangel-Skopje

Групата „Архангел“ на Вевчанскиот карневал

Македонска група „Архангел“, заедно со други групи и изведувачи, ќе настапи на годинешното издание на карневалот во Вевчани.– Да ја почнеме годинава со радост и убава вест – легендата на македонската рок сцена, групата „Архангел“ ќе настапи на Вевчански карневал 2019, објавија на официјалната Facebook страна на карневалот.Традиционалниот карневал, во Вевчани се одржува од 12-ти до 14-ти јануари. Деновиве ќе биде обелоденета програмата и гостите кои ќе настапуваат на овој театар на отворено, еден од најголемите и најуникатни културни настани во нашата земја.Вевчанскиот карневал кој според своите специфични особини се одвојува од останатите во светот поради неговата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
7C98094A-9171-4513-AB8C-209C4AF0DE10_w1023_r1_s

Како да пиете, а да не се опиете

Џим Коч, еден од основачите на Бостонската пивара, тврди дека постои мал трик со чија помош луѓето можат да пијат цела вечер, а да не се опијат. Тој открил дека тајната е во квасецот.„Пред да почнам со пиење, јадам по една лажица сув квасец, па поради тоа не се опивам“, рекол Коч.Според Коч, активниот сув квасец содржи ензими кои го разложуваат алкохолот. Тие ензими ги претвораат молекулите алкохол во јаглерод, водород и кислород, што е процес кој се случува кога црниот дроб го раствора алкохолот. Според тоа, јадењето квасец пред консумацијата на алкохолот значи дека тој ќе се разгради пред да дојде до мозокот.Коч вели дека квасецот нема целосно да го елиминира пијанството, туку само ќе го намали.

Магазин | пред 7 години

7 год.
trud-i-soc-politika

Kорисниците на социјална парична помош да ја обноват документацијата

Годишната обнова на документи за сите корисници на социјална парична помош почнува од утре, информираше Јавната установа меѓуопштински центар за социјална работа. Корисниците ќе треба да поднесат ново барање, а потребните обрасци за поднесување ќе ги добијат во Центарот.При поднесување треба да имаат на увид важечка лична карта за себе и за сите полнолетни членови на семејството, а останатата потребна документација Центарот ќе ја прибавува по службена должност.-Основно задолжување во оваа обнова е сите полнолетни членови од семејството задолжително да бидат пријавени во Агенцијата за вработување што ќе биде предуслов за остварување на правото кое се очекува дека ќе се трансформира во гарантирана минимална помош согласно новиот закон за социјална заштита кој набргу треба да биде донесен – информираат од Центарот.Обновата на документите трае заклучно со 28 јануари 2019 година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
dobivka-2

(ФОТО) Кога среќата ќе ти се насмевне - охриѓанец со вложени 25 ден зеде 462 228

Охриѓанец погоди десет парови од англискиот фудбал. Среќна година за него. Вложил само 25 ден, а доби 462 228 денари во спортската обложувалница „Sport life“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tose-zfirovski

Тоше Зафиров: Како обезбедување кај Груевски добивав по 1.000 честитки, сега едвај 50

Шампионот во бодибилдинг и поранешен дел од обезбедувањето на побегнатиот екс премиер Никола Груевски, Тоше Зафиров , Новата година на социјалните мрежи, ја честиташе на специфичен начин.-Си беше еднаш едно време кога бев обезбедување кај едно човече (Никола Груевски) и тогаш за Нова година добивав околу 1.000 пораки со честитки. Потоа, не бев веќе кај човечето, и бројката се намали на 300… 500… За да по некое време, кого го заборавивме човечето таа се намали накај педесеттина, но барем си знам, малку се, но сепак искрени пријатели се. Ете, таква е оваа приказна… Среќна Нова 2019 година – напиша Зафиров.Откако се повлече од обезбедувањето во шеста управа, тој целосно се посвети на вежбањето и на Македонија и донесе голем број на златни медали и високи титули во бодибилдингот. Светскиот вицешампион во бодибилдинг во 2017 година ја промовираше својата прва книга ,,Патот кон врвот” негова биографска книга во која го опишува својот животен пат, како приватниот тек, така и професионалниот развој и почетоците на бодибилдингот во Македонија.

Скопје | пред 7 години

7 год.
velgosti

(ВИДЕО) Охриѓани се подготвуваат за Божик - Видео спот за песната „Вечниот Бог“ , во изведба на детскиот црковен хор

Видео спот за песната „Вечниот Бог“ во изведба на црковниот хор на децата од село Велгошти Охрид. Спотот е снимен во село Велгошти по повод бадниковата манифестација „Бадникови поворки“.Во описот на видеото стои благодарност до црковниот одбор на Село Велгошти, до општина Охрид и посебна благодарност до покојниот градоначалник на Охрид, Проф. Д-р Јован Стојаноски.Видеото, монтажата и режијата за видеото се дело на Љушев Томе и Љушев Кристијан.Аранжманот е дело на Кристина Шокароска, тон мајстор: Александар Јосифовски.Вечниот Бог слезе и во Дева се всели;Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;Царот на сите и Господ, дојде Адам да го преобрази;Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;Мудреци од Исток доаѓаат,дарови да принесат достојни;Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;Да се поклонат на Господа, во пештера родениот;Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;Сите на Христа да Му пееме, Он заради нас се воплоти;Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;О, Дево, Мајко, Владичице, спаси ги христијаните;Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;О, Дево, Мајко, Владичице, спаси ги христијаните;Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nesreka-danska

Железничка несреќа во Данска, има загинати и повредени

Шест лица загинаа, а осум се повредени во несреќа на железничкиот мост во Данска, пренесува ТВ2 Фунен. Несреќата се случила на мост кој ги спојува остворите Зеланд и Фин. Во неа, птнички се судрил со делови од товарен воз. Товарниот воз се движел кон Фунен, а патничкиот воз кон Копенхаген.Според Би-би-си, не станув збор за директен удар на двата воза, туку поради силниот ветар делови од товарниот воз паднале на патничкиот кој се обраќал од спротивен правец.

Свет | пред 7 години

7 год.
sv-ignat

Каков ќе ви биде денеска денот, таква ќе ви биде годината, денеска е Св. Игнат

Денеска, на 2 јануари се празнува Св. Игњат, како што некои велат, судниот ден за цела година. Има многу верувања поврзани со овој ден.По повод празнувањето на Св. Игнатиј Богоносец, во црквата Св. Троица Охрид (Црногорци), синоќа се отслужи бдение на кое беа изложени моштите на овој Божји угодник.На овој ден започнуваат подготовките за празникот Рождество Христово – Божик и затоа се нарекува и Прв Божик. Празникот секогаш е пет дена пред Божик и со него започнуваат свеченостите поврзани со зимските празници. Поголем број обичаи поврзани со овој празник упатуваат на заклучокот дека со овој ден започнуваат и новогодишните обичаи, а има и такви што потсетуваат на свеченостите поврзани со далечните пагански прослави на зимската краткодневица и враќањето на сонцето од јужните напоредници. Во таа смисла се обредните огнови познати кај многу народи.Овој свет маж е наречен Богоносец затоа што постојано во срцето и на јазикот го носел името на живиот Бог. Преданието уште вели дека е наречен Богоносец и зашто него го зел на раце воплотениот Бог Исус Христос. Во времето кога Господ ги учеше своите ученици на духовен живот според евангелските заповеди, зеде едно дете, го постави меѓу нив и им рече: „Оној којшто ќе се смири и ќе стане како ова дете, тој е најголем во царството небесно“ (Матеј 18, 4). Тоа дете беше Игнатиј. Подоцна Игнатиј му беше ученик на свети Јован Богослов, заедно со Поликарп, епископот Смирненски. Беше Антиохијски епископ и управуваше со Божјата Црква како добар пастир. Го воведе антифонскиот начин на пеење во Црквата, т.е. наизменично пеење на две певници.Овој славен вљубеник во Господ Исус Христос пострада во 106 година во Рим, за време на христоборниот цар Трајан. Се има јавувано повеќепати, притекнувајќи им на помош на сите што го повикуваат со вера.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Amdi-Bajram

(ВИДЕО) Амди Бајрам: „Јас сум тој што сум, кога го давам зборот увек останувам тамо, кој е на власт увек сум на Власт“

Човекот кој секогаш е со Власта, без разлика која партија и да е на власт, лидерот на Демократскиот сојуз на Ромите , Амди Бајрам во изјава за Пресинг ТВ повика да се гласа за име кое што не стои во договорот со Грција ниту во предложените уставни амандмани, зашто така било во интерес на политичарите.„Јас сум тој што сум, не го повлекувм зборот, кој е на власт увек сум на Власт“, реле Бајрам.

Македонија | пред 7 години

7 год.
homepageBannerSKP

Уапсен жител на Алжир на скопскиот аеродром

На 01.01.2019 година во 17,40 часот на излез од Р.Македонија на Граничниот премин “Меѓународен аеродром Скопје“ по извршена пасошка контрола од страна на полициски службеник на лицето В.Б.(37) од Алжир, кој бил со словачка патна исправа, поради постоење основи на сомнение дека истата била фалсификувана бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-22

Автомобил удрил пешак и избегал

На 01.01.2019 година околу 02,10 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на булеварот “Јане Сандански“ патничко моторно возило “Мерцедес“ удрило во пешак М.Ц.(40) од Скопје, по што го напуштил местото на настанот.По незгодата пешакот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди. Извршен бил увид од страна на СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
soobrakajka

Србин излетал од патот во близина на с.Ново Село, итно пренесен во Скопје

На 02.01.2019 година во 01,20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-Маврово кај Новоселски Мост–с.Ново Село патничко моторно возило „Нисан“ со српски национални ознаки управувано од Ф.И.(32) од Р.Србија, излетало од коловозот.Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, а потоа во комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Удрил во паркирано товарно возило и се здобил со тешки телесни повреди

На 01.01.2019 година во 12,00 часот било пријавено дека во Крива Паланка, на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, патничко моторно возило „Опел корса“ со кратовски регистерски таблици, управувано од Е.Г.(45) од Крива Паланка, удрило во паркирано товарно моторно возило „Ивеко“ со бугарски национални ознаки, паркирано од З.Р.(52) од с.Петралница-Ранковце.Во незгодата Е.Г. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Здравствениот дом “Крива Паланка“, а потоа во комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања