„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
Amdi-Bajram

(ВИДЕО) Амди Бајрам: „Јас сум тој што сум, кога го давам зборот увек останувам тамо, кој е на власт увек сум на Власт“

Човекот кој секогаш е со Власта, без разлика која партија и да е на власт, лидерот на Демократскиот сојуз на Ромите , Амди Бајрам во изјава за Пресинг ТВ повика да се гласа за име кое што не стои во договорот со Грција ниту во предложените уставни амандмани, зашто така било во интерес на политичарите.„Јас сум тој што сум, не го повлекувм зборот, кој е на власт увек сум на Власт“, реле Бајрам.

Македонија | пред 7 години

7 год.
homepageBannerSKP

Уапсен жител на Алжир на скопскиот аеродром

На 01.01.2019 година во 17,40 часот на излез од Р.Македонија на Граничниот премин “Меѓународен аеродром Скопје“ по извршена пасошка контрола од страна на полициски службеник на лицето В.Б.(37) од Алжир, кој бил со словачка патна исправа, поради постоење основи на сомнение дека истата била фалсификувана бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-22

Автомобил удрил пешак и избегал

На 01.01.2019 година околу 02,10 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на булеварот “Јане Сандански“ патничко моторно возило “Мерцедес“ удрило во пешак М.Ц.(40) од Скопје, по што го напуштил местото на настанот.По незгодата пешакот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди. Извршен бил увид од страна на СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
soobrakajka

Србин излетал од патот во близина на с.Ново Село, итно пренесен во Скопје

На 02.01.2019 година во 01,20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-Маврово кај Новоселски Мост–с.Ново Село патничко моторно возило „Нисан“ со српски национални ознаки управувано од Ф.И.(32) од Р.Србија, излетало од коловозот.Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, а потоа во комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Удрил во паркирано товарно возило и се здобил со тешки телесни повреди

На 01.01.2019 година во 12,00 часот било пријавено дека во Крива Паланка, на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, патничко моторно возило „Опел корса“ со кратовски регистерски таблици, управувано од Е.Г.(45) од Крива Паланка, удрило во паркирано товарно моторно возило „Ивеко“ со бугарски национални ознаки, паркирано од З.Р.(52) од с.Петралница-Ранковце.Во незгодата Е.Г. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Здравствениот дом “Крива Паланка“, а потоа во комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сообраќајна несреќа починал велосипедист

Жител на тетовско Долно Седларце (61) починал откако, додека возел велосипед, бил удрен од автомобил БМВ.Несреќата се случила вчера попладне околу 17 часот и 30 минути на патот Тетово-Брвеница, кога автомобил БМВ со тетовски регистерски таблички што го управувал 22-годишен жител на Тетово, удрил во велосипедистот.При сообраќајката велосипедистот здобил тешки телесни повреди од кои починал. Екипата на Прва помош која претходно била повикана, констатитирала смрт.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nevreme-hrvatska

Хрвтска се подготвува за големо невреме - запален Црвен аларм

Хрватска се подготвува за големо невреме. Предупрдувањето и црвениот аларм стигна од хидрометеоролошкиот институт . Сите приморски области на Јадранот, освен Истра која имапортокалово предупредување, се во црвен аларм. Другите делови од Хрватска се во жолта фаза.Најавата е и за снег и голомразица со умерен ветер, а на северниот дел на земјата можно е да дојде до бура. На Јадранот, ќе дува умерен до силен северозападен ветер кој ќе се претвори во бура.

Свет | пред 7 години

7 год.
vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: По градинките има епидемии, малтретирање на деца, а Царовска упорно молчи

Мила Царовска заедно со Зоран Заев ја зацрнија државата.Минатата година се случија низа силувања во домовите за деца, а одговорност од Царовска немаше.Поради неодговорноста на Царовска децата на домовите живеат во бедни услови со константен страв.По градинките има епидемии, малтретирање на децата од страна на несоодветни вработени со партиска книшка, а Царовска упорно молчи.Две години СДСМ нема преземено ништо во насока на заштита на жените од насилство. Наместо инвестирање во социјална грижа и спречување на насилството, власта инвестираше 1.6 милиони евра за лубриканти.Црнилата на оваа власт се присутни во секој сегмент. Токму затоа СДСМ треба да си замине.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Три лица го загубија животот поради пиротехнички средства

За време на новогодишната прослава три лица го загубија животот поради пиротехнички средства.Полицијата на Австрија соопшти дека 17-годишен тинејџер се обидел да запали пиротехнчки средства, но дошло до нивна експлозија со што му биле нанесени тешки повреди на главата. Тој бил пренесен во болница, но потоа починал.Нешто по полноќ, во Холандија е пронајдено тело на маж на улица, а полицијата смета дека настрадал како последица на експлозија.Во градот Мора, исто така во Холандија, 41-годишен маж почина како последица на огномет.

Свет | пред 7 години

7 год.
ddddddd-620x350

(ВИДЕО) Пожар во зграда во Нови Пазар, спасено бебе чиј живот бил загрозен

Пожар избил синоќа околу 23:30 во станбена зграда во Нови Пазар.Пожарникарите спасиле бебе чиј живот бил загрозен. Докторите брзо реагирале со што здравствената состојба на бебето е стабилизирана.Според информациите едно лице е повредено.Во гасењето на истиот учествувале голем број на граѓани кои помогнале во евакуацијата на станаритеСе уште не се знае причината за пожарот.

Свет | пред 7 години

7 год.
muski-i-zenski-pol-nemacka-zastava-620x350-1

Во Германија стапи на сила закон за трет полов идентитет

Во Германија вчера стапи на сила закон кој им овозможува на лицата кои биолошки не се вклопуваат ниту во машки ниту во женски пол да изберат трета опција во службените документи.Владата го изгласа овој закон во август, а минатиот месец го потврди Бундесрат.Припадниците на ЛГБТ заедниата изјавија дека оваа мерка не е доволјна бидејќи е потребен и сертификат од доктор кој ќе докаже дека личноста е интерсекцуална и исто така бараат закони кои ќе им го олеснат животот на лицата кои не се идентификуваат со полот со кој се родени.Интерсексуалните луѓе се родени и со машки и со женски полови карактеристики кои можат да се појават и подоцна во животот, пренесува британски „Индепендет“.Според податоците на Обединетите Нации 1,7 проценти од светското население е родено со интерсексуални карактеристики.

Свет | пред 7 години

7 год.
zaev

СДСМ: Се инвестира во изградба на нови детски градинки особено во руралните подрачја кои со години беа заборавени

Владата предводена од СДСМ посветено работи на остварување на заложбите за обезбедување квалитетни и достојни услови за раст и развој на децата, велат од владејачката партија.„Се решава проблемот со недостиг на капацитет за згрижување деца, се инвестира во изградба на нови детски градинки особено во руралните подрачја кои со години беа заборавени.Од почетокот на мандатот па до сега, изградени се 24 детски градинки. Од нив отворени се 13, а во фаза пред отворање се 11 детски градинки.Со тоа се зголеми опфатот на деца во јавните и приватните установи за деца за околу 2000 деца.Со оглед на зголемената потреба од кадар за новите и веќепостоечките установи, Министерството за труд и социјална политика обезбеди финансиска согласност за вработување на над 1.000 лица од кои поголемиот дел се на неопределено време.Освен што се зајакнува кадарот, покачени се и платите во детска заштита. Сите 4.300 вработени, со септемвриската плата добија покачување од 5 отсто, а покачувањето на платите ќе продолжи и во 2019 година“, велат од СДСМ.Оттаму додаваат дека во периодот кој следува продолжуваат интензивните активности за натамошно проширување на мрежата на установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, пред сè преку зголемување на инвестициите наменети за реконструкција, адаптација и изградба на нови установи за деца.„За таа цел во буџетот на министерството за 2019 се планира зголемување на капиталните инвестиции на 87 милиони денари што е речиси двојно повеќе отколку во 2018 кога изнесуваа 45 милиони денари.Обезбедувањето на квалитетни услови за раст и развој на децата, надминување на проблемот со места за згрижување и унапредување на условите за работа на негувателките и воспитувачките се врвни приоритети на Владата предводена од СДСМ која останува фокусирана на потребите на граѓаните“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Денес врнежи од снег, се очекува формирање на снежна покривка над 20 cm

Претпладне времето ќе биде сончево со мала облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и почнувајќи од запад ќе има врнежи од снег, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде низ земјава. Ќе дува умерен северен ветер. Утринските температури ќе бидат под нулата, а во некои делови ќе достигнат и до - 11 степени. Во текот на денот температурите ќе се движат 1 до 9 степени.Во Скопје денес ќе биде облачност со услови за снег. Температурата ќе се движи од -7 до 5 степени.Под влијание на студен и влажен бран денес попладне, во текот на ноќта, како и во четврток ќе има врнежи од снег, кои пообилни ќе бидат во западните и јужните делови од земјава. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, на западот и југот околу 10 см, на планините и над 20 см, а најмала во североисточните делови (околу 5 см). Поради засилениот северен ветер можна е појава на снежни наноси. Потоа во наредните денови ќе биде променливо облачно и студено со многу ниски утрински температури и со слаби локални врнежи од снег. Најсончево ќе биде во сабота. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Plakat-Za-Makedonija

Комитите со повик за „аудиопротест” во понеделник на Божиќ

Навивачката група Комити сподели објава на социјалната мрежа Фејсбук преку која заедно со други навивачки групи и граѓани на 7 јануари на Божик организираат пасивен отпор против сите неправди против македонскиот народ со “аудиопротест” во кој можат да се вклучат сите граѓани.„Поучени од пресветото монашко братство и нашата Православна Црква да не дејствуваме никако освен пасивно за време на постите посветени на Христовото рождение – Божиќ, ги прифативме сугестиите и како добри христијани лутината ја чуваме во себеси и бараме начини да ја пронајдеме прошката за оние кои и во наше име се самопрогласија за кумови на нашата мајка...Отпор Македонци !!!Ова не е повик до Комити, ние сме секако тука, ова е повик до целиот Македонски народ заедно со нас да го повтори својот став изразен на денот на Победата, 30 Септември, денот кога се уверивме дека колективната свест е жива, бајракот на Слободата сеуште гордо се вее, идеата за Македонија е вечна, не умира!Придружете ни се, бидете заедно со нас и вие Комити и Војводи, макар на момент!Почувствувајте го адреналинот кој поминува низ нас додека ги пееме нашите песни, додека гордо стоиме на браникот на татковината, додека умираме но не се предаваме !Почувствувајте го нашиот инает, нашата упорност доследно да ги следиме тврдокорните идеали на нашите предци кои до буква и до запирка сеуште стојат исто напишани, непроменети, не еволуирале затоа што не еволуирала ниту идеата за нашето уништување...Излези момче право на тераса и поздрави ја Гоцевата раса!Излезете на тераса со шерпите за ајвар, тенџерињата од лутеницата и малиџаното, со кутлачите, истите оние кои ги употребивте веќе еднаш...почекајте, сеуште имаат употребна вредност, но чувајте ги, ќе вредат уште повеќе, чувајте ги затоа што ќе бидат музејски експонати од ендемски вид, единствени историски примероци каде при целото модерно вооружување достапно и на располагање Македонците својата конечна победа ја извојуваа со тенџериња и кутлачи! Нема поинаков начин, не смее никогаш повеќе Македонец да крене рака на Македонец, Македонски куршум да погоди Македонец, не смее Македонска мајка да плаче затоа што изгубила свое чедо во братоубиствена војна...Никогаш повеќе!Чукајте Македонци!!Чукајте најсилно што можете, чукајте и почувствувајте го олеснувањето, чукајте и сетете се дека тоа го правите за Македонија, повторувајте си дека кога требало сте направиле нешто, сте направиле и вашиот став да биде слушнат, од дома, од вашата тераса, заедно со вашите најблиски...Чукајте но на момент намалете го интензитетот за да ги чуете вашите истомисленици, вашите браќа и сестри Македонци кои како вас чукаат, и продолжете, не запирајте...Почувствувајте како целото тело ви се наежува, како стравот преминува во храброст, како солзите доаѓаат, тешко се држат, капат а притоа чувствувате радост, храброст и гордост, се препознавате себеси, и вие сте Комита како и ние, а можеби и уште поголем Македонец, најубаво е чувството на Слободата!Слушнете ги тие звуци убаво затоа што тие вредат многу повеќе и од најубавата симфонија, помилозвучни се затоа што се творештво на срцето, како поезија, како најорганизираниот оркестар кој спонтано создава уметност...Доколку слушате убаво ќе го препознаете седум-осминскиот такт кој оваа земја го произведува и емитува силно до целиот свет...Не им ја одземајте радоста и на вашите деца, дајте им и ним тенџере и лажица, и тие нека тропаат, силно, непрекинато, нека низ нивната радост и искреност биде искажана нашата заедничка радост и болка...Ќе знаат еден ден дека и тие се творци на нашата заедничка победа, ќе бидете горди на нив, но и тие на себеси, нека бидат хероите кои ја ослободиле Македонија...Исплачете се, викајте силно, нека плачот и лелекот бидат чуени од неа, нашата стара лулка, нашата една мајка, која сите нас не родила...Онаа која ‘од Вардар, Пирин, дур до Солуна, име и е Македонија’...Тропајте за да знаеме колку не има, за да знае и таа, наша мајка колку е сакана, нека чуе и нека знае дека само таа ти ни остана, нема друга Македонија!!!Да го направиме ова заедно, да видиме што можеме доколку сме сплотени и единствени!!!Христово Рождение – Божиќ, 7 Јануари, точно во 21:00ч.Каде и да си, дома да си...Чукај за Македонија!!! Ова е нашиот референдум!!“, стои во објавата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев наметна нови давачки кои дополнително ќе влијаат на нискиот стандард

Новата година започна со нов удар по џебот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Зоран Заев им наметна нови давачки кои дополнително ќе влијаат на нискиот стандард. Годинава ќе плаќаат повисоки даноци земјоделците, договорците, вработените во ИТ индустријата. СДСМ спротивно на укажувањата на експертската јавност, бизнис секторот, стопанските комори, продолжи со имплементирање на погубните политики за прогресивен данок, на штета на граѓаните со цел остварување на своите лични интереси.СДСМ удира и по најсиромашните кои среќата си ја бараат во обложувалниците или игрите на среќа. СДСМ сака да одземе дел и од малите довивки кои овие луѓе ги прават среќни.„Оттаму додаваат дека Заев ја третира буџетската сметка како своја лична банкарска сметка која ја користи за спроведување на свои лични хирови и исплата на партиските потрчковци.„Парите од зголемените даноци, парите на граѓаните ќе завршат во џебовите на новите заменици директори во јавните прептријатија назначени по партиски клуч кои ќе ја чинат државата неверојатни 2 милиони евра. Парите од зголемените даноци ќе одат за поголемите плати на вицепремиерите, повисоки за 8 илјади денари, пари со кои голем дел од македонските граѓаните преживуваат во текот на еден месец.Помина уште една година, завиена во црнила. Година во која криминалната и одродена власт предводена од аболицираниот Заев на граѓаните им донесе неуспеси и порази на секое поле. Граѓаните се осиромашени и понижени, животот дојде единствено за државните и партиските фунцкионери на СДСМ кој се богатат на грбот на граѓаните. Партиските потрчковци ги полнат своите џебови благодарение на црните и кримални, тендери и грантови.Наместо живот, власта донесе црнила. Наместо проспиретет, уназадување и неработење. После две години власта нема решение за најгорливиот проблем на граѓаните, аерозагадувањето, проблем кој одзема илјадници животи годишно.Зората е пред нас, а таа ќе ги истера црните облаци кои надвиснаа над Македонија, дента кога Заев седна во премиерската фотелја. Зората е олицетворена во духот на народот, граѓаните кои се спремен да се спротивстават на неправдите кои ги донесе СДСМ. Граѓаните ќе ги поразат црнилата, ќе го поразат Заев на следните избори и ќе го испратат политичката историја“, се наведува во соопштетието.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nasa

Сондата „Нови хоризонти“ ќе ни обезбеди фотографии од Плутон - крајот на овој сончев ситем

Во првите часови од новата 2019 година вселенската сонда „Нови Хоризонти“ (New Horizonsна НАСА би требало да дошла до најоддалечената точка од Сончевиот систем до која некогаш стигнал уред од Земјата.Од ноќеска на полноќ почна праќање на фотографиите од просторите зад Плутон , од светот на мразот , кој човечкото око до сега не го видело. Мисијата почна пред 20 тина години , кога серија не многу скапи летала биле пратени во вселената за да истражуваат одделни делови на Сончевиот систем.Според научниците, сондата утрово требало да стигне до вселенскиот камен наречен Ултима Тул, кој се наоѓа 6,4 милијарди километри оддалеченост од Земјата, на надворешниот раб од нашиот Сончев систем.https://twitter.com/NASA/status/1079905296238211073?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1079905296238211073&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.radiomof.mk%2Fsondata-novi-horizonti-na-nasa-na-novogodishnata-nokj-stignala-do-krajot-na-soncheviot-sistem%2F„Нови Хоризонти“ е толку далеку што научниците од мисијата немаат начин да се соочат со евентуални проблеми на кои можела да наиде сондата, туку сè е оставено на вградениот софтвер во објектот.Првите фотографии од Ултима Тул најрано ќе стигнат утре, а оние со подобар квалитет дури на 3-ти јануари.

Магазин | пред 7 години

7 год.
venecija

Венеција и Турција ќе наплаќаат туристички такси

Новиот буџет на Италија вклучува и такса за влез на туристи кои ја посетуваат Венеција. Туристите досега плаќаа 1,5 евра такса за секоја ноќ која ја поминуваат во хотел или изнајмен стан, од сега од 2,50 до 10 евра дневно во зависност од времето на посетата. Целта е да се намали бројот на туристите , кои го гушат градот , како и да се наполни градската каса. Венецијанците долго време се жалеа дека масовниот туризам го поплави градот, и не се почитуваат неговите живописни канали.Таксата ќе се применува само за туристите, но не е јасно дали ќе го замени градскиот данок, кој веќе е наметнат на гостите на хотелите. Овој данок акумулира околу 30 милиони евра годишно, а "данокот за пристигнување" може да генерира околу 50 милиони евра.Покрај Венеција и Турција од 1 јануари 2019 година ќе собира туристичка такса во износ од 1,5 евра. Таксата ќе се наплаѓа на аеродромите при пристигнувањето на туристите, соопштија локалните медиуми. Таксата ќе се собира за туристите кои веќе платиле екскурзија до земјаата, за новите резервции таа ќе биде вклучена во авионските билети и ќе се наплаќа од превозниците

Свет | пред 7 години

7 год.
cf37299692163a2754fab2808b5c6850_w790

Деца ставиле петарди во тенџере, едно од нив завршило на Одделението за хирургија

Дванаесетгодишно момче од Штип е повредено при пукање петарди. За време на новогодишната ноќ тој заедно со неговите другари ставиле петарди во тенџере. По пукањето на петардите тенџерето летнало и удрило во главата на момчето.Тој веднаш бил пренесен во Одделението за хирургија во клиничката болница во Штип.

Македонија | пред 7 години

7 год.
0-102

САД и Израел излегоа од УНЕСКО

САД и Израел официјално излегоа од агенцијата на Обединетите нации за култура, наука и образование (УНЕСКО) поради загриженост дека овие организации се пристрасни против Израел.Владата на американскиот претседател, Доналд Трамп го објави повлекувањето во октомври минатата година, а потоа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одлучи да го стори истото.Нивното повлекување, претставува нов удар за УНЕСКО чиј коосновач по Втората светска војна беше САД со цел да се поттикне мирот.Агенцијата чие седиште е во Париз, е критикувана поради осудата на израелската окупација на Источен Ерусалим, како и со останатите политики кои во последно време ги спорведува Израел.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Трамп: Додека јас сум во Белата куќа и работам, вие таму се забавувате и славите

Американскиот претседателд Доналд Трамп  преку видео снимка на Твитер им посака среќна Нова година. Тој Новата 2019 година ја дочека во Белата куќа сам, а не на раскошниот бал со сопругата Меланија.„Додека јас сум во Белата куќа и работам, вие таму се забавувате и славите, но не ве обвинувам“, изјави Трамп.https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1079888205351145472?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1079888205351145472&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F293229%2Fdonald-tramp-so-cudna-novogodisna-poraka-se-oglasi-na-tviter-vie-slavete-dodeka-jas-rabotamТој на сите им посака да уживаат и да се забавуваат, а Новата 2019 година да им биде успешна и среќна.Исто така Трамп се осврна на двегодишната работа на неговата администрација, во кои, како што истакна, е многу сработено.„Никогаш во една администрација не е направено повеќе од оваа што направи во првите две години од мандатот. Економијата расте, растат платите на вработените по многу години, луѓето работат една работа наместо две или три. Постигнавме договори со Москва, Канада и Северна Кореја, за кои сите рекоа дека е невозможно. Ветив и работиме одлично како земја“ истакна Трамп и вети дека ќе биде подобро и поубаво во иднина.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања